горан млевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-mlevski/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jan 2022 13:33:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png горан млевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-mlevski/ 32 32 Милевски: Соработката во образованието може да помогне во надминувањето на разликите помеѓу помеѓу Македонија и Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/milevski-sorabotkata-vo-obrazovanieto-moze-da-pomogne-vo-nadminuvanjeto-na-razlikite-pomegju-pomegju-makedonija-i-bugarija/ Sat, 29 Jan 2022 13:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=451190

Mинистерот за локална самоуправа, Горан Милевски, на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ изјави дека развојот на соработката помеѓу Македонија и Бугарија, во делот на образованието, може да помогне во надминувањето на разликите помеѓу двете земји.

Милевски упати порака до сите политички, но и општествени чинители, да придонесат „да се стопат разликите помеѓу двете држави“.

Треба да гледаме она што не поврзува, а не она што се наши разлики. И во таа насока ја поздравувам оваа средба. Пред се, се радувам затоа што бугарските општини во голема мера ги користеа пристапните фондови, ги користат ИПА фондовите за нивен развој. Ова заедничко дружење овде само ќе овозможи да се размени знаењето за да и нашите општини што повеќе ги користат, да се спремат за користење на средствата кога ќе се отворат преговорите и ќе започнеме да ги користиме средствата, претпристапните фондови, бидејќи периодот којшто е пред  нас, сите и образовните институции и општините треба максимално да го искористат за привлекувањето на финансиските средства од ЕУ, и за подобрување на условите за живот на сите граѓани - изјави Милевски.

Тој додаде дека и во услови на криза двете земји изминатиот период оствариле успешна соработка, особено со искористувањето на фондовите за прекугранична соработка.

И навистина во овие изминати периоди кога имаше најзаладени односи општините ги промовираа заедничките проекти коишто во изминатиов период ги имплементираа. Така, што можам да кажам дека ова е едно продолжување на соработката на општините, но се надевам дека ќе се продлабочи, бидејќи сега следува ИПА З периодот на искористување на средствата - изјави Милевски.

Тој апелираше до градоначалниците и до образовните институции од двете земји да соработуваат и заеднички за аплицираа за проекти од европските фондови.

Претседателка на Клубот на млади во Собранието, Моника Зајкова потенцира дека конференцијата има за цел да ја покаже важноста на граѓанскиот придонес во зајакнување на соработката особено од аспект на помладата популација.

Сега не е време да молчиме, ниту како млади луѓе, ниту како политичари за придобивките коишто можеме да ги имаме од соработката како граѓани на двете земји. Како пратеник во Парламентот и координаторка на Клубот за младински прашања и политики, инсистирам на соработка во делот на парламентите, односно младите пратеници помеѓу себе со цел унапредување на дијалогот затоа што на сите ни е од интерес да го унапрдиме пред се животниот стандард на оние коишто треба да ја градат иднината во двете земји - изјави Зајкова.

Конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ има за цел да поттикне дебата за моменталната состојба помеѓу двете држави, предизвиците и можностите за граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво и се одржа во организација на Renew Europe и АУЕ-ФОН.

The post Милевски: Соработката во образованието може да помогне во надминувањето на разликите помеѓу помеѓу Македонија и Бугарија appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за локална самоуправа, Горан Милевски, на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ изјави дека развојот на соработката помеѓу Македонија и Бугарија, во делот на образованието, може да помогне во надминувањето на разликите помеѓу двете земји. Милевски упати порака до сите политички, но и општествени чинители, да придонесат „да се стопат разликите помеѓу двете држави“.
Треба да гледаме она што не поврзува, а не она што се наши разлики. И во таа насока ја поздравувам оваа средба. Пред се, се радувам затоа што бугарските општини во голема мера ги користеа пристапните фондови, ги користат ИПА фондовите за нивен развој. Ова заедничко дружење овде само ќе овозможи да се размени знаењето за да и нашите општини што повеќе ги користат, да се спремат за користење на средствата кога ќе се отворат преговорите и ќе започнеме да ги користиме средствата, претпристапните фондови, бидејќи периодот којшто е пред  нас, сите и образовните институции и општините треба максимално да го искористат за привлекувањето на финансиските средства од ЕУ, и за подобрување на условите за живот на сите граѓани - изјави Милевски.
Тој додаде дека и во услови на криза двете земји изминатиот период оствариле успешна соработка, особено со искористувањето на фондовите за прекугранична соработка.
И навистина во овие изминати периоди кога имаше најзаладени односи општините ги промовираа заедничките проекти коишто во изминатиов период ги имплементираа. Така, што можам да кажам дека ова е едно продолжување на соработката на општините, но се надевам дека ќе се продлабочи, бидејќи сега следува ИПА З периодот на искористување на средствата - изјави Милевски.
Тој апелираше до градоначалниците и до образовните институции од двете земји да соработуваат и заеднички за аплицираа за проекти од европските фондови. Претседателка на Клубот на млади во Собранието, Моника Зајкова потенцира дека конференцијата има за цел да ја покаже важноста на граѓанскиот придонес во зајакнување на соработката особено од аспект на помладата популација.