Горан Мисовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-misovski/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Jan 2023 08:13:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Горан Мисовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-misovski/ 32 32 Мисовски: Евентуалниот влез на нов коалициски партнер во Владата може да донесе квалитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misovski-eventualniot-vlez-na-nov-koalitsiski-partner-vo-vladata-mozhe-da-donese-kvalitet/ Sun, 29 Jan 2023 08:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=602134

Претседателот на НСДП Горан Мисовски, чија партија е дел од владината коалиција, смета дека евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во Владата ќе донесе нов квалитет.

Јас сум убеден дека може да донесе само квалитет. Оваа идеја за формирање сојуз на европска Македонија, мене ми се допаѓа и тоа го заговарам со години откако сум пратеник. Изолирање на оние политички структури коишто се против европските интеграции, рече Мисовски во вчерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Во однос на прашањето како до парламентарно мнозинство за уставните измени, ставот на Мисовски е на пролет да почне постапката за уставните измени и денот кога ќе дојде гласањето, секој да се изјасни.

Нарушените односи со Бугарија, според Мисовски, се дел од хибридната војна што се води против Македонија. Она што сега треба да се направи, вели тој, е да се смири топката, а како позитивен чекор ја оценува средбата што на највисоко ниво е најавена меѓу министрите за внатрешни работи. Верува дека одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде на највисоко професионално ниво.

Жалам што се случи немил настан во Охрид и што бугарскиот државен врв потпадна под провокациите на еден бугарски европратеник. Мислам дека сега е време ние како одговорни политичари и бугарскиот државен врв да ја смириме топката, но притоа да си го чуваме националното достоинство. Тоа ни е топ приоритет. Добри се контактите кои следната недела се најавуваат на највисоко ниво мегу Бугарија и Македонија. Немам дилема дека Бугарија влегува во предизборен период и за жал традиција е во балканските земји да преминувате во непопуларна политика, рече претседателот на НСДП.

The post Мисовски: Евентуалниот влез на нов коалициски партнер во Владата може да донесе квалитет appeared first on Република.

]]>

Претседателот на НСДП Горан Мисовски, чија партија е дел од владината коалиција, смета дека евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во Владата ќе донесе нов квалитет.
Јас сум убеден дека може да донесе само квалитет. Оваа идеја за формирање сојуз на европска Македонија, мене ми се допаѓа и тоа го заговарам со години откако сум пратеник. Изолирање на оние политички структури коишто се против европските интеграции, рече Мисовски во вчерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“.
Во однос на прашањето како до парламентарно мнозинство за уставните измени, ставот на Мисовски е на пролет да почне постапката за уставните измени и денот кога ќе дојде гласањето, секој да се изјасни. Нарушените односи со Бугарија, според Мисовски, се дел од хибридната војна што се води против Македонија. Она што сега треба да се направи, вели тој, е да се смири топката, а како позитивен чекор ја оценува средбата што на највисоко ниво е најавена меѓу министрите за внатрешни работи. Верува дека одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде на највисоко професионално ниво.
Жалам што се случи немил настан во Охрид и што бугарскиот државен врв потпадна под провокациите на еден бугарски европратеник. Мислам дека сега е време ние како одговорни политичари и бугарскиот државен врв да ја смириме топката, но притоа да си го чуваме националното достоинство. Тоа ни е топ приоритет. Добри се контактите кои следната недела се најавуваат на највисоко ниво мегу Бугарија и Македонија. Немам дилема дека Бугарија влегува во предизборен период и за жал традиција е во балканските земји да преминувате во непопуларна политика, рече претседателот на НСДП.

The post Мисовски: Евентуалниот влез на нов коалициски партнер во Владата може да донесе квалитет appeared first on Република.

]]>
НСДП кажа НЕ за „францускиот предлог“: Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nsdp-kaza-ne-za-francuskiot-predlog-ne-prifakjame-istoriskite-prashanja-da-vlezat-vo-pregovarachkata-ramka/ Tue, 28 Jun 2022 09:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=520621

Од НСДП напоменуваат дека спорот со Република Бугарија може да се реши ако се почитуваат Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија потпишан на 1 август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции донесена на 29 јули 2021 година од Собранието на Република Македонија.

-Република Cеверна Македонија неправедно чека почеток на преговорите со Европската Унија и покрај одлуката на Европскиот совет во март 2020 година за безусловен старт на преговорите со нашата држава.НСДП ги почитува напорите на француското претседателство за изнаоѓање решение за решавање на спорот, но францускиот предлог за решавање на спорот за НСДП е неприфатлив, велат од НСДП на првиот одржан состанок на Извршниот одбор

Оттаму посочуваат дека единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во слгласност со Декларацијата која ја донесе македонското собрание.

-Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка. За историјата сметаме дека треба да разговараат историчарите без политички притисоци.Бараме дополнителни гаранции од Република Бугарија и Европската Унија дека нема да се испорачаат нови барања, надвор од преговарачката рамка.Исто така сметаме дека последниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан претставува сериозен удар врз кредибилитетот на Европската Унија.Неодржувањето на меѓувладината конференција Европска унија со Република Cеверна Македонија предизвикува дополнително намалување на подршката за процесот на интеграција во унијата кај граѓаните на Cеверна Македонија, велат од партијата на Мисовски.

The post НСДП кажа НЕ за „францускиот предлог“: Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка appeared first on Република.

Горан Мисовски е избран за нов претседател на НСДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/goran-misovski-e-izbran-za-nov-pretsedatel-na-nsdp/ Sat, 04 Jun 2022 19:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=511258

На Петтиот Конгрес на НСДП кој се одржа денеска за нов претседател е избран Горан Мисовски. На конгресот присуствуваа 426 делегати од вкупно 493.

Од 314 делегати кои гласаа, 308 делегати гласаа ЗА, 3 против и 3 неважечки гласачки ливчиња.

Исто така беа избрани и Централниот одбор на НСДП со 81 член и Надзорниот одбор на НСДП со 9 члена.

Воедно на Конгресот беа усвоени изменувања и дополнувања на Статутот на НСДП и Програмската платформа за делување на партијата во наредните 4 години.

The post Горан Мисовски е избран за нов претседател на НСДП appeared first on Република.

]]>

На Петтиот Конгрес на НСДП кој се одржа денеска за нов претседател е избран Горан Мисовски. На конгресот присуствуваа 426 делегати од вкупно 493. Од 314 делегати кои гласаа, 308 делегати гласаа ЗА, 3 против и 3 неважечки гласачки ливчиња. Исто така беа избрани и Централниот одбор на НСДП со 81 член и Надзорниот одбор на НСДП со 9 члена. Воедно на Конгресот беа усвоени изменувања и дополнувања на Статутот на НСДП и Програмската платформа за делување на партијата во наредните 4 години.

The post Горан Мисовски е избран за нов претседател на НСДП appeared first on Република.

]]>
Горан Мисовски не сака внатрепартиски натпревар, сака само тој да биде претседател на НСДП, вели Петковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/goran-misovski-ne-saka-vnatrepartiski-natprevar-saka-samo-toj-da-bide-pretsedatel-na-nsdp-veli-petkovski/ Thu, 26 May 2022 12:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=507257

Тито Петковски, во интервју за „Утрински брифинг“, изјави дека на самиот старт, со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазеле став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата.

Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен - вели Петковски.

Тој изрази жалење што младите сили на партијата нема да добијат шанса да ја претстават својата програма и ставови.

Според Пњтковски, Мисовски дури и одбил дуел со противкандидатот Кристијан Трајковски, што сега веќе не е можно.

The post Горан Мисовски не сака внатрепартиски натпревар, сака само тој да биде претседател на НСДП, вели Петковски appeared first on Република.

]]>

Тито Петковски, во интервју за „Утрински брифинг“, изјави дека на самиот старт, со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазеле став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата.
Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен - вели Петковски.
Тој изрази жалење што младите сили на партијата нема да добијат шанса да ја претстават својата програма и ставови. Според Пњтковски, Мисовски дури и одбил дуел со противкандидатот Кристијан Трајковски, што сега веќе не е можно.

The post Горан Мисовски не сака внатрепартиски натпревар, сака само тој да биде претседател на НСДП, вели Петковски appeared first on Република.

]]>
Мисовски смета дека Џафери е подобар и од Тито https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misovski-smeta-deka-dzaferi-e-podobar-i-od-tito/ Fri, 20 May 2022 13:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=504837

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски од НСДП, за аудио снимката од која се слуша како собранискиот спикер Талат Џафери вика, пцуе и ги навредува собраниските службеници вели дека е политичка пресметка. Според него Џафери е најдобриот претседател што Собранието го имало досега.  Претседател на собранието беше и неговиот партиски лидер, Тито Петковски, чија позиција треба да ја преземе токму тој.ако еден период на таа функција беше и се` уште актуелниот претседател на неговата партија, Тито Петковски, за чиј наследник се подготвува.

Не се најде политичка партија од власта која го осуди однесувањето на собранискиот спикер. Нема дури ни коментар.

Опозициските партии, кои поведоа постапка во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и предложија пратеници кои се подготвени да сведочат за однесувањето на Џафери,  денеска излегоа со нови обвинувања дека намерно не се закажува седницата на комисијата која треба да расправа за аудио снимката.

Пренџов тврди дека, за време на случката, во пленарната сала имало повеќе пратеници од власта и ги охрабрува да посведочат и тие за однесувањето на собранискиот претседател. Од  Џафери и неговиот кабинет не ја коментираат иницијативата на опозицијата за дисциплинска постапка против него, која се заснова на кршење на етичкиот кодекс на пратениците. Неколку дена по ред нема збор ниту за аудио снимката.

The post Мисовски смета дека Џафери е подобар и од Тито appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски од НСДП, за аудио снимката од која се слуша како собранискиот спикер Талат Џафери вика, пцуе и ги навредува собраниските службеници вели дека е политичка пресметка. Според него Џафери е најдобриот претседател што Собранието го имало досега.  Претседател на собранието беше и неговиот партиски лидер, Тито Петковски, чија позиција треба да ја преземе токму тој.ако еден период на таа функција беше и се` уште актуелниот претседател на неговата партија, Тито Петковски, за чиј наследник се подготвува. Не се најде политичка партија од власта која го осуди однесувањето на собранискиот спикер. Нема дури ни коментар. Опозициските партии, кои поведоа постапка во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и предложија пратеници кои се подготвени да сведочат за однесувањето на Џафери,  денеска излегоа со нови обвинувања дека намерно не се закажува седницата на комисијата која треба да расправа за аудио снимката. Пренџов тврди дека, за време на случката, во пленарната сала имало повеќе пратеници од власта и ги охрабрува да посведочат и тие за однесувањето на собранискиот претседател. Од  Џафери и неговиот кабинет не ја коментираат иницијативата на опозицијата за дисциплинска постапка против него, која се заснова на кршење на етичкиот кодекс на пратениците. Неколку дена по ред нема збор ниту за аудио снимката.

The post Мисовски смета дека Џафери е подобар и од Тито appeared first on Република.

]]>
По Тито, Горан: Мисовски единствен кандидат за наследник на Петковски во НСДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-tito-goran-misovski-edinstven-kandidat-za-naslednik-na-petkovski-vo-nsdp/ Sun, 15 May 2022 07:51:27 +0000 https://republika.mk/?p=502422

Централниот одбор на НСДП денеска на Петтиот конгрес на партијата за единствен кандидат за претседател го утврди Горан Мисовски.

Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата.

Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор.

Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки, посочуваат од партијата.

The post По Тито, Горан: Мисовски единствен кандидат за наследник на Петковски во НСДП appeared first on Република.

]]>

Централниот одбор на НСДП денеска на Петтиот конгрес на партијата за единствен кандидат за претседател го утврди Горан Мисовски. Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата. Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор. Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки, посочуваат од партијата.

The post По Тито, Горан: Мисовски единствен кандидат за наследник на Петковски во НСДП appeared first on Република.

]]>
Горан Мисовски единствен кандидат за претседател на НСДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/goran-miskovski-edinstven-kandidat-za-pretsedatel-na-nsdp/ Sat, 14 May 2022 16:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=502292

Централниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на НСДП на Петтиот конгрес на партијата го утврди Горан Мисовски, се вели во партиското соопштение испратено од партијата НСДП.

-Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата. Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор. Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки, истакнуваат од НСДП.

The post Горан Мисовски единствен кандидат за претседател на НСДП appeared first on Република.

Петковски: Изборот на Мисовски е надвор од Статутот, за лидер на НСДП има 10 кандидати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-izborot-na-misovski-e-nadvor-od-statutot-za-lider-na-nsdp-ima-10-kandidati/ Thu, 12 May 2022 13:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=501530

Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, вели Тито Петковски за Нова, лидерот на НСДП, кој 17 години ја водеше партијата и неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција по што почна постапка за избор на нов претседател.

Тој вели дека за лидерската позиција на НСДП од општинските организации пристигнале предлози за десет кандидати и дека на синоќешната седница на одборот за подготовка на конгресот не било договорено Мисовски да биде единствен кандидат. Напротив, расправата требало да продолжи на Централниот одбор, кој е највисок партиски орган и кој треба да одржи седница в сабота.

На седницата на Одборот за подготовка на петтиот конгрес, според Статутот, ние имаме обврска само да предлагаме, но не и да утврдуваме кандидати. Тоа што како информација е испратено од седницата дека Горан Мисовски е единствен кандидат не се случи додека јас бев на седницата. Со оглед на тоа што се разви дебата, се договоривме таа да продолжи во сабота на седницата на Централниот одбор. Изненаден сум од оваа постапка на моите партиски соработници, изјави Петковски.

The post Петковски: Изборот на Мисовски е надвор од Статутот, за лидер на НСДП има 10 кандидати appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, вели Тито Петковски за Нова, лидерот на НСДП, кој 17 години ја водеше партијата и неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција по што почна постапка за избор на нов претседател. Тој вели дека за лидерската позиција на НСДП од општинските организации пристигнале предлози за десет кандидати и дека на синоќешната седница на одборот за подготовка на конгресот не било договорено Мисовски да биде единствен кандидат. Напротив, расправата требало да продолжи на Централниот одбор, кој е највисок партиски орган и кој треба да одржи седница в сабота.