горан минчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-minchev/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 15:21:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png горан минчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-minchev/ 32 32 Минчев: Деполитизацијата на јавната администрација зависи од политичката волја на владејачката структура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-depolitizatsijata-na-javnata-administratsija-zavisi-od-politichkata-volja-na-vladejachkata-struktura/ Wed, 27 Nov 2024 15:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=842422

Деполитизацијата на јавната администрација зависи од политичката волја на владејачката структура. Јас сум силно уверен дека оваа Влада, на чело со премиерот и ние како МИОА таа волја од ден на ден ја докажуваме, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Горан Минчев.

Според министерот Минчев, доколку постои политичка волја и законско решение кое што ќе го овозможи тоа, тоа ќе се спроведе.

Без таа политичка волја ние не можеме да одиме напред. Ние како влада и во изминатиот период низ призма на одржување на повеќе јавни расправи и дебати, го искажавме тоа прашање како едно од најважните. Зошто, затоа што во овој момент се соочуваме со делумно неквалитетна, неедуцирана јавна администрација која што предизвикува дополнителни проблеми во смисла на ефикасноста на јавната администрација. Затоа во тој поглед е од клучно значење да се посветиме на овој процес, а тоа е деполитизација на јавната администрација, посочи министерот по потпишувањето на меморандум за соработка со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Јелена Жариќ Ковачевиќ.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека деполитизацијата на јавната администрација е клучна за нејзината ефикасност и транспарентност. Тој нагласи дека целта е јавната администрација да биде пример за ефикасност и отчетност, и дека ќе се зајакнат механизмите за надзор. Социјалдемократскиот сојуз реагираше дека изјавите на Мицкоски се празни зборови, спротивни на реалноста. Тие тврдат дека администрацијата е партизирана и дека компетентните кадри се заменети со партиски луѓе без квалификации.

Во врска со прашањето за најавите за кратење на кадрите во државната администрација и управните одбори, министерот одговори дека законските решенија се во процес на изработка.

Во овој момент не можам да кажам за колкав број управни одбори станува збор. Работната група во рамките на МИОА која макотрпно, дене и ноќе работи на овие закони ќе дојде во една финална фаза на овие предлог или нацрт законски решенија кон крајот на овој месец. Тогаш кога ќе ги имаме конечните решенија, ќе бидат поставени на системот ЕНЕР и достапни до сите граѓани, а потоа ќе бидат пратени во владина процедура и се надевам на почетокот на јануари во собраниска процедура, рече министерот.

Минчев потенцираше дека се работи за краток пилот проект кој ќе се однесува на институции, или пак органи кои се во рамки на МИОА, или пак, поврзани со МИОА.

Ние сакаме да  го опипаме пулсот на овие институции, на кратењето на овие управни одбори, но, исто така, не треба да го занемариме и социјалниот дел кој што го имаме со синдикатите, тоа да не предизвика дополнителни револти и во онака тешката ситуација со платите, рече министерот.

The post Минчев: Деполитизацијата на јавната администрација зависи од политичката волја на владејачката структура appeared first on Република.

]]>

Деполитизацијата на јавната администрација зависи од политичката волја на владејачката структура. Јас сум силно уверен дека оваа Влада, на чело со премиерот и ние како МИОА таа волја од ден на ден ја докажуваме, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Горан Минчев.
Според министерот Минчев, доколку постои политичка волја и законско решение кое што ќе го овозможи тоа, тоа ќе се спроведе.
Без таа политичка волја ние не можеме да одиме напред. Ние како влада и во изминатиот период низ призма на одржување на повеќе јавни расправи и дебати, го искажавме тоа прашање како едно од најважните. Зошто, затоа што во овој момент се соочуваме со делумно неквалитетна, неедуцирана јавна администрација која што предизвикува дополнителни проблеми во смисла на ефикасноста на јавната администрација. Затоа во тој поглед е од клучно значење да се посветиме на овој процес, а тоа е деполитизација на јавната администрација, посочи министерот по потпишувањето на меморандум за соработка со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Јелена Жариќ Ковачевиќ.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека деполитизацијата на јавната администрација е клучна за нејзината ефикасност и транспарентност. Тој нагласи дека целта е јавната администрација да биде пример за ефикасност и отчетност, и дека ќе се зајакнат механизмите за надзор. Социјалдемократскиот сојуз реагираше дека изјавите на Мицкоски се празни зборови, спротивни на реалноста. Тие тврдат дека администрацијата е партизирана и дека компетентните кадри се заменети со партиски луѓе без квалификации. Во врска со прашањето за најавите за кратење на кадрите во државната администрација и управните одбори, министерот одговори дека законските решенија се во процес на изработка.
Во овој момент не можам да кажам за колкав број управни одбори станува збор. Работната група во рамките на МИОА која макотрпно, дене и ноќе работи на овие закони ќе дојде во една финална фаза на овие предлог или нацрт законски решенија кон крајот на овој месец. Тогаш кога ќе ги имаме конечните решенија, ќе бидат поставени на системот ЕНЕР и достапни до сите граѓани, а потоа ќе бидат пратени во владина процедура и се надевам на почетокот на јануари во собраниска процедура, рече министерот.
Минчев потенцираше дека се работи за краток пилот проект кој ќе се однесува на институции, или пак органи кои се во рамки на МИОА, или пак, поврзани со МИОА.
Ние сакаме да  го опипаме пулсот на овие институции, на кратењето на овие управни одбори, но, исто така, не треба да го занемариме и социјалниот дел кој што го имаме со синдикатите, тоа да не предизвика дополнителни револти и во онака тешката ситуација со платите, рече министерот.

The post Минчев: Деполитизацијата на јавната администрација зависи од политичката волја на владејачката структура appeared first on Република.

]]>
В понеделник ќе се знае каква е постапката за вработувања по укинувањето на „Балансерот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/v-ponedelnik-ke-se-znae-kakva-e-postapkata-za-vrabotuvana-po-ukinuvaneto-na-balanserot/ Sat, 19 Oct 2024 18:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=828923

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев изјави дека во однос на Законот за правична застапеност владината коалиција има капацитет да отвори политички дијалог со кој ќе се најде соодветно решение и ќе го гарантира уставното право, а тоа е правична застапеност на етничките заедници.

Тој капацитет постои, нагласи Минчев и изрази надеж дека до такво решение ќе дојде.

- Ова е осетлива тема и не треба да се брза. Сметам дека во рамки на овој процес што е пред нас, треба да се вклучат сите оние кои можат да помогнат да се додје до квалитетно, содржајно решение што ќе го реши проблемот засекогаш, рече министерот Минчев вечерва во дневникот на Сител Телевизија.

Прашан каква е постапката со вработувањата по укинувањето на „Балансерот“, министерот Минчев информира дека во моментот сите јавни огласи или годишните планови за вработување и унапреување се во прекин.

Тој најави дека во рамки на Министерството за јавна администрација се подготвуваат соодветни насоки, и, како што рече, се надева дека веќе во понеделник ќе излезат со конкретни насоки.

- Инструкциите кои ќе ги дадеме во понеделник ќе се однесуваат на сите огласи, дури и на оние што биле во рамки на започнати пред времената мерка на Уставниот суд односно со Балансерот и секако оние институции што не ги засега Балансерот, а имаат веќе започнато јавни огласи или конкусри, рече Минчев.

Потенцира дека насоките ќе бидат сите конкурси да се завршат, а според неговите информации, тоа се некаде од 25 до 30 огласи што се со Балансерот да завршат и од одлуката на Уставниот суд, како што рече, ќе бидат по новата методологија.

За тоа каква е состојбата во јавната администрација, Минчев се осврна на бројките од крајот на 2016 година кога имало околу 1290 институции со околу 130 илјади вработени. Во 2023 година во декември како последен пресек имало околу 1370 институции и 129 илјади вработени во јавниот сектор.

Според него, не е најбитно прашањето колкав е бројот на јавната администрација, туку со каков квалитет, со какви услуги кон граѓаните и со какво знаење и умешност јавната администрација ќе се користи да ги даде потребните услуги на граѓаните.

- Ваквиот состав на јавната администрација, според мене, недоволно обучен, недоволно едуциран, недоволно квалитетен, е производ на 30-годишното партиско вработување и на непотизмот, изјави меѓу другото министерот Минчев, додавајќи дека клучот да нема партиски вработувања се политичките партиии кои се на власт.

Тој упати порака дека оваа Влада има силна мотивација овој процес на реформи во јавната администрација да го постави на топ приоритетите на својата агенда и самото формирање на Министерството за јавна администрација докажува дека Владата е во силен налет, како што рече, да го реформира јавниот сектор.

Еден од трите закони што се на јавна дебата за ова прашање, појасни Минчев, е формирање нова Академија за обука и едукација на јавната администрација.

На новинарско прашање каков е ставот на партијата „ЗНАМ – за наша Македонија“, Минчев дециден дека партискиот став е дека може да постои само една Академија, а тоа е Македонската академија на науките.

Ако ме прашувате мене зошто се прави оваа т.н. Албанска академија на науки, прво тоа е незаконски, за мене е невладино здружение, невладина организација. Сметам дека треба наместо да се трошат парите за такви граѓански здруженија, попродуктивно би било нашите коалициони партнери, онаму каде имаат градоначалници од своите редови, парите да ги трошат на инфраструктура, потенцира Минчев.

Во однос на идејата за спојување на Агенцијата за разузнавање, што е под надлежност на Претседателот на државата и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ставот на министерот Минчев, како што рече, е секогаш за формирање една агенција, но, подвлече, мора да се има предвид и делот од разузнавање што е во рамки на Министерството за одбрана, а тоа е военото разузнавање. Според него, ова е сериозно прашање и мора да биде во корелација и во соработка со нашите стратешки партнери, пред се САД и ЕУ.

The post В понеделник ќе се знае каква е постапката за вработувања по укинувањето на „Балансерот“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев изјави дека во однос на Законот за правична застапеност владината коалиција има капацитет да отвори политички дијалог со кој ќе се најде соодветно решение и ќе го гарантира уставното право, а тоа е правична застапеност на етничките заедници. Тој капацитет постои, нагласи Минчев и изрази надеж дека до такво решение ќе дојде.
- Ова е осетлива тема и не треба да се брза. Сметам дека во рамки на овој процес што е пред нас, треба да се вклучат сите оние кои можат да помогнат да се додје до квалитетно, содржајно решение што ќе го реши проблемот засекогаш, рече министерот Минчев вечерва во дневникот на Сител Телевизија.
Прашан каква е постапката со вработувањата по укинувањето на „Балансерот“, министерот Минчев информира дека во моментот сите јавни огласи или годишните планови за вработување и унапреување се во прекин. Тој најави дека во рамки на Министерството за јавна администрација се подготвуваат соодветни насоки, и, како што рече, се надева дека веќе во понеделник ќе излезат со конкретни насоки.
- Инструкциите кои ќе ги дадеме во понеделник ќе се однесуваат на сите огласи, дури и на оние што биле во рамки на започнати пред времената мерка на Уставниот суд односно со Балансерот и секако оние институции што не ги засега Балансерот, а имаат веќе започнато јавни огласи или конкусри, рече Минчев.
Потенцира дека насоките ќе бидат сите конкурси да се завршат, а според неговите информации, тоа се некаде од 25 до 30 огласи што се со Балансерот да завршат и од одлуката на Уставниот суд, како што рече, ќе бидат по новата методологија. За тоа каква е состојбата во јавната администрација, Минчев се осврна на бројките од крајот на 2016 година кога имало околу 1290 институции со околу 130 илјади вработени. Во 2023 година во декември како последен пресек имало околу 1370 институции и 129 илјади вработени во јавниот сектор. Според него, не е најбитно прашањето колкав е бројот на јавната администрација, туку со каков квалитет, со какви услуги кон граѓаните и со какво знаење и умешност јавната администрација ќе се користи да ги даде потребните услуги на граѓаните.
- Ваквиот состав на јавната администрација, според мене, недоволно обучен, недоволно едуциран, недоволно квалитетен, е производ на 30-годишното партиско вработување и на непотизмот, изјави меѓу другото министерот Минчев, додавајќи дека клучот да нема партиски вработувања се политичките партиии кои се на власт.
Тој упати порака дека оваа Влада има силна мотивација овој процес на реформи во јавната администрација да го постави на топ приоритетите на својата агенда и самото формирање на Министерството за јавна администрација докажува дека Владата е во силен налет, како што рече, да го реформира јавниот сектор. Еден од трите закони што се на јавна дебата за ова прашање, појасни Минчев, е формирање нова Академија за обука и едукација на јавната администрација. На новинарско прашање каков е ставот на партијата „ЗНАМ – за наша Македонија“, Минчев дециден дека партискиот став е дека може да постои само една Академија, а тоа е Македонската академија на науките.
Ако ме прашувате мене зошто се прави оваа т.н. Албанска академија на науки, прво тоа е незаконски, за мене е невладино здружение, невладина организација. Сметам дека треба наместо да се трошат парите за такви граѓански здруженија, попродуктивно би било нашите коалициони партнери, онаму каде имаат градоначалници од своите редови, парите да ги трошат на инфраструктура, потенцира Минчев.
Во однос на идејата за спојување на Агенцијата за разузнавање, што е под надлежност на Претседателот на државата и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ставот на министерот Минчев, како што рече, е секогаш за формирање една агенција, но, подвлече, мора да се има предвид и делот од разузнавање што е во рамки на Министерството за одбрана, а тоа е военото разузнавање. Според него, ова е сериозно прашање и мора да биде во корелација и во соработка со нашите стратешки партнери, пред се САД и ЕУ.

The post В понеделник ќе се знае каква е постапката за вработувања по укинувањето на „Балансерот“ appeared first on Република.

]]>
Минчев: Треба да се донесе закон за правична застапеност кој ќе биде долгорочен и применлив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-treba-da-se-donese-zakon-za-pravichna-zastapenost-koj-ke-bide-dolgorochen-i-primenliv/ Thu, 17 Oct 2024 11:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=828024

Министерот за јавна администрација Горан Минчев смета дека не треба да се брза со законот за правична застапеност затоа што треба да се направи соодветно законско решение кое ќе биде долгорочно и применливо. Законот, според Минчев, треба да помине низ јавна дебата со вклученост на експерти, а пред да биде донесен, да се добие и мислење од Венецијанската комисија.

Во ова општество секој може да направи закон и тоа не е најважното прашање кој ќе го направи законот. Она што е многу битно е дека во владината коалицијата постои капацитет за политички дијалог да се дојде до една содржина на законско решение кое нема да биде предмет на повторно евентуално нова одлука на суд. Тоа значи дека треба да не се брза со ова законско решение, дека треба да се отвори јавна расправа во која што ќе се вклучат оние надлежни, а тоа е експертската јавност, посебно оние кои се задолжени за уставотворноста на евентуалното законско решение. Притоа да потенцирам дека правичната застапеност е уставна категорија, што значи дека треба да се дојде до една драфт верзија или, пак, Нацрт-закон кој на крајот по сериозна дебата, треба да биде доставен до Венецијанската комисија со цел да имаме соодветно решение кое што ќе биде долгорочно со добра содржина, но најважно од се применливо. Се надевам дека Владата ќе дојде до тоа решение, но потенцирам не треба да се брза затоа што таа уставна категорија ќе важи и сега, етничките заедници ќе имаат можност да се вработуваат согласно постоечките закони и без овие одредби коишто се укинати од страна на Уставниот суд - рече Минчев на денешната дебата во Владата посветена на економијата, финансиите и јавната администрација.

Минчев вели дека нема да има вработувања на нестручен кадар само поради неговата етничка припадност, но посочува и дека не треба етничката припадност да се поврзува со мерит системот. Според него, етничката припадност не е единствената причина за лошиот рејтинг на дел од јавната администрација, туку причините треба да се бараат и во партиските вработувања во администрацијата.

Мерит системот значи надоградување на кариерата врз база на квалитет, стручност и покажани резултати. Тој функционирал и без балансерот, значи етничките заедници се вработувани и пред 2001 година и ние сме имале сериозно добра администрација. И тука нема да потенцирам дека само припадници на етничката заедница допринеле до слаб или пак, лош квалитет на дел од јавната администрација. Тоа не е само етничко прашање. Тоа е прашање на партиски вработувања, прашање на непотизам кое што се темели на една нестручност на дел од јавната администрација - рече Минчев.

Законот за висока раководна служба, како што најави, во план е да биде донесен следната година.

The post Минчев: Треба да се донесе закон за правична застапеност кој ќе биде долгорочен и применлив appeared first on Република.

Минчев: Со овие реформи ќе правиме модернизирана и професионална администрацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-so-ovie-reformi-ke-pravime-modernizirana-i-profesionalna-administratsijata/ Thu, 17 Oct 2024 10:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=827954

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“, одржана во Медија центарот на Владата. На настанот присуствуваше и Есма Адиловиќ Фазлиќ, раководител на сектор за реформа во јавната администрација.

Министерот Минчев ја истакна важноста на новото министерство во реформите на јавната администрација, нагласувајќи посветеност на зголемување на ефикасноста и транспарентноста на истата. Тој ги презентираше новите иницијативи, вклучувајќи системски и ефективни закони, систем заснован на заслуги и формирање на Академија за обука на јавната администрација.

Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и ќе биде во согласност со европските стандарди. Овие реформи имаат за цел да ја модернизираат и професионализираат администрацијата за да се одговори на барањата на нашето општеството, изјави Министерот Минчев.

На трибината присуствуваа и високи претставници од Министерството за финансии, Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Царинската управа, што дополнително ја потврди важноста на соработката меѓу различните институции во напорите за подобрување на јавниот сектор.

https://www.youtube.com/live/3HXN80gNKG0?si=dGYOSdWuu0rQm3fV

Платформата „100% Посветено за тебе“ претставува иницијатива на Владата со цел да се осигура транспарентност и отворен дијалог со граѓаните, пружајќи им можност да се информираат за активностите и напорите на владата во првите 100 дена од мандатот.

The post Минчев: Со овие реформи ќе правиме модернизирана и професионална администрацијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“, одржана во Медија центарот на Владата. На настанот присуствуваше и Есма Адиловиќ Фазлиќ, раководител на сектор за реформа во јавната администрација. Министерот Минчев ја истакна важноста на новото министерство во реформите на јавната администрација, нагласувајќи посветеност на зголемување на ефикасноста и транспарентноста на истата. Тој ги презентираше новите иницијативи, вклучувајќи системски и ефективни закони, систем заснован на заслуги и формирање на Академија за обука на јавната администрација.
Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и ќе биде во согласност со европските стандарди. Овие реформи имаат за цел да ја модернизираат и професионализираат администрацијата за да се одговори на барањата на нашето општеството, изјави Министерот Минчев.
На трибината присуствуваа и високи претставници од Министерството за финансии, Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Царинската управа, што дополнително ја потврди важноста на соработката меѓу различните институции во напорите за подобрување на јавниот сектор. https://www.youtube.com/live/3HXN80gNKG0?si=dGYOSdWuu0rQm3fV Платформата „100% Посветено за тебе“ претставува иницијатива на Владата со цел да се осигура транспарентност и отворен дијалог со граѓаните, пружајќи им можност да се информираат за активностите и напорите на владата во првите 100 дена од мандатот.    

The post Минчев: Со овие реформи ќе правиме модернизирана и професионална администрацијата appeared first on Република.

]]>
Минчев: Реформа на службите, зголемување на транспарентноста и Академија за административни службеници се дел од клучните активности во овие сто дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-reforma-na-sluzhbite-zgolemuvane-na-transparentnosta-i-akademija-za-administrativni-sluzhbenitsi-se-del-od-kluchnite-aktivnosti-vo-ovie-sto-dena/ Thu, 10 Oct 2024 15:00:40 +0000 https://republika.mk/?p=825289

Реформа на службите и законодавството, зголемување на транспарентноста, формирање на Академија за административни службеници, но и регулирање на Националното координативно тело за управување со квалитет се дел клучните активности и иницијативи кои ги презедовме во овие сто дена, информираше денеска на прес-конференција министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Во однос на реформа на службите и законодавството во овие сто дена, Минчев подвлече дека се повлечени од собраниска процедура три клучни закони - Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за професионален развој и обука на административни службеници.

Овие закони, како што рече, се подложени на ревизии за да се модернизира управувањето со човечките ресурси, да се насочи процесот на вработување, да се унапреди системот за пресметка на платите и почитување на мерит системот.

-Нашата цел е да обезбедиме јавна администрација која е професионална, ефикасна, стручна и непристрасна и ќе овозможи поквалитетна испорака на услуги за граѓаните, рече Минчев.

Тој додаде дека за да се зголеми транспарентноста во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ за измена на трите закони, беа вклучени сите засегнати страни како што се синдикалните здруженија, невладини домашни и меѓународни организации, граѓански здруженија, претставници од експертската и академската заедница, претставници од јавните институции, како и претставници од Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

Дебатите, како што рече, се организирани со цел да се обезбеди потполно транспарентен процес каде што ќе се слушнат мислењата, ставовите и предлозите на сите чинители на кои се однесуваат овие закони и истите да учествуваат при креирањето на содржината на законските измени.

Исто така, подвлече Минчев, Владата потпиша меморандум за соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС), преку што се оствари поголема соработка со локалната самоуправа и општинските администрации.

-Првата јавна дебата беше организирана заедно со Центарот за управување со промени (ЦУП), а под покровителство на Амбасадата на Велика Британија. Втората јавна дебата беше организирана заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС) во Скопје, на која што присуствуваа претставници од скопските и околните општини. Третата јавна дебата беше организирана заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС) и општина Куманово, во Куманово, на која што присуствуваа претставници од останатите општини во регионот, рече Минчев.

Тој на прес-конференцијата ја спомена и методологија за пресметка на правична застапеност на етнички заедници „Балансер“. Како што рече, дигиталната алатката „Балансер” начелно создадена за правична застапеност на заедниците во институциите, во минатиот период беше честопати злоупотребувана.

-Таа злоупотреба на „балансерот” е регистрирана и аргументирана. Всушност, дигиталната алатка „балансер” ја губи својата намена за која е создадена. Оваа ситуација е нотирана и во скрининг извештајот на Европската комисија. Во Законот за вработени во јавниот сектор е децидно наведена формулата за пресметка на правичната застапеност на етничките заедници. Таа се однесува исклучиво за населението кое што живее на територија на Република Македонија, односно на резидентното население, согласно податоците добиени од последниот попис во 2021 година. Затекнатата состојба за пресметка на правичната застапеност на етничките заедници од претходната Влада не беше во законски рамки, рече Минче.

На иницијатива на новата Влада и Министерството за јавна администрација, тој напомена дека таа аномалија беше отстранета и формулата за пресметка беше сменета.

Минчев потенцираше дека во процедура е законска регулатива за формирање Академија за професионален развој и обука на административни службеници. Оваа академија ќе обезбеди континуирана едукација, опремување на нашите службеници со знаења и вештини за професионално и ефективно извршување на нивните должности, притоа одржувајќи ги највисоките европски стандарди.

-Во согласност со последните измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, направивме измени во формирањето на Национално координативно тело за управување со квалитет. Ова тело ќе служи како централна точка за координација и надзор на иницијативите за управување со квалитет низ сите државни институции. Неговата улога ќе биде да обезбеди конзистентна примена на стандардите за квалитет, да го унапреди споделувањето на најдобрите практики и да го следи перформансот на јавниот сектор, со цел негово постојано подобрување. Со централизација на координацијата на управување со квалитет, ќе обезбедиме дека реформите не се фрагментирани, туку се применуваат сеопфатно низ сите нивоа на власта, што директно ќе им користи на граѓаните преку попаметни, попродуктивни и поодговорни јавни услуги, додаде министерот.

Тој потсети дека по процесот на самооценување и евалуација, Министерството за јавна администрација доби САF сертификат (Заедничка рамка за проценка) согласно САF стандардите за квалитетно управување.

Како што рече, CAF сертификацијата е резултат на темелно самооценување, при што критички ги оценивме нашите процеси, структури и резултати, со цел да ги идентификуваме областите за унапредување.

-Со усвојување на CAF рамката, ние како Министерство, не само што ги унапредуваме нашите внатрешни системи, туку и ја поттикнуваме владината култура. Воведувањето и постигнувањето меѓународни стандарди за управување со квалитет во државните институции, оцени, ќе обезбеди поуспешна реализација на сите тековни реформски иницијативи, особено во процесот на европска интеграција за кои е потребен добро развиен капацитет, модерен и ефикасен менаџмент и навремено постигнување на зададените цели, рече Минчев.

The post Минчев: Реформа на службите, зголемување на транспарентноста и Академија за административни службеници се дел од клучните активности во овие сто дена appeared first on Република.

]]>

Реформа на службите и законодавството, зголемување на транспарентноста, формирање на Академија за административни службеници, но и регулирање на Националното координативно тело за управување со квалитет се дел клучните активности и иницијативи кои ги презедовме во овие сто дена, информираше денеска на прес-конференција министерот за јавна администрација Горан Минчев. Во однос на реформа на службите и законодавството во овие сто дена, Минчев подвлече дека се повлечени од собраниска процедура три клучни закони - Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за професионален развој и обука на административни службеници. Овие закони, како што рече, се подложени на ревизии за да се модернизира управувањето со човечките ресурси, да се насочи процесот на вработување, да се унапреди системот за пресметка на платите и почитување на мерит системот.
-Нашата цел е да обезбедиме јавна администрација која е професионална, ефикасна, стручна и непристрасна и ќе овозможи поквалитетна испорака на услуги за граѓаните, рече Минчев.
Тој додаде дека за да се зголеми транспарентноста во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ за измена на трите закони, беа вклучени сите засегнати страни како што се синдикалните здруженија, невладини домашни и меѓународни организации, граѓански здруженија, претставници од експертската и академската заедница, претставници од јавните институции, како и претставници од Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Дебатите, како што рече, се организирани со цел да се обезбеди потполно транспарентен процес каде што ќе се слушнат мислењата, ставовите и предлозите на сите чинители на кои се однесуваат овие закони и истите да учествуваат при креирањето на содржината на законските измени. Исто така, подвлече Минчев, Владата потпиша меморандум за соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС), преку што се оствари поголема соработка со локалната самоуправа и општинските администрации.
-Првата јавна дебата беше организирана заедно со Центарот за управување со промени (ЦУП), а под покровителство на Амбасадата на Велика Британија. Втората јавна дебата беше организирана заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС) во Скопје, на која што присуствуваа претставници од скопските и околните општини. Третата јавна дебата беше организирана заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС) и општина Куманово, во Куманово, на која што присуствуваа претставници од останатите општини во регионот, рече Минчев.
Тој на прес-конференцијата ја спомена и методологија за пресметка на правична застапеност на етнички заедници „Балансер“. Како што рече, дигиталната алатката „Балансер” начелно создадена за правична застапеност на заедниците во институциите, во минатиот период беше честопати злоупотребувана.
-Таа злоупотреба на „балансерот” е регистрирана и аргументирана. Всушност, дигиталната алатка „балансер” ја губи својата намена за која е создадена. Оваа ситуација е нотирана и во скрининг извештајот на Европската комисија. Во Законот за вработени во јавниот сектор е децидно наведена формулата за пресметка на правичната застапеност на етничките заедници. Таа се однесува исклучиво за населението кое што живее на територија на Република Македонија, односно на резидентното население, согласно податоците добиени од последниот попис во 2021 година. Затекнатата состојба за пресметка на правичната застапеност на етничките заедници од претходната Влада не беше во законски рамки, рече Минче.
На иницијатива на новата Влада и Министерството за јавна администрација, тој напомена дека таа аномалија беше отстранета и формулата за пресметка беше сменета. Минчев потенцираше дека во процедура е законска регулатива за формирање Академија за професионален развој и обука на административни службеници. Оваа академија ќе обезбеди континуирана едукација, опремување на нашите службеници со знаења и вештини за професионално и ефективно извршување на нивните должности, притоа одржувајќи ги највисоките европски стандарди.
-Во согласност со последните измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, направивме измени во формирањето на Национално координативно тело за управување со квалитет. Ова тело ќе служи како централна точка за координација и надзор на иницијативите за управување со квалитет низ сите државни институции. Неговата улога ќе биде да обезбеди конзистентна примена на стандардите за квалитет, да го унапреди споделувањето на најдобрите практики и да го следи перформансот на јавниот сектор, со цел негово постојано подобрување. Со централизација на координацијата на управување со квалитет, ќе обезбедиме дека реформите не се фрагментирани, туку се применуваат сеопфатно низ сите нивоа на власта, што директно ќе им користи на граѓаните преку попаметни, попродуктивни и поодговорни јавни услуги, додаде министерот.
Тој потсети дека по процесот на самооценување и евалуација, Министерството за јавна администрација доби САF сертификат (Заедничка рамка за проценка) согласно САF стандардите за квалитетно управување. Како што рече, CAF сертификацијата е резултат на темелно самооценување, при што критички ги оценивме нашите процеси, структури и резултати, со цел да ги идентификуваме областите за унапредување.
-Со усвојување на CAF рамката, ние како Министерство, не само што ги унапредуваме нашите внатрешни системи, туку и ја поттикнуваме владината култура. Воведувањето и постигнувањето меѓународни стандарди за управување со квалитет во државните институции, оцени, ќе обезбеди поуспешна реализација на сите тековни реформски иницијативи, особено во процесот на европска интеграција за кои е потребен добро развиен капацитет, модерен и ефикасен менаџмент и навремено постигнување на зададените цели, рече Минчев.

The post Минчев: Реформа на службите, зголемување на транспарентноста и Академија за административни службеници се дел од клучните активности во овие сто дена appeared first on Република.

]]>
Минчев: Законското решение за „балансерот“ не е во подготовка, се чека конечна одлука на Уставниот суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-zakonskoto-reshenie-za-balanserot-ne-e-vo-podgotovka-se-cheka-konechna-odluka-na-ustavniot-sud/ Fri, 20 Sep 2024 11:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=818153

Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд за „балансерот“, законското решение ќе почека додека нема конечна одлука, изјави денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која се одржа во Куманово. Тој потенцираше дека лично ја поздравува одлуката на Уставниот суд и повтори дека „балансерот“ со години се злоупотребувал.

Вчера Уставниот суд донесе времена мерка со којашто се стопираат одредени одредби или членови токму од овие закони општо се предмет на дебата тоа се законите за вработените во јавниот сектор и законот за административните службеници. Во принцип Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд, затоа што таа е извршна и се спроведува. Ако ме прашате за мој личен став јас досега кажав дека „балансерот“ како една од тие одредби коишто со времената мерка се стопираат мислам дека „балансерот“ како дигитална алатка во минатото навистина беше предмет на злоупотреби и ако разгледуваме во тој контекст одлуката на Уставниот суд ја поздравувам - изјави Минчев.

Во однос на законските решенија, министерот Минчев рече дека во моментот не може да каже дали ќе има ново и какво ќе биде законското решение, ќе се чека на конечната одлука на Уставниот суд.

Што се однесува до законските решенија јас во овој момент не би можел да кажам дали ќе има ново или пак каква ќе биде содржината на тоа законско решение секако би ја причекал и секако Министерството за јавна администрација конечната одлука на Уставниот суд во зависност од тоа каква ќе биде ние би пристапиле кон евентуално ново законско решение коешто патем мора да кажам дека е уставна категорија, изјави министерот за јавна администрација.

Одговарајќи на новинарски прашања, Минчев кажа дека осудува какви било протести и дека во рамки на владината коалиција ќе има отворена дебата. Како Влада додаде, се залагаат за сеопфатна реформа на администрација која треба да се базира на професионалност, стручност, квалитет и знаења.

Законот не е во подготовка, Министерството за јавна администрација е носител на овие две законски решенија јас се надевам дека во рамките на владината коалиција ќе имаме отворена дебата за она што следува, каков било повик на протести или пак на дестабилизација на државата за укинување или пак за времена мерка на „балансерот“ ги осудувам затоа што сметаме дека сите заедно дека приоритет и во општеството и во државата и сметам дека е дојдено времето и ние како Влада сме подготвени за таков исчекор е да направиме една сеопфатна реформа во јавната администрација, но таа ќе мора да се базира на знаења, квалитет, стручност односно на професионалниот, само така можеме како држава да одиме напред. Јас досега повеќе пати кажав дека јавната администрација ја сметам за столб на една држава практично за постоење на една држава и на една нација - кажа Минчев.

The post Минчев: Законското решение за „балансерот“ не е во подготовка, се чека конечна одлука на Уставниот суд appeared first on Република.

]]>

Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд за „балансерот“, законското решение ќе почека додека нема конечна одлука, изјави денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која се одржа во Куманово. Тој потенцираше дека лично ја поздравува одлуката на Уставниот суд и повтори дека „балансерот“ со години се злоупотребувал.
Вчера Уставниот суд донесе времена мерка со којашто се стопираат одредени одредби или членови токму од овие закони општо се предмет на дебата тоа се законите за вработените во јавниот сектор и законот за административните службеници. Во принцип Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд, затоа што таа е извршна и се спроведува. Ако ме прашате за мој личен став јас досега кажав дека „балансерот“ како една од тие одредби коишто со времената мерка се стопираат мислам дека „балансерот“ како дигитална алатка во минатото навистина беше предмет на злоупотреби и ако разгледуваме во тој контекст одлуката на Уставниот суд ја поздравувам - изјави Минчев.
Во однос на законските решенија, министерот Минчев рече дека во моментот не може да каже дали ќе има ново и какво ќе биде законското решение, ќе се чека на конечната одлука на Уставниот суд. Што се однесува до законските решенија јас во овој момент не би можел да кажам дали ќе има ново или пак каква ќе биде содржината на тоа законско решение секако би ја причекал и секако Министерството за јавна администрација конечната одлука на Уставниот суд во зависност од тоа каква ќе биде ние би пристапиле кон евентуално ново законско решение коешто патем мора да кажам дека е уставна категорија, изјави министерот за јавна администрација. Одговарајќи на новинарски прашања, Минчев кажа дека осудува какви било протести и дека во рамки на владината коалиција ќе има отворена дебата. Како Влада додаде, се залагаат за сеопфатна реформа на администрација која треба да се базира на професионалност, стручност, квалитет и знаења.
Законот не е во подготовка, Министерството за јавна администрација е носител на овие две законски решенија јас се надевам дека во рамките на владината коалиција ќе имаме отворена дебата за она што следува, каков било повик на протести или пак на дестабилизација на државата за укинување или пак за времена мерка на „балансерот“ ги осудувам затоа што сметаме дека сите заедно дека приоритет и во општеството и во државата и сметам дека е дојдено времето и ние како Влада сме подготвени за таков исчекор е да направиме една сеопфатна реформа во јавната администрација, но таа ќе мора да се базира на знаења, квалитет, стручност односно на професионалниот, само така можеме како држава да одиме напред. Јас досега повеќе пати кажав дека јавната администрација ја сметам за столб на една држава практично за постоење на една држава и на една нација - кажа Минчев.

The post Минчев: Законското решение за „балансерот“ не е во подготовка, се чека конечна одлука на Уставниот суд appeared first on Република.

]]>
Средба на министерот за јавна администрација Горан Минчев со австрискиот амбасадор Мартин Паммер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-ministerot-za-javna-administratsija-goran-minchev-so-avstriskiot-ambasador-martin-pammer/ Wed, 18 Sep 2024 15:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=817531

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер, информираше Министерството за јавна администрација.

Средбата се фокусираше на тековните реформи во јавната администрација, при што министерот Минчев ги истакна напорите на Владата на Република Македонија за модернизација на административните услуги, зајакнување на транспарентноста и зголемување на ефикасноста во јавните институции. Овие реформи имаат за цел да ја усогласат јавната администрација со потребите на граѓаните и бизнисите, обезбедувајќи подинамичен и поодговорен систем.

Амбасадорот Памер го изрази интересот на Австрија за споделување на најдобрите практики од сопствените административни реформи, кои ја позиционираа Австрија како лидер во дигиталното и иновативното владеење. Дополнително, Амбасадорот ја истакна важноста на меѓународната соработка за постигнување ефективна и одржлива трансформација на јавниот сектор.

Министерот Минчев истакна дека соработката со австриската амбасада е од суштинско значење за поттикнување на административната модернизација, подобрување на административните перформанси и зајакнување на капацитетите а со цел јавните институции да ги исполнуваат потребите на граѓаните кои динамично се развиваат.

Средбата заврши со взаемна посветеност за понатамошен дијалог и истражување на заеднички иницијативи насочени кон промовирање на добро владеење и административна извонредност.

The post Средба на министерот за јавна администрација Горан Минчев со австрискиот амбасадор Мартин Паммер appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер, информираше Министерството за јавна администрација. Средбата се фокусираше на тековните реформи во јавната администрација, при што министерот Минчев ги истакна напорите на Владата на Република Македонија за модернизација на административните услуги, зајакнување на транспарентноста и зголемување на ефикасноста во јавните институции. Овие реформи имаат за цел да ја усогласат јавната администрација со потребите на граѓаните и бизнисите, обезбедувајќи подинамичен и поодговорен систем. Амбасадорот Памер го изрази интересот на Австрија за споделување на најдобрите практики од сопствените административни реформи, кои ја позиционираа Австрија како лидер во дигиталното и иновативното владеење. Дополнително, Амбасадорот ја истакна важноста на меѓународната соработка за постигнување ефективна и одржлива трансформација на јавниот сектор. Министерот Минчев истакна дека соработката со австриската амбасада е од суштинско значење за поттикнување на административната модернизација, подобрување на административните перформанси и зајакнување на капацитетите а со цел јавните институции да ги исполнуваат потребите на граѓаните кои динамично се развиваат. Средбата заврши со взаемна посветеност за понатамошен дијалог и истражување на заеднички иницијативи насочени кон промовирање на добро владеење и административна извонредност.

The post Средба на министерот за јавна администрација Горан Минчев со австрискиот амбасадор Мартин Паммер appeared first on Република.

]]>
Минчев: Добредојден е секој предлог за намалување на корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-dobredojden-e-sekoj-predlog-za-namaluvane-na-koruptsijata/ Fri, 30 Aug 2024 13:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=811601

Искоренувањето на корупцијата како актуелен и акутен проблем е еден од најзначајните приоритети на Владата и затоа е добредојден секој предлог кој се однесува на можноста да се намали корупцијата, вклучително и предлогот на премиерот за воведување линија за пријавување на корупција, оцени денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев.

-Сепак корупцијата е проблем кој е многу опсежен, во кој треба да се вклучат голем број на органи, пред се, мислам на Министерството за внатрешни работи, Комисијата за спречување на корупција, рече Минчев во одговор на прашање - кога ќе профункционира најавената линија во Владата за пријавување на корупција, даден на паузата на денешната Јавна дискусија за предлог законите за административни службеници во ЗЕЛС.

Нагласи дека се она што се случува како приоритет на Владата и активностите на Министерството за внатрешни работи ќе придонесат за значително намалување на корупцијата.

-Тоа е процес кој трае, ништо не може да се случи преку ноќ, но фокусираноста на Владата и на премиерот кон овој проблем е една од алатките кои ќе се случуваат во иднина, посочи Минчев.

The post Минчев: Добредојден е секој предлог за намалување на корупцијата appeared first on Република.

]]>

Искоренувањето на корупцијата како актуелен и акутен проблем е еден од најзначајните приоритети на Владата и затоа е добредојден секој предлог кој се однесува на можноста да се намали корупцијата, вклучително и предлогот на премиерот за воведување линија за пријавување на корупција, оцени денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев. -Сепак корупцијата е проблем кој е многу опсежен, во кој треба да се вклучат голем број на органи, пред се, мислам на Министерството за внатрешни работи, Комисијата за спречување на корупција, рече Минчев во одговор на прашање - кога ќе профункционира најавената линија во Владата за пријавување на корупција, даден на паузата на денешната Јавна дискусија за предлог законите за административни службеници во ЗЕЛС. Нагласи дека се она што се случува како приоритет на Владата и активностите на Министерството за внатрешни работи ќе придонесат за значително намалување на корупцијата. -Тоа е процес кој трае, ништо не може да се случи преку ноќ, но фокусираноста на Владата и на премиерот кон овој проблем е една од алатките кои ќе се случуваат во иднина, посочи Минчев.

The post Минчев: Добредојден е секој предлог за намалување на корупцијата appeared first on Република.

]]>
Минчев повлече закони на претходната Влада од собраниска процедура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-povleche-zakoni-na-prethodnata-vlada-od-sobraniska-protsedura/ Tue, 30 Jul 2024 10:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=801625

Министерот за јавна администрација Горан Минчев информира дека министерството согласно законските надлежности, ги повлече Законите од Собраниска процедура поднесени од претходната Влада, и тоа: предлог Законот за административни службеници, предлог Законот за вработени во јавниот сектор и предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Оваа обврска, како што е образложено, е согласно донесениот Закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со која впрочем и се формира оваа министерство.

„Но, сакам да потенцирам дека освен техничкото усогласување со ЗОРОДУ, повторно отвараме широка дебата за овие закони, со цел сите заинтересирани и засегнати страни, граѓански организации, институции, синдикати, меѓународни организации, преставници на СИГМА и Европската комисија, експертската јавност и опозицијата во државата да дадат свој придонес и свое мислење.

Новата законска рамка треба да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и да обезбеди вработување и унапредувања засновани на заслуги.

Изминатиот период остварив повеќе средби со преставници на граѓански и невладини организации, синдикати како и меѓународни организации, кои исто така ја нагласија потребата од доработка на законите.

За таа цел, почнувајќи од утре, Министерството за јавна администрација организира процес на консултации преку организирање на кампања под мотото: „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација.

„Оваа кампања е доказ за колективната посветеност на Владата на Република Македонија за зајакнување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација во нашата земја. Јавната администрација е столбот на секоја нација. Обезбедува услуги кои им се даваат на граѓаните кои не само што треба да се ефикасни, туку и транспарентни и достапни“.

Првата јавна дискусија ќе биде организирана утре, 31 јули 2024 година, нагласи Минчев.

The post Минчев повлече закони на претходната Влада од собраниска процедура appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација Горан Минчев информира дека министерството согласно законските надлежности, ги повлече Законите од Собраниска процедура поднесени од претходната Влада, и тоа: предлог Законот за административни службеници, предлог Законот за вработени во јавниот сектор и предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници. Оваа обврска, како што е образложено, е согласно донесениот Закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со која впрочем и се формира оваа министерство.
„Но, сакам да потенцирам дека освен техничкото усогласување со ЗОРОДУ, повторно отвараме широка дебата за овие закони, со цел сите заинтересирани и засегнати страни, граѓански организации, институции, синдикати, меѓународни организации, преставници на СИГМА и Европската комисија, експертската јавност и опозицијата во државата да дадат свој придонес и свое мислење.
Новата законска рамка треба да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и да обезбеди вработување и унапредувања засновани на заслуги. Изминатиот период остварив повеќе средби со преставници на граѓански и невладини организации, синдикати како и меѓународни организации, кои исто така ја нагласија потребата од доработка на законите. За таа цел, почнувајќи од утре, Министерството за јавна администрација организира процес на консултации преку организирање на кампања под мотото: „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација.
„Оваа кампања е доказ за колективната посветеност на Владата на Република Македонија за зајакнување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација во нашата земја. Јавната администрација е столбот на секоја нација. Обезбедува услуги кои им се даваат на граѓаните кои не само што треба да се ефикасни, туку и транспарентни и достапни“.
Првата јавна дискусија ќе биде организирана утре, 31 јули 2024 година, нагласи Минчев.

The post Минчев повлече закони на претходната Влада од собраниска процедура appeared first on Република.

]]>
Минчев го укинува контроверзниот балансер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-go-ukinuva-kontroverzniot-balanser/ Fri, 26 Jul 2024 17:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=800588

Утрово министерот за јавна администрација Горан Минчев соопшти дека изменети се процентите на балансерот, алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Ваквата одлука следува по промената во август 2022 година кога тогашниот министер Адмирим Алити направил нова пресметка со која се сметало и нерезидентното население. Така, броејќи ја и дијаспората од пописот во 2021 година се зголемил процентот за вработување Албанци на 29,54%.

Алатката наречена „балансер“ беше критикувана за нејзината злоупотреба, бидејќи поединци манипулираа со својата етничка припадност за да добијат предности за вработување. Минчев соопшти дека во досегашните пресметки проблемот бил што се земал предвид и бројот на нерезидентно население, а така во предност биле Албанците кои се сметале со дури на 29,54%.

Во следниот период следува корекција на процентите каде ќе се зголеми бројката на Македонци, а ќе се намалат вработените Албанци.

Поточно низ бројки корекцијата би изгледала вака: Македонци од 54,21% на 58,44%, Албанци од 29,52% на 24,30%, Турци од 3,98% на 3,86%, Роми од 2,34% на 2,53%, Срби од 1,18% на 1,30%, Бошњаци од 0,87% на 0,87% и Власи од 0,44% на 0,47%.

„Дигиталната алатка „балансер“ ќе биде укината, а бројките за вработување сега ќе го одразуваат резидентното население врз основа на податоците од пописот од 2021 година. Оваа промена не може да се преговара“, потврди министерот Минчев.

Проактивните мерки на министерот Минчев за повлекување на контроверзните закони и реформирање на административните практики ја нагласуваат неговата посветеност за поттикнување на транспарентноста и ефикасноста во јавниот сектор. Претстојните дебати со синдикатите се очекува да обликуваат инклузивни законодавни реформи корисни за сите вклучени засегнати страни.

The post Минчев го укинува контроверзниот балансер appeared first on Република.

]]>

Утрово министерот за јавна администрација Горан Минчев соопшти дека изменети се процентите на балансерот, алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Ваквата одлука следува по промената во август 2022 година кога тогашниот министер Адмирим Алити направил нова пресметка со која се сметало и нерезидентното население. Така, броејќи ја и дијаспората од пописот во 2021 година се зголемил процентот за вработување Албанци на 29,54%. Алатката наречена „балансер“ беше критикувана за нејзината злоупотреба, бидејќи поединци манипулираа со својата етничка припадност за да добијат предности за вработување. Минчев соопшти дека во досегашните пресметки проблемот бил што се земал предвид и бројот на нерезидентно население, а така во предност биле Албанците кои се сметале со дури на 29,54%. Во следниот период следува корекција на процентите каде ќе се зголеми бројката на Македонци, а ќе се намалат вработените Албанци. Поточно низ бројки корекцијата би изгледала вака: Македонци од 54,21% на 58,44%, Албанци од 29,52% на 24,30%, Турци од 3,98% на 3,86%, Роми од 2,34% на 2,53%, Срби од 1,18% на 1,30%, Бошњаци од 0,87% на 0,87% и Власи од 0,44% на 0,47%.
„Дигиталната алатка „балансер“ ќе биде укината, а бројките за вработување сега ќе го одразуваат резидентното население врз основа на податоците од пописот од 2021 година. Оваа промена не може да се преговара“, потврди министерот Минчев.
Проактивните мерки на министерот Минчев за повлекување на контроверзните закони и реформирање на административните практики ја нагласуваат неговата посветеност за поттикнување на транспарентноста и ефикасноста во јавниот сектор. Претстојните дебати со синдикатите се очекува да обликуваат инклузивни законодавни реформи корисни за сите вклучени засегнати страни.

The post Минчев го укинува контроверзниот балансер appeared first on Република.

]]>
Речиси пола биле од етничките заедници: Балансерот злоупотребен и во Министерството за јавна администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rechisi-pola-bile-od-etnichkite-zaednitsi-balanserot-zloupotreben-i-vo-ministerstvoto-za-javna-administratsija/ Fri, 26 Jul 2024 11:31:12 +0000 https://republika.mk/?p=800489

Процентуалната застапеност во новоформираното министерство за јавна администрација, во моментов, од стопроцентната вработеност, од 43 до 45 отсто се вработени од етничките заедници што значи, балансерот е злоупотребен, рече министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Тоа е предмет на ревизија. Досегашните информации и анализи укажуваат дека од стопроцентната вработеност, некаде 18 до 19 отсто ја имаат злоупотребено можноста за искажување на припадност на етничката заедница, односно злоупотреба на балансерот. Тие се во редовен работен однос, секако дека ќе останат на работа, меѓутоа нужно е да укажеме дека во минатото, балансерот бил злоупотребуван и токму оваа постапка којашто ја правиме за враќање на годишните планови за вработување и укажувањата кои ги даваме до институциите во јавниот секор коишто доставиле вакви планови, е спречување на повторно таква злоупотреба на балансерот – додаде Минчев денеска на прес-конференција.

Тој најави, дека врз основа на Пописот, направена е измена на процентуалната застапеност на етничките заедници во балансерот, и тоа од бројот на резидентното население.

Во следниот период, ќе се донесат измени на предложените закони за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор, на кои ќе им претходи широка јавна дебата во која ќе се вклучат сите засегнати страни.

Измената на процентите во балансер алатката предвидува усогласување и тоа на Македонци од 54,21 отсто, на 58,44 проценти, Албанци од 29,52 проценти на 24, 30 проценти, Турци од 3,98 проценти, на 3,86 проценти, Роми од 2,34 проценти, на 2,53 проценти, Срби од 1,18 проценти, на 1,30 проценти, Власи од 0,44 проценти на 0,47 проценти и Бошњаци од 0,87 на 0,87 проценти.

The post Речиси пола биле од етничките заедници: Балансерот злоупотребен и во Министерството за јавна администрација appeared first on Република.

]]>

Процентуалната застапеност во новоформираното министерство за јавна администрација, во моментов, од стопроцентната вработеност, од 43 до 45 отсто се вработени од етничките заедници што значи, балансерот е злоупотребен, рече министерот за јавна администрација Горан Минчев.
Тоа е предмет на ревизија. Досегашните информации и анализи укажуваат дека од стопроцентната вработеност, некаде 18 до 19 отсто ја имаат злоупотребено можноста за искажување на припадност на етничката заедница, односно злоупотреба на балансерот. Тие се во редовен работен однос, секако дека ќе останат на работа, меѓутоа нужно е да укажеме дека во минатото, балансерот бил злоупотребуван и токму оваа постапка којашто ја правиме за враќање на годишните планови за вработување и укажувањата кои ги даваме до институциите во јавниот секор коишто доставиле вакви планови, е спречување на повторно таква злоупотреба на балансерот – додаде Минчев денеска на прес-конференција.
Тој најави, дека врз основа на Пописот, направена е измена на процентуалната застапеност на етничките заедници во балансерот, и тоа од бројот на резидентното население. Во следниот период, ќе се донесат измени на предложените закони за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор, на кои ќе им претходи широка јавна дебата во која ќе се вклучат сите засегнати страни. Измената на процентите во балансер алатката предвидува усогласување и тоа на Македонци од 54,21 отсто, на 58,44 проценти, Албанци од 29,52 проценти на 24, 30 проценти, Турци од 3,98 проценти, на 3,86 проценти, Роми од 2,34 проценти, на 2,53 проценти, Срби од 1,18 проценти, на 1,30 проценти, Власи од 0,44 проценти на 0,47 проценти и Бошњаци од 0,87 на 0,87 проценти.

The post Речиси пола биле од етничките заедници: Балансерот злоупотребен и во Министерството за јавна администрација appeared first on Република.

]]>
Минчев: Балансерот ќе биде укинат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/43-od-vrabotenite-vo-mja-se-od-etnichkite-zaednitsi/ Fri, 12 Jul 2024 21:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=796189

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска, на прес-конференција, соопшти дека балансерот ќе биде укинат. Оваа дигитална алатка, како што рече, во минатото била предмет на злоупотреби.

Според Минчев, во Министерството за јавна администрација (МЈА) од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етничките заедници и ова е предмет на ревизија.

Според министерот, прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган да биде дел од МЈА или од Владата.

Балансерот во минатото беше предмет на злоупотреби. Имавме случаи каде етнички Македонци се пишуваа Албанци и каде етнички Албанци се пишуваа Македонци. Имавме и случаи каде припадници на други етнички заедници се пишуваа Македонци. Јас тоа можам да го конкретизирам и со актуелниот случај, согласно новата систематизација и бројот на вработени во новото МЈА каде од вкупниот број вработени кои припаѓаат на јавната администрација, 43 отсто се од етничките заедници. Балансерот како дигитална алатка ќе биде укинат. Бројките ќе се однесуваат на резидентното население согласно последниот попис во 2021 година и така ќе се применува и тоа е веќе завршена работа. Што се однесува до новото законско решение кое можеби ги засега токму овие закони што ги повлекуваме, а тоа е Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор ќе отвориме дебата и врз база на таа дебата ќе предвидиме законски решенија. Но, во овој момент решението е такво, објасни Минчев, одговорајќи на новинарски прашања.

The post Минчев: Балансерот ќе биде укинат appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска, на прес-конференција, соопшти дека балансерот ќе биде укинат. Оваа дигитална алатка, како што рече, во минатото била предмет на злоупотреби. Според Минчев, во Министерството за јавна администрација (МЈА) од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етничките заедници и ова е предмет на ревизија. Според министерот, прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган да биде дел од МЈА или од Владата.
Балансерот во минатото беше предмет на злоупотреби. Имавме случаи каде етнички Македонци се пишуваа Албанци и каде етнички Албанци се пишуваа Македонци. Имавме и случаи каде припадници на други етнички заедници се пишуваа Македонци. Јас тоа можам да го конкретизирам и со актуелниот случај, согласно новата систематизација и бројот на вработени во новото МЈА каде од вкупниот број вработени кои припаѓаат на јавната администрација, 43 отсто се од етничките заедници. Балансерот како дигитална алатка ќе биде укинат. Бројките ќе се однесуваат на резидентното население согласно последниот попис во 2021 година и така ќе се применува и тоа е веќе завршена работа. Што се однесува до новото законско решение кое можеби ги засега токму овие закони што ги повлекуваме, а тоа е Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор ќе отвориме дебата и врз база на таа дебата ќе предвидиме законски решенија. Но, во овој момент решението е такво, објасни Минчев, одговорајќи на новинарски прашања.

The post Минчев: Балансерот ќе биде укинат appeared first on Република.

]]>
Минчев: Буџетот е во катастрофална состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minchev-budhetot-e-vo-katastrofalna-sostojba/ Fri, 12 Jul 2024 13:17:36 +0000 https://republika.mk/?p=796213

Министерот за јавна администрација Горан Минчев веќе имал неколку средби со синдикатите според кои, актуелното покачување на платите од 15 проценти не е доволно. Ова прашање го отворил и во Владата, но со оглед дека состојбата на Буџетот, како што рече, е катастрофална, ќе се бара компромисно решение.

Според Минчев, сега не може со сигурност да се каже каков ќе биде исходот од преговорите.

– Мора да се водиме од повеќе ситуации за ова клучно прашање. Јас имав неколку средби со синдикатите и како што напоменавте, тоа е клучно прашање што нив ги интересира, дека практично актуелното покачување од 15 проценти на платите не е доволно за нив и де факто тоа е еден од клучните проблеми. Исто така, имав неколку разговори и тоа го отворив и на Влада. Состојбата во Буџетот во овој момент е катастрофална. Затоа, отвораме една дебата во која што би сакале да дојдеме до едно компромисно решение. Во овој момент немаме пресек во каква состојба и каква кондиција е Буџетот за да разговараме за тие клучни прашања, односно конкретно за процентот на висината на зголемувањето на платите така што, разговаравме за повеќе решенија, но во овој момент тоа ќе го оставиме за дебатата што ја планираме. Всушност тоа е една од повеќето причини поради кои ги повлекуваме трите законски решенија за администрацијата. Но, не би можел со сигурност да ви кажам сега каков ќе биде исходот на тие преговори, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања.

Минчев е уверен дека ребаланс ќе има до крајот на овој или најдоцна до почетокот на идниот месец.

– Нашиот Предлог-ребаланс го дадовме во Министерството за финансии врз претходниот буџет на старото министерство, МИОА, што значи де факто процентуално средствата што се наменети во секторите на старото МИОА ги допрецизиравме во нашиот предлог-ребаланс и тие се некаде повеќе од милион евра. Тоа значи, да се заврши годината за да може Министерството за јавна администрација да функционира во полн капацитет за сите работи или за дел од нив што се предвидени во МЈА. Што се однесува за Предлог-буџетот за 2025 година секако дека во рамки на Министерството ќе имаме пообемна, поширока, поаналитична дебата во која ќе ги предвидиме срествата, а мислам дека таа дебата ќе почне некаде во септември со цел до 31 декември да биде усвоен буџетот за 2025 година. Инаку, коментарот околу состојбата во државниот Буџет не се темели на ова Министерство, туку на дебата што ја имаме во Владата и состојбите во повеќето министерства и долговите со кои е засегната Владата, актуелниот буџетски дефицит, објасни министерот.

Сојузот на синдикатите на Македонија бара покачување на минималната плата од сегашните 367 на 450 евра во првите 100 дена на новата Влада.

The post Минчев: Буџетот е во катастрофална состојба appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација Горан Минчев веќе имал неколку средби со синдикатите според кои, актуелното покачување на платите од 15 проценти не е доволно. Ова прашање го отворил и во Владата, но со оглед дека состојбата на Буџетот, како што рече, е катастрофална, ќе се бара компромисно решение. Според Минчев, сега не може со сигурност да се каже каков ќе биде исходот од преговорите.
– Мора да се водиме од повеќе ситуации за ова клучно прашање. Јас имав неколку средби со синдикатите и како што напоменавте, тоа е клучно прашање што нив ги интересира, дека практично актуелното покачување од 15 проценти на платите не е доволно за нив и де факто тоа е еден од клучните проблеми. Исто така, имав неколку разговори и тоа го отворив и на Влада. Состојбата во Буџетот во овој момент е катастрофална. Затоа, отвораме една дебата во која што би сакале да дојдеме до едно компромисно решение. Во овој момент немаме пресек во каква состојба и каква кондиција е Буџетот за да разговараме за тие клучни прашања, односно конкретно за процентот на висината на зголемувањето на платите така што, разговаравме за повеќе решенија, но во овој момент тоа ќе го оставиме за дебатата што ја планираме. Всушност тоа е една од повеќето причини поради кои ги повлекуваме трите законски решенија за администрацијата. Но, не би можел со сигурност да ви кажам сега каков ќе биде исходот на тие преговори, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања.
Минчев е уверен дека ребаланс ќе има до крајот на овој или најдоцна до почетокот на идниот месец.
– Нашиот Предлог-ребаланс го дадовме во Министерството за финансии врз претходниот буџет на старото министерство, МИОА, што значи де факто процентуално средствата што се наменети во секторите на старото МИОА ги допрецизиравме во нашиот предлог-ребаланс и тие се некаде повеќе од милион евра. Тоа значи, да се заврши годината за да може Министерството за јавна администрација да функционира во полн капацитет за сите работи или за дел од нив што се предвидени во МЈА. Што се однесува за Предлог-буџетот за 2025 година секако дека во рамки на Министерството ќе имаме пообемна, поширока, поаналитична дебата во која ќе ги предвидиме срествата, а мислам дека таа дебата ќе почне некаде во септември со цел до 31 декември да биде усвоен буџетот за 2025 година. Инаку, коментарот околу состојбата во државниот Буџет не се темели на ова Министерство, туку на дебата што ја имаме во Владата и состојбите во повеќето министерства и долговите со кои е засегната Владата, актуелниот буџетски дефицит, објасни министерот.
Сојузот на синдикатите на Македонија бара покачување на минималната плата од сегашните 367 на 450 евра во првите 100 дена на новата Влада.

The post Минчев: Буџетот е во катастрофална состојба appeared first on Република.

]]>
Почна повлекувањето на законите за администрација од собраниска процедура, ќе се доработуваат низ широка јавна дебата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-povlekuvaneto-na-zakonite-za-administratsija-od-sobraniska-protsedura-ke-se-dorabotuvaat-niz-shiroka-javna-debata/ Fri, 12 Jul 2024 12:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=796169

Министерството за јавна администрација (МЈА) ја почна постапката за повлекување на предлог-законите за административни службеници, за вработени во јавниот сектор и за стручно усовршување и обука на административните службеници. Целта е, како што соопшти денеска ресорниот министер Горан Минчев, да се изготват поквалитетни решенија кои ќе бидат практично применливи и кои ќе овозможат бенефит за сите засегнати страни.

Минчев на брифинг со новинарите, најави широка јавна дебата за законите и изрази надеж дека тие ќе бидат донесени и ќе стапат во сила од јануари 2025 година, како што првично беше предвидено. Во рамки на дебатата, напомена, ќе се разговара и за реакцијата на синдикалците според кои, актуелното покачување од 15 проценти на платите не е доволно и е еден од клучните проблеми.

Со новите законски решенија, потенцира, прв пат ќе се формира и агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган ќе биде дел од МЈА или од Владата.

Сите добри решенија кои се веќе дел од законите, ќе останат, но сметам дека е потребно уште еднаш, низ транспарентен и консултативен процес, да донесеме одржливи закони кои нема да бидат „шминка и декор“, туку ќе бидат системски и прилагодени да одговорат на новите предизвици во насока на креирање професионална, департизирана и мотивирана јавна администрација, согласно принципите на СИГМА, истакна министерот.

На прес-конференцијата по брифингот, тој потенцира дека формирањето на Министерството за јавна администрација е клучен чекор кон поефикасна и потранспарентна влада.

Неговото создавање е стратешки одговор на тековните предизвици во бирократската неефикасност и недостатокот на транспарентност. Со централизирањето на административните реформи коишто ќе бидат под капата на посветено министерство, а тоа е МЈА Владата има за цел да создаде поодговорен, ефикасен и транспарентен јавен сектор. Во наредниот период ќе се посветиме на реализација на реформските надлежности на Министерството, односно подобрување на ефикасноста преку предлагање на иницијативи од страна на ова Министерство за да го намалат времето на административна обработка преку рационализација на процедурите и намалување на бирократијата - рече Минчев.

Новиот Предлог-закон за вработените во јавниот сектор ќе отвори повеќе теми: подобрување, ефикасност и ефективност со управувањето на човечките ресурси, дорегулирње на постапката за вработување, ревизија на опфатот на законот, поедноставување на постапката за донесување на актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работните места, како и воведување унапреден концепт за донесување на годишниот план за вработување и дорегулирање на постапките за мобилност.

Со новиот Предлог-закон за административните службеници ќе предложиме и ќе отвориме повеќе теми во делот на вработување, управување со учинокот што се темелени врз компетенции, поедноставување и доуредување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност, нов систем за пресметка на плати, дополнително мотивирање на вработените и исто така унапредување на работата и стручните капацитети на администрацијата - објасни министерот.

Истакна и дека Предлог-законот за стручно усовршување и обука на административните службеници е нов закон.

Со овој закон прв пат во историјата на нашата администрација системски се предлага уредување и институционално се опфаќа стручно усовршување и обука и тоа се уредува како системски организиран процес. Во неформалното образование прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука и таа ќе биде за административните службеници и која во развиените земји и членките на ЕУ одамна се смета за капитална инвестиција во човечките ресурси. Идејата е да имаме агенција, но останува да размислиме дали не би било подобро ваквата агенција да биде орган во состав на МЈА, а не под Владата. Верувам дека новите закони ќе треба да ги решаваат прашањата со поставување јасни стандарди и очекувањата за вработените во јавниот сектор, обезбедувајќи повисоко ниво на услуги и транспарентност и секако, донесувањето на законската регулатива треба да биде низ транспарентен процес, а ќе биде еден значаен чекор кон поефикасна, поодговорна и трансперентна јавна администрација - подвлече Минчев.

Министерот рече и дека нема да има отпуштања од работа.

The post Почна повлекувањето на законите за администрација од собраниска процедура, ќе се доработуваат низ широка јавна дебата appeared first on Република.

]]>

Министерството за јавна администрација (МЈА) ја почна постапката за повлекување на предлог-законите за административни службеници, за вработени во јавниот сектор и за стручно усовршување и обука на административните службеници. Целта е, како што соопшти денеска ресорниот министер Горан Минчев, да се изготват поквалитетни решенија кои ќе бидат практично применливи и кои ќе овозможат бенефит за сите засегнати страни. Минчев на брифинг со новинарите, најави широка јавна дебата за законите и изрази надеж дека тие ќе бидат донесени и ќе стапат во сила од јануари 2025 година, како што првично беше предвидено. Во рамки на дебатата, напомена, ќе се разговара и за реакцијата на синдикалците според кои, актуелното покачување од 15 проценти на платите не е доволно и е еден од клучните проблеми. Со новите законски решенија, потенцира, прв пат ќе се формира и агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган ќе биде дел од МЈА или од Владата. Сите добри решенија кои се веќе дел од законите, ќе останат, но сметам дека е потребно уште еднаш, низ транспарентен и консултативен процес, да донесеме одржливи закони кои нема да бидат „шминка и декор“, туку ќе бидат системски и прилагодени да одговорат на новите предизвици во насока на креирање професионална, департизирана и мотивирана јавна администрација, согласно принципите на СИГМА, истакна министерот. На прес-конференцијата по брифингот, тој потенцира дека формирањето на Министерството за јавна администрација е клучен чекор кон поефикасна и потранспарентна влада.
Неговото создавање е стратешки одговор на тековните предизвици во бирократската неефикасност и недостатокот на транспарентност. Со централизирањето на административните реформи коишто ќе бидат под капата на посветено министерство, а тоа е МЈА Владата има за цел да создаде поодговорен, ефикасен и транспарентен јавен сектор. Во наредниот период ќе се посветиме на реализација на реформските надлежности на Министерството, односно подобрување на ефикасноста преку предлагање на иницијативи од страна на ова Министерство за да го намалат времето на административна обработка преку рационализација на процедурите и намалување на бирократијата - рече Минчев.
Новиот Предлог-закон за вработените во јавниот сектор ќе отвори повеќе теми: подобрување, ефикасност и ефективност со управувањето на човечките ресурси, дорегулирње на постапката за вработување, ревизија на опфатот на законот, поедноставување на постапката за донесување на актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работните места, како и воведување унапреден концепт за донесување на годишниот план за вработување и дорегулирање на постапките за мобилност.
Со новиот Предлог-закон за административните службеници ќе предложиме и ќе отвориме повеќе теми во делот на вработување, управување со учинокот што се темелени врз компетенции, поедноставување и доуредување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност, нов систем за пресметка на плати, дополнително мотивирање на вработените и исто така унапредување на работата и стручните капацитети на администрацијата - објасни министерот.
Истакна и дека Предлог-законот за стручно усовршување и обука на административните службеници е нов закон.
Со овој закон прв пат во историјата на нашата администрација системски се предлага уредување и институционално се опфаќа стручно усовршување и обука и тоа се уредува како системски организиран процес. Во неформалното образование прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука и таа ќе биде за административните службеници и која во развиените земји и членките на ЕУ одамна се смета за капитална инвестиција во човечките ресурси. Идејата е да имаме агенција, но останува да размислиме дали не би било подобро ваквата агенција да биде орган во состав на МЈА, а не под Владата. Верувам дека новите закони ќе треба да ги решаваат прашањата со поставување јасни стандарди и очекувањата за вработените во јавниот сектор, обезбедувајќи повисоко ниво на услуги и транспарентност и секако, донесувањето на законската регулатива треба да биде низ транспарентен процес, а ќе биде еден значаен чекор кон поефикасна, поодговорна и трансперентна јавна администрација - подвлече Минчев.
Министерот рече и дека нема да има отпуштања од работа.

The post Почна повлекувањето на законите за администрација од собраниска процедура, ќе се доработуваат низ широка јавна дебата appeared first on Република.

]]>
Ексгенералниот секретар на СДСМ: Претседателот и премиерот да кажат одлучно НЕ за овој предлог, да го заштитат својот народ и македонската држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eksgeneralniot-sekretar-na-sdsm-pretsedatelot-i-premierot-da-kazat-odluchno-ne-za-ovoj-predlog-da-go-zashtitat-svojot-narod-i-makedonskata-drzava/ Sun, 03 Jul 2022 21:07:13 +0000 https://republika.mk/?p=523347

Ги повикувам претседателот на државата г-дин Пендаровски, премиерот на државата г-дин Ковачевски да кажат одлучно НЕ за овој предлог, да го заштитат својот народ и македонската држава. Впрочем за тоа и се платени - вели во својата колумна поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, а воедно и поранешен генерален секретар на партијата, Горан Минчев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија.

Тој вели:

Не верувам дека постои чесен Македонец кој може да прифати вакво нешто.Ова е време невреме за Македонија. Не е време за калкулации и молк. Затоа после долго молчење, чувствувам потреба да го искажам својот став за ова историско и суштинско прашање за македонскиот народ.

Тезите дека ова е последната шанса на Македонија да се приклучи кон европското семејство и дека неприфаќањето на овој предлог ќе предизвикаат меѓуетнички тензии и ќе отворат безбедносни прашања се лага. Секогаш има нов предлог, а ние треба да се избориме преку дијалог со нашите европски партнери истиот да е поволен за Македонија. Дека ако не постои македонски јазик, идентитет и историја ја нема и Македонија.

Ви ја пренесуваме во целост неговата колумна:

-Август, 1903 година, Крушево, Илинденско востание и создавање на Крушевската република. Прва слободна македонска територија со воспоставена востаничка власт, под раководство на Никола Карев.

-Октомври, 1941 година, Прилеп и Куманово. Започнува Народното востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор, предводено од првите партизански одреди.

-Јануари, 1943 година, Скопје. По пет дневно ѕверско мачење од бугарската полиција биле убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур, а потоа биле фрлени низ прозор, за да се исценира самоубиство.

-Јуни, 1943 година Скопје, село Ваташа, Кавадаречко, од страна на бугарскиот фашистички окупатор брутално се убиени 12 младинци-скоевци, кои кришум им помагале на партизаните.

-Март, 1943 година, Скопје. Депортирани се над 7000 Евреи од Македонија во концентрациониот логор Треблинка во Полска, по предходно потпишан договор помеѓу Адолф Хитлер и Царството Бугарија

-Август, 1944 година, манастир Прохор Пчински, прво заседание на АСНОМ каде се поставени темелите на македонската држава.

Ова се дел од настаните од поновата македонска историја запишани во многу светски енциклопедии и изучувани на многу европски универзитети. Настани, кои го потврдуваат вековниот стремеж на македонскиот народ за формирање на своја самостојна и независна држава, длабоко врежани во битието и душата на секој Македонец.

-Јуни/Јули 2022 година, Скопје. Француски старо (нов) рафиниран, модифициран предлог.

Дали овој предлог ќе ги избрише сите предходно наведени историски настани?

Дали во учебниците на нашите поколенија ќе се изучува некоја нова рафинирана, модифицирана историја?

Дали Илинденското востание ќе стане Преображенско бугарско востание? Дали Гоце Делчев ќе стане бугарски јунак кој работел за бугарските, а не за македонските национални интереси? Дали македонското Народното востание во Прилеп и Куманово ќе стане терористички напад врз бугарската администрација? Дали убиствата на македонските народни херои Страшо, Мирче, Кузман ќе станат убиства на терористи? Како ќе се изучува погубувањето на 12-те млади –скоевци во Ваташа? Од кого е извршена депортација на македонските Евреи во злогласниот логор во Треблинка? Дали првото заседание на АСНОМ ќе исчезне од македонските учебници? Дали ќе биде зачуван Македонскиот јазик или ќе стане бугарски дијалект?

Ова се прашања и дилеми кои се предмет на дискусија во изминатиов период откако на маса е ставен францускиот предлог.

Јасно и гласно сакам да го искажам мојот став во врска со овој предлог. За мене предложениот француски предлог е крајно понижувачки и неприфатлив.

Прифаќањето на овој договор претставува самоукинување на македонската нација, поништување на македонската историја, откажување од македонскиот јазик, со еден збор велепредавство на македонската држава.

Ова не е договор за почеток на преговори за влез во ЕУ, ова е договор за долгогодишна стагнација и блокада на нашата стратешка цел да се приклучиме кон евроското семејство таму каде што ни е местото и каде што географски и цивилизациски припаѓаме. Се сметам за прозападно ориентиран човек, подржувач на социјалдемократска идеологија и европските вредности.

Во текот на мојата политичка кариера искрено, ревносно и силно се залагав за влез во ЕУ и за сите придобивки кои таа ги нуди. Но, не можам да прифатам како Македонец, таму да влезам без свој идентитет, без свој јазик, без право на своја историја и култура и без свое достоинство.

Потврда за овој мој став е и експресното прифаќање на овој предлог од двоецот Радев-Петков (кои имаа екстремно асимилаторски став кон македонската нација), изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Генчовска, дека овој предлог ги задоволува сите бугарски барања и изјавата на францускиот амбасадор во Софија (кој е официјално лице и ги изнесува француските ставови) кој потврди дека се работи за истиот предлог кој е малку рафиниран и изрази чудење зошто владата во Скопје го претставува како нов.

Накратко би сакал да го објаснам мојот став анализирајќи го понудениот предлог споредувајќи го со петте искажани ставови (црвени линии) на премиерот Ковачевски, кога истиот беше одбиен во Брисел.

Чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македнскиот идентитет
Овој услов не е исполнет. Во предлогот стои дека во поглед на преводите на актите на македонски јазик ЕУ ќе ги земе во предвид бугарските и македонските унилатерални декларации за македонскиот јазик“ . Тоа значи дека бугарската страна ќе достави своја изјава во која ќе наведе дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.Исто така македонската страна ќе достави своја декларација во која ќе наведе дека официјален јазик е македонскиот. Но, тоа остава можност во рамки на преговарачкиот процес со ЕУ, различно да се толкуваат декларациите доставени од двете страни, што значи дека немаме чиста формулација за македонскиот јазик. Во документот исто така нема ниеден доказ за заштита на македонскиот идентитет, напротив со другите членови од договорот во текот на преговарачкиот процес нуди можности за оспорување на македонскиот идентитет од страна на Р.Бугарија.

Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка
Уште една невистина која ни се нуди како вистина. Историјата станува дел од преговарачката рамка преку директно упатување на член 12 од договорот за пријателство и добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија повикувајќи се на содржината на се уште непотпишаниот втор протокол за кој министерот Бујар Османи тврди дека е координран со бугарската страна и чека налог од владата за да го потпише.

Во францускиот предлог зборот протокол е заменет со дефиницијата „годишен преглед и мерки за негово ефективно спроведување“(бугарската страна ќе има право постојано да инсистира на исполнување на нивните барања)

Во протоколот јасно се наведени одредбите и темите кои стануваат дел од преговарачката рамка. А тоа се: говорот на омраза, рехабилитација на жртвите од комунизмот, ревизија на учебниците, промената на написите на спомениците и оспорување на идентитетот на македонските историски личности ( Гоце делчев, цар Самоил и др.). Затоа потпишаниот договор за добрососедство во 2017 година во делот за заедничката историја е штетен (ние имаме сопствена автентична македонска историја). Ова остава можност во текот на преговарачкиот процес да се негира македонскиот идентитет и ако не се исполнат радикалните бугарски ставови за историјата. Македонија повторно да биде блокирана. Или народски кажано, треба да играме како ќе ни свират Бугарите.

Преговорите помеѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот.
Во овој дел е направена најголемата измама. За да се задоволат потребите на Македонија измислени се две меѓувладини конференции, што не било досегашна пракса за почеток на преговори со ЕУ на ниедна друга држава. Првата конференција ќе послужи за сликање на владата и отпочнување на скрининг, а суштинскиот почеток на преговори ( но, само откако Македонија ќе ги вметне Бугарите во уставот), е предвиден на втората конференција. Со тоа се задоволуваат бугарските барања, но Македонија повторно ќе се соочи со вето затоа што владата нема обезбедено двотретинско мнозинство за промена на Уставот.

Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија

Никаде во документот не може да се прочитаат цврсти гаранции од Бугарија и ЕУ дека нема да има понатамошни условувања, напротив однапред се обезбедени само гаранции за исполнување на буагрските барања.

Со прифаќање на францускиот предлог во ваква форма, бугарските услови стануваат целосно дел од процесот на пристапување и добиваат легитимитет во пакетот на документи на ЕУ. Ова за македонската страна е поразително.

Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Cеверна Македонија.

Не ми е сосема јасно што се подразбира под оваа точка. Ако премиерот мисли на институциите во државата каде владеачката коалиција раководи и има мнозинство (Влада, Собрание, Комисии) тогаш стануваат беспредметни консултациите со истите институции.

За вакво крупно историско прашање, кое може да ја смени историјата на Македонија, кое директно ќе влијае на постоењето на македонскиот јазик и идентитет, може да се консултираат единствено граѓаните преку институцијата Референдум. Но, се прашувам како македонсктиот премиер ќе ги убеди граѓаните дека се Бугари, дека зборуваат бугарски дијалект и дека немаат своја историја, идентитет и јазик.

Поради сето ова погоре наведено, никогаш ама баш никогаш не можам да се согласам и да прифатам ваков предлог. Не верувам дека постои чесен Македонец кој може да прифати вакво нешто.Ова е време невреме за Македонија. Не е време за калкулации и молк. Затоа после долго молчење, чувствувам потреба да го искажам својот став за ова историско и суштинско прашање за македонскиот народ.

Тезите дека ова е последната шанса на Македонија да се приклучи кон европското семејство и дека неприфаќањето на овој предлог ќе предизвикаат меѓуетнички тензии и ќе отворат безбедносни прашања се лага. Секогаш има нов предлог, а ние треба да се избориме преку дијалог со нашите европски партнери истиот да е поволен за Македонија. Дека ако не постои македонски јазик, идентитет и историја ја нема и Македонија.

Ги повикувам претседателот на државата г-дин Пендаровски, премиерот на државата г-дин Ковачевски да кажат одлучно НЕ за овој предлог, да го заштитат својот народ и македонската држава. Впрочем за тоа и се платени.

The post Ексгенералниот секретар на СДСМ: Претседателот и премиерот да кажат одлучно НЕ за овој предлог, да го заштитат својот народ и македонската држава appeared first on Република.

]]>

Ги повикувам претседателот на државата г-дин Пендаровски, премиерот на државата г-дин Ковачевски да кажат одлучно НЕ за овој предлог, да го заштитат својот народ и македонската држава. Впрочем за тоа и се платени - вели во својата колумна поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, а воедно и поранешен генерален секретар на партијата, Горан Минчев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија. Тој вели:
Не верувам дека постои чесен Македонец кој може да прифати вакво нешто.Ова е време невреме за Македонија. Не е време за калкулации и молк. Затоа после долго молчење, чувствувам потреба да го искажам својот став за ова историско и суштинско прашање за македонскиот народ. Тезите дека ова е последната шанса на Македонија да се приклучи кон европското семејство и дека неприфаќањето на овој предлог ќе предизвикаат меѓуетнички тензии и ќе отворат безбедносни прашања се лага. Секогаш има нов предлог, а ние треба да се избориме преку дијалог со нашите европски партнери истиот да е поволен за Македонија. Дека ако не постои македонски јазик, идентитет и историја ја нема и Македонија.
Ви ја пренесуваме во целост неговата колумна: -Август, 1903 година, Крушево, Илинденско востание и создавање на Крушевската република. Прва слободна македонска територија со воспоставена востаничка власт, под раководство на Никола Карев. -Октомври, 1941 година, Прилеп и Куманово. Започнува Народното востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор, предводено од првите партизански одреди. -Јануари, 1943 година, Скопје. По пет дневно ѕверско мачење од бугарската полиција биле убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур, а потоа биле фрлени низ прозор, за да се исценира самоубиство. -Јуни, 1943 година Скопје, село Ваташа, Кавадаречко, од страна на бугарскиот фашистички окупатор брутално се убиени 12 младинци-скоевци, кои кришум им помагале на партизаните. -Март, 1943 година, Скопје. Депортирани се над 7000 Евреи од Македонија во концентрациониот логор Треблинка во Полска, по предходно потпишан договор помеѓу Адолф Хитлер и Царството Бугарија -Август, 1944 година, манастир Прохор Пчински, прво заседание на АСНОМ каде се поставени темелите на македонската држава. Ова се дел од настаните од поновата македонска историја запишани во многу светски енциклопедии и изучувани на многу европски универзитети. Настани, кои го потврдуваат вековниот стремеж на македонскиот народ за формирање на своја самостојна и независна држава, длабоко врежани во битието и душата на секој Македонец. -Јуни/Јули 2022 година, Скопје. Француски старо (нов) рафиниран, модифициран предлог. Дали овој предлог ќе ги избрише сите предходно наведени историски настани? Дали во учебниците на нашите поколенија ќе се изучува некоја нова рафинирана, модифицирана историја? Дали Илинденското востание ќе стане Преображенско бугарско востание? Дали Гоце Делчев ќе стане бугарски јунак кој работел за бугарските, а не за македонските национални интереси? Дали македонското Народното востание во Прилеп и Куманово ќе стане терористички напад врз бугарската администрација? Дали убиствата на македонските народни херои Страшо, Мирче, Кузман ќе станат убиства на терористи? Како ќе се изучува погубувањето на 12-те млади –скоевци во Ваташа? Од кого е извршена депортација на македонските Евреи во злогласниот логор во Треблинка? Дали првото заседание на АСНОМ ќе исчезне од македонските учебници? Дали ќе биде зачуван Македонскиот јазик или ќе стане бугарски дијалект? Ова се прашања и дилеми кои се предмет на дискусија во изминатиов период откако на маса е ставен францускиот предлог. Јасно и гласно сакам да го искажам мојот став во врска со овој предлог. За мене предложениот француски предлог е крајно понижувачки и неприфатлив. Прифаќањето на овој договор претставува самоукинување на македонската нација, поништување на македонската историја, откажување од македонскиот јазик, со еден збор велепредавство на македонската држава. Ова не е договор за почеток на преговори за влез во ЕУ, ова е договор за долгогодишна стагнација и блокада на нашата стратешка цел да се приклучиме кон евроското семејство таму каде што ни е местото и каде што географски и цивилизациски припаѓаме. Се сметам за прозападно ориентиран човек, подржувач на социјалдемократска идеологија и европските вредности. Во текот на мојата политичка кариера искрено, ревносно и силно се залагав за влез во ЕУ и за сите придобивки кои таа ги нуди. Но, не можам да прифатам како Македонец, таму да влезам без свој идентитет, без свој јазик, без право на своја историја и култура и без свое достоинство. Потврда за овој мој став е и експресното прифаќање на овој предлог од двоецот Радев-Петков (кои имаа екстремно асимилаторски став кон македонската нација), изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Генчовска, дека овој предлог ги задоволува сите бугарски барања и изјавата на францускиот амбасадор во Софија (кој е официјално лице и ги изнесува француските ставови) кој потврди дека се работи за истиот предлог кој е малку рафиниран и изрази чудење зошто владата во Скопје го претставува како нов. Накратко би сакал да го објаснам мојот став анализирајќи го понудениот предлог споредувајќи го со петте искажани ставови (црвени линии) на премиерот Ковачевски, кога истиот беше одбиен во Брисел. Чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македнскиот идентитет Овој услов не е исполнет. Во предлогот стои дека во поглед на преводите на актите на македонски јазик ЕУ ќе ги земе во предвид бугарските и македонските унилатерални декларации за македонскиот јазик“ . Тоа значи дека бугарската страна ќе достави своја изјава во која ќе наведе дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.Исто така македонската страна ќе достави своја декларација во која ќе наведе дека официјален јазик е македонскиот. Но, тоа остава можност во рамки на преговарачкиот процес со ЕУ, различно да се толкуваат декларациите доставени од двете страни, што значи дека немаме чиста формулација за македонскиот јазик. Во документот исто така нема ниеден доказ за заштита на македонскиот идентитет, напротив со другите членови од договорот во текот на преговарачкиот процес нуди можности за оспорување на македонскиот идентитет од страна на Р.Бугарија. Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка Уште една невистина која ни се нуди како вистина. Историјата станува дел од преговарачката рамка преку директно упатување на член 12 од договорот за пријателство и добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија повикувајќи се на содржината на се уште непотпишаниот втор протокол за кој министерот Бујар Османи тврди дека е координран со бугарската страна и чека налог од владата за да го потпише. Во францускиот предлог зборот протокол е заменет со дефиницијата „годишен преглед и мерки за негово ефективно спроведување“(бугарската страна ќе има право постојано да инсистира на исполнување на нивните барања) Во протоколот јасно се наведени одредбите и темите кои стануваат дел од преговарачката рамка. А тоа се: говорот на омраза, рехабилитација на жртвите од комунизмот, ревизија на учебниците, промената на написите на спомениците и оспорување на идентитетот на македонските историски личности ( Гоце делчев, цар Самоил и др.). Затоа потпишаниот договор за добрососедство во 2017 година во делот за заедничката историја е штетен (ние имаме сопствена автентична македонска историја). Ова остава можност во текот на преговарачкиот процес да се негира македонскиот идентитет и ако не се исполнат радикалните бугарски ставови за историјата. Македонија повторно да биде блокирана. Или народски кажано, треба да играме како ќе ни свират Бугарите. Преговорите помеѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот. Во овој дел е направена најголемата измама. За да се задоволат потребите на Македонија измислени се две меѓувладини конференции, што не било досегашна пракса за почеток на преговори со ЕУ на ниедна друга држава. Првата конференција ќе послужи за сликање на владата и отпочнување на скрининг, а суштинскиот почеток на преговори ( но, само откако Македонија ќе ги вметне Бугарите во уставот), е предвиден на втората конференција. Со тоа се задоволуваат бугарските барања, но Македонија повторно ќе се соочи со вето затоа што владата нема обезбедено двотретинско мнозинство за промена на Уставот. Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија Никаде во документот не може да се прочитаат цврсти гаранции од Бугарија и ЕУ дека нема да има понатамошни условувања, напротив однапред се обезбедени само гаранции за исполнување на буагрските барања. Со прифаќање на францускиот предлог во ваква форма, бугарските услови стануваат целосно дел од процесот на пристапување и добиваат легитимитет во пакетот на документи на ЕУ. Ова за македонската страна е поразително.
Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Cеверна Македонија.
Не ми е сосема јасно што се подразбира под оваа точка. Ако премиерот мисли на институциите во државата каде владеачката коалиција раководи и има мнозинство (Влада, Собрание, Комисии) тогаш стануваат беспредметни консултациите со истите институции. За вакво крупно историско прашање, кое може да ја смени историјата на Македонија, кое директно ќе влијае на постоењето на македонскиот јазик и идентитет, може да се консултираат единствено граѓаните преку институцијата Референдум. Но, се прашувам како македонсктиот премиер ќе ги убеди граѓаните дека се Бугари, дека зборуваат бугарски дијалект и дека немаат своја историја, идентитет и јазик. Поради сето ова погоре наведено, никогаш ама баш никогаш не можам да се согласам и да прифатам ваков предлог. Не верувам дека постои чесен Македонец кој може да прифати вакво нешто.Ова е време невреме за Македонија. Не е време за калкулации и молк. Затоа после долго молчење, чувствувам потреба да го искажам својот став за ова историско и суштинско прашање за македонскиот народ. Тезите дека ова е последната шанса на Македонија да се приклучи кон европското семејство и дека неприфаќањето на овој предлог ќе предизвикаат меѓуетнички тензии и ќе отворат безбедносни прашања се лага. Секогаш има нов предлог, а ние треба да се избориме преку дијалог со нашите европски партнери истиот да е поволен за Македонија. Дека ако не постои македонски јазик, идентитет и историја ја нема и Македонија. Ги повикувам претседателот на државата г-дин Пендаровски, премиерот на државата г-дин Ковачевски да кажат одлучно НЕ за овој предлог, да го заштитат својот народ и македонската држава. Впрочем за тоа и се платени.

The post Ексгенералниот секретар на СДСМ: Претседателот и премиерот да кажат одлучно НЕ за овој предлог, да го заштитат својот народ и македонската држава appeared first on Република.

]]>