горан пандев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-pandev/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 16:53:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png горан пандев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-pandev/ 32 32 Пандев му честиташе на Омерагиќ: Се гледа сонце на крајот од тунелот во ФФМ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-mu-chestitashe-na-omeragik-se-gleda-sontse-na-krajot-od-tunelot-vo-ffm/ Mon, 18 Nov 2024 17:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=839316

*Се гледа сонце на крајот од тунелот во ФФМ. Се радувам на оставката на Муамед Сејдини по која работите ќе тргнат на многу подобро, напиша Пандев.

*И претходно и сега велам дека Масар Омерагиќ е најдоброто решение, ја сум со него во екипата и подготвен да работам за доброто на фудбалот со сето мое срце и знаење.

*Многу работа е пред нас, да се почне од темел за доброто на сите – браво за фудбалерите и настапите во Лигата на нации, но младите селекции се голем проблем!

The post Пандев му честиташе на Омерагиќ: Се гледа сонце на крајот од тунелот во ФФМ appeared first on Република.

]]>

*Се гледа сонце на крајот од тунелот во ФФМ. Се радувам на оставката на Муамед Сејдини по која работите ќе тргнат на многу подобро, напиша Пандев. *И претходно и сега велам дека Масар Омерагиќ е најдоброто решение, ја сум со него во екипата и подготвен да работам за доброто на фудбалот со сето мое срце и знаење. *Многу работа е пред нас, да се почне од темел за доброто на сите – браво за фудбалерите и настапите во Лигата на нации, но младите селекции се голем проблем!

The post Пандев му честиташе на Омерагиќ: Се гледа сонце на крајот од тунелот во ФФМ appeared first on Република.

]]>
Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pandev-lazarov-i-idhe-poveke-nema-da-reklamiraat-kazina-ili-oblozhuvalnitsi/ Wed, 09 Oct 2024 09:58:46 +0000 https://republika.mk/?p=824495

Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка.

Ова на денешната прес-конференција го откри министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.

Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока, вели Ристовски.

Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортитсти кои ги рекламираат овие компании.

Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, нагласи Ристовски.

Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.

The post Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници appeared first on Република.

]]>

Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка. Ова на денешната прес-конференција го откри министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.
Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока, вели Ристовски.
Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортитсти кои ги рекламираат овие компании.
Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, нагласи Ристовски.
Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.

The post Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници appeared first on Република.

]]>
После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/posle-trening-mladite-reprezentativtsi-gi-chekala-zatvorena-vrata-vo-hotelot-inaku-sopstvenost-na-zetot-na-sejdini/ Thu, 19 Sep 2024 14:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=817852

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот, пренесува „Спорт спорт“ до чија редакција стигнале реакциите од родителите.

Од спортскиот портал прашуваат и „кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини?“.

Неодамна, во интервју за „Спорт спорт“ и македонската фудбалска легенда Горан Пандев го спомена овој хотел, како дел од сите замерки кои ги посочи за актуелното раководство на ФФМ.

ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.

The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот, пренесува „Спорт спорт“ до чија редакција стигнале реакциите од родителите. Од спортскиот портал прашуваат и „кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини?“. Неодамна, во интервју за „Спорт спорт“ и македонската фудбалска легенда Горан Пандев го спомена овој хотел, како дел од сите замерки кои ги посочи за актуелното раководство на ФФМ.
ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.

The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.

]]>
Ристовски и Пандев во посета на летниот камп во Дојран https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ristovski-i-pandev-vo-poseta-na-letniot-kamp-vo-dojran/ Wed, 26 Jun 2024 12:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=790996

Денес заедно со фудбалската легенда Горан Пандев, го посетивме летниот камп во Дојран организиран од Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија. Имавме можност да ги запознаеме младите спортисти, да ги инспирираме и мотивираме со нашите искуства. Заедно ја истакнавме важноста на спортот во градењето на здрави животни навики и тимски дух, објави на Фејсбук министерот за спорт, Борко Ристовски.

The post Ристовски и Пандев во посета на летниот камп во Дојран appeared first on Република.

Пандев денеска ќе игра во тимот на светот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-deneska-ke-igra-vo-timot-na-svetot/ Sat, 25 May 2024 06:17:14 +0000 https://republika.mk/?p=781543

Тимот на светот денеска во Букурешт ќе одигра ревијален натпревар против „златната генерација“ на романскиот фудбал која остави фантастичен впечаток на СП 1994.

На Светското првенство во 1994 година Романија стигна до четвртфиналето.

Дел од тимот на светот ќе биде и Горан Пандев. Во овој тим се меѓудругите Дида, Маикон, Стоичков, Ривалдо, Панучи, Маркос Сена, Савиола, Карембе…

Во тимот на Романија ќе бидат Попеску, Димитреску, Лакатуш, Прунеа, Лупеску, Мунтеану, Дан Петреску…

The post Пандев денеска ќе игра во тимот на светот appeared first on Република.

]]>

Тимот на светот денеска во Букурешт ќе одигра ревијален натпревар против „златната генерација“ на романскиот фудбал која остави фантастичен впечаток на СП 1994.   На Светското првенство во 1994 година Романија стигна до четвртфиналето. Дел од тимот на светот ќе биде и Горан Пандев. Во овој тим се меѓудругите Дида, Маикон, Стоичков, Ривалдо, Панучи, Маркос Сена, Савиола, Карембе… Во тимот на Романија ќе бидат Попеску, Димитреску, Лакатуш, Прунеа, Лупеску, Мунтеану, Дан Петреску…

The post Пандев денеска ќе игра во тимот на светот appeared first on Република.

]]>
Пандев удри по ФФМ: Сите размислуваат да заработат за млади категории, кај нас за во личен џеб https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-udri-po-ffm-site-razmisluvaat-da-zarabotat-za-mladi-kategorii-kaj-nas-za-vo-lichen-dheb/ Sat, 10 Feb 2024 18:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=742629

ФФМ знаеме како функционираа. ФФМ не функционира од сега лошо, ФФМ функционира 30 години лошо. Ние се радуваме дека сега ставија нова трева на стадион. Што зборуваме луѓе... Ние немаме инфаструктура, немаме телевизиски права... Ние немаме ништо. Кој ќе дојде во ФФМ мисли само како да заработат, не размислуваат да направат нешто, да го подигнат фудбалот на многу повисоко ниво. После 30 години ние преку лига на нации се пласиравме на Европско првенство. Што сега, треба да чекаме упте 50 години пак да се пласираме?! - вели најпознатиот македонски фудбалер Горан Пандев во емисијата Еден на Еден.

Тој коментира дека не е можно за 30 години ние да не изградиме ниту еден стадион, да нема рефлектори, во зима да се игра на кал, а во лето на 50 степени.

- Тоа го нема веќе никаде во светот. Едно Косово на пример, има многу подобри услови од нашите услови - додава Пандев.

На прашањето како сме стигнале до тоа дно одговара:

- Погрешни луѓе... И државата има многу голем удел. Триесет години ние немаме еден спонзор на репрезентација. Да не се направи еден стадион. Луѓето во Федерација се задоволни со буџетот од УЕФА. Ние отидовме на ЕП без никаков маркетинг. Сега дојдоа Америанците, кај нас има на платен список повеќе луѓе во маркетинг, отколку играчи. Одиме на ЕП немаме дресови. Отидовме со дресови од пред 15 години. Срамно е. Сите гледаат да заработат нешто за да инвестираат во млади категории, ние за во личен џеб.Со тој менталитет тешко...

The post Пандев удри по ФФМ: Сите размислуваат да заработат за млади категории, кај нас за во личен џеб appeared first on Република.

Пандев: Ми праќаше навивачи дома да ме тераат да потпишам договор на црно https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-mi-prakashe-navivachi-doma-da-me-teraat-da-potpisham-dogovor-na-tsrno/ Thu, 02 Nov 2023 09:09:43 +0000 https://republika.mk/?p=697295

За периодот во Лацио кога шест месеци си шуткал сам на гол зошто тренерот Лотито му вршел мобинг терајќи го да потпише договор на црно, како и за животот во Наполи каде фудбалот е религија, почетоците кога од весник правел фудбалска топка и уште многу пикантерии за животот во Италија и играњето за Серија А.

Oва е само дел од работите што гранде Горан Пандев ги раскажува во новата „Еден на Еден“ кај Жарко Димитриоски.

https://youtu.be/D5R4z6WFCCw?si=dM_iqzoAunYG24Y2

https://youtu.be/PYDjpJx8jPA?si=a3KVNkZSSK0bJqnY

https://youtu.be/LEOQO_a10zM?si=2_Kg4hg024wyGA3t

https://youtu.be/WLTI73JSvR8?si=MXTKG3Camn2WIcQ4

https://youtu.be/8fPapg7g66k?si=3e68-t1p7b06CJMY

Гледајте ја целата епизода во недела од 18.30 на Канал 5.

The post Пандев: Ми праќаше навивачи дома да ме тераат да потпишам договор на црно appeared first on Република.

]]>

За периодот во Лацио кога шест месеци си шуткал сам на гол зошто тренерот Лотито му вршел мобинг терајќи го да потпише договор на црно, како и за животот во Наполи каде фудбалот е религија, почетоците кога од весник правел фудбалска топка и уште многу пикантерии за животот во Италија и играњето за Серија А. Oва е само дел од работите што гранде Горан Пандев ги раскажува во новата „Еден на Еден“ кај Жарко Димитриоски. https://youtu.be/D5R4z6WFCCw?si=dM_iqzoAunYG24Y2 https://youtu.be/PYDjpJx8jPA?si=a3KVNkZSSK0bJqnY https://youtu.be/LEOQO_a10zM?si=2_Kg4hg024wyGA3t https://youtu.be/WLTI73JSvR8?si=MXTKG3Camn2WIcQ4 https://youtu.be/8fPapg7g66k?si=3e68-t1p7b06CJMY Гледајте ја целата епизода во недела од 18.30 на Канал 5.

The post Пандев: Ми праќаше навивачи дома да ме тераат да потпишам договор на црно appeared first on Република.

]]>
Пандев: Сите чекаа промена по поразот, ама ФФМ реши да ја уништи најдобрата фудбалска генерација https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-site-chekaa-promena-po-porazot-ama-ffm-reshi-da-ja-unishti-najdobrata-fudbalska-generatsija/ Fri, 08 Sep 2023 09:08:40 +0000 https://republika.mk/?p=679886

По поразот од 7-0 од Англија, Милевски требаше да поднесе оставка, смета Горан Пандев, кој во разговор за италијанскиот медиум „Кориере дело Спорт“ пред мечот Македонија - Италија уште еднаш јасно го изрази своето мислење за актуелниот селектор, но уште повеќе за раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Федерацијата застана во негова одбрана, но не сме мирни, репрезентацијата минува низ еден комплициран момент. Не знам како ќе играме против Италија. Очекував дека Милевски ќе се повлече, но не се случи тоа. Стефан Ристовски, капитенот, реши да не одговара позитивно на повиците на репрезентацијата додека тој е селектор. Ристовски разговараше со Милевски ова лето, на крајот соопшти дека нема да игра додека тој е селектор, открива Пандев.

Македонската фудбалска легенда повтори дека ова раководство на ФФМ и Милевски ја уништиле „златната генерација и сега ќе треба трипати повеќе да се бориме за да го достигнеме нивото на кое веќе бевме“.

Сите очекуваа промена, навивачите исто така ја бараа. Проблемот е многу подлабок и ги погодува и оние над тренерот, тука мислам на луѓето од Федерацијата. Јас немам амбиција да станам претседател на ФФМ, не ме интересира тоа. Но има многу проблеми, не ги градиме темелите, не инвестираме во младинскиот сектор во нашата земја во која се уште е тешко за децата да тренираат. Тие ја уништија најдобрата фудбалска генерација создадена во последните 30 години. Имаа други интереси. Се собраа и го потврдија Милевски наспроти советите на сите. Сега за да се вратиме на нивото на кое ги постигнавме тие резултати, ќе треба да се бориме трипати повеќе, рече Пандев.

The post Пандев: Сите чекаа промена по поразот, ама ФФМ реши да ја уништи најдобрата фудбалска генерација appeared first on Република.

Пандев: Ова е најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-ova-e-najgolemoto-zlo-shto-nekogash-postoelo-vo-makedonskiot-fudbal/ Tue, 20 Jun 2023 07:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=653253

Горан Пандев не можеше да не реагира на историската бламажа на Македонија со поразот од 0-7 од Англија синоќа на „Олд Трафорд“, како кулминација на пропаста на националниот тим, кој пред само година ипол живееше мундијалски сон, а поред две лета играше на Европското првенство.

Откако беше повикан на инстаграм стори да даде свое мислење, Горан Пандев одговори на слика на која се посочени личности меѓу кои претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и селекторот, Боби Милевски.

Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал, нека ни е чест на сите, напиша Пандев.

The post Пандев: Ова е најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал! appeared first on Република.

]]>

Горан Пандев не можеше да не реагира на историската бламажа на Македонија со поразот од 0-7 од Англија синоќа на „Олд Трафорд“, како кулминација на пропаста на националниот тим, кој пред само година ипол живееше мундијалски сон, а поред две лета играше на Европското првенство. Откако беше повикан на инстаграм стори да даде свое мислење, Горан Пандев одговори на слика на која се посочени личности меѓу кои претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и селекторот, Боби Милевски.
Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал, нека ни е чест на сите, напиша Пандев.
   
The post Пандев: Ова е најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал! appeared first on Република.

]]>
Пандев: Матераци ми беше како татко во Интер, но кога игравме еден против друг, ме тепаше https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-materatsi-mi-beshe-kako-tatko-vo-inter-no-koga-igravme-eden-protiv-drug-me-tepashe/ Wed, 17 May 2023 19:03:37 +0000 https://republika.mk/?p=641906

Пандев и Матераци беа дел од тимот на Интер кога во 2010 година под водство на Жозе Мурињо ја освоија тројната круна, вклучително и Лигата на шампионите.

По повод синоќеншиот реванш полуфинален натпревар помеѓу Интер и Милан, нашиот Пандев беше гостин на натпреварот, а претходно зборуваше за Sky Sport, како и Матераци.

„Марко Матераци многу ми помогна, тој ми беше како татко во Интер, беше фундаментален за мене. Веднаш штом пристигнав ми подаде голема рака. Но, претходно кога игравме еден против друг ми тепаше“, рече Пандев, опишувајќи ги двете лица на поранешниот централен бек кој важеше за еден од најсуровите во своето време.

Пред да дојде во Интер, Пандев играше за Лацио, во чиј дрес се соочуваше со Матераци кога со Лацио играше против Интер.

Видеото со оваа изјава на Пандев и тој и Матераци ја споделуваа на стори на Instagram.

The post Пандев: Матераци ми беше како татко во Интер, но кога игравме еден против друг, ме тепаше appeared first on Република.

]]>

Пандев и Матераци беа дел од тимот на Интер кога во 2010 година под водство на Жозе Мурињо ја освоија тројната круна, вклучително и Лигата на шампионите. По повод синоќеншиот реванш полуфинален натпревар помеѓу Интер и Милан, нашиот Пандев беше гостин на натпреварот, а претходно зборуваше за Sky Sport, како и Матераци.
„Марко Матераци многу ми помогна, тој ми беше како татко во Интер, беше фундаментален за мене. Веднаш штом пристигнав ми подаде голема рака. Но, претходно кога игравме еден против друг ми тепаше“, рече Пандев, опишувајќи ги двете лица на поранешниот централен бек кој важеше за еден од најсуровите во своето време.
Пред да дојде во Интер, Пандев играше за Лацио, во чиј дрес се соочуваше со Матераци кога со Лацио играше против Интер. Видеото со оваа изјава на Пандев и тој и Матераци ја споделуваа на стори на Instagram.

The post Пандев: Матераци ми беше како татко во Интер, но кога игравме еден против друг, ме тепаше appeared first on Република.

]]>
Горан Пандев продаде 90% од акциите на ФК Академија Пандев https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/goran-pandev-prodade-90-od-aktsiite-na-fk-akademija-pandev/ Sun, 07 May 2023 17:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=638079

На Македонската берза помина блок трансакција со акциите на Фудбалскиот клуб Академија Пандев од Струмица, во сопственост на поранешниот капитен на фудбалската репрезентација, Горан Пандев, објави „Фактор.мк“.

Податоците од Берзата велат дека се продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари, околу  603.000 илјади евра.

Доколку се погледнат податоците на Берзата за овој фудбалски клуб, Академија Пандев има вкупно издание 2.500 акции, што значи дека преку берзанската блок трансакција е продаден најголемиот дел од акциите, односно 2.250, а останати се само 250 акции.

Изразено во проценти, продадени се 90 отсто од ФК Академија Пандев за сума од 603.000 илјади евра.

Нема официјална информација за тоа кој го купи доминантниот и мнозински дел од акциите на прволигашкиот фудбалски клуб.

The post Горан Пандев продаде 90% од акциите на ФК Академија Пандев appeared first on Република.

]]>

На Македонската берза помина блок трансакција со акциите на Фудбалскиот клуб Академија Пандев од Струмица, во сопственост на поранешниот капитен на фудбалската репрезентација, Горан Пандев, објави „Фактор.мк“. Податоците од Берзата велат дека се продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари, околу  603.000 илјади евра. Доколку се погледнат податоците на Берзата за овој фудбалски клуб, Академија Пандев има вкупно издание 2.500 акции, што значи дека преку берзанската блок трансакција е продаден најголемиот дел од акциите, односно 2.250, а останати се само 250 акции. Изразено во проценти, продадени се 90 отсто од ФК Академија Пандев за сума од 603.000 илјади евра. Нема официјална информација за тоа кој го купи доминантниот и мнозински дел од акциите на прволигашкиот фудбалски клуб.

The post Горан Пандев продаде 90% од акциите на ФК Академија Пандев appeared first on Република.

]]>
Пандев: Немам амбиции да бидам претседател на Федерацијата, но сакам нашиот фудбал да се спаси од сегашните луѓе https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-nemam-ambitsii-da-bidam-pretsedatel-na-federatsijata-no-sakam-nashiot-fudbal-da-se-spasi-od-segashnite-luge/ Tue, 14 Feb 2023 11:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=608810

Горан Пандев, во големо интервју за „Моцарт спорт“, зборува за почетоците во Италија, Лацио, тројната круна со Интер во 2010 година, Наполи. За соиграчите од Лацио, Интер, Наполи. Пандев исто така проговори репрезентацијата на македонија, историскиот меч со Грузија, но и за сосотјбите во македонскиот фудбал.

Горан Пандев за Македонија дебитираше против Турција, во јуни 2001 година. Последниот натпревар го одигра на Европското првенство во јуни 2021 година против Холандија.

За 20 години, Пандев за Македонија одигра 122 натпревари и постигна 38 гола.

Сите тие години бевте првата и веројатно единствената ѕвезда во македонската репрезентација, која во квалификациите беше главно аутсајдер без никакви шанси за пласман на големите натпреварувања. Но ти не се откажа…

„Во клубовите ми одеше одлично, но во репрезентацијата никако не можев да го остварам сонот, да играме на големо натпреварување. Знаев дека и ние сме мала земја и репрезентација која нема 20 или 25 големи играчи. Но, со Лигата на нации имаше шанса и се надевав. Се случи и спој на генерации, дојдоа Елмас, Барди, Велкоски и се вклопија кај нас постарите, каде уште беа Адеми, Ристовски… Таму се најдовме и успеавме преку Лигата да се пласираме на ЕП“.

Колку е тешко да губиш натпревари од година во година и да останеш во таа репрезентација?

„Имаше и период кога прескокнав едни квалификации. Но, кога ќе го облечете дресот на репрезентацијата и вашата земја, се е поинаку отколку во клубовите. Имаше кризи и порази. Загубивме од Андора, се срамев да се вратам во Лацио по такви порази. Реми со Холандија па губиш од аматери од Андора?! Тоа само нас може да ни се случи… се враќам во Рим и не можам да се средам месец дена после тоа, а Делио Роси вика и ме прашува што ми е. Ми рече да се откажам од репрезентацијата бидејќи и онака секогаш сме петти во групата. Но за мене репрезентацијата е светост. Подоцна, кога дојде тренерот Ангеловски, се промени и менталитетот на играчите. А Лигата на нации им олесни на малите земји како Македонија“.

Ја спомнавте таа помлада генерација која претходно играше на младинското ЕП. Колкаво влијание имавте конечно да создадете успешна генерација македонски фудбалери?

„Тие видоа лидер во мене. Поминав низ многу лоши моменти во кариерата со репрезентацијата и постојано им го кажувам тоа. Тие се најдобрата генерација што ја имала Македонија. Во секоја генерација имавме под два-тројца добри играчи како Митрески, покојниот Милошевски, Седлоски, Несторовски… Но, никогаш немавме ваква екипа. Затоа им помогнав на помладите да го тргнат притисокот. Го зедов тоа на себе и полесно играа. Се договорив со селекторот кога ја презеде репрезентацијата, бидејќи навистина веруваше во оваа генерација. Не ми беше проблем да бидам на клупата, ниту да трчам повеќе од помладите. Тоа беа моите последни години во репрезентацијата и се случи да се пласираме на ЕП“.

Што ви се вртеше низ глава кога го постигнавте голот против Грузија кој ве однесе на Европското првенство? Уште 40 минути до крајот…

„Само се надевав дека така ќе заврши натпреварот. Мислев дека Бог одреди да постигнам гол и да одиме на ЕП. Имав чувство дека победуваме. Знаев дека тоа може да биде последен меч во мојата кариера и дека сакам да се збогувам од репрезентацијата на ЕП“.

[caption id="attachment_347669" align="alignnone" width="640"] (фото: ФФМ)[/caption]

Дали македонскиот фудбал го искористи тој резултат за да напредува или се се врати на старо?

„Жал ми е што велам, но сè се врати во нормала. Во Фудбалската федерација на Македонија работат луѓе кои не се заинтересирани за фудбал. Отидовме на ЕП, но не искористивме ништо од маркетингот, од спонзорите… Кај нас се случува екипи да го откажат учеството во лигата една недела пред почетокот на сезоната. Тоа е вистински срам. Луѓето го гледаат само сопствениот интерес. Жал ми е и се надевам дека нема да чекаме уште 30 години за да се пласираме на големо натпреварување, но мислам дека со овие луѓе одиме по лош пат. Проблемот не е А репрезентацијата, туку помладите селекции во кои играат деца кои не заслужуваат да играат. Условите за игра се катастрофални“.

Дали имате амбиција да го промените или да поддржите некој што би го променил?

[caption id="attachment_347608" align="alignnone" width="640"] (фото: ФФМ)[/caption]

„Немам амбиции да бидам претседател на Федерацијата. Но, сакам нашиот фудбал да се спаси од овие сегашни луѓе. Тоа се погрешни луѓе. И јас имам свој клуб во Македонија, изградив спортски центар, сакам да вложам мои пари и да им помогнам на помладите категории… Но, кога работиш со вакви луѓе… Има и други спортисти кои му мислат добро на фудбалот, но премногу е влезена политиката“.

Колку е тешко да ги вложите вашите пари во таква средина?

„Искрено, кога би се вратил назад 10 или 15 години,не би го направил истото… Не би инвестирал во првиот тим, туку само во помладите категории. Нашата прва лига е катастрофа. Немате помош од Федерацијата, немате маркетинг, цените на играчите се смешни… Федерацијата потпишува договор за ТВ права, а клубовите не добиваат ништо. Ама што ќе правиш… Ќе продолжиме, ќе се бориме и ќе ги чекаме вистинските луѓе. Нашата лига е катастрофа“.

The post Пандев: Немам амбиции да бидам претседател на Федерацијата, но сакам нашиот фудбал да се спаси од сегашните луѓе appeared first on Република.

]]>

Горан Пандев, во големо интервју за „Моцарт спорт“, зборува за почетоците во Италија, Лацио, тројната круна со Интер во 2010 година, Наполи. За соиграчите од Лацио, Интер, Наполи. Пандев исто така проговори репрезентацијата на македонија, историскиот меч со Грузија, но и за сосотјбите во македонскиот фудбал.   Горан Пандев за Македонија дебитираше против Турција, во јуни 2001 година. Последниот натпревар го одигра на Европското првенство во јуни 2021 година против Холандија. За 20 години, Пандев за Македонија одигра 122 натпревари и постигна 38 гола. Сите тие години бевте првата и веројатно единствената ѕвезда во македонската репрезентација, која во квалификациите беше главно аутсајдер без никакви шанси за пласман на големите натпреварувања. Но ти не се откажа…
„Во клубовите ми одеше одлично, но во репрезентацијата никако не можев да го остварам сонот, да играме на големо натпреварување. Знаев дека и ние сме мала земја и репрезентација која нема 20 или 25 големи играчи. Но, со Лигата на нации имаше шанса и се надевав. Се случи и спој на генерации, дојдоа Елмас, Барди, Велкоски и се вклопија кај нас постарите, каде уште беа Адеми, Ристовски… Таму се најдовме и успеавме преку Лигата да се пласираме на ЕП“.
Колку е тешко да губиш натпревари од година во година и да останеш во таа репрезентација?
„Имаше и период кога прескокнав едни квалификации. Но, кога ќе го облечете дресот на репрезентацијата и вашата земја, се е поинаку отколку во клубовите. Имаше кризи и порази. Загубивме од Андора, се срамев да се вратам во Лацио по такви порази. Реми со Холандија па губиш од аматери од Андора?! Тоа само нас може да ни се случи… се враќам во Рим и не можам да се средам месец дена после тоа, а Делио Роси вика и ме прашува што ми е. Ми рече да се откажам од репрезентацијата бидејќи и онака секогаш сме петти во групата. Но за мене репрезентацијата е светост. Подоцна, кога дојде тренерот Ангеловски, се промени и менталитетот на играчите. А Лигата на нации им олесни на малите земји како Македонија“.
Ја спомнавте таа помлада генерација која претходно играше на младинското ЕП. Колкаво влијание имавте конечно да создадете успешна генерација македонски фудбалери?
„Тие видоа лидер во мене. Поминав низ многу лоши моменти во кариерата со репрезентацијата и постојано им го кажувам тоа. Тие се најдобрата генерација што ја имала Македонија. Во секоја генерација имавме под два-тројца добри играчи како Митрески, покојниот Милошевски, Седлоски, Несторовски… Но, никогаш немавме ваква екипа. Затоа им помогнав на помладите да го тргнат притисокот. Го зедов тоа на себе и полесно играа. Се договорив со селекторот кога ја презеде репрезентацијата, бидејќи навистина веруваше во оваа генерација. Не ми беше проблем да бидам на клупата, ниту да трчам повеќе од помладите. Тоа беа моите последни години во репрезентацијата и се случи да се пласираме на ЕП“.
Што ви се вртеше низ глава кога го постигнавте голот против Грузија кој ве однесе на Европското првенство? Уште 40 минути до крајот… „Само се надевав дека така ќе заврши натпреварот. Мислев дека Бог одреди да постигнам гол и да одиме на ЕП. Имав чувство дека победуваме. Знаев дека тоа може да биде последен меч во мојата кариера и дека сакам да се збогувам од репрезентацијата на ЕП“. [caption id="attachment_347669" align="alignnone" width="640"] (фото: ФФМ)[/caption] Дали македонскиот фудбал го искористи тој резултат за да напредува или се се врати на старо?
„Жал ми е што велам, но сè се врати во нормала. Во Фудбалската федерација на Македонија работат луѓе кои не се заинтересирани за фудбал. Отидовме на ЕП, но не искористивме ништо од маркетингот, од спонзорите… Кај нас се случува екипи да го откажат учеството во лигата една недела пред почетокот на сезоната. Тоа е вистински срам. Луѓето го гледаат само сопствениот интерес. Жал ми е и се надевам дека нема да чекаме уште 30 години за да се пласираме на големо натпреварување, но мислам дека со овие луѓе одиме по лош пат. Проблемот не е А репрезентацијата, туку помладите селекции во кои играат деца кои не заслужуваат да играат. Условите за игра се катастрофални“.
Дали имате амбиција да го промените или да поддржите некој што би го променил? [caption id="attachment_347608" align="alignnone" width="640"] (фото: ФФМ)[/caption]
„Немам амбиции да бидам претседател на Федерацијата. Но, сакам нашиот фудбал да се спаси од овие сегашни луѓе. Тоа се погрешни луѓе. И јас имам свој клуб во Македонија, изградив спортски центар, сакам да вложам мои пари и да им помогнам на помладите категории… Но, кога работиш со вакви луѓе… Има и други спортисти кои му мислат добро на фудбалот, но премногу е влезена политиката“.
Колку е тешко да ги вложите вашите пари во таква средина?
„Искрено, кога би се вратил назад 10 или 15 години,не би го направил истото… Не би инвестирал во првиот тим, туку само во помладите категории. Нашата прва лига е катастрофа. Немате помош од Федерацијата, немате маркетинг, цените на играчите се смешни… Федерацијата потпишува договор за ТВ права, а клубовите не добиваат ништо. Ама што ќе правиш… Ќе продолжиме, ќе се бориме и ќе ги чекаме вистинските луѓе. Нашата лига е катастрофа“.

The post Пандев: Немам амбиции да бидам претседател на Федерацијата, но сакам нашиот фудбал да се спаси од сегашните луѓе appeared first on Република.

]]>
Пандев во посета на Црвена Звезда https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-vo-poseta-na-tsrvena-zvezda/ Sun, 29 Jan 2023 16:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=602323

Поранешниот македонски фудбалер Горан Пандев денеска бил во посета на српскиот шампион Црвена Звезда.

На профилот на Твитер на Ц. Звезда беше објавено дека Пандев бил во просториите на клубот во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ.

Нашиот клуб денеска ја пречека легендата на македонскиот фудбал и голем навивач на Ц. Звезда, Горан Пандев кој во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ ги посети клупските простории, музејот и уште еднаш ја потврди љубовта кон нашиот тим“, објави Ц. Звезда.

The post Пандев во посета на Црвена Звезда appeared first on Република.

]]>

Поранешниот македонски фудбалер Горан Пандев денеска бил во посета на српскиот шампион Црвена Звезда. На профилот на Твитер на Ц. Звезда беше објавено дека Пандев бил во просториите на клубот во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ.
Нашиот клуб денеска ја пречека легендата на македонскиот фудбал и голем навивач на Ц. Звезда, Горан Пандев кој во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ ги посети клупските простории, музејот и уште еднаш ја потврди љубовта кон нашиот тим“, објави Ц. Звезда.

The post Пандев во посета на Црвена Звезда appeared first on Република.

]]>
Пандев: Селекторот, спортскиот директор и претседателот на ФФМ ја растурија репрезентацијата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-selektorot-sportskiot-direktor-i-pretsedatelot-na-ffm-ja-rasturija-reprezentatsijata/ Tue, 03 Jan 2023 18:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=593290

Ми недостига македонскиот дрес, тој дрес што најмногу го сакам и ценам и за кој што играв од срце, од љубов... Но, знаеме во Македонија кој и какви луѓе го водат фудбалот. Затоа и сме на ова ниво. Нивното его е поголемо. Жално е што таму се некои луѓе што немаат врска со фудбалот и лечат лични комплекси, обвинува нашиот најпознат фудбалер, Горан Пандев

Не знам баш дали сме на вистинскиот пат, зашто тоа го покажуваат резултатите. Жал ми е, но знам со каков квалитет располагаат фудбалерите во репрезентацијата. И јас најголемата вина за овие резултати ја гледам во претседателот (Муамед Сејдини – н.з.), спортскиот директор (Данчо Масев – н.з.) и селекторот (Благоја Милевски – н.з.). Нарушена е атмосферата зашто селекторот сака да гради имиџ врз фудбалерите со голем стаж во репрезентацијата. Сака да гради имиџ врз еден Аце Трајковски, кого по 20 минути го менува, врз еден Аријан Адеми, Стефан Ристовски, кои срцето и душата ја оставиле за оваа репрезентација. Знам што можат и што им значи националниот дрес, ама некои сакаат преку нив да градат авторитет и тоа е жално. Селекторот, спортскиот директор и претседателот ја растурија најквалитетната репрезентација. Јас сум кажал и стојам на тоа дека ова е најквалитетната репрезентација што Македонија ја имала, но не знам како во иднина ќе опстои - вели Пандев.

Според него Милевски може е роден за младата репрезентација, но не е за А-тимот.

Милевски може да води младински репрезентации, да гради имиџ таму, да има негова кариера. Но, да зборуваш за професионален фудбал, треба да имаш нешто друго, треба да бидеш шмекер, фудбалерите да се чувствуваат слободни и да гинат. Тоа го имавме со Мрме. Имавме хемија, имавме другарство, навистина бевме семејство. Денес тоа го нема и недостига - вели Пандев.

The post Пандев: Селекторот, спортскиот директор и претседателот на ФФМ ја растурија репрезентацијата appeared first on Република.

Пандев: ФФМ стана приватна фудбалска федерација https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-ffm-stana-privatna-fudbalska-federacija/ Fri, 30 Sep 2022 11:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=555976

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев уште еднаш го искажа своето негативно мислење за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Лидерот на репрезентацијата во изјава за „Студио 10“ на ТВ 24 меѓу редови потенцира дека не му е баш сеедно што беше игнориран од луѓето кои го предводат македонскиот фудбал, за кои смета дека треба да бидат сменети.

Луѓето ја препознаваат мојата вредност, иако има и такви кои ја игнорираат Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа. ФФМ стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација туку и ќе назадуваме, изјави Пандев.

Големиот фудбалер смета дека во македонскиот фудбал има премногу политика, што влијае и врз резултатите.

Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во сѐ има политика. Веројатно затоа играчите и заминуваат. Но, таа атмосфера ја создава ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа. Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот, дополнува Пандев.

Повеќе за размислувањата на најдобриот на сите времиња кај нас прочитајте ТУКА.

The post Пандев: ФФМ стана приватна фудбалска федерација appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев уште еднаш го искажа своето негативно мислење за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Лидерот на репрезентацијата во изјава за „Студио 10“ на ТВ 24 меѓу редови потенцира дека не му е баш сеедно што беше игнориран од луѓето кои го предводат македонскиот фудбал, за кои смета дека треба да бидат сменети.
Луѓето ја препознаваат мојата вредност, иако има и такви кои ја игнорираат Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа. ФФМ стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација туку и ќе назадуваме, изјави Пандев.
Големиот фудбалер смета дека во македонскиот фудбал има премногу политика, што влијае и врз резултатите.
Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во сѐ има политика. Веројатно затоа играчите и заминуваат. Но, таа атмосфера ја создава ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа. Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот, дополнува Пандев.
Повеќе за размислувањата на најдобриот на сите времиња кај нас прочитајте ТУКА.  

The post Пандев: ФФМ стана приватна фудбалска федерација appeared first on Република.

]]>
Пандев објави крај на кариерата: Mojот син има 13 години, често го гледав само на пауза помеѓу едно првенство и друго, сакам да уживам во семејството https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-objavi-kraj-na-karierata-mojot-sin-ima-13-godini-chesto-go-gledav-samo-vo-periodot-na-pauza-pomegju-edno-prvenstvo-i-drugo-sakam-da-uzivam-vo-semejstvoto/ Thu, 22 Sep 2022 09:25:24 +0000 https://republika.mk/?p=553118

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев во интервју за италијанскиот весник „Газета дело спорт“ изрази желба да остане да работи во фудбалот, како спортски директор или како менаџер.

Тој не се гледа во улога на тренер: „Сакам да работам со деца, да им помагам, да ги советувам, да им пренесам дел од моето искуство“.

Пандев им се заблагодари на сите навивачи, претседатели, тренери со кои соработувал во неговата богата кариера.

Сите тие ми дадоа нешто и јас тоа нема никогаш да го заборавам.

Струмичанецот кој од рана возраст почна интернационална кариера во Италија, и со исклучок на само една сезона, остана таму до крај, сака во следниот период да се посвети повеќе на семејството.

– Мојот најстар син има скоро 13 години и во текот на неговиот живот често го гледав само во периодот на пауза помеѓу едно првенство и друго. Сега сакам да уживам во семејството.

Горан Пандев од Беласица на 18-годишна возраст замина во Интер. Играше уште за: Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма.

За македонската репрезентација има 122 настапа и 38 постигнати голови.

The post Пандев објави крај на кариерата: Mojот син има 13 години, често го гледав само на пауза помеѓу едно првенство и друго, сакам да уживам во семејството appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев во интервју за италијанскиот весник „Газета дело спорт“ изрази желба да остане да работи во фудбалот, како спортски директор или како менаџер. Тој не се гледа во улога на тренер: „Сакам да работам со деца, да им помагам, да ги советувам, да им пренесам дел од моето искуство“. Пандев им се заблагодари на сите навивачи, претседатели, тренери со кои соработувал во неговата богата кариера. Сите тие ми дадоа нешто и јас тоа нема никогаш да го заборавам. Струмичанецот кој од рана возраст почна интернационална кариера во Италија, и со исклучок на само една сезона, остана таму до крај, сака во следниот период да се посвети повеќе на семејството.
– Мојот најстар син има скоро 13 години и во текот на неговиот живот често го гледав само во периодот на пауза помеѓу едно првенство и друго. Сега сакам да уживам во семејството.
Горан Пандев од Беласица на 18-годишна возраст замина во Интер. Играше уште за: Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма. За македонската репрезентација има 122 настапа и 38 постигнати голови.

The post Пандев објави крај на кариерата: Mojот син има 13 години, често го гледав само на пауза помеѓу едно првенство и друго, сакам да уживам во семејството appeared first on Република.

]]>
Пандев: Се гледа дека на Панчев му е мака за успесите на Македонија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-se-gleda-deka-na-panchev-mu-e-maka-za-uspesite-na-makedonija/ Wed, 30 Mar 2022 17:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=481081

Откако Дарко Панчев во изјава за германските медиуми го „чепна“ најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, истакнувајќи дека со струмичанецот, Македонија губела и од Андора, Пандев за „Фокус“, само кратко порача:

Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за СП.

Тој уште еднаш го пофали пристапот на нашите репрезентативци во изминатите два натпревари.

Дечките изгинаа 180 минути и секоја чест за нив. Заслужија да одат на СП, но тоа ќе биде во следните години. Јас пред три години кажав дека оваа репрезентација е најдобрата во историјата на македонскиот фудбал, додаде струмичанецот.

https://republika.mk/sport/fudbal/panchev-so-pandev-vo-timot-gubevme-i-od-andora-na-milevski-treba-da-mu-se-dade-chetirgodishen-dogovor/

The post Пандев: Се гледа дека на Панчев му е мака за успесите на Македонија appeared first on Република.

Панчев: Со Пандев во тимот губевме и од Андора, на Милевски треба да му се даде четиргодишен договор https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/panchev-so-pandev-vo-timot-gubevme-i-od-andora-na-milevski-treba-da-mu-se-dade-chetirgodishen-dogovor/ Wed, 30 Mar 2022 13:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=480967

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев вели дека оваа селекција има играчи како Барди, Алиоски, Адеми... кои можат да стануваат уште подобри. Панчев верува дека Благоја Милевски е вистинско решение за селекторската позиција и дека тој треба да добие нов договор.

Во интервју за „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ анализира дека главната причина за добрите резултати на нашата репрезентација е квалитетната колективна игра во која многу фудбалери даваат свој придонес, нешто што не секогаш беше случај дури и кога Македонија го имаше Горан Пандев во тимот.

Придонесот на Горан Пандев за Македонија е неспорен. Не може да се заборави дека тој го даде голот во Тбилиси против Грузија за пласман на Европското првенство, ама не може да се заборави дека и со него во тимот губевме од Андора.

Мислам дека фудбалерите како Барди, Алиоски, Адеми може уште повеќе да се развиваат, а тоа ќе биде одлично за нашите резултати во иднина.

Победите над Германија и Италија не може да се споредуваат, првата беше во квалификации, додека другата во бараж, но како и да е тие две се голем белег и пресвртница во историјата на македонскиот фудбал.

Да сум претседател на ФФМ веднаш би го продолжил договорот на Милевски, би му дал четиригодишен договор. Јас сум импресиониран од неговата работа и од концептот, особено што и претходно имаше одлична работа со младата селекција. За мене тој е најдобриот селектор кој го имала Македонија - вели Панчев.

The post Панчев: Со Пандев во тимот губевме и од Андора, на Милевски треба да му се даде четиргодишен договор appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев вели дека оваа селекција има играчи како Барди, Алиоски, Адеми... кои можат да стануваат уште подобри. Панчев верува дека Благоја Милевски е вистинско решение за селекторската позиција и дека тој треба да добие нов договор. Во интервју за „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ анализира дека главната причина за добрите резултати на нашата репрезентација е квалитетната колективна игра во која многу фудбалери даваат свој придонес, нешто што не секогаш беше случај дури и кога Македонија го имаше Горан Пандев во тимот.
Придонесот на Горан Пандев за Македонија е неспорен. Не може да се заборави дека тој го даде голот во Тбилиси против Грузија за пласман на Европското првенство, ама не може да се заборави дека и со него во тимот губевме од Андора.   Мислам дека фудбалерите како Барди, Алиоски, Адеми може уште повеќе да се развиваат, а тоа ќе биде одлично за нашите резултати во иднина.   Победите над Германија и Италија не може да се споредуваат, првата беше во квалификации, додека другата во бараж, но како и да е тие две се голем белег и пресвртница во историјата на македонскиот фудбал.   Да сум претседател на ФФМ веднаш би го продолжил договорот на Милевски, би му дал четиригодишен договор. Јас сум импресиониран од неговата работа и од концептот, особено што и претходно имаше одлична работа со младата селекција. За мене тој е најдобриот селектор кој го имала Македонија - вели Панчев.

The post Панчев: Со Пандев во тимот губевме и од Андора, на Милевски треба да му се даде четиргодишен договор appeared first on Република.

]]>
Пандев: Не пасоши, споменици да им изградите на фудбалерите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-ne-pasoshi-spomenici-da-im-izgradite-na-fudbalerite/ Sun, 27 Mar 2022 14:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=479328

„Смешен и жален си господине, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, објави Горан Пандев, доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација.

Ова се однесува на Бујар Османи, министерот за надворешни работи кој вети дека ако Македонија се пласира на Светско првенство, сите фудбалери ќе добијат дипломатски пасоши.

Ветувањето на Османи дојде откако двајца фудбалери, херојот од Палермо, Александар Трајковски и фудбалерот за врска Енис Барди добија дипломатски пасоши, заедно со селекторот Благоја Милевски.

The post Пандев: Не пасоши, споменици да им изградите на фудбалерите appeared first on Република.

]]>

„Смешен и жален си господине, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, објави Горан Пандев, доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација. Ова се однесува на Бујар Османи, министерот за надворешни работи кој вети дека ако Македонија се пласира на Светско првенство, сите фудбалери ќе добијат дипломатски пасоши. Ветувањето на Османи дојде откако двајца фудбалери, херојот од Палермо, Александар Трајковски и фудбалерот за врска Енис Барди добија дипломатски пасоши, заедно со селекторот Благоја Милевски.

The post Пандев: Не пасоши, споменици да им изградите на фудбалерите appeared first on Република.

]]>
Пандев: Македонија ми е сè, но Италија ми даде сè https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pandev-makedonija-mi-e-se-no-italija-mi-dade-se/ Thu, 24 Mar 2022 09:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=477527

Горан Пандев е еден од асовите кој ја поврзува Македонија со Италија, па поради тоа нашата легенда е во фокусот на вниманието на јавноста на Апенинте пред бараж-мечот за Светското првенство кој се игра на „Ренцо Барбера“ во Палермо вечерва од 20,45 часот.

Пандев со години настапува во Италија и многу добро го знае тамошниот фудбал, сите состојби, квалитетот, играите со кои располагаат и ќе беше добро да го имаме за овој меч, ама тоа е што и Гоче надвор од теренот ќе ја даде поддршката за избраниците на Благоја Милевски.

Ова е натпревар кој не го посакував, особено не во полуфиналето. Македонија ми е сè, но Италија исто ми даде се, тоа е земјата во која се родени моите деца. Играњето со европскиот првак на гости секако не е идеално за нас: Италија, исто како Португалија со Турција, ама во исто време е точно дека притисокот е само врз нив, рече Пандев за „Кориере Дела Сера“.

Во интервјуто тој додава:

Повнимателни сме и мотивирани, вистина е. Таков е балканскиот менталитет, можеш против Германија да победиш затоа што секој сака да се соочи со нив, да се покаже. Потоа пак да се загуби од Андора. Жалам што Елиф Елмас нема да игра против Италијанеците. Неговото отсуство е предност за Италија бидејќи тој е клучен играч во нашиот тим, дефинитивно најдобриот и може да им направи сериозни проблеми на „аѕурите“. Италија има многу квалитет и може да го изостави еден Балотели. Направивме многу луѓе среќни, а тоа е важно бидејќи има многу проблеми во нашата земја. Утре моите соиграчи ќе дадат се од себе, порача членот на Парма.

The post Пандев: Македонија ми е сè, но Италија ми даде сè appeared first on Република.

]]>

Горан Пандев е еден од асовите кој ја поврзува Македонија со Италија, па поради тоа нашата легенда е во фокусот на вниманието на јавноста на Апенинте пред бараж-мечот за Светското првенство кој се игра на „Ренцо Барбера“ во Палермо вечерва од 20,45 часот. Пандев со години настапува во Италија и многу добро го знае тамошниот фудбал, сите состојби, квалитетот, играите со кои располагаат и ќе беше добро да го имаме за овој меч, ама тоа е што и Гоче надвор од теренот ќе ја даде поддршката за избраниците на Благоја Милевски.