Гоце Цветановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotse-tsvetanovski/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 12:09:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гоце Цветановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotse-tsvetanovski/ 32 32 Игравме танго, летавме на бродот, глумевме, рецитиравме, велат аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/igravme-tango-letavme-na-brodot-glumevme-retsitiravme-velat-animatorite-koi-rabotea-na-prviot-dolgometrazhen-animiran-film-jon-vardar-protiv-galaksijata-na-gotse-tsvetanovski/ Wed, 16 Oct 2024 12:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=827629

Во просториите на ЕУ хаус денеска во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ се одржа работилница со аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски, со кој синоќа беше отворен Фестивалот.

Филип Трајковски, Берта Милевска, Сара Петковска и Горан Менков говореа за процесот на создавање на едно долгометражно анимирано дело. Рекоа дека секој од нив во одреден дел од процесот се вклучил во работата и дека биле мошне мал тим, во однос на работата која требало да се заврши.

Се корегираа во од некои работи, но се одеше по сценарио, поделено по кадри, по панели и се опишува текстуално, а потоа сликовито се презентира за аниматорите да продолжат со анимација, го објасни процесот на работа Трајковски.

И тие самите синоќа за прв пат го гледаа на големо платно целиот филм и среќни се и задоволни од сработеното. Велат дека последната година вложиле најголем напор да се доврши филмот. Се додавала и музика и дополнителни ефекти, но појаснија и дека гласовите прво се снимаат за потоа тие да можат да анимираат уста и движења со устата.

Овде е обратен процесот. За ние да анимираме, уста говорење, па и акција ни требаат гласови. Тие се снимени во 2020 година. Го добиваме звукот и одредени букви се ставаат во устата на ликовите и мислам прилично добро успеавме да го реализираме, рече Сара Петковска.

Раскажаа и за предизвиците, некои кадри се работеле заедно, не се спојувале, некои од нив токму тогаш го учеле програмот за работа, но почнала ковид пандемијата па морале од дома да работат и секој сам да се снаоѓа со програмата.

Тоа беше многу тежок период. Има еден кадар во филмот кога ликовите прават „смир смир“ не можам да го погледнам зошто сум го работел во тој период и безброј пати. Штом кадарот влегол во 98-ма верзија, значи е од тие кадри кои ни биле предизвик, раскажа Горан Менков.

Во однос на слободата во креациите раскажаа интересни детали од миговите кога работеле во канцеларија, која, како што рекоа, ја делат со други луѓе кои се од бизнис сферата, сосема друг свет.

Имаме едно големо стакло кое го користиме како огледало за да глумиме или си рецитираме на него и со тоа си помагаме во креацијата, а во ходник поминуваат луѓе во костуми кои работат трговија, увоз-извоз..., но имаше денови кога и самите тие сакаа да го прават тоа. Ние игравме танго, летавме на бродот, а тие доаѓаа не гледаа додека работиме и не поддржуваа..., раскажа Филип Трајковски.

Покрај тоа што филмот е прв македонски долгометражен анимиран филм тој е и најголемиот копродукциски проект во регионов, во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.
Гласовите во филмот ги позајмуваат актерите: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска.

Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш.

Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“.

The post Игравме танго, летавме на бродот, глумевме, рецитиравме, велат аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски appeared first on Република.

]]>

Во просториите на ЕУ хаус денеска во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ се одржа работилница со аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски, со кој синоќа беше отворен Фестивалот. Филип Трајковски, Берта Милевска, Сара Петковска и Горан Менков говореа за процесот на создавање на едно долгометражно анимирано дело. Рекоа дека секој од нив во одреден дел од процесот се вклучил во работата и дека биле мошне мал тим, во однос на работата која требало да се заврши.
Се корегираа во од некои работи, но се одеше по сценарио, поделено по кадри, по панели и се опишува текстуално, а потоа сликовито се презентира за аниматорите да продолжат со анимација, го објасни процесот на работа Трајковски.
И тие самите синоќа за прв пат го гледаа на големо платно целиот филм и среќни се и задоволни од сработеното. Велат дека последната година вложиле најголем напор да се доврши филмот. Се додавала и музика и дополнителни ефекти, но појаснија и дека гласовите прво се снимаат за потоа тие да можат да анимираат уста и движења со устата.
Овде е обратен процесот. За ние да анимираме, уста говорење, па и акција ни требаат гласови. Тие се снимени во 2020 година. Го добиваме звукот и одредени букви се ставаат во устата на ликовите и мислам прилично добро успеавме да го реализираме, рече Сара Петковска.
Раскажаа и за предизвиците, некои кадри се работеле заедно, не се спојувале, некои од нив токму тогаш го учеле програмот за работа, но почнала ковид пандемијата па морале од дома да работат и секој сам да се снаоѓа со програмата.
Тоа беше многу тежок период. Има еден кадар во филмот кога ликовите прават „смир смир“ не можам да го погледнам зошто сум го работел во тој период и безброј пати. Штом кадарот влегол во 98-ма верзија, значи е од тие кадри кои ни биле предизвик, раскажа Горан Менков.
Во однос на слободата во креациите раскажаа интересни детали од миговите кога работеле во канцеларија, која, како што рекоа, ја делат со други луѓе кои се од бизнис сферата, сосема друг свет.
Имаме едно големо стакло кое го користиме како огледало за да глумиме или си рецитираме на него и со тоа си помагаме во креацијата, а во ходник поминуваат луѓе во костуми кои работат трговија, увоз-извоз..., но имаше денови кога и самите тие сакаа да го прават тоа. Ние игравме танго, летавме на бродот, а тие доаѓаа не гледаа додека работиме и не поддржуваа..., раскажа Филип Трајковски.
Покрај тоа што филмот е прв македонски долгометражен анимиран филм тој е и најголемиот копродукциски проект во регионов, во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска. Гласовите во филмот ги позајмуваат актерите: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска. Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш. Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“.  

The post Игравме танго, летавме на бродот, глумевме, рецитиравме, велат аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски appeared first on Република.

]]>
„Киненова“ продолжува да наградува европски филмски режисери, но и да поддржува македонска кинематографија: Улрих Зајдл и Гоце Цветановски на „Киненова“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kinenova-prodolzhuva-da-nagraduva-evropski-filmski-rezhiseri-no-i-da-poddrzhuva-makedonska-kinematografija-ulrih-zajdl-i-gotse-tsvetanovski-na-kinenova/ Mon, 14 Oct 2024 14:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=826711

На денешната прес конференција на МФФ „Киненова“ присуствуваше годинешниот лауреат на наградата за животно дело, Улрих Зајдл, австриски режисер и Гоце Цветановски, чиј филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ќе го отвори утре годинешното издание на Фестивалот.

Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на многу филмски фестивали со своите необично креативни документарци кои до коска ги соголуваат неговите протагонисти и проговоруваат за тривијалноста и хипокризијата на западното општество, начинот на кој тоа општество ги гради своите стереотипи и како ни ги наметнува. Добитник е на многу награди, но истата година кога ја добива наградата на жирито во Венеција, во 2001 година, ФИПРЕСЦИ во Братислава го наградува со награда за филмот „Dog Days“, рече Гена Теодосиевска, уметнички директор на МФФ Киненова, претставувајќи го годинашниот лауреат.

Зајдл проговори за тоа како наместо свештеник станал режисер, и им порача на младите режисери најпрво да ја запознаат околината, па потоа да се определат за оваа професија.

Јас бев набљудувач и така научив за општеството и за меѓучовечките односи. Се прашував : Што е човекот сам по себе? И затоа почнав прво со документарните филмови. Заблуда е да се мисли дека документарниот филм дава објективен приказ и дека ја претставува стварноста каква што е, рече Зајдл.

По природа вели дека е љубопитен човек и многу се радува што е во Македонија.

Почестен сум што добивам награда за животно дело, но верувам дека моето животно дело сеуште не е завршено. Драго ми е што во деновите што се пред мене ќе имам можност да се запознаам со многу нови нешта овде, рече Зајдл.

„Киненова“ освен тоа што продолжува да кани европски филмски режисери продолжува да ја одржува нишката на поддршка на македонската кинематографија. Во таа насока и проекцијата на првиот анимиран долгометражен филм „Јон Вардар против Галаксијата“, кој утревечер во 20 часот го отвора Фестивалот во МКЦ, е полн погодок.

Ова е македонска премиера на која и претходеше светска премиера. И овој филм како секое уметничко дело се раѓа низ борба. Главен елемент во филмот е хуморот кој потсетува на „Автостоперскиот водич низ Галаксијата“ и иако се случува во Универзумот сепак се случува овде, истакна Игор Анѓелков, селектор на главната програма на Фестивалот.

Покрај тоа што филмот е прв македонски долгометражен анимиран филм тој е и најголемиот копродукциски проект во регионов.

Успеавме да собереме огромна екипа од преку 150 луѓе од 5-6 држави и сега почнуваме и со фестивалска и кино дистрибуција на филмот. Драго ми е што филмот е завршен по 10 години работа и покрај предизвиците од ковид пандемијата, па и административни препреки, но сега е овде и публиката може да ужива во него. Сега чувствувам дека направивме нешто што е важно за нашата земја. Хуморот е специфичен и се плашев како ќе биде прифатен хуморот, но засега одлично поминува. Но, исто така важен дел од филмот е темата за толеранцијата и антивоена порака, која покрај хуморот доминира во филмот, рече Цветановски.

The post „Киненова“ продолжува да наградува европски филмски режисери, но и да поддржува македонска кинематографија: Улрих Зајдл и Гоце Цветановски на „Киненова“ appeared first on Република.

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски го отвора 9. издание на „Киненова“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/prviot-makedonski-dolgometrazhen-animiran-film-jon-vardar-protiv-galaksijata-na-gotse-tsvetanovski-go-otvora-9-izdanie-na-kinenova/ Mon, 07 Oct 2024 11:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=823792

Со македонска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски ќе биде отворено деветто издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ кој ќе се одржи од 16 до 20 октомври под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“, беше соопштено на денешната прес-конфренција.

Што е прво? Уметникот или институцијата од каде ја добива поддршката? Фестивалот или неговите гости и филмовите, или ефектот кој истиот го има на филмската дејност, на унапредувањето на филмското образование, и крајно на подигањето на општествената свест и нивото на културното живеење во државата? Што е прво? Би прашал. Државата или граѓанинот? Прво е заедничкото или поединечното, индивидуалното? Или можеби обете? Звучи субверзивно. Да, знам. Да, „Киненова“ е роден така, да биде субверзивен, критички-ориентиран, контроверзен и провокативен фестивал, но не доволен сам на себе, туку со цел да биде ангажиран и во полза на општествените потреби и промени кон целокупниот интелектуален развој и созревање на општеството, изјави денеска на прес-конфренцијата Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот.

Јовановиќ говореше за вечната борба на сценаристите и режисерите, кој е прв, кој е поважен и од кого почнало сè. Сценаристот или режисерот, сценариото или визијата на режисерот?

[caption id="attachment_823798" align="alignnone" width="656"] Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот „Киненова“ и селекторот Игор Анѓелков / Фоти: Киненова[/caption]

Да, борбата е откога постои филмот и ќе постои секогаш без разлика дали некогаш од истата ќе произлезат длабоки и нерешливи конфликти или креативна дисусија која ќе даде нов квалитет и ќе го унапреди развојот на самото филмско дело, додаде Јовановиќ.

Фестивалот ќе почне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма.

Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш, истакна Јовановиќ.

За селекцијата на филмови кои ќе може да се погледнат во текот на фестивалските денови пред присутните говореше Игор Анѓелков, селектор на главната програма.

Предјубилејното издание на „КинеНова“ ни носи шест силни авторски остварувања од различни кинематографии. Живееме во пост-ковид времиња кога сè е возможно, па затоа решивме годинашниот фестивал да понуди еден микс од еклектични филмски жанрови, кои сепак ги поврзува една заедничка нишка – внатрешната човекова борба против најголемиот непријател, самиот себе, а потоа и против Другиот, непознатиот, оној што живее во злобниот паралелен универзум, рече Анѓелков.

Оваа година „Фокус на...“ е на финската кинематографија.  Оваа програма во склоп на овогодишното 9. издание ќе го означи првото претставување на финската современа кинематографија пред македонската публика и јавност. На програмата се два филма од финските автори кои во последниве години освоија значајни награди и го освоија вниманието на светските фестивали. Покрај класикот Аки Каурисмаки, новата генерација фински синеасти започна да го освојува светот со своите интересни приказни од крајниот север на Европа.

„Киненова“ секоја година дава значаен и суштински придонес во надополнување на филмското образовани во државата, преку специјализирани работилници.

Оваа година имаме автентична работилница за развој на идеи и сценарија за кратки филмови кои се засноваат или се инспирирани од реални случувања, конкретен настан или постоечки лик. Работилницата, низ специфичен и јасно дефиниран процес ќе ја води професорката, драматург и сценарист од Атина, Ерини Демирцаки, информираше Јовановиќ.

The post Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски го отвора 9. издание на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>

Со македонска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски ќе биде отворено деветто издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ кој ќе се одржи од 16 до 20 октомври под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“, беше соопштено на денешната прес-конфренција.
Што е прво? Уметникот или институцијата од каде ја добива поддршката? Фестивалот или неговите гости и филмовите, или ефектот кој истиот го има на филмската дејност, на унапредувањето на филмското образование, и крајно на подигањето на општествената свест и нивото на културното живеење во државата? Што е прво? Би прашал. Државата или граѓанинот? Прво е заедничкото или поединечното, индивидуалното? Или можеби обете? Звучи субверзивно. Да, знам. Да, „Киненова“ е роден така, да биде субверзивен, критички-ориентиран, контроверзен и провокативен фестивал, но не доволен сам на себе, туку со цел да биде ангажиран и во полза на општествените потреби и промени кон целокупниот интелектуален развој и созревање на општеството, изјави денеска на прес-конфренцијата Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот.
Јовановиќ говореше за вечната борба на сценаристите и режисерите, кој е прв, кој е поважен и од кого почнало сè. Сценаристот или режисерот, сценариото или визијата на режисерот? [caption id="attachment_823798" align="alignnone" width="656"] Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот „Киненова“ и селекторот Игор Анѓелков / Фоти: Киненова[/caption]
Да, борбата е откога постои филмот и ќе постои секогаш без разлика дали некогаш од истата ќе произлезат длабоки и нерешливи конфликти или креативна дисусија која ќе даде нов квалитет и ќе го унапреди развојот на самото филмско дело, додаде Јовановиќ.
Фестивалот ќе почне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма.
Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш, истакна Јовановиќ.
За селекцијата на филмови кои ќе може да се погледнат во текот на фестивалските денови пред присутните говореше Игор Анѓелков, селектор на главната програма.
Предјубилејното издание на „КинеНова“ ни носи шест силни авторски остварувања од различни кинематографии. Живееме во пост-ковид времиња кога сè е возможно, па затоа решивме годинашниот фестивал да понуди еден микс од еклектични филмски жанрови, кои сепак ги поврзува една заедничка нишка – внатрешната човекова борба против најголемиот непријател, самиот себе, а потоа и против Другиот, непознатиот, оној што живее во злобниот паралелен универзум, рече Анѓелков.
Оваа година „Фокус на...“ е на финската кинематографија.  Оваа програма во склоп на овогодишното 9. издание ќе го означи првото претставување на финската современа кинематографија пред македонската публика и јавност. На програмата се два филма од финските автори кои во последниве години освоија значајни награди и го освоија вниманието на светските фестивали. Покрај класикот Аки Каурисмаки, новата генерација фински синеасти започна да го освојува светот со своите интересни приказни од крајниот север на Европа. „Киненова“ секоја година дава значаен и суштински придонес во надополнување на филмското образовани во државата, преку специјализирани работилници.
Оваа година имаме автентична работилница за развој на идеи и сценарија за кратки филмови кои се засноваат или се инспирирани од реални случувања, конкретен настан или постоечки лик. Работилницата, низ специфичен и јасно дефиниран процес ќе ја води професорката, драматург и сценарист од Атина, Ерини Демирцаки, информираше Јовановиќ.

The post Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски го отвора 9. издание на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата” https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-prviot-makedonski-dolgometrazhen-animiran-film-jon-vardar-protiv-galaksijata/ Sat, 28 Sep 2024 09:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=820491

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата”, во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио”, ќе има светска премиера на 57-мото издание на „Ситџес фантастик филм фестивал”, што ќе се одржи во Шпанија.

Бидејќи жанрот не познава возраст, фестивалот во Ситџес повторно ќе ги прикаже моментално најфасцинантните фамилијарни проекти од светот. Меѓу селектираните филмови годинава го откривме „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски, првиот анимиран филм во историјата на Македонија, ја споделува денеска во соопштение објавата од организаторите на фестивалот режисерот Цветановски.

Тој информира дека „Јон Вардар против Галаксијата” е селектиран во фамилијарната секција на фестивалот и ќе има две прикажувања во ударни термини во петок и сабота, на 5 и 11 октомври.

Огромен успех е што светската премиера на Јон Вардар ќе се одржи на престижен фестивал од овој калибар, и очекувам да продолжи со уште многу други успешни прикажувања низ целиот свет. Филмот е селектиран на уште еден голем филмски фестивал што ќе се одржи годинава, а деталите ќе бидат споделени наскоро, вели Цветановски.

Арт директор е Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Скорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димовски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска.

Анимираниот филм е изработен со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.

Цветановски е дел и од тимот кој го почна проектот „Сказните на Биби“, режирајќи повеќе епизоди. Тој е режисер и на крими-трилерот „Бизнисот на задоволството” којшто во моментов се прикажува низ кино-салите во Македонија и наидува на одличен прием од страна на публиката и на критиката. Досега со своите филмови, Цветановски ја претставувал Македонија на стотина фестивали низ светот, а „Бизнисот на задоволството” се закити со десет меѓународни награди.

The post Светска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата” appeared first on Република.

]]>

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата”, во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио”, ќе има светска премиера на 57-мото издание на „Ситџес фантастик филм фестивал”, што ќе се одржи во Шпанија.
Бидејќи жанрот не познава возраст, фестивалот во Ситџес повторно ќе ги прикаже моментално најфасцинантните фамилијарни проекти од светот. Меѓу селектираните филмови годинава го откривме „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски, првиот анимиран филм во историјата на Македонија, ја споделува денеска во соопштение објавата од организаторите на фестивалот режисерот Цветановски.
Тој информира дека „Јон Вардар против Галаксијата” е селектиран во фамилијарната секција на фестивалот и ќе има две прикажувања во ударни термини во петок и сабота, на 5 и 11 октомври.
Огромен успех е што светската премиера на Јон Вардар ќе се одржи на престижен фестивал од овој калибар, и очекувам да продолжи со уште многу други успешни прикажувања низ целиот свет. Филмот е селектиран на уште еден голем филмски фестивал што ќе се одржи годинава, а деталите ќе бидат споделени наскоро, вели Цветановски.
Арт директор е Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Скорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димовски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Анимираниот филм е изработен со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска. Цветановски е дел и од тимот кој го почна проектот „Сказните на Биби“, режирајќи повеќе епизоди. Тој е режисер и на крими-трилерот „Бизнисот на задоволството” којшто во моментов се прикажува низ кино-салите во Македонија и наидува на одличен прием од страна на публиката и на критиката. Досега со своите филмови, Цветановски ја претставувал Македонија на стотина фестивали низ светот, а „Бизнисот на задоволството” се закити со десет меѓународни награди.

The post Светска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата” appeared first on Република.

]]>
„Сребрено реми“ за филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски на фестивал во Хјустон https://arhiva3.republika.mk/scena/film/srebreno-remi-za-filmot-biznisot-na-zadovolstvoto-na-gotse-tsvetanovski-na-festival-vo-hjuston/ Wed, 08 May 2024 06:58:50 +0000 https://republika.mk/?p=775211

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на Интернационалниот филмски фестивал во Хјустон (WorldFest-Houston International Film Festival) во Соединетите Американски Држави.

Овој значаен фестивал, кој постои 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа која придонесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика, изјави режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

The post „Сребрено реми“ за филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски на фестивал во Хјустон appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на Интернационалниот филмски фестивал во Хјустон (WorldFest-Houston International Film Festival) во Соединетите Американски Држави. Овој значаен фестивал, кој постои 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа која придонесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика, изјави режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.  

The post „Сребрено реми“ за филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски на фестивал во Хјустон appeared first on Република.

]]>
„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски награден за најдобар долгометражен филм на фестивал во Калифорнија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/biznisot-na-zadovolstvoto-na-gotse-tsvetanovski-nagraden-za-najdobar-dolgometrazhen-film-na-festival-vo-kalifornija/ Sat, 20 Apr 2024 13:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=768484

Фестивалот којшто се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух.

Цветановски го радува тоа што филмот по вторпат e наградeн во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона.

„Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека како автор сум горд што добивме награда овде, и тоа во конкуренција со американски филмови со многу поголеми буџети. Едвај чекам да завршиме со оваа светска фестивалска турнеја и во септември да го презентираме пред нашата публика. Очекувам филмот да отвори теми за дискусија на повеќе нивоа, но пред се‘ сакам да го продолжиме трендот од последниве години, во кој на домашните гледачи им се враќа довербата и желбата да гледаат македонски филмови“, рече Цветановски.

„Бизнисот на задоволството“ досега доби осум награди на филмските фестивали низ светот, од кои пет се за најдобар долгометражен филм.

Филмот ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

The post „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски награден за најдобар долгометражен филм на фестивал во Калифорнија appeared first on Република.

]]>

Фестивалот којшто се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух. Цветановски го радува тоа што филмот по вторпат e наградeн во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона.
„Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека како автор сум горд што добивме награда овде, и тоа во конкуренција со американски филмови со многу поголеми буџети. Едвај чекам да завршиме со оваа светска фестивалска турнеја и во септември да го презентираме пред нашата публика. Очекувам филмот да отвори теми за дискусија на повеќе нивоа, но пред се‘ сакам да го продолжиме трендот од последниве години, во кој на домашните гледачи им се враќа довербата и желбата да гледаат македонски филмови“, рече Цветановски.
„Бизнисот на задоволството“ досега доби осум награди на филмските фестивали низ светот, од кои пет се за најдобар долгометражен филм. Филмот ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.  

The post „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски награден за најдобар долгометражен филм на фестивал во Калифорнија appeared first on Република.

]]>
„Бизнисот на задоволството“, политичкиот трилер на Цветановски доби награда на фестивал во Аризона https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/biznisot-na-zadovolstvoto-politichkiot-triler-na-tsvetanovski-dobi-nagrada-na-festival-vo-arizona/ Thu, 07 Mar 2024 09:53:18 +0000 https://republika.mk/?p=752149

Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата за највпечатлив филм (Best impact film) на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона, САД. Фестивалот се одржа од 24 февруари до 3 март, а беа прикажани независни филмски остварувања од целиот свет, информираат од тимот на Цветановски.

Филмот претходно освои пет награди на филмските фестивали, од кои три за најдобар долгометражен филм во Бугарија, Перу и Панама, понатаму добитник е на специјална награда во Романија и за најдобра кинематографија во Албанија.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

The post „Бизнисот на задоволството“, политичкиот трилер на Цветановски доби награда на фестивал во Аризона appeared first on Република.

]]>

Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата за највпечатлив филм (Best impact film) на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона, САД. Фестивалот се одржа од 24 февруари до 3 март, а беа прикажани независни филмски остварувања од целиот свет, информираат од тимот на Цветановски. Филмот претходно освои пет награди на филмските фестивали, од кои три за најдобар долгометражен филм во Бугарија, Перу и Панама, понатаму добитник е на специјална награда во Романија и за најдобра кинематографија во Албанија. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

The post „Бизнисот на задоволството“, политичкиот трилер на Цветановски доби награда на фестивал во Аризона appeared first on Република.

]]>
„Бизнисот на задоволството“ селектиран на еден од најстарите филмски фестивали во светот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/biznisot-na-zadovolstvoto-selektiran-na-eden-od-najstarite-filmski-festivali-vo-svetot/ Thu, 23 Nov 2023 20:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=715651

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски е дел од официјалната програма на 77. издание на интернационалниот филмски фестивал во Салерно, Италија (Salerno International Film Festival).

Се работи за еден од најстарите филмски фестивали во светот основан во 1945 година, веднаш по Втората светска војна. Фестивалот во својата долгогодишна традиција континуирано нуди приказ на новите трендови во светската кинематографија, а за своја главна мисија го има развојот на кинематографската писменост кај публиката.

Фестивалот ќе се одржи од 27 ноември до 2 декември, а „Бизнисот на задоволството“ ќе биде прикажан на 29 ноември во 19 часот. Најдобриот филм ќе ја добие статуетката „Игнацио Роси“ на последната вечер кога ќе бидат објавени наградите за победничките филмови.

„Бизнисот на задоволството“ досега е селектиран на 20 меѓународни фестивали и е добитник на пет интернационални награди.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм.

The post „Бизнисот на задоволството“ селектиран на еден од најстарите филмски фестивали во светот appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски е дел од официјалната програма на 77. издание на интернационалниот филмски фестивал во Салерно, Италија (Salerno International Film Festival). Се работи за еден од најстарите филмски фестивали во светот основан во 1945 година, веднаш по Втората светска војна. Фестивалот во својата долгогодишна традиција континуирано нуди приказ на новите трендови во светската кинематографија, а за своја главна мисија го има развојот на кинематографската писменост кај публиката. Фестивалот ќе се одржи од 27 ноември до 2 декември, а „Бизнисот на задоволството“ ќе биде прикажан на 29 ноември во 19 часот. Најдобриот филм ќе ја добие статуетката „Игнацио Роси“ на последната вечер кога ќе бидат објавени наградите за победничките филмови. „Бизнисот на задоволството“ досега е селектиран на 20 меѓународни фестивали и е добитник на пет интернационални награди. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм.

The post „Бизнисот на задоволството“ селектиран на еден од најстарите филмски фестивали во светот appeared first on Република.

]]>
„Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски доби специјална награда во Романија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/biznisot-na-zadovolstvoto-na-rezhiserot-gotse-tsvetanovski-dobi-spetsijalna-nagrada-vo-romanija/ Sat, 09 Sep 2023 17:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=680327

Долгометражниот игран филм „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски, на 2 септември, ја доби специјалната филмска награда и статуетка за граѓански активизам на фестивалот „Сим Фест“ во Романија. Филмот беше во официјалната селекција на јубилејното 20 издание.

Станува збор за  ТВ и филмски фестивал - еден од ретките во Европа кој истовремено е културен настан и летна школа за новинари, а жири комисијата која што ја додели наградата ја сочинуваат еминентни личности од областа на новинарството и кинематографијата од Романија и од други земји.

Фестивалското патување на „Бизнисот на задоволството“ ќе продолжи во Италија кон крајот на октомври, со официјална селекција на  27. издание на фестивалот „International police award arts festival- IPAAF“, а потоа и на Маdrid Film Awards во Шпанија.

„Бизнисот на задоволството“ во август беше премиерно прикажан пред македонската публика и одлично прифатен на затворањето на 22. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“. Минатиот месец ја доби и наградата за најдобар долгометражен филм на фестивалот „In The Palace“ во Софија, а со највисокото признание се закити и во Панама на филмскиот фестивал Canal de Panama International Film Festival.

Политичкиот трилер на Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

„Бизнисот на задоволството“ ќе биде и дел од програмата на овогодишното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

The post „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски доби специјална награда во Романија appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот игран филм „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски, на 2 септември, ја доби специјалната филмска награда и статуетка за граѓански активизам на фестивалот „Сим Фест“ во Романија. Филмот беше во официјалната селекција на јубилејното 20 издание. Станува збор за  ТВ и филмски фестивал - еден од ретките во Европа кој истовремено е културен настан и летна школа за новинари, а жири комисијата која што ја додели наградата ја сочинуваат еминентни личности од областа на новинарството и кинематографијата од Романија и од други земји. Фестивалското патување на „Бизнисот на задоволството“ ќе продолжи во Италија кон крајот на октомври, со официјална селекција на  27. издание на фестивалот „International police award arts festival- IPAAF“, а потоа и на Маdrid Film Awards во Шпанија. „Бизнисот на задоволството“ во август беше премиерно прикажан пред македонската публика и одлично прифатен на затворањето на 22. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“. Минатиот месец ја доби и наградата за најдобар долгометражен филм на фестивалот „In The Palace“ во Софија, а со највисокото признание се закити и во Панама на филмскиот фестивал Canal de Panama International Film Festival. Политичкиот трилер на Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм. „Бизнисот на задоволството“ ќе биде и дел од програмата на овогодишното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.  

The post „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски доби специјална награда во Романија appeared first on Република.

]]>
Благодарам на „Синедејс“ што ја овозможија оваа магична проекција, рече режисерот Гоце Цветановски на македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ со чиј филм се затвори Фестивалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/blagodaram-na-sinedejs-shto-ja-ovozmozhija-ovaa-magichna-proektsija-reche-rezhiserot-gotse-tsvetanovski-na-makedonskata-premiera-na-biznisot-na-zadovolstvoto-so-chij-film-se-zatvori-festivalot/ Wed, 19 Jul 2023 07:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=662908

Со доделувањето на наградите и македонска премиера на филмот „Бизнисот на задоволството“  на режисерот Гоце Цветановски, синоќа во Скопје се затвори 22. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ чиј организатор е Младински културен центар (МКЦ).

Благодарам на екипата со која го снимавме филмот и благодарам на „Синедејс“ што ја овозможија оваа магична проекција. Се надевам дека ќе продолжиме да ве забавуваме и понатаму, со нови филмови и со нови проекти, рече режисерот Цветановски по проекцијата во паркот зад МКЦ каде што во изминатите шест дена се одржуваше Фестивалот.

[caption id="attachment_662924" align="alignnone" width="1616"] Се надевам дека ќе продолжиме да ве забавуваме и понатаму, со нови филмови и со нови проекти, рече режисерот Цветановски по проекцијата во паркот зад МКЦ / Фото: Младински културен центар[/caption]

„Бизнисот на задоволството“ е прв долгометражен филм на Цветановски, а светската премиера беше во Софија, каде беше прогласен за најдобар филм на фестивалот „In the Palace“.

Филмот се снимаше за време на пандемијата на ковид-19. Играат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“, првпат е кинематографер на долгометражен игран филм. Продуценти се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

[caption id="attachment_662936" align="alignnone" width="1616"] Дел од екипата на „Бизнисот на задоволството“ / Фото: МКЦ[/caption]

Приказната следи новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Филмот ја третира темата на трговија со жени, од гледна точка на главните ликови кои се обидуваат да ја раскринкаат криминалната мрежа.

Годинашното издание на „Синедејс“ се одржа по слоганот „Муви најт “, со врвни филмски остварувања и македонски премиери, но со намален буџет и намалени простори за проекција на филмовите.

Повеќе од 5.000 вљубеници на европскиот филм, беа присутни на проекциите на филмовите.

Имавме уште едно одлично издание на фестивалот на кое сме горди, особено заради условите во кое го реализиравме. Сублимирано ќе споделам дека ние сме вистински светски фестивал, кој има ексклузивни Кански премиери, врвни европски гости, публика која не доаѓа само на филмови, туку учествува активно на работилниците и дебатите и професионалци филмаџии кои жедно учат и стануваат конкурентни на европскиот пазар. Нашите потенцијали се големи и како продуценти на овој фестивал, но и како јадро околу кое гравитираат вистински европски вредности“ – изјави Маргарита Арсова, координаторка на „Синедејс“.

Годинешните награди за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио и најдобра изведба ги доделуваше жири во состав: Габриеле Брунемаер – филмски експерт и ментор, Дина Дума- режисерка и Ереник Бекири – режисер.

Добитник на „Златна ѕвезда“ за најдобар филм е „Обичните“ на Софи Линенбаум, „Сребрена ѕвезда“ за најдобра режија доби „Тајмаут“ на Ев Душман, а добитник на „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио е „Обичните“ на Софи Линенбаум и Михаел Фетер Натанаски. Специјално признание за најдобра изведба за „Матријархат“ на Марија Васкез.

Добитник во SEE (South Eastern Europa) селекција е „Златно сонце“ за најдобар филм за „Шоља кафе и нови чевли“ на Гентиан Кочи.

На фестивалот беа доделени и наградите во двете фестивалски програми: Официјална селекција и SEE (South Eastern Europa) селекција и нив ги доделуваше жирито на филмската критика во состав: Влатко Галевски, претседател и Стојан Синадинов и Тони Цифровски, членови.

Истакнувајќи ја исклучително квалитетната годинашната програмска селекција во официјалната натпреварувачка категорија, жирито едногласно донесе одлука, Наградата на филмската критика да му биде доделена на унгарскиот филм „Лери“ на сценаристот и режисер Шилард Бернат.

Во програмата филмови од Југоисточна Европа во која доминираа личните судбини на протагонистите, за најдобар филм жирито едногласно го прогласи албанскиот филм „Шоља кафе и нови чевли“ на сценаристот и режисер Гентиан Кочи.

„Синедејс“ се отвори со македонска премиера на „М“ на Вардан Тозија.

The post Благодарам на „Синедејс“ што ја овозможија оваа магична проекција, рече режисерот Гоце Цветановски на македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ со чиј филм се затвори Фестивалот appeared first on Република.

]]>

Со доделувањето на наградите и македонска премиера на филмот „Бизнисот на задоволството“  на режисерот Гоце Цветановски, синоќа во Скопје се затвори 22. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ чиј организатор е Младински културен центар (МКЦ).
Благодарам на екипата со која го снимавме филмот и благодарам на „Синедејс“ што ја овозможија оваа магична проекција. Се надевам дека ќе продолжиме да ве забавуваме и понатаму, со нови филмови и со нови проекти, рече режисерот Цветановски по проекцијата во паркот зад МКЦ каде што во изминатите шест дена се одржуваше Фестивалот.
[caption id="attachment_662924" align="alignnone" width="1616"] Се надевам дека ќе продолжиме да ве забавуваме и понатаму, со нови филмови и со нови проекти, рече режисерот Цветановски по проекцијата во паркот зад МКЦ / Фото: Младински културен центар[/caption] „Бизнисот на задоволството“ е прв долгометражен филм на Цветановски, а светската премиера беше во Софија, каде беше прогласен за најдобар филм на фестивалот „In the Palace“. Филмот се снимаше за време на пандемијата на ковид-19. Играат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“, првпат е кинематографер на долгометражен игран филм. Продуценти се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. [caption id="attachment_662936" align="alignnone" width="1616"] Дел од екипата на „Бизнисот на задоволството“ / Фото: МКЦ[/caption] Приказната следи новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Филмот ја третира темата на трговија со жени, од гледна точка на главните ликови кои се обидуваат да ја раскринкаат криминалната мрежа. Годинашното издание на „Синедејс“ се одржа по слоганот „Муви најт “, со врвни филмски остварувања и македонски премиери, но со намален буџет и намалени простори за проекција на филмовите. Повеќе од 5.000 вљубеници на европскиот филм, беа присутни на проекциите на филмовите.
Имавме уште едно одлично издание на фестивалот на кое сме горди, особено заради условите во кое го реализиравме. Сублимирано ќе споделам дека ние сме вистински светски фестивал, кој има ексклузивни Кански премиери, врвни европски гости, публика која не доаѓа само на филмови, туку учествува активно на работилниците и дебатите и професионалци филмаџии кои жедно учат и стануваат конкурентни на европскиот пазар. Нашите потенцијали се големи и како продуценти на овој фестивал, но и како јадро околу кое гравитираат вистински европски вредности“ – изјави Маргарита Арсова, координаторка на „Синедејс“.
Годинешните награди за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио и најдобра изведба ги доделуваше жири во состав: Габриеле Брунемаер – филмски експерт и ментор, Дина Дума- режисерка и Ереник Бекири – режисер. Добитник на „Златна ѕвезда“ за најдобар филм е „Обичните“ на Софи Линенбаум, „Сребрена ѕвезда“ за најдобра режија доби „Тајмаут“ на Ев Душман, а добитник на „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио е „Обичните“ на Софи Линенбаум и Михаел Фетер Натанаски. Специјално признание за најдобра изведба за „Матријархат“ на Марија Васкез. Добитник во SEE (South Eastern Europa) селекција е „Златно сонце“ за најдобар филм за „Шоља кафе и нови чевли“ на Гентиан Кочи. На фестивалот беа доделени и наградите во двете фестивалски програми: Официјална селекција и SEE (South Eastern Europa) селекција и нив ги доделуваше жирито на филмската критика во состав: Влатко Галевски, претседател и Стојан Синадинов и Тони Цифровски, членови. Истакнувајќи ја исклучително квалитетната годинашната програмска селекција во официјалната натпреварувачка категорија, жирито едногласно донесе одлука, Наградата на филмската критика да му биде доделена на унгарскиот филм „Лери“ на сценаристот и режисер Шилард Бернат. Во програмата филмови од Југоисточна Европа во која доминираа личните судбини на протагонистите, за најдобар филм жирито едногласно го прогласи албанскиот филм „Шоља кафе и нови чевли“ на сценаристот и режисер Гентиан Кочи. „Синедејс“ се отвори со македонска премиера на „М“ на Вардан Тозија.

The post Благодарам на „Синедејс“ што ја овозможија оваа магична проекција, рече режисерот Гоце Цветановски на македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ со чиј филм се затвори Фестивалот appeared first on Република.

]]>
Со премиера на дебитантскиот долгометражен филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски вечерва се затвора 22. издание на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-premiera-na-debitantskiot-dolgometrazhen-film-biznisot-na-zadovolstvoto-na-gotse-tsvetanovski-vecherva-se-zatvora-22-izdanie-na-sinedejs/ Tue, 18 Jul 2023 07:41:23 +0000 https://republika.mk/?p=662521

Со македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, вечерва во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде затворено 22. издание на  Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“. Филмот е прво долгометражно остварување на Цветановски.

Сценариото го започнав уште како студент во Париз, во 2002 година и не очекував дека филмот некогаш ќе го снимам. Кога се вратив во Македонија, повторно налетав на сценариото во една кутија и го препрочитав од љубопитност. Сфатив дека има добра подлога за филм и решив да го адаптирам за македонски услови, бидејќи во таа верзија, дејствието се случуваше во Париз. Одамна сакав да направам приказна во која давам коментар за некои социјално релевантни теми, а сето тоа да биде ненаметливо спакувано – вели Цветановски во пресрет на премиерата на филмот.

Филмот светската премиера ја имаше на Фестивалот „In the palace“ во Софија, каде ја доби наградата за најдобар филм.

Улогите ги толкуваат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски и Елени Декидис.

Филмот „Бизнисот на задоволството“ е трилер – драма во која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка, жртва на трговијата со жени, една новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие криминалната мрежа. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола и се борат да спасат жива глава.

Додека работиш филм, и ти самиот си во филм, ги преживуваш емоциите на сите ликови и заедно со нив тагуваш и се радуваш. Снимањето во пандемија беше дополнителен предизвик, но дури и тоа го паметам како позитивно искуство. Тогаш сфатив дека кога си фокусиран и посветен на она што го правиш, ништо не може да те запре. Не би сакал да заборавам ниту еден момент од снимањето, но би сакал да заборавам некои делови од пост-продукцијата, каде што се соочувавме со проблеми од техничка природа, кои се најголем непријател на креативноста, вели  Цветановски.

Сценариото, монтажата и режијата се на Гоце Цветановски, кинематографер на филмот е Фејми Даут. Продуцент на филмот е на Македонска крепост, заедно со A White River Films, City Star Production, Seven Image и 351 Studio. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

https://republika.mk/vesti/kultura/dodeka-rabotish-film-i-ti-samiot-si-vo-film/

The post Со премиера на дебитантскиот долгометражен филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски вечерва се затвора 22. издание на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Со македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, вечерва во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде затворено 22. издание на  Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“. Филмот е прво долгометражно остварување на Цветановски.
Сценариото го започнав уште како студент во Париз, во 2002 година и не очекував дека филмот некогаш ќе го снимам. Кога се вратив во Македонија, повторно налетав на сценариото во една кутија и го препрочитав од љубопитност. Сфатив дека има добра подлога за филм и решив да го адаптирам за македонски услови, бидејќи во таа верзија, дејствието се случуваше во Париз. Одамна сакав да направам приказна во која давам коментар за некои социјално релевантни теми, а сето тоа да биде ненаметливо спакувано – вели Цветановски во пресрет на премиерата на филмот.
Филмот светската премиера ја имаше на Фестивалот „In the palace“ во Софија, каде ја доби наградата за најдобар филм. Улогите ги толкуваат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски и Елени Декидис. Филмот „Бизнисот на задоволството“ е трилер – драма во која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка, жртва на трговијата со жени, една новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие криминалната мрежа. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола и се борат да спасат жива глава.
Додека работиш филм, и ти самиот си во филм, ги преживуваш емоциите на сите ликови и заедно со нив тагуваш и се радуваш. Снимањето во пандемија беше дополнителен предизвик, но дури и тоа го паметам како позитивно искуство. Тогаш сфатив дека кога си фокусиран и посветен на она што го правиш, ништо не може да те запре. Не би сакал да заборавам ниту еден момент од снимањето, но би сакал да заборавам некои делови од пост-продукцијата, каде што се соочувавме со проблеми од техничка природа, кои се најголем непријател на креативноста, вели  Цветановски.
Сценариото, монтажата и режијата се на Гоце Цветановски, кинематографер на филмот е Фејми Даут. Продуцент на филмот е на Македонска крепост, заедно со A White River Films, City Star Production, Seven Image и 351 Studio. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм. https://republika.mk/vesti/kultura/dodeka-rabotish-film-i-ti-samiot-si-vo-film/

The post Со премиера на дебитантскиот долгометражен филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски вечерва се затвора 22. издание на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
Додека работиш филм, и ти самиот си во филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dodeka-rabotish-film-i-ti-samiot-si-vo-film/ Mon, 17 Jul 2023 09:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=662183

Додека работиш филм, и ти самиот си во филм, ги преживуваш емоциите на сите ликови и заедно со нив тагуваш и се радуваш, вели режисерот Гоце Цветановски, чиј дебитантски долгометражен филм „Бизнисот на задоволството“ премиерно ќе биде прикажен утре, на 18 јули, на затворањето на 22. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ во 21 часот во паркот зад Младнски културен центар (МКЦ).

Освен премиерата во паркот зад МКЦ ќе има и изложба на фотографии од филмот, од Маја Аргакијева и Марко Угарковиќ.

Приказната следи новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Филмот ја третира темата на трговија со жени, од гледна точка на главните ликови кои се обидуваат да ја раскринкаат криминалната мрежа.

Жанрот е трилер, а сценариото е дизајнирано да го држи гледачот во неизвесност до самиот крај. Се обидов да вметнам што повеќе гламур и црн хумор во приказната, како контраст на сериозноста на темата, вели Цветановски во интервју за „Република“.

„Бизнисот на задоволството“ на Цветановски беше прогласен за најдобар филм на фестивалот „In the Palace“ во Софија, каде беше и светската премиера. Филмот се снимаше за време на пандемијата на ковид-19. Играат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“, првпат е кинематографер на долгометражен игран филм. Продуценти се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Иако првично беше најавено дека светската премиера на „Бизнисот на задоволството“ ќе биде на Фестивалот во Палм Бич, Цветановски решил да го повлече.

Филмот го повлеков од Палм Бич, поради тоа што во последен момент се откажаа кино проекциите и имаше само онлајн прикажувања. Сакав светската премиера да биде во кино сала и пред жива публика, па затоа одлучив да почекам селекција на друг фестивал, вели Цветановски.

Инаку за самиот процес на снимање, тој го памети како еден од највозбудливите авантури во животот.

[caption id="attachment_662199" align="alignnone" width="2560"] Слаѓана Вујошевиќ, фото: Марко Угарковиќ[/caption]

Додека работиш филм, и ти самиот си во филм, ги преживуваш емоциите на сите ликови и заедно со нив тагуваш и се радуваш. Снимањето во пандемија беше дополнителен предизвик, но дури и тоа го паметам како позитивно искуство. Тогаш сфатив дека кога си фокусиран и посветен на она што го правиш, ништо не може да те запре. Не би сакал да заборавам ниту еден момент од снимањето, но би сакал да заборавам некои делови од пост-продукцијата, каде што се соочувавме со проблеми од техничка природа, кои се најголем непријател на креативноста, објаснува Цветановски, кој е и сценарист на филмот.

Првично, работниот наслов на филмот беше „Денот на жената“.

Откако имавме затворени проекции во Кан и Берлин за професионална публика, заедно со дистрибутерите одлучивме дека ни треба попровокативен и поатрактивен наслов. И не само насловот, го сменивме и постерот и трејлерот. Според реакциите од публиката, испаѓа дека бевме во право, додава Цветановски.

[caption id="attachment_662200" align="alignnone" width="2560"] Муса Исуфи, Дамјан Цветановски и Исмаил Касуми. Фото: Маја Аргакијева[/caption]

Според Цветановски, имаат најави за прикажување на „Бизнисот на задоволството“ на неколку Фестивали, а филмот ќе биде прикажуван во наредните месеци во повеќе земји ширум светот.

Јас секогаш публиката ја ставам на прво место. А со таа публика, барем надвор од земјава, најмногу се остварува контакт токму преку филмските фестивали. Секој филмски фестивал си има своја специфичност и своја публика, и секоја селекција на фестивал е огромен успех. Точно е дека на некои фестивали селекцијата на филмови не е наменета за широката публика, но верувам дека секој автор сака неговиот филм да биде гледан и ценет од што поголем број гледачи, вели Цветановски.

[caption id="attachment_662185" align="alignnone" width="420"] Гоце Цветановски, режисер: Кога си фокусиран и посветен на она што го правиш, ништо не може да те запре / фото: Маја Аргакијева[/caption]

За добар филм треба култивирана публика, а денес е тешко таа публика да се извади од бункерот во кој е скриена пред налетот на тривијалноста. Го прашавме Цветановски дали се согласува со оваа констатација.

Последниве години доживеавме и преживеавме една ситуација која се граничи со научна фантастика, и која нè затвори сите нас во домовите и нè оддалечи едни од други. Но, од друга страна, ни даде и можност малку да застанеме, да го успориме ова модерно и пребрзо темпо на живеење, и да размислиме околу тоа што ни е важно во животот. Во таа смисла, се надевам дека публиката ќе се врати на културните настани кои можат целосно да се почувствуваат само како групно доживување: концерти, театарски претстави, и се разбира, кино проекции. Секако дека е поудобно и поефтино да се гледа филм во комфорот на сопствениот дом, но чувството е сосема поинакво кога го гледаш на големо платно, во темница, и во оптимални технички услови. Тривијалноста секогаш била и ќе биде опасност, но култивираната публика не смее да остане затворена во бункер, бидејќи животот е сега и овде, вели Цветановски.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Маја Аргакијева и Марко Угарковиќ

The post Додека работиш филм, и ти самиот си во филм appeared first on Република.

]]>

Додека работиш филм, и ти самиот си во филм, ги преживуваш емоциите на сите ликови и заедно со нив тагуваш и се радуваш, вели режисерот Гоце Цветановски, чиј дебитантски долгометражен филм „Бизнисот на задоволството“ премиерно ќе биде прикажен утре, на 18 јули, на затворањето на 22. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ во 21 часот во паркот зад Младнски културен центар (МКЦ). Освен премиерата во паркот зад МКЦ ќе има и изложба на фотографии од филмот, од Маја Аргакијева и Марко Угарковиќ. Приказната следи новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Филмот ја третира темата на трговија со жени, од гледна точка на главните ликови кои се обидуваат да ја раскринкаат криминалната мрежа.
Жанрот е трилер, а сценариото е дизајнирано да го држи гледачот во неизвесност до самиот крај. Се обидов да вметнам што повеќе гламур и црн хумор во приказната, како контраст на сериозноста на темата, вели Цветановски во интервју за „Република“.
„Бизнисот на задоволството“ на Цветановски беше прогласен за најдобар филм на фестивалот „In the Palace“ во Софија, каде беше и светската премиера. Филмот се снимаше за време на пандемијата на ковид-19. Играат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“, првпат е кинематографер на долгометражен игран филм. Продуценти се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Иако првично беше најавено дека светската премиера на „Бизнисот на задоволството“ ќе биде на Фестивалот во Палм Бич, Цветановски решил да го повлече.
Филмот го повлеков од Палм Бич, поради тоа што во последен момент се откажаа кино проекциите и имаше само онлајн прикажувања. Сакав светската премиера да биде во кино сала и пред жива публика, па затоа одлучив да почекам селекција на друг фестивал, вели Цветановски.
Инаку за самиот процес на снимање, тој го памети како еден од највозбудливите авантури во животот. [caption id="attachment_662199" align="alignnone" width="2560"] Слаѓана Вујошевиќ, фото: Марко Угарковиќ[/caption]
Додека работиш филм, и ти самиот си во филм, ги преживуваш емоциите на сите ликови и заедно со нив тагуваш и се радуваш. Снимањето во пандемија беше дополнителен предизвик, но дури и тоа го паметам како позитивно искуство. Тогаш сфатив дека кога си фокусиран и посветен на она што го правиш, ништо не може да те запре. Не би сакал да заборавам ниту еден момент од снимањето, но би сакал да заборавам некои делови од пост-продукцијата, каде што се соочувавме со проблеми од техничка природа, кои се најголем непријател на креативноста, објаснува Цветановски, кој е и сценарист на филмот.
Првично, работниот наслов на филмот беше „Денот на жената“.
Откако имавме затворени проекции во Кан и Берлин за професионална публика, заедно со дистрибутерите одлучивме дека ни треба попровокативен и поатрактивен наслов. И не само насловот, го сменивме и постерот и трејлерот. Според реакциите од публиката, испаѓа дека бевме во право, додава Цветановски.
[caption id="attachment_662200" align="alignnone" width="2560"] Муса Исуфи, Дамјан Цветановски и Исмаил Касуми. Фото: Маја Аргакијева[/caption] Според Цветановски, имаат најави за прикажување на „Бизнисот на задоволството“ на неколку Фестивали, а филмот ќе биде прикажуван во наредните месеци во повеќе земји ширум светот.
Јас секогаш публиката ја ставам на прво место. А со таа публика, барем надвор од земјава, најмногу се остварува контакт токму преку филмските фестивали. Секој филмски фестивал си има своја специфичност и своја публика, и секоја селекција на фестивал е огромен успех. Точно е дека на некои фестивали селекцијата на филмови не е наменета за широката публика, но верувам дека секој автор сака неговиот филм да биде гледан и ценет од што поголем број гледачи, вели Цветановски.
[caption id="attachment_662185" align="alignnone" width="420"] Гоце Цветановски, режисер: Кога си фокусиран и посветен на она што го правиш, ништо не може да те запре / фото: Маја Аргакијева[/caption] За добар филм треба култивирана публика, а денес е тешко таа публика да се извади од бункерот во кој е скриена пред налетот на тривијалноста. Го прашавме Цветановски дали се согласува со оваа констатација.
Последниве години доживеавме и преживеавме една ситуација која се граничи со научна фантастика, и која нè затвори сите нас во домовите и нè оддалечи едни од други. Но, од друга страна, ни даде и можност малку да застанеме, да го успориме ова модерно и пребрзо темпо на живеење, и да размислиме околу тоа што ни е важно во животот. Во таа смисла, се надевам дека публиката ќе се врати на културните настани кои можат целосно да се почувствуваат само како групно доживување: концерти, театарски претстави, и се разбира, кино проекции. Секако дека е поудобно и поефтино да се гледа филм во комфорот на сопствениот дом, но чувството е сосема поинакво кога го гледаш на големо платно, во темница, и во оптимални технички услови. Тривијалноста секогаш била и ќе биде опасност, но култивираната публика не смее да остане затворена во бункер, бидејќи животот е сега и овде, вели Цветановски.
Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Маја Аргакијева и Марко Угарковиќ

The post Додека работиш филм, и ти самиот си во филм appeared first on Република.

]]>
„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски со награда за најдобар долгометражен филм во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/biznisot-na-zadovolstvoto-na-gotse-tsvetanovski-so-nagrada-za-najdobar-dolgometrazhen-film-vo-sofija/ Sun, 18 Jun 2023 16:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=652851

Публиката со овации ја дочека наградата најдобар долгометражен филм за „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, на затворањето на фестивалот „In the Palace“ викендов во Софија.

Ова беше воедно и премиера на филмот на Цветановски, а режисерот во Бугарија пристигна заедно со дел од екипата.

20. јубилејно издание на „In the Palace“ годинава се одржуваше паралелно во четири града во Бугарија – Софија, Перник, Пловдив и Варна. „Бизнисот на задоволството“ по проекциите наиде на одлични реакции и голем интерес.

Фестивалот „In the Palace“ е еден од најголемите фестивали во Европа за краток филм, а победникот во оваа категорија влегува директно во кратката листа на кандидати за Оскар. Последните години фестивалот ја воведе и селекцијата долгометражни филмови каде што, според зборовите на организаторот, пристигнуваат одлични европски наслови.

„Бизнисот на задоволството“ е политички трилер – драма. Опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие мрежата за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“ за првпат се потпишува како кинематографер на долгометражен игран филм.

„Бизнисот на задоволството“ е снимен со поддршка на Агенцијата за филм. Цветановски на македонската публика ѝ е познат преку серијалот „Светот на Биби“, а подолго време работи и на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“.

The post „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски со награда за најдобар долгометражен филм во Софија appeared first on Република.

]]>

Публиката со овации ја дочека наградата најдобар долгометражен филм за „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, на затворањето на фестивалот „In the Palace“ викендов во Софија. Ова беше воедно и премиера на филмот на Цветановски, а режисерот во Бугарија пристигна заедно со дел од екипата. 20. јубилејно издание на „In the Palace“ годинава се одржуваше паралелно во четири града во Бугарија – Софија, Перник, Пловдив и Варна. „Бизнисот на задоволството“ по проекциите наиде на одлични реакции и голем интерес. Фестивалот „In the Palace“ е еден од најголемите фестивали во Европа за краток филм, а победникот во оваа категорија влегува директно во кратката листа на кандидати за Оскар. Последните години фестивалот ја воведе и селекцијата долгометражни филмови каде што, според зборовите на организаторот, пристигнуваат одлични европски наслови. „Бизнисот на задоволството“ е политички трилер – драма. Опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие мрежата за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги толкуваат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“ за првпат се потпишува како кинематографер на долгометражен игран филм. „Бизнисот на задоволството“ е снимен со поддршка на Агенцијата за филм. Цветановски на македонската публика ѝ е познат преку серијалот „Светот на Биби“, а подолго време работи и на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“.

The post „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски со награда за најдобар долгометражен филм во Софија appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на „Бизнисот на задоволството“ на „Палм Бич“ во Флорида https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-biznisot-na-zadovolstvoto-na-palm-bich-vo-florida/ Wed, 08 Mar 2023 17:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=617450

Дебитантскиот долгометражен игран филм „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски во април ќе ја доживее својата светска премиера на престижниот „Palm Beach International Film Festival“ во Флорида, САД.

Фестивалот важи за еден од најдобрите 25 фестивали за независен филм во светот.

Режисерот и сценарист на филмот Гоце Цветановски рече дека најголема желба му била светската премиера да биде токму во САД – дестинација што ја доживува како центарот на филмските случувања на светската мапа.

Првите чекори секогаш се најважни и можам да кажам дека мојот сон се оствари. Би сакал да и’ честитам на целата екипа за овој успех. Нашиот проект ќе биде прикажан во конкуренција со некои од најдобрите независни филмови во САД и во светот“, вели Цветановски кој македонската публика најдобро го знае преку серијалот „Светот на Биби“, а изминатите години работи и на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“.

„Бизнисот на задоволството“ е трилер кој ја обработува темата за трговија со жени. Филмот претходно во македонската јавност беше промовиран со работниот наслов „Денот на Жената“, а по учеството на „American Film Market“ во Лос Анџелес и договорот за дистрибуција со американската компанија „Принц филмс“ филмот беше преименуван. Од продукцијата сметаат дека новиот наслов е попровокативен и подобро ќе го претстави ова дело пред публиката.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска.

Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“, за првпат се потпишува како кинематографер на долгометражен игран филм.

„Бизнисот на задоволството“ беше снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

The post Светска премиера на „Бизнисот на задоволството“ на „Палм Бич“ во Флорида appeared first on Република.

]]>

Дебитантскиот долгометражен игран филм „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски во април ќе ја доживее својата светска премиера на престижниот „Palm Beach International Film Festival“ во Флорида, САД. Фестивалот важи за еден од најдобрите 25 фестивали за независен филм во светот. Режисерот и сценарист на филмот Гоце Цветановски рече дека најголема желба му била светската премиера да биде токму во САД – дестинација што ја доживува како центарот на филмските случувања на светската мапа.
Првите чекори секогаш се најважни и можам да кажам дека мојот сон се оствари. Би сакал да и’ честитам на целата екипа за овој успех. Нашиот проект ќе биде прикажан во конкуренција со некои од најдобрите независни филмови во САД и во светот“, вели Цветановски кој македонската публика најдобро го знае преку серијалот „Светот на Биби“, а изминатите години работи и на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“.
„Бизнисот на задоволството“ е трилер кој ја обработува темата за трговија со жени. Филмот претходно во македонската јавност беше промовиран со работниот наслов „Денот на Жената“, а по учеството на „American Film Market“ во Лос Анџелес и договорот за дистрибуција со американската компанија „Принц филмс“ филмот беше преименуван. Од продукцијата сметаат дека новиот наслов е попровокативен и подобро ќе го претстави ова дело пред публиката. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“, за првпат се потпишува како кинематографер на долгометражен игран филм. „Бизнисот на задоволството“ беше снимен со поддршка на Агенцијата за филм.  

The post Светска премиера на „Бизнисот на задоволството“ на „Палм Бич“ во Флорида appeared first on Република.

]]>