Гоце Илиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotse-ilievski/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 08:35:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гоце Илиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotse-ilievski/ 32 32 Изложба на Гоце Илиевски во галеријата „Метаноја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-gotse-ilievski-vo-galerijata-metanoja/ Wed, 18 Sep 2024 08:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=817339

Галеријата „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ ја организира изложбата „Почетоци“ на Гоце Илиевски во галерија „Метаноја“ во четврток 19 септември 2024 година од 19:30 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

За изложбата д-р Коста Милков вели, „Со секоја боја и секој потег при цртањето Гоце Илиевски го толкува нашето космичко наследство: ѕвездената прашина чии состојки ги имаме во себеси, тајната на постоењето чии енигми постојано ги дешифрираме и конечната судбина, лична и колективна насреде огромната и нема вселена. ... Со изложбата „Почетоци“, Илиевски се нурнал во космогониите, од оние најдревните до футуристичките. Едно е сигурно, овој уметник е уверен дека вселената не е случајна. Дури и во највпечатливите уметничко-симболични прикази на еволуцијата на постоењето, еволутивниот развој на неживата и на живата материја има извор надвор од себеси.“

На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова.

Гоце Илиевски е уметник од Скопје, кој твори во областа на традиционалните, современите и дигиталните форми на уметност. Завршил ФЛУ, отсек сликарство во 2010 година. Има реализирано 15 самостојни и земал учество во многубројни групни изложби во Македонија, Германија, Австрија, Исланд, Турција, Бугарија и Полска. Добитник е на повеќе награди за сликарство, акварел и фотографија од повеќе институции и држави. Во 2011 му беше доделена наградата ,,Златна четка‘‘ за сликарство од ДЛУМ, како и награди за GIF (дигитална слика во движење). Учествувал на повеќе резиденции, симпозиуми, работилнници за уметност и други активности, меѓу кои како поважни за неговиот развој како уметник се издвојуваат, уметничкиот престој во Нирнберг, Германија, резиденциите во Литванија, Латвија и престојот во Исланд. Од особено значење е филмот Loving Vincent, каде што работи како сликар и аниматор.

 

The post Изложба на Гоце Илиевски во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>

Галеријата „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ ја организира изложбата „Почетоци“ на Гоце Илиевски во галерија „Метаноја“ во четврток 19 септември 2024 година од 19:30 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. За изложбата д-р Коста Милков вели, „Со секоја боја и секој потег при цртањето Гоце Илиевски го толкува нашето космичко наследство: ѕвездената прашина чии состојки ги имаме во себеси, тајната на постоењето чии енигми постојано ги дешифрираме и конечната судбина, лична и колективна насреде огромната и нема вселена. ... Со изложбата „Почетоци“, Илиевски се нурнал во космогониите, од оние најдревните до футуристичките. Едно е сигурно, овој уметник е уверен дека вселената не е случајна. Дури и во највпечатливите уметничко-симболични прикази на еволуцијата на постоењето, еволутивниот развој на неживата и на живата материја има извор надвор од себеси.“ На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова. Гоце Илиевски е уметник од Скопје, кој твори во областа на традиционалните, современите и дигиталните форми на уметност. Завршил ФЛУ, отсек сликарство во 2010 година. Има реализирано 15 самостојни и земал учество во многубројни групни изложби во Македонија, Германија, Австрија, Исланд, Турција, Бугарија и Полска. Добитник е на повеќе награди за сликарство, акварел и фотографија од повеќе институции и држави. Во 2011 му беше доделена наградата ,,Златна четка‘‘ за сликарство од ДЛУМ, како и награди за GIF (дигитална слика во движење). Учествувал на повеќе резиденции, симпозиуми, работилнници за уметност и други активности, меѓу кои како поважни за неговиот развој како уметник се издвојуваат, уметничкиот престој во Нирнберг, Германија, резиденциите во Литванија, Латвија и престојот во Исланд. Од особено значење е филмот Loving Vincent, каде што работи како сликар и аниматор.  

The post Изложба на Гоце Илиевски во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>