Гордана Каракашевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-karakashevska/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Apr 2024 16:23:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гордана Каракашевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-karakashevska/ 32 32 Промоција на три книги од Гордана Каракашевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-tri-knigi-od-gordana-karakashevska/ Sat, 06 Apr 2024 16:23:46 +0000 https://republika.mk/?p=763170

Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во Галеријата КО-РА при Јавната установа Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, ќе бидат пртомовирани три книги од авторот Гордана Каракашевска под псевдонимот Ана Каракаш.

Станува збор за насловите „Сињор Џордано и...., „Скршен поет и други поеми“ и „Разголување“

Промотор и модератор на настанот е Елеонора Николовска, а стихови ќе чита: Елизабета К.Младеновска.

Промоцијата ќе почне во 18 часот во салон сутерен.

Во истиот салон во тек е групната изложба на дела по повод 2 Април - Светскиот ден на бајката и по повод Светскиот Ден на среќата - 20 Март, насловена „Бајката и бајковитото“ со поднаслов „Среќата - што е тоа“, наведуваат од Галеријата КО-РА.

The post Промоција на три книги од Гордана Каракашевска appeared first on Република.

]]>

Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во Галеријата КО-РА при Јавната установа Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, ќе бидат пртомовирани три книги од авторот Гордана Каракашевска под псевдонимот Ана Каракаш. Станува збор за насловите „Сињор Џордано и...., „Скршен поет и други поеми“ и „Разголување“ Промотор и модератор на настанот е Елеонора Николовска, а стихови ќе чита: Елизабета К.Младеновска. Промоцијата ќе почне во 18 часот во салон сутерен. Во истиот салон во тек е групната изложба на дела по повод 2 Април - Светскиот ден на бајката и по повод Светскиот Ден на среќата - 20 Март, насловена „Бајката и бајковитото“ со поднаслов „Среќата - што е тоа“, наведуваат од Галеријата КО-РА.

The post Промоција на три книги од Гордана Каракашевска appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Патот на водата“ од Гордана Каракашевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-patot-na-vodata-od-gordana-karakashevska/ Tue, 12 Dec 2023 08:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=721996

Во спомен-собата „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, вечерва во 19 часот ќе биде промовирана книгата „Патот на водата“ од Гордана Каракашевска. Стихозбирката е во издание на „Современост“, а пред публиката за неа ќе говори Вања Таневски.

„Патот на водата“ е стихозбирка посветена на водата како симбол на прапочетокот, на животот и на универзумот, а мотивски лоцирана на бреговите на Охридското Езеро и Црн Дрим.

Оваа поезија, самобитна и зачудувачка, со посебен култ кон водата, е плод на еден интимен допир со природата, на едно, речиси анимистичко и пантеистичко поимање, па оттука и елементот на водата ќе биде доминантна компонента во неа, ќе запише рецензенот Таневски.

Гордана Каракашевска е родена во 1973 година во Пехчево, каде што го завршува и основното образование, а подоцна образованието го продолжила во Скопје. Од најмала возраст покажува склоност кон уметноста, особено сликарството и литературата. Неколку години живеела и работела во Торино, Италија што остава длабока трага врз нејзината креативност. Од 2001 година е активен учесник на бројни домашни и меѓународни натпревари со забележителни резултати. Пишува песни и раскази на македонски, италијански, српски и англиски јазик. Авторка е на поетските книги: „Скршен поет и други поеми“ (2021), „Куќа од хартија“ (2022), збирката раскази „Сињор Џордано и размислувањата за сомневањата, дилемите и прашањата за некои други, ситни зрнца“ (раскази 2021) и на романот „Разголување во година на козата“ (2021). Добитник е на неколку награди и признанија и застапена е во повеќе интернационални поетски зборики.

Каракашевска учествувала на бројни фестивали и поетски читања, а имала и неколку самостојни и групни изложби во Италија. Во март 2013 во МКЦ ја имаше и својата прва изложба на црно-бели фотографии.

Промоцијата на книгата „Патот на водата“ е дел од богатата културна програма на Град Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година.

 

The post Промоција на книгата „Патот на водата“ од Гордана Каракашевска appeared first on Република.

]]>

Во спомен-собата „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, вечерва во 19 часот ќе биде промовирана книгата „Патот на водата“ од Гордана Каракашевска. Стихозбирката е во издание на „Современост“, а пред публиката за неа ќе говори Вања Таневски. „Патот на водата“ е стихозбирка посветена на водата како симбол на прапочетокот, на животот и на универзумот, а мотивски лоцирана на бреговите на Охридското Езеро и Црн Дрим.
Оваа поезија, самобитна и зачудувачка, со посебен култ кон водата, е плод на еден интимен допир со природата, на едно, речиси анимистичко и пантеистичко поимање, па оттука и елементот на водата ќе биде доминантна компонента во неа, ќе запише рецензенот Таневски.
Гордана Каракашевска е родена во 1973 година во Пехчево, каде што го завршува и основното образование, а подоцна образованието го продолжила во Скопје. Од најмала возраст покажува склоност кон уметноста, особено сликарството и литературата. Неколку години живеела и работела во Торино, Италија што остава длабока трага врз нејзината креативност. Од 2001 година е активен учесник на бројни домашни и меѓународни натпревари со забележителни резултати. Пишува песни и раскази на македонски, италијански, српски и англиски јазик. Авторка е на поетските книги: „Скршен поет и други поеми“ (2021), „Куќа од хартија“ (2022), збирката раскази „Сињор Џордано и размислувањата за сомневањата, дилемите и прашањата за некои други, ситни зрнца“ (раскази 2021) и на романот „Разголување во година на козата“ (2021). Добитник е на неколку награди и признанија и застапена е во повеќе интернационални поетски зборики. Каракашевска учествувала на бројни фестивали и поетски читања, а имала и неколку самостојни и групни изложби во Италија. Во март 2013 во МКЦ ја имаше и својата прва изложба на црно-бели фотографии. Промоцијата на книгата „Патот на водата“ е дел од богатата културна програма на Град Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година.  

The post Промоција на книгата „Патот на водата“ од Гордана Каракашевска appeared first on Република.

]]>
Поетесата Гордана Каракашевска ќе учествува на поетски фестивал во Саранда https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetesata-gordana-karakashevska-kje-uchestvuva-na-poetski-festival-vo-saranda/ Fri, 23 Sep 2022 12:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=553523

Македонската поетеса Гордана Каракашевска со уште тројца поети од Македонија ќе учествува на најголемиот интернационален поетски фестивал во Саранда, Албанија. Поетскиот фестивал е во организација на „Јонскиот креативен клуб“, а ќе се одржи во периодот од 29 септември до 1 октомври.

На шеснаесеттото издание на фестивалот „The Trireme of the Ionian Poetry“ ќе настапат педесетина учесници од целиот свет. На ова издание на фестивалот ќе биде промовирана антологијата „Trirema e Poezisë Joniane“, во која се застапени учесниците со творби во превод на албански јазик.

Гордана Каракашевска е застапена со три творби од стихозбирката „Куќа од хартија“.

The post Поетесата Гордана Каракашевска ќе учествува на поетски фестивал во Саранда appeared first on Република.

]]>

Македонската поетеса Гордана Каракашевска со уште тројца поети од Македонија ќе учествува на најголемиот интернационален поетски фестивал во Саранда, Албанија. Поетскиот фестивал е во организација на „Јонскиот креативен клуб“, а ќе се одржи во периодот од 29 септември до 1 октомври. На шеснаесеттото издание на фестивалот „The Trireme of the Ionian Poetry“ ќе настапат педесетина учесници од целиот свет. На ова издание на фестивалот ќе биде промовирана антологијата „Trirema e Poezisë Joniane“, во која се застапени учесниците со творби во превод на албански јазик. Гордана Каракашевска е застапена со три творби од стихозбирката „Куќа од хартија“.

The post Поетесата Гордана Каракашевска ќе учествува на поетски фестивал во Саранда appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Куќа од хартија“ од Гордана Каракашевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-knigata-kukja-od-hartija-od-gordana-karakashevska/ Thu, 12 May 2022 07:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=501274

Писателката Гордана Каракашевска вечер ќе ја промовира книгата „Куќа од хартија“ во Културно информативниот центар – Скопје. Издавач на книгата е ПНВ Публикации.

Во книгата „Куќа од хартија“ авторката продолжува да ја истражува дуалноста меѓу светлината и темнината, сигурноста и сомнежот, сеќавањата и заборавот, но и контрастите помеѓу јасноста и неодредените сеќавања и конечно, пишува за смртта како физички крај на сè што живее. Од друга страна, речиси во сите песни таа пее за пролетта или само ја навестува по зимата. Пролет како ново раѓање, ренесанса. Нејзината поезија му пркоси на секојдневниот живот и на минливоста, велат од КИЦ – Скопје.

Книгата ќе ја промовира Вања Таневски, модератор на настанот е Јулијана Величковска -Димоска, а стихови од стихозбирката ќе чита актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска

Гордана Каракашевска е родена 1973 година во Пехчево. Пишува песни и раскази на македонски, италијански, српски и на англиски јазик. Нејзините песни се преведени на други јазици и објавени во домашни и меѓународни литературни групи, онлајн списанија како и антологии во печатена и онлајн форма. Досега ги има објавено збирката кратки раскази „Сињор Џордано и размислувањата за сомневањата, дилемите и прашањата и за некои други, ситни зрнца“ (2021), збирката поезија „Скршен поет и други поеми“ (2021) и романот „Разголување – во година на козата“(2021). Исто така таа е коавтор на збирката поезија „Денови на Поезијата“ заедно со група автори во Македонија и на заедничка збирка „Lice pjesnika“ во издание на Diligo liber од Загреб каде меѓу 12 автори од Хрватска таа е застапена со десет авторски песни. Живее, работи и твори во Скопје.

The post Промоција на книгата „Куќа од хартија“ од Гордана Каракашевска appeared first on Република.

]]>

Писателката Гордана Каракашевска вечер ќе ја промовира книгата „Куќа од хартија“ во Културно информативниот центар – Скопје. Издавач на книгата е ПНВ Публикации.
Во книгата „Куќа од хартија“ авторката продолжува да ја истражува дуалноста меѓу светлината и темнината, сигурноста и сомнежот, сеќавањата и заборавот, но и контрастите помеѓу јасноста и неодредените сеќавања и конечно, пишува за смртта како физички крај на сè што живее. Од друга страна, речиси во сите песни таа пее за пролетта или само ја навестува по зимата. Пролет како ново раѓање, ренесанса. Нејзината поезија му пркоси на секојдневниот живот и на минливоста, велат од КИЦ – Скопје.
Книгата ќе ја промовира Вања Таневски, модератор на настанот е Јулијана Величковска -Димоска, а стихови од стихозбирката ќе чита актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска Гордана Каракашевска е родена 1973 година во Пехчево. Пишува песни и раскази на македонски, италијански, српски и на англиски јазик. Нејзините песни се преведени на други јазици и објавени во домашни и меѓународни литературни групи, онлајн списанија како и антологии во печатена и онлајн форма. Досега ги има објавено збирката кратки раскази „Сињор Џордано и размислувањата за сомневањата, дилемите и прашањата и за некои други, ситни зрнца“ (2021), збирката поезија „Скршен поет и други поеми“ (2021) и романот „Разголување – во година на козата“(2021). Исто така таа е коавтор на збирката поезија „Денови на Поезијата“ заедно со група автори во Македонија и на заедничка збирка „Lice pjesnika“ во издание на Diligo liber од Загреб каде меѓу 12 автори од Хрватска таа е застапена со десет авторски песни. Живее, работи и твори во Скопје.

The post Промоција на книгата „Куќа од хартија“ од Гордана Каракашевска appeared first on Република.

]]>