Гора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gora/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 07:46:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gora/ 32 32 Преку традиционалните македонски песни македонскиот е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/preku-traditsionalnite-makedonski-pesni-makedonskiot-e-povrzan-kako-eden-edinstven-narod-koj-za-zhal-vo-minatoto-bil-razdelen/ Tue, 02 Jul 2024 09:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=792667

Македонската пејачка Андријана Јаневска во Горица ја промовираше нејзината прва книга „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“. Како што неодамна сподели, станува збор за нејзиниот докторски труд на кој работеше девет години, а со кој успеа да заштити над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои, како што вели, соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои.

Народното творештво претставува еден од најзначајните сегменти во севкупниот материјално-духовен идентитет на македонскиот народ. Истражувањата покажаа дека чувството за: јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштило Македонците од овие региони. Во текот на моите теренски истражувања, но и во многу книги сретнав записи и кажувања како македонскиот фолклор сакаат да го прикажат како туѓ. Македонскиот народ, кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни, во разни варијанти, е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен, сподели Јаневска, сега веќе доктор на науки во оваа област.

The post Преку традиционалните македонски песни македонскиот е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен appeared first on Република.

]]>

Горанците од Косово ѝ порачаа на Јотова: Овде нема Бугари и никогаш немало, стоп на асимилацијата и бугаризацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorantsite-od-kosovo-porachaa-na-jotova-ovde-nema-bugari-i-nikogash-nemalo-stop-na-asimilatsijata-i-bugarizatsijata/ Wed, 22 Feb 2023 19:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=612058

Партијата „Наша иницијатива“ од Косово, која ги застапува интересите на Бошњаците и на Горанците во земјата, изразува загриженост по повод ненајавената посета на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, на Косово, што се одржа на 18 февруари, како и за вестите во Бугарија околу целта на нејзината посета, објави електронското издание на весникот „Илинден”.

Во реакцијата, партијата ја отфрла изјавата на Јотова дека на Косово „живеат околу 15.000 Бугари“, мислејќи на Бошњаците и на Македонците (Горанци) во областа Гора и Призренска Жупа.

Партијата смета дека на овој начин Бугарија ја злоупотребува својата положба и членството во Европската Унија, грубо мешајќи се во внатрешните работи на Косово.

Ги осудуваме манипулациите на Софија и претставувањето на Бошњаците и Горанците на Косово како Бугари, пишува во реакцијата.

Партијата потсетува дека на пописот на населението во 2011 година, во општините Драгаш и Призрен, Бугари „воопшто нема или се на ниво на статистичка грешка“.

Како партија не го оспоруваме правото на Македонците и Бошњаците да се школуваат во Бугарија, но сметаме дека тоа не може, не смее и не треба да биде условено со асимилација. Потврдуваме дека Горанците и Бошњаците се уставно признати од страна на Косово, и силно сме против тековната нивна „бугаризација“ во општините Призрен и Драгаш.

Оваа година е година на попис на населението на Косово, а обидите на Софија да создаде Бугари се со цел да ги залаже, да ги доведе до заблуда и да ги изманипулира Бошњаците и Горанците на Косово. По кој знае кој пат повторуваме дека тие не се Бугари, ниту биле, ниту кога и да е ќе бидат, велат од партијата.

На крајот, партијата на Бошњаците ги повикува сите Македонци и Бошњаци на Косово да се спротивстават на „обидите на Софија за нивна бугаризација“.

Секој има обврска да ги информира останатите на кои овие бугарски манипулации се уште не им се јасни. Студирање и соработка – ДА! Асимилација – НЕ! Стоп на асимилацијата и бугаризацијата на Косово, биди тоа што отсекогаш си бил, стои на крајот од реакцијата на Наша Иницијатива.

The post Горанците од Косово ѝ порачаа на Јотова: Овде нема Бугари и никогаш немало, стоп на асимилацијата и бугаризацијата appeared first on Република.

]]>

Партијата „Наша иницијатива“ од Косово, која ги застапува интересите на Бошњаците и на Горанците во земјата, изразува загриженост по повод ненајавената посета на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, на Косово, што се одржа на 18 февруари, како и за вестите во Бугарија околу целта на нејзината посета, објави електронското издание на весникот „Илинден”. Во реакцијата, партијата ја отфрла изјавата на Јотова дека на Косово „живеат околу 15.000 Бугари“, мислејќи на Бошњаците и на Македонците (Горанци) во областа Гора и Призренска Жупа. Партијата смета дека на овој начин Бугарија ја злоупотребува својата положба и членството во Европската Унија, грубо мешајќи се во внатрешните работи на Косово.
Ги осудуваме манипулациите на Софија и претставувањето на Бошњаците и Горанците на Косово како Бугари, пишува во реакцијата.
Партијата потсетува дека на пописот на населението во 2011 година, во општините Драгаш и Призрен, Бугари „воопшто нема или се на ниво на статистичка грешка“.
Како партија не го оспоруваме правото на Македонците и Бошњаците да се школуваат во Бугарија, но сметаме дека тоа не може, не смее и не треба да биде условено со асимилација. Потврдуваме дека Горанците и Бошњаците се уставно признати од страна на Косово, и силно сме против тековната нивна „бугаризација“ во општините Призрен и Драгаш.   Оваа година е година на попис на населението на Косово, а обидите на Софија да создаде Бугари се со цел да ги залаже, да ги доведе до заблуда и да ги изманипулира Бошњаците и Горанците на Косово. По кој знае кој пат повторуваме дека тие не се Бугари, ниту биле, ниту кога и да е ќе бидат, велат од партијата.
На крајот, партијата на Бошњаците ги повикува сите Македонци и Бошњаци на Косово да се спротивстават на „обидите на Софија за нивна бугаризација“.
Секој има обврска да ги информира останатите на кои овие бугарски манипулации се уште не им се јасни. Студирање и соработка – ДА! Асимилација – НЕ! Стоп на асимилацијата и бугаризацијата на Косово, биди тоа што отсекогаш си бил, стои на крајот од реакцијата на Наша Иницијатива.

The post Горанците од Косово ѝ порачаа на Јотова: Овде нема Бугари и никогаш немало, стоп на асимилацијата и бугаризацијата appeared first on Република.

]]>
Изолирани Македонците во Гора откако се урна мостот на патот Кукс – Шиштевац https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izolirani-makedoncite-vo-gora-otkako-se-urna-mostot-na-patot-kuks-shishtevac/ Mon, 04 Apr 2022 13:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=483158

Невремето што деновиве ја зафати Албанија услови повеќе села од областа на Гора да останат изолирани поради уривањето на мостот Штреза на патот Кукс-Шиштавец, пренесува весникот Македониум.

Дополнуваат дека претставници на општина Кукс и сообраќајната полиција го блокирале движењето по мостот од безбедносни причини.

Уривањето на мостот дошло како последица на обилните дождови кои предизвикале ерозија. Веќе е започната процена на состојбите и експертите ќе работат на вонредно до конечно решение, додека до поправка на мостот жителите од македонската заедница мора да го користат граничниот премин Шиштавец-Крушево, со Косово за да дојдат до Кукс и обратно, наведува весникот.

Според истиот извор на целиот патен правец Кукс-Шиштавец има присуство на одрони од камен на коловозот.

Веста за уривање на мостот и блокираното движење ја пренесуваат и албанските медиуми.

Според Агенцијата за државни патишта мостот треба да се изгради од почеток. Во меѓувреме се размислува за отворање бајпас на стариот пат а жителите кои сакаат да го користат овој пат, треба да патуваат до граничниот премин на албанско-косовската граница Шиштевац-Крушево за потоа да продолжат по патниот правец Крушево-Драгаш-премин Морина-Кукс за да стигнат до градот или да заминат за Шиштевац, наведува Ора њуз.

Споменатиот мост е дел од патот Кукс-Шиштевац, инвестиција реализирана во 2013 година.

The post Изолирани Македонците во Гора откако се урна мостот на патот Кукс – Шиштевац appeared first on Република.

]]>

Невремето што деновиве ја зафати Албанија услови повеќе села од областа на Гора да останат изолирани поради уривањето на мостот Штреза на патот Кукс-Шиштавец, пренесува весникот Македониум. Дополнуваат дека претставници на општина Кукс и сообраќајната полиција го блокирале движењето по мостот од безбедносни причини.
Уривањето на мостот дошло како последица на обилните дождови кои предизвикале ерозија. Веќе е започната процена на состојбите и експертите ќе работат на вонредно до конечно решение, додека до поправка на мостот жителите од македонската заедница мора да го користат граничниот премин Шиштавец-Крушево, со Косово за да дојдат до Кукс и обратно, наведува весникот.
Според истиот извор на целиот патен правец Кукс-Шиштавец има присуство на одрони од камен на коловозот. Веста за уривање на мостот и блокираното движење ја пренесуваат и албанските медиуми.