горештини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goreshtini/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 09:04:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png горештини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goreshtini/ 32 32 Oваа година ќе биде најтопла во историјата https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ovaa-godina-ke-bide-najtopla-vo-istorijata/ Thu, 07 Nov 2024 14:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=835013

Оваа година ќе биде најтоплата во историјата и прва во која просечната температура била за повеќе од 1,5 степени потопла од просечната температура во прединдустрискиот период, објавија европските научници.

Агенцијата на ЕУ „Коперник“ проценува дека просечната глобална температура во 2024 година би можела да биде за 1,55 степени повисока од прединдустрискиот просек, во споредба со 1,48 степени во 2023 година. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веќе зборуваше за „климатски колапс“.

-По десет месеци, 2024 година речиси сигурно дека ќе биде најтоплата досега и прва со температури над 1,5 степени над прединдустриските нивоа, рече директорката на агенцијата, Саманта Бургес.

КОП29 (COP29) започнува в понеделник во Баку, Азербејџан.

На климатската конференција во Париз во 2015 година, земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување под два степени и идеално на 1,5 степени Целзиусови.

The post Oваа година ќе биде најтопла во историјата appeared first on Република.

]]>

Оваа година ќе биде најтоплата во историјата и прва во која просечната температура била за повеќе од 1,5 степени потопла од просечната температура во прединдустрискиот период, објавија европските научници. Агенцијата на ЕУ „Коперник“ проценува дека просечната глобална температура во 2024 година би можела да биде за 1,55 степени повисока од прединдустрискиот просек, во споредба со 1,48 степени во 2023 година. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веќе зборуваше за „климатски колапс“.
-По десет месеци, 2024 година речиси сигурно дека ќе биде најтоплата досега и прва со температури над 1,5 степени над прединдустриските нивоа, рече директорката на агенцијата, Саманта Бургес.
КОП29 (COP29) започнува в понеделник во Баку, Азербејџан. На климатската конференција во Париз во 2015 година, земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување под два степени и идеално на 1,5 степени Целзиусови.

The post Oваа година ќе биде најтопла во историјата appeared first on Република.

]]>
Ова лето најжешко досега https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ova-leto-najzheshko-dosega/ Fri, 06 Sep 2024 17:31:00 +0000 https://republika.mk/?p=813740

Летото во 2024 година е најтопло на северната хемисфера досега. Просечната глобална температура од јуни до август 2024 година беше највисока досега, 0,69 степени Целзиусови повисока од тримесечниот просек забележан во периодот од 1991 до 2020 година, објави денеска службата за климатски промени на Европска Унија Коперник.

- Земјата ги доживеа најтоплите јуни и август, најтоплиот ден досега и најжешкото лето досега. Оваа низа рекордни температури ја зголемува веројатноста 2024 година да биде најтоплата година досега, изјави заменик-директорката на Коперник, Саманта Бурџис.

 

Таа додаде дека температурите во иднина ќе бидат поинтензивни ако не се преземат итно мерки за намалување на стакленичките гасови.

Просечната температура во Европа во текот на трите летни месеци беше највисока досега, со 1,54 степени Целзиусови над просекот од 1991 до 2020 година, надминувајќи го претходниот рекорд од 1,34 степени Целзиусови поставен во 2022 година.

Според извештајот на Коперник, условите биле повлажни од просечните во Западна и Северна Европа. Во поголемиот дел од медитеранскиот регион и во Источна Европа, условите беа посуви од просекот, што доведе до суша на некои места.

За периодот од септември 2023 година до август 2024 година, просечната глобална температура била за 1,64 степени Целзиусови повисока од прединдустрискиот просек, покажуваат податоците на Коперник

The post Ова лето најжешко досега appeared first on Република.

]]>

Летото во 2024 година е најтопло на северната хемисфера досега. Просечната глобална температура од јуни до август 2024 година беше највисока досега, 0,69 степени Целзиусови повисока од тримесечниот просек забележан во периодот од 1991 до 2020 година, објави денеска службата за климатски промени на Европска Унија Коперник.
- Земјата ги доживеа најтоплите јуни и август, најтоплиот ден досега и најжешкото лето досега. Оваа низа рекордни температури ја зголемува веројатноста 2024 година да биде најтоплата година досега, изјави заменик-директорката на Коперник, Саманта Бурџис.
  Таа додаде дека температурите во иднина ќе бидат поинтензивни ако не се преземат итно мерки за намалување на стакленичките гасови. Просечната температура во Европа во текот на трите летни месеци беше највисока досега, со 1,54 степени Целзиусови над просекот од 1991 до 2020 година, надминувајќи го претходниот рекорд од 1,34 степени Целзиусови поставен во 2022 година. Според извештајот на Коперник, условите биле повлажни од просечните во Западна и Северна Европа. Во поголемиот дел од медитеранскиот регион и во Источна Европа, условите беа посуви од просекот, што доведе до суша на некои места. За периодот од септември 2023 година до август 2024 година, просечната глобална температура била за 1,64 степени Целзиусови повисока од прединдустрискиот просек, покажуваат податоците на Коперник

The post Ова лето најжешко досега appeared first on Република.

]]>
Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vladata-gi-prodolzhi-merkite-i-preporakite-za-zashtita-od-visokite-temperaturi-i-za-chetvrtok/ Wed, 14 Aug 2024 16:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=806574

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток, информира владината прес-служба.

- Ослободување од работни обврски за најранливите групи на населението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15 август (четврток). Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, соопштуваат од Владата.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, од Владата ги потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

- Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, препорачуваат од Владата.

Поради високите температури над 40 степени, кои ја зафатија државата од почетокот на неделава, од Владата излегоа со препораки за заштита на населението од „портокаловата фаза“ од 12 до 14 август. Денеска Владата соопшти дека мерките и препораките ќе важат и утре.

The post Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток appeared first on Република.

]]>

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток, информира владината прес-служба. - Ослободување од работни обврски за најранливите групи на населението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15 август (четврток). Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, соопштуваат од Владата. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, од Владата ги потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. - Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, препорачуваат од Владата.
Поради високите температури над 40 степени, кои ја зафатија државата од почетокот на неделава, од Владата излегоа со препораки за заштита на населението од „портокаловата фаза“ од 12 до 14 август. Денеска Владата соопшти дека мерките и препораките ќе важат и утре.

The post Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток appeared first on Република.

]]>
Околу 337 деца починале во Европа и Централна Азија во 2021 година од горештини https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/okolu-337-detsa-pochinale-vo-evropa-i-tsentralna-azija-vo-2021-godina-od-goreshtini/ Wed, 24 Jul 2024 12:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=799871

Како последица на сè повисоките температури во Европа и Централна Азија околу 377 деца починале во 2021 година – се вели во новата анализа на податоци „Победете ја горештината: детското здравје сред топлотните бранови во Европа и Централна Азија“ од 23 земји од регионот објавена денеска од УНИЦЕФ.

Анализата открива дека половина од овие деца починале во првата година од животот од болести предизвикани од топлина. Повеќето деца починале во летните месеци.

Околу половина од децата низ Европа и Централна Азија – или 92 милиони деца – веќе се изложени на чести топлотни бранови во регион каде што температурите растат со најбрзо темпо во светот. Сè повисоките температури може да предизвикаат сериозни здравствени компликации кај децата, особено кај најмалите, дури и за кратко време. Без соодветна нега, ваквите компликации може да бидат опасни по живот, рече Регина Де Доминисис, регионална директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија.

Изложеноста на топлина има акутни ефекти врз децата, дури и пред да се родат, па може да доведе до предвремено породување, мала тежина при раѓање, мртвороденче и вродени аномалии. Топлотниот удар претставува директна причина за смртност кај доенчињата, може да го засегне нивниот раст и да предизвика низа педијатриски заболувања. Исто така, во извештајот се забележува дека екстремните горештини предизвикале загуба на над 32.000 години здрав живот кај децата и тинејџерите во регионот.

Бидејќи температурите и натаму растат, УНИЦЕФ ги повикува владите низ Европа и Централна Азија да интегрираат стратегии за намалување на ефектот од топлотните бранови преку Националните утврдени придонеси, да инвестираат во здравствени акциски планови за справување со екстремни температури и во примарната здравствена заштита за обезбедување посоодветна поддршка при болести предизвикани од топлина кај децата, да инвестираат во системи за рано предупредување, каде што спаѓаат и системи за предупредување при топлотни бранови, да ги адаптираат образовните установи за да се намалат температурите во просторот каде што децата учат и да ги подготват наставниците како да постапуваат кога има топлотен бран, да ги приспособат урбанистичкото планирање и инфраструктурата, како и да обезбедат опременост на зградите, посебно на оние во кои се сместени најранливите заедници, за да се минимизира изложеноста на топлина, да се обезбеди снабдување со чиста вода, особено во земјите каде што квалитетот и достапноста на водата се влошуваат.

Иако топлината не е главен фактор што придонесува за смртност на доенчињата во Македонија, изложеноста на чести топлотни бранови и понатаму загрижува, налагајќи националните климатско-еколошки политики континуирано да ги земаат предвид децата и младите.

Покрај повиците за владина акција од регионалното соопштение за печатот, во Македонија треба да се размисли за адаптирање на предучилишните и образовните установи, и оспособување на наставниците и родителите да одговорат на топлотниот стрес. Адаптацијата на училиштата често се превидува затоа што топлотните бранови најчесто се појавуваат за време на летниот распуст. Но, бидејќи климатските промени водат до почести топлотни бранови и периоди на високи температури и на крајот од пролетта и на почетокот од есента, образовните установи треба да се подготват за топлотните шокови, за да се избегне затворање на училиштата или продолжување на летниот распуст како резултат од екстремните температури.

Освен тоа, постои потреба да се инвестира во ажуриран здравствен акциски план за справување со високите температури и во примарната здравствена заштита за да се обезбеди адекватна поддршка на превенцијата, раниот одговор, дијагнозата и третманот на болестите кај децата предизвикани од топлина. Планот треба да даде приоритет на најранливите деца, меѓу кои спаѓаат децата што живеат во сиромаштија, во супстандардни услови на домување, децата со попреченост и децата што живеат и работат на улица.

 

The post Околу 337 деца починале во Европа и Централна Азија во 2021 година од горештини appeared first on Република.

]]>

Како последица на сè повисоките температури во Европа и Централна Азија околу 377 деца починале во 2021 година – се вели во новата анализа на податоци „Победете ја горештината: детското здравје сред топлотните бранови во Европа и Централна Азија“ од 23 земји од регионот објавена денеска од УНИЦЕФ. Анализата открива дека половина од овие деца починале во првата година од животот од болести предизвикани од топлина. Повеќето деца починале во летните месеци.
Околу половина од децата низ Европа и Централна Азија – или 92 милиони деца – веќе се изложени на чести топлотни бранови во регион каде што температурите растат со најбрзо темпо во светот. Сè повисоките температури може да предизвикаат сериозни здравствени компликации кај децата, особено кај најмалите, дури и за кратко време. Без соодветна нега, ваквите компликации може да бидат опасни по живот, рече Регина Де Доминисис, регионална директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија.
Изложеноста на топлина има акутни ефекти врз децата, дури и пред да се родат, па може да доведе до предвремено породување, мала тежина при раѓање, мртвороденче и вродени аномалии. Топлотниот удар претставува директна причина за смртност кај доенчињата, може да го засегне нивниот раст и да предизвика низа педијатриски заболувања. Исто така, во извештајот се забележува дека екстремните горештини предизвикале загуба на над 32.000 години здрав живот кај децата и тинејџерите во регионот. Бидејќи температурите и натаму растат, УНИЦЕФ ги повикува владите низ Европа и Централна Азија да интегрираат стратегии за намалување на ефектот од топлотните бранови преку Националните утврдени придонеси, да инвестираат во здравствени акциски планови за справување со екстремни температури и во примарната здравствена заштита за обезбедување посоодветна поддршка при болести предизвикани од топлина кај децата, да инвестираат во системи за рано предупредување, каде што спаѓаат и системи за предупредување при топлотни бранови, да ги адаптираат образовните установи за да се намалат температурите во просторот каде што децата учат и да ги подготват наставниците како да постапуваат кога има топлотен бран, да ги приспособат урбанистичкото планирање и инфраструктурата, како и да обезбедат опременост на зградите, посебно на оние во кои се сместени најранливите заедници, за да се минимизира изложеноста на топлина, да се обезбеди снабдување со чиста вода, особено во земјите каде што квалитетот и достапноста на водата се влошуваат. Иако топлината не е главен фактор што придонесува за смртност на доенчињата во Македонија, изложеноста на чести топлотни бранови и понатаму загрижува, налагајќи националните климатско-еколошки политики континуирано да ги земаат предвид децата и младите. Покрај повиците за владина акција од регионалното соопштение за печатот, во Македонија треба да се размисли за адаптирање на предучилишните и образовните установи, и оспособување на наставниците и родителите да одговорат на топлотниот стрес. Адаптацијата на училиштата често се превидува затоа што топлотните бранови најчесто се појавуваат за време на летниот распуст. Но, бидејќи климатските промени водат до почести топлотни бранови и периоди на високи температури и на крајот од пролетта и на почетокот од есента, образовните установи треба да се подготват за топлотните шокови, за да се избегне затворање на училиштата или продолжување на летниот распуст како резултат од екстремните температури. Освен тоа, постои потреба да се инвестира во ажуриран здравствен акциски план за справување со високите температури и во примарната здравствена заштита за да се обезбеди адекватна поддршка на превенцијата, раниот одговор, дијагнозата и третманот на болестите кај децата предизвикани од топлина. Планот треба да даде приоритет на најранливите деца, меѓу кои спаѓаат децата што живеат во сиромаштија, во супстандардни услови на домување, децата со попреченост и децата што живеат и работат на улица.  

The post Околу 337 деца починале во Европа и Централна Азија во 2021 година од горештини appeared first on Република.

]]>
Температурите ќе паднат: Од среда ќе здивнеме https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/temperaturite-ke-padnat-od-sreda-ke-zdivneme/ Sun, 21 Jul 2024 11:06:27 +0000 https://republika.mk/?p=798907

Опаѓање на дневните температури во претстојната работна седмица, со позначителен пад од среда, прогнозира Управата за метеоролошки работи.

Утре ќе се задржи сончево и топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

-Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда, соопшти УХМР.

Максималната температура утре ќе достигне 39 степени, во вторник 38, среда 37, во четврток 36 и во петок 34 степени, а в сабота повторно ќе се зголеми на 36 степени. Во четврток и петок понизок ќе биде УВ-индексот и ќе има вредност 7, а во останатите денови од работната седмица ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 8

The post Температурите ќе паднат: Од среда ќе здивнеме appeared first on Република.

]]>

Опаѓање на дневните температури во претстојната работна седмица, со позначителен пад од среда, прогнозира Управата за метеоролошки работи. Утре ќе се задржи сончево и топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. -Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда, соопшти УХМР. Максималната температура утре ќе достигне 39 степени, во вторник 38, среда 37, во четврток 36 и во петок 34 степени, а в сабота повторно ќе се зголеми на 36 степени. Во четврток и петок понизок ќе биде УВ-индексот и ќе има вредност 7, а во останатите денови од работната седмица ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 8

The post Температурите ќе паднат: Од среда ќе здивнеме appeared first on Република.

]]>
Пет начини како да ја излекувате главоболката предизвикана од горештините https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-nachini-kako-da-ja-izlekuvate-glavobolkata-predizvikana-od-goreshtinite/ Tue, 16 Jul 2024 09:00:21 +0000 https://republika.mk/?p=797293

Летниот период е период кога главоболката се појавува зачестено, вклучувајќи го и оној дел од популацијата кој никогаш немал проблем со главоболка.

Многу луѓе сметаат дека мигрената е обична главоболка, но факт е дека тоа е невролошка состојба за која се карактеристични мноштво други симптоми, покрај болката – вклучувајќи ја и чувствителноста на светлината, мачнините, моменталните проблеми со видот и сл.

Звучи изненадувачки, но сончевата светлина е, исто така, причинител за мигрена, што значи дека не сте единствени кои страдате од главоболка кога надвор е премногу топло. Поточно, 70 отсто луѓе кои страдаат од мигрена ја наведуваат сончевата светлина како причинител. Луѓето кои се чувствителни, доволно е да поминат пет или десет минути на сонце, и да ги заболи главата.

Високите температури често се придружени со промени во барометарскиот притисок, директно изложување на сончева светлина и влажност, а овие промени во околината можат да предизвикаат главоболки, особено кај оние што имаат мигрена, пишува „Вашингтон пост“.

Екстремната дехидратација може да предизвика намалување на вашиот мозок и стеснување на крвните садови кои го обложуваат мозокот, што може да доведе до физичка болка, рече Елизабет Лаудер, шеф на одделот за главоболка во женската болница Бригам.

„Променетата функција на клетките доведува до зголемување на активностите во центрите за болка во мозокот“, објаснил тој.

Зошто сонцето предизвикува главоболки?

Постојат пет главни причини:

Намалена толеранција на светлината

Зголемена чувствителност на светлината меѓу главоболките или мигрените

Подолго изложување на сонце

Изложеност на специфични бранови должина кое сонцето ги емитува

Дехидратација

Луѓето кои се склони на мигрени предизвикани од светлината генерално имаат помала толерантност на светлина. Поточно, светлината што се пробива низ облаците кога денот е облачен е доволна да им предизвика главоболка.

Екстремната топлина може да доведе до нерамнотежа на електролити, бидејќи телото губи натриум преку потта, што значи дека е важно да се надополнуваат електролитите, како и водата.

„Дехидрацијата е тесно поврзана со електролитниот дисбаланс бидејќи водата ја следи солта“, рекол д-р Кисун, додавајќи дека телото, губејќи ја солта, е помалку способно да ја задржи водата.

Лекарите даваат пет препораки како да ги спречите „летните главоболки“.

Носете очила за сонце, најдобро поларизирани

Силната сончева светлина ги надразнува мозочните нерви. Тоа може да предизвика главоболки, но и да биде причинител за мигрените. Затоа, носењето очила за сонце е препорачливо. Важно е и да носите шешир, за да се заштитат крвните садови и нервите на челото.

Поларизацијата ја ублажува јачината на светлината и рефлексијата која окото ја гледа, а сето тоа може да го намали ризикот од главоболка или мигрена. И избегнувајте го најсилното сонце!

Вода и солени грицки

Кога се потите, телото губи и важни минерали. Се зголемува протокот на крвта во кожата и се намалува крвниот притисок, што кај некои луѓе предизвикува главоболки. Кога е топло, се препорачува пиење барем еден литар вода повеќе отколку што е вообичаено. Дехидратацијата, исто така, предизвикува главоболки. Грицкањето солена ужина, како солени стапчиња, помага во надоместокот на потрошените минерали.

Аклиматизацијата е важна

Големата разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура е потенцијален причинител за главоболки. Ако разликата е поголема од пет степени, се препорачува да облечете дополнителен слој облека за да ви биде топло сѐ додека телото не се аклиматизира на пониските температури.

Помалку парфеми и ароматизирани лосиони

Парфемите повеќе се чувствуваат кога е надвор топло, затоа луѓето што страдаат од мигрена дополнително се чувствителни на тоа. Имајте го тоа на ум и избегнувајте лосиони со мириси.

Побавно пијте ги ладните пијалаци

Нешто многу ладно во вашата уста може да биде заслужно за т. н. „brain freeze“ (замрзнување на мозокот) или „сладоледна главоболка“. Тоа се случува кога јадете сладолед или голтате нешто ледено ладно. Затоа, студената храна и пијалаци мора да се консумираат побавно. „Замрзнување на мозокот“ е начин на кој на вашето тело му вели „стоп“, кажувајќи ви да забавите.

 

The post Пет начини како да ја излекувате главоболката предизвикана од горештините appeared first on Република.

]]>

Летниот период е период кога главоболката се појавува зачестено, вклучувајќи го и оној дел од популацијата кој никогаш немал проблем со главоболка. Многу луѓе сметаат дека мигрената е обична главоболка, но факт е дека тоа е невролошка состојба за која се карактеристични мноштво други симптоми, покрај болката – вклучувајќи ја и чувствителноста на светлината, мачнините, моменталните проблеми со видот и сл. Звучи изненадувачки, но сончевата светлина е, исто така, причинител за мигрена, што значи дека не сте единствени кои страдате од главоболка кога надвор е премногу топло. Поточно, 70 отсто луѓе кои страдаат од мигрена ја наведуваат сончевата светлина како причинител. Луѓето кои се чувствителни, доволно е да поминат пет или десет минути на сонце, и да ги заболи главата. Високите температури често се придружени со промени во барометарскиот притисок, директно изложување на сончева светлина и влажност, а овие промени во околината можат да предизвикаат главоболки, особено кај оние што имаат мигрена, пишува „Вашингтон пост“. Екстремната дехидратација може да предизвика намалување на вашиот мозок и стеснување на крвните садови кои го обложуваат мозокот, што може да доведе до физичка болка, рече Елизабет Лаудер, шеф на одделот за главоболка во женската болница Бригам. „Променетата функција на клетките доведува до зголемување на активностите во центрите за болка во мозокот“, објаснил тој. Зошто сонцето предизвикува главоболки? Постојат пет главни причини: Намалена толеранција на светлината Зголемена чувствителност на светлината меѓу главоболките или мигрените Подолго изложување на сонце Изложеност на специфични бранови должина кое сонцето ги емитува Дехидратација Луѓето кои се склони на мигрени предизвикани од светлината генерално имаат помала толерантност на светлина. Поточно, светлината што се пробива низ облаците кога денот е облачен е доволна да им предизвика главоболка. Екстремната топлина може да доведе до нерамнотежа на електролити, бидејќи телото губи натриум преку потта, што значи дека е важно да се надополнуваат електролитите, како и водата.
„Дехидрацијата е тесно поврзана со електролитниот дисбаланс бидејќи водата ја следи солта“, рекол д-р Кисун, додавајќи дека телото, губејќи ја солта, е помалку способно да ја задржи водата.
Лекарите даваат пет препораки како да ги спречите „летните главоболки“. Носете очила за сонце, најдобро поларизирани Силната сончева светлина ги надразнува мозочните нерви. Тоа може да предизвика главоболки, но и да биде причинител за мигрените. Затоа, носењето очила за сонце е препорачливо. Важно е и да носите шешир, за да се заштитат крвните садови и нервите на челото. Поларизацијата ја ублажува јачината на светлината и рефлексијата која окото ја гледа, а сето тоа може да го намали ризикот од главоболка или мигрена. И избегнувајте го најсилното сонце! Вода и солени грицки Кога се потите, телото губи и важни минерали. Се зголемува протокот на крвта во кожата и се намалува крвниот притисок, што кај некои луѓе предизвикува главоболки. Кога е топло, се препорачува пиење барем еден литар вода повеќе отколку што е вообичаено. Дехидратацијата, исто така, предизвикува главоболки. Грицкањето солена ужина, како солени стапчиња, помага во надоместокот на потрошените минерали. Аклиматизацијата е важна Големата разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура е потенцијален причинител за главоболки. Ако разликата е поголема од пет степени, се препорачува да облечете дополнителен слој облека за да ви биде топло сѐ додека телото не се аклиматизира на пониските температури. Помалку парфеми и ароматизирани лосиони Парфемите повеќе се чувствуваат кога е надвор топло, затоа луѓето што страдаат од мигрена дополнително се чувствителни на тоа. Имајте го тоа на ум и избегнувајте лосиони со мириси. Побавно пијте ги ладните пијалаци Нешто многу ладно во вашата уста може да биде заслужно за т. н. „brain freeze“ (замрзнување на мозокот) или „сладоледна главоболка“. Тоа се случува кога јадете сладолед или голтате нешто ледено ладно. Затоа, студената храна и пијалаци мора да се консумираат побавно. „Замрзнување на мозокот“ е начин на кој на вашето тело му вели „стоп“, кажувајќи ви да забавите.  

The post Пет начини како да ја излекувате главоболката предизвикана од горештините appeared first on Република.

]]>
УХМР предупредува: Спремете се за темепратири до 40 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/uhmr-predupreduva-spremete-se-za-temepratiri-do-40-stepeni/ Sun, 07 Jul 2024 10:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=794222

Крајот на денот сончево и топло со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. УВ индексот изнесува 9.

Во Скопје претежно сончево, топло и тивко. Температурата до 37 степени.

- Следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР.

The post УХМР предупредува: Спремете се за темепратири до 40 степени appeared first on Република.

]]>

Крајот на денот сончево и топло со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. УВ индексот изнесува 9. Во Скопје претежно сончево, топло и тивко. Температурата до 37 степени.
- Следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР.

The post УХМР предупредува: Спремете се за темепратири до 40 степени appeared first on Република.

]]>
Од денеска 40 степени: Не излегувајте надвор без потреба, пијте многу течности https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-deneska-40-stepeni-ne-izleguvajte-nadvor-bez-potreba-pijte-mnogu-technosti/ Wed, 19 Jun 2024 06:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=788903

 Од денеска до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

-Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

Сончево и топло со слаб ветер од северен правец ќе биде времето до крајот на денот. Најтопло денеска е во Демир Капија и Гевгелија каде максималната температура достигна 40 степени.

По најавите за топлотниот бран што се очекува да ја зафати земјава Владата на барање на Министерството за здравство, донесе препораки во кои се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Исто така, Владата препорачува единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

Владата на вчерашната 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Македонија за 2020 година. Детално об

Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници.

Институтот за јавно здравје, пак, на својата веб-страницата предупредува дека секоја година, високите температури влијаат на здравјето на многу луѓе, особено постарите лица, новороденчињата, луѓето кои работат на отворено и хронично болните. Затоа од Институтот препорачуваат дека за време на топлотните периоди, важно е да се оддржи свежина, за да се избегнат негативните здравствени ефекти на топлината.

Општина Кисела Вода, заедно со Општинската Организација на Црвен крст–Кисела Вода, започнаа со спроведување на проектот ‘’Топлотен бран 2023’’. 

-Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најжешкото време од денот од 11-17 часот. Искористете ги предностите на специјалното време на шопинг за ранливите групи кога и да е достапно. Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, поминете 2-3 часа на ден на ладно место. Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор, капа и наочари со заштита од УВ зрачење, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето, се вели во препораките од ИЈЗ.

Оттаму додаваат дека граѓаните треба да ги чуваат своите домови ладни, да го користст ноќниот воздух за да го оладат домот со природно проветрување кога надворешните температури ќе се намалат, како и да ја намалат ја оптовареноста на топлина во станот или куќата во текот на денот со користење на ролетни и исклучување што е можно повеќе електрични уреди, велат од ИЈЗ.

Тие прпорачуваат граѓаните правилно да го хидрират своето тело, да користат светла, бела, лесна и лабава облека и постелнина, да практикуваат ладни тушеви или бањи и да пијат безбедна вода редовно, но и да избегнуваат пијалоци со шеќер, алкохолни пијалоци или кофеини.

Југоисточна Европа ја зафати топлотен бран поради кој луѓето се собираат на бреговите, покрај фонтаните во градовите и на климатизирани локации за да се оладат.

-Избегнувајте изложеност на сонце или на температури повисоки од 38°C, бидејќи и го зголемува ризикот од изгореници и болести поврзани со топлината. Додека се грижите за себе, планирајте да проверите на семејството, пријателите и соседите кои поминуваат поголем дел од своето време сами. На ранливите луѓе можеби им треба помош во жешките денови, и ако некој што го познавате е во опасност, помогнете им да добијат совет и поддршка додека ги почитуваат препораките за физичко растојание. Лицата кои користат редовна терапија треба да се консултираат со матичните лекари и фармацевтите за евентуалните влијанија од терапевтиците на способмоста за регулирање на телесната температура, се вели во препораките.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.

The post Од денеска 40 степени: Не излегувајте надвор без потреба, пијте многу течности appeared first on Република.

]]>

 Од денеска до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. -Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР. Сончево и топло со слаб ветер од северен правец ќе биде времето до крајот на денот. Најтопло денеска е во Демир Капија и Гевгелија каде максималната температура достигна 40 степени. По најавите за топлотниот бран што се очекува да ја зафати земјава Владата на барање на Министерството за здравство, донесе препораки во кои се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Исто така, Владата препорачува единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица. Владата на вчерашната 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Македонија за 2020 година. Детално об Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници. Институтот за јавно здравје, пак, на својата веб-страницата предупредува дека секоја година, високите температури влијаат на здравјето на многу луѓе, особено постарите лица, новороденчињата, луѓето кои работат на отворено и хронично болните. Затоа од Институтот препорачуваат дека за време на топлотните периоди, важно е да се оддржи свежина, за да се избегнат негативните здравствени ефекти на топлината. Општина Кисела Вода, заедно со Општинската Организација на Црвен крст–Кисела Вода, започнаа со спроведување на проектот ‘’Топлотен бран 2023’’. 
-Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најжешкото време од денот од 11-17 часот. Искористете ги предностите на специјалното време на шопинг за ранливите групи кога и да е достапно. Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, поминете 2-3 часа на ден на ладно место. Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор, капа и наочари со заштита од УВ зрачење, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето, се вели во препораките од ИЈЗ.
Оттаму додаваат дека граѓаните треба да ги чуваат своите домови ладни, да го користст ноќниот воздух за да го оладат домот со природно проветрување кога надворешните температури ќе се намалат, како и да ја намалат ја оптовареноста на топлина во станот или куќата во текот на денот со користење на ролетни и исклучување што е можно повеќе електрични уреди, велат од ИЈЗ. Тие прпорачуваат граѓаните правилно да го хидрират своето тело, да користат светла, бела, лесна и лабава облека и постелнина, да практикуваат ладни тушеви или бањи и да пијат безбедна вода редовно, но и да избегнуваат пијалоци со шеќер, алкохолни пијалоци или кофеини. Југоисточна Европа ја зафати топлотен бран поради кој луѓето се собираат на бреговите, покрај фонтаните во градовите и на климатизирани локации за да се оладат. -Избегнувајте изложеност на сонце или на температури повисоки од 38°C, бидејќи и го зголемува ризикот од изгореници и болести поврзани со топлината. Додека се грижите за себе, планирајте да проверите на семејството, пријателите и соседите кои поминуваат поголем дел од своето време сами. На ранливите луѓе можеби им треба помош во жешките денови, и ако некој што го познавате е во опасност, помогнете им да добијат совет и поддршка додека ги почитуваат препораките за физичко растојание. Лицата кои користат редовна терапија треба да се консултираат со матичните лекари и фармацевтите за евентуалните влијанија од терапевтиците на способмоста за регулирање на телесната температура, се вели во препораките. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.

The post Од денеска 40 степени: Не излегувајте надвор без потреба, пијте многу течности appeared first on Република.

]]>
Денеска до 40, но ќе има малку и облаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-do-40-no-ke-ima-malku-i-oblatsi/ Wed, 12 Jun 2024 05:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=786769

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 40 степени. UV=9

Во Скопје, како што соопштија од УХМР, времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Според УХМР, до четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, особено денеска кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Поголема промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и значителен пад на температурата се очекува во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура

The post Денеска до 40, но ќе има малку и облаци appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 40 степени. UV=9 Во Скопје, како што соопштија од УХМР, времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени. Според УХМР, до четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, особено денеска кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Поголема промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и значителен пад на температурата се очекува во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура

The post Денеска до 40, но ќе има малку и облаци appeared first on Република.

]]>
Дали сте подготвени за денешните 37 степени? https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/dali-ste-podgotveni-za-deneshnite-37-stepeni/ Mon, 10 Jun 2024 06:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=786026

 Сончево и многу топло ќе биде денеска времето. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност ќе биде и во главниот град на државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Синоптичарите најавуваат многу топло време до среда. Дневната температура ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигнува и до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

The post Дали сте подготвени за денешните 37 степени? appeared first on Република.

]]>

 Сончево и многу топло ќе биде денеска времето. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Сончево и многу топло со мала до умерена облачност ќе биде и во главниот град на државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Синоптичарите најавуваат многу топло време до среда. Дневната температура ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигнува и до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

The post Дали сте подготвени за денешните 37 степени? appeared first on Република.

]]>
Се врати жешкото, денеска 39 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/se-vrati-zheshkoto-deneska-39-stepeni/ Mon, 21 Aug 2023 05:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=674000

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. UV=8.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 37 степени.

Во текот на следнава работна седмица времето ќе биде претежно стабилно и многу топло, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи

The post Се врати жешкото, денеска 39 степени appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. UV=8. Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 37 степени. Во текот на следнава работна седмица времето ќе биде претежно стабилно и многу топло, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи

The post Се врати жешкото, денеска 39 степени appeared first on Република.

]]>
Иран нареди национално затворање поради горештините https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-naredi-natsionalno-zatvorane-poradi-goreshtinite/ Thu, 03 Aug 2023 12:51:47 +0000 https://republika.mk/?p=668300

Иранските власти вчера и денеска наредија прво речиси целосно затворање на земјата поради рекордните температури на воздухот. Два дена се затворени банките, училиштата, универзитетите, јавните канцеларии и некои приватни компании. Во многу региони од почетокот на јули регистрирани се рекордни температури, а во јужниот дел од земјата измерени се над 50 степени Целзиусови.

Со оглед на рекордните температури и за да го заштити јавното здравје, Владата го прифати предлогот на Министерството за здравство да се прогласат среда и четврток за државни празници низ целата земја, напиша на Твитер владиниот портпарол Али Бахадори Јахроми.

Дводневното затворање е поврзано и со недостиг на електрична енергија во земјата. Иранскиот дневен весник „Пајаме Ма“, повикувајќи се на „добро информиран извор“ во своето издание од 1 август објави дека „покрај порастот на температурите, одлуката за затворање на земјата се должи и на падот на производството на електрична енергија.

Весникот објави дека двете електрани, Карун 3 и 4, лоцирани во западен Иран, беа исклучени од мрежата поради многу голема побарувачка, особено како резултат на зголемената употреба на климатизација.

Во Иран, лошата состојба на дотраената и неисправна инфраструктура доведе до чести исклучувања на електраните, особено оваа година. Во Техеран и другите градови во земјата од јуни се забележани прекини на струја и вода, понекогаш и по 10 часа

The post Иран нареди национално затворање поради горештините appeared first on Република.

]]>

Иранските власти вчера и денеска наредија прво речиси целосно затворање на земјата поради рекордните температури на воздухот. Два дена се затворени банките, училиштата, универзитетите, јавните канцеларии и некои приватни компании. Во многу региони од почетокот на јули регистрирани се рекордни температури, а во јужниот дел од земјата измерени се над 50 степени Целзиусови.
Со оглед на рекордните температури и за да го заштити јавното здравје, Владата го прифати предлогот на Министерството за здравство да се прогласат среда и четврток за државни празници низ целата земја, напиша на Твитер владиниот портпарол Али Бахадори Јахроми.
Дводневното затворање е поврзано и со недостиг на електрична енергија во земјата. Иранскиот дневен весник „Пајаме Ма“, повикувајќи се на „добро информиран извор“ во своето издание од 1 август објави дека „покрај порастот на температурите, одлуката за затворање на земјата се должи и на падот на производството на електрична енергија. Весникот објави дека двете електрани, Карун 3 и 4, лоцирани во западен Иран, беа исклучени од мрежата поради многу голема побарувачка, особено како резултат на зголемената употреба на климатизација. Во Иран, лошата состојба на дотраената и неисправна инфраструктура доведе до чести исклучувања на електраните, особено оваа година. Во Техеран и другите градови во земјата од јуни се забележани прекини на струја и вода, понекогаш и по 10 часа

The post Иран нареди национално затворање поради горештините appeared first on Република.

]]>
Во јули, 6,5 милијарди луѓе претрпеа најмалку еден ден екстремни горештини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-juli-6-5-milijardi-luge-pretrpea-najmalku-eden-den-ekstremni-goreshtini/ Wed, 02 Aug 2023 12:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=667920

Повеќе од 6,5 милијарди луѓе, што одговара на 81 отсто од светската популација, во јули оваа година биле изложени на екстремни горештини најмалку еден ден.

Климатските промени предизвикани од човековата активност во јули доведоа до невообичаено високи температури ширум светот, се вели во извештајот објавен од Climate Central, со седиште во американската сојузна држава Њу Џерси.

Повеќе од 6,5 милијарди луѓе, 81 отсто од светската популација, биле изложени на екстремни горештини најмалку еден ден во јули, потврди анализата користејќи го Индексот за климатски промени (CSI) и опфаќа 4.700 градови во 200 земји.

Утврдено е и дека најмалку две милијарди луѓе секој ден многу силно го чувствуваат влијанието на климатските промени во јули, бројот на луѓе изложени на екстремни горештини достигна 3,5 милијарди, чиј пик беше на 10 јули. Оние кои живеат во близина на екваторот и на мали острови доживеаја исклучително силно влијание на климатските промени предизвикани од човекот во јулските температури.

Вкупно 870 градови, вклучително и Александрија во Египет, Дака во Бангладеш, Хавана во Куба, Џеда во Саудиска Арабија и Тампа во американската сојузна држава Флорида, имаа најмалку 25 дена јулски горештини на трето или повисоко ниво на CSI.

Истакнуваат дека илјадници луѓе годишно умираат од причини поврзани со топлината, а извештајот ја нагласува потребата од напори за адаптација како што се акционите планови за топлина за да се намали ризикот од климатските промени предизвикани од човекот.

Нагласено е дека се додека се согоруваат јаглен, нафта и гас, топлотните настани со CSI нивоа од 1 до 5 ќе продолжат да бидат почести и поинтензивни.

The post Во јули, 6,5 милијарди луѓе претрпеа најмалку еден ден екстремни горештини appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 6,5 милијарди луѓе, што одговара на 81 отсто од светската популација, во јули оваа година биле изложени на екстремни горештини најмалку еден ден. Климатските промени предизвикани од човековата активност во јули доведоа до невообичаено високи температури ширум светот, се вели во извештајот објавен од Climate Central, со седиште во американската сојузна држава Њу Џерси. Повеќе од 6,5 милијарди луѓе, 81 отсто од светската популација, биле изложени на екстремни горештини најмалку еден ден во јули, потврди анализата користејќи го Индексот за климатски промени (CSI) и опфаќа 4.700 градови во 200 земји. Утврдено е и дека најмалку две милијарди луѓе секој ден многу силно го чувствуваат влијанието на климатските промени во јули, бројот на луѓе изложени на екстремни горештини достигна 3,5 милијарди, чиј пик беше на 10 јули. Оние кои живеат во близина на екваторот и на мали острови доживеаја исклучително силно влијание на климатските промени предизвикани од човекот во јулските температури. Вкупно 870 градови, вклучително и Александрија во Египет, Дака во Бангладеш, Хавана во Куба, Џеда во Саудиска Арабија и Тампа во американската сојузна држава Флорида, имаа најмалку 25 дена јулски горештини на трето или повисоко ниво на CSI. Истакнуваат дека илјадници луѓе годишно умираат од причини поврзани со топлината, а извештајот ја нагласува потребата од напори за адаптација како што се акционите планови за топлина за да се намали ризикот од климатските промени предизвикани од човекот. Нагласено е дека се додека се согоруваат јаглен, нафта и гас, топлотните настани со CSI нивоа од 1 до 5 ќе продолжат да бидат почести и поинтензивни.

The post Во јули, 6,5 милијарди луѓе претрпеа најмалку еден ден екстремни горештини appeared first on Република.

]]>
Екстремните горештини предизвикуваат шумски пожари и во САД и Канада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekstremnite-goreshtini-predizvikuvaat-shumski-pozhari-i-vo-sad-i-kanada/ Tue, 18 Jul 2023 08:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=662586

Европа не е единствениот дел од светот што гори, јави Би-Би-Си.

Интензивни топлотни бранови се чувствуваат низ северна Америка, особено во западниот и јужниот дел на САД. Повеќе од 80 милиони луѓе добија совет од владата да се засолнат од „интензивната“ горештина во регионот.

Шумски пожари се распламтија во текот на изминатите неколку дена во Калифорнија и изгореа огромни делови од шуми. Најголемиот пожар, наречен „Зајчев пожар“, изгоре речиси 8.000 хектари и засега е локализиран само 35 проценти, соопштија локалните власти.

Шумски пожари горат и во Канада, каде што од вчера се активни речиси 900 пожари. Речиси 600 се сметаат дека се вон контрола. Чадот од пожарите се спушта низ североисточниот дел на САД, слично на јуни кога воздухот стана портокалов низ делови од Њујорк

The post Екстремните горештини предизвикуваат шумски пожари и во САД и Канада appeared first on Република.

]]>

Европа не е единствениот дел од светот што гори, јави Би-Би-Си. Интензивни топлотни бранови се чувствуваат низ северна Америка, особено во западниот и јужниот дел на САД. Повеќе од 80 милиони луѓе добија совет од владата да се засолнат од „интензивната“ горештина во регионот. Шумски пожари се распламтија во текот на изминатите неколку дена во Калифорнија и изгореа огромни делови од шуми. Најголемиот пожар, наречен „Зајчев пожар“, изгоре речиси 8.000 хектари и засега е локализиран само 35 проценти, соопштија локалните власти. Шумски пожари горат и во Канада, каде што од вчера се активни речиси 900 пожари. Речиси 600 се сметаат дека се вон контрола. Чадот од пожарите се спушта низ североисточниот дел на САД, слично на јуни кога воздухот стана портокалов низ делови од Њујорк

The post Екстремните горештини предизвикуваат шумски пожари и во САД и Канада appeared first on Република.

]]>
Македонија во портокалова фаза: Препораки за онлајн работата, ослободување на бремени жени и лица над 60 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/makedonija-vo-portokalova-faza-preporaki-za-onlajn-rabotata-osloboduvane-na-bremeni-zheni-i-litsa-nad-60-g/ Mon, 17 Jul 2023 06:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=662072

Од денеска до 25 јули продолжува портокаловата фаза во цела држава. Поради тоа Министерството за труд и социјална работа и Владата информираат дека продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури.

Како што информира владината прес-служба, се препорачува ослободување од физичко присуство на работното место на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, со организирање онлајн работата, таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа.

Во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

- Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, се вели во соопштението.

Владата на вчерашната 173-та седница одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

- Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници, стои во соопштението.

Градинките, како што се наведува, треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од девет дена, од денеска до 25 јули, или до натамошно одлучување.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, портокаловата фаза се очекува да трае во следните 10-тина дена. Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе бидат во портокалова

The post Македонија во портокалова фаза: Препораки за онлајн работата, ослободување на бремени жени и лица над 60 години appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 25 јули продолжува портокаловата фаза во цела држава. Поради тоа Министерството за труд и социјална работа и Владата информираат дека продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури. Како што информира владината прес-служба, се препорачува ослободување од физичко присуство на работното место на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, со организирање онлајн работата, таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа. Во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. - Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, се вели во соопштението. Владата на вчерашната 173-та седница одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. - Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници, стои во соопштението. Градинките, како што се наведува, треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот. Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од девет дена, од денеска до 25 јули, или до натамошно одлучување. Според Управата за хидрометеоролошки работи, портокаловата фаза се очекува да трае во следните 10-тина дена. Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе бидат во портокалова

The post Македонија во портокалова фаза: Препораки за онлајн работата, ослободување на бремени жени и лица над 60 години appeared first on Република.

]]>
Седете дома, денеска до 42 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/sedete-doma-deneska-do-42-stepeni/ Fri, 14 Jul 2023 06:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=661113

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ индексот ќе биде 10.

Од УХМР најавија дека времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степена.

Во наредните денови под влијание на топол бран ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени

The post Седете дома, денеска до 42 степени appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ индексот ќе биде 10. Од УХМР најавија дека времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степена. Во наредните денови под влијание на топол бран ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени

The post Седете дома, денеска до 42 степени appeared first on Република.

]]>
Денеска над 40 степени, седете дома доколку немате работа https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-nad-40-stepeni-sedete-doma-dokolku-nemate-rabota/ Wed, 12 Jul 2023 06:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=660263

Земјава деновиве е зафатена од топлотен бран со температури и над 40 степени Целзиусови, со УВ индекс 10. Особено топло, според прогнозата на УХМР, ќе биде во четврток и петок кога ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Лекарите препорачуваат да се избегнува излегување надвор во периодот од 10 до 17 часот, неопходните работи граѓаните да ги завршуваат пред 10 или по 17 часот, и да се почитуваат препораките од Центарот за јавно здравје.

Во најтоплиот период од денот да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности, да се седи во затворени климатизирани простории, со затворени прозорци и ролетни во текот на денот. Прозорците да се отвараат навечер кога температурата е пониска.

Попладне и во текот на утрешниот ден ќе има нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

При неопходен престој на отворен простор, да се избегнува директна изложеност на сонце, со почести одмори под сенка.

Кога станува збор за облеката, да се носи светла и лесна облека, најчесто од природни такенини (памучни, ленени), да се стават заштитни очила и капа.

Препорачливо е внесување големо количество течности, најдобро вода, може и минерализирани безалкохолни пијалоци, а да се избегнува консумација алкохолни и пијалоци што содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци.

За време на екстремно високи температури да се внесува помало количество храна, таа да не биде мрсна и високо-калорична храна, да се избегнува и храна што содржи поголемо количество шеќер.

Добро е туширање со студена вода повеќе пати во денот, може и ставање студени облоги и држење на нозете во студена вода.

null

За оние што се во возило се препорачува оставен отворен прозорец, за да се овозможи вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото, препорачуваат од Цетарот за јавно здравје.

Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.

Кога станува збор за храната, задолижитечно е миење пред употреба на свеж зеленчук и овошје. Термички подготвената храна да се конзумира веднаш после подготовката. Остатоците да се стават во ладилник на температура до осум степени Целзусови. Да се избегнуваат производи што не се термички обработени (домашен мајонез, сладолед, разни кремови).

Министерството за труд и социјална политика преку соопштение ги повика работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа и во Црвениот кр

Препорачкиви се консултации со лекар доколку се почуствуваат невообичаени симптоми што траат подолго време.

-Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или чувство на интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место, колку што е можно побрзо, и измерете ја својата телесна температура. Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате. Ако имате болни грчеви во мускулите на нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на постудено место и напијте се течност што содржи електролити. Медицинска помош е потребна ако грчевите траат подолго од еден час, се посочува во препораките.

Во случај на посериозни здравствени проблеми, веднаш да се контактира у повика Службата за итна медицинска помош на телефонскиот број 194.

УХМР соопшти дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 10.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Особено топло ќе биде во четврток и петок кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

The post Денеска над 40 степени, седете дома доколку немате работа appeared first on Република.

]]>

Земјава деновиве е зафатена од топлотен бран со температури и над 40 степени Целзиусови, со УВ индекс 10. Особено топло, според прогнозата на УХМР, ќе биде во четврток и петок кога ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Лекарите препорачуваат да се избегнува излегување надвор во периодот од 10 до 17 часот, неопходните работи граѓаните да ги завршуваат пред 10 или по 17 часот, и да се почитуваат препораките од Центарот за јавно здравје. Во најтоплиот период од денот да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности, да се седи во затворени климатизирани простории, со затворени прозорци и ролетни во текот на денот. Прозорците да се отвараат навечер кога температурата е пониска. Попладне и во текот на утрешниот ден ќе има нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. При неопходен престој на отворен простор, да се избегнува директна изложеност на сонце, со почести одмори под сенка. Кога станува збор за облеката, да се носи светла и лесна облека, најчесто од природни такенини (памучни, ленени), да се стават заштитни очила и капа. Препорачливо е внесување големо количество течности, најдобро вода, може и минерализирани безалкохолни пијалоци, а да се избегнува консумација алкохолни и пијалоци што содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци. За време на екстремно високи температури да се внесува помало количество храна, таа да не биде мрсна и високо-калорична храна, да се избегнува и храна што содржи поголемо количество шеќер. Добро е туширање со студена вода повеќе пати во денот, може и ставање студени облоги и држење на нозете во студена вода. null За оние што се во возило се препорачува оставен отворен прозорец, за да се овозможи вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото, препорачуваат од Цетарот за јавно здравје. Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор. Кога станува збор за храната, задолижитечно е миење пред употреба на свеж зеленчук и овошје. Термички подготвената храна да се конзумира веднаш после подготовката. Остатоците да се стават во ладилник на температура до осум степени Целзусови. Да се избегнуваат производи што не се термички обработени (домашен мајонез, сладолед, разни кремови). Министерството за труд и социјална политика преку соопштение ги повика работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа и во Црвениот кр Препорачкиви се консултации со лекар доколку се почуствуваат невообичаени симптоми што траат подолго време. -Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или чувство на интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место, колку што е можно побрзо, и измерете ја својата телесна температура. Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате. Ако имате болни грчеви во мускулите на нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на постудено место и напијте се течност што содржи електролити. Медицинска помош е потребна ако грчевите траат подолго од еден час, се посочува во препораките. Во случај на посериозни здравствени проблеми, веднаш да се контактира у повика Службата за итна медицинска помош на телефонскиот број 194. УХМР соопшти дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 10. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Особено топло ќе биде во четврток и петок кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

The post Денеска над 40 степени, седете дома доколку немате работа appeared first on Република.

]]>
Ќе се рушат рекорди: Турција очекува горештини над 50 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-se-rushat-rekordi-turtsija-ochekuva-goreshtini-nad-50-stepeni/ Thu, 06 Jul 2023 11:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=658640

Во Турција летово се очекуваат горештини од над 50 степени Целзиусови, јави турската приватна телевизија НТВ. Таа цитира информации од директорот на Центарот за истражување на климатски политики на Универзитетот Босфор во Истанбул.

Според проф. Левент Курназ, 2023 година ќе биде најтоплата година што ја доживеало човештвото, а живата на термометрите во Турција ќе надмине 50 степени.

The post Ќе се рушат рекорди: Турција очекува горештини над 50 степени appeared first on Република.

]]>

Во Турција летово се очекуваат горештини од над 50 степени Целзиусови, јави турската приватна телевизија НТВ. Таа цитира информации од директорот на Центарот за истражување на климатски политики на Универзитетот Босфор во Истанбул. Според проф. Левент Курназ, 2023 година ќе биде најтоплата година што ја доживеало човештвото, а живата на термометрите во Турција ќе надмине 50 степени.

The post Ќе се рушат рекорди: Турција очекува горештини над 50 степени appeared first on Република.

]]>
Фати жешкото: Денеска 34 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/fati-zheshkoto-deneska-34-stepeni/ Mon, 03 Jul 2023 07:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=657555

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степена. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 31 до степен.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на локално невреме

The post Фати жешкото: Денеска 34 степени appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степена. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 31 до степен. Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на локално невреме

The post Фати жешкото: Денеска 34 степени appeared first on Република.

]]>
УВ индексот 7: Денеска максимални 32 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/uv-indeksot-7-deneska-maksimalni-32-stepeni/ Mon, 26 Jun 2023 06:24:17 +0000 https://republika.mk/?p=655089

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

- Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време, наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, информираат од

The post УВ индексот 7: Денеска максимални 32 степени appeared first on Република.

]]>

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени. - Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време, наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, информираат од

The post УВ индексот 7: Денеска максимални 32 степени appeared first on Република.

]]>