Гордана Сиљановска Давкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-silanovska-davkova/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 17:42:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гордана Сиљановска Давкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-silanovska-davkova/ 32 32 Сиљановска Давкова – Милатoвиќ: Двете земји имаат исклучително добри односи, да се интензивира економската соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-milatovik-dvete-zemji-imaat-iskluchitelno-dobri-odnosi-da-se-intenzivira-ekonomskata-sorabotka/ Thu, 28 Nov 2024 17:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=842890

Македонија и Црна Гора имаат исклучително добри односи и немаат отворени прашања. Политичкиот дијалог меѓу двете држави е на највисоко ниво и сведочи за обостраната посветеност за понатамошно јакнење на соработката, особено на економски план, констатираа претседателите Гордана Сиљановска Давкова и Јаков Милатовиќ на денешната прес-конференција во Цетиње.

Милатовиќ нагласи дека двете држави делат заедничка цел, а тоа е интеграцијата во Европската унија.

– Во 2005 година тогаш Македонија, сега Македонија, стана земја кандидатка за членство во ЕУ. Тоа беше четири или пет години пред да стане Црна Гора кандидатка. После 20 години, Македонија се уште нема отворено ниту едно преговарачко поглавје, меѓу останатото поради билатералните односи со земјите од соседството, рече црногорскиот претседател.

Црна Гора како лидер во тој процес, како што посочи тој, тежнее да стане 28 членка на ЕУ до 2028 година и на тој пат останува искрен пријател на евроинтеграцијата на Македонија и на целиот регион.

Претседателка Сиљановска – Давкова, говорејќи за уставните измени, рече дека како држава повторно сме соочени, сега на барање на ЕУ, да посегнеме по нови уставни измени.

-Соломанското решение што ќе доведе до вин вин ситуација го гледаме во одложното дејство на уставните измени. Причината – логична. Секогаш кога ќе ги завршите преговорите за ЕУ и кога ќе започне и ќе заврши процесот на ратификација се посега или редовно по уставни измени – логично е тогаш и оваа уставна измена да стапи во сила тогаш, а не сега, бидејќи ние сме рекордери во уставни измени, за 30-ина години дури 36 уставни измени најчесто иницирани однадвор, а не одвнатре, нагласи претседателката.

Милатовиќ напомена дека посебно му е драго што во рамки на претстојните промени на Уставот, доколку Македонија се одлучи за тоа, ќе биде додадено и црногорското малцинство. – За Црна Гора уставното признавање на црногорското малцинство е знак на пријателство бидејќи тоа дополнително ќе овозможи ново поголемо гледање и подобро остварување на нивните права, рече тој.

Сиљановска Давкова посочи дека нема никаков проблем во Преамбулата да се внесат и Црногорците и дека никој не негира бидејќи, како што додаде, сите помниме дека сме биле повеќе од 50 години заедно во добро и во зло.

Двајцата претседатели се согласија дека билатералната соработка е добро развиена, посебно во областа на одбраната, внатрешните работи и културата, како и интензивната соработка на локалните самоуправи.

На денешната средба, Сиљановска Давкова и Милатовиќ се согласиле дека заедничка седница на владите на двете држави треба што поскоро да биде одржана.

[caption id="attachment_842893" align="alignleft" width="960"] фото: Facebook / Jakov Milatović[/caption]

– Целосно се согласувам со претседателот дека извонредните политички односи засновани на почит и разбирање треба да продолжат со економска соработка, бидејќи навистина таа во сегашните размери е симболична. Инфраструктурно треба да се поврземе, во сите области треба да соработуваме бидејќи кога велам дека мене регионалниот интерес ми е најважен, идеалистички сметам дека е многу важно да се потенцира дека ако не се штитите меѓу себе не може да очекувате заштита од надвор. Ако не се разбирате регионално меѓу себе, не можете да очекувате разбирање однадвор, рече Сиљановска Давкова.

Милатовиќ додаде дека се согласиле оти би било исклучително значајно да одржат заедничка мешовита комисија за економска соработка за да се даде дополнителен импулс во овој правец.

Во контекст на тоа посочи дека вкупната трговска размена меѓу двете земји е на ниво под потенцијалот, осносно изнесува само 50 милиони евра.

-Клучниот предуслов за тоа е подобра сообраќајна поврзаност. Зборувавме за развој на железничкиот сообраќај како би можело Скопје, Тирана и Подгорица да бидат подобро поврзани, додаде црногорскиот претседател.

Милатовиќ на прес-конференцијата потенцира дека посебно го радува именувањето на Радмила Шекеринска, ексминистерка за одбрана за заменичка на генералниот секретар на НАТО. Ова, како што додаде, е големо признание и за Македонија, но и за целиот регион.

-Уверени сме дека со неа на таа висока позиција уште поефикасно ќе придонесуваме за јакнење на регионалната стабилност, нагласи црногорскиот претседател.

На средбата повторно било покренато и прашањето на воспоставување на авиолинија меѓу двете држави.

– Повторно го покренавме прашањето на воспоставување на авиолинија меѓу нашите земји и јас мислам дека нашиот амбасадор во Скопје интензивно во претходниот период работеше на тоа и верувам дека ќе имаме резултат напролет наредната година, рече Милатовиќ.

По заедничката прес-конференција, двајцата претседатели во дворот на резиденцијата на претседателот на Црна Гора засадија дрво на пријателство.

Попладнево, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрја Мандиќ.

The post Сиљановска Давкова – Милатoвиќ: Двете земји имаат исклучително добри односи, да се интензивира економската соработка appeared first on Република.

]]>

Македонија и Црна Гора имаат исклучително добри односи и немаат отворени прашања. Политичкиот дијалог меѓу двете држави е на највисоко ниво и сведочи за обостраната посветеност за понатамошно јакнење на соработката, особено на економски план, констатираа претседателите Гордана Сиљановска Давкова и Јаков Милатовиќ на денешната прес-конференција во Цетиње. Милатовиќ нагласи дека двете држави делат заедничка цел, а тоа е интеграцијата во Европската унија.
– Во 2005 година тогаш Македонија, сега Македонија, стана земја кандидатка за членство во ЕУ. Тоа беше четири или пет години пред да стане Црна Гора кандидатка. После 20 години, Македонија се уште нема отворено ниту едно преговарачко поглавје, меѓу останатото поради билатералните односи со земјите од соседството, рече црногорскиот претседател.
Црна Гора како лидер во тој процес, како што посочи тој, тежнее да стане 28 членка на ЕУ до 2028 година и на тој пат останува искрен пријател на евроинтеграцијата на Македонија и на целиот регион. Претседателка Сиљановска – Давкова, говорејќи за уставните измени, рече дека како држава повторно сме соочени, сега на барање на ЕУ, да посегнеме по нови уставни измени.
-Соломанското решение што ќе доведе до вин вин ситуација го гледаме во одложното дејство на уставните измени. Причината – логична. Секогаш кога ќе ги завршите преговорите за ЕУ и кога ќе започне и ќе заврши процесот на ратификација се посега или редовно по уставни измени – логично е тогаш и оваа уставна измена да стапи во сила тогаш, а не сега, бидејќи ние сме рекордери во уставни измени, за 30-ина години дури 36 уставни измени најчесто иницирани однадвор, а не одвнатре, нагласи претседателката.
Милатовиќ напомена дека посебно му е драго што во рамки на претстојните промени на Уставот, доколку Македонија се одлучи за тоа, ќе биде додадено и црногорското малцинство. – За Црна Гора уставното признавање на црногорското малцинство е знак на пријателство бидејќи тоа дополнително ќе овозможи ново поголемо гледање и подобро остварување на нивните права, рече тој. Сиљановска Давкова посочи дека нема никаков проблем во Преамбулата да се внесат и Црногорците и дека никој не негира бидејќи, како што додаде, сите помниме дека сме биле повеќе од 50 години заедно во добро и во зло. Двајцата претседатели се согласија дека билатералната соработка е добро развиена, посебно во областа на одбраната, внатрешните работи и културата, како и интензивната соработка на локалните самоуправи. На денешната средба, Сиљановска Давкова и Милатовиќ се согласиле дека заедничка седница на владите на двете држави треба што поскоро да биде одржана. [caption id="attachment_842893" align="alignleft" width="960"] фото: Facebook / Jakov Milatović[/caption]
– Целосно се согласувам со претседателот дека извонредните политички односи засновани на почит и разбирање треба да продолжат со економска соработка, бидејќи навистина таа во сегашните размери е симболична. Инфраструктурно треба да се поврземе, во сите области треба да соработуваме бидејќи кога велам дека мене регионалниот интерес ми е најважен, идеалистички сметам дека е многу важно да се потенцира дека ако не се штитите меѓу себе не може да очекувате заштита од надвор. Ако не се разбирате регионално меѓу себе, не можете да очекувате разбирање однадвор, рече Сиљановска Давкова.
Милатовиќ додаде дека се согласиле оти би било исклучително значајно да одржат заедничка мешовита комисија за економска соработка за да се даде дополнителен импулс во овој правец. Во контекст на тоа посочи дека вкупната трговска размена меѓу двете земји е на ниво под потенцијалот, осносно изнесува само 50 милиони евра.
-Клучниот предуслов за тоа е подобра сообраќајна поврзаност. Зборувавме за развој на железничкиот сообраќај како би можело Скопје, Тирана и Подгорица да бидат подобро поврзани, додаде црногорскиот претседател.
Милатовиќ на прес-конференцијата потенцира дека посебно го радува именувањето на Радмила Шекеринска, ексминистерка за одбрана за заменичка на генералниот секретар на НАТО. Ова, како што додаде, е големо признание и за Македонија, но и за целиот регион.
-Уверени сме дека со неа на таа висока позиција уште поефикасно ќе придонесуваме за јакнење на регионалната стабилност, нагласи црногорскиот претседател.
На средбата повторно било покренато и прашањето на воспоставување на авиолинија меѓу двете држави.
– Повторно го покренавме прашањето на воспоставување на авиолинија меѓу нашите земји и јас мислам дека нашиот амбасадор во Скопје интензивно во претходниот период работеше на тоа и верувам дека ќе имаме резултат напролет наредната година, рече Милатовиќ.
По заедничката прес-конференција, двајцата претседатели во дворот на резиденцијата на претседателот на Црна Гора засадија дрво на пријателство. Попладнево, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрја Мандиќ.

The post Сиљановска Давкова – Милатoвиќ: Двете земји имаат исклучително добри односи, да се интензивира економската соработка appeared first on Република.

]]>
Сиљановска-Давкова за изјавата на Кос: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-za-izjavata-na-kos-toa-me-plashi-bidejki-zvuchi-kako-direktno-meshane-vo-vnatreshnite-raboti/ Thu, 28 Nov 2024 16:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=842877

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Подгорица, ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која вчера кажа дека очекува Македонија да направи уставни измени.

Според претседателката, тоа звучи како мешање во внатрешните работи на земјава.

„Имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи на нешто како земи го или остави го. Тоа не е филозофија, тоа е софистицирано евромандаринство. Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи“, изјави Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзиниот црногорски колега, Јаков Милатовиќ.

Кос кажа дека таа не е некој кој може да даде гаранции дека во иднина Бугарија нема да блокира. Бугарија бара Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот. Македонија уште е во чекалната на ЕУ.

The post Сиљановска-Давкова за изјавата на Кос: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Подгорица, ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која вчера кажа дека очекува Македонија да направи уставни измени. Според претседателката, тоа звучи како мешање во внатрешните работи на земјава.
„Имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи на нешто како земи го или остави го. Тоа не е филозофија, тоа е софистицирано евромандаринство. Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи“, изјави Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзиниот црногорски колега, Јаков Милатовиќ.
Кос кажа дека таа не е некој кој може да даде гаранции дека во иднина Бугарија нема да блокира. Бугарија бара Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот. Македонија уште е во чекалната на ЕУ.

The post Сиљановска-Давкова за изјавата на Кос: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-vo-ofitsijalna-poseta-na-tsrna-gora/ Thu, 28 Nov 2024 07:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=842553

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора.

Сиљановска Давкова, денеска во Цетиње, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе засадат дрво на пријателство во дворот на резиденцијата на претседателот на Црна Гора.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

Според агендата, утре, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“

The post Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора. Сиљановска Давкова, денеска во Цетиње, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави. Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе засадат дрво на пријателство во дворот на резиденцијата на претседателот на Црна Гора. Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. Според агендата, утре, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“

The post Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konstitutivna-sednitsa-na-noviot-sostav-na-komisijata-za-pomiluvane/ Tue, 26 Nov 2024 14:15:17 +0000 https://republika.mk/?p=841960

Денеска во Кабинетот на Претседателот се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на комисијата.

За претседател на Комисијата за помилување е именувана д-р Милка Ристова, а за членови се именувани проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.

На првата седница на новиот состав на Комисијата за помилување присуствуваше претседателката Сиљановска Давкова, која на членовите на комисијата им посака успешна работа, изразувајќи уверување дека комисијата со својата работа, почитувајќи ги принципите за транспарентност и отчетност, праведност и еднаквост, хуманост и разбирање, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности - велат од Кабинетот на претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги своите заложби за владеење на правото и почитување на човековите права, ја нагласи важноста на институтот помилување и потребата целата постапка да не биде предмет на дневнополитички препукувања.

Таа изрази очекување дека сите одлуки на комисијата ќе бидат во согласност со јавниот интерес и општествените вредности, а секој случај ќе се разгледува со најголема професионалност, во рамки на законски утврдена постапка.

The post Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>

Денеска во Кабинетот на Претседателот се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на комисијата. За претседател на Комисијата за помилување е именувана д-р Милка Ристова, а за членови се именувани проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.
На првата седница на новиот состав на Комисијата за помилување присуствуваше претседателката Сиљановска Давкова, која на членовите на комисијата им посака успешна работа, изразувајќи уверување дека комисијата со својата работа, почитувајќи ги принципите за транспарентност и отчетност, праведност и еднаквост, хуманост и разбирање, ќе придонесе за јакнење на институционалната доверба, а одлуките ќе бидат пример за почитување на демократските вредности - велат од Кабинетот на претседателката.
Претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги своите заложби за владеење на правото и почитување на човековите права, ја нагласи важноста на институтот помилување и потребата целата постапка да не биде предмет на дневнополитички препукувања. Таа изрази очекување дека сите одлуки на комисијата ќе бидат во согласност со јавниот интерес и општествените вредности, а секој случај ќе се разгледува со најголема професионалност, во рамки на законски утврдена постапка.

The post Конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>
Митева за средбата Давкова – Филипче: Не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-za-sredbata-davkova-filipche-ne-bi-mozhela-da-iznesuvam-stavovi-vo-aspekt-na-vlada-se-nadevam-deka-ke-imaat-konstruktiven-razgovor/ Tue, 26 Nov 2024 12:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=841920

Со оглед на фактот што станува збор за средба меѓу претседател на држава и претседател на опозицијата, јас не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор за насоките во кои што ќе се делува во иднина, изјави портпаролот на Владата, Марија Митева, прашана за став околу денешната средба на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржи работна средба со лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во Вила Водно со почеток во 15 часот. По средбата, најавена е изјава за медиуми на лидерот на СДСМ.

The post Митева за средбата Давкова – Филипче: Не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор appeared first on Република.

]]>

Со оглед на фактот што станува збор за средба меѓу претседател на држава и претседател на опозицијата, јас не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор за насоките во кои што ќе се делува во иднина, изјави портпаролот на Владата, Марија Митева, прашана за став околу денешната средба на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со лидерот на СДСМ Венко Филипче.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржи работна средба со лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во Вила Водно со почеток во 15 часот. По средбата, најавена е изјава за медиуми на лидерот на СДСМ.

The post Митева за средбата Давкова – Филипче: Не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/silanovska-davkova-nub-sv-kliment-ohridski-e-ambasador-na-makedonskata-kulturna-istorija-i-chuvar-na-makedonskiot-identitet/ Sat, 23 Nov 2024 15:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=841116

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ се обрати на свеченото одбележување на јубилејот – 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа во слободна Македонија.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста.

Таа изрази најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении, истакнувајќи дека нивното наследство, како што рече, е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Почитувани присутни,

Се согласувам со филозофот Клод Леви Строс кога вели дека : „ книгата е животна супстанца со која се храниме”. Признавам, ненаситна сум на книги.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е океан на духовна храна, непресушен вруток на знаење, космос на идеи, вулкан на нови сознанија. Таа е светилник на умот и срце на мудроста.

Осум децении од првите чекори на оваа институција, тогаш со име Народна библиотека, со првичен фонд од 150.000 книги, 50 читатателски места и 12 вработени вљубеници во книгата, се осум децении на учење, борба, непокорност и истрајност во мисијата – чувар на македонскиот идентитет, култура и колективна меморија.

Од 1944 година, кога се круниса ослободувањето на таковината па до денешната дигитална ера, библиотеката континуирано ги надминува границите на просторот и времето.

Во историските мигови на раѓање на македонската државност, среде пепелта на војната, асномските визионери го положија темелот на народната библиотека – храм на словото, и речта, симбол македонската ренесанса. Во скромен, но свет простор, таа не собра само книги, туку и идеали, визии и надеж. Стана сонце на македонскиот дух, мост меѓу минатото и сегашноста, симфонија на мислите, буквите, речениците, сликите и мечтите.

Чекорењето на оваа легендарна институција беше тежок, трнлив, полн со премрежја и предизвици пат. Катастрофалниот земјотрес не го разурна само убавиот град Скопје, туку и најголемиот дом на книгите-библиотеката, но не и духот на библиотеката и библиотекарите. Над половина милион книги го изгубија животот. Со истрајност и несебична пожртвуваност, библофилите се бореа за секој ракопис, секоја книга, секој збор – свесни дека го спасуваат не само културното наследство, туку и душата на еден народ.

Во годините потоа, по привремениот престој во Даут Пашин Амам и монтажниот објект, библиотеката, во 1971 година, се всели во својот нов дом, граден со љубов и почит, небаре културен храм. Растеше, се развиваше и иновираше. Создаваше непроценливи збирки – онаа за старословенските ракописи или ориенталните ракописи, ретките книги и периодика, кредибилни историски сведоци.

Секој дел од библиотеката е зрак од нашето културно сонце, причина за гордост, инспирација.

Замислете си град со три милиони жители – библиотечни единици, сведоци и чувари на минатото, творци на новите вредности. Потсетете се на првите луѓе на библиотеката, меѓу кои врвни писатели, интелектуалци, ерудити, заколнати пријатели на книгата!

Со дигитализацијата на своите богатства, оваа институција зачекори кон нова ера. Старословенски ракописи, музичките партитури, ретките карти и книги, сега, сите се на сигурно, во дигитална форма, непокорно пркосејќи му на заборавот и на времето. Македонската култура, овековечена во овие дигитални артефакти, денес е достапна насекаде, носејќи ја нашата историја, музика и мисла ширум светот.

Тука, во овие ѕидови исполнети со вековна мудрост, приказните на нашите предци се пренесуваат од генерација на генерација, а делата на нашите современици ја осветлуваат патеката кон иднината.

Почитувани,

НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста.

Дозволете ми, да им изразам најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении. Нивното наследство е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото.

Не случајно и не попусто НУБ „Св. Климент Охридски“ е лауреат на: Орденот „Заслуги за народ“, наградата „11 Октомври“, Повелбата на културата „Климент Охридски“!

Не случајно и не попусто во овој дом се вдомиле и : „Британскиот совет“, „Гетеовиот институт“, Кинескиот културен центар „Конфуциј“.

Не случајно, и јас сум домувала овде работејќи на магистерскиот труд и докторатот, уживајќи во светот на книгите. Можеби затоа, проблемите со кои се соочуваше оваа уникатна институција секогаш ги доживував како свои, се солидаризирав се со книгите и нивните врвни и верни пријатели.

Нека оваа значајна годишнина биде наша заедничка гордост, инспирација и поттик за постојана и силна грижа за библиотеките и книгите, уверени дека нашата култура е највисокиот израз на нашето постоење!

Заеднички да продолжиме да ја пишуваме и читаме оваа приказна – овој роман „река“, што велат Французите, во кој е документирано минатото, насликана сегашноста, антиципирана иднината!

Нека е честит јубилејот! Да живеат книгите, да ни е вечна НУБ „Св. Климент Охридски“, под негова закрила.

The post Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ се обрати на свеченото одбележување на јубилејот – 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа во слободна Македонија. Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста. Таа изрази најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении, истакнувајќи дека нивното наследство, како што рече, е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова. Почитувани присутни, Се согласувам со филозофот Клод Леви Строс кога вели дека : „ книгата е животна супстанца со која се храниме”. Признавам, ненаситна сум на книги. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е океан на духовна храна, непресушен вруток на знаење, космос на идеи, вулкан на нови сознанија. Таа е светилник на умот и срце на мудроста. Осум децении од првите чекори на оваа институција, тогаш со име Народна библиотека, со првичен фонд од 150.000 книги, 50 читатателски места и 12 вработени вљубеници во книгата, се осум децении на учење, борба, непокорност и истрајност во мисијата – чувар на македонскиот идентитет, култура и колективна меморија. Од 1944 година, кога се круниса ослободувањето на таковината па до денешната дигитална ера, библиотеката континуирано ги надминува границите на просторот и времето. Во историските мигови на раѓање на македонската државност, среде пепелта на војната, асномските визионери го положија темелот на народната библиотека – храм на словото, и речта, симбол македонската ренесанса. Во скромен, но свет простор, таа не собра само книги, туку и идеали, визии и надеж. Стана сонце на македонскиот дух, мост меѓу минатото и сегашноста, симфонија на мислите, буквите, речениците, сликите и мечтите. Чекорењето на оваа легендарна институција беше тежок, трнлив, полн со премрежја и предизвици пат. Катастрофалниот земјотрес не го разурна само убавиот град Скопје, туку и најголемиот дом на книгите-библиотеката, но не и духот на библиотеката и библиотекарите. Над половина милион книги го изгубија животот. Со истрајност и несебична пожртвуваност, библофилите се бореа за секој ракопис, секоја книга, секој збор – свесни дека го спасуваат не само културното наследство, туку и душата на еден народ. Во годините потоа, по привремениот престој во Даут Пашин Амам и монтажниот објект, библиотеката, во 1971 година, се всели во својот нов дом, граден со љубов и почит, небаре културен храм. Растеше, се развиваше и иновираше. Создаваше непроценливи збирки – онаа за старословенските ракописи или ориенталните ракописи, ретките книги и периодика, кредибилни историски сведоци. Секој дел од библиотеката е зрак од нашето културно сонце, причина за гордост, инспирација. Замислете си град со три милиони жители – библиотечни единици, сведоци и чувари на минатото, творци на новите вредности. Потсетете се на првите луѓе на библиотеката, меѓу кои врвни писатели, интелектуалци, ерудити, заколнати пријатели на книгата! Со дигитализацијата на своите богатства, оваа институција зачекори кон нова ера. Старословенски ракописи, музичките партитури, ретките карти и книги, сега, сите се на сигурно, во дигитална форма, непокорно пркосејќи му на заборавот и на времето. Македонската култура, овековечена во овие дигитални артефакти, денес е достапна насекаде, носејќи ја нашата историја, музика и мисла ширум светот. Тука, во овие ѕидови исполнети со вековна мудрост, приказните на нашите предци се пренесуваат од генерација на генерација, а делата на нашите современици ја осветлуваат патеката кон иднината. Почитувани, НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста. Дозволете ми, да им изразам најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении. Нивното наследство е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото. Не случајно и не попусто НУБ „Св. Климент Охридски“ е лауреат на: Орденот „Заслуги за народ“, наградата „11 Октомври“, Повелбата на културата „Климент Охридски“! Не случајно и не попусто во овој дом се вдомиле и : „Британскиот совет“, „Гетеовиот институт“, Кинескиот културен центар „Конфуциј“. Не случајно, и јас сум домувала овде работејќи на магистерскиот труд и докторатот, уживајќи во светот на книгите. Можеби затоа, проблемите со кои се соочуваше оваа уникатна институција секогаш ги доживував како свои, се солидаризирав се со книгите и нивните врвни и верни пријатели. Нека оваа значајна годишнина биде наша заедничка гордост, инспирација и поттик за постојана и силна грижа за библиотеките и книгите, уверени дека нашата култура е највисокиот израз на нашето постоење! Заеднички да продолжиме да ја пишуваме и читаме оваа приказна – овој роман „река“, што велат Французите, во кој е документирано минатото, насликана сегашноста, антиципирана иднината! Нека е честит јубилејот! Да живеат книгите, да ни е вечна НУБ „Св. Климент Охридски“, под негова закрила.

The post Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>
Престижната функција е од големо значење за целата држава: Сиљановска Давкова лично ќе ѝ честита на Шекеринска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prestizhnata-funktsija-e-od-golemo-znachene-za-tselata-drzhava-silanovska-davkova-lichno-ke-i-chestita-na-shekerinska/ Wed, 20 Nov 2024 21:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=840104

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО.
На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот.
Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, објави Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

The post Престижната функција е од големо значење за целата држава: Сиљановска Давкова лично ќе ѝ честита на Шекеринска appeared first on Република.

]]>

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО. На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот. Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, објави Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

The post Престижната функција е од големо значење за целата држава: Сиљановска Давкова лично ќе ѝ честита на Шекеринска appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова на средба со заменик извршната директорка на УНИЦЕФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-sredba-so-zamenik-izvrshnata-direktorka-na-unitsef/ Wed, 13 Nov 2024 15:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=837266

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со Кити ван дер Хејден, заменик извршна директорка на УНИЦЕФ.

Kако што сооопштуваат од нејзиниот кабинет, на средбата било изразено задоволство од континуираната плодна соработка во повеќе клучни области коишто се однесуваат на благосостојбата на децата и младите во македонското општество, со посебен фокус на рамноправноста, инклузивноста, унапредувањето и заштитата на нивните права.

Во контекст на климатските промени и нивниот ефект врз животот на децата, претседателката Сиљановска Давкова и заменик извршната директорка на УНИЦЕФ, ван дер Хејден, ја потенцирале важноста на политиките насочени кон промоција на одржлив развој и зелени иницијативи за заштита на животната средина.

Во таа насока била нагласена потребата нашата држава да го вклучи прашањето на децата во својот трет Национален поднесок за климатска акција, со цел создавање системски механизми за нивната заштита од климатски промени.

Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмирала подготвеноста на македонските институции за натамошна соработка со УНИЦЕФ, во насока на создавање услови секое дете да има еднакви шанси и можности за искористување на својот потенцијал, пристап до квалитетно образование, здравствена грижа и заштита.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на средба со заменик извршната директорка на УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со Кити ван дер Хејден, заменик извршна директорка на УНИЦЕФ. Kако што сооопштуваат од нејзиниот кабинет, на средбата било изразено задоволство од континуираната плодна соработка во повеќе клучни области коишто се однесуваат на благосостојбата на децата и младите во македонското општество, со посебен фокус на рамноправноста, инклузивноста, унапредувањето и заштитата на нивните права. Во контекст на климатските промени и нивниот ефект врз животот на децата, претседателката Сиљановска Давкова и заменик извршната директорка на УНИЦЕФ, ван дер Хејден, ја потенцирале важноста на политиките насочени кон промоција на одржлив развој и зелени иницијативи за заштита на животната средина. Во таа насока била нагласена потребата нашата држава да го вклучи прашањето на децата во својот трет Национален поднесок за климатска акција, со цел создавање системски механизми за нивната заштита од климатски промени. Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмирала подготвеноста на македонските институции за натамошна соработка со УНИЦЕФ, во насока на создавање услови секое дете да има еднакви шанси и можности за искористување на својот потенцијал, пристап до квалитетно образование, здравствена грижа и заштита.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на средба со заменик извршната директорка на УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>
Интерес за економска соработка со Казахстан, средба на Сиљановска Давкова со казахстанскиот претседател Токајев во Баку https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/interes-za-ekonomska-sorabotka-so-kazahstan-sredba-na-silanovska-davkova-so-kazahstanskiot-pretsedatel-tokajev-vo-baku/ Wed, 13 Nov 2024 14:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=837260

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Џомарт Токајев. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави и беа разменети мислења за актуелните геополитички состојби, како и за регионалната улога на двете држави, соопшти нејзиниот кабинет.

Како мост помеѓу Азија и Европа, претседателката го поздравила придонесот на Казахстан и нивното значително влијание во глобални рамки, при што изразила подготвеност за продолжување на кооперативноста и конструктивноста во рамки на меѓународните организации, особено во Обединетите Нации и ОБСЕ.

На средбата меѓу двајцата претседатели станало збор и за можностите за соработка во сферата на културата, науката и образованието, за што претседателката Сиљановска Давкова нагласила дека е потребно унапредување на правната рамка, интензивирање на политичкиот дијалог, почести средби, размена на посети и лични контакти.

Во таа насока, претседателката изразила интерес за максимизирање на економската соработка, трговската размена, инвестициите, како и за конкретизирање на соработката во градежниот, енергетскиот сектор, ИТ секторот и во туризмот.

Во разговорите било поздравено отворањето на Амбасадата на Казахстан во Скопје, како значен чекор во продлабочување на севкупните билатерални односи.

The post Интерес за економска соработка со Казахстан, средба на Сиљановска Давкова со казахстанскиот претседател Токајев во Баку appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Џомарт Токајев. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави и беа разменети мислења за актуелните геополитички состојби, како и за регионалната улога на двете држави, соопшти нејзиниот кабинет. Како мост помеѓу Азија и Европа, претседателката го поздравила придонесот на Казахстан и нивното значително влијание во глобални рамки, при што изразила подготвеност за продолжување на кооперативноста и конструктивноста во рамки на меѓународните организации, особено во Обединетите Нации и ОБСЕ. На средбата меѓу двајцата претседатели станало збор и за можностите за соработка во сферата на културата, науката и образованието, за што претседателката Сиљановска Давкова нагласила дека е потребно унапредување на правната рамка, интензивирање на политичкиот дијалог, почести средби, размена на посети и лични контакти. Во таа насока, претседателката изразила интерес за максимизирање на економската соработка, трговската размена, инвестициите, како и за конкретизирање на соработката во градежниот, енергетскиот сектор, ИТ секторот и во туризмот. Во разговорите било поздравено отворањето на Амбасадата на Казахстан во Скопје, како значен чекор во продлабочување на севкупните билатерални односи.

The post Интерес за економска соработка со Казахстан, средба на Сиљановска Давкова со казахстанскиот претседател Токајев во Баку appeared first on Република.

]]>
Радев повика да не одложуваме со Бугарите во Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/radev-povika-da-ne-odlozhuvame-so-bugarite-vo-ustavot/ Wed, 13 Nov 2024 12:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=837218

Бугарскиот претседател Румен Радев истакна дека тонот на дијалог воспоставен со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска, треба да го усвои и македонската влада. Радев изјави дека двете претседателски институции покажале дека е можна конструктивна и отворена комуникација и дека имаат клучна улога во негувањето на добрососедските односи.

Тој посочи дека прашањето оди подалеку од навременото вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија. Радев ја истакна потребата владата и парламентот во Македонија да дејствуваат брзо за спроведување на одредбите наведени во преговарачката рамка и договорот за добрососедство. Тој предупреди дека одложувањата може да изгубат драгоцено време за напредокот на земјата во членството во ЕУ. Тој понатаму изјави дека ако раководството на Македонија искрено сака интеграција во ЕУ, мора да ги исполни условите утврдени во овие договори.

Во моментов претседателот Радев ја предводи бугарската делегација на 29. сесија на Светската конференција за климатски промени во Баку, Азербејџан.

The post Радев повика да не одложуваме со Бугарите во Уставот appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев истакна дека тонот на дијалог воспоставен со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска, треба да го усвои и македонската влада. Радев изјави дека двете претседателски институции покажале дека е можна конструктивна и отворена комуникација и дека имаат клучна улога во негувањето на добрососедските односи. Тој посочи дека прашањето оди подалеку од навременото вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија. Радев ја истакна потребата владата и парламентот во Македонија да дејствуваат брзо за спроведување на одредбите наведени во преговарачката рамка и договорот за добрососедство. Тој предупреди дека одложувањата може да изгубат драгоцено време за напредокот на земјата во членството во ЕУ. Тој понатаму изјави дека ако раководството на Македонија искрено сака интеграција во ЕУ, мора да ги исполни условите утврдени во овие договори. Во моментов претседателот Радев ја предводи бугарската делегација на 29. сесија на Светската конференција за климатски промени во Баку, Азербејџан.

The post Радев повика да не одложуваме со Бугарите во Уставот appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова се сретна со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-se-sretna-so-orban-ungarija-ostanuva-silen-poddrzhuvach-na-makedonija/ Tue, 12 Nov 2024 15:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=836893

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како на политички, така и на економски план и за македонските аспирации за членство во Европската Унија.

На средбата беше констатирано дека Унгарија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и во тој контекст претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за поддршката што Унгарија ја дава во повеќе области, вклучувајќи ги европските аспирации на нашата држава, како и фактот што прашањето за проширувањето е високо на агендата на тековното унгарско претседателство со Европската Унија.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова истакна дека како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и изрази надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓани

The post Сиљановска Давкова се сретна со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија appeared first on Република.

Сиљановска-Давкова отповика седум амбасадори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-otpovika-sedum-ambasadori/ Tue, 12 Nov 2024 12:15:35 +0000 https://republika.mk/?p=836764

Укази за отповикување на седум амбасадори од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова објавија во последниот број на Службен весник од 11 ноември.

Станува збор за вонредни и ополномоштени амбасадори во пет земји и две организации. Меѓу нив е и амбасадорот на Македонија во НАТО со седиште во Брисел, Дане Талески, кој според одлуката ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025, додека на останатите шестмина мандатот ќе им заврши на 30 ноември годинава.

Од 1 декември престанува мандатот на Теута Агаи Демјаха, која е шефица на постојната мисија на Македонија во Организацијата на обединетите нации во Женева.

Меѓу останатите отповикани амбасадори е и Данчо Марковски во Албанија. Тој изминатиот период беше повикан на разговор од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во однос на активностите на македонската дипломатија во врска со пописот на населението што беше спроведен во Албанија.

Укази за отповикување има и за амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова, потоа Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари кој е амбасадор во Катар со седиште во Доха.

The post Сиљановска-Давкова отповика седум амбасадори appeared first on Република.

]]>

Укази за отповикување на седум амбасадори од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова објавија во последниот број на Службен весник од 11 ноември. Станува збор за вонредни и ополномоштени амбасадори во пет земји и две организации. Меѓу нив е и амбасадорот на Македонија во НАТО со седиште во Брисел, Дане Талески, кој според одлуката ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025, додека на останатите шестмина мандатот ќе им заврши на 30 ноември годинава. Од 1 декември престанува мандатот на Теута Агаи Демјаха, која е шефица на постојната мисија на Македонија во Организацијата на обединетите нации во Женева. Меѓу останатите отповикани амбасадори е и Данчо Марковски во Албанија. Тој изминатиот период беше повикан на разговор од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во однос на активностите на македонската дипломатија во врска со пописот на населението што беше спроведен во Албанија. Укази за отповикување има и за амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова, потоа Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари кој е амбасадор во Катар со седиште во Доха.

The post Сиљановска-Давкова отповика седум амбасадори appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Зорица Костовска, основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-ja-primi-zoritsa-kostovska-osnovach-na-megunarodniot-filmski-festival-bogorodichen-pokrov/ Fri, 08 Nov 2024 21:07:13 +0000 https://republika.mk/?p=835729

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Зорица Костовска, филмски продуцент, режисер, сценарист, новинар, теолог и основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“.

На средбата на која присуствуваа и македонскиот режисер Стојан Вујичиќ и српскиот продуцент од Будимпешта Милан Кичевац, Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните заложби за промовирање на културните и духовните вредности, како и за нивната идеја за изработка на филм посветен на Свети Наум, како заеднички проект на Македонија, Србија и Унгарија, соопшти кабинетот на претседателката.

Сиљановска Давкова изрази поддршка за нивниот ентузијазам за збогатување на културниот пејзаж, преку промовирање на култот кон Свети Наум, заедничкото наследство и хуманоста.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Зорица Костовска, основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Зорица Костовска, филмски продуцент, режисер, сценарист, новинар, теолог и основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“. На средбата на која присуствуваа и македонскиот режисер Стојан Вујичиќ и српскиот продуцент од Будимпешта Милан Кичевац, Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните заложби за промовирање на културните и духовните вредности, како и за нивната идеја за изработка на филм посветен на Свети Наум, како заеднички проект на Македонија, Србија и Унгарија, соопшти кабинетот на претседателката. Сиљановска Давкова изрази поддршка за нивниот ентузијазам за збогатување на културниот пејзаж, преку промовирање на култот кон Свети Наум, заедничкото наследство и хуманоста.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Зорица Костовска, основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“ appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената – се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-makedonskata-reformska-agenda-e-najdobro-otsenata-se-doblizhuvame-do-evropskite-kriteriumi-a-so-toa-i-do-vlezot-vo-eu/ Fri, 08 Nov 2024 16:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=835678

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која беше презентирана Реформската агенда на Владата (2024-2027), којашто се однесува на Планот за раст на Европската Комисија.

Во своето обраќање, Претседателката порача дека е неопходна поголема соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции и дека Комисијата треба да се отвори и да ја зајакне соработката со сите инволвирани во процесот на евроинтеграциите, вклучувајќи го невладиниот сектор, експертската јавност и претставници од ЕУ.

Претседателката нагласи дека македонската реформска агенда е најдобро оценета од Комисијата, што претставува добар влог и дека се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ.

„Мислам дека вреди да се биде оптимист. Зошто вреди да се биде биде оптимист? Вие знаете колкупати јас сум ја критикувала Европската Унија дека немала, после Солун, вистинска стратегија за Западен Балкан, дека доцнела, дека не преземала одговорност. Ова е мислам еден исчекор. Значи имаме агенда. Агендата, односно нејзиното спроведување, велиме дека не е невозможно, разбрани сме, нè поддржуваат“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи увереност дека Планот за раст и реформската агенда ќе можеме да ги направиме реалност, што особено позитивно ќе влијае на довербата кај граѓаните.

Претседателката порача дека Планот за раст е за поздравување бидејќи претставува своевидно содружништво, односно партнерство помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, учење во од, со финансиска помош, со советување и со оценување, каде резултатите ќе бидат заеднички, но и одговорноста споделена.

Во тој контекст таа посочи дека ова е можност да бидеме дел и од заедничкиот европски пазар. Во контекст на финансирањето, Претседателката потенцираше дека тоа мотивира, но домаќински е да не биде авансно, туку врзано со постигнатите резултати.

Во таа насока таа ја истакна улогата на Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, важноста на постоењето на интегриран систем на мониторинг, односно контрола врз трошењето на финансиските средства и ревизија врз внатрешниот систем на контрола.

Осврнувајќи се на роковите, Претседателката посочи дека роковите се строги, но дека тоа значи дека ЕУ верува во нашата способност. Според неа е логично до Нова Година да се донесат двата закони, за буџети и Закон за јавна контрола врз внатрешната контрола, што е услов за ослободување на средствата за претфинасирањето.

Говорејќи за начинот на плаќање 1/3 грант и  2/3 кредит, Претседателката посочи дека ова е секогаш најважно за опозицијата и во овој контекст ги охрабри да критикуваат.

Во обраќањето таа истакна и дека мора да се стави крај на злоупотребата на европското знаменце и ја нагласи хармонизацијата со директивите и регулативите на ЕУ.

The post Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената – се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која беше презентирана Реформската агенда на Владата (2024-2027), којашто се однесува на Планот за раст на Европската Комисија. Во своето обраќање, Претседателката порача дека е неопходна поголема соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции и дека Комисијата треба да се отвори и да ја зајакне соработката со сите инволвирани во процесот на евроинтеграциите, вклучувајќи го невладиниот сектор, експертската јавност и претставници од ЕУ. Претседателката нагласи дека македонската реформска агенда е најдобро оценета од Комисијата, што претставува добар влог и дека се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ.
„Мислам дека вреди да се биде оптимист. Зошто вреди да се биде биде оптимист? Вие знаете колкупати јас сум ја критикувала Европската Унија дека немала, после Солун, вистинска стратегија за Западен Балкан, дека доцнела, дека не преземала одговорност. Ова е мислам еден исчекор. Значи имаме агенда. Агендата, односно нејзиното спроведување, велиме дека не е невозможно, разбрани сме, нè поддржуваат“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи увереност дека Планот за раст и реформската агенда ќе можеме да ги направиме реалност, што особено позитивно ќе влијае на довербата кај граѓаните.
Претседателката порача дека Планот за раст е за поздравување бидејќи претставува своевидно содружништво, односно партнерство помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, учење во од, со финансиска помош, со советување и со оценување, каде резултатите ќе бидат заеднички, но и одговорноста споделена. Во тој контекст таа посочи дека ова е можност да бидеме дел и од заедничкиот европски пазар. Во контекст на финансирањето, Претседателката потенцираше дека тоа мотивира, но домаќински е да не биде авансно, туку врзано со постигнатите резултати. Во таа насока таа ја истакна улогата на Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, важноста на постоењето на интегриран систем на мониторинг, односно контрола врз трошењето на финансиските средства и ревизија врз внатрешниот систем на контрола. Осврнувајќи се на роковите, Претседателката посочи дека роковите се строги, но дека тоа значи дека ЕУ верува во нашата способност. Според неа е логично до Нова Година да се донесат двата закони, за буџети и Закон за јавна контрола врз внатрешната контрола, што е услов за ослободување на средствата за претфинасирањето. Говорејќи за начинот на плаќање 1/3 грант и  2/3 кредит, Претседателката посочи дека ова е секогаш најважно за опозицијата и во овој контекст ги охрабри да критикуваат. Во обраќањето таа истакна и дека мора да се стави крај на злоупотребата на европското знаменце и ја нагласи хармонизацијата со директивите и регулативите на ЕУ.

The post Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената – се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-chestitki-do-tramp/ Wed, 06 Nov 2024 10:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=834664

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД.

Срдечни честитки по повод изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави и многу успех во извршувањето на одговорната функција, наведува претседателката во објавата на Фејсбук.

Таа нагласува дека Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.

Уверена сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели, истакна Сиљановска Давкова. 

The post Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп appeared first on Република.

Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-svika-konstitutivna-sednitsa-na-sovetot-za-bezbednost/ Mon, 04 Nov 2024 09:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=833902

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска, 4 ноември 2024 година, понеделник, со почеток во 15:00 часот.

Членови на Советот за безбедност се Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.

На седницата, покрај членовите на Советот на безбедност, на покана на претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

The post Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска, 4 ноември 2024 година, понеделник, со почеток во 15:00 часот. Членови на Советот за безбедност се Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов. На седницата, покрај членовите на Советот на безбедност, на покана на претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

The post Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова со сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-so-sochuvstvo-do-semejstvata-koi-gi-zagubija-najbliskite-vo-novi-sad/ Fri, 01 Nov 2024 18:59:51 +0000 https://republika.mk/?p=833279

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Х профил објави сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските во страшната несреќа во Нови Сад.

Нашите срца се со сите погодени од трагичната несреќа на железничката станица во Нови Сад денеска. Испраќање длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските и се надеваме на брзо закрепнување на повредените. Во овие тешки моменти, заедно стоиме во поддршката“, вели Сиљановска Давкова.

The post Сиљановска Давкова со сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските во Нови Сад appeared first on Република.

Сиљановска Давкова за Извештајот на ЕК за напредокот за 2024: Објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-za-izveshtajot-na-ek-za-napredokot-za-2024-objektivna-slika-potsetnik-i-patokaz-za-reformskite-prioriteti/ Wed, 30 Oct 2024 15:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=832511

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предал Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава за 2024 година.

Од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова соопштија дека таа оценила дека извештајот претставува објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети и областите во кои е неопходен натамошен напредок и изрази надеж дека дава избалансирана оценка на севкупните достигнувања на земјата.

На средбата, претседателката истакнала дека македонските институции ќе посветат внимание на препораките и насоките од извештајот, додавајќи дека во моментов со сите капацитети се фокусираат на доследно спроведување на реформите во клучните области, на економско закрепнување и справување со корупцијата.

Таа го поздравила Планот за раст потенцирајќи дека од суштинско значење е да се покаже неговата ефективност преку забрзување на реформите, искористување на целосниот потенцијал и максимизирање на придобивките за нашите граѓани и економија, што ќе влијае на ублажување на разочарувањата доживеани во текот на долгиот процес.

На средбата со амбасадорот Рокас, претседателката изрази очекување дека новиот пристап на постепена, фазна интеграција ќе продолжи паралелно со процесот на пристапување, што ќе придонесе за поголема вклученост на земјата во процесите, политиките и програмите на ЕУ и ќе помогне за зголемување на севкупната подготвеност и поефикасно преземање на обврските од идното членство, се наведува во соопштението.

Таа ја посочила и важноста од објективна евалуација на спроведувањето на реформската агенда и забрзување на македонските евроинтеграции врз основа на принципот на заслуги и Копенхагенските критериуми.

Претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека полноправното членство во ЕУ е наша стратешка цел и, како што стои во соопштението, не гледаме друга алтернатива. Ја нагласила важноста од фер процес на пристапувањето во ЕУ, во кој ќе се почитува националната гордост и националниот идентитет на македонските граѓани. 

The post Сиљановска Давкова за Извештајот на ЕК за напредокот за 2024: Објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети appeared first on Република.

Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕК нема да биде многу поинаков од минатогодишниот, крајно време да почнеме преговори низ призма на Копенхагенските критериуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-izveshtajot-na-ek-nema-da-bide-mnogu-poinakov-od-minatogodishniot-krajno-vreme-da-pochneme-pregovori-niz-prizma-na-kopenhagenskite-kriteriumi/ Wed, 30 Oct 2024 13:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=832479

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува 17-иот по ред Извештај на ЕК за земјата да биде позитивен, ќе бидат нотирани промени, но оти нема да биде многу поинаков од минатогодишниот. Спорeд неа, крајно време е земјата да почне преговори, низ призма на Копенхагенските критериуми.

Јас не мислам дека ќе добиеме многу поинаков извештај од минатогодишниот. Не. Мислам дека работите не се смениле преку ноќ. И јас затоа дури и кога се работи за малцинските права секогаш сум укажувала ајде да ги прочитаме 15-от, 16-от, сега 17-от ќе биде се надевам позитивен извештај, се разбира дека ќе бидат воочени промени. Впрочем, не случајно дојде до промена на власта, меѓутоа дека нешто не знам, чудно, ќе се појави не верувам - оцени претседателката Сиљановска Давкова на новинарско прашање што очекува од новиот Извештај на ЕК за напредокот на земјата, кој што денеска се очекува да биде објавен.

Според неа, во сме имале 16 позитивни извештаи, а не сме почнале пристапни преговори, тогаш во прашање се доведува и кредибилитетот на пишувачот на извештаите и оти тоа е нешто за што Советот на ЕУ треба да размисли.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува 17-иот по ред Извештај на ЕК за земјата да биде позитивен во кој ќе бидат нотирани промени,но оти нема да биде многу поинаков од минатогодиш

Но, напоменувам ако сте имале 16 позитивни извештаи, тогаш во прашање исто така е и кредибилитетот на пишувачот на извештаите. Ако имате 16 „да“ од Парламентот и ако имате 16 „да“ од Комисијата и 16 „не“ од Советот, а сте имале ситуации на членки кога имало „не“ од Парламентот и од Комисијата и „да“ од Советот, тогаш мислам дека и Советот треба да размисли. Крајно време е ние да почнеме преговори, низ призма на Копенхагенските критериуми, вели Сиљановска Давкова која денеска се обрати на настанот во пресрет на 29-тата Конференција за климатски промени (COP29), која ќе се одржи од 11-ти до 22-ри ноември 2024-та година, во Баку, Република Азербејџан.

„Пакетот за проширување“ денеска беше усвоен од страна на Колеџот на комесари, по што се очекува попладнево официјално да биде презентиран на прес-конференција во Брисел од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава.

The post Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕК нема да биде многу поинаков од минатогодишниот, крајно време да почнеме преговори низ призма на Копенхагенските критериуми appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува 17-иот по ред Извештај на ЕК за земјата да биде позитивен, ќе бидат нотирани промени, но оти нема да биде многу поинаков од минатогодишниот. Спорeд неа, крајно време е земјата да почне преговори, низ призма на Копенхагенските критериуми.
Јас не мислам дека ќе добиеме многу поинаков извештај од минатогодишниот. Не. Мислам дека работите не се смениле преку ноќ. И јас затоа дури и кога се работи за малцинските права секогаш сум укажувала ајде да ги прочитаме 15-от, 16-от, сега 17-от ќе биде се надевам позитивен извештај, се разбира дека ќе бидат воочени промени. Впрочем, не случајно дојде до промена на власта, меѓутоа дека нешто не знам, чудно, ќе се појави не верувам - оцени претседателката Сиљановска Давкова на новинарско прашање што очекува од новиот Извештај на ЕК за напредокот на земјата, кој што денеска се очекува да биде објавен.
Според неа, во сме имале 16 позитивни извештаи, а не сме почнале пристапни преговори, тогаш во прашање се доведува и кредибилитетот на пишувачот на извештаите и оти тоа е нешто за што Советот на ЕУ треба да размисли. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува 17-иот по ред Извештај на ЕК за земјата да биде позитивен во кој ќе бидат нотирани промени,но оти нема да биде многу поинаков од минатогодиш Но, напоменувам ако сте имале 16 позитивни извештаи, тогаш во прашање исто така е и кредибилитетот на пишувачот на извештаите. Ако имате 16 „да“ од Парламентот и ако имате 16 „да“ од Комисијата и 16 „не“ од Советот, а сте имале ситуации на членки кога имало „не“ од Парламентот и од Комисијата и „да“ од Советот, тогаш мислам дека и Советот треба да размисли. Крајно време е ние да почнеме преговори, низ призма на Копенхагенските критериуми, вели Сиљановска Давкова која денеска се обрати на настанот во пресрет на 29-тата Конференција за климатски промени (COP29), која ќе се одржи од 11-ти до 22-ри ноември 2024-та година, во Баку, Република Азербејџан. „Пакетот за проширување“ денеска беше усвоен од страна на Колеџот на комесари, по што се очекува попладнево официјално да биде презентиран на прес-конференција во Брисел од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава.

The post Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕК нема да биде многу поинаков од минатогодишниот, крајно време да почнеме преговори низ призма на Копенхагенските критериуми appeared first on Република.

]]>
Силјановска: Комисијата се водела по делото, а не по личноста, Калајџиев: Ние даваме мислење, претседателката одлучува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-komisijata-se-vodela-po-deloto-a-ne-po-lichnosta-kalajdhiev-nie-davame-mislene-pretsedatelkata-odluchuva/ Wed, 23 Oct 2024 13:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=830215

Претседателката Давкова вчера помилува 10 затвореници меѓу кои и лица кои се поврзуваат со нарко подземјето, за кои како што вели таа не ги знае кои се, со име и презиме,туку и верувала на Комисијата за помилување составена од врвни експерти во таа област.

-Околу помилувањата прво јас кога ја конституирав комисијата за помилување која е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Мислам дека кога се даваат коментари се заборава на што. Значи вие делото го анализирате така? Пред се делото. Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност, но лично јас зборувам за работата на комисијата. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години. Да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата, точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид, изјави Давкова.

Професорот Гордан Калајџиев кој воедно е и член на Комисијата, во изјава за 24 инфо цели дека кога биле разгледувани осудениците за помилување морале да одлучат за 10 од околу триесетина лица кои им биле доставени од Министерството за правда, но не знаеле за кои лица се работи и биле разгледувани само нивните дела, однесувањето во затвор и должината на затворската казна.

Сепак Калајџиев истакна дека тие се само советодавно тело и даваат свое мислење, претседателката е таа која одлучува и има право да ја промени нивната одлука или времетраењето за кое се скратува од казната. Тој се сомнева дека воопшто му била дадена информацијата дека се работи за лица кои се поврзуваат со нарко подземјето.

Вчера претседателката донесе одлука за помилување на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, Акиф Рваманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“

The post Силјановска: Комисијата се водела по делото, а не по личноста, Калајџиев: Ние даваме мислење, претседателката одлучува appeared first on Република.

]]>

Претседателката Давкова вчера помилува 10 затвореници меѓу кои и лица кои се поврзуваат со нарко подземјето, за кои како што вели таа не ги знае кои се, со име и презиме,туку и верувала на Комисијата за помилување составена од врвни експерти во таа област.
-Околу помилувањата прво јас кога ја конституирав комисијата за помилување која е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Мислам дека кога се даваат коментари се заборава на што. Значи вие делото го анализирате така? Пред се делото. Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност, но лично јас зборувам за работата на комисијата. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години. Да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата, точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид, изјави Давкова.
Професорот Гордан Калајџиев кој воедно е и член на Комисијата, во изјава за 24 инфо цели дека кога биле разгледувани осудениците за помилување морале да одлучат за 10 од околу триесетина лица кои им биле доставени од Министерството за правда, но не знаеле за кои лица се работи и биле разгледувани само нивните дела, однесувањето во затвор и должината на затворската казна. Сепак Калајџиев истакна дека тие се само советодавно тело и даваат свое мислење, претседателката е таа која одлучува и има право да ја промени нивната одлука или времетраењето за кое се скратува од казната. Тој се сомнева дека воопшто му била дадена информацијата дека се работи за лица кои се поврзуваат со нарко подземјето. Вчера претседателката донесе одлука за помилување на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, Акиф Рваманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“

The post Силјановска: Комисијата се водела по делото, а не по личноста, Калајџиев: Ние даваме мислење, претседателката одлучува appeared first on Република.

]]>