гостувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gostuvana/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Mar 2024 14:28:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гостувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gostuvana/ 32 32 Недела на гостувања во Драмски театар Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nedela-na-gostuvana-vo-dramski-teatar-skopje/ Tue, 05 Mar 2024 14:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=751569

Публиката на Драмски театар неделава ја има можноста да проследи претстави на четири ансамбли. На 6 март гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски.

Традиционалната поддршка на Драмски театар Скопје на колегите од независната сцена продолжува и годинава. Во првиот циклус оваа сезона, настапуваат три театарски ансамбли. Сите претстави почнуваат во 20 часот.

Во четврток на 7ми март ќе се претстават „Штрих“ со претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“. Улогите ги играат актерите: Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли и Јанка Лефкова. Претставата е на авторот Филип Грујиќ. Режисер е Борис Василески.

Театарот „Златен Елец“ се претставува во петок, 8ми март, со „Кенди“ според истоименото дело на Лук Дејвис. Адаптацијата и режијата е на Тамара Стојаноска, а улогите ги играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.

Во сабота на 9ти март е претставата „Бура и продор“ на групата „Стурм унд дранг“ Теа Беговска е автор и режисер, а настапуваат: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим.

Од Драмски театар информираат дека интересот на публиката за гостувањата е голем и со тоа ги покануваат и охрабруваат и останатите професионални ансамбли и театри од независната сцена за соработка и гостувања во оваа и наредните театарски сезони.

 

The post Недела на гостувања во Драмски театар Скопје appeared first on Република.

]]>

Публиката на Драмски театар неделава ја има можноста да проследи претстави на четири ансамбли. На 6 март гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски. Традиционалната поддршка на Драмски театар Скопје на колегите од независната сцена продолжува и годинава. Во првиот циклус оваа сезона, настапуваат три театарски ансамбли. Сите претстави почнуваат во 20 часот. Во четврток на 7ми март ќе се претстават „Штрих“ со претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“. Улогите ги играат актерите: Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли и Јанка Лефкова. Претставата е на авторот Филип Грујиќ. Режисер е Борис Василески. Театарот „Златен Елец“ се претставува во петок, 8ми март, со „Кенди“ според истоименото дело на Лук Дејвис. Адаптацијата и режијата е на Тамара Стојаноска, а улогите ги играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски. Во сабота на 9ти март е претставата „Бура и продор“ на групата „Стурм унд дранг“ Теа Беговска е автор и режисер, а настапуваат: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим. Од Драмски театар информираат дека интересот на публиката за гостувањата е голем и со тоа ги покануваат и охрабруваат и останатите професионални ансамбли и театри од независната сцена за соработка и гостувања во оваа и наредните театарски сезони.  

The post Недела на гостувања во Драмски театар Скопје appeared first on Република.

]]>