Гордана Бешлиовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-beshliovska/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 13:26:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гордана Бешлиовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gordana-beshliovska/ 32 32 Бешлиовска за тримесечното бебе со модринки: Со име и презиме да бидат прозвани сите кои згрешија за овој случај https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/beshliovska-za-trimesechnoto-bebe-so-modrinki-so-ime-i-prezime-da-bidat-prozvani-site-koi-zgreshija-za-ovoj-sluchaj/ Mon, 15 Jul 2024 13:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=797097

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ будно го следи случајот на тримесечното бебе со модринки по преглед на Детската клиника и очекува виновникот за целата ситуација дека ќе се посочи со име и презиме. Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението „За нас“ денес повика пред да се посочи вина кај кого било, да се почекаат податоците од стручната комисија формирана да го истражи случајот.

Будноста ни е оти очекуваме да се излезе со релевантни факти и аргументи за целокупната состојба. Во вој момент не гледаме и не согледуваме никаква вина, со оглед на тоа дека и министерот Таравари досега никогаш не ја посочи вината кон медицинската сестра се додека не излезе со адекватни податоци комисијата формирана да го увиди случајот. Вакви нерасчистени и недокажани случаи на нашата сестринска професија не смеат да фрлат никаква дамка. Не само за дигнитетот на нашата професија туку и за довербата на пациентите. За овој случај ќе се воздржиме се додека не ги добиеме релевантните аргументи од комисијата која очекуваме во текот на денешниот ден да излезе со податоци. Веруваме во институциите и веруваме во Министерството за здравство дека сепак целиот случај ќе оди во насока на правилно расчистување и име и презиме на виновникот за целата работа“, рече претседателката на Здружението, Бешлиовска.

Во однос на забелешките дека медицинската сестра го повредила тримесечното бебе кога му земала крв оти претходно имала расправија со мајката која не зборувала добро македонски јазик, Бешлиовска вели дека медицинските сестри во болниците не се бројат по национални реторики.

Се надеваме дека сите кои на некој начин погрешија и згрешија во оваа ситуација дека ќе бидат прозвани со име и презиме. Инцидентните случаи не смеат да ги генерализираат нештата и не смеат да одат во правец на нарушување на дигнитетот на професијата на сестрите и губење на довербата кај пациентите, вели Бешлиовска.

Таа потсети дека во Македонија има дефицит од медицински сестри оти постојано ја напуштаат земјата, но во моментов имаме 9200 медицински сестри за кои вели дека високопрофесионално си ја работат работата. Токму за расчистување на ваквите случаи Бешлиовска вели дека во структурите што тие редлагаат да биат воведени имаат и суд на честа и надзорен суд со кои секоја грешка треба да има име и презиме, а не генерализирање на состојбите.

The post Бешлиовска за тримесечното бебе со модринки: Со име и презиме да бидат прозвани сите кои згрешија за овој случај appeared first on Република.

]]>