голотија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golotija/ За подобро да се разбереме Sun, 21 May 2023 11:11:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png голотија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golotija/ 32 32 Повторно се крена прашина околку „Давид“ на Микеланџело, по американското училиште, овојпат проблемот избувна во Шкотска https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/povtorno-se-krena-prashina-okolku-david-na-mikelandhelo-po-amerikanskoto-uchilishte-ovojpat-problemot-izbuvna-vo-shkotska/ Sun, 21 May 2023 13:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=643226

Откако директорката на едно училиште во Флорида поднесе оставка бидејќи учениците имаа можност да видат слика од „гола“ статуа на час, сега проблемот избувна и во Шкотска.

Италијанскиот ресторан „Бароло“ направил реклама на која се гледа како Давид јаде пица, но компанијата која се грижи за рекламниот простор во градското метро одбила да ја изложи.

Од ресторанот „Бароло“ велат дека му понудиле да го сокријат меѓуножјето на Давид со налепница со италијанско знаме, но и тоа било одбиено, бидејќи налепниците не биле доволно големи. Тие сепак се согласија дека само горниот дел од статуата, од половината нагоре, треба да биде видлив.

Од тоа решение не е задоволен Марио Гизи, директор на ДРГ групацијата, во чија сопственост е „Бароло“ и многу други ресторани.

Еуроњуз пишува дека според Агенцијата за стандарди за рекламирање, не постои конкретно правило за забрана на голотија, но на сопствениците на медиумите им е дозволено да одбијат да отстапат рекламен простор.

„Тие често имаат свои критериуми, заедно со Кодексот за рекламирање, кога станува збор за тоа што ќе прифатат и што нема. Ова е комерцијална одлука, а не нешто што можеме да го регулираме. Ние одговараме на поплаките за содржината кога ќе стане јавно достапна “, велат од Агенцијата.

Додаваат и дека според кодексот не е забрането да има голотија во рекламите, доколку таа не е експлицитна или прекумерна и ако е релевантна за производот. Меѓутоа, голотијата која е „од сексуална природа“, додаваат тие, треба да се појавува само во таргетирани медиуми.

The post Повторно се крена прашина околку „Давид“ на Микеланџело, по американското училиште, овојпат проблемот избувна во Шкотска appeared first on Република.

]]>

Откако директорката на едно училиште во Флорида поднесе оставка бидејќи учениците имаа можност да видат слика од „гола“ статуа на час, сега проблемот избувна и во Шкотска. Италијанскиот ресторан „Бароло“ направил реклама на која се гледа како Давид јаде пица, но компанијата која се грижи за рекламниот простор во градското метро одбила да ја изложи. Од ресторанот „Бароло“ велат дека му понудиле да го сокријат меѓуножјето на Давид со налепница со италијанско знаме, но и тоа било одбиено, бидејќи налепниците не биле доволно големи. Тие сепак се согласија дека само горниот дел од статуата, од половината нагоре, треба да биде видлив. Од тоа решение не е задоволен Марио Гизи, директор на ДРГ групацијата, во чија сопственост е „Бароло“ и многу други ресторани. Еуроњуз пишува дека според Агенцијата за стандарди за рекламирање, не постои конкретно правило за забрана на голотија, но на сопствениците на медиумите им е дозволено да одбијат да отстапат рекламен простор. „Тие често имаат свои критериуми, заедно со Кодексот за рекламирање, кога станува збор за тоа што ќе прифатат и што нема. Ова е комерцијална одлука, а не нешто што можеме да го регулираме. Ние одговараме на поплаките за содржината кога ќе стане јавно достапна “, велат од Агенцијата. Додаваат и дека според кодексот не е забрането да има голотија во рекламите, доколку таа не е експлицитна или прекумерна и ако е релевантна за производот. Меѓутоа, голотијата која е „од сексуална природа“, додаваат тие, треба да се појавува само во таргетирани медиуми.

The post Повторно се крена прашина околку „Давид“ на Микеланџело, по американското училиште, овојпат проблемот избувна во Шкотска appeared first on Република.

]]>