Големата ноќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golemata-nok/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Jan 2023 11:30:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Големата ноќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golemata-nok/ 32 32 „Големата ноќ“ на Батухан Ибрахим на копродукцискиот форум When East Meets West https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/golemata-nok-na-batuhan-ibrahim-na-koproduktsiskiot-forum-when-east-meets-west/ Tue, 31 Jan 2023 11:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=602945

После неколку активни сесии во изминативе пет месеци, со искусни и докажани ментори од филмската уметност, креативниот тим на краткиот филм во развој „Големата ноќ“ составен од режисерот Батухан Ибрахим, сценаристот Никола Кузелов и продуцентот Илија Тирицовски, успешно ја заврши етаблираната програма за развој на кратки играни филмови MIDPOINT Shorts на MIDPOINT Institute од Прага, Република Чешка.

Во периодот од 21 до 25 јануари, како дел од завршните активности во програмата, тимот учествуваше на 13-тото издание на големата копродукциска платформа When East Meets West во Трст, Италија, каде го претстави филмот пред потенцијални копродуценти, дистрибутери и селектори на големите европски филмски фестивали. Филмот е приказна за две тинејџерки кои во една вечер поминуваат низ институционална авантура, соочувајќи се со културните разлики меѓу Балканот и Западна Европа. „Изминативе неколку месеци заедно со менторите од MIDPOINT програмата поминавме низ одличен процес на развој на сценариото на филмот и подготовка на проектот за соодветна презентација пред потенцијални партнери и соработници. На When East Meets West во Трст имавме одлична презентација пред стручната публика и добивме позитивни реакции од сите присутни, посебно околу визијата за филмот на Батухан Ибрахим, како млад филмски режисер со неколку успешни студентски и независни филмови зад себе. Имавме и охрабрувачки состаноци со заинтересирани партнери и селектори на фестивали, што дефинитивно ни ветува светла иднина за филмот, кога ќе биде готов“, вели продуцентот Тирицовски.

MIDPOINT Shorts е комплексна програма посветена на развој на сценарија на кратки филмови во Европа, со конекции од витално значење за филмската индустрија. Со помош на искусни и докажани ментори за сценарио и професионален развој на проекти, програмата ги води проектите на нивниот пат до големите филмски фестивали. When East Meets West e еден од најголемите копродукциски филмски форуми во Европа, кој обединува десетина програми низ кои поминуваат повеќе од 50 филмови од светот кои се во развој и подготовка и во 4 работни дена во Трст собира повеќе од 600 професионалци од филмската индустрија ширум светот. Голем дел од успешните филмски приказни во изминатава деценија тргнале токму од таму.

Филмот „Големата ноќ“ е во продукција на ОХО продукција и е поддржан од Агенција за филм на Македонија.

The post „Големата ноќ“ на Батухан Ибрахим на копродукцискиот форум When East Meets West appeared first on Република.

]]>

После неколку активни сесии во изминативе пет месеци, со искусни и докажани ментори од филмската уметност, креативниот тим на краткиот филм во развој „Големата ноќ“ составен од режисерот Батухан Ибрахим, сценаристот Никола Кузелов и продуцентот Илија Тирицовски, успешно ја заврши етаблираната програма за развој на кратки играни филмови MIDPOINT Shorts на MIDPOINT Institute од Прага, Република Чешка. Во периодот од 21 до 25 јануари, како дел од завршните активности во програмата, тимот учествуваше на 13-тото издание на големата копродукциска платформа When East Meets West во Трст, Италија, каде го претстави филмот пред потенцијални копродуценти, дистрибутери и селектори на големите европски филмски фестивали. Филмот е приказна за две тинејџерки кои во една вечер поминуваат низ институционална авантура, соочувајќи се со културните разлики меѓу Балканот и Западна Европа. „Изминативе неколку месеци заедно со менторите од MIDPOINT програмата поминавме низ одличен процес на развој на сценариото на филмот и подготовка на проектот за соодветна презентација пред потенцијални партнери и соработници. На When East Meets West во Трст имавме одлична презентација пред стручната публика и добивме позитивни реакции од сите присутни, посебно околу визијата за филмот на Батухан Ибрахим, како млад филмски режисер со неколку успешни студентски и независни филмови зад себе. Имавме и охрабрувачки состаноци со заинтересирани партнери и селектори на фестивали, што дефинитивно ни ветува светла иднина за филмот, кога ќе биде готов“, вели продуцентот Тирицовски. MIDPOINT Shorts е комплексна програма посветена на развој на сценарија на кратки филмови во Европа, со конекции од витално значење за филмската индустрија. Со помош на искусни и докажани ментори за сценарио и професионален развој на проекти, програмата ги води проектите на нивниот пат до големите филмски фестивали. When East Meets West e еден од најголемите копродукциски филмски форуми во Европа, кој обединува десетина програми низ кои поминуваат повеќе од 50 филмови од светот кои се во развој и подготовка и во 4 работни дена во Трст собира повеќе од 600 професионалци од филмската индустрија ширум светот. Голем дел од успешните филмски приказни во изминатава деценија тргнале токму од таму. Филмот „Големата ноќ“ е во продукција на ОХО продукција и е поддржан од Агенција за филм на Македонија.

The post „Големата ноќ“ на Батухан Ибрахим на копродукцискиот форум When East Meets West appeared first on Република.

]]>