ѓорѓија пулевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gorgija-pulevski/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 14:59:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѓорѓија пулевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gorgija-pulevski/ 32 32 АХВ: Наредено е затворање на кујната во ,,Ѓорѓија Пулевски”, до добивање на резултатите од лабораториските тестирања https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ahv-naredeno-e-zatvorane-na-kujnata-vo-gorgija-pulevski-do-dobivane-na-rezultatite-od-laboratoriskite-testirana/ Fri, 27 Sep 2024 15:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=820352

Наредено е затворање на кујната, од која инаку не се носеле оброци за други училишни кујни, се до добивање на резултатите од лабораториските тестирања со што ќе се потврди безбедноста.

Ова го одговорија попладнево од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА, во врска со известувањето што го добиле, за сомнеж за труење со храна на неколку деца.

Изречени се мерки за темелно чистење на кујната, дезинсекција, дезинфекција и дератизација, спроведување на вонредни здравствени прегледи на вработените лица во кујната, се вели во пишаниот одговор од АХВ.

Појаснуваат дека по добиеното известување за сомнеж за труење со храна на осум деца во основното училиште ,,Ѓорѓија Пулевски" во скопската општина Аеродром, инспекциски служби на Агенцијата, во соработка со тимови од ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Институтот за јавно здравје – Скопје, спровеле вонреден инспекциски надзор во кујната во училиштето.

- Земени се четири контролни оброци од храната која на учениците им била послужена минатиот ден, мостри од храна - салата од краставица, супа, мусака со мелено месо и компири и бомбици што ќе бидат лабораториски испитани. Исто така за лабораториско тестирање земени се и пет бриса од работни површини и од опрема, како и испироци од раце од вработените лица во кујната, појаснија од АХВ.

The post АХВ: Наредено е затворање на кујната во ,,Ѓорѓија Пулевски”, до добивање на резултатите од лабораториските тестирања appeared first on Република.

]]>

Наредено е затворање на кујната, од која инаку не се носеле оброци за други училишни кујни, се до добивање на резултатите од лабораториските тестирања со што ќе се потврди безбедноста. Ова го одговорија попладнево од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА, во врска со известувањето што го добиле, за сомнеж за труење со храна на неколку деца. Изречени се мерки за темелно чистење на кујната, дезинсекција, дезинфекција и дератизација, спроведување на вонредни здравствени прегледи на вработените лица во кујната, се вели во пишаниот одговор од АХВ. Појаснуваат дека по добиеното известување за сомнеж за труење со храна на осум деца во основното училиште ,,Ѓорѓија Пулевски" во скопската општина Аеродром, инспекциски служби на Агенцијата, во соработка со тимови од ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Институтот за јавно здравје – Скопје, спровеле вонреден инспекциски надзор во кујната во училиштето. - Земени се четири контролни оброци од храната која на учениците им била послужена минатиот ден, мостри од храна - салата од краставица, супа, мусака со мелено месо и компири и бомбици што ќе бидат лабораториски испитани. Исто така за лабораториско тестирање земени се и пет бриса од работни површини и од опрема, како и испироци од раце од вработените лица во кујната, појаснија од АХВ.

The post АХВ: Наредено е затворање на кујната во ,,Ѓорѓија Пулевски”, до добивање на резултатите од лабораториските тестирања appeared first on Република.

]]>
Месна заедница Галичник: Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба, големец како него ниту имале ниту ќе имаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mesna-zaednitsa-galichnik-zhelbata-da-se-prisvoi-gorgija-pulevski-ostanuva-samo-zhelba-golemets-kako-nego-nitu-imale-nitu-ke-imaat/ Thu, 12 Jan 2023 21:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=596362

Месна заедница Галичник во името на секој Галичанец и секој Македонец сака да изрази сериозен протест за дрската и навредливата објава на Организацијата на Србите во Македонија „Спона“, која се однесува на великанот Ѓорѓија Пулевски.

Грабањето и крадењето на македонскиот национален идентитет со векови е „спорт“ кој го практикувале нашите соседи, а особено кога се работи за нешто што потекнува од центарот на македонската култура, уметност и столб на македонскиот национален идентитет – Галичник.

 

Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба и за истата имаме разбирање. Големец како него ниту имале ниту ќе имаат. Останува и само желба бидејќи секој кој знае да чита ќе прочита:

 

„Народ се вељид људи који се од еден род и који зборувајед еднаков збор, и који живувајед и кои се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља, тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ, се вељид отечество од тои народ.

 

Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.

 

Ѓорѓија Пулевски, Тријазичник 1875 година.“

Немаме никаква потреба ниту да додаваме ниту да одземаме зборови на тоа што Пулевски напишал пред 150 години.

 

Изразуваме надеж дека ставот на „СПОНА – Српски културно информативни центар“ не е став на официјален Белград и не е став на пријателскиот српски народ кој има високо изградена свест дека туѓото не се р’чка.

 

МЗГ очекува извинување од страна на „СПОНА“, како и од сите политичари кои се членови на оваа организација, се вели во реакцијата на Месна заедница Галичник.

The post Месна заедница Галичник: Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба, големец како него ниту имале ниту ќе имаат appeared first on Република.

]]>

Месна заедница Галичник во името на секој Галичанец и секој Македонец сака да изрази сериозен протест за дрската и навредливата објава на Организацијата на Србите во Македонија „Спона“, која се однесува на великанот Ѓорѓија Пулевски.
Грабањето и крадењето на македонскиот национален идентитет со векови е „спорт“ кој го практикувале нашите соседи, а особено кога се работи за нешто што потекнува од центарот на македонската култура, уметност и столб на македонскиот национален идентитет – Галичник.   Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба и за истата имаме разбирање. Големец како него ниту имале ниту ќе имаат. Останува и само желба бидејќи секој кој знае да чита ќе прочита:   „Народ се вељид људи који се од еден род и који зборувајед еднаков збор, и који живувајед и кои се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља, тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ, се вељид отечество од тои народ.   Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.   Ѓорѓија Пулевски, Тријазичник 1875 година.“ Немаме никаква потреба ниту да додаваме ниту да одземаме зборови на тоа што Пулевски напишал пред 150 години.   Изразуваме надеж дека ставот на „СПОНА – Српски културно информативни центар“ не е став на официјален Белград и не е став на пријателскиот српски народ кој има високо изградена свест дека туѓото не се р’чка.   МЗГ очекува извинување од страна на „СПОНА“, како и од сите политичари кои се членови на оваа организација, се вели во реакцијата на Месна заедница Галичник.

The post Месна заедница Галичник: Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба, големец како него ниту имале ниту ќе имаат appeared first on Република.

]]>