горна бањица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gorna-banitsa/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 17:06:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png горна бањица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gorna-banitsa/ 32 32 Жителите на Долна и Горна Бањица протестираа против спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8, најавија целосна блокада https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zhitelite-na-dolna-i-gorna-banitsa-protestiraa-protiv-sproveduvaneto-na-planot-za-izgradba-na-koridorot-8-najavija-tselosna-blokada/ Tue, 27 Feb 2024 17:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=749002

Жители од гостиварските села Долна и Горна Бањица на протестен собир, попладнево изразија незадоволство од добиените ветувања за барањата околу спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8. Тие предупредија и најавија целосно блокирање на работите на терен кои ги изведува „Бехтел и Енка“ од наредната недела.

Насир Асипи, на собирот во името на жителите овие две гостиварски села појасни дека пред еден месец имале средби во владата со министрите Артан Груби, Благој Бочварски на која ги изнеле барањата.

- На состанокот им кажавме дека нашето основно барање се однесува на изградбата на камповите за сместување на работници. Тие да не бидат по трасата, бидејќи така дополнително ќе ни одземаат земја. Таков камп да се прави на просторот на старата касарна и воените магацини. Не сме против изградбата на патот и го поддржуваме проектот, но нема да даваме земја за други намени освен за патот, рече Асипи.

Тој посочи дека министрите им ветиле дека набрзо ќе добијат одговор, но како што рече никој повеќе од еден емсец не ги контактирал и го оцени како несериозен однос. Поради тоа селаните се принудени на порадикални мерки.

- Доколку до понеделник не добиеме позитивен одговор на нашето барање, ние ќе почнеме со блокади и целосно ќе ја стопираме работата на фирмите кои работат на коридорот во атарите на нашите села, потенцира Насир Асипи.

Жителите на Долна и Горна Бањица во неколку наврати со повеќечасовни блокади на локални регионални патишта изразуваа револт од начинот на кој се спроведува експропријацијата.

Проектот што автопатски треба да ги поврзе Гостивар и Кичево е предвидено да минува низ атарите на овие села како дел од Коридорот 8. Според првичните оценки треба да бидат одземени околу 600.000 квадратни метри земјиште.

The post Жителите на Долна и Горна Бањица протестираа против спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8, најавија целосна блокада appeared first on Република.

]]>

Жители од гостиварските села Долна и Горна Бањица на протестен собир, попладнево изразија незадоволство од добиените ветувања за барањата околу спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8. Тие предупредија и најавија целосно блокирање на работите на терен кои ги изведува „Бехтел и Енка“ од наредната недела. Насир Асипи, на собирот во името на жителите овие две гостиварски села појасни дека пред еден месец имале средби во владата со министрите Артан Груби, Благој Бочварски на која ги изнеле барањата.
- На состанокот им кажавме дека нашето основно барање се однесува на изградбата на камповите за сместување на работници. Тие да не бидат по трасата, бидејќи така дополнително ќе ни одземаат земја. Таков камп да се прави на просторот на старата касарна и воените магацини. Не сме против изградбата на патот и го поддржуваме проектот, но нема да даваме земја за други намени освен за патот, рече Асипи.
Тој посочи дека министрите им ветиле дека набрзо ќе добијат одговор, но како што рече никој повеќе од еден емсец не ги контактирал и го оцени како несериозен однос. Поради тоа селаните се принудени на порадикални мерки.
- Доколку до понеделник не добиеме позитивен одговор на нашето барање, ние ќе почнеме со блокади и целосно ќе ја стопираме работата на фирмите кои работат на коридорот во атарите на нашите села, потенцира Насир Асипи.
Жителите на Долна и Горна Бањица во неколку наврати со повеќечасовни блокади на локални регионални патишта изразуваа револт од начинот на кој се спроведува експропријацијата. Проектот што автопатски треба да ги поврзе Гостивар и Кичево е предвидено да минува низ атарите на овие села како дел од Коридорот 8. Според првичните оценки треба да бидат одземени околу 600.000 квадратни метри земјиште.

The post Жителите на Долна и Горна Бањица протестираа против спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8, најавија целосна блокада appeared first on Република.

]]>
Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhitelite-na-dolna-i-gorna-banitsa-postavija-blokada-za-rabotnitsite-na-behtel-i-enka/ Thu, 18 Jan 2024 09:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=734289

Жители од селата Горна и Долна Бањица утрово го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата „Бехтел и Енка“ кои работат на трасата на Коридор 8. Блокадата на патот е во знак на револт од начинот на кој спроведува експропријацијата.

[caption id="" align="alignnone" width="1471"] фото: МИА[/caption]

Блокадата на патот, како што рекоа, доаѓа од игнорантскиот однос на властите и другите институции при решавањето на нивните барања. Учесниците на  протестот посочија дека никој не ги заштитил и не се грижи за нивниот интерес при процесот на експропријација. Жителите на Долна и Горна Бањица се пожалија дека за земјиштето кое се одзема добиваат несоодветен надомест од десет евра за метар квадратен.

Абдулаќим Асипи, претставник на учесниците во блокадата кажа дека на барањата кои ги упатиле до надлежните не добиле одговори, а ниту биле повикани на разговор. Тој појасни дека дел од земјиштето не се купува за потребите на патот, туку за изградба на кампови за вработените кои подоцна државата ќе го продава за изградба на бензински пумпи и други комерцијални капацитети.

[caption id="" align="alignnone" width="1542"] фото: МИА[/caption]

Тие најавија дека од денеска па во наредните три дена со целодневни блокади за возилата ќе ги стопираат работите на фирмата Бехтел и Енка, а планираат и блокада на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Досега околу половина од сопствениците на земјоделско земјиште кое ќе биде одземено за изградба на автопатска делница на Коридорот 8 добиле решенија за трајно одземање.

Бањичани упатија апел до надлежните институции што поскоро да седнат на маса и да најдат заедничко решение. 

The post Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Жители од селата Горна и Долна Бањица утрово го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата „Бехтел и Енка“ кои работат на трасата на Коридор 8. Блокадата на патот е во знак на револт од начинот на кој спроведува експропријацијата. [caption id="" align="alignnone" width="1471"] фото: МИА[/caption] Блокадата на патот, како што рекоа, доаѓа од игнорантскиот однос на властите и другите институции при решавањето на нивните барања. Учесниците на  протестот посочија дека никој не ги заштитил и не се грижи за нивниот интерес при процесот на експропријација. Жителите на Долна и Горна Бањица се пожалија дека за земјиштето кое се одзема добиваат несоодветен надомест од десет евра за метар квадратен. Абдулаќим Асипи, претставник на учесниците во блокадата кажа дека на барањата кои ги упатиле до надлежните не добиле одговори, а ниту биле повикани на разговор. Тој појасни дека дел од земјиштето не се купува за потребите на патот, туку за изградба на кампови за вработените кои подоцна државата ќе го продава за изградба на бензински пумпи и други комерцијални капацитети. [caption id="" align="alignnone" width="1542"] фото: МИА[/caption] Тие најавија дека од денеска па во наредните три дена со целодневни блокади за возилата ќе ги стопираат работите на фирмата Бехтел и Енка, а планираат и блокада на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Досега околу половина од сопствениците на земјоделско земјиште кое ќе биде одземено за изградба на автопатска делница на Коридорот 8 добиле решенија за трајно одземање. Бањичани упатија апел до надлежните институции што поскоро да седнат на маса и да најдат заедничко решение. 

The post Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>