гордана Димитриевска Кочовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-dimitrievska-kochovska/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 09:28:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гордана Димитриевска Кочовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-dimitrievska-kochovska/ 32 32 Димитриоска-Кочоска за акцијата во Струмица: Покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrioska-kochoska-za-aktsijata-vo-strumitsa-pokazhavme-deka-sploteniot-tim-e-posilen-od-s/ Fri, 13 Sep 2024 09:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=815960

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска преку пост на својот фејсбук профил им се заблагодарува на сите што учествуваа во вчерашната акција во Струмица и во други градови во земјава за откривање сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“, „даночна измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ на група субјекти и додава дека со акцијата покажале дека сплотениот тим е посилен од сѐ.

-Сакам да искажам огромна благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, а особено до колегите од Струмица и другите градови кои денес заедно со мене цел ден неуморно работеа во спроведување на акцијата во Струмица. Дел од нив директно со мене во Струмица, а дел и низ други градови на Македонија. Исто така, огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и Царинската управа кои беа огромна поддршка на колегите од УЈП. Денес покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ, порача Димитриеска Кочоска на својот фејсбук профил.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“, „даночна измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ на група субјекти. Предметот е оформен по доставено известување од страна на Министерството за внатрешни работи за сознанија до кои дошла Управата за јавни приходи.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/biznis-partnerot-na-zaev-padna-vo-ratsete-na-politsijata-poveke-litsa-se-vo-begstvo-pronajdeni-se-i-dijamanti/

- Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, на барање на предметниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издаде наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови,посочија вчера од Обвинителството.

Нагласија дека полициски службеници, службени лица од Управата за јавни приходи координирано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на ОЈО ГОКК при претресите обезбедиле бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка.

-Претресите сè уште се во тек. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна, јавноста навремено ќе биде информирана за поединости што нема да ја нарушат постапката, порачаа вчера од Обвинителството

The post Димитриоска-Кочоска за акцијата во Струмица: Покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска преку пост на својот фејсбук профил им се заблагодарува на сите што учествуваа во вчерашната акција во Струмица и во други градови во земјава за откривање сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“, „даночна измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ на група субјекти и додава дека со акцијата покажале дека сплотениот тим е посилен од сѐ.
-Сакам да искажам огромна благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, а особено до колегите од Струмица и другите градови кои денес заедно со мене цел ден неуморно работеа во спроведување на акцијата во Струмица. Дел од нив директно со мене во Струмица, а дел и низ други градови на Македонија. Исто така, огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и Царинската управа кои беа огромна поддршка на колегите од УЈП. Денес покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ, порача Димитриеска Кочоска на својот фејсбук профил.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“, „даночна измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ на група субјекти. Предметот е оформен по доставено известување од страна на Министерството за внатрешни работи за сознанија до кои дошла Управата за јавни приходи. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/biznis-partnerot-na-zaev-padna-vo-ratsete-na-politsijata-poveke-litsa-se-vo-begstvo-pronajdeni-se-i-dijamanti/
- Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, на барање на предметниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издаде наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови,посочија вчера од Обвинителството.
Нагласија дека полициски службеници, службени лица од Управата за јавни приходи координирано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на ОЈО ГОКК при претресите обезбедиле бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка. -Претресите сè уште се во тек. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна, јавноста навремено ќе биде информирана за поединости што нема да ја нарушат постапката, порачаа вчера од Обвинителството

The post Димитриоска-Кочоска за акцијата во Струмица: Покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Ќе ги пуштиме нозете колку што ни е долга чергата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-ke-gi-pushtime-nozete-kolku-shto-ni-e-dolga-chergata/ Fri, 05 Jul 2024 07:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=793566

Ќе имаме зголемен процент на јавниот долг, БДП оваа година ќе биде меѓу 2,1 и 2,5 проценти, наместо проектираните 3,4 отсто, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа најави и пренамена на 100 милиони евра за општините со најавениот ребаланс на Буџетот што треба да заврши до крајот на јули.

Во гостувањето на „Вин-Вин“, Димитриеска Кочоска истакна дека уште пред да се формира, Владата знаела каква е состојбата во буџетот.

Ќе ги пуштиме нозете, колку што ни е долга чергата“, порача министерката.

Податоците од првиот квартал, па и движењата до крајот на јуни, јасно покажуваат дека годинава нема да ја завршиме со проекцијата на БДП од 3,4 проценти, туку дека тие би се движеле меѓу 2,1 и 2,5 проценти, барем врз основа на податоците со кои досега располага Министерството. Бидејќи нема простор каде да намалуваме на расходната страна, оти има многу расходи кои не биле планирани или износи, ќе релоцираме дел од нив. Целта е да не ги менуваме износите планирани на расходите и на приходите, со цел во апсолутен износ, планираниот буџетски дефицит да не го менуваме. Меѓутоа, како процент од бруто-домашниот производ, секако, ќе имаме пораст на буџетскиот дефицит, кој најверојатно ќе биде поголем од 3,8 проценти. И поголемо загрижување кај јавниот долг, кој што како процент од бруто-домашниот производ ќе бележи поголем раст, зголемен процент на јавен долг, повеќе од тие 62,1 процент. Сега имаме 62,1 отсто на проектиран БДП од 3,4 проценти. Кога ќе го намалиме, јасно е дека тој долг ќе биде поголем, објасни министерката.

Дополни и дека дала насоки во Министерството за најреално прикажување на сите податоци, бидејќи, како што нагласи, „доста ни е веќе со нереални проекции, нереални планирања. Подобро да знаеме од каде почнуваме, колку е лошо, какви се бројките и потоа знаеме на што се фокусираме и што треба да подобруваме“.

Во врска со планираните средства за општините, Димитриеска Кочоска истакна дека не може однапред да се каже кои проекти ќе поминат кај единиците на локална самоуправа.

Повикот ќе биде до сите општини и точно ќе се знае колку и следува на секоја општина. Вкупниот износ, тоа се 100 милиони евра што треба да ги пренамениме сега за општините, ќе ги поделиме со бројот на попишани жители на ниво на Македонија, кои се со постојано живеалиште тука, ќе добиеме колку би било капитална инвестиција по глава на жител и помножено со бројот на жители во општината ќе добиеме секоја општина колку има право да користи. Знали, го лимитираме и правото на користење. Секоја општина во согласност со бројот на жители. Ќе биде наведено кои проекти се прифатливи - водовод, канализација, градинки,..., општините ќе можат да аплицираат и притоа ќе мора да имаат завршена документација, рече министерката за финансии.

The post Димитриеска Кочоска: Ќе ги пуштиме нозете колку што ни е долга чергата appeared first on Република.

]]>

Ќе имаме зголемен процент на јавниот долг, БДП оваа година ќе биде меѓу 2,1 и 2,5 проценти, наместо проектираните 3,4 отсто, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
Таа најави и пренамена на 100 милиони евра за општините со најавениот ребаланс на Буџетот што треба да заврши до крајот на јули. Во гостувањето на „Вин-Вин“, Димитриеска Кочоска истакна дека уште пред да се формира, Владата знаела каква е состојбата во буџетот. Ќе ги пуштиме нозете, колку што ни е долга чергата“, порача министерката.
Податоците од првиот квартал, па и движењата до крајот на јуни, јасно покажуваат дека годинава нема да ја завршиме со проекцијата на БДП од 3,4 проценти, туку дека тие би се движеле меѓу 2,1 и 2,5 проценти, барем врз основа на податоците со кои досега располага Министерството. Бидејќи нема простор каде да намалуваме на расходната страна, оти има многу расходи кои не биле планирани или износи, ќе релоцираме дел од нив. Целта е да не ги менуваме износите планирани на расходите и на приходите, со цел во апсолутен износ, планираниот буџетски дефицит да не го менуваме. Меѓутоа, како процент од бруто-домашниот производ, секако, ќе имаме пораст на буџетскиот дефицит, кој најверојатно ќе биде поголем од 3,8 проценти. И поголемо загрижување кај јавниот долг, кој што како процент од бруто-домашниот производ ќе бележи поголем раст, зголемен процент на јавен долг, повеќе од тие 62,1 процент. Сега имаме 62,1 отсто на проектиран БДП од 3,4 проценти. Кога ќе го намалиме, јасно е дека тој долг ќе биде поголем, објасни министерката.
Дополни и дека дала насоки во Министерството за најреално прикажување на сите податоци, бидејќи, како што нагласи, „доста ни е веќе со нереални проекции, нереални планирања. Подобро да знаеме од каде почнуваме, колку е лошо, какви се бројките и потоа знаеме на што се фокусираме и што треба да подобруваме“. Во врска со планираните средства за општините, Димитриеска Кочоска истакна дека не може однапред да се каже кои проекти ќе поминат кај единиците на локална самоуправа.
Повикот ќе биде до сите општини и точно ќе се знае колку и следува на секоја општина. Вкупниот износ, тоа се 100 милиони евра што треба да ги пренамениме сега за општините, ќе ги поделиме со бројот на попишани жители на ниво на Македонија, кои се со постојано живеалиште тука, ќе добиеме колку би било капитална инвестиција по глава на жител и помножено со бројот на жители во општината ќе добиеме секоја општина колку има право да користи. Знали, го лимитираме и правото на користење. Секоја општина во согласност со бројот на жители. Ќе биде наведено кои проекти се прифатливи - водовод, канализација, градинки,..., општините ќе можат да аплицираат и притоа ќе мора да имаат завршена документација, рече министерката за финансии.

The post Димитриеска Кочоска: Ќе ги пуштиме нозете колку што ни е долга чергата appeared first on Република.

]]>
Решение за 250 милиони евра за развој и капитални проекти на општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/reshenie-za-250-milioni-evra-za-razvoj-i-kapitalni-proekti-na-opshtinite/ Sun, 30 Jun 2024 12:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=792089

Премиерот Христијан Мицковски и го продолжува својот дневник. За 7 ден откако ја презеде функцијата тој напиша Решение за 250 милиони евра за развој и капитални проекти на општините

Во неговиот статус стои:

Ветивме развој на општините и сега го остваруваме тоа преку обезбедување на 250 милиони евра за инфраструктурен развој.
Имав работен состанок со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за локална самоуправа Златко Перински , каде што го утврдивме начинот на распределба на средствата за општините. По ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, Министерството за локална самоуправа ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства. Средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура.

На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби.

Време е државата да направи повеќе за секој еден граѓанин. Со целата енергија работиме на реализација на ветеното.

Исполнуваме!

За тебе!МакедонијаЗаТебе

The post Решение за 250 милиони евра за развој и капитални проекти на општините appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицковски и го продолжува својот дневник. За 7 ден откако ја презеде функцијата тој напиша Решение за 250 милиони евра за развој и капитални проекти на општините Во неговиот статус стои:
Ветивме развој на општините и сега го остваруваме тоа преку обезбедување на 250 милиони евра за инфраструктурен развој. Имав работен состанок со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за локална самоуправа Златко Перински , каде што го утврдивме начинот на распределба на средствата за општините. По ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, Министерството за локална самоуправа ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства. Средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура. На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби. Време е државата да направи повеќе за секој еден граѓанин. Со целата енергија работиме на реализација на ветеното. Исполнуваме! За тебе!МакедонијаЗаТебе

The post Решение за 250 милиони евра за развој и капитални проекти на општините appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-ja-prezede-funktsijata-minister-za-finansii/ Mon, 24 Jun 2024 12:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=790288

Во Министерството за финансии утрово беше извршено примопредавање на функцијата министер за финансии. Новата министерка Гордана Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата од досегашниот министер за финансии Фатмир Бесими.

На средбата Бесими ја запозна новата министерка со тековните активности и проекти на кои се работи во Министерството за финансии. При тоа беше посочено дека Министерството има значајна улога и дека е најважно да се спроведат реформи коишто ќе обезбедат одржливост во финансиите и економски раст.

„Ја презедов оваа функција од мојот претходник, поранешниот министер Фатмир Бесими, обврзувајќи се на посветена и чесна работа за време на извршувањето на функцијата“, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил.

Димитриеска-Кочоска е дел од Владата на премиерот Христијан Мицкоски, која беше изгласана вчера во Собранието на Р Македонија.

The post Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за финансии утрово беше извршено примопредавање на функцијата министер за финансии. Новата министерка Гордана Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата од досегашниот министер за финансии Фатмир Бесими. На средбата Бесими ја запозна новата министерка со тековните активности и проекти на кои се работи во Министерството за финансии. При тоа беше посочено дека Министерството има значајна улога и дека е најважно да се спроведат реформи коишто ќе обезбедат одржливост во финансиите и економски раст.