голман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golman/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 16:00:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png голман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golman/ 32 32 Навивач нокаутира голман на Охрид https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/navivach-nokautira-golman-na-ohrid/ Thu, 26 Sep 2024 15:54:10 +0000 https://republika.mk/?p=819944

По натпреварот од втора лига меѓу Вардар Неготино и Охрид Лихнидос, гостинскиот голман Андов бил нападнат и удрен од навивач кој упаднал на теренот.

По завршување на мечот нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица на теренот. Исто така и минатата сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино но немаше реакција од наша страна. Бараме сега реакција од одговорните лица во федерацијата, стои во соопштението на Охрид Лихнидос.

Oд МВР го потврдуваат инцидентот и велат дека против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.09.2024 околу 17.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека по завршување на фудбалскиот натпревар од втората фудбалска лига на Градскиот стадион во Неготино помеѓу екипите на Вардар Неготино и Охрид, голманот на гостинската екипа, А.М. бил физички нападнат од К.П.(45) од Неготино. По документирање на настанот против К.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

View this post on Instagram

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

The post Навивач нокаутира голман на Охрид appeared first on Република.

]]>

Почина млад фудбалски репрезентативец на Црна Гора, ненадејно му се слошило https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pochina-mlad-fudbalski-reprezentativets-na-tsrna-gora-nenadejno-mu-se-sloshilo/ Sat, 15 Jun 2024 07:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=787737

Црногорскиот голман Матија Шаркиќ почина на 26-годишна возраст, јавува „RTCG“.

Шаркиќ починал околу 6:30 часот во Будва, полицијата е на лице место, се истражуваат сите околности, но најверојатно се работи за природна смрт.

На голманот на црногорската репрезентација му се слошило во станот во Будва, пријателите веднаш повикале брза помош, но за жал немало помош за него.

Саркиќ пред десетина дена ја воодушеви црногорската јавност со одличните одбрани на мечот со Белгија, се чинеше дека „храбрите соколи“ добија голман за следната деценија, но пречека прерана смрт.

Ги бранеше боите на многу клубови на Островот, каде што е роден (Гримсби), а во летото 2023 година се пресели во Милвол со Волвс.

The post Почина млад фудбалски репрезентативец на Црна Гора, ненадејно му се слошило appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот голман Матија Шаркиќ почина на 26-годишна возраст, јавува „RTCG“. Шаркиќ починал околу 6:30 часот во Будва, полицијата е на лице место, се истражуваат сите околности, но најверојатно се работи за природна смрт. На голманот на црногорската репрезентација му се слошило во станот во Будва, пријателите веднаш повикале брза помош, но за жал немало помош за него. Саркиќ пред десетина дена ја воодушеви црногорската јавност со одличните одбрани на мечот со Белгија, се чинеше дека „храбрите соколи“ добија голман за следната деценија, но пречека прерана смрт. Ги бранеше боите на многу клубови на Островот, каде што е роден (Гримсби), а во летото 2023 година се пресели во Милвол со Волвс.    

The post Почина млад фудбалски репрезентативец на Црна Гора, ненадејно му се слошило appeared first on Република.

]]>
Таче бил фудбалски голман, повредата го спречила да направи кариера https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/tache-bil-fudbalski-golman-povredata-go-sprechila-da-napravi-kariera/ Mon, 18 Mar 2024 08:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=755717

Лидерот на СДСМ во подкастот на Сител вели дека многу го сакал спортот, посебно фудбалот и дека бил добар голман. Повредата сепак го спречила да направи фудбалска кариера.

Јас сепак бев поуспешен во фудбалот. Бев голман. Имаше мој сограѓанин којшто извршува висока функција и на една емисија раскажуваше дека сум добар голман. Тогаш беше популарен мал фудбал. Настапувавме на првенства каде што ретко кој можеше да го победи тој тим“, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Сител Поткаст

The post Таче бил фудбалски голман, повредата го спречила да направи кариера appeared first on Република.

После страшниот удар, следуваше борба за живот: Позната состојбата на голманот кој го оживуваа на терен во Холандија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/posle-strashniot-udar-sleduvashe-borba-za-zhivot-poznata-sostojbata-na-golmanot-koj-go-ozhivuvaa-na-teren-vo-holandija/ Sun, 01 Oct 2023 08:53:17 +0000 https://republika.mk/?p=686753

Натпреварот од седмото коло во првенството на Холандија меѓу Валвик и Ајакс беше прекинат во 85. минута откако голманот Етиен Васен доби удар во главата од Брајан Броби при обид да стигне до топката пред него.

Фудбалерот на Ајакс ненамерно го удри голманот кој загуби свест, а потоа докторите втрчаа на теренот да интервенираат и да го оживеат Васен.

По натпреварот пристигнаа добри вести од болница затоа што голманот извршил тестови и се наоѓа во стабилна состојба.

The post После страшниот удар, следуваше борба за живот: Позната состојбата на голманот кој го оживуваа на терен во Холандија appeared first on Република.

]]>

Натпреварот од седмото коло во првенството на Холандија меѓу Валвик и Ајакс беше прекинат во 85. минута откако голманот Етиен Васен доби удар во главата од Брајан Броби при обид да стигне до топката пред него. Фудбалерот на Ајакс ненамерно го удри голманот кој загуби свест, а потоа докторите втрчаа на теренот да интервенираат и да го оживеат Васен. По натпреварот пристигнаа добри вести од болница затоа што голманот извршил тестови и се наоѓа во стабилна состојба.

The post После страшниот удар, следуваше борба за живот: Позната состојбата на голманот кој го оживуваа на терен во Холандија appeared first on Република.

]]>
Ван дер Сар е на интензивна нега во Сплит, имал крварење во мозокот! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/van-der-sar-e-na-intenzivna-nega-vo-split-imal-krvarene-vo-mozokot/ Fri, 07 Jul 2023 17:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=659053

Еден од најдобрите голмани во историјата на холандскиот фудбал холандски Едвин ван дер Сар (52) моментно е на преглед на главата во КБЦ Сплит, на одделот за интензивна нега.

Хрватските медиуми пренесуваат дека таму Ван дер Сар е примен по мозочно крварење и дека е задржан на опсервација. Тој пристигна во болницата придружуван од сопругата Анемари.

Засега не е познато дали Ван дер Сар пристигнал во болница по повреда на главата или откако му се слошило, но познато е дека по силни главоболки и одредени невролошки нарушувања со хеликоптер бил префрлен од Хвар во КБЦ Сплит. Наскоро треба да се утврди што точно доведе до здравствените проблеми.

Веста ја потврди и холандскиот фудбалски клуб Ајакс на Твитер. Неговата состојба е стабилна, пренесуваат од клубот

The post Ван дер Сар е на интензивна нега во Сплит, имал крварење во мозокот! appeared first on Република.

]]>

Еден од најдобрите голмани во историјата на холандскиот фудбал холандски Едвин ван дер Сар (52) моментно е на преглед на главата во КБЦ Сплит, на одделот за интензивна нега. Хрватските медиуми пренесуваат дека таму Ван дер Сар е примен по мозочно крварење и дека е задржан на опсервација. Тој пристигна во болницата придружуван од сопругата Анемари. Засега не е познато дали Ван дер Сар пристигнал во болница по повреда на главата или откако му се слошило, но познато е дека по силни главоболки и одредени невролошки нарушувања со хеликоптер бил префрлен од Хвар во КБЦ Сплит. Наскоро треба да се утврди што точно доведе до здравствените проблеми. Веста ја потврди и холандскиот фудбалски клуб Ајакс на Твитер. Неговата состојба е стабилна, пренесуваат од клубот

The post Ван дер Сар е на интензивна нега во Сплит, имал крварење во мозокот! appeared first on Република.

]]>
Тери, Кејн, Ето, Фердинанд: Ова се фудбалските ѕвезди кои на еден ден беа голмани на своите екипи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/teri-kejn-eto-ferdinand-ova-se-fudbalskite-zvezdi-koi-na-eden-den-bea-golmani-na-svoite-ekipi/ Sat, 22 Apr 2023 20:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=633097

Иако е ретко, во модерниот фудбал може да случи некоја екипа да ги има извршено сите замени, поради што во случај на повреда или црвен картон на голманот, неговото место мора да го заземе некој играч од поле.

Самуел Ето, Алваро Арбелоа или Хари Кејн се дел од фудбалските ѕвезди, коишто барем на еден натпревар застанале на голот на својот тим.

Самуел Ето

Додека насташпуваше за Мајорка, на дуел против Атлетик Билбао, Самуел Ето застана на голот откако беше исклучен Лео Франко на три минути до крајот. Во тој период, Камерунецот беше совладан од Хозеба Ечеберија.

Џон Тери

Тери застана меѓу стативите против Ридинг во 2006 година кога Петер Чех се здоби со тешка повреда на главата поради која подоцна мораше да носи кацига за да игра.

Рио Фердинанд

Во 2008 година за време на натпревар од ФА Купот, англискиот дефанзивец мораше да го брани голот на Манчестер јунајтед. Тој беше немоќен да го сопре Мунтари, кој успеа да го победи.

Алваро Арбелоа

За време на настапот на натпревар на шпанската репрезентација против Јужна Африка во 2013 година, Виктор Валдес мораше да се го напушти натпреварот поради повреда, а на Шпанцитене им остануваа повеќе промени. Поради тоа, десниот бек мораше да го брани голот.Во продолжение на натпреварот, по инсистирање на селекторот Висенте Дел Боске, Шпанија доби четврта измена и во игра влезе Пепе Реина.

Хари Кејн

Тотенхем играше против Астерас Триполис за време на натпревар од Лига Европа, кога Уго Лори беше исклучен од теренот, по што репрезентативниот англиски напаѓач ги облече голманските ракавици.

Кајл Вокер

Бекот на Манчестер сити мораше да ги облече ракавиците во последните 10 минути против Аталанта во натпревар од Лигата на шампионите.

Јан Колер

Високиот чешки напаѓач, мораше да го брани голот на Борусија Дортмунд за време на „Дер Класикер“, дербито на германскиот фудбал против Баерн Минхен. Интересно е што Колер го отвори резултатот на почетокот на натпреварот, пред да застане на голот.

The post Тери, Кејн, Ето, Фердинанд: Ова се фудбалските ѕвезди кои на еден ден беа голмани на своите екипи appeared first on Република.

]]>

Иако е ретко, во модерниот фудбал може да случи некоја екипа да ги има извршено сите замени, поради што во случај на повреда или црвен картон на голманот, неговото место мора да го заземе некој играч од поле. Самуел Ето, Алваро Арбелоа или Хари Кејн се дел од фудбалските ѕвезди, коишто барем на еден натпревар застанале на голот на својот тим.

Самуел Ето

Додека насташпуваше за Мајорка, на дуел против Атлетик Билбао, Самуел Ето застана на голот откако беше исклучен Лео Франко на три минути до крајот. Во тој период, Камерунецот беше совладан од Хозеба Ечеберија.

Џон Тери

Тери застана меѓу стативите против Ридинг во 2006 година кога Петер Чех се здоби со тешка повреда на главата поради која подоцна мораше да носи кацига за да игра.

Рио Фердинанд

Во 2008 година за време на натпревар од ФА Купот, англискиот дефанзивец мораше да го брани голот на Манчестер јунајтед. Тој беше немоќен да го сопре Мунтари, кој успеа да го победи.

Алваро Арбелоа

За време на настапот на натпревар на шпанската репрезентација против Јужна Африка во 2013 година, Виктор Валдес мораше да се го напушти натпреварот поради повреда, а на Шпанцитене им остануваа повеќе промени. Поради тоа, десниот бек мораше да го брани голот.Во продолжение на натпреварот, по инсистирање на селекторот Висенте Дел Боске, Шпанија доби четврта измена и во игра влезе Пепе Реина.

Хари Кејн

Тотенхем играше против Астерас Триполис за време на натпревар од Лига Европа, кога Уго Лори беше исклучен од теренот, по што репрезентативниот англиски напаѓач ги облече голманските ракавици.

Кајл Вокер

Бекот на Манчестер сити мораше да ги облече ракавиците во последните 10 минути против Аталанта во натпревар од Лигата на шампионите.

Јан Колер

Високиот чешки напаѓач, мораше да го брани голот на Борусија Дортмунд за време на „Дер Класикер“, дербито на германскиот фудбал против Баерн Минхен. Интересно е што Колер го отвори резултатот на почетокот на натпреварот, пред да застане на голот.  

The post Тери, Кејн, Ето, Фердинанд: Ова се фудбалските ѕвезди кои на еден ден беа голмани на своите екипи appeared first on Република.

]]>
Пијан возач прегази и усмрти 17-годишен голман од Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pijan-vozach-pregazi-i-usmrti-17-godishen-golman-od-hrvatska/ Wed, 22 Feb 2023 11:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=611886

Седумнаесетгодишно момче синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа предизвикана од пијан возач. Како што пренесува хрватски „Вечерњи куст“, несреќата се случила околу 22.15 часот на крстосницата од улицата „Галдовачка“ и улицата „Браќе Перковиќ“ во Сисак, Хрватска. До несреќата дошло кога 36-годишен маж од Поповача управувал автомобил под дејство на 1,62 промили алкохол.

Пристигнувајќи на раскрсницата, поради несоодветна брзина, удрил во мопед управуван од 17-годишно момче, кое било запрено да пропушти возило од спротивниот правец. Од силината на ударот 17-годишникот починал на местото на настанот, додека мопедот бил фрлен на спротивната сообраќајна лента, каде во него удрил автомобил, нанесувајќи му полесни повреди на сопатничката во автомобилот.

Истрагата на местото на настанот ја водеше окружниот државен обвинител во Канцеларијата на државниот обвинител на округот Сисак. Од 22:25 до 3 часот државниот пат Д-36 е затворен за секаков сообраќај. По завршувањето на кривичната истрага, 36-годишникот ќе биде предаден на надзорникот на притворот на полициската управа Сисак-Мославина.

Како што дознава весникот во несреќата животот го загубил Свен Ованин, млад голман на јуниорската екипа и потенцијален првотимец на ШНК Франкопан од Галдово.

The post Пијан возач прегази и усмрти 17-годишен голман од Хрватска appeared first on Република.

]]>

Седумнаесетгодишно момче синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа предизвикана од пијан возач. Како што пренесува хрватски „Вечерњи куст“, несреќата се случила околу 22.15 часот на крстосницата од улицата „Галдовачка“ и улицата „Браќе Перковиќ“ во Сисак, Хрватска. До несреќата дошло кога 36-годишен маж од Поповача управувал автомобил под дејство на 1,62 промили алкохол. Пристигнувајќи на раскрсницата, поради несоодветна брзина, удрил во мопед управуван од 17-годишно момче, кое било запрено да пропушти возило од спротивниот правец. Од силината на ударот 17-годишникот починал на местото на настанот, додека мопедот бил фрлен на спротивната сообраќајна лента, каде во него удрил автомобил, нанесувајќи му полесни повреди на сопатничката во автомобилот. Истрагата на местото на настанот ја водеше окружниот државен обвинител во Канцеларијата на државниот обвинител на округот Сисак. Од 22:25 до 3 часот државниот пат Д-36 е затворен за секаков сообраќај. По завршувањето на кривичната истрага, 36-годишникот ќе биде предаден на надзорникот на притворот на полициската управа Сисак-Мославина. Како што дознава весникот во несреќата животот го загубил Свен Ованин, млад голман на јуниорската екипа и потенцијален првотимец на ШНК Франкопан од Галдово.

The post Пијан возач прегази и усмрти 17-годишен голман од Хрватска appeared first on Република.

]]>
Одбрани пенал, падна и почина голман во Белгија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/odbrani-penal-padna-i-pochina-golman-vo-belgija/ Sun, 12 Feb 2023 15:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=608049

Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет, на натпревар во пониските лиги во Белгија, голман почина брзо откако одбрани пенал.

Арне Еспел беше голман на Б тимот на Винкел спорт, а почина во болница, каде беше пренесен откако колабираше на терен, непосредно после одбранет пенал. Лекарите кои биле на стадион, половина час се обидувале да го вратат во живот, но не успеаја да го спасат несреќното момче.

Мечот бил прекинат, играчите на двата тима чекале вести од болницата, па тагата била голема која дознале дека нивниот колега починал. Утре ќе се изврши аутопсија, по што ќе се знае точната причина за смртта.

The post Одбрани пенал, падна и почина голман во Белгија appeared first on Република.

]]>

Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет, на натпревар во пониските лиги во Белгија, голман почина брзо откако одбрани пенал. Арне Еспел беше голман на Б тимот на Винкел спорт, а почина во болница, каде беше пренесен откако колабираше на терен, непосредно после одбранет пенал. Лекарите кои биле на стадион, половина час се обидувале да го вратат во живот, но не успеаја да го спасат несреќното момче. Мечот бил прекинат, играчите на двата тима чекале вести од болницата, па тагата била голема која дознале дека нивниот колега починал. Утре ќе се изврши аутопсија, по што ќе се знае точната причина за смртта.

The post Одбрани пенал, падна и почина голман во Белгија appeared first on Република.

]]>
Навивај за нас од некое подобро место: Почина 20-годишен голман еден ден откако бранел за својот тим https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/navivaj-za-nas-od-nekoe-podobro-mesto-pochina-20-godishen-golman-eden-den-otkako-branel-za-svojot-tim/ Sun, 31 Jul 2022 12:38:24 +0000 https://republika.mk/?p=535330

Дваесетгодишниот голман на нисколигашкиот босански клуб Младост од Домаљевац Мато Матиќ починал еден ден откако бранел за својата екипа.

Црно утро над нашето село. Искрено сочувство до неговото семејство и сите кои го познаваа. Еден млад живот не треба да заврши на ваков начин. Мато во последната година се посвети на некои повисоки цели, академијата и полициската униформа, но продолжи да го дава максимумот на фудбалскиот терен. Навивај за нас од некое друго, подобро место, биди спокоен и мирен, се вели во објавата на клубот.

The post Навивај за нас од некое подобро место: Почина 20-годишен голман еден ден откако бранел за својот тим appeared first on Република.

]]>

Дваесетгодишниот голман на нисколигашкиот босански клуб Младост од Домаљевац Мато Матиќ починал еден ден откако бранел за својата екипа. Црно утро над нашето село. Искрено сочувство до неговото семејство и сите кои го познаваа. Еден млад живот не треба да заврши на ваков начин. Мато во последната година се посвети на некои повисоки цели, академијата и полициската униформа, но продолжи да го дава максимумот на фудбалскиот терен. Навивај за нас од некое друго, подобро место, биди спокоен и мирен, се вели во објавата на клубот.

The post Навивај за нас од некое подобро место: Почина 20-годишен голман еден ден откако бранел за својот тим appeared first on Република.

]]>