Горан Андоновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-andonovski/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Dec 2023 13:05:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Горан Андоновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goran-andonovski/ 32 32 Андоновски: Бараме Арсовска итно да го разреши генералниот секретар Глигоров, кој се најде во скандал со семејно насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/andonovski-barame-arsovska-itno-da-go-razreshi-generalniot-sekretar-gligorov-koj-se-najde-vo-skandal-so-semejno-nasilstvo/ Wed, 13 Dec 2023 13:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=722569

Град Скопје го тресат сериозни афери. Вчера медиумите објавија дека генералниот секретар на градот Зоран Глигоров, десната рака на градоначалничката Арсовска е пријавен за семејно насилство врз неговата сопруга во месец ноември.

Според написите на медиумите Глигоров извршил семејно насилство врз сопругата на 17 ноември оваа година. Настанот бил пријавен во полиција, а полицијата која интервенирала во случајот се соочила со крајно вознемирувачка атмосфера. Ситуацијата била уште поопасна затоа што Глигоров како што се наведува во известувањата поседува и пиштол. Според информациите за кои известија медиумите, избегната е поголема трагедија поради брзата и навремена реакција на полициските службеници кои успеале да му стават лисици.

Арсовска која се претставува како голем бранител на правата на жените, се покажува дека за соработници има луѓе кои се пријавуваат за семејно насилство, не еднаш, туку неколку пати.

Ова не е прв случај Глигоров да биде пријавуван за семејно насилство. Тој уште во 2007 е регистриран во МВР за нанесување тешка телесна повреда на неговата сопруга при семејно насилство, а повторно е пријавуван и во 2017 година, кога според написите на медиумите полицијата кај него нашла огнено оружје хеклер.

Глигоров покрај пријавите за семејно насилство, беше дел од скандал за обид за физичка пресметка со вработен во Град Скопје. И во овој случај повикана беше да постапи полицијата.

По сите овие афери се поставува логичното прашање:Дали Данела Арсовска го толерира својот најблизок соработник во овие активности, дали најблискиот соработник на Данела Арсовска е семеен насилник и дали Арсовска знаејќи за ова се уште го држи истиот да го раководи со Град Скопје? Дали вака се реализира борбата за учество и права на жените?

Почитувани, како политичка партија бараме итно разрешување на Глигоров од позицијата секретар на Град Скопје.Во овие година и пол од мандатот на најблискиот соработник на Данела Арсовска, во Градот единствено слушаме за насилство, закани, мобинг, разместување на раководители на сектори, навреди, понижувачки однос лоши меѓучовечки односи. Ова не смее да се толерира.

https://www.youtube.com/watch?v=gWMUgZzxDHA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Андоновски: Бараме Арсовска итно да го разреши генералниот секретар Глигоров, кој се најде во скандал со семејно насилство appeared first on Република.

]]>

Град Скопје го тресат сериозни афери. Вчера медиумите објавија дека генералниот секретар на градот Зоран Глигоров, десната рака на градоначалничката Арсовска е пријавен за семејно насилство врз неговата сопруга во месец ноември. Според написите на медиумите Глигоров извршил семејно насилство врз сопругата на 17 ноември оваа година. Настанот бил пријавен во полиција, а полицијата која интервенирала во случајот се соочила со крајно вознемирувачка атмосфера. Ситуацијата била уште поопасна затоа што Глигоров како што се наведува во известувањата поседува и пиштол. Според информациите за кои известија медиумите, избегната е поголема трагедија поради брзата и навремена реакција на полициските службеници кои успеале да му стават лисици. Арсовска која се претставува како голем бранител на правата на жените, се покажува дека за соработници има луѓе кои се пријавуваат за семејно насилство, не еднаш, туку неколку пати. Ова не е прв случај Глигоров да биде пријавуван за семејно насилство. Тој уште во 2007 е регистриран во МВР за нанесување тешка телесна повреда на неговата сопруга при семејно насилство, а повторно е пријавуван и во 2017 година, кога според написите на медиумите полицијата кај него нашла огнено оружје хеклер. Глигоров покрај пријавите за семејно насилство, беше дел од скандал за обид за физичка пресметка со вработен во Град Скопје. И во овој случај повикана беше да постапи полицијата.
По сите овие афери се поставува логичното прашање:Дали Данела Арсовска го толерира својот најблизок соработник во овие активности, дали најблискиот соработник на Данела Арсовска е семеен насилник и дали Арсовска знаејќи за ова се уште го држи истиот да го раководи со Град Скопје? Дали вака се реализира борбата за учество и права на жените?
Почитувани, како политичка партија бараме итно разрешување на Глигоров од позицијата секретар на Град Скопје.Во овие година и пол од мандатот на најблискиот соработник на Данела Арсовска, во Градот единствено слушаме за насилство, закани, мобинг, разместување на раководители на сектори, навреди, понижувачки однос лоши меѓучовечки односи. Ова не смее да се толерира. https://www.youtube.com/watch?v=gWMUgZzxDHA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Андоновски: Бараме Арсовска итно да го разреши генералниот секретар Глигоров, кој се најде во скандал со семејно насилство appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Барањето за враќање на Ќосето, Арсовска да го упати до Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-baraneto-za-vrakane-na-koseto-arsovska-da-go-upati-do-sobranieto/ Sun, 02 Apr 2023 09:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=626229

Во врска со последните написи во медиумите, Општина Центар информира дека е пристигнато Барање испратено од Град Скопје за добивање согласност за почнување на законска постапка согласно која би отпочнала процедура за враќање на спомен обележјето на истата локација, на крстосницата помеѓу булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“.

Општина Центар во петокот испрати одговор до градот во однос на барањето, во кој стои дека општината нема надлежност во овој дел. Согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04; 89/08 и 152/15 и „Службен весник на Република  Македонија бр. 013/21“), надлежностите за подигнување на споменици се наоѓаат во Собранието на Република Македонија, додека општините можат да подигнуваат спомен обележја само за личности и настани од локално значење. Согласно членовите 3 и 5 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја, е дефинирано дека Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата, се во надлежност на Собранието на Република Македонија, наведува Општината.

Според градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на погрешна адреса е испратено барањето.

Ќосето нема никаква врска со Општина Центар ниту пак е лик од локално значење и оттаму, ова прашање не може да се третира на општинско ниво. Град Скопје треба да се обрати до Собранието. Што се однесува до самиот споменик, во минатото институциите утврдија бројни законски прекршувања при поставувањето на истиот, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја. Верувам дека институциите во однос на овој случај ќе постапат целосно според законот, бидејќи во минатото истиот предизвика многу контроверзии - вели Герасимовски и додава дека во членот 4 од Законот е наведено дека со спомен-обележјата се одбележуваат настани и личности кои се од локално значење и дека само тие можат да бидат подигнувани од општините и од градот Скопје.

The post Герасимовски: Барањето за враќање на Ќосето, Арсовска да го упати до Собранието appeared first on Република.

]]>

Во врска со последните написи во медиумите, Општина Центар информира дека е пристигнато Барање испратено од Град Скопје за добивање согласност за почнување на законска постапка согласно која би отпочнала процедура за враќање на спомен обележјето на истата локација, на крстосницата помеѓу булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“. Општина Центар во петокот испрати одговор до градот во однос на барањето, во кој стои дека општината нема надлежност во овој дел. Согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04; 89/08 и 152/15 и „Службен весник на Република  Македонија бр. 013/21“), надлежностите за подигнување на споменици се наоѓаат во Собранието на Република Македонија, додека општините можат да подигнуваат спомен обележја само за личности и настани од локално значење. Согласно членовите 3 и 5 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја, е дефинирано дека Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата, се во надлежност на Собранието на Република Македонија, наведува Општината. Според градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на погрешна адреса е испратено барањето.
Ќосето нема никаква врска со Општина Центар ниту пак е лик од локално значење и оттаму, ова прашање не може да се третира на општинско ниво. Град Скопје треба да се обрати до Собранието. Што се однесува до самиот споменик, во минатото институциите утврдија бројни законски прекршувања при поставувањето на истиот, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја. Верувам дека институциите во однос на овој случај ќе постапат целосно според законот, бидејќи во минатото истиот предизвика многу контроверзии - вели Герасимовски и додава дека во членот 4 од Законот е наведено дека со спомен-обележјата се одбележуваат настани и личности кои се од локално значење и дека само тие можат да бидат подигнувани од општините и од градот Скопје.

The post Герасимовски: Барањето за враќање на Ќосето, Арсовска да го упати до Собранието appeared first on Република.

]]>