горан паунов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-paunov/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 22:01:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png горан паунов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-paunov/ 32 32 Кумот на Ковачевски може да добие државна помош без името да му се спомене https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kumot-na-kovachevski-mozhe-da-dobie-drzhavna-pomosh-bez-imeto-da-mu-se-spomene/ Wed, 28 Dec 2022 22:01:16 +0000 https://republika.mk/?p=591217

Кумот на премиерот Ковачевски, Горан Паунов, се повлече од позициите овластено лице и извршен член на одборот на директори на „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“, компанија која ќе гради фабрика за производство на соларни панели за фотоволтаични централи во тамошната индустриска зона, дознава „А1он“.

На местото на Паунов, на овие две позиции доаѓа Германецот Александар Мајер. Мајер е извршен директор на германската компанија „АЕ Солар“, фирма – мајка на бугарската „АЕ Солар Хоризон АД“, која заеднички со компанијата на Паунов, „Пиксел Гроуп“, влегуваат во милионската инвестиција во тетовскиот ТИРЗ.

Покрај Мајер, овластено лице во „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“ се’ уште останува поранешниот заменик – министер за енергетика во Бугарија, Илко Георгиев Јоцев, кој се води како сопственик на бугарската фирма.

Компанијата на Паунов, „Пиксел Гроуп“, сепак, останува ко-сопственик во инвестицијата и покрај неговото повлекување од функциите во тетовската компанија. Тоа значи дека доколку „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“ аплицира за државна помош, Паунов најверојатно нема да биде дел од преговарачкиот процес со институциите, ниту пак, неговото име ќе стои на потпишаните договори за доделувањето на државната помош. Иако на крај, државните пари ќе завршат во компанијата во која тој има удел.


Повеќе на А1он

The post Кумот на Ковачевски може да добие државна помош без името да му се спомене appeared first on Република.

]]>

Кумот на премиерот Ковачевски, Горан Паунов, се повлече од позициите овластено лице и извршен член на одборот на директори на „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“, компанија која ќе гради фабрика за производство на соларни панели за фотоволтаични централи во тамошната индустриска зона, дознава „А1он“. На местото на Паунов, на овие две позиции доаѓа Германецот Александар Мајер. Мајер е извршен директор на германската компанија „АЕ Солар“, фирма – мајка на бугарската „АЕ Солар Хоризон АД“, која заеднички со компанијата на Паунов, „Пиксел Гроуп“, влегуваат во милионската инвестиција во тетовскиот ТИРЗ. Покрај Мајер, овластено лице во „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“ се’ уште останува поранешниот заменик – министер за енергетика во Бугарија, Илко Георгиев Јоцев, кој се води како сопственик на бугарската фирма. Компанијата на Паунов, „Пиксел Гроуп“, сепак, останува ко-сопственик во инвестицијата и покрај неговото повлекување од функциите во тетовската компанија. Тоа значи дека доколку „АЕ СОЛАР АД ТЕТОВО“ аплицира за државна помош, Паунов најверојатно нема да биде дел од преговарачкиот процес со институциите, ниту пак, неговото име ќе стои на потпишаните договори за доделувањето на државната помош. Иако на крај, државните пари ќе завршат во компанијата во која тој има удел.
Повеќе на А1он

The post Кумот на Ковачевски може да добие државна помош без името да му се спомене appeared first on Република.

]]>
Нови 7.000 евра државна помош за кумот на Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-7-000-evra-drzhavna-pomosh-za-kumot-na-kovachevski/ Mon, 26 Dec 2022 13:54:27 +0000 https://republika.mk/?p=590151

Во ек на кризи, кои периодов значително го осиромашија македонскиот народ, компанијата за производство на фотоволтаични модули „Пиксел Гроуп“, во сопственост на кумот на премиерот Ковачевски - Горан Паунов, изминатиов период добила државни пари во износ од 521.413 евра, алармираат од Левица.

Контроверзната „Пиксел Гроуп“, во која Ковачевски беше косопственик, продолжува да ја празни државната каса. Имено, и покрај бројните реакции на јавноста, пред една недела ѝ се префрлени уште 7.812 евра од сметката на Фондот за иновации на оваа компанија. По пат на договори за финансиска поддршка од Владата, „Пиксел Гроуп“ од 30.12.2019 до 30.12.2021 година, добила државна помош во вредност од 27.262.082 денари. Преку проекти од Фондот за иновации и технолошки развој пак, оваа компанија добила 4.804.848 денари во период од 2020 до 2022 година. Антикорупционерите ги премолчија и продолжуваат да молчат за сите афери на власта. Јасно е дека најголем генератор на коруција и сиромаштија е врхушката на оваа власт, која по примерот на бизнисите на фамилијата Заеви, продолжува да го цеди буџетот - овој пат преку фамилијата Ковачевски, велат од Левица.

https://republika.mk/vesti/makedonija/levica-energetskata-kriza-e-bombona-biznis-za-kovachevski-i-zaevi/

The post Нови 7.000 евра државна помош за кумот на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Во ек на кризи, кои периодов значително го осиромашија македонскиот народ, компанијата за производство на фотоволтаични модули „Пиксел Гроуп“, во сопственост на кумот на премиерот Ковачевски - Горан Паунов, изминатиов период добила државни пари во износ од 521.413 евра, алармираат од Левица.
Контроверзната „Пиксел Гроуп“, во која Ковачевски беше косопственик, продолжува да ја празни државната каса. Имено, и покрај бројните реакции на јавноста, пред една недела ѝ се префрлени уште 7.812 евра од сметката на Фондот за иновации на оваа компанија. По пат на договори за финансиска поддршка од Владата, „Пиксел Гроуп“ од 30.12.2019 до 30.12.2021 година, добила државна помош во вредност од 27.262.082 денари. Преку проекти од Фондот за иновации и технолошки развој пак, оваа компанија добила 4.804.848 денари во период од 2020 до 2022 година. Антикорупционерите ги премолчија и продолжуваат да молчат за сите афери на власта. Јасно е дека најголем генератор на коруција и сиромаштија е врхушката на оваа власт, која по примерот на бизнисите на фамилијата Заеви, продолжува да го цеди буџетот - овој пат преку фамилијата Ковачевски, велат од Левица.
https://republika.mk/vesti/makedonija/levica-energetskata-kriza-e-bombona-biznis-za-kovachevski-i-zaevi/

The post Нови 7.000 евра државна помош за кумот на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за кумот на Ковачевски: Горан Паунов осомничен за лажно спроведување на улично осветлување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichna-prijava-za-kumot-na-kovachevski-goran-paunov-osomnichen-za-lazno-sproveduvanje-na-ulichno-osvetluvanje/ Tue, 04 Oct 2022 14:04:11 +0000 https://republika.mk/?p=557282

Кумот и екс бизнис партнер на Ковачевски, Горан Паунов е осомничен за лажно спроведен надзор за изградба на нови линии и одржување и реконструкција на постојна мрежа за улично осветлување во општина Гази Баба, објави порталот А1.он.

https://www.youtube.com/watch?v=FoBmxDftA6Q

Целиот прилог овде.

The post Кривична пријава за кумот на Ковачевски: Горан Паунов осомничен за лажно спроведување на улично осветлување appeared first on Република.

]]>

Кумот и екс бизнис партнер на Ковачевски, Горан Паунов е осомничен за лажно спроведен надзор за изградба на нови линии и одржување и реконструкција на постојна мрежа за улично осветлување во општина Гази Баба, објави порталот А1.он. https://www.youtube.com/watch?v=FoBmxDftA6Q Целиот прилог овде.

The post Кривична пријава за кумот на Ковачевски: Горан Паунов осомничен за лажно спроведување на улично осветлување appeared first on Република.

]]>
СДСМ за аферата „Броило“: Го напаѓаат Ковачевски затоа што е чесен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-za-aferata-broilo-go-napagjaat-kovachevski-zatoa-shto-e-chesen/ Sun, 02 Oct 2022 12:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=556525

ВМРО-ДПМНЕ фабрикува лаги, Ковачевски не е дел од сопствеништвото на Пиксел Груп, реагираат од СДСМ откако денеска ВМРО-ДПМНЕ објавија за аферата „Броило“, во која се открива дека фирма основана од премиерот Димитар Ковачевски и неговиот пријател и кум Горан Паунов добила милиони евра преку државата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/

Конкретно за оваа компанија Пиксел Гроуп Доо Скопје, Димитар Ковачевски не е дел од сопственичката структура, ниту пак е сопственик.
Уште на ден 28.09.2020 г Димитар Ковачевски во целост го повлече износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa. Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата којашто тогаш ја извршуваше, земеник министер за финансии. Сето ова може да види и во Анкетниот лист на премиерот, вели пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска на денешната прес-конференција свикана за одбрана на лидерот на партијата.

Таа вели дека ВМРО-ДПМНЕ е очајно и „го напаѓа претседателот Ковачевски затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии“.

Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Дека станува збор за фабрикувана манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови, вели Даниела.

Покрај денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, аферата, како дел од истражувачка серија, беше обелоденета вчера:

https://republika.mk/vesti/makedonija/kumot-na-premierot-primil-dva-milioni-evra-vo-tenderi-i-drzavna-pomosh-zasega/

The post СДСМ за аферата „Броило“: Го напаѓаат Ковачевски затоа што е чесен appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ фабрикува лаги, Ковачевски не е дел од сопствеништвото на Пиксел Груп, реагираат од СДСМ откако денеска ВМРО-ДПМНЕ објавија за аферата „Броило“, во која се открива дека фирма основана од премиерот Димитар Ковачевски и неговиот пријател и кум Горан Паунов добила милиони евра преку државата. https://republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/
Конкретно за оваа компанија Пиксел Гроуп Доо Скопје, Димитар Ковачевски не е дел од сопственичката структура, ниту пак е сопственик. Уште на ден 28.09.2020 г Димитар Ковачевски во целост го повлече износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa. Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата којашто тогаш ја извршуваше, земеник министер за финансии. Сето ова може да види и во Анкетниот лист на премиерот, вели пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска на денешната прес-конференција свикана за одбрана на лидерот на партијата.
Таа вели дека ВМРО-ДПМНЕ е очајно и „го напаѓа претседателот Ковачевски затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии“.
Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Дека станува збор за фабрикувана манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови, вели Даниела.
Покрај денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, аферата, како дел од истражувачка серија, беше обелоденета вчера: https://republika.mk/vesti/makedonija/kumot-na-premierot-primil-dva-milioni-evra-vo-tenderi-i-drzavna-pomosh-zasega/

The post СДСМ за аферата „Броило“: Го напаѓаат Ковачевски затоа што е чесен appeared first on Република.

]]>
Афера „Броило“: Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/afera-broilo-dimitar-kovachevski-i-negoviot-kum-zdruzeni-vo-solaren-kartel-svrtele-26-milioni-evra/ Sun, 02 Oct 2022 10:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=556483

Аферата броило значи само едно – трговија со влијание, преку злосторничко здружување во Соларен Картел.

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е на колена, а народот осиромашен се бори секој ден да преживее. Аферата Броило ќе покаже како Ковачевски и една тесна клика се здружиле во картел кој печали и добива лична корист, истакна на денешната прес конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Пиксел груп – фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра!

Во Соларниот Картел, Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на Пиксел груп, во 2018 година градат фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани.

Еве доказ за тоа – фотографија од отворањето на фабриката, на која се гледа како кумовите Ковачевски – Паунов прославуваат свечено отворање на фирмата со торта.

Фирмата станува централна во бизнисот, околу која се вртат 26 милиони евра. Аферата БРОИЛО е шема која покажува како преку Пиксел груп и фирмата КМГ ЕОЛ Квазар Соларниот Картел ги свртеле парите.

Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1.8 милиони евра - рече Лефков.

Понатаму тој објасни:

Во 2021 година, кога Димитар Ковачевски е заменик министер за финансии, КМГ ЕОЛ Квазар склучува договор со ЕВН, врз која сега Ковачевски како премиер има мандатна сопственост преку државниот удел во ЕВН, и тоа договор за изведба на работи и испорака на фотоволтаични панели, во вредност од над 2 милиони евра.

Аферата броило зазема димензии од десетици милиони евра, кога пред месец и половина, Пиксел груп најави дека влегува во фаза на инвестиција во фабрика за производство на соларни панели во индустриската зона во Тетово, во вредност од 54 милиони евра. Ова е зона во која инвеститорите имаат даночни и царински ослободувања, а според написите во медиумите се очекува да потпишаат и договор за државна помош.

Фирмата е регистрирана под името АЕ Солар АД Тетово, како заедничка на Пиксел груп која поседува 40%, и 60% поседува фирма од Бугарија. Горанчо Паунов, кумот на премиерот Димитар Ковачевски веќе е поставен како еден од двајцата извршни директори на АЕ Солар АД Тетово. Инвестицијата на Пиксел груп треба да биде 21.6 милиони евра, соодветно на процентот на учество.

Со тоа, Ковачевски како премиер, ќе му потпише договор за државна помош, на кумот Горанчо Паунов како извршен директор на фирмата, во која 40% од сопственоста е на Пиксел груп, основана заедно со Ковачевски!

И сето ова се случува во период откако друга бугарска фирма најави инвестиција во ФЕЦ Осломеј, каде државата е партнер со 18.5%. А за која инвестиција бугарската фирма партнер на Пиксел груп се пофали на нивната интернет страница. Па оттука се поставува прашањето дали панелите произведени во фабриката во Тетово ќе завршат во ФЕЦ Осломеј, каде државата е застапена со 18.5%? И каква е улогата на Ковачевски кој се јавува како основач на фирмата која е во кругот на бизнис интересите од оваа шема, но сега и како премиер?

Лефков праша дали со фабриката во Тетово, во која Пиксел груп основана од Ковачевски е сопственик ќе се монополизира пазарот на производство и продажба на фотоволтаични панели?

Сето ова се случува во услови кога постојано се најавуваат нови поскапувања на електричната енергија за граѓаните, а бизнисот во Македонија плаќа двојно поскапа електрична енергија од бизнисот во регионот.

Во наредниот период целосно ќе откриеме како во аферата броило фирми блиски до Ковачевски стигнале да свртат 26 милиони евра.

Го повикуваме Ковачевски да не чека да ги објавуваме деталите, веднаш да каже каква е неговата вмешаност во сите бизниси на овој соларен картел и веднаш да си поднесе оставка- рече на крајот Лефков.

The post Афера „Броило“: Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Аферата броило значи само едно – трговија со влијание, преку злосторничко здружување во Соларен Картел. Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е на колена, а народот осиромашен се бори секој ден да преживее. Аферата Броило ќе покаже како Ковачевски и една тесна клика се здружиле во картел кој печали и добива лична корист, истакна на денешната прес конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Пиксел груп – фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра! Во Соларниот Картел, Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на Пиксел груп, во 2018 година градат фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани. Еве доказ за тоа – фотографија од отворањето на фабриката, на која се гледа како кумовите Ковачевски – Паунов прославуваат свечено отворање на фирмата со торта. Фирмата станува централна во бизнисот, околу која се вртат 26 милиони евра. Аферата БРОИЛО е шема која покажува како преку Пиксел груп и фирмата КМГ ЕОЛ Квазар Соларниот Картел ги свртеле парите. Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1.8 милиони евра - рече Лефков.
Понатаму тој објасни:
Во 2021 година, кога Димитар Ковачевски е заменик министер за финансии, КМГ ЕОЛ Квазар склучува договор со ЕВН, врз која сега Ковачевски како премиер има мандатна сопственост преку државниот удел во ЕВН, и тоа договор за изведба на работи и испорака на фотоволтаични панели, во вредност од над 2 милиони евра. Аферата броило зазема димензии од десетици милиони евра, кога пред месец и половина, Пиксел груп најави дека влегува во фаза на инвестиција во фабрика за производство на соларни панели во индустриската зона во Тетово, во вредност од 54 милиони евра. Ова е зона во која инвеститорите имаат даночни и царински ослободувања, а според написите во медиумите се очекува да потпишаат и договор за државна помош. Фирмата е регистрирана под името АЕ Солар АД Тетово, како заедничка на Пиксел груп која поседува 40%, и 60% поседува фирма од Бугарија. Горанчо Паунов, кумот на премиерот Димитар Ковачевски веќе е поставен како еден од двајцата извршни директори на АЕ Солар АД Тетово. Инвестицијата на Пиксел груп треба да биде 21.6 милиони евра, соодветно на процентот на учество. Со тоа, Ковачевски како премиер, ќе му потпише договор за државна помош, на кумот Горанчо Паунов како извршен директор на фирмата, во која 40% од сопственоста е на Пиксел груп, основана заедно со Ковачевски! И сето ова се случува во период откако друга бугарска фирма најави инвестиција во ФЕЦ Осломеј, каде државата е партнер со 18.5%. А за која инвестиција бугарската фирма партнер на Пиксел груп се пофали на нивната интернет страница. Па оттука се поставува прашањето дали панелите произведени во фабриката во Тетово ќе завршат во ФЕЦ Осломеј, каде државата е застапена со 18.5%? И каква е улогата на Ковачевски кој се јавува како основач на фирмата која е во кругот на бизнис интересите од оваа шема, но сега и како премиер?
Лефков праша дали со фабриката во Тетово, во која Пиксел груп основана од Ковачевски е сопственик ќе се монополизира пазарот на производство и продажба на фотоволтаични панели?
Сето ова се случува во услови кога постојано се најавуваат нови поскапувања на електричната енергија за граѓаните, а бизнисот во Македонија плаќа двојно поскапа електрична енергија од бизнисот во регионот. Во наредниот период целосно ќе откриеме како во аферата броило фирми блиски до Ковачевски стигнале да свртат 26 милиони евра. Го повикуваме Ковачевски да не чека да ги објавуваме деталите, веднаш да каже каква е неговата вмешаност во сите бизниси на овој соларен картел и веднаш да си поднесе оставка- рече на крајот Лефков.

The post Афера „Броило“: Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Кумот на премиерот примил два милиони евра во тендери и државна помош – засега! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kumot-na-premierot-primil-dva-milioni-evra-vo-tenderi-i-drzavna-pomosh-zasega/ Sat, 01 Oct 2022 18:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=556425

Договори за финансиска поддршка од Владата, проекти добиени преку Фондот за иновации како и новоформирана компанија за производство на соларни панели, која од неодамна е регистрирана во тетовската индустриска зона. Ваков е билансот на успех за период од пет години на
бизнисменот Горан Паунов, кум на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, со кого партнерски ја основаа „Пиксел Груп“, компанија за производство на фотоволтаични модули, на чие свечено отворање во 2018 година присуствуваше и тогашниот премиер Зоран Заев, открива „А1он“. Само две години подоцна, откако Ковачевски одлучи да влезе во политиката како заменик-министер за финансии, кон крајот на септември 2020 година ги повлече и вложените пари во компанијата.

Но, и без Ковачевски во сопственичката структура, на „Пиксел Груп“ и оди повеќе од одлично. Можеби за компанијата не може да се најдат податоци на Бирото за јавни набавки дека добивала тендери, но, затоа, на алатката „Отворени финансии“ можат да се пронајдат вкупно 12 исплати во период од 2018 до 2021 година, државни пари кои „Пиксел Гроуп“ ги добивала од Владата и од Фондот за иновации.

Исплатите од Владата, најверојатно се однесуваат за доделување на финансиска поддршка за компанијата. На таков заклучок упатува и
документот од 159-тата седница на Владата од 2019 година, со која се носи одлука за потпишување на договор за доделување на државна
помош на „Пиксел Гроуп“. Исплати кон компанијата се евидентирани осум на број, од 2019 до крајот на 2021 година со вкупна вредност од 27
262 082 или 443.285 евра. Најголемиот износ е исплатен на претпоследниот ден од 2021 година, односно 12 531 359 денари или 203.761 евро.

Целата сторија на А1он

The post Кумот на премиерот примил два милиони евра во тендери и државна помош – засега! appeared first on Република.

]]>

Договори за финансиска поддршка од Владата, проекти добиени преку Фондот за иновации како и новоформирана компанија за производство на соларни панели, која од неодамна е регистрирана во тетовската индустриска зона. Ваков е билансот на успех за период од пет години на бизнисменот Горан Паунов, кум на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, со кого партнерски ја основаа „Пиксел Груп“, компанија за производство на фотоволтаични модули, на чие свечено отворање во 2018 година присуствуваше и тогашниот премиер Зоран Заев, открива „А1он“. Само две години подоцна, откако Ковачевски одлучи да влезе во политиката како заменик-министер за финансии, кон крајот на септември 2020 година ги повлече и вложените пари во компанијата. Но, и без Ковачевски во сопственичката структура, на „Пиксел Груп“ и оди повеќе од одлично. Можеби за компанијата не може да се најдат податоци на Бирото за јавни набавки дека добивала тендери, но, затоа, на алатката „Отворени финансии“ можат да се пронајдат вкупно 12 исплати во период од 2018 до 2021 година, државни пари кои „Пиксел Гроуп“ ги добивала од Владата и од Фондот за иновации. Исплатите од Владата, најверојатно се однесуваат за доделување на финансиска поддршка за компанијата. На таков заклучок упатува и документот од 159-тата седница на Владата од 2019 година, со која се носи одлука за потпишување на договор за доделување на државна помош на „Пиксел Гроуп“. Исплати кон компанијата се евидентирани осум на број, од 2019 до крајот на 2021 година со вкупна вредност од 27 262 082 или 443.285 евра. Најголемиот износ е исплатен на претпоследниот ден од 2021 година, односно 12 531 359 денари или 203.761 евро. Целата сторија на А1он

The post Кумот на премиерот примил два милиони евра во тендери и државна помош – засега! appeared first on Република.

]]>