готовина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotovina/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Nov 2023 10:42:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png готовина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gotovina/ 32 32 Шведска ќе биде првата земја без готовина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedska-ke-bide-prvata-zemja-bez-gotovina/ Thu, 02 Nov 2023 10:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=697361

Шведска во моментов е најнапредната земја во светот кога станува збор за безготовинските плаќања, а нивните банки се предводници на тој тренд. Дури и во јавниот превоз веќе не примаат готовина, а големи се шансите во продавниците, рестораните, музеите, хотелите, клиентот да остане без стоки или услуги доколку нема некаков вид на дигитално плаќање, пишува „Биз. Портал“. Во времето на пандемијата беше објавено дека монетите и банкнотите не се најпосакуваното платежно средство во таа земја долго време и дека корона вирусот само го засили тој тренд. Дури и централната банка ги предупреди граѓаните за тоа, плашејќи се дека готовината физички може целосно да исчезнат.

Германскиот неделник „Фокус“ објави дека само 16 отсто од децата во таа земја добиваат џепарлак во готово, а 84 отсто имаат дигитални штедни книшки. Истражувањата покажаа дека во Шведска генерацијата на возраст од 18 до 34 години не плаќа со готовина во 75 отсто од случаите. Меѓутоа, оние кои се залагаат за готовинско плаќање во таа земја имаат замерки дека и покрај стравот на државата дека готовината исчезнува, изненадува тоа што дури и даночната управа не прифаќа никакви готовински плаќања. Единствени институции кои се законски обврзани да примаат готовина при плаќање на партиципација се болниците.

Неодамнешното истражување спроведено од шведската централна банка покажало дека само осум отсто од граѓаните последното купување го платиле со монети или банкноти. До пред само десет години 40 отсто од граѓаните плаќале во готово. Медиумите пренесуваат дека вкупната шведска готовина денес изнесува нешто повеќе од еден процент од вкупната понуда на пари, а аналитичарите очекуваат дека за петнаесет години готовината целосно ќе исчезне и дека Шведска, веројатно првата во светот, ќе стане општество без готовина. Готовината се гледа како непотребен трошок и безбедносен ризик, како и постојана цел за фалсификување.

 

The post Шведска ќе биде првата земја без готовина appeared first on Република.

]]>

Шведска во моментов е најнапредната земја во светот кога станува збор за безготовинските плаќања, а нивните банки се предводници на тој тренд. Дури и во јавниот превоз веќе не примаат готовина, а големи се шансите во продавниците, рестораните, музеите, хотелите, клиентот да остане без стоки или услуги доколку нема некаков вид на дигитално плаќање, пишува „Биз. Портал“. Во времето на пандемијата беше објавено дека монетите и банкнотите не се најпосакуваното платежно средство во таа земја долго време и дека корона вирусот само го засили тој тренд. Дури и централната банка ги предупреди граѓаните за тоа, плашејќи се дека готовината физички може целосно да исчезнат. Германскиот неделник „Фокус“ објави дека само 16 отсто од децата во таа земја добиваат џепарлак во готово, а 84 отсто имаат дигитални штедни книшки. Истражувањата покажаа дека во Шведска генерацијата на возраст од 18 до 34 години не плаќа со готовина во 75 отсто од случаите. Меѓутоа, оние кои се залагаат за готовинско плаќање во таа земја имаат замерки дека и покрај стравот на државата дека готовината исчезнува, изненадува тоа што дури и даночната управа не прифаќа никакви готовински плаќања. Единствени институции кои се законски обврзани да примаат готовина при плаќање на партиципација се болниците. Неодамнешното истражување спроведено од шведската централна банка покажало дека само осум отсто од граѓаните последното купување го платиле со монети или банкноти. До пред само десет години 40 отсто од граѓаните плаќале во готово. Медиумите пренесуваат дека вкупната шведска готовина денес изнесува нешто повеќе од еден процент од вкупната понуда на пари, а аналитичарите очекуваат дека за петнаесет години готовината целосно ќе исчезне и дека Шведска, веројатно првата во светот, ќе стане општество без готовина. Готовината се гледа како непотребен трошок и безбедносен ризик, како и постојана цел за фалсификување.  

The post Шведска ќе биде првата земја без готовина appeared first on Република.

]]>
Австрискиот канцелар Нехамер предлага употребата на готовина да биде уставно заштитена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstriskiot-kantselar-nehamer-predlaga-upotrebata-na-gotovina-da-bide-ustavno-zashtitena/ Fri, 04 Aug 2023 10:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=668640

Австрискиот канцелар Карл Нехамер соопшти денеска дека ќе предложи во Уставот на неговата земја да се додаде правото на граѓаните да користат готовина.

Се повеќе луѓе се загрижени дека готовината може да биде ограничена како средство за плаќање во Австрија. Луѓето во Австрија имаат право да користат готовина, се вели во соопштението.

Додека плаќањата со картички и по електронски пат стануваат се почести во многу европски земји, Австрија и соседна Германија остануваат релативно врзани за готовина.

Австриската Влада соопшти дека годишно од банкоматите во државата, која има околу 9,1 милион жители се повлекуваат 47 милијарди евра.

Заштита на правото на плаќање во готово беше барање на крајнодесничарската опозициска Партија на слободата.

The post Австрискиот канцелар Нехамер предлага употребата на готовина да биде уставно заштитена appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар Карл Нехамер соопшти денеска дека ќе предложи во Уставот на неговата земја да се додаде правото на граѓаните да користат готовина. Се повеќе луѓе се загрижени дека готовината може да биде ограничена како средство за плаќање во Австрија. Луѓето во Австрија имаат право да користат готовина, се вели во соопштението. Додека плаќањата со картички и по електронски пат стануваат се почести во многу европски земји, Австрија и соседна Германија остануваат релативно врзани за готовина. Австриската Влада соопшти дека годишно од банкоматите во државата, која има околу 9,1 милион жители се повлекуваат 47 милијарди евра. Заштита на правото на плаќање во готово беше барање на крајнодесничарската опозициска Партија на слободата.

The post Австрискиот канцелар Нехамер предлага употребата на готовина да биде уставно заштитена appeared first on Република.

]]>