гордана јанкулоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-jankuloska/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Mar 2024 17:37:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гордана јанкулоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-jankuloska/ 32 32 Гордана Јанкулоска со поддршка за Силјановска-Давкова: Овој народ, оваа Македонија мора да собере сила да биде подобра држава! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gordana-jankuloska-so-poddrshka-za-siljanovska-davkova-ovoj-narod-ovaa-makedonija-mora-da-sobere-sila-da-bide-podobra-drzhava/ Sat, 02 Mar 2024 17:37:00 +0000 https://republika.mk/?p=750569

Поддршка за мојата професорка, затоа што докажа дека жената истовремено може да биде добра мајка, посветена сопруга и експерт во својата професија – сочуствителна но истовремено храбра, достоинствена и принципиелна!, напиша ексминистерката Гордана Јанкулоска на „Фејсбук“.

Овој народ, оваа Македонија мора да собере сила да биде подобра држава! Никогаш не било полошо, но мора да се бориме! Јас и сите како мене што без оглед на цената што ја плаќаме никогаш не побаравме друга опција освен МАКЕДОНИЈА, ќе продолжиме да се бориме за нормален живот на нашите деца овде – во Македонија! додава таа.

The post Гордана Јанкулоска со поддршка за Силјановска-Давкова: Овој народ, оваа Македонија мора да собере сила да биде подобра држава! appeared first on Република.

]]>

Јанкуловска на Бадник со синот Петар и сопругот Влатко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jankulovska-na-badnik-so-sinot-petar-i-soprugot-vlatko/ Sat, 06 Jan 2024 21:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=730545

Поранешната министерка за надворешни работи Гордана Јанкуловска прослави Бадник со сопругот и со синот Петар за првпат откако ја издржа затворската казна за предметот „Тенк“.

На својот профил на Фејсбук таа објави фотографија и напиша „Христос се роди! Навистина се роди! Честит Божиќ“.

The post Јанкуловска на Бадник со синот Петар и сопругот Влатко appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за надворешни работи Гордана Јанкуловска прослави Бадник со сопругот и со синот Петар за првпат откако ја издржа затворската казна за предметот „Тенк“. На својот профил на Фејсбук таа објави фотографија и напиша „Христос се роди! Навистина се роди! Честит Божиќ“.    

The post Јанкуловска на Бадник со синот Петар и сопругот Влатко appeared first on Република.

]]>
Јанкулоска: Одлуката на Стразбур е морална победа на Јанакиески https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jankuloska-odlukata-na-strazbur-e-moralna-pobeda-na-janakieski/ Tue, 14 Nov 2023 10:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=701376

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на Фејсбук напиша за денешната пресуда на Судот во Стразбур за Миле Јанакиески.

Таа вели дека ова е морална победа за Миле бидејќи на денешен ден пред пет години прв пат му одреди притвор.

The post Јанкулоска: Одлуката на Стразбур е морална победа на Јанакиески appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на Фејсбук напиша за денешната пресуда на Судот во Стразбур за Миле Јанакиески. Таа вели дека ова е морална победа за Миле бидејќи на денешен ден пред пет години прв пат му одреди притвор.

The post Јанкулоска: Одлуката на Стразбур е морална победа на Јанакиески appeared first on Република.

]]>
Сопругот на Јанкулоска: Гордана е дома, борбата за нејзина рехабилитација продолжува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soprugot-na-jankuloska-gordana-e-doma-borbata-za-nejzina-rehabilitatsija-prodolzhuva/ Wed, 01 Nov 2023 11:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=697016

Гордана од денеска со семејството, е првата рекација на нејзиниот сопруг Влатко Илиевски откако поранешната министерка  Јанкулоска е пуштена дома на условен отпуст по три години и еден месец минати во затворот „Идризово.

Чуството е прекрасно, да  биде дома со семеството. Борбата за за нејзина рехабилитација за случајот „Тенк“ продолжува во судот во Стразбур. Гордана има  и уште еден предмет каде што е обвинета, тоа е случајот „Тврдина“-објаснува Илиевски за „Република“.

Условниот отпуст трае до септември 2024 година и таа нема да се враќа во затвор ако дотогаш не направи ново кривично дело.

https://www.youtube.com/watch?v=9eorXe270h4&t=384s

The post Сопругот на Јанкулоска: Гордана е дома, борбата за нејзина рехабилитација продолжува appeared first on Република.

]]>

Гордана од денеска со семејството, е првата рекација на нејзиниот сопруг Влатко Илиевски откако поранешната министерка  Јанкулоска е пуштена дома на условен отпуст по три години и еден месец минати во затворот „Идризово.
Чуството е прекрасно, да  биде дома со семеството. Борбата за за нејзина рехабилитација за случајот „Тенк“ продолжува во судот во Стразбур. Гордана има  и уште еден предмет каде што е обвинета, тоа е случајот „Тврдина“-објаснува Илиевски за „Република“.
Условниот отпуст трае до септември 2024 година и таа нема да се враќа во затвор ако дотогаш не направи ново кривично дело.   https://www.youtube.com/watch?v=9eorXe270h4&t=384s    

The post Сопругот на Јанкулоска: Гордана е дома, борбата за нејзина рехабилитација продолжува appeared first on Република.

]]>
Сопругот на Јанкуловска: Осудените лица се третираат како граѓани од трет ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soprugot-na-jankulovska-osudenite-litsa-se-tretiraat-kako-gragani-od-tret-red/ Sat, 01 Apr 2023 12:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=626021

На екс министерката Гордана Јанкуловска, како и на останатите затвореници од женски пол им е оневозможено да ги користат законските погодности коишто ги имаат затворениците мажи. Ова неодамна го посочи Комисијата за заштита од дискриминација, а на оваа тема вечерва, во емисијата „360 Степени“ на Алсат, говореше и сопругот на Јанкуловска, Влатко Илиевски.

Осудените лица се третираат како граѓани од трет ред. Ги множат со нула. Никој не се грижи за нивните законски загарантирани права. Со оглед на тоа дека станува збор за женскиот дел од осудените лица, кадешто изминативе години немало звучни имиња коишто би можеле да го артикулираат овој проблем, биле оставени сами на себе. Тука работата не си ја завршиле ниту Народниот правобранител, ниту Хелсиншки, ниту други органи, вели Илиевски.

The post Сопругот на Јанкуловска: Осудените лица се третираат како граѓани од трет ред appeared first on Република.

„Тефтерчето“ беше преувеличено, вели сопругот на Јанкулоска и одговара дали таа се кае што до крај му остана верна на Груевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/teftercheto-beshe-preuvelicheno-veli-soprugot-na-jankuloska-i-odgovara-dali-taa-se-kae-shto-do-kraj-mu-ostana-verna-na-gruevski/ Sat, 01 Apr 2023 08:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=626008

Гордана Јанкулоска има чувство на каење што не си заминала порано од политиката, бидејќи тој труд и време што го одвојувала за министерството со кое раководела и со ангажманот во партијата, можела да го канализира во други работи со кои денеска би имала полагоден, поубав и комфорен живот, рече во вчерашното интервју за „360 степени“ нејзиниот сопруг и адвокат Влатко Илиевски, одговарајќи на прашањето дали ексминистерката за внатрешни работи чувствува каење за тоа што била дел од систем што ЕУ го нарече „заробена држава“ и што до крај му остана верна соработничка на Никола Груевски.

Илиевски вели дека од денешна гледна точка може многу полесно да се оцени каква била ситуацијата тогаш, но додава дека кога сте „во машината“, со огромни проблеми на дневна основа, човек не може да ја согледа целата слика и да се повлече од политиката кога е неопходен таков чекор.

Ако сме реални и искрени, од тие разговори што беа пуштени во јавноста на фамозните прес-конференции на Заев, може да се каже дека единствено Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески се гласот на разумот, рече Илиевски.

На новинарска констатација дека дилемата зошто останала до крај во тој систем е токму поради очигледната свесност оти нешто не било во ред, Илиевски вели дека Јанкулоска не требало да остане дел од системот, но повтори дека од секојдневните проблеми со кои таа се соочувала и жестокиот ритам на работа, не можела да ги согледа работите од поинаква перспектива.

Кога станува збор за „тефтерчето“ на Јанкулоска од кое, според телефонските разговори, се бирале судии во тоа време, Илиевски вели дека таа во ниту една пригода не одлучувала кој судија да влезе или да биде разрешен и дека на тоа „тефтерче“ му се дало премногу внимание и било предимензионирано во јавноста.

Проблем е што сега тоа „тефтерче“ се институционализираше преку Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители и гледаме какви скандалозни избори или неизбори има на судии. Еве, вчера, поради партиски недоразбирања не беше избран ниту еден судија за кривичниот оддел во Врховниот суд. Сведоци сме какви кандидати влегоа и станаа судии и обвинители од Академијата и мислам дека ситуацијата во општеството е влошена, а за тоа зборуваат бројките за доверба во судството, рече Илиевски.

The post „Тефтерчето“ беше преувеличено, вели сопругот на Јанкулоска и одговара дали таа се кае што до крај му остана верна на Груевски appeared first on Република.

]]>

Гордана Јанкулоска има чувство на каење што не си заминала порано од политиката, бидејќи тој труд и време што го одвојувала за министерството со кое раководела и со ангажманот во партијата, можела да го канализира во други работи со кои денеска би имала полагоден, поубав и комфорен живот, рече во вчерашното интервју за „360 степени“ нејзиниот сопруг и адвокат Влатко Илиевски, одговарајќи на прашањето дали ексминистерката за внатрешни работи чувствува каење за тоа што била дел од систем што ЕУ го нарече „заробена држава“ и што до крај му остана верна соработничка на Никола Груевски. Илиевски вели дека од денешна гледна точка може многу полесно да се оцени каква била ситуацијата тогаш, но додава дека кога сте „во машината“, со огромни проблеми на дневна основа, човек не може да ја согледа целата слика и да се повлече од политиката кога е неопходен таков чекор.
Ако сме реални и искрени, од тие разговори што беа пуштени во јавноста на фамозните прес-конференции на Заев, може да се каже дека единствено Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески се гласот на разумот, рече Илиевски.
На новинарска констатација дека дилемата зошто останала до крај во тој систем е токму поради очигледната свесност оти нешто не било во ред, Илиевски вели дека Јанкулоска не требало да остане дел од системот, но повтори дека од секојдневните проблеми со кои таа се соочувала и жестокиот ритам на работа, не можела да ги согледа работите од поинаква перспектива. Кога станува збор за „тефтерчето“ на Јанкулоска од кое, според телефонските разговори, се бирале судии во тоа време, Илиевски вели дека таа во ниту една пригода не одлучувала кој судија да влезе или да биде разрешен и дека на тоа „тефтерче“ му се дало премногу внимание и било предимензионирано во јавноста.
Проблем е што сега тоа „тефтерче“ се институционализираше преку Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители и гледаме какви скандалозни избори или неизбори има на судии. Еве, вчера, поради партиски недоразбирања не беше избран ниту еден судија за кривичниот оддел во Врховниот суд. Сведоци сме какви кандидати влегоа и станаа судии и обвинители од Академијата и мислам дека ситуацијата во општеството е влошена, а за тоа зборуваат бројките за доверба во судството, рече Илиевски.

The post „Тефтерчето“ беше преувеличено, вели сопругот на Јанкулоска и одговара дали таа се кае што до крај му остана верна на Груевски appeared first on Република.

]]>
На Јанкуловска делото за „Таргет-Тврдина“ ѝ застарува за 20 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-jankulovska-deloto-za-target-tvrdina-i-zastaruva-za-20-godini/ Fri, 13 Jan 2023 08:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=596412

Предметот „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на прислушувањето и уништувањето на опремата нема подеднакво да се однесува за сите обвинети. Конкретно, на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ова дело има можност да и застари дури за 20 години бидејќи таа е обвинета со обвинителен акт според кој делото застарува за подолг период.

Ова за „Република“ го објаснува адвокатот Влатко Илиевски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/advokat-ilievski-ochekuvam-pozitivna-presuda-od-sudot-vo-strazbur-vo-slednite-nekolku-mesetsi/

За дел од обвинетите во овој случај постои ризик од застарување, но тоа не важи за сите. Гордана е обвинета по член 353 каде што застарувањето е 20 години. Треба некој да се запраша како обвинителството во овој предмет кој се однесува на прислушувањето дозволило некој да биде обвинет со обвинителен предлог за кој делото застарува за пократко време.Зошто да се амнестира обвинителството од ова-нагласува Илиевски.

Неодамна Апелација го врати предметот на повторно судење а пак Судскиот совет констатираше дека тој предолго се држел во фиока.

The post На Јанкуловска делото за „Таргет-Тврдина“ ѝ застарува за 20 години appeared first on Република.

]]>

Предметот „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на прислушувањето и уништувањето на опремата нема подеднакво да се однесува за сите обвинети. Конкретно, на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ова дело има можност да и застари дури за 20 години бидејќи таа е обвинета со обвинителен акт според кој делото застарува за подолг период. Ова за „Република“ го објаснува адвокатот Влатко Илиевски. https://republika.mk/vesti/makedonija/advokat-ilievski-ochekuvam-pozitivna-presuda-od-sudot-vo-strazbur-vo-slednite-nekolku-mesetsi/  
За дел од обвинетите во овој случај постои ризик од застарување, но тоа не важи за сите. Гордана е обвинета по член 353 каде што застарувањето е 20 години. Треба некој да се запраша како обвинителството во овој предмет кој се однесува на прислушувањето дозволило некој да биде обвинет со обвинителен предлог за кој делото застарува за пократко време.Зошто да се амнестира обвинителството од ова-нагласува Илиевски.
Неодамна Апелација го врати предметот на повторно судење а пак Судскиот совет констатираше дека тој предолго се држел во фиока.

The post На Јанкуловска делото за „Таргет-Тврдина“ ѝ застарува за 20 години appeared first on Република.

]]>
Адвокат Илиевски: Очекувам позитивна пресуда од судот во Стразбур во следните неколку месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/advokat-ilievski-ochekuvam-pozitivna-presuda-od-sudot-vo-strazbur-vo-slednite-nekolku-mesetsi/ Thu, 12 Jan 2023 15:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=596201

Aдвокатот Влатко Илиевски кој е застапник и на случаите во Стразбур  има големи очекувања дека судот позитивно ќе се произне дека дадената аболиција од поренешниот претседател Иванов не може да биде повлечена.

https://republika.mk/vesti/makedonija/soprugot-na-jankuloska-zhena-mi-e-diskriminirana-ne-mozhe-da-koristi-vikendi-i-da-minuva-poveke-vreme-so-svoeto-dete/

Очекувам да има пресуда во следните месеци.За случајот „Тенк“ пресудата не би значелo ништо бидејќи за неа немаше аболиција, но ќе се однесува за „Таргет-Тврдина“ и за „Титаник“ каде што Јанкуловска исто така е обвинета бидејќи за нив постоеше аболиција.Постојат повеќе варијанти: Eдната е да се донесе одбивателна пресуда бидејќи делата се предмет на аболиција. Друга опција може да биде преквалификација на обвинението.Станува збор за несекојдневен предмет затоа што обично секогаш кога има жалба пред Стразбур да има правосилна пресуа што овде не е случај бидејќи со аболицијата не ни требало да се води таква постапка.Нема пракса за ваков вид на предмет но јас сум убеден во нашите аргументи и очекува позитивен исход-вели Илиевски во интервјуто за „Република“.

https://www.youtube.com/watch?v=9eorXe270h4&t=680s

The post Адвокат Илиевски: Очекувам позитивна пресуда од судот во Стразбур во следните неколку месеци appeared first on Република.

]]>

Aдвокатот Влатко Илиевски кој е застапник и на случаите во Стразбур  има големи очекувања дека судот позитивно ќе се произне дека дадената аболиција од поренешниот претседател Иванов не може да биде повлечена. https://republika.mk/vesti/makedonija/soprugot-na-jankuloska-zhena-mi-e-diskriminirana-ne-mozhe-da-koristi-vikendi-i-da-minuva-poveke-vreme-so-svoeto-dete/  