„Горчливите солзи на Петра фон Кант“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gorchlivite-solzi-na-petra-fon-kant/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Mar 2022 09:12:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gorchlivite-solzi-na-petra-fon-kant/ 32 32 „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ вечерва премиерно во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gorchlivite-solzi-na-petra-fon-kant-vecherva-premierno-vo-mnt/ Wed, 02 Mar 2022 09:08:05 +0000 https://republika.mk/?p=466298

Вечерва, на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) , премиерно ќе биде одиграна претставата „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ од германскиот автор Рајнер Вернер Фасбиндер, а во режија на актерот Ивица Димитријевиќ.

Љубовната драма „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ е базирана на целосно женска актерска екипа: Драгана Костадиновска, Сара Анастасовска, Сашка Димитровска, Софиа Насевска -Трифуновска, Тања Кочовска и Анастасија Аневска.

Текстот е напишан кон почетокот на 70-тите години од минатиот век, со кој авторот стекнува и голема светска слава, бидејќи отворено зборува за љубовните односи меѓу жените. По екранизацијата на филмското платно, текстот е повеќепати поставуван и на светската театарска сцена, а во МНТ се поставува првпат.

Дејството на пиесата се случува во домот на нарцисоидната и позната модна креаторка Петра фон Кант, која ја следи променливата динамика во нејзините односи со другите жени. Приказната на протагонистката Петра е раскажана во пет чина, притоа секој од нив ги прикажува психолошките состојби на главниот лик. Претставата отворено и повеќедимензионално зборува и за тоа како капиталистичкото потрошувачко општество ѝ се заканува дури и на љубовта, без разлика за каква љубов станува збор — партнерска, другарска, родителска... За да ја первертира и да ја доведе до должничко доверителски продукт.

Костимографка на претставата е Ирина Тошева, консултант за сценографија е Кристина Божурска, а музиката ја изработи Јане Трајковски.

Станува збор за копродукциски проект меѓу МНТ и МИ Филм, а следните изведби се закажана на 4 и 22 март со почеток во 20:00 часот.

The post „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ вечерва премиерно во МНТ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) , премиерно ќе биде одиграна претставата „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ од германскиот автор Рајнер Вернер Фасбиндер, а во режија на актерот Ивица Димитријевиќ. Љубовната драма „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ е базирана на целосно женска актерска екипа: Драгана Костадиновска, Сара Анастасовска, Сашка Димитровска, Софиа Насевска -Трифуновска, Тања Кочовска и Анастасија Аневска. Текстот е напишан кон почетокот на 70-тите години од минатиот век, со кој авторот стекнува и голема светска слава, бидејќи отворено зборува за љубовните односи меѓу жените. По екранизацијата на филмското платно, текстот е повеќепати поставуван и на светската театарска сцена, а во МНТ се поставува првпат. Дејството на пиесата се случува во домот на нарцисоидната и позната модна креаторка Петра фон Кант, која ја следи променливата динамика во нејзините односи со другите жени. Приказната на протагонистката Петра е раскажана во пет чина, притоа секој од нив ги прикажува психолошките состојби на главниот лик. Претставата отворено и повеќедимензионално зборува и за тоа како капиталистичкото потрошувачко општество ѝ се заканува дури и на љубовта, без разлика за каква љубов станува збор — партнерска, другарска, родителска... За да ја первертира и да ја доведе до должничко доверителски продукт. Костимографка на претставата е Ирина Тошева, консултант за сценографија е Кристина Божурска, а музиката ја изработи Јане Трајковски. Станува збор за копродукциски проект меѓу МНТ и МИ Филм, а следните изведби се закажана на 4 и 22 март со почеток во 20:00 часот.

The post „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ вечерва премиерно во МНТ appeared first on Република.

]]>