голема награда на белгија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golema-nagrada-na-belgija/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 16:06:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png голема награда на белгија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golema-nagrada-na-belgija/ 32 32 Расел победи на трката за Големата награда на Белгија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/rasel-pobedi-na-trkata-za-golemata-nagrada-na-belgija/ Sun, 28 Jul 2024 16:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=801108

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел е победник на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Белгија.

Тој за половина секунда беше побрз од клупскиот колега Луис Хамилтон.

Веднаш зад Британците заврши Оскар Пјастри од Мекларен со 1,1 секунда заостанување.

Бодови во 14-та сезонска трка освоија и: Шарл Леклер (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен) Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).

Расел ги сподели своите впечатоци по победата на Големата награда на Белгија извојувана попладнево на Спа.

Неверојатен резултат. На стратешкиот брифинг утринава дефинитивно не ја очекувавме оваа победа. Болидот беше феноменален. Направивме многу промени од петокот навечер. Гумите беа во одлична состојба. Постојано велев: „Мислам дека можеме да успееме со еден пит стоп“. Стратегијата функционираше одлично. Луис [Хамилтон] заврши добра работа. Тој навистина ја контролираше оваа трка. Доколку околностите беа поинакви, сигурен сум дека тој ќе ја однесеше оваа победа. Двојниот триумф е фантастичен резултат за Мерцедес, изјави Расел.

Во Генералниот поредок води Верстапен со 275 бодови, пред Норис со 197 и Леклер со 174. Расел со 147 бода е на седмата позиција.

Кај конструкторите води Ред Бул 404 бодови, пред Мекларен со 361 и Ферари со 340.

The post Расел победи на трката за Големата награда на Белгија appeared first on Република.

]]>

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел е победник на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Белгија. Тој за половина секунда беше побрз од клупскиот колега Луис Хамилтон. Веднаш зад Британците заврши Оскар Пјастри од Мекларен со 1,1 секунда заостанување. Бодови во 14-та сезонска трка освоија и: Шарл Леклер (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен) Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин). Расел ги сподели своите впечатоци по победата на Големата награда на Белгија извојувана попладнево на Спа.
Неверојатен резултат. На стратешкиот брифинг утринава дефинитивно не ја очекувавме оваа победа. Болидот беше феноменален. Направивме многу промени од петокот навечер. Гумите беа во одлична состојба. Постојано велев: „Мислам дека можеме да успееме со еден пит стоп“. Стратегијата функционираше одлично. Луис [Хамилтон] заврши добра работа. Тој навистина ја контролираше оваа трка. Доколку околностите беа поинакви, сигурен сум дека тој ќе ја однесеше оваа победа. Двојниот триумф е фантастичен резултат за Мерцедес, изјави Расел.
Во Генералниот поредок води Верстапен со 275 бодови, пред Норис со 197 и Леклер со 174. Расел со 147 бода е на седмата позиција. Кај конструкторите води Ред Бул 404 бодови, пред Мекларен со 361 и Ферари со 340.

The post Расел победи на трката за Големата награда на Белгија appeared first on Република.

]]>
Верстапен казнет 10 позиции, но Леклер ќе стартува од пол-позицијата https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/verstapen-kaznet-10-pozitsii-no-lekler-ke-startuva-od-pol-pozitsijata/ Sat, 27 Jul 2024 20:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=800838

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешните квалификации за Големата награда на Белгија.

Квалификациите се одвиваа во услови на дожд. Во третиот сегмент, Холанѓанецот извозе круг за 1 минута и 53,159 секунди.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер го освои второто место, со заостанување од 0,595 секунди зад Верстапен. Сепак, на главната трка, Леклер ќе стартува од првата позиција, бидејќи Верстапен ќе добие казна од 10 позиции поради промена на моторот.

Трет во квалификациите беше вториот возач на Ред Бул Серхио Перез (заостанување +0,606), на четвртото место беше Луис Хамилтон од Мерцедес (+0,676).

Трката на Големата награда на Белгија ќе се вози утре со почеток во 15 часот.

The post Верстапен казнет 10 позиции, но Леклер ќе стартува од пол-позицијата appeared first on Република.

]]>

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешните квалификации за Големата награда на Белгија. Квалификациите се одвиваа во услови на дожд. Во третиот сегмент, Холанѓанецот извозе круг за 1 минута и 53,159 секунди. Возачот на Ферари, Шарл Леклер го освои второто место, со заостанување од 0,595 секунди зад Верстапен. Сепак, на главната трка, Леклер ќе стартува од првата позиција, бидејќи Верстапен ќе добие казна од 10 позиции поради промена на моторот. Трет во квалификациите беше вториот возач на Ред Бул Серхио Перез (заостанување +0,606), на четвртото место беше Луис Хамилтон од Мерцедес (+0,676). Трката на Големата награда на Белгија ќе се вози утре со почеток во 15 часот.

The post Верстапен казнет 10 позиции, но Леклер ќе стартува од пол-позицијата appeared first on Република.

]]>