горан герасимовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-gerasimovski/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 22:24:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png горан герасимовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-gerasimovski/ 32 32 Герасимовски демантира дека вршел притисок за упис на насилно дете во училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-demantira-deka-vrshel-pritisok-za-upis-na-nasilno-dete-vo-uchilishte/ Thu, 14 Nov 2024 22:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=837926

Остро и категорично демантирам дека сум вршел каков било притисок за упис на дете со насилно однесување во редовна настава во ООУ „11 Октомври”, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

-Тврдам дека ниту сум иницирал, ниту сум бил информиран за каква било постапка во врска со ученикот, а особено не за вмешаност на општината во вакви прашања. Во текот на утрешниот ден, основното училиште „11 Октомври” ќе излезе со целосна информација за овој случај. Како градоначалник, секогаш стојам зад принципиелни и законски одлуки и немам намера да дозволам дезинформации кои наметнуваат лажна слика. Барам од сите вклучени страни, особено од медиумите, да се воздржат од непроверени наводи кои го загрозуваат интегритетот на институцијата и сеат недоверба меѓу граѓаните, посочува тој.

https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-pravel-pritisok-dete-nasilnik-da-bide-primeno-vo-11-oktomvri-roditelite-gnevni/

The post Герасимовски демантира дека вршел притисок за упис на насилно дете во училиште appeared first on Република.

]]>

Герасимовски правел притисок дете насилник да биде примено во „11 Октомври“, родителите гневни https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-pravel-pritisok-dete-nasilnik-da-bide-primeno-vo-11-oktomvri-roditelite-gnevni/ Thu, 14 Nov 2024 18:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=837820

Група родители се лути на одлуката во Основното училиште 11 октомври во Скопје да биде примено дете кое било испишано од неколку училишта поради насилство.

Гневни сме на одлуката на директорката на „11 Октомври“ да прими дете кое е избркано од повеќе училишта поради насилство. Согласно Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на кој било од формите за насилство, злоупотреба и занемарување и според насоки дадени од МОН, ООУ„Лазо Ангеловски“ доставува ургентно известување во врска со несоодветното однесување на ученик до Сектор за образование на општина Аеродром и Сектор за образование на општина Центар (конкретно за ООУ „11 Октомври“) со кое бара да се произнесат училиштата дали ќе го примат ученикот. Како последна мерка согласно Упатството е мерката преместување на ученик во друго училиште.По однос на барањето сите училишта на територија на општина Аеродром и училиштето 11 Октомври се произнесуваат негативно, односно ниту едно училиште не го прифаќа ученикот.По добиените негативни одговори од страна на сите училишта, ООУ Лазо Ангеловски го префрла ученикот на далечинско учење (онлајн настава) и за истото ги известува сите надлежни институции. Во меѓувреме под притисок на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски директорката на „11 Октомври“ дава согласност на родителите ученикот да биде примен во нејзиното училиште, родителите ја носат согласноста во ООУ „Лазо Ангеловски“ и на ученикот денес му е издадена преведница од страна на ООУ „Лазо Ангеловски“ за упис во ООУ „11 Октомври“. Еден од родителите на проблематичното дете е поранешен началник во МВР. За утре е закажан итен состанок на советот на родители - велат родителите на ученици од училиштето 11 Октомври.

Во текот на утрешниот ден ќе побараме став на училиштето за случајот со применото дете за кое родителите тврдат дека било насилно.

The post Герасимовски правел притисок дете насилник да биде примено во „11 Октомври“, родителите гневни appeared first on Република.

Герасимовски: Одлуката на Костадинов за напуштање на ЗЕЛС е избрзана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gerasimovski-odlukata-na-kostadinov-za-napushtane-na-zels-e-izbrzana/ Sat, 26 Oct 2024 11:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=831239

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во новото издание на „Стадион“ на Канал 77 говореше за актуелните теми кои деновиве постојано ја брануваат јавноста, а во една прилика се обрати и за работата и начинот функционирање на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

Како што истакна тој, иако е свесен за можните притисоци и политички влијанија, сепак, потенцираше дека одлуката на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, за напуштање на ЗЕЛС е избрзана.

Верувам дека работата на градоначалникот е отежната, можеби има и политички влијанија и притисоци, но одлуката за напуштање на ЗЕЛС е избрзана. Проблемот со питката вода за пиење во Струмица е евидентен и сигурен сум за притисокот кој се чувствува од граѓаните, но сметам дека пред да се донесе конечна одлука претходно е неопходна координација, состанок и решавање на проблемите на маса, рече Герасимовски.

The post Герасимовски: Одлуката на Костадинов за напуштање на ЗЕЛС е избрзана appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во новото издание на „Стадион“ на Канал 77 говореше за актуелните теми кои деновиве постојано ја брануваат јавноста, а во една прилика се обрати и за работата и начинот функционирање на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Како што истакна тој, иако е свесен за можните притисоци и политички влијанија, сепак, потенцираше дека одлуката на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, за напуштање на ЗЕЛС е избрзана. Верувам дека работата на градоначалникот е отежната, можеби има и политички влијанија и притисоци, но одлуката за напуштање на ЗЕЛС е избрзана. Проблемот со питката вода за пиење во Струмица е евидентен и сигурен сум за притисокот кој се чувствува од граѓаните, но сметам дека пред да се донесе конечна одлука претходно е неопходна координација, состанок и решавање на проблемите на маса, рече Герасимовски.

The post Герасимовски: Одлуката на Костадинов за напуштање на ЗЕЛС е избрзана appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Јас и советниците од СДСМ нема да ја поддржиме донацијата што ја бара МПЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-jas-i-sovetnitsite-od-sdsm-nema-da-ja-poddrzhime-donatsijata-shto-ja-bara-mpts/ Fri, 06 Sep 2024 18:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=813953

Во врска со реакциите поврзани со предложената точка на дневен ред за донирање финансиски средства на „Македонска православна епархија за Европа - Берлин“, Општина Центар апелира до граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации со кои се доведуваат во заблуда граѓаните дека општината или градоначалникот одобриле донација.

Градоначалникот Герасимовски соопшти дека тој и советниците на СДСМ нема да гласаат за донацијата, а законска обврска е секое барање за донација да се стави на гласање. Општина Центар останува посветена на одговорно управување со буџетските средства и реализирање на проекти кои директно ги подобруваат условите за живот на сите наши граѓани.

Во продолжение, интегралниот текст од ставот на градоначалникот Герасимовски

Во врска со реакциите за предложената точка на дневен ред за донирање на финансиски средства на ,,Македонска православна епархија за Европа – Берлин, апелирам граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации. Моја законска обврска е барањето да го проследам до Советот. А став на советниците на СДСМ и мој личен став е дека нема да поддржиме проекти од буџетот на општина Центар кои не се во интерес на граѓаните на општината“.

The post Герасимовски: Јас и советниците од СДСМ нема да ја поддржиме донацијата што ја бара МПЦ appeared first on Република.

]]>

Во врска со реакциите поврзани со предложената точка на дневен ред за донирање финансиски средства на „Македонска православна епархија за Европа - Берлин“, Општина Центар апелира до граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации со кои се доведуваат во заблуда граѓаните дека општината или градоначалникот одобриле донација. Градоначалникот Герасимовски соопшти дека тој и советниците на СДСМ нема да гласаат за донацијата, а законска обврска е секое барање за донација да се стави на гласање. Општина Центар останува посветена на одговорно управување со буџетските средства и реализирање на проекти кои директно ги подобруваат условите за живот на сите наши граѓани. Во продолжение, интегралниот текст од ставот на градоначалникот Герасимовски
Во врска со реакциите за предложената точка на дневен ред за донирање на финансиски средства на ,,Македонска православна епархија за Европа – Берлин, апелирам граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации. Моја законска обврска е барањето да го проследам до Советот. А став на советниците на СДСМ и мој личен став е дека нема да поддржиме проекти од буџетот на општина Центар кои не се во интерес на граѓаните на општината“.

The post Герасимовски: Јас и советниците од СДСМ нема да ја поддржиме донацијата што ја бара МПЦ appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Имааме засилени контрола за бучавата во Капштец и Дебар Маало https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-imaame-zasileni-kontrola-za-buchavata-vo-kapshtets-i-debar-maalo/ Thu, 18 Jul 2024 09:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=797979

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во вчерашното гостување на МРТВ за проблемот со гласната музика во Капиштец и постојаните поплаки од граѓаните кажа дека општината нема за цел да го затвори ноќниот живот туку да воспостави ред и мирен сон за жителите во Капиштец.

„Имаме засилени контроли и од општината во делот на мерење на гласна музика инспекциски служби по кафеаните и рестораните има и доста зголемено присуство на припадниците на МВР коишто се не само во Дебар Маало и на Боемска туку и по детските игралишта каде што се создаваа овие проблеми со коишто се соочуваат. Верувам дека и со МВР ќе продолжат самите акции и нашите инспекциски служби ќе бидат почесто на терен. Казните се енормно високи и верувам дека и кафеанџиите и сопствениците на локалите дека ќе се свестат со своето однесување. Не ни е целта да го уништиме ноќниот живот, целта ни е да воспоставиме ред и што подобри услови за живеење на нашите жители. Верувам дека ќе успееме во тоа“ рече Герасимовски.

Тој во емисијата „Во живо“ зборуваше и за деликвентните однесувања на младите на детските игралишта но и за одржувањето на јавната хигиена и тековните проекти во општината

The post Герасимовски: Имааме засилени контрола за бучавата во Капштец и Дебар Маало appeared first on Република.

Герасимовски: Доделивме 770 000 денари на 60 социјално загрозени лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-dodelivme-770-000-denari-na-60-sotsijalno-zagrozeni-litsa/ Mon, 15 Jul 2024 11:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=797009

Општина Центар додели 770 000 денари на 60 социјално загрозени лица баратели по основ на нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба. Еднократната финансиска помош Комисијата за социјална и здравствена заштита ја одобри врз основа на пристигнати барања од страна на жители на општината кои ги исполнуваат условите според Правилникот за постапката за остварување право на финансиска помош и поддршка на жители на општина Центар-Скопје, соопшти градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Општина Центар секогаш е тука да им помогне на граѓаните кога тоа им е потребно. Се надевам дека овие средства ќе им помогнат на жителите да санираат дел од штетите или ја подобрат здравствената или финансиската состојба во домот. Со цел да им излеземе во пресрет на поголем број граѓани ги повикувам општествено одговорните компании да дадат свој придонес и се вклучат во хуманитарните акции, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Право на користење на овие финансиски средства имаат физички лица што се жители на Општина Центар со влошен социјален статус или загрозувачка здравствена состојба, кои припаѓаат на социјално загрозените групи, лица кои имаат потреба од помош при лекување, еднородителски семејства во социјален ризик. Воедно подносителот на барањето треба да има адреса на живеење во Општина Центар-Скопје и правото на финансиска помош и поддршка може да го искористи само еднаш во текот на календарската година, велат од општината.

Општина Центар покрај оваа помош во соработка со невладината организација „Банка за храна“ и Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ обезбедува месечни социјални пакети за семејствата во социјален ризик, еднократна помош за пензионери со висина на пензија до 20.122 денари, нега за стари лица во домашни услови и друго, додаваат од таму.

The post Герасимовски: Доделивме 770 000 денари на 60 социјално загрозени лица appeared first on Република.

]]>

Општина Центар додели 770 000 денари на 60 социјално загрозени лица баратели по основ на нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба. Еднократната финансиска помош Комисијата за социјална и здравствена заштита ја одобри врз основа на пристигнати барања од страна на жители на општината кои ги исполнуваат условите според Правилникот за постапката за остварување право на финансиска помош и поддршка на жители на општина Центар-Скопје, соопшти градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
Општина Центар секогаш е тука да им помогне на граѓаните кога тоа им е потребно. Се надевам дека овие средства ќе им помогнат на жителите да санираат дел од штетите или ја подобрат здравствената или финансиската состојба во домот. Со цел да им излеземе во пресрет на поголем број граѓани ги повикувам општествено одговорните компании да дадат свој придонес и се вклучат во хуманитарните акции, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Право на користење на овие финансиски средства имаат физички лица што се жители на Општина Центар со влошен социјален статус или загрозувачка здравствена состојба, кои припаѓаат на социјално загрозените групи, лица кои имаат потреба од помош при лекување, еднородителски семејства во социјален ризик. Воедно подносителот на барањето треба да има адреса на живеење во Општина Центар-Скопје и правото на финансиска помош и поддршка може да го искористи само еднаш во текот на календарската година, велат од општината. Општина Центар покрај оваа помош во соработка со невладината организација „Банка за храна“ и Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ обезбедува месечни социјални пакети за семејствата во социјален ризик, еднократна помош за пензионери со висина на пензија до 20.122 денари, нега за стари лица во домашни услови и друго, додаваат од таму.

The post Герасимовски: Доделивме 770 000 денари на 60 социјално загрозени лица appeared first on Република.

]]>
Работна средба на раководството на СВР Скопје и општина Центар за решавање на проблемите во интерес на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/rabotna-sredba-na-rakovodstvoto-na-svr-skopje-i-opshtina-tsentar-za-reshavane-na-problemite-vo-interes-na-graganite/ Tue, 09 Jul 2024 16:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=795042

На иницијатива на раководството на СВР Скопје, денеска (09.07.2024) во општина Центар се одржа работна средба на началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.

Целта на средбата беше заедничко делување во решавањето на актуелните проблеми во општина Центар, како што се проблемите во сообраќајот во општината, посебно во Дебар Маало, Капиштец и централното градско подрачје, гласната музика од угостителските објекти до доцните часови, која го нарушува мирот на граѓаните, уништувањето на урбаната опрема во парковите итн.

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски на средбата ја изрази цврстата одлучност на Министерството за внатрешни работи со своето делување да се воспостави посакуваниот ред, мир и спокој на граѓаните од општина Центар.

Беа договорени повеќе чекори со кои заеднички ќе се делува да се остварат планираните цели.
Во делот на сообраќајот и непрописното паркирање, Министерството за внатрешни работи ќе почне со засилени контроли низ општината, а за најкритичните места, како познатите дискотеки и локали, предвидено е пајак службата да почне да делува и во трета смена, посебно во деновите пред и за време на викенд.

Во Дебар Маало, Капиштец и централното градско подрачје, ќе се делува заеднички со посебни сообраќајни режими и како превентивни така и репресивни акции на полицијата, со зголемена фреквенција и присуство на терен.

МВР заедно со општинските инспекциски служби ќе делува засилено и во делот на гласната музика, почитувањето на работното време, како и други редовни акции од надлежност на министерството.

За вандалските чинови што на неколку пати се утврдени во неколку од парковите во Капиштец, министерството по добиените сознанија веќе постапува и извршителите кои ќе бидат идентификувани ќе добијат соодветни пријави.

СВР Скопје ќе ги засилува сите свои ангажмани со цел исполнување на стратешките цели на новото раководство на министерството, а тоа е засилена борба со сите видови криминал и корупција и обезбедување на поголемо ниво на безбедност и спокој за сите граѓани.

The post Работна средба на раководството на СВР Скопје и општина Центар за решавање на проблемите во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на раководството на СВР Скопје, денеска (09.07.2024) во општина Центар се одржа работна средба на началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски. Целта на средбата беше заедничко делување во решавањето на актуелните проблеми во општина Центар, како што се проблемите во сообраќајот во општината, посебно во Дебар Маало, Капиштец и централното градско подрачје, гласната музика од угостителските објекти до доцните часови, која го нарушува мирот на граѓаните, уништувањето на урбаната опрема во парковите итн. Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски на средбата ја изрази цврстата одлучност на Министерството за внатрешни работи со своето делување да се воспостави посакуваниот ред, мир и спокој на граѓаните од општина Центар. Беа договорени повеќе чекори со кои заеднички ќе се делува да се остварат планираните цели. Во делот на сообраќајот и непрописното паркирање, Министерството за внатрешни работи ќе почне со засилени контроли низ општината, а за најкритичните места, како познатите дискотеки и локали, предвидено е пајак службата да почне да делува и во трета смена, посебно во деновите пред и за време на викенд. Во Дебар Маало, Капиштец и централното градско подрачје, ќе се делува заеднички со посебни сообраќајни режими и како превентивни така и репресивни акции на полицијата, со зголемена фреквенција и присуство на терен. МВР заедно со општинските инспекциски служби ќе делува засилено и во делот на гласната музика, почитувањето на работното време, како и други редовни акции од надлежност на министерството. За вандалските чинови што на неколку пати се утврдени во неколку од парковите во Капиштец, министерството по добиените сознанија веќе постапува и извршителите кои ќе бидат идентификувани ќе добијат соодветни пријави. СВР Скопје ќе ги засилува сите свои ангажмани со цел исполнување на стратешките цели на новото раководство на министерството, а тоа е засилена борба со сите видови криминал и корупција и обезбедување на поголемо ниво на безбедност и спокој за сите граѓани.

The post Работна средба на раководството на СВР Скопје и општина Центар за решавање на проблемите во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-prijavuvajte-problemi-so-javna-chistota-dosega-prijaveni-159-problemi/ Wed, 15 May 2024 09:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=778233

Граѓаните можат да пријават косење на трева, реконструкција и санација на урбана опрема или собирање смет на Јавните површини под надлежност на Општина Центар на телефонскиот број 076350767. Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар” ги потсетуваат граѓаните дека проблемите поврзани со Јавната чистота и други комунални проблеми можат да ги пријават на општинските служби и хигиеничарите на ПОЦ истите да ги решат. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека досега на телефонската линија во ПОЦ се јавиле 159 граѓани кои побарале одредена услуга и за истата добиле решение.

Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат проблемите. Хигиеничарите ги извршуваат своите дневни обврски по реони меѓутоа сме свесни дека многу брзо откако ќе исчистат на одредена локација за кратко време може да се направи мала депонија или слично, затоа упатувам апел граѓаните да ги пријавуваат проблемите на телефонскиот број со цел службите побрзо да ги решаваат проблемите со Јавната хигиена. Во делот на урбаната опрема службите на ЈП ПОЦ може да ги побарате и доколку во вашата околина има кршена клупа која треба да се реконструира, искршена лулашка или слично. Верувам дека ова ќе придонесе да имаме побрзи резултати и зголемување на Јавната хигиена во општината - повикува градоначалникот Герасимовски.

Герасимовски исто така праќа апел, граѓаните да пријавуваат собирање на кабаст отпад во сопствените домови, а не кревети, вц школки и одредени габаритни работи да исфрлаат сами и истите да стојат на одредена локација со денови. Општината Центар потенцира дека доколку граѓаните бидат начекани дека оставаат кабаст отпад пред контејнерите истите ќе бидат санкционирани од страна на комунален инспектор. Во меѓувреме цистерната на ПОЦ неколку пати во неделата ги мие улиците и контејнерите со цел да ја отстрани непријатна миризба и да ги освежи улиците од насобрана прашина.

The post Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми appeared first on Република.

Толку од калдрмата, турен асфалт пред градскиот стадион во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tolku-od-kaldrmata-turen-asfalt-pred-gradskiot-stadion-vo-skopje/ Sat, 28 Oct 2023 08:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=695743

Вчера започна асфалтирање на улицата „Столтенбергова” пред Градскиот стадион, соопшти утрово градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, додавајќите дека улицата е опфатена во меѓуопштинската соработка со Градот Скопје и Општина Центар со што асфалтирањето го работи ЈП „Улици и патишта“.

Со асфалтирањето на овој потег практично се изедначува целиот круг околу градскиот стадион со што се доби целина земајќи го фактот дека таму имаше навистина оштетена и дотраена калдрма. Општина Центар ќе продолжи да вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот, вели тој.

Јавноста остро реагираше за ненајавеното отстранување на калдрмата и бараше објаснување зошто таа не беше реставрирана и обновена.

The post Толку од калдрмата, турен асфалт пред градскиот стадион во Скопје appeared first on Република.

Ова е плацот каде пред избори Герасимовски и Шилегов ветуваа нема да се гради https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ova-e-platsot-kade-pred-izbori-gerasimovski-i-shilegov-vetuvaa-nema-da-se-gradi/ Tue, 19 Sep 2023 07:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=683028

Ова е плацот каде пред избори Герасимовски и Шилегов ветуваа нема да се гради. Очигледно некој ќе гради пошто и светилки си ставиле по патот и материјал си донеле, вели Ивор Мицковски, споделувајќи фотографија од местото на Средно Водно, каде се продолжува со изградба.

Само 50 метри подоле, тоа што исто се гарантираше нема да се градело и биле само дрвени куќи, се претвори во населба, во село со 20-тина куќи, сите ѕидани, некои и на три спрата.
Значи, дечки, 2 години не пројдоа од ветувањата, локална и централна власт сте, ама понеспособна, понезаинтересирана, понегрижлива багра ни се нема десено.
Грујо може ќе го вратите, ама вие ќе си одите засекогаш, вели Мицковски.

The post Ова е плацот каде пред избори Герасимовски и Шилегов ветуваа нема да се гради appeared first on Република.

]]>

Ова е плацот каде пред избори Герасимовски и Шилегов ветуваа нема да се гради. Очигледно некој ќе гради пошто и светилки си ставиле по патот и материјал си донеле, вели Ивор Мицковски, споделувајќи фотографија од местото на Средно Водно, каде се продолжува со изградба.

Само 50 метри подоле, тоа што исто се гарантираше нема да се градело и биле само дрвени куќи, се претвори во населба, во село со 20-тина куќи, сите ѕидани, некои и на три спрата. Значи, дечки, 2 години не пројдоа од ветувањата, локална и централна власт сте, ама понеспособна, понезаинтересирана, понегрижлива багра ни се нема десено. Грујо може ќе го вратите, ама вие ќе си одите засекогаш, вели Мицковски.

The post Ова е плацот каде пред избори Герасимовски и Шилегов ветуваа нема да се гради appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот со полиција на затворање јама откако „Бинјапи инженеринг“ продолжи со незаконско градење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-so-politsija-na-zatvorane-jama-otkako-binjapi-inzhenering-prodolzhi-so-nezakonsko-gradene/ Thu, 01 Jun 2023 10:03:41 +0000 https://republika.mk/?p=646747

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во придружба на градежен инспектор, припадници на МВР и градежна механизација утринава интервенираа на градилиштето на улицата „9 Мај“ и почнаа со затрупување на градежната јама и враќање на локацијата во првобитна состојба, каде инвеститорот „Бинјапи инжинеринг“, како што се наведува, гради надвор од издаденото одобрение за градење.

Како што соопшти Општина Центар, градежната инспекција неколку пати го затвораше градилиштето. Во март годинава одговорните се санкционирани од страна на општината со казни со вкупна вредност од 12.500 евра и тоа со 4.000 евра во денарска противвредност за непреземање на мерки за обезбедување на градилиштето, 500 евра во денарска противвредност за прекршок на одговорното лице во правното лице „Бинјапи Инжинеринг“, 7.000 евра за правното лице – изведувач „ Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, 500 евра за одговорното лице во правното лице – изведувач и 500 евра за градежниот инжинер за изведба, сите во денарска противвредност.

Во оваа држава постојат закони и тие мора да ги почитуваат сите. Секој оној кој што ќе го прекрши законот ќе биде санкциониран. Тоа се случува и денеска на улицата „9 Мај“. Пред неколку месеци настана проблем од страна на инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“, фирмата која што го има одобрението за градба. Јамата не беше целосно обезбедена според даденото решение, односно зградите не беа целосно заштитени од страна на инвеститорот. Не беа поставени оние т.н. „шипови“ кои се за заштита на целото околно земјиште, вклучувајќи ја улицата и зградите. Наместо -1, направени се -2 спрата, изјави Герасимовски.

Нашите инспектори, како што нагласи, и тогаш постапија, ставија жолта лента, беше стопирана градбата, но самиот инвеститор продолжи со градба.

Ние како Општина по извесен период постапуваме на терен, односно по пишаното решение од градежниот инспектор за враќање на првобитноста на самото земјиште. Истото денеска го спроведуваме, односно го враќаме земјиштето во првобитна состојба, рече градоначалникот Герасимовски.

Инспекцијата, како што се наведува, утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење. Инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ е обврзан да постави армирано бетонски колови, т.н. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно на одобрението за градење.

По ова, согласно Законот за градење, инспекцијата изготви решение за враќање на локацијата во првобитна состојба, со што трошокот за извршувањето на решението ќе се фактурира на инвеститорот, а со потпишана писмена изјава истиот е обврзан да ја врати и улицата во првобитна состојба, се вели во соопштението од Општина Центар.

The post Градоначалникот со полиција на затворање јама откако „Бинјапи инженеринг“ продолжи со незаконско градење appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во придружба на градежен инспектор, припадници на МВР и градежна механизација утринава интервенираа на градилиштето на улицата „9 Мај“ и почнаа со затрупување на градежната јама и враќање на локацијата во првобитна состојба, каде инвеститорот „Бинјапи инжинеринг“, како што се наведува, гради надвор од издаденото одобрение за градење. Како што соопшти Општина Центар, градежната инспекција неколку пати го затвораше градилиштето. Во март годинава одговорните се санкционирани од страна на општината со казни со вкупна вредност од 12.500 евра и тоа со 4.000 евра во денарска противвредност за непреземање на мерки за обезбедување на градилиштето, 500 евра во денарска противвредност за прекршок на одговорното лице во правното лице „Бинјапи Инжинеринг“, 7.000 евра за правното лице – изведувач „ Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, 500 евра за одговорното лице во правното лице – изведувач и 500 евра за градежниот инжинер за изведба, сите во денарска противвредност.
Во оваа држава постојат закони и тие мора да ги почитуваат сите. Секој оној кој што ќе го прекрши законот ќе биде санкциониран. Тоа се случува и денеска на улицата „9 Мај“. Пред неколку месеци настана проблем од страна на инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“, фирмата која што го има одобрението за градба. Јамата не беше целосно обезбедена според даденото решение, односно зградите не беа целосно заштитени од страна на инвеститорот. Не беа поставени оние т.н. „шипови“ кои се за заштита на целото околно земјиште, вклучувајќи ја улицата и зградите. Наместо -1, направени се -2 спрата, изјави Герасимовски.
Нашите инспектори, како што нагласи, и тогаш постапија, ставија жолта лента, беше стопирана градбата, но самиот инвеститор продолжи со градба.
Ние како Општина по извесен период постапуваме на терен, односно по пишаното решение од градежниот инспектор за враќање на првобитноста на самото земјиште. Истото денеска го спроведуваме, односно го враќаме земјиштето во првобитна состојба, рече градоначалникот Герасимовски.
Инспекцијата, како што се наведува, утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење. Инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ е обврзан да постави армирано бетонски колови, т.н. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно на одобрението за градење.
По ова, согласно Законот за градење, инспекцијата изготви решение за враќање на локацијата во првобитна состојба, со што трошокот за извршувањето на решението ќе се фактурира на инвеститорот, а со потпишана писмена изјава истиот е обврзан да ја врати и улицата во првобитна состојба, се вели во соопштението од Општина Центар.

The post Градоначалникот со полиција на затворање јама откако „Бинјапи инженеринг“ продолжи со незаконско градење appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Eдна конфискација, па после секој кој се дрзнал да гради дивоградби ќе се помисли https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-edna-konfiskatsija-pa-posle-sekoj-koj-se-drznal-da-gradi-divogradbi-ke-se-pomisli/ Sat, 27 May 2023 09:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=645142

Со конфискација на еден дивоизграден објект, секој ќе се помисли дали повторно ќе гради така, смета градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Герасимовски градоначалник во Општина Центар во емисијата Трилинг на Телевизија 24 вести зборуваше за предлог Иницијативата за конфискација на нелегално изградени објекти напоменувајќи дека целта на нејзиното носење е да се конфискуваат објекти коишто се изградени на државно земјиште или зелен појас каде што има непознати сторители.

Луѓето се дрзнуваат на се. Со еден добар пример и една конфискација мислам дека секој којшто досега правел дивоградби и се дрзнал да изгради на диво одреден објект мислам дека ќе размисли неколку пати дали да отпочне пак да гради, рече градоначалникот.

Во општина Центар рече Герасимовски има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, а за целосно отстранување на урнатините уште три пати повеќе. Онеспособувањето пак, оценува Герасимовски, не е решение затоа што објектите најчесто стануваат засолништа за бездомници.

Ние зборуваме само за да ја оневозможиме функционалноста на објектите за што се соочуваме со големи трошоци за рушење, а тоа се околу 5,5 милиони за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Уште три пати повеќе ќе чини нивно целосно отстранување од парцелите. Доколку само ги оневозможиме и ги оставиме истите се соочуваме со поголем проблем да во истите се вселат бездомници кои прават дополнителни проблеми на населението во тој реон. Има поголем број на кражби, се палат одредени предмети кои го загадуваат воздухот и слично и поради тие причини и проблеми со кои се соочуваме бараме начин да и покрај рушењето да има начини за конфискација на одредени вакви дивоградби, рече Герасимовски.

Според него, идејата на општината е проблемот да се реши како во околните земји, преку решавање на проблемот како во минатото односно со делумна конфискација. Сите оние средства коишто се трошеле за конфискација, за оневозможување на дивоизградените објекти во некои случаи да бидат конфискувани од страна на државата и да бидат пренаменети за други потреби односно да бидат или пензионерски домови или предадени за социјално загрозени семејства итн, соопшти Општина Центар.

The post Герасимовски: Eдна конфискација, па после секој кој се дрзнал да гради дивоградби ќе се помисли appeared first on Република.

]]>

Со конфискација на еден дивоизграден објект, секој ќе се помисли дали повторно ќе гради така, смета градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Герасимовски градоначалник во Општина Центар во емисијата Трилинг на Телевизија 24 вести зборуваше за предлог Иницијативата за конфискација на нелегално изградени објекти напоменувајќи дека целта на нејзиното носење е да се конфискуваат објекти коишто се изградени на државно земјиште или зелен појас каде што има непознати сторители.
Луѓето се дрзнуваат на се. Со еден добар пример и една конфискација мислам дека секој којшто досега правел дивоградби и се дрзнал да изгради на диво одреден објект мислам дека ќе размисли неколку пати дали да отпочне пак да гради, рече градоначалникот.
Во општина Центар рече Герасимовски има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, а за целосно отстранување на урнатините уште три пати повеќе. Онеспособувањето пак, оценува Герасимовски, не е решение затоа што објектите најчесто стануваат засолништа за бездомници.
Ние зборуваме само за да ја оневозможиме функционалноста на објектите за што се соочуваме со големи трошоци за рушење, а тоа се околу 5,5 милиони за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Уште три пати повеќе ќе чини нивно целосно отстранување од парцелите. Доколку само ги оневозможиме и ги оставиме истите се соочуваме со поголем проблем да во истите се вселат бездомници кои прават дополнителни проблеми на населението во тој реон. Има поголем број на кражби, се палат одредени предмети кои го загадуваат воздухот и слично и поради тие причини и проблеми со кои се соочуваме бараме начин да и покрај рушењето да има начини за конфискација на одредени вакви дивоградби, рече Герасимовски.
Според него, идејата на општината е проблемот да се реши како во околните земји, преку решавање на проблемот како во минатото односно со делумна конфискација. Сите оние средства коишто се трошеле за конфискација, за оневозможување на дивоизградените објекти во некои случаи да бидат конфискувани од страна на државата и да бидат пренаменети за други потреби односно да бидат или пензионерски домови или предадени за социјално загрозени семејства итн, соопшти Општина Центар.

The post Герасимовски: Eдна конфискација, па после секој кој се дрзнал да гради дивоградби ќе се помисли appeared first on Република.

]]>
МВР постапува по случајот со девојчето од Центар што напиша список со закани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-postapuva-po-sluchajot-so-devojcheto-od-tsentar-shto-napisha-spisok-so-zakani/ Thu, 11 May 2023 07:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=639512

Градоначалникот на скопската општина Центар Горан Герасимовски соопшти дека во однос на списокот, напишан од ученичка, со закани кон своите соученици, преземени се сите мерки од страна на училиштето, а за случајот постапува и Министерството за внатрешни работи.

Што се однесува до самиот настан, вчера разговарав со директорката на училиштето, но и со сите директори на основните училишта во Општината. Тие веќе од денеска преку наставниците интензивно комуницираат со родителите и децата, предупредувајќи ги од последиците од ваквите постапки, кои некои од децата ги разбрале како игра или шега. Очекувам сите наставници, но пред се родителите да разговараат со своите деца и да им укажат колку е опасно да го користат овој немил настан, дури ни на шега, да не прават слични списоци или на кој било начин да си поигруваат со ужасната трагедија, посочува Герасимовски.

Повторува дека во најкус рок ќе бидат започнати нови програми за спречување на насилство во училиштата и нови проекти кои ќе значат побезбедни ученици и поздрава околина за раст и развој.

Уште еднаш апелирам да не се крева паника од овој случај, туку максимално одговорно секој поединец, секој родител или старател да поразговара со своите деца. Мора да укажеме и да ја подигнеме свеста дека со „таа тема" нема играње, посочува градоначалникот на Центар Герасимовски.

The post МВР постапува по случајот со девојчето од Центар што напиша список со закани appeared first on Република.

Герасимовски: На Водно нема да се гради, пристапен пат не е одобрен https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-na-vodno-nema-da-se-gradi-pristapen-pat-ne-e-odobren/ Thu, 27 Apr 2023 08:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=634507

Инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денеска излегоа на терен по пријави на граѓани дека на Водно има повторно градежни активности.

По извршениот увид, како што информираат од Општина Центар, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбано зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата која што копала.

Што се однесува до самата парцела, ова е парцелата каде одобрение за градба има инвеститорот Маркеза ДООЕЛ издадено на 7.4.2021 година. Оваа парцела се наоѓа во рамки на укинатиот ДУП Ј07 од страна на Уставен суд. По одлуката на Уставен суд, само оние со правосилни одобренија за градење можат да градат во тој опфат, се наведува во соопштението.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека на овој потег додека тој е градоначалник нема да дозволи градба, а пристапен пат не е предвиден и нема да се гради.

Според информациите, инвеститорот започнал активности за ископ очигледно со цел да ја задржи правосилноста на дозволата за градба, која доколку не започне градежни активности во предвидениот рок по закон ја губи. Но, тоа е сѐ што може да направи, бидејќи градба не може да има доколку нема пристапен пат, за кој како што веќе во повеќе наврати потврдив, општината нема да го гради, истакна градоначалникот Герасимовски.

The post Герасимовски: На Водно нема да се гради, пристапен пат не е одобрен appeared first on Република.

]]>

Инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денеска излегоа на терен по пријави на граѓани дека на Водно има повторно градежни активности. По извршениот увид, како што информираат од Општина Центар, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбано зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата која што копала.
Што се однесува до самата парцела, ова е парцелата каде одобрение за градба има инвеститорот Маркеза ДООЕЛ издадено на 7.4.2021 година. Оваа парцела се наоѓа во рамки на укинатиот ДУП Ј07 од страна на Уставен суд. По одлуката на Уставен суд, само оние со правосилни одобренија за градење можат да градат во тој опфат, се наведува во соопштението.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека на овој потег додека тој е градоначалник нема да дозволи градба, а пристапен пат не е предвиден и нема да се гради.
Според информациите, инвеститорот започнал активности за ископ очигледно со цел да ја задржи правосилноста на дозволата за градба, која доколку не започне градежни активности во предвидениот рок по закон ја губи. Но, тоа е сѐ што може да направи, бидејќи градба не може да има доколку нема пристапен пат, за кој како што веќе во повеќе наврати потврдив, општината нема да го гради, истакна градоначалникот Герасимовски.

The post Герасимовски: На Водно нема да се гради, пристапен пат не е одобрен appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Инвеститорите задолжително мора да планираат паркинг места https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-investitorite-zadolzhitelno-mora-da-planiraat-parking-mesta/ Tue, 18 Apr 2023 12:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=631747

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на гостувањето на „Утрински брифинг“ кажа дека работат на подобрување на капацитетите за паркирање во општината.

Герасимовски посочи дека инвеститорите мора да планираат паркинг место за секое домаќинство во станбените објекти кои ги градат, а не да прикажуваат фиктивни паркинг места.

Ова е неопходно за да го намалиме проблемот со паркирање за резидентните станари на Центар. Затоа потсетувам дека недозволиво е инвеститорите да прикажуваат фиктивни паркинг места преку т.н клацкалки туку треба да планираат паркинг место за секое домаќинство во станбените објекти кои ги градат. Дополнително за намалување на притисокот за паркирање кај резидентните станари секоја улица по реконструирањето станува резидентна односно со паркинг места за станарите на истата - вели Герасимовски.

The post Герасимовски: Инвеститорите задолжително мора да планираат паркинг места appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на гостувањето на „Утрински брифинг“ кажа дека работат на подобрување на капацитетите за паркирање во општината. Герасимовски посочи дека инвеститорите мора да планираат паркинг место за секое домаќинство во станбените објекти кои ги градат, а не да прикажуваат фиктивни паркинг места.
Ова е неопходно за да го намалиме проблемот со паркирање за резидентните станари на Центар. Затоа потсетувам дека недозволиво е инвеститорите да прикажуваат фиктивни паркинг места преку т.н клацкалки туку треба да планираат паркинг место за секое домаќинство во станбените објекти кои ги градат. Дополнително за намалување на притисокот за паркирање кај резидентните станари секоја улица по реконструирањето станува резидентна односно со паркинг места за станарите на истата - вели Герасимовски.

The post Герасимовски: Инвеститорите задолжително мора да планираат паркинг места appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат, инвеститорите да градат според одобренијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-zachestenite-kontroli-na-gradilishtata-prodolzhuvaat-investitorite-da-gradat-spored-odobrenijata/ Wed, 12 Apr 2023 11:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=630159

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше на терен со општинските служби на градилишта во населбата Маџир Маало, информираат од локалната самоуправа.

Од општината нагласуваат дека теренските зачестени инспекторски контроли ги придружува и Герасимовски со цел да направи директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.

Веќе некој период спроведуваме зачестени инспекторски контроли на градилишта со цел да ја видиме фактичката состојба на терен. Токму поради начинот како се одвиваат градежните работи, на моја лична иницијатива, неодамна формиравме и комисија со која ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумано градење со почитување на законските прописи, вели Герасимовски.

Тој вели дека општината понекогаш се соочува со проблеми од несовесни градители, односно до локалната самоуправа да стигне барање со документација за градба и по одредени забелешки од службите по истото да биде постапено по што се добива правосилно одобрение за градба. Но, на терен да се случи да не се гради според доставената документација за која всушност е добиено одобрението.

Поради ова Герасимовски најавува зачестени инспекторски контроли и во наредниот период се со цел придржување до одобренијата за градба и безбедност при изведување на градежните работи.

The post Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат, инвеститорите да градат според одобренијата appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше на терен со општинските служби на градилишта во населбата Маџир Маало, информираат од локалната самоуправа. Од општината нагласуваат дека теренските зачестени инспекторски контроли ги придружува и Герасимовски со цел да направи директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.
Веќе некој период спроведуваме зачестени инспекторски контроли на градилишта со цел да ја видиме фактичката состојба на терен. Токму поради начинот како се одвиваат градежните работи, на моја лична иницијатива, неодамна формиравме и комисија со која ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумано градење со почитување на законските прописи, вели Герасимовски.
Тој вели дека општината понекогаш се соочува со проблеми од несовесни градители, односно до локалната самоуправа да стигне барање со документација за градба и по одредени забелешки од службите по истото да биде постапено по што се добива правосилно одобрение за градба. Но, на терен да се случи да не се гради според доставената документација за која всушност е добиено одобрението. Поради ова Герасимовски најавува зачестени инспекторски контроли и во наредниот период се со цел придржување до одобренијата за градба и безбедност при изведување на градежните работи.

The post Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат, инвеститорите да градат според одобренијата appeared first on Република.

]]>
Бочварски за иницијативата за конфискација на Герасимовски: Добра е, но треба да се доработи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-za-initsijativata-za-konfiskatsija-na-gerasimovski-dobra-e-no-treba-da-se-doraboti/ Tue, 11 Apr 2023 06:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=629469

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на која му ја презентираше Иницијативата за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Оваа иницијатива доби целосна поддршка од Управниот одбор на ЗЕЛС, а истата минатата недела му ја претставив и на министерот за правда, Кренар Лога, од каде исто доби недвосмислена поддршка. Наместо да се занимаваме со развој на општината, ние треба да рушиме објекти, за чие рушење општината нема доволно средства. Намерата на оваа иницијатива е да се интервенвира во два закони: Закон за постапување на бесправни објекти и Законот за управување со конфискуван имот.

Градоначалникот Герасимовски на министерот Бочварски му ја претстави и ситуацијата со решавањето на нелегалните објекти во Албанија, особено во крајбрежјето, за што во тој случај е формирано Национално тело – инспекторат, со надлежности за рушење и конфискација на нелегално изградените објекти.

Според министерот Бочварски, клучни се три моменти, односно зајакнување на инспекциските служби, зголемување на казните за бесправно градење како и ангажирањето на приватни правни лица, кои ќе делуваат како надворешни инспектори, под договор со општините.

Одземањето на објектите сметам дека нема целосно да го реши проблемот. Но застанувам позади иницијативата и сметам дека е добро да се отвори широка дискусија на оваа тема. Според мене, иницијативата е добра, но треба да се доработи во одредени делови. Клучно е да се зајакнат инспекциските служби, да се интервенира во Законот за градежно земјиште со зголемување на глобите и ангажирање на надворешни компании кои би им помагале на општинските служби во справувањето со објектите од втора категорија, вели Бочварски, додавајќи дека еднаш мора да се каже „стоп“ на нелегалното градење.

Градоначалникот Герасимовски со министерот Бочварски ја дискутираа и иницијативата 70/30, со која во постоечкиот Закон за градежно земјиште доколку некој поседува 30% од земјиштето, да може да ја дооформи парцелата со останатите 70%.

Направивме предлог иницијатива да се смени таа бројка и доколку имате сопственост 70%, да можете да ги дооформите и останатите 30%. Оваа иницијатива минатата година ја доставив до ЗЕЛС од каде доби едногласна поддршка и веќе е доставена на разгледување во Министерството за транспорт и врски, од каде наскоро очекуваме и конкретен одговор и чекори за понатамошно делување“, порача Герасимовски.

The post Бочварски за иницијативата за конфискација на Герасимовски: Добра е, но треба да се доработи appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на која му ја презентираше Иницијативата за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти. Оваа иницијатива доби целосна поддршка од Управниот одбор на ЗЕЛС, а истата минатата недела му ја претставив и на министерот за правда, Кренар Лога, од каде исто доби недвосмислена поддршка. Наместо да се занимаваме со развој на општината, ние треба да рушиме објекти, за чие рушење општината нема доволно средства. Намерата на оваа иницијатива е да се интервенвира во два закони: Закон за постапување на бесправни објекти и Законот за управување со конфискуван имот. Градоначалникот Герасимовски на министерот Бочварски му ја претстави и ситуацијата со решавањето на нелегалните објекти во Албанија, особено во крајбрежјето, за што во тој случај е формирано Национално тело – инспекторат, со надлежности за рушење и конфискација на нелегално изградените објекти. Според министерот Бочварски, клучни се три моменти, односно зајакнување на инспекциските служби, зголемување на казните за бесправно градење како и ангажирањето на приватни правни лица, кои ќе делуваат како надворешни инспектори, под договор со општините.
Одземањето на објектите сметам дека нема целосно да го реши проблемот. Но застанувам позади иницијативата и сметам дека е добро да се отвори широка дискусија на оваа тема. Според мене, иницијативата е добра, но треба да се доработи во одредени делови. Клучно е да се зајакнат инспекциските служби, да се интервенира во Законот за градежно земјиште со зголемување на глобите и ангажирање на надворешни компании кои би им помагале на општинските служби во справувањето со објектите од втора категорија, вели Бочварски, додавајќи дека еднаш мора да се каже „стоп“ на нелегалното градење.
Градоначалникот Герасимовски со министерот Бочварски ја дискутираа и иницијативата 70/30, со која во постоечкиот Закон за градежно земјиште доколку некој поседува 30% од земјиштето, да може да ја дооформи парцелата со останатите 70%.
Направивме предлог иницијатива да се смени таа бројка и доколку имате сопственост 70%, да можете да ги дооформите и останатите 30%. Оваа иницијатива минатата година ја доставив до ЗЕЛС од каде доби едногласна поддршка и веќе е доставена на разгледување во Министерството за транспорт и врски, од каде наскоро очекуваме и конкретен одговор и чекори за понатамошно делување“, порача Герасимовски.

The post Бочварски за иницијативата за конфискација на Герасимовски: Добра е, но треба да се доработи appeared first on Република.

]]>
Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/naskoro-zapochnuvaat-gradezhni-aktivnosti-na-prostorot-na-poraneshnata-fabrika-treska-investitorite-treba-da-izgradat-gradinka/ Sun, 09 Apr 2023 09:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=628915

Општина Центар преговара со инвеститорите кои ќе подигнат згради на просторот на поранешната фабрика „Треска“, да изградат градинка и да ја донираат на Општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

„Почнати се процедури за расчистување на објектите од страна на сопствениците на одредени парцели. Иако нема градинка предвидено, ние правиме напор со сопствениците односно инвеститорите што во иднина би граделе во тој дел да направат градинка што би ја донирале на општината“, вели Герасимовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Десетици инвеститори поднесоа барање до Општина Центар за окрупнување парцели преку откуп на државно земјиште на оваа локација. Сопствениците на приватното земјиште сакаат да градат според детален урбанистички план кој беше оспорен, а според постоечката регулатива можат да бараат окрупнување на парцели доколку поседуваат над 30 отсто од земјиштето.

Државата на оваа локација поседува околу 40 отсто од државното земјиште. Градоначалникот вели дека поднесените барања се за 10.до 15 отсто од она што државата го поседува.

„До општината уште пред неколку години се пристигнати многу барања, но во моментов е процедура за расчистување на земјиштето, односно отстранување на објектите. Од тие парцели што имаат поднесено барања мислам дека е тоа мал процент на парцела, околу 10 до 15 отсто, што не се големи бројки. Останатиот дел што е државно ќе потпадне на урбанизација, решавање на сообраќајот, во делот на паркирањето и зеленилото“, вели Герасимовски.

Во април минатата година на оваа локација изби пожар, при што изгореа напуштени објекти. Локацијата е подолго време спорна поради интересот на инвеститорите да градат станбено-деловни објекти според детален урбанистички план кој не е усогласен со Генералниот урбанистички план на градот.

The post Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка appeared first on Република.

]]>

Општина Центар преговара со инвеститорите кои ќе подигнат згради на просторот на поранешната фабрика „Треска“, да изградат градинка и да ја донираат на Општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
„Почнати се процедури за расчистување на објектите од страна на сопствениците на одредени парцели. Иако нема градинка предвидено, ние правиме напор со сопствениците односно инвеститорите што во иднина би граделе во тој дел да направат градинка што би ја донирале на општината“, вели Герасимовски во интервју за Радио Слободна Европа.
Десетици инвеститори поднесоа барање до Општина Центар за окрупнување парцели преку откуп на државно земјиште на оваа локација. Сопствениците на приватното земјиште сакаат да градат според детален урбанистички план кој беше оспорен, а според постоечката регулатива можат да бараат окрупнување на парцели доколку поседуваат над 30 отсто од земјиштето. Државата на оваа локација поседува околу 40 отсто од државното земјиште. Градоначалникот вели дека поднесените барања се за 10.до 15 отсто од она што државата го поседува.
„До општината уште пред неколку години се пристигнати многу барања, но во моментов е процедура за расчистување на земјиштето, односно отстранување на објектите. Од тие парцели што имаат поднесено барања мислам дека е тоа мал процент на парцела, околу 10 до 15 отсто, што не се големи бројки. Останатиот дел што е државно ќе потпадне на урбанизација, решавање на сообраќајот, во делот на паркирањето и зеленилото“, вели Герасимовски.
Во април минатата година на оваа локација изби пожар, при што изгореа напуштени објекти. Локацијата е подолго време спорна поради интересот на инвеститорите да градат станбено-деловни објекти според детален урбанистички план кој не е усогласен со Генералниот урбанистички план на градот.

The post Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: За да оневозможиме функционирање на две дивоградби потрошивме околу 5 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-za-da-onevozmozhime-funktsionirane-na-dve-divogradbi-potroshivme-okolu-5-milioni-denari/ Sun, 09 Apr 2023 08:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=628897

За два објекти коишто се планирани за отстранување во последниот месец, ни беа потребни околу 5 милиони денари за да ги оневозможиме да бидат функционални. А за да го отстраниме целите објекти потребни се неколкупати повеќе средства, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски во интервју за РСЕ.

-Се соочуваме со проблем со одредени дивоградби коишто се градат на државно земјиште, во зелен појас. Иако е постапено целосно од наша страна како општина, поставени жолти ленти, пишани казни за отстранување и уривање на диво изграден објект, се соочуваме со огромни финансиски средства кои треба да ги искористиме за нивно отстранување. Нам, за два објекти коишто се планирани за отстранување во последниот месец, ни беа потребни околу 5 милиони денари за да ги оневозможиме да бидат функционални. Се соочуваме со проблем зашто ќе се урнат неколку столба од објектот, тој не е функционален, но во истиот се населуваат бездомници, создаваат дополнителни проблеми во околината, а за да го отстраниме целиот објекти потребни се неколкупати повеќе средства и претставува огромен проблем на општината и на општинскиот буџет.

The post Герасимовски: За да оневозможиме функционирање на две дивоградби потрошивме околу 5 милиони денари appeared first on Република.

Повеќе градилишта низ Центар не ги почитуваат законските прописи, увиде градоначалникот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poveke-gradilishta-niz-tsentar-ne-gi-pochituvaat-zakonskite-propisi-uvide-gradonachalnikot/ Fri, 07 Apr 2023 12:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=628343

Придружуван од општинските служби, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи обиколка на неколку градилишта во општината. Општина Центар спроведува зачестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.

Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме дека не се почиутваат законските прописи на повеќе градилишта. Поради тие причини, на моја лична иницијатива, формиравме и нова комисија и тројно ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Тие ќе бидат одговорни да следат точно што се случува на терен, од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумана урбанизација со почитување на законите. Неуморно работам да го одржам ветувањето пред граѓаните, вели Герасимовски.

Како што е наведено во соопштението од Општина Центар, покрај контролите за дивоградби и за одвивање на градежните зафати кај легалните објекти со одобренија за градба, комуналните инспектори од Општина Центар изминатите неколку недели спроведуваа контроли согласно Законот за јавна чистота.

- На терен изведувачите се информираат за насоката градежните објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена и да не се пали и уништува смет. Инспекцијата апелира и граѓаните да се воздржат од палеље на огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат чисти и измиени тркала и да се покриени со церади, поради контрола на прашината, се наведува во соопштението.

Според извештаите од комуналната инспекција, како што посочуваат од Општина Центар, известени и контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Извршени се повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени три глоби на правни лица и одговорни лица, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

The post Повеќе градилишта низ Центар не ги почитуваат законските прописи, увиде градоначалникот appeared first on Република.

]]>

Придружуван од општинските служби, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи обиколка на неколку градилишта во општината. Општина Центар спроведува зачестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.
Иако имаат уредна документација за градба, по зачестените контроли на терен увидовме дека не се почиутваат законските прописи на повеќе градилишта. Поради тие причини, на моја лична иницијатива, формиравме и нова комисија и тројно ги зголемивме инспекциските контроли. Новата комисија ќе врши целосен увид на градежните работи на активните градилишта и ќе контролира дивоградби. Тие ќе бидат одговорни да следат точно што се случува на терен, од почнување на градбата до нивно завршување. Мојата цел е во Општина Центар да има хумана урбанизација со почитување на законите. Неуморно работам да го одржам ветувањето пред граѓаните, вели Герасимовски.
Како што е наведено во соопштението од Општина Центар, покрај контролите за дивоградби и за одвивање на градежните зафати кај легалните објекти со одобренија за градба, комуналните инспектори од Општина Центар изминатите неколку недели спроведуваа контроли согласно Законот за јавна чистота. - На терен изведувачите се информираат за насоката градежните објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена и да не се пали и уништува смет. Инспекцијата апелира и граѓаните да се воздржат од палеље на огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат чисти и измиени тркала и да се покриени со церади, поради контрола на прашината, се наведува во соопштението. Според извештаите од комуналната инспекција, како што посочуваат од Општина Центар, известени и контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала. Извршени се повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени три глоби на правни лица и одговорни лица, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.