горештина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goreshtina/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 15:51:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png горештина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goreshtina/ 32 32 Владините мерки за заштита од горештините ќе важат и денеска https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vladinite-merki-za-zashtita-od-goreshtinite-ke-vazhat-i-deneska/ Thu, 15 Aug 2024 05:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=806577

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за денеска, информира владината прес-служба.

- Ослободување од работни обврски за најранливите групи на населението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15 август (четврток). Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, соопштуваат од Владата.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, од Владата ги потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

- Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, препорачуваат од Владата.

Поради високите температури над 40 степени, кои ја зафатија државата од почетокот на неделава, од Владата излегоа со препораки за заштита на населението од „портокаловата фаза“ од 12 до 14 август.

The post Владините мерки за заштита од горештините ќе важат и денеска appeared first on Република.

]]>

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за денеска, информира владината прес-служба. - Ослободување од работни обврски за најранливите групи на населението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15 август (четврток). Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, соопштуваат од Владата. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, од Владата ги потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. - Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, препорачуваат од Владата. Поради високите температури над 40 степени, кои ја зафатија државата од почетокот на неделава, од Владата излегоа со препораки за заштита на населението од „портокаловата фаза“ од 12 до 14 август.

The post Владините мерки за заштита од горештините ќе важат и денеска appeared first on Република.

]]>
Горештината ги намалува умствените способности https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/goreshtinata-gi-namaluva-umstvenite-sposobnosti/ Wed, 10 Jul 2024 09:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=795238

Превисоките температури на воздухот, регистрирани во одредени делови од светот, не само што предизвикуваат болести поврзани со жештината, туку и го оштетуваат мозокот.

Долготрајната изложеност на топлина може да доведе до топлотен удар, што има последици и по физичкото, и за психичкото здравје. Стручен напис во списанието „Лансет неврологија“ (The Lancet Neurology) нагласува дека преголемата температура ја предизвикува способноста на телото да ја регулира топлината и така ги нарушува функциите на нервниот систем. Во таа смисла, како што велат научниците, се очекува климатските промени во иднина да ја влошат невролошката и психијатриска состојба, на пр., со Алцхајмеровата болест и шизофренијата.

Истражувањата покажуваат дека на 26 Целзиусови степени човековите когнитивни способности почнуваат да опаѓаат. Некои експерти, имено, веруваат дека повисоките температури може да ја намалат активноста на парасимпатичниот нервен систем и нивото на кислород во крвта, што доведува до намалени умствени способности.

Човековиот нервен систем работи како „мрежа од електрични кабли“, а топлината „влијае на електричната спроводливост“, објаснува д-р Кимон Бекелис од САД. Тој ја истакнува важноста од следење на психичкото здравје за време на топлотните бранови, бидејќи токму тогаш депресијата и анксиозноста може да се влошат.

Препораките, пак, гласат: За време на горештините, клучно е да се остане на климатизирани места и самото тело да биде хидрирано. За оние кои имаат проблеми со регулирање на топлината, елеците за ладење можат да помогнат во намалувањето на телесната температура.

Јун Ву, професор по Животна средина, здравје и работа на Универзитетот на Калифорнија-Ирвин, во овој контекст ја истакна потребата од садење повеќе дрвја, бојадисување на покривите од куќите и патиштата во посветли бои коишто ја впиваат сончевата енергија и спроведување зелено планирање за намалување на топлината и прочистување на воздухот

The post Горештината ги намалува умствените способности appeared first on Република.

]]>

Превисоките температури на воздухот, регистрирани во одредени делови од светот, не само што предизвикуваат болести поврзани со жештината, туку и го оштетуваат мозокот. Долготрајната изложеност на топлина може да доведе до топлотен удар, што има последици и по физичкото, и за психичкото здравје. Стручен напис во списанието „Лансет неврологија“ (The Lancet Neurology) нагласува дека преголемата температура ја предизвикува способноста на телото да ја регулира топлината и така ги нарушува функциите на нервниот систем. Во таа смисла, како што велат научниците, се очекува климатските промени во иднина да ја влошат невролошката и психијатриска состојба, на пр., со Алцхајмеровата болест и шизофренијата. Истражувањата покажуваат дека на 26 Целзиусови степени човековите когнитивни способности почнуваат да опаѓаат. Некои експерти, имено, веруваат дека повисоките температури може да ја намалат активноста на парасимпатичниот нервен систем и нивото на кислород во крвта, што доведува до намалени умствени способности. Човековиот нервен систем работи како „мрежа од електрични кабли“, а топлината „влијае на електричната спроводливост“, објаснува д-р Кимон Бекелис од САД. Тој ја истакнува важноста од следење на психичкото здравје за време на топлотните бранови, бидејќи токму тогаш депресијата и анксиозноста може да се влошат. Препораките, пак, гласат: За време на горештините, клучно е да се остане на климатизирани места и самото тело да биде хидрирано. За оние кои имаат проблеми со регулирање на топлината, елеците за ладење можат да помогнат во намалувањето на телесната температура. Јун Ву, професор по Животна средина, здравје и работа на Универзитетот на Калифорнија-Ирвин, во овој контекст ја истакна потребата од садење повеќе дрвја, бојадисување на покривите од куќите и патиштата во посветли бои коишто ја впиваат сончевата енергија и спроведување зелено планирање за намалување на топлината и прочистување на воздухот

The post Горештината ги намалува умствените способности appeared first on Република.

]]>