Горан Бреговиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-bregovikj/ За подобро да се разбереме Sat, 11 May 2024 20:00:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Горан Бреговиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-bregovikj/ 32 32 Има што да покаже: Се соблече ќерката на Горан Бреговиќ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/ima-shto-da-pokazhe-se-sobleche-kerkata-na-goran-bregovik/ Sat, 11 May 2024 20:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=777126

Најмладата ќерка на Горан Бреговиќ,Лула, која во мај наполни 20 години, е заинтересирана за модата и дизајнот. Се занимава со нокти, поточно, уметничко цртање.

Работи во нејзиниот дом во Париз а не во салон, па ги „предупреди“ клиентите кои се алергични на мачки да го имаат на ум ова.

Познат е и нејзиниот ценовникот не е тајна: дизајнирањето на природни нокти чини 20 евра, за гел сет треба да одвоите од 30 до 40, во зависност од големината, додека „full freestyle“ чини 45 евра.

The post Има што да покаже: Се соблече ќерката на Горан Бреговиќ appeared first on Република.

]]>

Најмладата ќерка на Горан Бреговиќ,Лула, која во мај наполни 20 години, е заинтересирана за модата и дизајнот. Се занимава со нокти, поточно, уметничко цртање. Работи во нејзиниот дом во Париз а не во салон, па ги „предупреди“ клиентите кои се алергични на мачки да го имаат на ум ова. Познат е и нејзиниот ценовникот не е тајна: дизајнирањето на природни нокти чини 20 евра, за гел сет треба да одвоите од 30 до 40, во зависност од големината, додека „full freestyle“ чини 45 евра.

The post Има што да покаже: Се соблече ќерката на Горан Бреговиќ appeared first on Република.

]]>
Бреговиќ: Каков свет им оставаме на нашите деца https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/bregovik-kakov-svet-im-ostavame-na-nashite-detsa/ Sun, 24 Mar 2024 11:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=758067

Синоќешниот настап на Горан Бреговиќ и неговиот оркестар за свадби и погреби донесе 17 музичари на сцената кои маестрално изведоа песни од неговите два последни албума „Три писма од Сараево” и Папокот на светот”.

Бреговиќ го почна концертот споделувајќи ја приказната на новинарката на Си-Ен-Ен, Ребека Смит која разговарала со рабин кој 60 години се молел пред Ѕидот на плачот во Ерусалим.

Отишла таму да направи репортажа и го прашала за што се моли. ‘Се молам за мир помеѓу христијаните, муслиманите и Евреите, се молам војните и омразата да престанат, нашите деца да станат одговорни луѓе и да ги сакаат своите соседи, но 60 години се чувствувам како да зборувам со ѕид’, ѝ рекол рабинот. Овој концерт е со таа порака. Да научиме да се сакаме и да ги научиме нашите деца да не чувствуваат омраза, рече Бреговиќ.

Следуваа познаните „Месечина”, „Ова е Балкан” и „Калашњиков”, која ја свири на бис, секогаш ја развеселуваат публиката, а така беше и во Скопје.

Како предгрупа настапија нашите Леб и сол”. Македонскиот рок бенд последен пат свирел со босанскиот музичар и неговото Бијело дугме” во 1977 година, а Бодан Арсовски пред да ја напуштат сцената рече дека се надева оти следниот пат, во Сараево Бреговиќ ќе настапи како предгрупа на „Леб и сол“.

Претходно во интервју за „Република“, Бреговиќ на прашањето како гледае на тоа каде оди светот рече:

Мојата последна плоча се вика „Папокот на светот“ и на корицата од албумот јас го бакнувам стомакот на една бремена Африканка која има тетоважа на земјината топка на стомакот. Сакам да кажам дека без оглед на религијата, на бојата на кожата или на било каква различност, сите ние имаме една единствена мајка која сите не родила, а тоа е планетата Земја, а кон неа се однесуваме полошо отколку кон најлоша маќеа. И како и сите кои имаат деца си мислиме каков свет им оставаме на нашите деца. Што ќе остане од овој убав свет кој ние го имавме за нас. Што ќе им остане нив.

https://republika.mk/scena/talentot-e-kako-pasta-za-zabi-ako-ne-pritisnete-nema-nishto-da-izleze/

The post Бреговиќ: Каков свет им оставаме на нашите деца appeared first on Република.

]]>

Синоќешниот настап на Горан Бреговиќ и неговиот оркестар за свадби и погреби донесе 17 музичари на сцената кои маестрално изведоа песни од неговите два последни албума „Три писма од Сараево” и Папокот на светот”. Бреговиќ го почна концертот споделувајќи ја приказната на новинарката на Си-Ен-Ен, Ребека Смит која разговарала со рабин кој 60 години се молел пред Ѕидот на плачот во Ерусалим.
Отишла таму да направи репортажа и го прашала за што се моли. ‘Се молам за мир помеѓу христијаните, муслиманите и Евреите, се молам војните и омразата да престанат, нашите деца да станат одговорни луѓе и да ги сакаат своите соседи, но 60 години се чувствувам како да зборувам со ѕид’, ѝ рекол рабинот. Овој концерт е со таа порака. Да научиме да се сакаме и да ги научиме нашите деца да не чувствуваат омраза, рече Бреговиќ.
Следуваа познаните „Месечина”, „Ова е Балкан” и „Калашњиков”, која ја свири на бис, секогаш ја развеселуваат публиката, а така беше и во Скопје. Како предгрупа настапија нашите Леб и сол”. Македонскиот рок бенд последен пат свирел со босанскиот музичар и неговото Бијело дугме” во 1977 година, а Бодан Арсовски пред да ја напуштат сцената рече дека се надева оти следниот пат, во Сараево Бреговиќ ќе настапи како предгрупа на „Леб и сол“. Претходно во интервју за „Република“, Бреговиќ на прашањето како гледае на тоа каде оди светот рече:
Мојата последна плоча се вика „Папокот на светот“ и на корицата од албумот јас го бакнувам стомакот на една бремена Африканка која има тетоважа на земјината топка на стомакот. Сакам да кажам дека без оглед на религијата, на бојата на кожата или на било каква различност, сите ние имаме една единствена мајка која сите не родила, а тоа е планетата Земја, а кон неа се однесуваме полошо отколку кон најлоша маќеа. И како и сите кои имаат деца си мислиме каков свет им оставаме на нашите деца. Што ќе остане од овој убав свет кој ние го имавме за нас. Што ќе им остане нив.
https://republika.mk/scena/talentot-e-kako-pasta-za-zabi-ako-ne-pritisnete-nema-nishto-da-izleze/

The post Бреговиќ: Каков свет им оставаме на нашите деца appeared first on Република.

]]>
„Леб и сол“ и Бреговиќ вечерва на иста сцена како некогаш https://arhiva3.republika.mk/scena/leb-i-sol-i-bregovik-vecherva-na-ista-stsena-kako-nekogash/ Sat, 23 Mar 2024 12:29:53 +0000 https://republika.mk/?p=749170

Во далечната 1977 година, „Леб и сол“ и „Бијело дугме“ прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански”, и тоа на големиот славенички концерт на Бреговиќ закажан на 23 март.

Во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните „Бијело дугме“ и на само еден ден после прославата на 74. роденден – Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори, ќе одржи концерт во Скопје. Славеничкиот концерт е закажан на 23 март во спортскиот центар „Јане Сандански”, а за загревањето на атмосферата на истиот, баш како некогаш ќе бидат задолжени членовите на Леб и сол.

60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на Леб и сол, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА.

Бреговиќ во Скопје овој пат доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика онака како што доликува да ги прослави двата убави поводи – роденденот и јубилејот.

The post „Леб и сол“ и Бреговиќ вечерва на иста сцена како некогаш appeared first on Република.

]]>

Во далечната 1977 година, „Леб и сол“ и „Бијело дугме“ прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански”, и тоа на големиот славенички концерт на Бреговиќ закажан на 23 март. Во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните „Бијело дугме“ и на само еден ден после прославата на 74. роденден – Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори, ќе одржи концерт во Скопје. Славеничкиот концерт е закажан на 23 март во спортскиот центар „Јане Сандански”, а за загревањето на атмосферата на истиот, баш како некогаш ќе бидат задолжени членовите на Леб и сол. 60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на Леб и сол, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА. Бреговиќ во Скопје овој пат доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика онака како што доликува да ги прослави двата убави поводи – роденденот и јубилејот.  

The post „Леб и сол“ и Бреговиќ вечерва на иста сцена како некогаш appeared first on Република.

]]>
Талентот е како паста за заби, ако не притиснете нема ништо да излезе https://arhiva3.republika.mk/scena/talentot-e-kako-pasta-za-zabi-ako-ne-pritisnete-nema-nishto-da-izleze/ Mon, 18 Mar 2024 11:01:34 +0000 https://republika.mk/?p=755785

Најголемата рок легенда на балканските простори, Горан Бреговиќ, на 23 март ќе одржи голем славенички концерт во спортскиот центар „Јане Сандански".
Во годината кога се одбележуваат 50 години од основањето на најуспешната ех ју рок  група „Бијело Дугме“, а само еден ден после неговиот  роденден, Горан Бреговиќ со својот „Оркестар за свадби и погреби" ќе одржи голем славенички концерт.

Сите негови фанови во една вечер ќе имаат можност да ги слушнат најголемите хитови од неговата кариера, а Бреговиќ порача да не носиме подароци.

Вие сте мојот најголем роденденски поклон, дојдете во што поголем број, Ви ветувам невероjатен спектакл - „Ко не полуди, није нормалан".

Пред големиот роденденски концерт најголемата рок легенда на овие простори ја прифати нашата покана за разговор во кој проговори за концертот, за Сараево како метафора, за средбите со Ерик Клептон и Ернесто Сабато, што пресудило да не стане професот по филозофија, туку музичар...

Доаѓате на голем славенички роденденски концерт во Скопје. Во 2019 исто така на Вашиот роденден настапивте во Скопје со проектот „Три писма од Сараево“. Верувам во годините наназад Ви се случило на многу места во светот да прославувате роденден, но дали ќе биде овој специјален на некој начин? Што да очекува публиката?

Вистина е дека сум прославувал роденден на различни страни од светот, но сосема е поинаку кога роденденот го прославуваш меѓу свои. Така што едвај чекам да дојдам во Скопје и да се најдеме таму и да се обидеме да се провеселиме. Ќе свирам весели песни, прво затоа што ми е роденден, а второ затоа што повеќе и не пишувам поинаква музика отколку весела. Главно пишувам весела музика. ќе свирам се, со оглед на тоа дека мојот живот се дели на пред војната и после војната, ќе свирам главно музика која е пишувана после војната па наваму, бидејќи јас имав два почетоци. Ќе свирам песни кои сум ги пишувал за филмови, па песни кои сум ги пишувал кога престанав да пишувам за филмови, но стално мислев дека и тоа е некоја филмска музика, тие беа за некои филмови во мојата глава. Си мислев дека можеби има уште некои луѓе за чии филмови во нивната глава им недостига музика, па еве. Секогаш мислев дека е поважно да се пишува музика за овие некои лични филмови, бидејќи секој од нас има некој свој soundtrack, кога патува, кога не работи ништо, кога пие, кога е расположен, кога не е добро расположен и мислев дека е добро нешто од мојата музика да упадне во такви некои лични филмови. Мислам дека тоа е многу поважно отколку музиката за филмовите кои играат во кино салите.

Проектот „Три писма од Сараево“ беше прогласен за најпродаван Ethno world album во 2018. Сараево е градот кој го носите во срцето. Сте живееле на повеќе места, но веројатно токму тоа е градот што има улици баш за Вашите чекори. Сте размислувале ли да се вратите во Сараево?

Веројатно науката тешко го објаснува прашањето за тоа зошто сме толку врзани за местото во кое сме родени и каде што сме израснале. Веројатно е исто така и со скопјаните во врска со Скопје, па така е и со сарајлиите во врска со Сараево. Се разбира можете да бидете „лекуван сарајлија“, но „излекуван“ - тешко. Да се биде сарајлија е повеќе дијагноза отколку адреса. Од Сараево никогаш не заминав, таман работа. Се уште имам стан во Сараево, пријатели и спомени и уште сум, се разбира сарајлија, дури и кога тоа нема да бидам.

Ќе речете дека Сараево е метафора за нашето време, дека се она што видовме во Сараево во 1991 година, сега го гледаме ширум светот - денес сме добри соседи, а утре пукаме еден на друг бидејќи сме различни. Како гледате на тоа каде оди светот?

Мојата последна плоча се вика „Папокот на светот“ и на корицата од албумот јас го бакнувам стомакот на една бремена Африканка која има тетоважа на земјината топка на стомакот. Сакам да кажам дека без оглед на религијата, на бојата на кожата или на било каква различност, сите ние имаме една единствена мајка која сите не родила, а тоа е планетата Земја, а кон неа се однесуваме полошо отколку кон најлоша маќеа. И како и сите кои имаат деца си мислиме каков свет им оставаме на нашите деца. Што ќе остане од овој убав свет кој ние го имавме за нас. Што ќе им остане нив.

Вие сте единствениот музичар од просторот на поранешна Југославија кој направи светска кариера. Ерик Клептон посака да се сретне со Вас, а Ернесто Сабато Ви подари книга со посвета. Кажете ни нешто повеќе за тие средби?

Јас некако имав среќа да работам со уметници од кои во поинаков случај би барал автограм кога би ги сретнал на аеродром. Од Цезарија Евора до Џипси Кингс, Иги Поп...Така што кога моите соработници ме известија дека се јавил некој и се претставил како Ерик Клептон, јас реков ајде исконтактирајте, и ако не е навистина Ерик Клептон, за секој случај јавете се. Излезе дека навистина станува збор за Ерик Клептон, кој тогаш имаше концерт во Белград и јас секако сакав да одам на тој концерт зошто тој е еден од најважните нешта кои се појавиле во мојот живот. Јас почнав како музичар во стрипитз бар. Свирев во бар во Италија кога се појави групата во која свиреше Клептон и тогаш прв пат слушнав слободна музика која не е џез. И после и ние почнавме  да свириме слободна музика во тие барови кои, се разбира, не исфрлија, за моја среќа. Знаете во стриптиз баровите е удобно, таму можеш да го поминеш животот...убаво се заработува, жените се убави и можеше и мене да ми се случи така да ми помине животот, да не беше Клептон. Во овие години тие елипси кои тргнале во младоста почнуваат да се затвораат. Клептон дојде во Белград, се видовме на концертот и следниот ден дојде да пиеме кафе во моето атеље. Сакаше да види на што работам, на какви гитари свирам...и ми рече дека мојата прва плоча ја добил на подарок од Скорсезе и после тоа постојано ги купувал моите плочи. А Сабато е исто така една елипса. Кога имав концерт во Буенос Аирес на рецепција во хотелот каде што бев сместен ме дочека плик и во него беше книга со посвета од Ернесто Сабато, каде тој вели дека мојата музика многу пати го спасила во моменти на депресија и дека е премногу стар за да дојде на мојот концерт и посакува убав настап. Јас нему му напишав писмо во времето кога бев на отслужување на воен рок во Ниш. Во тоа време на одреден број војници имаше не знам колку книги во библиотеката во касарната. И бидејќи тоа беше огромна касарна и имаше многу војници, сите книги беа украдени, освен книгите на Маркс, Енгелс и на Тито и латиноамерикански писатели кои во тоа време се уште не беа во мода. Јас, можеби за прв и единствен пат кога сум украл нешто, беше токму таа книга со предговор на Борхес, која сега Сабато ми ја подари. Тоа издание го понесов со себе во Сараево и имаше потоа свој живот. Им ја позајмував на пријатели, но кога почна војната заедно со останатите нешта ја изгубив и својата библиотека, а потоа ова негово писмо и подарената книга како да ми даде знак, бидејќи дотогаш мислев дека два пати да се прави библиотека од почеток е можеби премногу. И тоа беше знак дека можам повторно да почнам да создавам своја домашна библиотека. Така што и тоа беше една елипса, од многуте кои тргнаа одамна од Сараево, и сега последниве години се затвораат.

Пишувате песни, компонирате, одржувате концерти, снимате албуми, но и филмови...Каде Горан Бреговиќ најмногу ужива? Во што најмногу се пронаоѓате?

Добро е кога и во овие години има многу нешта кои можам да ги учам и многу нешта во кои можам да уживам. Се уште сакам да сум на турнеја, покрај мене да поминуваат градови. Доколку би свирел само на оваа територија веројатно би ми здосадило, но бидејќи свирам низ цел свет - навистина го сакам тоа. Кога животот ви се врти меѓу Сибир и Исланд,  и Јужна Америка и Нов Зеланд, и Макао и Хонг Конг околу стотина дена во годината, веројатно е пријатно. Некој можеби би рекол: „О па тоа е напорно толку континети“, но што би работел друго? Да одам на риболов?  Така што мислам дека сега добро пишувам и можеби најмногу уживам во ова што го работам.

Музиката е јазик кој сите го разбираат. Каква музика сакате да слушате за своја душа? Која би ја нарачале во кафеана, на пример?

Искрено, јас повеќе не слушам никаква музика. Секогаш мислам дека сум како некој стар гинеколог кој кога ќе дојде дома, без оглед што ја работи најубавата работа на светот, сепак не го работи тоа кога ќе дојде дома. Така и јас, не слушам повеќе музика. Кога ќе одам во кафеана, пак, нашата народна музика има многу малку весели песни, па така што главно порачувам весели песни. Но, нив, за жал, ги нема многу, зошто ние сме народ кој и кога се весели пее тажни песни. Е тоа, за некој од страна изгледа многу чудно.

 „Бјело дугме“ ја испиша музичката историја на поранешна Југославија. Морам да Ви признам, омилени ми се „Лоше вино“ и „Има нека тајна веза“. Како се инспириравте за песните? Дали се вистински настани во прашање? Вистински личности?

„Лоше вино“ всушност ја пишував за Здравко Чолиќ, бидејќи недостигаше една песна во студиото кога ја продуцирав таа плоча. Ја напишав набрзина, а и Арсен за пет минути го напиша текстот, додека „Има нека тајна веза“ беше пишувана за документарен филм за затворски чувар. Ако добро се погледне текстот не станува збор за љубовен текст, туку говори за тоа дека „овие сите ќе излезат од затворот кога ќе ја отслужат казната, само тој затворски чувар и понатаму ќе остане да биде во тој затвор“ - „Sidro koje ladju cuva, da ne bude buri plijen...“. И прв пат ја снимав во Централниот затвор.

Како изгледаше за Вас, во тоа време, да се биде ѕвезда во онаа Југославија, од Триглав до Гевгелија?

Веројатно да се биде ѕвезда секаде е исто. Секогаш имате од се премногу. Премногу слава, премногу пари, премногу жени...премногу од се, и тогаш по некое време „ се прејадувате“ од сето тоа и веќе последниве години некако се потешко ми паѓа таа улога да бидам тој познат фраер што свири гитара. Сега некако овој дел од мојата кариера ми се допаѓа, бидејќи немам обврска да бидам „убав гитарист“. Повеќето луѓе кои ја слушаат мојата музика дома, немаат воопшто  обврска да знаат како изгледам, ниту има потреба од тоа.

Имавте можност да бидете професор по филозофија, но се одлучивте за музиката. Што беше она што пресуди во изборот?

Ако во средно училиште сте имале предмет Филозофија, знаете дека професорот по Филозофија, за разлика од професорот по Математика нема никаков авторитет, веројатно со право. А во она време на комунизмот кога ќе завршите Филозофија, ќе добиете титула професор  по Марксизам, така што мојата судбина беше да им предавам на децата Марксизам, а тоа баш и не е некоја професија и јас веќе кога бев четврта година мислев дека тоа е тешка судбина за мене. Кога станав ѕвезда тоа ме спаси од таа судбина да им предавам Филозофија на децата во средно училиште. Многу подобро е да се биде ѕвезда.

Имате ли некоја максима која ви е водилка во животот? Сте поминале многу искуства и предизвици, па што е она што секогаш Ве држи да истраете и во најтешките моменти?

Мислам дека ја открив работата. Се разбира, многу подоцна од другите луѓе, бидејќи не бев приморан да работам кога бев помлад, туку почнав да работам кога во војната се најдов во странство, бидејќи бев приморан, останав без ништо. Така што мислам дека треба да се работи. Единствена елегантна човечка состојба е човек кој работи. Колку и да сте талентирани. Може да ми кажете име на било кој уметни, тој сигурно работел осум часа како цел нормален свет. Верувам во работа од осум часа, бидејќи талентот е како некоја паста за заби. Ако не притиснете нема ништо да излезе. И јас денеска сакам да работам осум часа како цел нормален свет.

Што би сакале да им порачате на своите помлади колеги? Каков совет би им дале од оваа перспектива со сето искуство зад Вас?

Ако веќе сте се одлучиле да бидете музичар вие сте на теренот на најдлабокиот човечки говор, така што немојте да се занимавате со тоа за да имитирате нечиј туѓ говор, бидејќи тоа , прво нема смисла, а второ - тоа е невозможно. Потпрете се на традицијата од која доаѓате колку и да е таа мала.

Влатко Стефановски, виртуозот на гитара, неодамна во интервју за Танјуг ТВ изјави дека денешната музика се прави како да правите колбаси, дека е фабрикувана и за него не е интересен тој начин на создавање музика. Дали би се согласиле со него? Како гледате на новите бендови? На денешната музика?

Јас не би бил толку строг како Влатко. Се разбира, дека и сега има добра музика, а има и лоша -  исто како што ја имаше и во наше време- и добра и лоша. А веројатно како Влатко сакам да се сретнувам со луѓето додека ја правам музиката. На моите плочи секогаш се наоѓаат некои луѓе кои поминуваат низ моите плочи и оставаат траги. Тоа никогаш не е „ ти испратив фајл, па после ти мене ми праќаш фајл“... Секогаш јас сум патувал, ако треба до најодалечените места. Сум патувал до Бразил за да снимам, до Москва за да снимам балалајка...Веројатно и јас и Влатко така ја замислуваме музиката. Тоа беше некој момент кога се јаде, се пие и се прави музика. Тоа ќе ни остане во спомените. А тоа „фајлови летаат лево-десно“ тоа не остава никаква трага во нас. Можеби ако остави некаде по светот, но не остава во нас. Ми се чини дека на нашата генерација, мојата и на Влатко, таквите моменти се скапоцени.

На концертот во Скопје „Леб и сол“ и Бреговиќ ќе бидат на иста сцена, баш како некогаш. Во далечната 1977 година „Леб и сол“ и „Бијело дугме“ прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза.

60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на „Леб и сол“, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА.

разговараше: Невена Поповска

The post Талентот е како паста за заби, ако не притиснете нема ништо да излезе appeared first on Република.

]]>

Најголемата рок легенда на балканските простори, Горан Бреговиќ, на 23 март ќе одржи голем славенички концерт во спортскиот центар „Јане Сандански". Во годината кога се одбележуваат 50 години од основањето на најуспешната ех ју рок  група „Бијело Дугме“, а само еден ден после неговиот  роденден, Горан Бреговиќ со својот „Оркестар за свадби и погреби" ќе одржи голем славенички концерт. Сите негови фанови во една вечер ќе имаат можност да ги слушнат најголемите хитови од неговата кариера, а Бреговиќ порача да не носиме подароци.
Вие сте мојот најголем роденденски поклон, дојдете во што поголем број, Ви ветувам невероjатен спектакл - „Ко не полуди, није нормалан".
Пред големиот роденденски концерт најголемата рок легенда на овие простори ја прифати нашата покана за разговор во кој проговори за концертот, за Сараево како метафора, за средбите со Ерик Клептон и Ернесто Сабато, што пресудило да не стане професот по филозофија, туку музичар... Доаѓате на голем славенички роденденски концерт во Скопје. Во 2019 исто така на Вашиот роденден настапивте во Скопје со проектот „Три писма од Сараево“. Верувам во годините наназад Ви се случило на многу места во светот да прославувате роденден, но дали ќе биде овој специјален на некој начин? Што да очекува публиката?
Вистина е дека сум прославувал роденден на различни страни од светот, но сосема е поинаку кога роденденот го прославуваш меѓу свои. Така што едвај чекам да дојдам во Скопје и да се најдеме таму и да се обидеме да се провеселиме. Ќе свирам весели песни, прво затоа што ми е роденден, а второ затоа што повеќе и не пишувам поинаква музика отколку весела. Главно пишувам весела музика. ќе свирам се, со оглед на тоа дека мојот живот се дели на пред војната и после војната, ќе свирам главно музика која е пишувана после војната па наваму, бидејќи јас имав два почетоци. Ќе свирам песни кои сум ги пишувал за филмови, па песни кои сум ги пишувал кога престанав да пишувам за филмови, но стално мислев дека и тоа е некоја филмска музика, тие беа за некои филмови во мојата глава. Си мислев дека можеби има уште некои луѓе за чии филмови во нивната глава им недостига музика, па еве. Секогаш мислев дека е поважно да се пишува музика за овие некои лични филмови, бидејќи секој од нас има некој свој soundtrack, кога патува, кога не работи ништо, кога пие, кога е расположен, кога не е добро расположен и мислев дека е добро нешто од мојата музика да упадне во такви некои лични филмови. Мислам дека тоа е многу поважно отколку музиката за филмовите кои играат во кино салите.
Проектот „Три писма од Сараево“ беше прогласен за најпродаван Ethno world album во 2018. Сараево е градот кој го носите во срцето. Сте живееле на повеќе места, но веројатно токму тоа е градот што има улици баш за Вашите чекори. Сте размислувале ли да се вратите во Сараево?
Веројатно науката тешко го објаснува прашањето за тоа зошто сме толку врзани за местото во кое сме родени и каде што сме израснале. Веројатно е исто така и со скопјаните во врска со Скопје, па така е и со сарајлиите во врска со Сараево. Се разбира можете да бидете „лекуван сарајлија“, но „излекуван“ - тешко. Да се биде сарајлија е повеќе дијагноза отколку адреса. Од Сараево никогаш не заминав, таман работа. Се уште имам стан во Сараево, пријатели и спомени и уште сум, се разбира сарајлија, дури и кога тоа нема да бидам.
Ќе речете дека Сараево е метафора за нашето време, дека се она што видовме во Сараево во 1991 година, сега го гледаме ширум светот - денес сме добри соседи, а утре пукаме еден на друг бидејќи сме различни. Како гледате на тоа каде оди светот?
Мојата последна плоча се вика „Папокот на светот“ и на корицата од албумот јас го бакнувам стомакот на една бремена Африканка која има тетоважа на земјината топка на стомакот. Сакам да кажам дека без оглед на религијата, на бојата на кожата или на било каква различност, сите ние имаме една единствена мајка која сите не родила, а тоа е планетата Земја, а кон неа се однесуваме полошо отколку кон најлоша маќеа. И како и сите кои имаат деца си мислиме каков свет им оставаме на нашите деца. Што ќе остане од овој убав свет кој ние го имавме за нас. Што ќе им остане нив.
Вие сте единствениот музичар од просторот на поранешна Југославија кој направи светска кариера. Ерик Клептон посака да се сретне со Вас, а Ернесто Сабато Ви подари книга со посвета. Кажете ни нешто повеќе за тие средби?
Јас некако имав среќа да работам со уметници од кои во поинаков случај би барал автограм кога би ги сретнал на аеродром. Од Цезарија Евора до Џипси Кингс, Иги Поп...Така што кога моите соработници ме известија дека се јавил некој и се претставил како Ерик Клептон, јас реков ајде исконтактирајте, и ако не е навистина Ерик Клептон, за секој случај јавете се. Излезе дека навистина станува збор за Ерик Клептон, кој тогаш имаше концерт во Белград и јас секако сакав да одам на тој концерт зошто тој е еден од најважните нешта кои се појавиле во мојот живот. Јас почнав како музичар во стрипитз бар. Свирев во бар во Италија кога се појави групата во која свиреше Клептон и тогаш прв пат слушнав слободна музика која не е џез. И после и ние почнавме  да свириме слободна музика во тие барови кои, се разбира, не исфрлија, за моја среќа. Знаете во стриптиз баровите е удобно, таму можеш да го поминеш животот...убаво се заработува, жените се убави и можеше и мене да ми се случи така да ми помине животот, да не беше Клептон. Во овие години тие елипси кои тргнале во младоста почнуваат да се затвораат. Клептон дојде во Белград, се видовме на концертот и следниот ден дојде да пиеме кафе во моето атеље. Сакаше да види на што работам, на какви гитари свирам...и ми рече дека мојата прва плоча ја добил на подарок од Скорсезе и после тоа постојано ги купувал моите плочи. А Сабато е исто така една елипса. Кога имав концерт во Буенос Аирес на рецепција во хотелот каде што бев сместен ме дочека плик и во него беше книга со посвета од Ернесто Сабато, каде тој вели дека мојата музика многу пати го спасила во моменти на депресија и дека е премногу стар за да дојде на мојот концерт и посакува убав настап. Јас нему му напишав писмо во времето кога бев на отслужување на воен рок во Ниш. Во тоа време на одреден број војници имаше не знам колку книги во библиотеката во касарната. И бидејќи тоа беше огромна касарна и имаше многу војници, сите книги беа украдени, освен книгите на Маркс, Енгелс и на Тито и латиноамерикански писатели кои во тоа време се уште не беа во мода. Јас, можеби за прв и единствен пат кога сум украл нешто, беше токму таа книга со предговор на Борхес, која сега Сабато ми ја подари. Тоа издание го понесов со себе во Сараево и имаше потоа свој живот. Им ја позајмував на пријатели, но кога почна војната заедно со останатите нешта ја изгубив и својата библиотека, а потоа ова негово писмо и подарената книга како да ми даде знак, бидејќи дотогаш мислев дека два пати да се прави библиотека од почеток е можеби премногу. И тоа беше знак дека можам повторно да почнам да создавам своја домашна библиотека. Така што и тоа беше една елипса, од многуте кои тргнаа одамна од Сараево, и сега последниве години се затвораат.
Пишувате песни, компонирате, одржувате концерти, снимате албуми, но и филмови...Каде Горан Бреговиќ најмногу ужива? Во што најмногу се пронаоѓате?
Добро е кога и во овие години има многу нешта кои можам да ги учам и многу нешта во кои можам да уживам. Се уште сакам да сум на турнеја, покрај мене да поминуваат градови. Доколку би свирел само на оваа територија веројатно би ми здосадило, но бидејќи свирам низ цел свет - навистина го сакам тоа. Кога животот ви се врти меѓу Сибир и Исланд,  и Јужна Америка и Нов Зеланд, и Макао и Хонг Конг околу стотина дена во годината, веројатно е пријатно. Некој можеби би рекол: „О па тоа е напорно толку континети“, но што би работел друго? Да одам на риболов?  Така што мислам дека сега добро пишувам и можеби најмногу уживам во ова што го работам.
Музиката е јазик кој сите го разбираат. Каква музика сакате да слушате за своја душа? Која би ја нарачале во кафеана, на пример?
Искрено, јас повеќе не слушам никаква музика. Секогаш мислам дека сум како некој стар гинеколог кој кога ќе дојде дома, без оглед што ја работи најубавата работа на светот, сепак не го работи тоа кога ќе дојде дома. Така и јас, не слушам повеќе музика. Кога ќе одам во кафеана, пак, нашата народна музика има многу малку весели песни, па така што главно порачувам весели песни. Но, нив, за жал, ги нема многу, зошто ние сме народ кој и кога се весели пее тажни песни. Е тоа, за некој од страна изгледа многу чудно.
 „Бјело дугме“ ја испиша музичката историја на поранешна Југославија. Морам да Ви признам, омилени ми се „Лоше вино“ и „Има нека тајна веза“. Како се инспириравте за песните? Дали се вистински настани во прашање? Вистински личности?
„Лоше вино“ всушност ја пишував за Здравко Чолиќ, бидејќи недостигаше една песна во студиото кога ја продуцирав таа плоча. Ја напишав набрзина, а и Арсен за пет минути го напиша текстот, додека „Има нека тајна веза“ беше пишувана за документарен филм за затворски чувар. Ако добро се погледне текстот не станува збор за љубовен текст, туку говори за тоа дека „овие сите ќе излезат од затворот кога ќе ја отслужат казната, само тој затворски чувар и понатаму ќе остане да биде во тој затвор“ - „Sidro koje ladju cuva, da ne bude buri plijen...“. И прв пат ја снимав во Централниот затвор.
Како изгледаше за Вас, во тоа време, да се биде ѕвезда во онаа Југославија, од Триглав до Гевгелија?
Веројатно да се биде ѕвезда секаде е исто. Секогаш имате од се премногу. Премногу слава, премногу пари, премногу жени...премногу од се, и тогаш по некое време „ се прејадувате“ од сето тоа и веќе последниве години некако се потешко ми паѓа таа улога да бидам тој познат фраер што свири гитара. Сега некако овој дел од мојата кариера ми се допаѓа, бидејќи немам обврска да бидам „убав гитарист“. Повеќето луѓе кои ја слушаат мојата музика дома, немаат воопшто  обврска да знаат како изгледам, ниту има потреба од тоа.
  Имавте можност да бидете професор по филозофија, но се одлучивте за музиката. Што беше она што пресуди во изборот?
Ако во средно училиште сте имале предмет Филозофија, знаете дека професорот по Филозофија, за разлика од професорот по Математика нема никаков авторитет, веројатно со право. А во она време на комунизмот кога ќе завршите Филозофија, ќе добиете титула професор  по Марксизам, така што мојата судбина беше да им предавам на децата Марксизам, а тоа баш и не е некоја професија и јас веќе кога бев четврта година мислев дека тоа е тешка судбина за мене. Кога станав ѕвезда тоа ме спаси од таа судбина да им предавам Филозофија на децата во средно училиште. Многу подобро е да се биде ѕвезда.
Имате ли некоја максима која ви е водилка во животот? Сте поминале многу искуства и предизвици, па што е она што секогаш Ве држи да истраете и во најтешките моменти?
Мислам дека ја открив работата. Се разбира, многу подоцна од другите луѓе, бидејќи не бев приморан да работам кога бев помлад, туку почнав да работам кога во војната се најдов во странство, бидејќи бев приморан, останав без ништо. Така што мислам дека треба да се работи. Единствена елегантна човечка состојба е човек кој работи. Колку и да сте талентирани. Може да ми кажете име на било кој уметни, тој сигурно работел осум часа како цел нормален свет. Верувам во работа од осум часа, бидејќи талентот е како некоја паста за заби. Ако не притиснете нема ништо да излезе. И јас денеска сакам да работам осум часа како цел нормален свет.
Што би сакале да им порачате на своите помлади колеги? Каков совет би им дале од оваа перспектива со сето искуство зад Вас?
Ако веќе сте се одлучиле да бидете музичар вие сте на теренот на најдлабокиот човечки говор, така што немојте да се занимавате со тоа за да имитирате нечиј туѓ говор, бидејќи тоа , прво нема смисла, а второ - тоа е невозможно. Потпрете се на традицијата од која доаѓате колку и да е таа мала.
Влатко Стефановски, виртуозот на гитара, неодамна во интервју за Танјуг ТВ изјави дека денешната музика се прави како да правите колбаси, дека е фабрикувана и за него не е интересен тој начин на создавање музика. Дали би се согласиле со него? Како гледате на новите бендови? На денешната музика?
Јас не би бил толку строг како Влатко. Се разбира, дека и сега има добра музика, а има и лоша -  исто како што ја имаше и во наше време- и добра и лоша. А веројатно како Влатко сакам да се сретнувам со луѓето додека ја правам музиката. На моите плочи секогаш се наоѓаат некои луѓе кои поминуваат низ моите плочи и оставаат траги. Тоа никогаш не е „ ти испратив фајл, па после ти мене ми праќаш фајл“... Секогаш јас сум патувал, ако треба до најодалечените места. Сум патувал до Бразил за да снимам, до Москва за да снимам балалајка...Веројатно и јас и Влатко така ја замислуваме музиката. Тоа беше некој момент кога се јаде, се пие и се прави музика. Тоа ќе ни остане во спомените. А тоа „фајлови летаат лево-десно“ тоа не остава никаква трага во нас. Можеби ако остави некаде по светот, но не остава во нас. Ми се чини дека на нашата генерација, мојата и на Влатко, таквите моменти се скапоцени.
На концертот во Скопје „Леб и сол“ и Бреговиќ ќе бидат на иста сцена, баш како некогаш. Во далечната 1977 година „Леб и сол“ и „Бијело дугме“ прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза. 60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на „Леб и сол“, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА.
разговараше: Невена Поповска

The post Талентот е како паста за заби, ако не притиснете нема ништо да излезе appeared first on Република.

]]>
Се тепале за него: Бреговиќ на 72 години е во врска со две љубовници истовремено https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/se-tepale-za-nego-bregovik-na-72-godini-e-vo-vrska-so-dve-lubovnitsi-istovremeno/ Tue, 21 Mar 2023 07:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=621834

Горан Бреговиќ  иако со години е во стабилен брак, доживеа жени да се караат  и тепаат за  него.Како што дознава„ Курир.рс“, инцидентот се случил во Париз, кога водачот на Оркестарот за свадби и погреби најпрвин имал тајна врска со едната, а потоа и со другата девојка.

Со месеци бил во паралелна врска со двете жени. И двете ги сакал и почитувал на свој начин и не можел да ги остави.

[caption id="attachment_621836" align="alignnone" width="607"] фото Кури.рс[/caption]

Кога едната дознала за другата настанал хаос, се степале па обезбедувањето во хотелот морало да ги раздвои.

72 годишниот Брега има имот во Париз каде престојува, а им изнајмува хотел на своите љубовници.  Кога за скандалот дознала неговата сопруга извесен период не бил во контакт ниту со ниту една од нив, но кога страстите стивнале, тој одвреме-навреме повторно се гледаал со двете љубовници.

The post Се тепале за него: Бреговиќ на 72 години е во врска со две љубовници истовремено appeared first on Република.

]]>

Горан Бреговиќ  иако со години е во стабилен брак, доживеа жени да се караат  и тепаат за  него.Како што дознава„ Курир.рс“, инцидентот се случил во Париз, кога водачот на Оркестарот за свадби и погреби најпрвин имал тајна врска со едната, а потоа и со другата девојка. Со месеци бил во паралелна врска со двете жени. И двете ги сакал и почитувал на свој начин и не можел да ги остави. [caption id="attachment_621836" align="alignnone" width="607"] фото Кури.рс[/caption] Кога едната дознала за другата настанал хаос, се степале па обезбедувањето во хотелот морало да ги раздвои. 72 годишниот Брега има имот во Париз каде престојува, а им изнајмува хотел на своите љубовници.  Кога за скандалот дознала неговата сопруга извесен период не бил во контакт ниту со ниту една од нив, но кога страстите стивнале, тој одвреме-навреме повторно се гледаал со двете љубовници.

The post Се тепале за него: Бреговиќ на 72 години е во врска со две љубовници истовремено appeared first on Република.

]]>
Горан Бреговиќ за ќерките: „Не знам веќе што слават, сите три се од различна вероисповед“ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/goran-bregovik-za-kerkite-ne-znam-veke-shto-slavat-site-tri-se-od-razlichna-veroispoved/ Sun, 08 Jan 2023 18:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=594684

Горан Бреговиќ од бракот со Џенана Бреговиќ има три ќерки Ема, Лулу и Уна.

Со оглед на тоа што по мајка е Србин, а по татко Хрват, и самиот е „мешан“ кога станува збор за вероисповедта.

Сопругата на Горан е муслиманка, а сите три ќерки се од различна вероисповед. Едата е муслиманка, другата будистка, а третата е православнна.

Кога моите деца беа мали за Бајрам беа муслимани затоа што тогаш добиваа подароци, а за Божиќ и Велигден беа христијани затоа што и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната, кој сега е во пубертет е будистка. Не ми пречи тоа, се разбира. Моите деца ќе бидат Французинки, иако сакаат да доаѓаат во нашиот регион и имаат пријатели овде“, рече Бреговиќ за српски „Блиц“ и додаде дека за него и сопругата „е доцна, ние двајца секогаш ќе бидеме свои.“

Преземено од Убавина и здравје

The post Горан Бреговиќ за ќерките: „Не знам веќе што слават, сите три се од различна вероисповед“ appeared first on Република.

]]>

Горан Бреговиќ од бракот со Џенана Бреговиќ има три ќерки Ема, Лулу и Уна. Со оглед на тоа што по мајка е Србин, а по татко Хрват, и самиот е „мешан“ кога станува збор за вероисповедта. Сопругата на Горан е муслиманка, а сите три ќерки се од различна вероисповед. Едата е муслиманка, другата будистка, а третата е православнна.
Кога моите деца беа мали за Бајрам беа муслимани затоа што тогаш добиваа подароци, а за Божиќ и Велигден беа христијани затоа што и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната, кој сега е во пубертет е будистка. Не ми пречи тоа, се разбира. Моите деца ќе бидат Французинки, иако сакаат да доаѓаат во нашиот регион и имаат пријатели овде“, рече Бреговиќ за српски „Блиц“ и додаде дека за него и сопругата „е доцна, ние двајца секогаш ќе бидеме свои.“
Преземено од Убавина и здравје

The post Горан Бреговиќ за ќерките: „Не знам веќе што слават, сите три се од различна вероисповед“ appeared first on Република.

]]>
Горан Бреговиќ паднал од мотор https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/goran-bregovikj-padnal-od-motor/ Fri, 04 Nov 2022 20:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=569745

Порталот „Нова.рс“ пренесе дека од извор близок до семејството на Горан Бреговиќ добиле информации дека музичарот го повредил рамото додека се возел на Веспа во Париз, поради што на крајот на минатиот месец морал да откаже неколку концерти во Мексико.

Според нивниот извор, музичарот Горан Бреговиќ неодамна доживеал несреќа на Веспа во Париз, кога паднал и го повредил рамото.

Неговата рака моментално е имобилизирана, поради што, како што навел изворот, музичарот морал да ги откаже концертите во Мексико, кои беа закажани за 26 октомври, 29 и 30 октомври годинава.

The post Горан Бреговиќ паднал од мотор appeared first on Република.

]]>

Порталот „Нова.рс“ пренесе дека од извор близок до семејството на Горан Бреговиќ добиле информации дека музичарот го повредил рамото додека се возел на Веспа во Париз, поради што на крајот на минатиот месец морал да откаже неколку концерти во Мексико. Според нивниот извор, музичарот Горан Бреговиќ неодамна доживеал несреќа на Веспа во Париз, кога паднал и го повредил рамото. Неговата рака моментално е имобилизирана, поради што, како што навел изворот, музичарот морал да ги откаже концертите во Мексико, кои беа закажани за 26 октомври, 29 и 30 октомври годинава.  

The post Горан Бреговиќ паднал од мотор appeared first on Република.

]]>
Бреговиќ на 25 јуни доаѓа во Македонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/bregovikj-na-25-juni-doagja-vo-makedonija/ Wed, 01 Jun 2022 09:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=509684

Големиот музичар, гитарист, продуцент, автор на филмска музика и основач на популарниот сараевски бенд „Бијело Дугме“, една од најпознатите југословенски поп/рок групи- Горан Бреговиќ, на 25 јуни доаѓа во Македонија.

Со мега спектакуларен концерт во „Де Факто“ во Гевгелија, на 25 јуни, најголемата балканска ѕвезда Бреговиќ, со својот оркестар од 12 музичари, пред околу 5000 гости, во стилот по кој е познат, секогаш забавен и неуморен, ќе го одбележи стартот на богатата летна музичка програма.
Оваа посебна ноќ ќе биде запаметена со пеење во еден глас на  мегапопуларните хитови како „Мјесечина“, „Едерлези“, „Калашников“ и уште многу други со кои е запечатена неколку децениската кариера на Брега.
Приказната на дискотеката „Де Факто“ трае повеќе од 10 години, а денес несомнено важи за една од најдобрите и најголеми дискотеки во нашата земја, па нема сомнеж дека долго ќе се зборува за овој мегаконцерт.
Уште еден летен спектакал кој не смеете да го пропуштите, велат организаторите.

Резервациите се во тек на 077530333 или defacto.defacto2021@gmail.com

The post Бреговиќ на 25 јуни доаѓа во Македонија appeared first on Република.

]]>

Големиот музичар, гитарист, продуцент, автор на филмска музика и основач на популарниот сараевски бенд „Бијело Дугме“, една од најпознатите југословенски поп/рок групи- Горан Бреговиќ, на 25 јуни доаѓа во Македонија.

Со мега спектакуларен концерт во „Де Факто“ во Гевгелија, на 25 јуни, најголемата балканска ѕвезда Бреговиќ, со својот оркестар од 12 музичари, пред околу 5000 гости, во стилот по кој е познат, секогаш забавен и неуморен, ќе го одбележи стартот на богатата летна музичка програма. Оваа посебна ноќ ќе биде запаметена со пеење во еден глас на  мегапопуларните хитови како „Мјесечина“, „Едерлези“, „Калашников“ и уште многу други со кои е запечатена неколку децениската кариера на Брега. Приказната на дискотеката „Де Факто“ трае повеќе од 10 години, а денес несомнено важи за една од најдобрите и најголеми дискотеки во нашата земја, па нема сомнеж дека долго ќе се зборува за овој мегаконцерт. Уште еден летен спектакал кој не смеете да го пропуштите, велат организаторите. Резервациите се во тек на 077530333 или defacto.defacto2021@gmail.com