Гордана Силјановска Давкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-siljanovska-davkova/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 19:45:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гордана Силјановска Давкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-siljanovska-davkova/ 32 32 Силјановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-se-sretna-so-pretsedatelot-na-tsrnogorskoto-sobranie-andrija-mandik/ Thu, 28 Nov 2024 19:45:36 +0000 https://republika.mk/?p=842908

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

На средбата, како што јавува известувачот на МИА, е изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји, без отворени прашања, со идентични ставови на билатерален, регионален и на мултилатерален план. Двајцата соговорници ги потврдија и заедничките стратешки цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ, како и соработка и сојузништво во рамки на НАТО Алијансата.

Во насока на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, претседателката Силјановска Давкова истакна дека економската, регионалната и соработката во европските интеграции се областите во коишто ќе треба поинтензивно да работат и да се фокусираат двете држави.

The post Силјановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата, како што јавува известувачот на МИА, е изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји, без отворени прашања, со идентични ставови на билатерален, регионален и на мултилатерален план. Двајцата соговорници ги потврдија и заедничките стратешки цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ, како и соработка и сојузништво во рамки на НАТО Алијансата. Во насока на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, претседателката Силјановска Давкова истакна дека економската, регионалната и соработката во европските интеграции се областите во коишто ќе треба поинтензивно да работат и да се фокусираат двете држави.

The post Силјановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-ako-dozvolime-vetoto-da-opstoi-duri-i-najuspeshnite-vo-chekoreneto-pred-krajot-mozhat-da-se-soochat-so-nego/ Thu, 28 Nov 2024 16:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=842874

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на очекувањата за уставните измени и додаде дека едно е да се укаже или препорача, но да се каже дека мора значи премногу бирократско перцепирање на Европската Унија. Таа повтори дека во потрага по вин-вин ситуација од наша страна „велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но со одложено правно дејство“ и нагласи дека ако се дозволи ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него.

– Обично ретко давам коментари на коментари и особено не надвор. Паметам кога г. Хелмут Кол рече за домашни прашања одговарам дома, но ќе ви одговорам. Искрено имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи како на, тоа не е филозофија, како на нешто што е познато земи го или остави го. Тоа мене ми личи на софистицирано евромандаринство, тоа мене ме плаши од дикција која значи директно мешање во внатрешните работи, истакна шефица на државата одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот црнороски колега, Јаков Милатовиќ – јави специјалниот известувач на МИА од Подгорица.

Сиљановска Давкова истакна дека една од одредбите во Договорот за ЕУ е почитување на уставните и политичките структури.

– Би разбрала дикција дека препорачуваме или укажуваме итн., меѓутоа да речете мора тоа да го сторите тоа значи дека имате пристап од страна на ЕУ, што јас го нарекувам бирократски. ЕУ не е бирократска машинерија, повеќе е од тоа, така вели г. Макрон, дека е филозофија заснована на принципи и вредности, значи еве и јас малку да бидам прагматична. Зошто велам дека имам забелешка, од истата причина заради која јас сум овде по 50 години заедно. Јас очекувам и на оние кои веќе се во ЕУ, а до вчера биле со нас со умереност и респект да се однесуваат кон сите. Значи, тоа е првото – рече претседателката.

Како второ таа додаде дека земјава отсекогаш била кооперативна на патот кон ЕУ и правела компромиси на сопствена штета.

– Прво, во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, оти нели секој ден слушам „Пакта сунт серванда“, нема ниту еден збор за уставни измени. Тие се споменати во протоколот број 2, во членот 3 или сега во Преговарачката рамка и во заклучоците веќе не се употребува изразот протокол, се употребува изразот записник. Тврдам дека протокол не може да биде извор на уставно право, ниту на право, исто така и записниците, но еве во потрагата по вин-вин ние велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но реков со одложено правно дејство. Причината да ги градиме мировните односи со нашиот сосед, бидејќи во Преамбулата на Договорот пишува дека Бугарија ќе ја поддржува и ќе ја поттикнува Македонија на патот кон ЕУ. Еве, да дадеме шанси на ова зошто тврдам ако дозволиме ветото да опстои дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со вето. Тоа навистина ја обезвреднува филозофијата на евроинтеграцијата. Да повторам, ако госпоѓата во говорот требаше да собере гласови па со слична дикција го кажа ова, тогаш кога веќе е избрана, мислам дека е добро да се сети на регионот и да ги мери зборовите, да се однесува поинаку од другите членки на ЕУ, бидејќи подобро ги знае работите од нив – нагласи Силјановска Давкова.

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос вчера во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија рече дека очекува Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што истакна, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.

-Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот – нагласи Кос.

На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.

Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.

– Да се зборува, што е можно повеќе, и со Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Македонија – рече Кос.

The post Силјановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него appeared first on Република.

На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање. Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.
– Да се зборува, што е можно повеќе, и со Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Македонија – рече Кос.

The post Силјановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него appeared first on Република.

]]>
Силјановска за изјавата на комесарката Кос: Ми личи на софистицирано евромандаринство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-za-izjavata-na-evromesarkata-kos-mi-lichi-na-sofistitsirano-evromandarinstvo/ Thu, 28 Nov 2024 14:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=842849

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на очекувањата за уставните измени и додаде дека едно е да се укаже или препорача, но да се каже дека мора значи премногу бирократско перцепирање на Европската Унија.

Таа повтори дека во потрага по вин-вин ситуација од наша страна „велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но со одложено правно дејство“ и нагласи дека ако се дозволи ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него.

-Обично ретко давам коментари на коментари и особено не надвор. Паметам кога г. Хелмут Кол рече за домашни прашања одговарам дома, но ќе ви одговорам. Искрено имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи како на, тоа не е филозофија, како на нешто што е познато земи го или остави го. Тоа мене ми личи на софистицирано евромандаринство, тоа мене ме плаши од дикција која значи директно мешање во внатрешните работи, истакна шефица на државата одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот црнороски колега, Јаков Милатовиќ, јави специјалниот известувач на МИА од Подгорица.

Сиљановска Давкова истакна дека една од одредбите во Договорот за ЕУ е почитување на уставните и политичките структури.

-Би разбрала дикција дека препорачуваме или укажуваме итн., меѓутоа да речете мора тоа да го сторите тоа значи дека имате пристап од страна на ЕУ, што јас го нарекувам бирократски. ЕУ не е бирократска машинерија, повеќе е од тоа, така вели г. Макрон, дека е филозофија заснована на принципи и вредности, значи еве и јас малку да бидам прагматична. Зошто велам дека имам забелешка, од истата причина заради која јас сум овде по 50 години заедно. Јас очекувам и на оние кои веќе се во ЕУ, а до вчера биле со нас со умереност и респект да се однесуваат кон сите. Значи, тоа е првото, рече претседателката.

Како второ таа додаде дека земјава отсекогаш била кооперативна на патот кон ЕУ и правела компромиси на сопствена штета.

-Прво, во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, оти нели секој ден слушам „Пакта сунт серванда“, нема ниту еден збор за уставни измени. Тие се споменати во протоколот број 2, во членот 3 или сега во Преговарачката рамка и во заклучоците веќе не се употребува изразот протокол, се употребува изразот записник. Тврдам дека протокол не може да биде извор на уставно право, ниту на право, исто така и записниците, но еве во потрагата по вин-вин ние велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но реков со одложено правно дејство. Причината да ги градиме мировните односи со нашиот сосед, бидејќи во Преамбулата на Договорот пишува дека Бугарија ќе ја поддржува и ќе ја поттикнува Македонија на патот кон ЕУ. Еве, да дадеме шанси на ова зошто тврдам ако дозволиме ветото да опстои дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со вето. Тоа навистина ја обезвреднува филозофијата на евроинтеграцијата. Да повторам, ако госпоѓата во говорот требаше да собере гласови па со слична дикција го кажа ова, тогаш кога веќе е избрана, мислам дека е добро да се сети на регионот и да ги мери зборовите, да се однесува поинаку од другите членки на ЕУ, бидејќи подобро ги знае работите од нив, нагласи Сиљановска Давкова.

The post Силјановска за изјавата на комесарката Кос: Ми личи на софистицирано евромандаринство appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на очекувањата за уставните измени и додаде дека едно е да се укаже или препорача, но да се каже дека мора значи премногу бирократско перцепирање на Европската Унија. Таа повтори дека во потрага по вин-вин ситуација од наша страна „велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но со одложено правно дејство“ и нагласи дека ако се дозволи ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него.
-Обично ретко давам коментари на коментари и особено не надвор. Паметам кога г. Хелмут Кол рече за домашни прашања одговарам дома, но ќе ви одговорам. Искрено имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи како на, тоа не е филозофија, како на нешто што е познато земи го или остави го. Тоа мене ми личи на софистицирано евромандаринство, тоа мене ме плаши од дикција која значи директно мешање во внатрешните работи, истакна шефица на државата одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот црнороски колега, Јаков Милатовиќ, јави специјалниот известувач на МИА од Подгорица.
Сиљановска Давкова истакна дека една од одредбите во Договорот за ЕУ е почитување на уставните и политичките структури.
-Би разбрала дикција дека препорачуваме или укажуваме итн., меѓутоа да речете мора тоа да го сторите тоа значи дека имате пристап од страна на ЕУ, што јас го нарекувам бирократски. ЕУ не е бирократска машинерија, повеќе е од тоа, така вели г. Макрон, дека е филозофија заснована на принципи и вредности, значи еве и јас малку да бидам прагматична. Зошто велам дека имам забелешка, од истата причина заради која јас сум овде по 50 години заедно. Јас очекувам и на оние кои веќе се во ЕУ, а до вчера биле со нас со умереност и респект да се однесуваат кон сите. Значи, тоа е првото, рече претседателката.
Како второ таа додаде дека земјава отсекогаш била кооперативна на патот кон ЕУ и правела компромиси на сопствена штета.
-Прво, во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, оти нели секој ден слушам „Пакта сунт серванда“, нема ниту еден збор за уставни измени. Тие се споменати во протоколот број 2, во членот 3 или сега во Преговарачката рамка и во заклучоците веќе не се употребува изразот протокол, се употребува изразот записник. Тврдам дека протокол не може да биде извор на уставно право, ниту на право, исто така и записниците, но еве во потрагата по вин-вин ние велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но реков со одложено правно дејство. Причината да ги градиме мировните односи со нашиот сосед, бидејќи во Преамбулата на Договорот пишува дека Бугарија ќе ја поддржува и ќе ја поттикнува Македонија на патот кон ЕУ. Еве, да дадеме шанси на ова зошто тврдам ако дозволиме ветото да опстои дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со вето. Тоа навистина ја обезвреднува филозофијата на евроинтеграцијата. Да повторам, ако госпоѓата во говорот требаше да собере гласови па со слична дикција го кажа ова, тогаш кога веќе е избрана, мислам дека е добро да се сети на регионот и да ги мери зборовите, да се однесува поинаку од другите членки на ЕУ, бидејќи подобро ги знае работите од нив, нагласи Сиљановска Давкова.

The post Силјановска за изјавата на комесарката Кос: Ми личи на софистицирано евромандаринство appeared first on Република.

]]>
Лидерот на СДСМ на средба со претседателката Сиљановска-Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/liderot-na-sdsm-na-sredba-so-pretsedatelkata-silanovska-davkova/ Tue, 26 Nov 2024 08:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=841805

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба.

Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во Вила Водно со почеток во 15 часот. По средбата, најавена е изјава за медиуми на лидерот на СДСМ.

The post Лидерот на СДСМ на средба со претседателката Сиљановска-Давкова appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба. Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во Вила Водно со почеток во 15 часот. По средбата, најавена е изјава за медиуми на лидерот на СДСМ.

The post Лидерот на СДСМ на средба со претседателката Сиљановска-Давкова appeared first on Република.

]]>
Сиљановска нема да го свика Советот за безбедност за состојбата со Украина, но можно е да го собере за загадувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-nema-da-go-svika-sovetot-za-bezbednost-za-sostojbata-so-ukraina-no-mozhno-e-da-go-sobere-za-zagaduvaneto/ Mon, 25 Nov 2024 15:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=841585

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова засега не планира да го свика Советот за безбедност за случувањата во Русија и Украина. Но, шефот на државата сериозно  да го свика Советот за состојбата со загадувањето.

Не мислам. Ние сме во НАТО, чадорот нѐ штити, еве сега имаме и Заменик генерапен секретар.За да го свикам треба да има закани по нашата безбедност,смета претседателката.

Но,како што објасни претседателката има да го свика Советот за безбедност за пробемот со загадувањето.

The post Сиљановска нема да го свика Советот за безбедност за состојбата со Украина, но можно е да го собере за загадувањето appeared first on Република.

Претседателката Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Филхармонија по повод 80-годишниот јубилеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-sredba-so-pretstavnitsi-na-filharmonija-po-povod-80-godishniot-jubilej/ Sat, 23 Nov 2024 09:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=841027

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се сретнала со претставници на Филхармонија по повод 80-годишнината од основањето на оваа институција.

На средбата, на која присуствувале в.д. директорот Александар Котевски, поранешните директорки Мелпомени Корнети и Маја Чаначевиќ, концерт-мајсторот Анна Кондратенко, концерт-мајсторот во пензија Румен Димитриев, како и Ангелина Димоска, претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека оваа значајна културна институција како единствен постојан претставник на симфониското творештво на македонската музичка сцена, со својот богат и разновиден репертоар ја привлекува домашната и светската публика.

Претседателката оценила дека во изминативе години преку своите незаборавни концерти во земјава и ширум светот, Филхармонија градела свој специфичен имиџ по кој денес е препознатлива институција.

Претставниците на Филхармонија ја информирале претседателката за роденденската сезона насловена „Одисеја“ исполнета со настапи и изведби на врвни странски и македонски солисти, ремек-дела на симфонизмот, концертно музицирање и премиерни изведби на дела од домашни музички творци.

The post Претседателката Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Филхармонија по повод 80-годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се сретнала со претставници на Филхармонија по повод 80-годишнината од основањето на оваа институција. На средбата, на која присуствувале в.д. директорот Александар Котевски, поранешните директорки Мелпомени Корнети и Маја Чаначевиќ, концерт-мајсторот Анна Кондратенко, концерт-мајсторот во пензија Румен Димитриев, како и Ангелина Димоска, претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека оваа значајна културна институција како единствен постојан претставник на симфониското творештво на македонската музичка сцена, со својот богат и разновиден репертоар ја привлекува домашната и светската публика. Претседателката оценила дека во изминативе години преку своите незаборавни концерти во земјава и ширум светот, Филхармонија градела свој специфичен имиџ по кој денес е препознатлива институција. Претставниците на Филхармонија ја информирале претседателката за роденденската сезона насловена „Одисеја“ исполнета со настапи и изведби на врвни странски и македонски солисти, ремек-дела на симфонизмот, концертно музицирање и премиерни изведби на дела од домашни музички творци.

The post Претседателката Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Филхармонија по повод 80-годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова лично ѝ го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-lichno-go-chestitashe-izborot-na-shekerinska-za-zamenik-generalna-sekretarka-na-nato/ Fri, 22 Nov 2024 16:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=840910

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Водно ја прими Радмила Шекеринска за лично да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.

Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова, за обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.

Претседателката изрази уверување дека г-ѓа Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани. Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него, стои во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Претседателката на државата Сиљановска-Давкова претходно во средата во телефонски разговор и го честиташе изборот Шекеринска на новата функција и и упати покани за денешната средба.

Премиерот Христијан Мицкоски исто така ја поддржа кандидатурата на Шеќеринска за заменик генерална секретарка на НАТО, и телефонски ѝ честиташе на изборот, посочувајќи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во вторникот, неделава, објави дека одлучил да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка. 

The post Сиљановска Давкова лично ѝ го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Водно ја прими Радмила Шекеринска за лично да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова, за обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.
Претседателката изрази уверување дека г-ѓа Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани. Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него, стои во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.
Претседателката на државата Сиљановска-Давкова претходно во средата во телефонски разговор и го честиташе изборот Шекеринска на новата функција и и упати покани за денешната средба. Премиерот Христијан Мицкоски исто така ја поддржа кандидатурата на Шеќеринска за заменик генерална секретарка на НАТО, и телефонски ѝ честиташе на изборот, посочувајќи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во вторникот, неделава, објави дека одлучил да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка. 

The post Сиљановска Давкова лично ѝ го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Ме боли егзодусот на најумните и најкомпетитивните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-me-boli-egzodusot-na-najumnite-i-najkompetitivnite/ Tue, 19 Nov 2024 06:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=839394

- Ме боли егзодусот на најумните и најкомпетитивните, би сакала да се враќате дома од најпрестижните унивезрзитети. Вие, студентите, сте промотори на критичката мисла, мост меѓу сегашноста и иднината. Без вашиот збор „зошто“ нема напредок, без вашето сомневање нема вистина, вие го движите општеството, рече вчера претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на настанот по повод Меѓународниот ден на студентите.

Како што оцени претседателката, Македонија има иднина само ако најдобрите дојдат на вистинските места.

-Вие, студентите, сте строги и одважни критичари, трагачи по вистината, носители на прогресот. Вие сте интелетуални архитекти на новото, сократовци колку и вашите учители, размислувате и терате на размислување. Оваа држава треба да се бори за вас. Стојам зад вашите стремежи за знаење, борбата за правда и просперитетна иднина, потенцира Сиљановска Давкова.

Меѓународниот ден на студентите, напомена претседателката, е празник на храброста и силата, на младоста, на оние кои низ историјата не се плашеа да се спротивставуваат, да се борат за идеалите и да умираат за нив.

Слична порака упати и премиерот Христијан Мицкоски според кој, образованието не е само патека кон индивидуален успех, туку и катализатор за општествени промени, рамноправност и прогрес.

-Вие сте оние што ќе го водат нашето општество кон подобра иднина, вие сте тие што ќе направат разлика на факултетите, во заедниците, во целата држава. Вашите проблеми се наши приоритети. Владата е решена да ви даде силна поддршка да ви создаде услови во кои вашиот труд, талент и амбиција ќе можат да блеснат. Нашата визија за младите е едноставна, да создадеме систем што ќе ви даде можност да се развивате без ограничувања и бариери, подвлече Мицкоски.

Важно е, дополни, да се пренесе пораката дека образованието е најважната алатка преку која ќе се водат процесите во иднината.

-Колку тоа образование е посилно и помоќно, толку во помоќна и посилна држава ќе живееме, а целта на сите нас е да ја направиме државата силна, моќна, Македонија да биде онаква каква што мојата генерација сакаше да биде затоа што колку е таа посилна толку  и мојот дом, вашиот дом е повеќе вреден. За бизнисмените и за оние студенти од Економскиот факултет кои утре ќе формираат сопствени бизниси и ќе бидат претприемачи, толку нивниот бизнис ќе биде повреден, колку што е државата послаба, опустошена, ограбена, осиромашена, толку и мојот дом е помалку вреден или би рекол безвреден, толку и нашите бизниси се помалку вредни би рекол безвредни, рече премиерот.

За него патриотизам се, нагласи, индивидуи со големо искуство, силно образование и многу знаење.

-Сите ние во одредени моменти во нашите животи сме имале можност или понекогаш од револт сме сакале да го спакуваме нашиот живот во еден куфер и да заминеме што подалеку од овде.  Не било лесно и ние нашите професионални кариери сме ги започнувале можеби под очекувањата онакви какви што ни биле кога сме биле студенти. Можеби сме очекувале дека таа сурова реалност наречена живот ќе биде со нас помила и понежна и дека можеби ќе не’ погали од самиот почеток. Но, за жал реалноста не е таква. Реалноста е дека треба да се борите секој ден и дека животот е борба и таа борба можете да ја водите дома, таа е поинспиративна бидејќи се борите за сопствената татковина, но можете да бидете некаде таму далеку и да се борите за туѓи бели дворови и за туѓи татковини. Мојот совет до вас е - останете дома и заедно да се бориме, да се избориме за оние што доаѓаат по вас, заедно да се бориме за онаа Македонија каква што сакаме да ја видиме бидејќи само така можеме и ние да бидеме среќни и бидејќи само така можеме да успееме, рече Мицкоски.

Тој и во оваа прилика ја спомна потребата од поголем наталитет, апелирајќи дека мора сите да се бориме „а полна држава со млади луѓе, за многу деца во градинките, за многу деца во училиштата, за многу млади луѓе на универзитетите“.

-Тоа значи брачна заедница помеѓу сопруг маж и сопруга жена. Тоа значи дека само така можеме да бидеме држава и општество кое ќе се развива. Не бегајте од таа обврска која во суштина претставува се во вашите животи, зашто формирањето семејство, многудетно семејство значи патриотски чин, истакна Мицкоски.

Министерката за образование Весна Јаневска ги повика студентите да продолжат да вложуваат во себе и тука да ги остварат своите соништа.

-Сите ние од државното раководство имаме идентична цел и сплотени заложби - да имате доволно можности за развој на личниот потенцијал, да ги остварите вашите амбиции во родното огниште и да придонесете во градењето силна и просперитетна Македонија. За жал, некој пред нас, ја исели државата. Цели градови и села, останаа празни. Револтот од негрижата на оние кои народот ги одбрал нешто да сработат, резултираше со речиси 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку за период од 7 години. Ова ќе го запреме, нагласи министерката.

Таа се осврна на изминатите четири и пол месеци во кои, потсети, беа прифатени повеќе барања на студентските организации.

-Овозможивме да се прошират студентските права и можности. Овозможивме бруцоши да користат субвенциониран оброк од први октомври, што не беше така до лани. Направивме промена на конкурсните услови за повеќе категории на стипендии да може да конкурираат што повеќе млади. За стипендиите за втор циклус на студии во државата, овозможивме да аплицираат и студенти со завршени тригодишни додипломски студии, кои до лани беа дискриминирани на некој начин. Започнавме етапна реконструкција на студентските домови. Тоа е процес кој ќе потрае, но верувам дека ќе имате трпение. Ако има студенти од ФИНКИ и ФФК, да ги израдувам  дека од следна година ќе продолжи изградбата на новите згради за нив, рече јаневска.

Најави и уште многу нови инвестиции, подобри услови за високо образование и повеќе права и можности со новите закони за високо образование и за студентски стандард.

-Од следната календарска година, поточно за месец и половина отсега, за дополнително да ви го олесниме студирањето, обезбедуваме поголем буџет за студентски стандард во однос на годинава - 30 милиони евра, за 18 отсто повеќе од 2024. Тоа е нашата честитка кон вас по повод Меѓународниот ден на студентите. Не празни зборови, туку конкретни дела, подвлече Јаневска.

На настанот беше промовирана платформата Линкер која претставува, како што беше речено, мост меѓу студентите и бизнисите. Студентите во оваа прилика побараа од креаторите на политиките да бидат слушнати нивните гласови, иновативни предлози и визии за иднината, како и да бидат дел од процесот на донесување одлуки

The post Сиљановска Давкова: Ме боли егзодусот на најумните и најкомпетитивните appeared first on Република.

]]>

- Ме боли егзодусот на најумните и најкомпетитивните, би сакала да се враќате дома од најпрестижните унивезрзитети. Вие, студентите, сте промотори на критичката мисла, мост меѓу сегашноста и иднината. Без вашиот збор „зошто“ нема напредок, без вашето сомневање нема вистина, вие го движите општеството, рече вчера претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на настанот по повод Меѓународниот ден на студентите. Како што оцени претседателката, Македонија има иднина само ако најдобрите дојдат на вистинските места. -Вие, студентите, сте строги и одважни критичари, трагачи по вистината, носители на прогресот. Вие сте интелетуални архитекти на новото, сократовци колку и вашите учители, размислувате и терате на размислување. Оваа држава треба да се бори за вас. Стојам зад вашите стремежи за знаење, борбата за правда и просперитетна иднина, потенцира Сиљановска Давкова. Меѓународниот ден на студентите, напомена претседателката, е празник на храброста и силата, на младоста, на оние кои низ историјата не се плашеа да се спротивставуваат, да се борат за идеалите и да умираат за нив. Слична порака упати и премиерот Христијан Мицкоски според кој, образованието не е само патека кон индивидуален успех, туку и катализатор за општествени промени, рамноправност и прогрес. -Вие сте оние што ќе го водат нашето општество кон подобра иднина, вие сте тие што ќе направат разлика на факултетите, во заедниците, во целата држава. Вашите проблеми се наши приоритети. Владата е решена да ви даде силна поддршка да ви создаде услови во кои вашиот труд, талент и амбиција ќе можат да блеснат. Нашата визија за младите е едноставна, да создадеме систем што ќе ви даде можност да се развивате без ограничувања и бариери, подвлече Мицкоски. Важно е, дополни, да се пренесе пораката дека образованието е најважната алатка преку која ќе се водат процесите во иднината. -Колку тоа образование е посилно и помоќно, толку во помоќна и посилна држава ќе живееме, а целта на сите нас е да ја направиме државата силна, моќна, Македонија да биде онаква каква што мојата генерација сакаше да биде затоа што колку е таа посилна толку  и мојот дом, вашиот дом е повеќе вреден. За бизнисмените и за оние студенти од Економскиот факултет кои утре ќе формираат сопствени бизниси и ќе бидат претприемачи, толку нивниот бизнис ќе биде повреден, колку што е државата послаба, опустошена, ограбена, осиромашена, толку и мојот дом е помалку вреден или би рекол безвреден, толку и нашите бизниси се помалку вредни би рекол безвредни, рече премиерот. За него патриотизам се, нагласи, индивидуи со големо искуство, силно образование и многу знаење.
-Сите ние во одредени моменти во нашите животи сме имале можност или понекогаш од револт сме сакале да го спакуваме нашиот живот во еден куфер и да заминеме што подалеку од овде.  Не било лесно и ние нашите професионални кариери сме ги започнувале можеби под очекувањата онакви какви што ни биле кога сме биле студенти. Можеби сме очекувале дека таа сурова реалност наречена живот ќе биде со нас помила и понежна и дека можеби ќе не’ погали од самиот почеток. Но, за жал реалноста не е таква. Реалноста е дека треба да се борите секој ден и дека животот е борба и таа борба можете да ја водите дома, таа е поинспиративна бидејќи се борите за сопствената татковина, но можете да бидете некаде таму далеку и да се борите за туѓи бели дворови и за туѓи татковини. Мојот совет до вас е - останете дома и заедно да се бориме, да се избориме за оние што доаѓаат по вас, заедно да се бориме за онаа Македонија каква што сакаме да ја видиме бидејќи само така можеме и ние да бидеме среќни и бидејќи само така можеме да успееме, рече Мицкоски.
Тој и во оваа прилика ја спомна потребата од поголем наталитет, апелирајќи дека мора сите да се бориме „а полна држава со млади луѓе, за многу деца во градинките, за многу деца во училиштата, за многу млади луѓе на универзитетите“. -Тоа значи брачна заедница помеѓу сопруг маж и сопруга жена. Тоа значи дека само така можеме да бидеме држава и општество кое ќе се развива. Не бегајте од таа обврска која во суштина претставува се во вашите животи, зашто формирањето семејство, многудетно семејство значи патриотски чин, истакна Мицкоски. Министерката за образование Весна Јаневска ги повика студентите да продолжат да вложуваат во себе и тука да ги остварат своите соништа.
-Сите ние од државното раководство имаме идентична цел и сплотени заложби - да имате доволно можности за развој на личниот потенцијал, да ги остварите вашите амбиции во родното огниште и да придонесете во градењето силна и просперитетна Македонија. За жал, некој пред нас, ја исели државата. Цели градови и села, останаа празни. Револтот од негрижата на оние кои народот ги одбрал нешто да сработат, резултираше со речиси 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку за период од 7 години. Ова ќе го запреме, нагласи министерката.
Таа се осврна на изминатите четири и пол месеци во кои, потсети, беа прифатени повеќе барања на студентските организации. -Овозможивме да се прошират студентските права и можности. Овозможивме бруцоши да користат субвенциониран оброк од први октомври, што не беше така до лани. Направивме промена на конкурсните услови за повеќе категории на стипендии да може да конкурираат што повеќе млади. За стипендиите за втор циклус на студии во државата, овозможивме да аплицираат и студенти со завршени тригодишни додипломски студии, кои до лани беа дискриминирани на некој начин. Започнавме етапна реконструкција на студентските домови. Тоа е процес кој ќе потрае, но верувам дека ќе имате трпение. Ако има студенти од ФИНКИ и ФФК, да ги израдувам  дека од следна година ќе продолжи изградбата на новите згради за нив, рече јаневска. Најави и уште многу нови инвестиции, подобри услови за високо образование и повеќе права и можности со новите закони за високо образование и за студентски стандард.
-Од следната календарска година, поточно за месец и половина отсега, за дополнително да ви го олесниме студирањето, обезбедуваме поголем буџет за студентски стандард во однос на годинава - 30 милиони евра, за 18 отсто повеќе од 2024. Тоа е нашата честитка кон вас по повод Меѓународниот ден на студентите. Не празни зборови, туку конкретни дела, подвлече Јаневска.
На настанот беше промовирана платформата Линкер која претставува, како што беше речено, мост меѓу студентите и бизнисите. Студентите во оваа прилика побараа од креаторите на политиките да бидат слушнати нивните гласови, иновативни предлози и визии за иднината, како и да бидат дел од процесот на донесување одлуки

The post Сиљановска Давкова: Ме боли егзодусот на најумните и најкомпетитивните appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова за спорот со Бугарија: Соломонско решение е она со одложено дејство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-za-sporot-so-bugarija-solomonsko-reshenie-e-ona-so-odlozheno-dejstvo/ Mon, 18 Nov 2024 20:36:14 +0000 https://republika.mk/?p=839384

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека излезното соломонско решение за спорот со Бугарија е решението со одложено дејство. За ова, вели таа, разговарала и со бугарскиот претседател Румен Радев, но и со сите други претставници на земји од ЕУ, како и други земји пријатели и поддржувачи, кај кои наишла на разбирање. Оптимист е дека работите може да се придвижат во скоро време и земјава да ги почне преговорите со ЕУ. Претседателката смета за ова решение мора да има општ консензус во државата, за појаки преговарачки позиции.

-Не можам да не кажам дека и покрај инцидентот со знамето и во Софија со бугарскиот претседател Радев имавме плодни разговори меѓутоа повеќе од еден час разговаравме и во Баку. Заклучокот е дека самопочитта раѓа и почит, тоа е мојот прв заклучок. Се разбира дека во разговорите ние секогаш си ги одмеруваме зборовите и овојпат беше така. Соопштенијата се дипломатски, иако нашето беше подипломатско, но јас сакам да ги информирам граѓаните дека од прва рака му го објаснив нашиот став на Радев за кој што има консензус меѓу Владата и мене. Реков дека е најдбро јас да му го соопштам тоа што им го соопштувам и на останатите претставници и ЕУ и останатите земји, наши пријатели... бидејќи тоа е решението за кое мислам дека е многу разумно, добронамерно, решението со одложено дејство, рече претседателката во интервју за Македонската радиотелевизија.

Таа вели дека од Радев немало коментар, но оти таа ја разбира состојбата во Бугарија, неможноста за формирање влада и за институционализирање на дијалогот и меѓу Владите, односно нашето МНР и нивното. Но, како што рече, мисли дека тој ќе се обиде да ги разбере и нашите позиции кои се најдобронамерни и насочени кон ставање крај на вин - луз состојбата и креирање на вин - вин состојба.

-Ние не смееме да го изгубиме легитимитетот, ние не ги мамевме граѓаните. Напротив и нашиот легитимитет извира од нив. Јас сум должна да го бранам националниот интерес, но, не со скандали, не со навреди, туку со почит, рече Сиљановска Давкова додавајќи дека и културната дипломатија дава големи резултати.

На прашањето дали може да се говори за некакви временски рамки за надминување на спорот, со оглед на тоа што и премиерот Христијан Мицкоски по нејзината средба со бугарскиот претседател рекол дека до крајот на годинава ќе може и ние да продолжиме со нашиот процес за евроинтеграции на достинствен начин, македонската претседателка рече дека и таа го очекува истото.

-Очекувам и јас да се случи истото. Очекувањата не ми се фиктивни, тие се темелат на нашите раговори во Њујорк. Јас не сум дипломат, професот бев и внимавам што ќе кажам. Нашето излезно решение, соломонско решение јас го соопштив и во Њујорк во средбите со многу видни политичари. Мислам дека ме разбраа и мислам дека сега е на ред ЕУ, а господинот Радев постојано се повикува на ЕУ и го квалификува проблемот, не како билатерален, туку мултилатарален, дека треба да дојде до крајот на годината. Јас верувам во сериозноста на таквите ветувања. И нашата позиција и мојата позиција ја соопштив и на средбата со белгискиот премиер, но и во средбите со сите останати, особено оние од Вишеградската група и сите оние кои ни помагаат. Од сите нив чув дека, да вие сторивте многу, го сторивте и неможното. Дури и сега нудите компромис, рече Сиљановска Давкова.

Таа очекува, како што рече, сериозните политичари да се држат до зборовите, но исто така и да не заборават дека ЕУ се темели и е единствено решение само доколку не ги заборава сопствените вредности и принципи изразени во уставните документи, во Лисабонскиот договор и во конвенцијата за фундаменталните права.

-Без тоа ЕУ не е она што вели Макрон - филозофија на живот и управување, туку бирократска машинерија која понекогаш ги заборава и сопствените принципи и вредности, ако тоа е курентно или ако се во прашање интересите на земји членки  ЕУ, а тоа ќе го отежне проширувањето. Повторувам дека овој преседан нема да остане само македонска приказна, туку дека тој ќе се прошири и ќе ја загрози реунификацијата на Западниот Банкан, како што го нарекуваат, во ЕУ, рече македонската претседателка.

Таа смета дека за понуденото решение мора да има општ консензус во државата, за да не се случи нешто како она кога минатата власт прифатила договор и француски предлог без вклученост и согласност на тогашната опозиција.

-Вината е во нас. Вината е во отсуството на потрага по консензус кога морало да постои мслам на прифаќањето на преговрачката рамка. Тогаш, да бидам искрена, опоизицијата беше целосно маргинализирана. Јасно ни е дека нашиот претседател, нашиот премиер ја прифатиле преговарачката рамка таква каква што е, меѓутоа суштински тие немале легитимитет да го сторат тоа бидејќи јасно е дека немало консензус. Затоа реков дека еден од најумните потези беше кога премиерот ја отфрли.  Последиците сега ги трпиме оти сите велат вие ја прифативте преговарачката рамка. Не смее оваа власт да го прави истото. Не се оди надвор ако не можете да се повикате на консензус, тогаш сте вие како преговарач послаби. Мислам дека во случајов нешто што предлагаме ние е не само реално, туку дека е и разумно, дека е исто така и логично и дека треба да бидеме конечно разбрани не заради нас, туку заради граѓаните кои се уморни од празни ветувања – уште ова, уште ова..., рече Сиљановска Давкова.

Според неа ни заклучоците ни преговарачката рамка, ниту со најкреативна интерпретација не може да се толкуваат како меѓународни договори.

-Да, ние имаме Договор, во него нема ваква точка. Замислете што ќе се случи ако нашите две комисии во продуцирањето на предлозите и во записниците отворат простор за уште многу вакви креативни дополни на преговарчката рамка, истакна таа.

Додаде дека Комисијата ќе продолжи да работи по промената на составот бидејќи таа е дел од Договорот за добрососедство и пријателство, но смета дека не може да има наука под капа на политиката. Науката, рече, се гради на академии, на меѓународни конференции таму каде што мислата на историчарите е слободна

The post Силјановска Давкова за спорот со Бугарија: Соломонско решение е она со одложено дејство appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека излезното соломонско решение за спорот со Бугарија е решението со одложено дејство. За ова, вели таа, разговарала и со бугарскиот претседател Румен Радев, но и со сите други претставници на земји од ЕУ, како и други земји пријатели и поддржувачи, кај кои наишла на разбирање. Оптимист е дека работите може да се придвижат во скоро време и земјава да ги почне преговорите со ЕУ. Претседателката смета за ова решение мора да има општ консензус во државата, за појаки преговарачки позиции.
-Не можам да не кажам дека и покрај инцидентот со знамето и во Софија со бугарскиот претседател Радев имавме плодни разговори меѓутоа повеќе од еден час разговаравме и во Баку. Заклучокот е дека самопочитта раѓа и почит, тоа е мојот прв заклучок. Се разбира дека во разговорите ние секогаш си ги одмеруваме зборовите и овојпат беше така. Соопштенијата се дипломатски, иако нашето беше подипломатско, но јас сакам да ги информирам граѓаните дека од прва рака му го објаснив нашиот став на Радев за кој што има консензус меѓу Владата и мене. Реков дека е најдбро јас да му го соопштам тоа што им го соопштувам и на останатите претставници и ЕУ и останатите земји, наши пријатели... бидејќи тоа е решението за кое мислам дека е многу разумно, добронамерно, решението со одложено дејство, рече претседателката во интервју за Македонската радиотелевизија.
Таа вели дека од Радев немало коментар, но оти таа ја разбира состојбата во Бугарија, неможноста за формирање влада и за институционализирање на дијалогот и меѓу Владите, односно нашето МНР и нивното. Но, како што рече, мисли дека тој ќе се обиде да ги разбере и нашите позиции кои се најдобронамерни и насочени кон ставање крај на вин - луз состојбата и креирање на вин - вин состојба. -Ние не смееме да го изгубиме легитимитетот, ние не ги мамевме граѓаните. Напротив и нашиот легитимитет извира од нив. Јас сум должна да го бранам националниот интерес, но, не со скандали, не со навреди, туку со почит, рече Сиљановска Давкова додавајќи дека и културната дипломатија дава големи резултати. На прашањето дали може да се говори за некакви временски рамки за надминување на спорот, со оглед на тоа што и премиерот Христијан Мицкоски по нејзината средба со бугарскиот претседател рекол дека до крајот на годинава ќе може и ние да продолжиме со нашиот процес за евроинтеграции на достинствен начин, македонската претседателка рече дека и таа го очекува истото.
-Очекувам и јас да се случи истото. Очекувањата не ми се фиктивни, тие се темелат на нашите раговори во Њујорк. Јас не сум дипломат, професот бев и внимавам што ќе кажам. Нашето излезно решение, соломонско решение јас го соопштив и во Њујорк во средбите со многу видни политичари. Мислам дека ме разбраа и мислам дека сега е на ред ЕУ, а господинот Радев постојано се повикува на ЕУ и го квалификува проблемот, не како билатерален, туку мултилатарален, дека треба да дојде до крајот на годината. Јас верувам во сериозноста на таквите ветувања. И нашата позиција и мојата позиција ја соопштив и на средбата со белгискиот премиер, но и во средбите со сите останати, особено оние од Вишеградската група и сите оние кои ни помагаат. Од сите нив чув дека, да вие сторивте многу, го сторивте и неможното. Дури и сега нудите компромис, рече Сиљановска Давкова.
Таа очекува, како што рече, сериозните политичари да се држат до зборовите, но исто така и да не заборават дека ЕУ се темели и е единствено решение само доколку не ги заборава сопствените вредности и принципи изразени во уставните документи, во Лисабонскиот договор и во конвенцијата за фундаменталните права.
-Без тоа ЕУ не е она што вели Макрон - филозофија на живот и управување, туку бирократска машинерија која понекогаш ги заборава и сопствените принципи и вредности, ако тоа е курентно или ако се во прашање интересите на земји членки  ЕУ, а тоа ќе го отежне проширувањето. Повторувам дека овој преседан нема да остане само македонска приказна, туку дека тој ќе се прошири и ќе ја загрози реунификацијата на Западниот Банкан, како што го нарекуваат, во ЕУ, рече македонската претседателка.
Таа смета дека за понуденото решение мора да има општ консензус во државата, за да не се случи нешто како она кога минатата власт прифатила договор и француски предлог без вклученост и согласност на тогашната опозиција.
-Вината е во нас. Вината е во отсуството на потрага по консензус кога морало да постои мслам на прифаќањето на преговрачката рамка. Тогаш, да бидам искрена, опоизицијата беше целосно маргинализирана. Јасно ни е дека нашиот претседател, нашиот премиер ја прифатиле преговарачката рамка таква каква што е, меѓутоа суштински тие немале легитимитет да го сторат тоа бидејќи јасно е дека немало консензус. Затоа реков дека еден од најумните потези беше кога премиерот ја отфрли.  Последиците сега ги трпиме оти сите велат вие ја прифативте преговарачката рамка. Не смее оваа власт да го прави истото. Не се оди надвор ако не можете да се повикате на консензус, тогаш сте вие како преговарач послаби. Мислам дека во случајов нешто што предлагаме ние е не само реално, туку дека е и разумно, дека е исто така и логично и дека треба да бидеме конечно разбрани не заради нас, туку заради граѓаните кои се уморни од празни ветувања – уште ова, уште ова..., рече Сиљановска Давкова.
Според неа ни заклучоците ни преговарачката рамка, ниту со најкреативна интерпретација не може да се толкуваат како меѓународни договори. -Да, ние имаме Договор, во него нема ваква точка. Замислете што ќе се случи ако нашите две комисии во продуцирањето на предлозите и во записниците отворат простор за уште многу вакви креативни дополни на преговарчката рамка, истакна таа. Додаде дека Комисијата ќе продолжи да работи по промената на составот бидејќи таа е дел од Договорот за добрососедство и пријателство, но смета дека не може да има наука под капа на политиката. Науката, рече, се гради на академии, на меѓународни конференции таму каде што мислата на историчарите е слободна

The post Силјановска Давкова за спорот со Бугарија: Соломонско решение е она со одложено дејство appeared first on Република.

]]>
Средба Сиљановска Давкова – Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/sredba-silanovska-davkova-radev-vo-baku-bilateralnite-sporovi-da-se-reshavaat-vo-ramki-na-printsipite-i-vrednostite-na-eu/ Wed, 13 Nov 2024 09:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=837057

 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан. Во разговорот кој, како што информираат од Кабинетот на претседателката, траел еден час и се одвивал во конструктивна атмосфера, било разговарано за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.

Двајцата соговорници ги изложиле своите позиции во поглед на можните решенија за предизвиците на македонските евроинтеграции.

Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија.

Сиљановска Давкова, како што посочуваат од Кабинетот, нагласила дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување, поддршка и активна соработка што ќе придонесе за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа.

Бугарскиот претседател Радев, се вели во соопштението, укажал на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање.

Двајцата соговорници во разговорот, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката, се согласиле за организирање на официјални посети на кои ќе се конкретизираат заложбите за подобра севкупна соработка меѓу двете држави.

The post Средба Сиљановска Давкова – Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан. Во разговорот кој, како што информираат од Кабинетот на претседателката, траел еден час и се одвивал во конструктивна атмосфера, било разговарано за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес. Двајцата соговорници ги изложиле своите позиции во поглед на можните решенија за предизвиците на македонските евроинтеграции. Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија. Сиљановска Давкова, како што посочуваат од Кабинетот, нагласила дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување, поддршка и активна соработка што ќе придонесе за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа. Бугарскиот претседател Радев, се вели во соопштението, укажал на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање. Двајцата соговорници во разговорот, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката, се согласиле за организирање на официјални посети на кои ќе се конкретизираат заложбите за подобра севкупна соработка меѓу двете држави.

The post Средба Сиљановска Давкова – Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова: Консултациите за новата комисија за помилување се во тек, се бараат нови критериуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-konsultatsiite-za-novata-komisija-za-pomiluvane-se-vo-tek-se-baraat-novi-kriteriumi/ Wed, 30 Oct 2024 18:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=832549

Консултациите за нов состав на Комисијата за помилување се во тек, а претседателката на државата Силјановска Давкова изјавува дека нема да брза со одлуките, бидејќи планира да ја заснова новата комисија врз основа на широки консултации и вклучување на различни профили на експерти. Според претседателката, целта е да се добие поширока перспектива, за што се консултираат лица од повеќе области, вклучувајќи експерти, претставници на невладини организации, психолози, невропсихијатри и новинари. Дополнително, ќе се земат предвид искуствата и на поранешни членови на комисијата за да се оцени правецот во кој би се движеле евентуалните измени на начинот на помилување.

Да, имаше неколку закажани, но одложени средби поради други настани. Мислам дека е време да се слушнат мислењата на сите поранешни членови на комисиите за да се разбере нивното искуство и да видиме во кој правец треба да се насочат промените, изјави Силјановска Давкова.

Претседателката на државата и натаму стои зад ставот дека најважните критериуми за помилување треба да останат стореното дело и поведението на осуденикот во затворската установа. Според неа, одговорноста на судот е да ги состави деталните досиеја на осудените лица, кои ќе ги вклучуваат сите важни акти, а не само пресудите и нивното поведение во затвор.

Силјановска Давкова предупреди дека ускратувањето на правото на помилување би можело да привлече негативни реакции од меѓународни институции.

„Може да се соочиме со обвиненија од Советот на Европа дека, во одредени ситуации, правото на помилување е суспендирано, што може да се третира како тортура,“ истакна Силјановска Давкова. „Во затворите се наоѓаат луѓе кои направиле грешки, и доколку покажат напредок во ресоцијализацијата, тие треба да имаат право на помилување.“

По оставката на членовите на Комисијата за помилување по последните помилувања, кабинетот на претседателката ќе го избере новиот состав, по што ќе се разгледуваат и евентуалните промени во начинот на помилување. Според можните решенија, дел од новите членови би можеле да бидат актуелни судии и обвинители, кои би овозможиле подетален увид во случаите. Друга опција е да се издава потврда од судот или МВР дека за осуденото лице не се водат постапки или дека нема разузнавачки информации.

The post Силјановска Давкова: Консултациите за новата комисија за помилување се во тек, се бараат нови критериуми appeared first on Република.

Прифатена оставката на Комисијата за помилување, претседателката ќе има консултации пред да го избере новиот состав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prifatena-ostavkata-na-komisijata-za-pomiluvane-pretsedatelkata-ke-ima-konsultatsii-pred-da-go-izbere-noviot-sostav/ Sat, 26 Oct 2024 17:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=831310

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на членовите на Комисијата за помилување, соопштија вечерва од кабинетот на претседателката.

Членовите на Комисијата за помилување денеска ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека поднесуваат колективна оставка од позициите во комисијата. Одлуката за поднесување на колективна оставка од Комисијата за помилување членовите ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи. Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката поднесена од проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири, стои во соопштението.

Воедно се додава дека во следниот период претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе изврши консултации за новиот состав на комисијата, како и за институционалните и законски слабости кои постојат во системот за помилување на осудени лица, стои во соопштението од кабинетот на претседателката.

Професорот Гордан Калајџиев и член на Комисијата за помилување претходно вечерва на неговиот фејсбук профил информираше дека членовите на Комисијата поднеле колективна оставка.

Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, стои во објвата на фејсбук профилот потпишана од Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска Ајтен Шаќири.

Оставката следува по превирањата во јавноста за помилувања од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

The post Прифатена оставката на Комисијата за помилување, претседателката ќе има консултации пред да го избере новиот состав appeared first on Република.

]]>

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на членовите на Комисијата за помилување, соопштија вечерва од кабинетот на претседателката.
Членовите на Комисијата за помилување денеска ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека поднесуваат колективна оставка од позициите во комисијата. Одлуката за поднесување на колективна оставка од Комисијата за помилување членовите ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи. Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката поднесена од проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири, стои во соопштението.
Воедно се додава дека во следниот период претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе изврши консултации за новиот состав на комисијата, како и за институционалните и законски слабости кои постојат во системот за помилување на осудени лица, стои во соопштението од кабинетот на претседателката. Професорот Гордан Калајџиев и член на Комисијата за помилување претходно вечерва на неговиот фејсбук профил информираше дека членовите на Комисијата поднеле колективна оставка.
Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, стои во објвата на фејсбук профилот потпишана од Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска Ајтен Шаќири.
Оставката следува по превирањата во јавноста за помилувања од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

The post Прифатена оставката на Комисијата за помилување, претседателката ќе има консултации пред да го избере новиот состав appeared first on Република.

]]>
Ова се помилуваните од страна на претседателката Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-pomiluvanite-od-strana-na-pretsedatelkata-siljanovska-davkova/ Tue, 22 Oct 2024 20:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=830005

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, по укажување на комисијата за помилување, донесе одлука за поминување на десет осудени лица.

На тројца од нив казната затвор им се заменува со условна казна во траење од три години. За седум лица делумно се ослободуваат од издржување на останатиот дел од казните.

Како што претходно објавивме, меѓу помилуваните се братот на Шенки Версаче, кој нема да мора да ја одлежи казната од шест месеци затвор, додека на поранешниот битолски градоначалник, пак, Владимир Талески, му се намалува една година од казната.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pomiluvani-poranenshniot-bitolski-gradonachalnik-i-bratot-na-shenki-versache/

На листата „звучни“ се и имињата Акиф Рaвманоски, кој е член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов - првоосомничен во аферата „Шпион“. Во истрагата за случајот „Шпион“, полицијата утврди дека тој бил вработен во Агенцијата за разунавање, но во 2009 година откако добил отказ формирал злосторничка група во која влегле поранешни или тогаш сè уште активни вработени во УБК, Јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Воената полиција, Државниот архив и сопственици на медиуми… При претресот во неговиот дом биле пронајдени поголеми количини оружје, експолозив и најобемна документација со класифицирани информации од случајот „Шпион“.

Членови на комисијата за помилување кај претседателката Силјановска-Давкова се:  д-р Методија Каневчев (претседател), проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри- Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева-Ивановска и Ајтен Шаќири.

The post Ова се помилуваните од страна на претседателката Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, по укажување на комисијата за помилување, донесе одлука за поминување на десет осудени лица. На тројца од нив казната затвор им се заменува со условна казна во траење од три години. За седум лица делумно се ослободуваат од издржување на останатиот дел од казните. Како што претходно објавивме, меѓу помилуваните се братот на Шенки Версаче, кој нема да мора да ја одлежи казната од шест месеци затвор, додека на поранешниот битолски градоначалник, пак, Владимир Талески, му се намалува една година од казната. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pomiluvani-poranenshniot-bitolski-gradonachalnik-i-bratot-na-shenki-versache/ На листата „звучни“ се и имињата Акиф Рaвманоски, кој е член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов - првоосомничен во аферата „Шпион“. Во истрагата за случајот „Шпион“, полицијата утврди дека тој бил вработен во Агенцијата за разунавање, но во 2009 година откако добил отказ формирал злосторничка група во која влегле поранешни или тогаш сè уште активни вработени во УБК, Јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Воената полиција, Државниот архив и сопственици на медиуми… При претресот во неговиот дом биле пронајдени поголеми количини оружје, експолозив и најобемна документација со класифицирани информации од случајот „Шпион“. Членови на комисијата за помилување кај претседателката Силјановска-Давкова се:  д-р Методија Каневчев (претседател), проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри- Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева-Ивановска и Ајтен Шаќири.

The post Ова се помилуваните од страна на претседателката Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Помилувани пораненшниот битолски градоначалник и братот на Шенки Версаче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pomiluvani-poranenshniot-bitolski-gradonachalnik-i-bratot-na-shenki-versache/ Tue, 22 Oct 2024 18:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=829992

Претседателката Гордана Силјановска Давкова ги помилува поранешниот градоначалник на Општина Битола Владимир Талески и Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки кој од глава до пети е облечен во „Версаче“, дознава ТВ21.

Талески беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“. Со одлуката на претседателката доби намалување за една година.

Шенол Маслани, пак, се најде во полицискиот билтен во 2019 година кога полицијата се сомневаше дека тој е еден од 12 члената група која се заканувала на полициски службеник, пуштала во промет дрога и поседувала пушки и пиштоли.

The post Помилувани пораненшниот битолски градоначалник и братот на Шенки Версаче appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Силјановска Давкова ги помилува поранешниот градоначалник на Општина Битола Владимир Талески и Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки кој од глава до пети е облечен во „Версаче“, дознава ТВ21. Талески беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“. Со одлуката на претседателката доби намалување за една година. Шенол Маслани, пак, се најде во полицискиот билтен во 2019 година кога полицијата се сомневаше дека тој е еден од 12 члената група која се заканувала на полициски службеник, пуштала во промет дрога и поседувала пушки и пиштоли.

The post Помилувани пораненшниот битолски градоначалник и братот на Шенки Версаче appeared first on Република.

]]>
Честитка по повод еврејскиот празник Јом Кипур од македонската претседателка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-po-povod-evrejskiot-praznik-jom-kipur-od-makedonskata-pretsedatelka/ Sat, 12 Oct 2024 07:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=825782

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.

Дозволете ми на сите припадници на Eврејската заедница во Македонија да ви посакам „денот на деновите“, најсветиот еврејски празник - Јом Кипур да го поминете во мир и хармонија, во добро здравје и во радост и љубов. Одбележувањето на празникот на покајувањето и искупувањето, со молитва и пост, ни ја посведочува длабоката и жива духовност на Еврејскиот народ. Горди сме што иако мала, еврејската заедница во Македонија, суштински придонесува за нашето општество чувајќи ги сопствените традиции и крепејќи ги заедничките вредности, соживотот и заедништвото, стои во честитката на Сиљановска Давкова.

Натаму таа додава, „да го избегнеме вителот на светските геополитички искушенија и надминеме домашните премрежија. Да останеме сплотени и солидарни неуморно работејќи на просперитетот и напредокот на нашата татковина“.

Мојата порака ја завршувам со традиционалниот поздрав за Јом Кипур - G’mar chatima tova, стои во пораката на претседателката Сиљановска Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур.

The post Честитка по повод еврејскиот празник Јом Кипур од македонската претседателка appeared first on Република.

Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското малцинство, потенцира Сиљановска-Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-ima-sovet-za-maltsinstvo-vo-koe-go-nema-makedonskoto-maltsinstvo-potentsira-silanovska-davkova/ Fri, 11 Oct 2024 09:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=825457

Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското, потсети претседателката Гордана Сиљановска Давкова во вчерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-evropa-makedontsite-vo-bugarija-ne-mozhat-da-gi-uzhivaat-individualnite-maltsinski-prava/

Свест за постоење на малцинствата се гради, ако вие не ги почитувате пресудите на Судот во Стразбург, каде седи и бугарски претставник, значи вие и како држава не градите свест. Не велам јас, замислете сега Советот на Европа да побара од Бугарија да го смени Уставот, бидејќи Уставот како Устав што е инспириран од демосот, од индивидуализмот забранува партии врз етничка и верска поделба, но да го оставиме тоа ама Бугарија е потписник на Конвенцијата на заштита на правата на малцинствата, вели Сиљановска Давкова.

https://youtu.be/jTnceN0eyAM?si=BTArLEWge3GRkRhz

The post Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското малцинство, потенцира Сиљановска-Давкова appeared first on Република.

]]>

Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското, потсети претседателката Гордана Сиљановска Давкова во вчерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. https://republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-evropa-makedontsite-vo-bugarija-ne-mozhat-da-gi-uzhivaat-individualnite-maltsinski-prava/
Свест за постоење на малцинствата се гради, ако вие не ги почитувате пресудите на Судот во Стразбург, каде седи и бугарски претставник, значи вие и како држава не градите свест. Не велам јас, замислете сега Советот на Европа да побара од Бугарија да го смени Уставот, бидејќи Уставот како Устав што е инспириран од демосот, од индивидуализмот забранува партии врз етничка и верска поделба, но да го оставиме тоа ама Бугарија е потписник на Конвенцијата на заштита на правата на малцинствата, вели Сиљановска Давкова.
https://youtu.be/jTnceN0eyAM?si=BTArLEWge3GRkRhz

The post Бугарија има Совет за малцинство, во кое го нема македонското малцинство, потенцира Сиљановска-Давкова appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-ochekuvame-i-nashite-sosedi-da-gi-pochituvaat-dogovorite-bez-da-go-zloupotrebuvaat-pravoto-na-veto/ Tue, 08 Oct 2024 14:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=824259

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на пленарната сесија на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Тиват, Црна Гора.

Во обраќањето, Сиљановска Давкова се осврнала на евроинтеграцијата, како приоритетен предизвик на земјите од регионот. Според неа, чекалната на Европската Унија наречена Западен Балкан се празни само на два начини: со интегрирање на земјите од овој гео-политички регион во ЕУ или преку иселување на луѓето, особено младите, кои, како што посочила, се уморни од чекањето за членство на нивните држави во Европската Унија и се интегрираат по брза постапка, по скратен пат, неретко и со пасош на туѓа држава.

Ваквата демографска закана, според претседателката Сиљановска Давкова, е опасна не само за економијата, туку и за демократијата, бидејќи, како што посочила, помалку граѓани значи и сѐ помал притисок врз властите за европските реформи, за владеење на правото и борба против корупцијата, за демократските вредности и почитувањето на човековите права и слободи.

Процесот Брдо Бриони треба да ни помогне, оваа чекална наречена Западен Балкан да се испразни преку интегрирање на државите, а не мигрирање на граѓаните. Процесот ќе ја исполни својата цел тогаш кога и последната држава заглавена во овој гео-политички регион ќе стане полноправна членка на Унијата и кога жаргонот Западен Балкан ќе го испратиме во историјата, и тоа не подоцна од 2030-та година,  рекла претседателката Сиљановска Давкова, соопштија од нејзиниот Кабинет.

Таа посочила дека е неопходно сите земји да се третирани еднакво и напредувањето кон ЕУ да биде резултат на достигнувањето на европските реформи и критериуми поврзани со европското законодавство.

Како држава што е посветена на добрососедството и регионалната соработка, ние ги почитуваме билатераланите договори со нашите соседи и очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето, истакнала Сиљановска Давкова.

Пред лидерите на процесот Брдо-Бриони укажала на потребата за регионална соработка и поддржување едни со други, по примерот на скандинавските земји, истакнувајќи дека тоа е неопходно за да може да се фокусираме на клучните проблеми на регионот.

Веќе го спомнав иселувањето на младите. Кон тоа ќе ја додадам и потребата од инфраструктурно, енергетско и дигитално поврзување, што ќе помогне регионот да стане поконкурентен на поширокиот европски и глобален пазар. Планот на Европската Унија за раст за Западниот Балкан треба да биде инструмент од кој сите држави од регионот, независно од степенот на евроинтегративниот процес, да имаат еднаков бенефит. Но, на повидок е и уште посериозен проблем, а тоа се климатските промени,  рекла претседателката.

Според Сиљановска Давкова, европската реинтеграција, односно реунификација е незавршена без нас, оти поделбата на Запад и Исток е вештачка и мора да се надмине. Како што посочила, целосната интеграција на Балканот во ЕУ ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите, како и на балканизацијата како феномен.

Во изјава по завршувањето на состанокот, претседателката посочила дека собирот поминал во пријателска атмосфера и на него била потенцирана важноста за регионалната соработка и поддршка, истакнувајќи дека не можеме да очекуваме респект и разбирање од членките на ЕУ, доколку сами меѓу себе не се разбираме. Таа ја потенцирала клучната улога на иницијаторите за Процесот Брдо-Бриони, Словенија и Хрватска и изразила надеж за продолжување на нивната гласност во процесот на нашата реунификација или реинтеграција во Европа.

На денешниот самит, шефовите на делегациите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони усвоиле Декларација во која го потврдиле нивното непоколебливо уверување дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е најветувачкиот и најнезаменливиот пат кон Европа, потенцирајќи ја неопходноста од храбри чекори со цел обезбедување на долгорочна стабилност на континентот и создавајќи услови со цел младите луѓе да останат во регионот и да напредуваат во праведни, просперитетни и одржливи општества.

The post Сиљановска Давкова: Очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на пленарната сесија на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Тиват, Црна Гора. Во обраќањето, Сиљановска Давкова се осврнала на евроинтеграцијата, како приоритетен предизвик на земјите од регионот. Според неа, чекалната на Европската Унија наречена Западен Балкан се празни само на два начини: со интегрирање на земјите од овој гео-политички регион во ЕУ или преку иселување на луѓето, особено младите, кои, како што посочила, се уморни од чекањето за членство на нивните држави во Европската Унија и се интегрираат по брза постапка, по скратен пат, неретко и со пасош на туѓа држава. Ваквата демографска закана, според претседателката Сиљановска Давкова, е опасна не само за економијата, туку и за демократијата, бидејќи, како што посочила, помалку граѓани значи и сѐ помал притисок врз властите за европските реформи, за владеење на правото и борба против корупцијата, за демократските вредности и почитувањето на човековите права и слободи.
Процесот Брдо Бриони треба да ни помогне, оваа чекална наречена Западен Балкан да се испразни преку интегрирање на државите, а не мигрирање на граѓаните. Процесот ќе ја исполни својата цел тогаш кога и последната држава заглавена во овој гео-политички регион ќе стане полноправна членка на Унијата и кога жаргонот Западен Балкан ќе го испратиме во историјата, и тоа не подоцна од 2030-та година,  рекла претседателката Сиљановска Давкова, соопштија од нејзиниот Кабинет.
Таа посочила дека е неопходно сите земји да се третирани еднакво и напредувањето кон ЕУ да биде резултат на достигнувањето на европските реформи и критериуми поврзани со европското законодавство.
Како држава што е посветена на добрососедството и регионалната соработка, ние ги почитуваме билатераланите договори со нашите соседи и очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето, истакнала Сиљановска Давкова.
  Пред лидерите на процесот Брдо-Бриони укажала на потребата за регионална соработка и поддржување едни со други, по примерот на скандинавските земји, истакнувајќи дека тоа е неопходно за да може да се фокусираме на клучните проблеми на регионот.
Веќе го спомнав иселувањето на младите. Кон тоа ќе ја додадам и потребата од инфраструктурно, енергетско и дигитално поврзување, што ќе помогне регионот да стане поконкурентен на поширокиот европски и глобален пазар. Планот на Европската Унија за раст за Западниот Балкан треба да биде инструмент од кој сите држави од регионот, независно од степенот на евроинтегративниот процес, да имаат еднаков бенефит. Но, на повидок е и уште посериозен проблем, а тоа се климатските промени,  рекла претседателката.
Според Сиљановска Давкова, европската реинтеграција, односно реунификација е незавршена без нас, оти поделбата на Запад и Исток е вештачка и мора да се надмине. Како што посочила, целосната интеграција на Балканот во ЕУ ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите, како и на балканизацијата како феномен. Во изјава по завршувањето на состанокот, претседателката посочила дека собирот поминал во пријателска атмосфера и на него била потенцирана важноста за регионалната соработка и поддршка, истакнувајќи дека не можеме да очекуваме респект и разбирање од членките на ЕУ, доколку сами меѓу себе не се разбираме. Таа ја потенцирала клучната улога на иницијаторите за Процесот Брдо-Бриони, Словенија и Хрватска и изразила надеж за продолжување на нивната гласност во процесот на нашата реунификација или реинтеграција во Европа. На денешниот самит, шефовите на делегациите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони усвоиле Декларација во која го потврдиле нивното непоколебливо уверување дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е најветувачкиот и најнезаменливиот пат кон Европа, потенцирајќи ја неопходноста од храбри чекори со цел обезбедување на долгорочна стабилност на континентот и создавајќи услови со цел младите луѓе да останат во регионот и да напредуваат во праведни, просперитетни и одржливи општества.

The post Сиљановска Давкова: Очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето appeared first on Република.

]]>
Средба Сиљановска-Милановиќ: Eвроинтеграцијата најдобриот пат за развој на регионот и стабилноста на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-silanovska-milanovik-evrointegratsijata-najdobriot-pat-za-razvoj-na-regionot-i-stabilnosta-na-evropa/ Tue, 08 Oct 2024 10:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=824128

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ во Тиват, Црна Гора, каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова, како  што соопшти нејзиниот Кабинет, изразила благодарност за цврстата и континуирана поддршка од Хрватска во процесот на евроинтеграции, што е најдобриот пат за развој на нашиот регион и стабилноста на Европа.

Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека евроинтеграцискиот процес мора да се ослободи од оковите на билатералните прашања и целосно да се дебилатеризира, посочувајќи на опасноста од зголемување на евроскептицизмот поради актуелниот ќор-сокак во кој се наоѓа процесот.

Претседателката Сиљановска Давкова посочила на потребата Европската Унија да ја потврди својата јасна посветеност на регионот, како што беше направено на Самитот во Солун во 2003 година, а процесот на интеграција да се базира на исполнување на критериумите од Копенхаген како единствени услови за влез во унијата.

Во контекст на регионалната соработка, Сиљановска Давкова истакнала дека нејзиното зајакнување ќе обезбеди нашиот регион да остане отпорен на надворешни притисоци.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова потенцирала и дека како НАТО сојузници, силно сме посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорности во рамките на Алијансата, придонесувајќи за меѓународните мировни операции, споделувајќи заеднички ставови во однос на ситуацијата на регионално и мултилатерално ниво за мир и стабилност во регионот.

Во разговорите било констатирано дека двете држави негуваат одлични билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заемен интерес и долгогодишно пријателство

The post Средба Сиљановска-Милановиќ: Eвроинтеграцијата најдобриот пат за развој на регионот и стабилноста на Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ во Тиват, Црна Гора, каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. На средбата претседателката Сиљановска Давкова, како  што соопшти нејзиниот Кабинет, изразила благодарност за цврстата и континуирана поддршка од Хрватска во процесот на евроинтеграции, што е најдобриот пат за развој на нашиот регион и стабилноста на Европа. Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека евроинтеграцискиот процес мора да се ослободи од оковите на билатералните прашања и целосно да се дебилатеризира, посочувајќи на опасноста од зголемување на евроскептицизмот поради актуелниот ќор-сокак во кој се наоѓа процесот. Претседателката Сиљановска Давкова посочила на потребата Европската Унија да ја потврди својата јасна посветеност на регионот, како што беше направено на Самитот во Солун во 2003 година, а процесот на интеграција да се базира на исполнување на критериумите од Копенхаген како единствени услови за влез во унијата. Во контекст на регионалната соработка, Сиљановска Давкова истакнала дека нејзиното зајакнување ќе обезбеди нашиот регион да остане отпорен на надворешни притисоци. На средбата претседателката Сиљановска Давкова потенцирала и дека како НАТО сојузници, силно сме посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорности во рамките на Алијансата, придонесувајќи за меѓународните мировни операции, споделувајќи заеднички ставови во однос на ситуацијата на регионално и мултилатерално ниво за мир и стабилност во регионот. Во разговорите било констатирано дека двете држави негуваат одлични билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заемен интерес и долгогодишно пријателство

The post Средба Сиљановска-Милановиќ: Eвроинтеграцијата најдобриот пат за развој на регионот и стабилноста на Европа appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова на состанок на Процесот Брдо-Бриони во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-sostanok-na-protsesot-brdo-brioni-vo-tsrna-gora/ Mon, 07 Oct 2024 08:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=823711

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на покана на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Од Кабинетот на Сиљановска Давкова денеска информираа дека темите на дискусија на кои се фокусира самитот се надоврзуваат на декларацијата усвоена на минатогодишниот состанок на Процесот Брдо-Бриони и ги адресираат прашањата поврзани со младите и младинските политики, потребата од поголемо регионално поврзување, одржливиот развој и заштита на животната средина, како прашања од заеднички интерес за земјите од Западен Балкан.

На самитот што се одржува во Тиват и чиј домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, предвидено е учеството и на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Процесот Брдо-Бриони е формиран во 2013 година на заедничка иницијатива на Словенија и Хрватска и го промовира дијалогот и соработката помеѓу шефовите на држави и Влади за прашањата од взаемен интерес, со крајна цел - интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на состанок на Процесот Брдо-Бриони во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на покана на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Од Кабинетот на Сиљановска Давкова денеска информираа дека темите на дискусија на кои се фокусира самитот се надоврзуваат на декларацијата усвоена на минатогодишниот состанок на Процесот Брдо-Бриони и ги адресираат прашањата поврзани со младите и младинските политики, потребата од поголемо регионално поврзување, одржливиот развој и заштита на животната средина, како прашања од заеднички интерес за земјите од Западен Балкан. На самитот што се одржува во Тиват и чиј домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, предвидено е учеството и на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Процесот Брдо-Бриони е формиран во 2013 година на заедничка иницијатива на Словенија и Хрватска и го промовира дијалогот и соработката помеѓу шефовите на држави и Влади за прашањата од взаемен интерес, со крајна цел - интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на состанок на Процесот Брдо-Бриони во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова се сретна со претседателот на САД, Џо Бајден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-se-sretna-so-pretsedatelot-na-sad-dho-bajden/ Fri, 27 Sep 2024 16:43:00 +0000 https://republika.mk/?p=820371

Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова денеска се сретна со претседателот на Соединетите американски држави Џо Бајден и неговата сопруга Џил.

Срдечен поздрав во знак на меѓусебно разбирање и поддршка. Изразив восхит од инспиративните обраќања на претседателот Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови на држави, напиша Силјановска Давкова во објавата на Фејсбук.

Таа во Њујорк присуствувала на приемот што го приредиле претседателот и првата дама на САД за шефовите на делегациите на Генералното собрание на Обединетите нации.

Претседателката вчера имаше обраќање на 79. Генералното собрание на ОН во Њујорк.

The post Силјановска Давкова се сретна со претседателот на САД, Џо Бајден appeared first on Република.

]]>

Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова денеска се сретна со претседателот на Соединетите американски држави Џо Бајден и неговата сопруга Џил.
Срдечен поздрав во знак на меѓусебно разбирање и поддршка. Изразив восхит од инспиративните обраќања на претседателот Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови на држави, напиша Силјановска Давкова во објавата на Фејсбук.
Таа во Њујорк присуствувала на приемот што го приредиле претседателот и првата дама на САД за шефовите на делегациите на Генералното собрание на Обединетите нации. Претседателката вчера имаше обраќање на 79. Генералното собрание на ОН во Њујорк.

The post Силјановска Давкова се сретна со претседателот на САД, Џо Бајден appeared first on Република.

]]>