гораст цветковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gorast-cvetkovski/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 09:40:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гораст цветковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gorast-cvetkovski/ 32 32 Праизведба на „Хенгинг Араунд“ во МНТ, претстава за изгубени ликови во светот на бајките https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/praizvedba-na-henging-araund-vo-mnt-pretstava-za-izgubeni-likovi-vo-svetot-na-bajkite/ Fri, 19 Apr 2024 09:28:07 +0000 https://republika.mk/?p=767898

„Хенгинг Араунд“ е новата претстава на Македонскиот народен театар (МНТ), која премиерно ќе се изведе на малата сцена вечерва, 19 април од 20 часот. Ова е праизведба на текстот на Љупчо Јованов, во режија на Бојан Трифуновски.

Во претставата играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

Главните ликови во приказната – „0“ (Хенгинг) и „1“ (Араунд) – се изгубени во светот на бајките, не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста. Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни.

[caption id="attachment_767932" align="alignnone" width="2048"] фото: МНТ[/caption]

Во 2015 година Министерството за култура го откупи текстот на Јованов и како што вели авторот, напишан е десетина години претходно и во меѓувреме биле направени неколку измени.

За еден текст е најбитно да биде изведен на сцена. Со Бојан Трифуновски работиме заедно долги години во различни театарски проекти. Од самиот почеток, во МНТ се навикнав како во природна, домашна атмосфера, вели Јованов, кој по професија е архитект и професор на „Американ колеџ“.

[caption id="attachment_766745" align="alignnone" width="1600"] Љупчо Јованов: За еден текст е најбитно да биде изведен на сцена /фото: Александар Ивановски[/caption]

Според него, бајките за деца се бајки за возрасни, но децата малку поинаку гледаат на сказните, за разлика од возрасните, коишто би требало на поинаков начин да ги преведат, односно прераскажат тие бајки.

Самата идеја на „Хенгинг Араунд“ е да се прикаже тој свет на бајки како нешто што и во тој свет тече и нешто се случува, бидејќи не е замрзнат и не е фиксиран онака како што сме навикнати да го гледаме. Но, како и реалниот живот и тој си има своја реалност и мора да се развива и надополнува и да се менува, вели Јованов, кој е и сценограф и костимограф на претставата.

Режисерот Трифуновски вели дека на театарските сцени фали постмодерна на македонски јазик.

Насоките на МНТ се да се популаризираат македонски автори, а јас често работам македонски автори. Уредувачките политики коишто најчесто се мотивирани од финансиски услови не дозволуваат младите автори често да добиваат шанса. Јованов не е млад, но ете се случува праизведба после 20 години. Отсекогаш сум го сакал текстот, бидејќи е сликовница. Јованов нуди многу интересен спектар на метафори коишто можат со било какво театарско средство да се изведат, да се родат на сцената и затоа што пред сè е пишувано за актери. Јованов е дете на театарот, професор е по сценографија, тој е сценограф и костимограф на претставата заедно со Александар Ношпал. Го разбира процесот, а јас сакам да работам актерски претстави, вели Трифуновски.

Сашко Коцев го игра ликот на Волкот и на Квазимодо.

[caption id="attachment_766738" align="alignnone" width="1600"] Сашко Коцев: Ова е доста интересна и чудна претстава во која што до резултатот беше многу тешко да се стигне /фото: Александар Ивановски[/caption]

Ние живееме една бајка, нашите животи се бајки коишто некогаш другите ни ги наметнуваат, ни даваат улоги, некогаш ние сами тоа си го правиме, си ја креираме таа бајка и потоа не може да излеземе од неа. Бајките се раскажани низ една друга призма на авторот, малку исчашено, извитоперено, тоа делува чудно, но ги препознаваме. Има еден волк од приказните кој цело време им кажува што да направат на 0 и на 1, но тие не можат да разберат, умираат, но никако да умрат, цело време се враќаат и на крајот почнуваат од почеток. Една човекова сизифовска работа. Една метафора за животот проткаена со многу симболи - театарски и драматуршки. Ликот на Квазимодо кратко се појавува, волкот е како еден наратор којшто го има низ претставата, нараторот, ги креира самите приказни во коишто ќе влезат 0 и 1, без разлика дали се тоа „Трите прасиња“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Али Баба и 40 разбојници“ или „Убавицата и ѕверот“. Сите приказни кои ги знаеме и нам ни се раскажани така и ние ги живееме тие приказни. Авторот вика еве може и вака да биде. Во сите приказни главно се спроведува една декаденција на ликовите во приказните. Ова е доста интересна и чудна претстава во која што до резултатот беше многу тешко да се стигне. Друго е кога имаш драмски текст со јасни ликови и намери кој на кого му е што, а овде тоа го немаше, па беше еден експериментален процес. Режисерскиот израз на Трифуновски е таков, тој секогаш гледа да проткајува и доза на хумор за да биде тоа попитко, вели Коцев кому ова му трета претстава со Трифуновски, по „Аладин“ во МНТ и „Нешто пропуштаме“ во Театар Комедија.

За „Хенгин Араунд“ вели дека е поексперимантална претстава.

[caption id="attachment_766743" align="alignnone" width="1600"] Сашко Коцев /фото: Александар Ивановски[/caption]

Ни една претстава не е лесна, но овде се бориме со која е метафората, зошто е тоа така, што значи...Среќа, авторот беше со нас. На почетокот веднаш одгледавме неколку филма, неколку фрагменти како пример за тоа што би сакал авторот да постигне, но внатре во претставата нема да се препознаат, исфлитрирани се, додава Коцев.

Стефан Спасов го толкува ликот Хенгинг или 1.

[caption id="attachment_766734" align="alignnone" width="1600"] Стефан Спасов: Кога се читаат бајките како возрасен, тогаш може со ‘возрасниот мозок’ да подразмислиш и да ти биде поинтересно/фото: Александар Ивановски[/caption]

Мојот лик е еден, така да го наречам плачко, што пробува да излезе од бајките, но тоа тешко му оди. Не му работи мозокот, но се труди, го дава максимумот, но тоа е малку. За него, тоа што се случува е реалност. Но, таа реалност не му одговара, не може да се снајде, не може да прифати. Текстот на Јованов е многу пријатно напишан, јазикот кој е користен е близок до сите. Мене ми се допаѓа текстот бидејќи е од познати бајки, „Убавицата и ѕверот“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Трите прасиња“. На сите ни се познати тие приказни и кога и да се читаат, секогаш човек може да се пронајде, да најде нешто ново. Кога се читаат бајките како возрасен, тогаш може со ‘возрасниот мозок’ да подразмислиш и да ти биде поинтересно, вели Спасов.

Гораст Цветковски толкува два лика - Али Баба и Ѕверот.

[caption id="attachment_766752" align="alignnone" width="1600"] Гораст Цветковски: Работевме со метафизика, темата е таква. Многу ни е забавно, многу се смееме, се надевам тоа ќе биде пренесено на публиката/ фото: Александар Ивановски[/caption]

Ова е бајка само за возрасни. Ова е претстава за возрасни кои 'имаат желудник'. Моите ликови, Али Баба и Ѕверот од „Убавицата и ѕверот“ сите ги знаеме од цртаните филмови, приказните, книгите, но тоа се комплетно различни, превртени верзии во однос на што би се случувало од страната на ликовите. Значи што им се случувало на Али баба и разбојниците коишто биле затворени во таа пештера со години, а сите мислеле дека внатре има злато и скапоцености, кој е нивниот проблем. Убавицата и ѕверот се двојка која има сериозен, реален проблем во врската. Работевме со метафизика, темата е таква. Многу ни е забавно, многу се смееме, се надевам тоа ќе биде пренесено на публиката, па и за нив ќе биде возбудливо, вели Цветковски.

По вечерашната премиера, следната изведба на „Хенгин Араунд“ е в сабота, на 20 април и потоа на 7 мај.

https://republika.mk/vesti/kultura/bajkite-shto-ni-gi-prodavaat-vo-makedonija-navidum-polni-so-magija-se-polni-so-perverzija-i-nepochituvane/

The post Праизведба на „Хенгинг Араунд“ во МНТ, претстава за изгубени ликови во светот на бајките appeared first on Република.

]]>

„Хенгинг Араунд“ е новата претстава на Македонскиот народен театар (МНТ), која премиерно ќе се изведе на малата сцена вечерва, 19 април од 20 часот. Ова е праизведба на текстот на Љупчо Јованов, во режија на Бојан Трифуновски. Во претставата играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска. Главните ликови во приказната – „0“ (Хенгинг) и „1“ (Араунд) – се изгубени во светот на бајките, не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста. Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. [caption id="attachment_767932" align="alignnone" width="2048"] фото: МНТ[/caption] Во 2015 година Министерството за култура го откупи текстот на Јованов и како што вели авторот, напишан е десетина години претходно и во меѓувреме биле направени неколку измени.
За еден текст е најбитно да биде изведен на сцена. Со Бојан Трифуновски работиме заедно долги години во различни театарски проекти. Од самиот почеток, во МНТ се навикнав како во природна, домашна атмосфера, вели Јованов, кој по професија е архитект и професор на „Американ колеџ“.
[caption id="attachment_766745" align="alignnone" width="1600"] Љупчо Јованов: За еден текст е најбитно да биде изведен на сцена /фото: Александар Ивановски[/caption] Според него, бајките за деца се бајки за возрасни, но децата малку поинаку гледаат на сказните, за разлика од возрасните, коишто би требало на поинаков начин да ги преведат, односно прераскажат тие бајки.
Самата идеја на „Хенгинг Араунд“ е да се прикаже тој свет на бајки како нешто што и во тој свет тече и нешто се случува, бидејќи не е замрзнат и не е фиксиран онака како што сме навикнати да го гледаме. Но, како и реалниот живот и тој си има своја реалност и мора да се развива и надополнува и да се менува, вели Јованов, кој е и сценограф и костимограф на претставата.
Режисерот Трифуновски вели дека на театарските сцени фали постмодерна на македонски јазик.
Насоките на МНТ се да се популаризираат македонски автори, а јас често работам македонски автори. Уредувачките политики коишто најчесто се мотивирани од финансиски услови не дозволуваат младите автори често да добиваат шанса. Јованов не е млад, но ете се случува праизведба после 20 години. Отсекогаш сум го сакал текстот, бидејќи е сликовница. Јованов нуди многу интересен спектар на метафори коишто можат со било какво театарско средство да се изведат, да се родат на сцената и затоа што пред сè е пишувано за актери. Јованов е дете на театарот, професор е по сценографија, тој е сценограф и костимограф на претставата заедно со Александар Ношпал. Го разбира процесот, а јас сакам да работам актерски претстави, вели Трифуновски.
Сашко Коцев го игра ликот на Волкот и на Квазимодо. [caption id="attachment_766738" align="alignnone" width="1600"] Сашко Коцев: Ова е доста интересна и чудна претстава во која што до резултатот беше многу тешко да се стигне /фото: Александар Ивановски[/caption]
Ние живееме една бајка, нашите животи се бајки коишто некогаш другите ни ги наметнуваат, ни даваат улоги, некогаш ние сами тоа си го правиме, си ја креираме таа бајка и потоа не може да излеземе од неа. Бајките се раскажани низ една друга призма на авторот, малку исчашено, извитоперено, тоа делува чудно, но ги препознаваме. Има еден волк од приказните кој цело време им кажува што да направат на 0 и на 1, но тие не можат да разберат, умираат, но никако да умрат, цело време се враќаат и на крајот почнуваат од почеток. Една човекова сизифовска работа. Една метафора за животот проткаена со многу симболи - театарски и драматуршки. Ликот на Квазимодо кратко се појавува, волкот е како еден наратор којшто го има низ претставата, нараторот, ги креира самите приказни во коишто ќе влезат 0 и 1, без разлика дали се тоа „Трите прасиња“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Али Баба и 40 разбојници“ или „Убавицата и ѕверот“. Сите приказни кои ги знаеме и нам ни се раскажани така и ние ги живееме тие приказни. Авторот вика еве може и вака да биде. Во сите приказни главно се спроведува една декаденција на ликовите во приказните. Ова е доста интересна и чудна претстава во која што до резултатот беше многу тешко да се стигне. Друго е кога имаш драмски текст со јасни ликови и намери кој на кого му е што, а овде тоа го немаше, па беше еден експериментален процес. Режисерскиот израз на Трифуновски е таков, тој секогаш гледа да проткајува и доза на хумор за да биде тоа попитко, вели Коцев кому ова му трета претстава со Трифуновски, по „Аладин“ во МНТ и „Нешто пропуштаме“ во Театар Комедија.
За „Хенгин Араунд“ вели дека е поексперимантална претстава. [caption id="attachment_766743" align="alignnone" width="1600"] Сашко Коцев /фото: Александар Ивановски[/caption]
Ни една претстава не е лесна, но овде се бориме со која е метафората, зошто е тоа така, што значи...Среќа, авторот беше со нас. На почетокот веднаш одгледавме неколку филма, неколку фрагменти како пример за тоа што би сакал авторот да постигне, но внатре во претставата нема да се препознаат, исфлитрирани се, додава Коцев.
Стефан Спасов го толкува ликот Хенгинг или 1. [caption id="attachment_766734" align="alignnone" width="1600"] Стефан Спасов: Кога се читаат бајките како возрасен, тогаш може со ‘возрасниот мозок’ да подразмислиш и да ти биде поинтересно/фото: Александар Ивановски[/caption]
Мојот лик е еден, така да го наречам плачко, што пробува да излезе од бајките, но тоа тешко му оди. Не му работи мозокот, но се труди, го дава максимумот, но тоа е малку. За него, тоа што се случува е реалност. Но, таа реалност не му одговара, не може да се снајде, не може да прифати. Текстот на Јованов е многу пријатно напишан, јазикот кој е користен е близок до сите. Мене ми се допаѓа текстот бидејќи е од познати бајки, „Убавицата и ѕверот“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Трите прасиња“. На сите ни се познати тие приказни и кога и да се читаат, секогаш човек може да се пронајде, да најде нешто ново. Кога се читаат бајките како возрасен, тогаш може со ‘возрасниот мозок’ да подразмислиш и да ти биде поинтересно, вели Спасов.
Гораст Цветковски толкува два лика - Али Баба и Ѕверот. [caption id="attachment_766752" align="alignnone" width="1600"] Гораст Цветковски: Работевме со метафизика, темата е таква. Многу ни е забавно, многу се смееме, се надевам тоа ќе биде пренесено на публиката/ фото: Александар Ивановски[/caption]
Ова е бајка само за возрасни. Ова е претстава за возрасни кои 'имаат желудник'. Моите ликови, Али Баба и Ѕверот од „Убавицата и ѕверот“ сите ги знаеме од цртаните филмови, приказните, книгите, но тоа се комплетно различни, превртени верзии во однос на што би се случувало од страната на ликовите. Значи што им се случувало на Али баба и разбојниците коишто биле затворени во таа пештера со години, а сите мислеле дека внатре има злато и скапоцености, кој е нивниот проблем. Убавицата и ѕверот се двојка која има сериозен, реален проблем во врската. Работевме со метафизика, темата е таква. Многу ни е забавно, многу се смееме, се надевам тоа ќе биде пренесено на публиката, па и за нив ќе биде возбудливо, вели Цветковски.
По вечерашната премиера, следната изведба на „Хенгин Араунд“ е в сабота, на 20 април и потоа на 7 мај. https://republika.mk/vesti/kultura/bajkite-shto-ni-gi-prodavaat-vo-makedonija-navidum-polni-so-magija-se-polni-so-perverzija-i-nepochituvane/