Горанци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gorantsi/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Feb 2023 20:26:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Горанци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gorantsi/ 32 32 Горанците од Косово ѝ порачаа на Јотова: Овде нема Бугари и никогаш немало, стоп на асимилацијата и бугаризацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorantsite-od-kosovo-porachaa-na-jotova-ovde-nema-bugari-i-nikogash-nemalo-stop-na-asimilatsijata-i-bugarizatsijata/ Wed, 22 Feb 2023 19:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=612058

Партијата „Наша иницијатива“ од Косово, која ги застапува интересите на Бошњаците и на Горанците во земјата, изразува загриженост по повод ненајавената посета на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, на Косово, што се одржа на 18 февруари, како и за вестите во Бугарија околу целта на нејзината посета, објави електронското издание на весникот „Илинден”.

Во реакцијата, партијата ја отфрла изјавата на Јотова дека на Косово „живеат околу 15.000 Бугари“, мислејќи на Бошњаците и на Македонците (Горанци) во областа Гора и Призренска Жупа.

Партијата смета дека на овој начин Бугарија ја злоупотребува својата положба и членството во Европската Унија, грубо мешајќи се во внатрешните работи на Косово.

Ги осудуваме манипулациите на Софија и претставувањето на Бошњаците и Горанците на Косово како Бугари, пишува во реакцијата.

Партијата потсетува дека на пописот на населението во 2011 година, во општините Драгаш и Призрен, Бугари „воопшто нема или се на ниво на статистичка грешка“.

Како партија не го оспоруваме правото на Македонците и Бошњаците да се школуваат во Бугарија, но сметаме дека тоа не може, не смее и не треба да биде условено со асимилација. Потврдуваме дека Горанците и Бошњаците се уставно признати од страна на Косово, и силно сме против тековната нивна „бугаризација“ во општините Призрен и Драгаш.

 

Оваа година е година на попис на населението на Косово, а обидите на Софија да создаде Бугари се со цел да ги залаже, да ги доведе до заблуда и да ги изманипулира Бошњаците и Горанците на Косово. По кој знае кој пат повторуваме дека тие не се Бугари, ниту биле, ниту кога и да е ќе бидат, велат од партијата.

На крајот, партијата на Бошњаците ги повикува сите Македонци и Бошњаци на Косово да се спротивстават на „обидите на Софија за нивна бугаризација“.

Секој има обврска да ги информира останатите на кои овие бугарски манипулации се уште не им се јасни. Студирање и соработка – ДА! Асимилација – НЕ! Стоп на асимилацијата и бугаризацијата на Косово, биди тоа што отсекогаш си бил, стои на крајот од реакцијата на Наша Иницијатива.

The post Горанците од Косово ѝ порачаа на Јотова: Овде нема Бугари и никогаш немало, стоп на асимилацијата и бугаризацијата appeared first on Република.

]]>

Партијата „Наша иницијатива“ од Косово, која ги застапува интересите на Бошњаците и на Горанците во земјата, изразува загриженост по повод ненајавената посета на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, на Косово, што се одржа на 18 февруари, како и за вестите во Бугарија околу целта на нејзината посета, објави електронското издание на весникот „Илинден”. Во реакцијата, партијата ја отфрла изјавата на Јотова дека на Косово „живеат околу 15.000 Бугари“, мислејќи на Бошњаците и на Македонците (Горанци) во областа Гора и Призренска Жупа. Партијата смета дека на овој начин Бугарија ја злоупотребува својата положба и членството во Европската Унија, грубо мешајќи се во внатрешните работи на Косово.
Ги осудуваме манипулациите на Софија и претставувањето на Бошњаците и Горанците на Косово како Бугари, пишува во реакцијата.
Партијата потсетува дека на пописот на населението во 2011 година, во општините Драгаш и Призрен, Бугари „воопшто нема или се на ниво на статистичка грешка“.
Како партија не го оспоруваме правото на Македонците и Бошњаците да се школуваат во Бугарија, но сметаме дека тоа не може, не смее и не треба да биде условено со асимилација. Потврдуваме дека Горанците и Бошњаците се уставно признати од страна на Косово, и силно сме против тековната нивна „бугаризација“ во општините Призрен и Драгаш.   Оваа година е година на попис на населението на Косово, а обидите на Софија да создаде Бугари се со цел да ги залаже, да ги доведе до заблуда и да ги изманипулира Бошњаците и Горанците на Косово. По кој знае кој пат повторуваме дека тие не се Бугари, ниту биле, ниту кога и да е ќе бидат, велат од партијата.
На крајот, партијата на Бошњаците ги повикува сите Македонци и Бошњаци на Косово да се спротивстават на „обидите на Софија за нивна бугаризација“.
Секој има обврска да ги информира останатите на кои овие бугарски манипулации се уште не им се јасни. Студирање и соработка – ДА! Асимилација – НЕ! Стоп на асимилацијата и бугаризацијата на Косово, биди тоа што отсекогаш си бил, стои на крајот од реакцијата на Наша Иницијатива.

The post Горанците од Косово ѝ порачаа на Јотова: Овде нема Бугари и никогаш немало, стоп на асимилацијата и бугаризацијата appeared first on Република.

]]>
Бугарија сака и Македонците од областа Гора да ги направи Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-saka-i-makedontsite-od-oblasta-gora-da-gi-napravi-bugari/ Fri, 17 Feb 2023 15:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=610291

Македонското друштво „Илинден”-Тирана во реакција,  како што наведува,  остро ја осудува бугарската пропаганда меѓу Македонците во селата на областа Гора во Албанија и во Косово.Исто така, изразува  и жалење  затоа што „официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда" меѓу Македонците во областа, обидувајќи се да ги претстави како „Бугари“

Македонско друштво „Илинден”-Тирана, секогаш се залага за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ.

Нивната самосвест е македонска, а обидите на бугарската политика да го обезличи и побугарчи ова македонско население се остваруваат со уцени и измами за подобрување на нивниот социјален статус и економска положба со делење на бугарски пасоши, со стипендии за студирање на младите Македонци, стои во соопштението.

Се додава дека цената на тие бугарски „услуги“ се сведуваат на потпишување изјава дека Македонците се Бугари и дека и нивните предци биле Бугари
Според друштвото, бидејќи „сето ова го работи една земја членка на Европската Унија пред очите на сите европски држави", Македонците  бараат помош од владите на Албанија и Косово.

Македонците во Република Албанија никогаш не биле ниту своеволно би биле „Бугари“! Македонско друштво „Илинден”-Тирана апелира владата на Република Косово да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во Република Косово и да не дозволи признавање на непостоечко  бугарското малцинство.

Го потсетуваме бугарското раководство дека македонската нација е историски факт и дека нам не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме дека сме тоа што сме - Македонци, се посочува во соопштението на  друштвото „Илинден", потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај

Во областа Гора во Косово има 18 села, додека во Албанија 10 села сите населени со Македонци, наречени Горанци<

The post Бугарија сака и Македонците од областа Гора да ги направи Бугари appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Илинден”-Тирана во реакција,  како што наведува,  остро ја осудува бугарската пропаганда меѓу Македонците во селата на областа Гора во Албанија и во Косово.Исто така, изразува  и жалење  затоа што „официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда" меѓу Македонците во областа, обидувајќи се да ги претстави како „Бугари“ Македонско друштво „Илинден”-Тирана, секогаш се залага за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ. Нивната самосвест е македонска, а обидите на бугарската политика да го обезличи и побугарчи ова македонско население се остваруваат со уцени и измами за подобрување на нивниот социјален статус и економска положба со делење на бугарски пасоши, со стипендии за студирање на младите Македонци, стои во соопштението. Се додава дека цената на тие бугарски „услуги“ се сведуваат на потпишување изјава дека Македонците се Бугари и дека и нивните предци биле Бугари Според друштвото, бидејќи „сето ова го работи една земја членка на Европската Унија пред очите на сите европски држави", Македонците  бараат помош од владите на Албанија и Косово. Македонците во Република Албанија никогаш не биле ниту своеволно би биле „Бугари“! Македонско друштво „Илинден”-Тирана апелира владата на Република Косово да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во Република Косово и да не дозволи признавање на непостоечко  бугарското малцинство. Го потсетуваме бугарското раководство дека македонската нација е историски факт и дека нам не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме дека сме тоа што сме - Македонци, се посочува во соопштението на  друштвото „Илинден", потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај Во областа Гора во Косово има 18 села, додека во Албанија 10 села сите населени со Македонци, наречени Горанци<

The post Бугарија сака и Македонците од областа Гора да ги направи Бугари appeared first on Република.

]]>