голема богородица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golema-bogorodica/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 13:48:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png голема богородица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golema-bogorodica/ 32 32 Голема Богородица одбележана во Бигорски манастир, црквата заштитничка на Дебар и во селата Гари и Долно Мелничани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/golema-bogoroditsa-odbelezhana-vo-bigorski-manastir-tsrkvata-zashtitnichka-na-debar-i-vo-selata-gari-i-dolno-melnichani/ Wed, 28 Aug 2024 13:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=810918

Во познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар достојно беше одбележан празникот Голема Богородица.

Во Бигорски манастир се отслужи сеноќно бдение, со света архијерејска литургија, а во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, беа испеани Богородичните статии.

Бдението заврши со божествена архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше игуменот на Обителта, неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

-Пресвета Богородица да нè чува и благослови сите и да нè удостои на оваа боженствена литургија неосудено да се причестиме со светите, животворни дарови на нејзиниот син и Бог наш Исус Христос, кому му прилега секоја слава, чест и поклонение, заедно со беспочетниот Отец и пресветиот и животорен Дух. Амин, порача меѓу другото владиката Партениј.

Како и за сите други празници масовно прсуствуваа врници од сите делови на нашата земја.

Православните дебрани, иако малку по број, традиционално го одбележаа патронот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, која се смета за заштитничка на градот.

Намесникот на дебарската парохија Миле Ангеловски, одржа света Златоустова литургија, и посака Мајката божја да не чува сите од секакво зло.

- Ги сочувала девството и чистотата заради Бога и од него добила неизмерна сила, па станала и била наречена мајка на целото човештво. Мајката божја да не чува сите од секакво зло, порача меѓу другото Ангеловски.

Овој божји храм се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот, изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во нашата држава.

Големиот празник, со масовно присуство и дебарските зурли и тапани, во пресрет на празникот и денеска беше одбележан и во селата Гари и Долно Мелничани, кога каде и да живеат Гарчани и Мелничанци, по потекло, се тука.

The post Голема Богородица одбележана во Бигорски манастир, црквата заштитничка на Дебар и во селата Гари и Долно Мелничани appeared first on Република.

]]>

Во познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар достојно беше одбележан празникот Голема Богородица. Во Бигорски манастир се отслужи сеноќно бдение, со света архијерејска литургија, а во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, беа испеани Богородичните статии. Бдението заврши со божествена архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше игуменот на Обителта, неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.
-Пресвета Богородица да нè чува и благослови сите и да нè удостои на оваа боженствена литургија неосудено да се причестиме со светите, животворни дарови на нејзиниот син и Бог наш Исус Христос, кому му прилега секоја слава, чест и поклонение, заедно со беспочетниот Отец и пресветиот и животорен Дух. Амин, порача меѓу другото владиката Партениј.
Како и за сите други празници масовно прсуствуваа врници од сите делови на нашата земја. Православните дебрани, иако малку по број, традиционално го одбележаа патронот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, која се смета за заштитничка на градот. Намесникот на дебарската парохија Миле Ангеловски, одржа света Златоустова литургија, и посака Мајката божја да не чува сите од секакво зло.
- Ги сочувала девството и чистотата заради Бога и од него добила неизмерна сила, па станала и била наречена мајка на целото човештво. Мајката божја да не чува сите од секакво зло, порача меѓу другото Ангеловски.
Овој божји храм се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот, изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во нашата држава. Големиот празник, со масовно присуство и дебарските зурли и тапани, во пресрет на празникот и денеска беше одбележан и во селата Гари и Долно Мелничани, кога каде и да живеат Гарчани и Мелничанци, по потекло, се тука.

The post Голема Богородица одбележана во Бигорски манастир, црквата заштитничка на Дебар и во селата Гари и Долно Мелничани appeared first on Република.

]]>
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Успение на Пресвета Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-vmro-dpmne-po-povod-praznikot-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/ Wed, 28 Aug 2024 09:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=810804

ВМРО-ДПМНЕ го честита на сите верници кои денес го слават големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.

Нека овој ден на сите донесе мир, благосостојба и радост во сите домови!

Ви посакуваме добро здравје и радост, а во духот на празникот ви  посакуваме добрината и заедништвото да бидат водилка низ животот на секој човек.

Христијанските и цивилизациски вредности кои го водат светот кон подобро утре.

Го честитаме и денот на македонските рудари! Тоа се оние кои со мака, труд и посветеност заработуваат за своите семејства и својата иднина.

Нека е за многу години празникот!

The post Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ го честита на сите верници кои денес го слават големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Нека овој ден на сите донесе мир, благосостојба и радост во сите домови! Ви посакуваме добро здравје и радост, а во духот на празникот ви  посакуваме добрината и заедништвото да бидат водилка низ животот на секој човек. Христијанските и цивилизациски вредности кои го водат светот кон подобро утре. Го честитаме и денот на македонските рудари! Тоа се оние кои со мака, труд и посветеност заработуваат за своите семејства и својата иднина. Нека е за многу години празникот!

The post Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Именден празнуваат: Марија, Мара, Марјан, Маријана… Православните прославуваат Успение на Пресвета Богородица https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/imenden-praznuvaat-marija-mara-marjan-marijana-pravoslavnite-proslavuvaat-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/ Wed, 28 Aug 2024 07:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=810765

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот.

Празник на мајката на животот Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана... Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име.

null

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл. По раѓањето на Исус, Богородица живеела уште 48 години, извесен период кај старателот Јосиф, со синот Исус, а по неговото распетие и воскрeсение кај неговиот ученик и апостол свети Јован Богослов. За сето тоа време таа била директен сведок на многу важни настани што се од значење за христијанската црква.

null

Кога Исус бил распнат Богородица стоела покрај крстот и плачела како секоја мајка над судбината на својот син. Од крстот Исус ѝ порачал во иднина да живее кај апостолот Јован и да го има за свој син, а нему му порачал да ја има за своја мајка. Светото евангелие според Јована за ова сведочи: „А Исус, штом ја виде мајка си, и ученикот кого го љубеше како стои ѝ рече на мајка си: „Жено, ете ти син“! Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде при себе“ (Јован 19/26, 27) Се поставува прашањето зошто Исус од крстот на мајка си ѝ се обратил со „Жено“ а не со „Мајко“? Истражувачите на оваа проблематика сметаат дека со тоа сакал да ја заштити од своите непријатели: „Околу крстот Христов се наоѓале неговите најголеми непријатели и Он така ѝ се обратил за да ја заштити од нивната дрскост и злоба, оти тие ако знаеле дека тука е неговата мајка, можеби ќе ѝ нанеле и нејзе некое зло“.

За време на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите со нив била и Богородица така што и врз неа слегол Светиот Дух, при што и таа ги примила неговите дарови. Потоа апостолите останале во Ерусалим уште 10 години, а за тоа време Богородица живеела кај свети Јован Богослов. Но кога Ирод ги започнал своите големи прогони на христијаните, апостолите со ждрепка решиле кој каде да оди и да го проповеда евангелието. Јован со Богородица отишол во Ефес, од каде што таа ги посетила св. Игнат Богоносец во Антиохија, св. Лазар воскреснатиот од Исуса кој бил епископ на Кипар и Света Гора којашто во таа прилика и ја благословила. И по враќањето во Ерусалим Богородица живеела во домот на апостолот и евангелист свети Јован Богослов и ги посетувала местата на кои за време на животот на Исус се случиле важни настани како што се Голгота, Витлеем, Гетсиманија, Елеонската Гора, потоа гробот на Исус итн. А во овие посети некои истражувачи гледаат зародиш на христијанскиот аџилак.

Особено Богородица често го посетувала гробот на својот син и го молела што побргу да ја земе кај себе. Набргу Господ Исус Христос ѝ пратил вест дека е скоро часот кога таа ќе умре. Истиот оној архангел Гаврил што ѝ ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот, сега ѝ кажал дека е дојдено времето кога таа ќе се пресели кај својот син. Ѝ предал рајска палмова гранка како победа на животот над смртта со барање да ја носат пред одарот за време на погребот. Богородица не се исплашила од оваа вест туку се израдувала што наскоро ќе биде кај својот син.

Му кажала на свети Јована, му ја предала рајската гранка и започнала да се подготвува за напуштање на овој свет. Посакала да ги види сите апостоли кои поради прогоните на Ирод, но и поради своите обврски да го шират христијанството биле растурени по светот. Носени од некоја таинствена сила сите апостоли веднаш пристигнале, со исклучок на Тома кој бил многу далеку и во тој момент не можел да дојде. На 15-тиот ден во месецот, во третиот час од денот, Богородица била легната во ковчегот, многу свеќи ја осветлувале просторијата, а апостолите пееле и го славеле Господа Исуса Христа. Богородица го очекувала својот син да ја поведе на небото. Одеднаш силна светлина ја исполнила просторијата, Исус слегол од небото со многу светци и ангели, а Богородица гледајќи го него извикнала: „Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови“, (Лука, 1/46-48) по што без болки ја предала својата душа во рацете на својот син. Тогаш ангелите го запеале поздравот од Благовештение: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените“. (Лука, 1/28) Во тој момент апостолите виделе како со оваа песна ангелите, заедно со Исус, ја носат душата на Богородица кон небото. Лицето ѝ светело како сонце, а од телото се ширел пријатен мирис од кој се излечиле многу болни.

По сопствена желба Богородица била погребана во Гетсиманската градина, каде што биле гробовите на нејзините родители Јоаким и Ана и на свршеникот (старателот) Јосиф. За време на погребот светиот апостол Јован ја носел рајската гранка пред погребната поворка, апостолите го носеле телото на Богородица, а над нив се слушало пеењето на ангелите. Светол облак ја завиткувал поворката и непријателите не можеле да се приближат, иако постојано ја следеле и се обидувале да ја растурат поворката, а телото на Богородица да го запалат.

Во еден момент на едно место малку се поткренал облакот и се видел ковчегот во кој била Богородица. Тогаш еден од еврејските свештеници се затрчал кон него, го фатил со рацете за да го преврти. Но во тој момент невидлив ангел со меч му ги отсекол рацете и дланките останале залепени на ковчегот. Свештеникот се покајал за тоа што сакал да го направи и заплакал, а апостолот Петар му рекол да ги допре рацете до пресечените дланки. Кога тоа го направил се случило чудо, рацете зараснале како никогаш да не биле пресечени. Сите што виделе се увериле дека Исус навистина е синот Божји и на тој ден многумина се крстиле и го примиле христијанството.

null

Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од воздухот се слушало пеењето на ангелите. Третиот ден по погребот пристигнал апостолот Тома кој што многу жалел затоа што не присуствувал на погребот на Божјата мајка и побарал апостолите да му го отворат гробот за да се поклони пред телото на Богородица. Апостолите му ја исполниле желбата, го отвориле гробот но на општо изненадување телото не било внатре. Имало само некои погребни платна од кои се ширел пријатен мирис. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила дека на третиот ден по погребот Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото. Кога се упокоила Богородица имала 63 (според други 72) години.

Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Голема Богородица се празнува на 28 август според новиот (односно на 15 август според стариот) календар. За подостоинствено празнување на овој празник му претходи двенеделен пост што започнува на 14/1 август, односно на празникот Св. седум маченици Макавејски. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња, сепак, празникот на нејзиното успение не се празнувал од почетокот. Во почетокот се празнувал празникот Собор на пресвета Богородица, веднаш по Божик, а подоцна од овој општ празник на мајката Божја како и другите нејзини празници се одделил и празникот на нејзиното Успение.

null

На иконите Успението на Пресвета Богородица е насликано на овој начин: На одарот е поставено телото на Богородица. Околу неа се народот и апостолите. До одарот во средината е нејзиниот син Исус кој во рацете го држи нејзиниот дух во форма на новороденче, или нејзиното тело во минијатурна форма. На некои фрески меѓу апостолите што го носат ковчегот со телото на Богородица насликан е и свештеникот со пресечените раце.

Низ цела етничка Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Мала Богородица се одржуваат масовни народни собири. Така е крај манастирот во Матка крај Скопје, кај црквата во центарот на Скопје, во Лешочкиот манастир крај Тетово, во Берово, и на повеќе други места.

Тропар Успение на Пресвета Богородица

Богородице, и во раѓањето си го сочувала девството, а по своето успение не си го оставила светот, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со твоите молитви ги избавуваш од смртта нашите души.

The post Именден празнуваат: Марија, Мара, Марјан, Маријана… Православните прославуваат Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот. Празник на мајката на животот Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана... Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име. null Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл. По раѓањето на Исус, Богородица живеела уште 48 години, извесен период кај старателот Јосиф, со синот Исус, а по неговото распетие и воскрeсение кај неговиот ученик и апостол свети Јован Богослов. За сето тоа време таа била директен сведок на многу важни настани што се од значење за христијанската црква. null Кога Исус бил распнат Богородица стоела покрај крстот и плачела како секоја мајка над судбината на својот син. Од крстот Исус ѝ порачал во иднина да живее кај апостолот Јован и да го има за свој син, а нему му порачал да ја има за своја мајка. Светото евангелие според Јована за ова сведочи: „А Исус, штом ја виде мајка си, и ученикот кого го љубеше како стои ѝ рече на мајка си: „Жено, ете ти син“! Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде при себе“ (Јован 19/26, 27) Се поставува прашањето зошто Исус од крстот на мајка си ѝ се обратил со „Жено“ а не со „Мајко“? Истражувачите на оваа проблематика сметаат дека со тоа сакал да ја заштити од своите непријатели: „Околу крстот Христов се наоѓале неговите најголеми непријатели и Он така ѝ се обратил за да ја заштити од нивната дрскост и злоба, оти тие ако знаеле дека тука е неговата мајка, можеби ќе ѝ нанеле и нејзе некое зло“. За време на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите со нив била и Богородица така што и врз неа слегол Светиот Дух, при што и таа ги примила неговите дарови. Потоа апостолите останале во Ерусалим уште 10 години, а за тоа време Богородица живеела кај свети Јован Богослов. Но кога Ирод ги започнал своите големи прогони на христијаните, апостолите со ждрепка решиле кој каде да оди и да го проповеда евангелието. Јован со Богородица отишол во Ефес, од каде што таа ги посетила св. Игнат Богоносец во Антиохија, св. Лазар воскреснатиот од Исуса кој бил епископ на Кипар и Света Гора којашто во таа прилика и ја благословила. И по враќањето во Ерусалим Богородица живеела во домот на апостолот и евангелист свети Јован Богослов и ги посетувала местата на кои за време на животот на Исус се случиле важни настани како што се Голгота, Витлеем, Гетсиманија, Елеонската Гора, потоа гробот на Исус итн. А во овие посети некои истражувачи гледаат зародиш на христијанскиот аџилак. Особено Богородица често го посетувала гробот на својот син и го молела што побргу да ја земе кај себе. Набргу Господ Исус Христос ѝ пратил вест дека е скоро часот кога таа ќе умре. Истиот оној архангел Гаврил што ѝ ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот, сега ѝ кажал дека е дојдено времето кога таа ќе се пресели кај својот син. Ѝ предал рајска палмова гранка како победа на животот над смртта со барање да ја носат пред одарот за време на погребот. Богородица не се исплашила од оваа вест туку се израдувала што наскоро ќе биде кај својот син. Му кажала на свети Јована, му ја предала рајската гранка и започнала да се подготвува за напуштање на овој свет. Посакала да ги види сите апостоли кои поради прогоните на Ирод, но и поради своите обврски да го шират христијанството биле растурени по светот. Носени од некоја таинствена сила сите апостоли веднаш пристигнале, со исклучок на Тома кој бил многу далеку и во тој момент не можел да дојде. На 15-тиот ден во месецот, во третиот час од денот, Богородица била легната во ковчегот, многу свеќи ја осветлувале просторијата, а апостолите пееле и го славеле Господа Исуса Христа. Богородица го очекувала својот син да ја поведе на небото. Одеднаш силна светлина ја исполнила просторијата, Исус слегол од небото со многу светци и ангели, а Богородица гледајќи го него извикнала: „Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови“, (Лука, 1/46-48) по што без болки ја предала својата душа во рацете на својот син. Тогаш ангелите го запеале поздравот од Благовештение: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените“. (Лука, 1/28) Во тој момент апостолите виделе како со оваа песна ангелите, заедно со Исус, ја носат душата на Богородица кон небото. Лицето ѝ светело како сонце, а од телото се ширел пријатен мирис од кој се излечиле многу болни. По сопствена желба Богородица била погребана во Гетсиманската градина, каде што биле гробовите на нејзините родители Јоаким и Ана и на свршеникот (старателот) Јосиф. За време на погребот светиот апостол Јован ја носел рајската гранка пред погребната поворка, апостолите го носеле телото на Богородица, а над нив се слушало пеењето на ангелите. Светол облак ја завиткувал поворката и непријателите не можеле да се приближат, иако постојано ја следеле и се обидувале да ја растурат поворката, а телото на Богородица да го запалат. Во еден момент на едно место малку се поткренал облакот и се видел ковчегот во кој била Богородица. Тогаш еден од еврејските свештеници се затрчал кон него, го фатил со рацете за да го преврти. Но во тој момент невидлив ангел со меч му ги отсекол рацете и дланките останале залепени на ковчегот. Свештеникот се покајал за тоа што сакал да го направи и заплакал, а апостолот Петар му рекол да ги допре рацете до пресечените дланки. Кога тоа го направил се случило чудо, рацете зараснале како никогаш да не биле пресечени. Сите што виделе се увериле дека Исус навистина е синот Божји и на тој ден многумина се крстиле и го примиле христијанството. null Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од воздухот се слушало пеењето на ангелите. Третиот ден по погребот пристигнал апостолот Тома кој што многу жалел затоа што не присуствувал на погребот на Божјата мајка и побарал апостолите да му го отворат гробот за да се поклони пред телото на Богородица. Апостолите му ја исполниле желбата, го отвориле гробот но на општо изненадување телото не било внатре. Имало само некои погребни платна од кои се ширел пријатен мирис. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила дека на третиот ден по погребот Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото. Кога се упокоила Богородица имала 63 (според други 72) години. Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Голема Богородица се празнува на 28 август според новиот (односно на 15 август според стариот) календар. За подостоинствено празнување на овој празник му претходи двенеделен пост што започнува на 14/1 август, односно на празникот Св. седум маченици Макавејски. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња, сепак, празникот на нејзиното успение не се празнувал од почетокот. Во почетокот се празнувал празникот Собор на пресвета Богородица, веднаш по Божик, а подоцна од овој општ празник на мајката Божја како и другите нејзини празници се одделил и празникот на нејзиното Успение. null На иконите Успението на Пресвета Богородица е насликано на овој начин: На одарот е поставено телото на Богородица. Околу неа се народот и апостолите. До одарот во средината е нејзиниот син Исус кој во рацете го држи нејзиниот дух во форма на новороденче, или нејзиното тело во минијатурна форма. На некои фрески меѓу апостолите што го носат ковчегот со телото на Богородица насликан е и свештеникот со пресечените раце. Низ цела етничка Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Мала Богородица се одржуваат масовни народни собири. Така е крај манастирот во Матка крај Скопје, кај црквата во центарот на Скопје, во Лешочкиот манастир крај Тетово, во Берово, и на повеќе други места.

Тропар Успение на Пресвета Богородица

Богородице, и во раѓањето си го сочувала девството, а по своето успение не си го оставила светот, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со твоите молитви ги избавуваш од смртта нашите души.

The post Именден празнуваат: Марија, Мара, Марјан, Маријана… Православните прославуваат Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Гората ечи од зурли и тапани – Гари слави Голема Богородица! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorata-echi-od-zurli-i-tapani-gari-slavi-golema-bogoroditsa/ Wed, 28 Aug 2024 07:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=810749

Како и секоја година во мијачкото село Гари се одржа големата традиционална прослава на празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица.

Жителите на селото, голем број луѓе кои потекнуваат од тука, но и оние кои се дојдени во живо да бидат дел од оваа традиција, се собираат во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движат низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“.

Во чест на празникот, девојките ги облекуваат своите најубави традиционални носии и се приклучуваат на поворката кон главната селска црква.

Станува збор за православен храм изграден во 19 век. Црквата претставува правоаголна базилика, а се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци.

Оваа црква, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем.

Денот на Голема Богородица, црквата го одбележува како сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот.

Со оглед на тоа што Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат.

Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица.

За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете, или да се почне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да почне со нови, есенски работи.

Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести.

Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства. Се берат боровинки и лековити билки а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот.

Што се случило со Богородица после воскресението на Исус?

Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица.

Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

The post Гората ечи од зурли и тапани – Гари слави Голема Богородица! appeared first on Република.

]]>

Како и секоја година во мијачкото село Гари се одржа големата традиционална прослава на празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица. Жителите на селото, голем број луѓе кои потекнуваат од тука, но и оние кои се дојдени во живо да бидат дел од оваа традиција, се собираат во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движат низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“. Во чест на празникот, девојките ги облекуваат своите најубави традиционални носии и се приклучуваат на поворката кон главната селска црква. Станува збор за православен храм изграден во 19 век. Црквата претставува правоаголна базилика, а се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци. Оваа црква, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем. Денот на Голема Богородица, црквата го одбележува како сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот. Со оглед на тоа што Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат. Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица. За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете, или да се почне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да почне со нови, есенски работи. Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести. Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства. Се берат боровинки и лековити билки а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот.

Што се случило со Богородица после воскресението на Исус?

Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица. Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

The post Гората ечи од зурли и тапани – Гари слави Голема Богородица! appeared first on Република.

]]>
Манастирот во Матка се подготвува да ги пречека верниците и граѓаните на одбележувањето на Голема Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manastirot-vo-matka-se-podgotvuva-da-gi-precheka-vernitsite-i-graganite-na-odbelezhuvaneto-na-golema-bogoroditsa/ Sun, 25 Aug 2024 20:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=810093

Со големи народни собири секоја година на 28 август се одбележува еден од најголемите христијански празници „Успение на Пресвета Богородица“ или „Голема Богородица“. Верниците на овој ден ги посетуваат најблиските цркви или манастири и се молат на мајката Богородица за здравје, среќа и благосостојба. Екипата на МИА го посети манастирот во Матка, каде деновиве се прават последните подготовки за одбележување на овој голем ден, кој воедно е нивниот патронен празник.

Манастирот Успение на Пресвета Богородица (познат и како Манастир Матка) се наоѓа веднаш на левиот брег на реката Треска, по браната на езерото Матка, на околу 17 километри од центарот на градот Скопје. Тој е активен манастир во кој постои женско монашко сестринство.

Сестрите во манастирот ги организираа последните подготовки за претстојниот празник, го чистеа дворот, ја подготвуваа летната кујна. Во манастирот можевме да забележиме дека доаѓаа верници кои доброволно се пријавиле да помогнат околку подготовките за празникот.

На 28 август манастирот секогаш е посетен од илјадници скопјани како на црковните служби посветени на Успението на пресвета Богородица, така и на големата општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика. Ова е традиција која што се одржува со години.

Сестрата Доротеа во изјава за МИА ни објасни дека манастирот датира од 1337 година, а фреските се од 1497 година. Како што посочи, за одржување на самиот манастир најмногу се грижи сестринството.

Манастирот датира од 1337 година, оваа градба што е сега. Фреските се од 1497 година. Имало тука ранохристијански храм од четврти до шести век, заклучно со шести век. За одржување на манастирот главно сестринството се грижи, имаме економија на самоодржливост, вели сестрата Доротеа.

Изработка на свештени одејанија, бројаници, лековити производи, природни масла и креми 

Она што е значајно е тоа што сестрите во овој манастир изработуваат бројаници, свештени одејанија, лековити производи, зимници, везени производи, оплеменети производи, приврзоци. Имаат и пчелни производи, создаваат природни масла и креми.

Изработуваме свештеници одежди, се што е потребно за опремување од платно, од везење за една црква. Изработуваме, цртаме кадилници, шолји, бројаници. Има повеќе работи кои ги создаваме, во нашата продавничка може да се види дека продаваме и ликери и креми. Од неодамна имаме и пчели. Немаме мед сега за продавање, но од тоа што го имаме од пчелите, ги правиме природните производи како масленца, креми, за толку имаме. Немаме мед за продавање, но имаме пчелни производи за производство на тие природни работи, додава сестрата Доротеа за МИА.

Сестринството денот го започнува во раните утрински зори со собирање на краток синаксис, на којшто се читаат кратки поуки од свети отци, како подготовка за келијното молитвено правило, се до започнувањето на дневните послушанија, при кои се изработуваат и манастирските производи. Сестрите за време на послушанијата го негуваат молчанието и постојаното кажување на Исусовата молитва.

Сите активности во манастирот редовно се објавуваат во дигитализирана форма

Инаку, сите производи кои се создаваат во манастирот и можат да се купат, се објавени и на нивната веб-страница, па заинтересираните купувачи можат да си нарачаат онлајн. Сите активности на сестрите во манастирот се презентирани и во дигитална форма на оваа нивна веб-страница. Во делот на одржување на веб-страницата задолжени се сестрите во соработка со стручните лица.

Одеждите и сите наши останати производи ги имаме на нашиот сајт. Заинтересираните купувачи порачуваат и преку сајтот, но и има и директно што доаѓаат во продавничката и во работилницата. Посетителите се заинтересирани и за одеждите. Ние шиеме и изработуваме за Македонската православна црква (МПЦ), за Македонците надвор од Македонија, како и за цела православна игумена. Се порачува и од странство. Сме шиеле за Грција, за Русија, за Финска, за Американската православна црква, за Финската православна црква, за Америка и Австралија, за нашите иселеници во Европа. Немаме големо производство, но сме изработувале за повеќе држави, вели сестрата Доротеа за МИА.

Како што појасни, инспирацијата за изработка на свештените одежди ја црпат од изворното наследство на нивната црква, најмногу од византиското сликарство. Таа додаде дека при самата изработка на помош доаѓаат неколку девојчиња од надвор, а на прашање колку време е потребно за да биде готова една изработка, рече дека тоа зависи од везот и од тоа за каква одежда станува збор.

Инспирацијата ја црпиме од изворното наследство на нашата црква, византиски најмногу, од византиското сликарство. Инволвирано е сестринството. Имаме уште неколку девојчиња што доаѓаат, што помагаат. Колку е потребно за да се изработи една одежда, тоа зависи од везот, зависи кои одежди ќе се работат. Да речеме ѓаконските одежди се со најмалку елементи, па свештеничките , па владичките. Зависи кои одежди, зависи од везот, од материјалот, појаснува сестра Доротеа.

На 27 август вечерна литургија и бдеење, на 28 август утринска литургија и општонародна веселба

Илјадници скопјани и жители од други делови на земјата, христијани, но и муслимани   доаѓаат во манастирот да се помолат за здравје пред Мајката Божја.

Литургијата по повод празникот Успение на Пресвета Богородица е на 28 август во 8:30 часот а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Претходниот ден на 27 август во 18: 30 часот ќе се одржи вечерната служба, а пред полноќ ќе започне сеноќното бдеење.

Активностите се тие. Вечерната служба почнува во 18:30 часот . Имаме бдение на 27-ми август од 23:30 часот. На 28-ми август имаме литургија од 8:30 часот, а ќе има подготвена и храна за сите гости што ќе дојдат, додава сестра Доротеа.

Манастирот, како што вели, е посетен и од млади луѓе. Има редовни посетители континуирано, а се зголемува и бројот на луѓе кои што доаѓаат на литургија.

Во манастирот доаѓаат и млади луѓе, а се зголемува бројот на луѓе кои што доаѓаат на литургија. Редовни посетители има континуирано. Манастирот не е толку посетен како што е посетена Матка, нема толку гужви, но сепак континуирано има заинтересирани кои доаѓаат, додава сестра Доротеа.

Како и секоја, така и оваа година патронен празник на манастирот, меѓу народот познат како „ Голема Богородица“, се одбележува и со организирање на општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика, која ја посетуваат илјадници граѓани.

Како и секоја година манастирот продолжува со славата, со традицијата, славата на Пресвета Богородица, знаејќи дека Пресвета Богородица е од исклучително значење, не само за нашиот манастирот, туку за целиот свет. Можам да кажам дека ликот на Пресвета Богородица е од исклучително значење не само за нашиот манастир, не само за нашата држава, туку за целиот свет, за сите што ќе ја побараат, вели за МИА сестра Доротеа.

Овој собир има и хуманитарен карактер, бидејќи исто така традиционално во дворот на манастирот секоја година се одржува и крводарителска акција.

The post Манастирот во Матка се подготвува да ги пречека верниците и граѓаните на одбележувањето на Голема Богородица appeared first on Република.

]]>

Со големи народни собири секоја година на 28 август се одбележува еден од најголемите христијански празници „Успение на Пресвета Богородица“ или „Голема Богородица“. Верниците на овој ден ги посетуваат најблиските цркви или манастири и се молат на мајката Богородица за здравје, среќа и благосостојба. Екипата на МИА го посети манастирот во Матка, каде деновиве се прават последните подготовки за одбележување на овој голем ден, кој воедно е нивниот патронен празник. Манастирот Успение на Пресвета Богородица (познат и како Манастир Матка) се наоѓа веднаш на левиот брег на реката Треска, по браната на езерото Матка, на околу 17 километри од центарот на градот Скопје. Тој е активен манастир во кој постои женско монашко сестринство. Сестрите во манастирот ги организираа последните подготовки за претстојниот празник, го чистеа дворот, ја подготвуваа летната кујна. Во манастирот можевме да забележиме дека доаѓаа верници кои доброволно се пријавиле да помогнат околку подготовките за празникот. На 28 август манастирот секогаш е посетен од илјадници скопјани како на црковните служби посветени на Успението на пресвета Богородица, така и на големата општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика. Ова е традиција која што се одржува со години. Сестрата Доротеа во изјава за МИА ни објасни дека манастирот датира од 1337 година, а фреските се од 1497 година. Како што посочи, за одржување на самиот манастир најмногу се грижи сестринството.
Манастирот датира од 1337 година, оваа градба што е сега. Фреските се од 1497 година. Имало тука ранохристијански храм од четврти до шести век, заклучно со шести век. За одржување на манастирот главно сестринството се грижи, имаме економија на самоодржливост, вели сестрата Доротеа.

Изработка на свештени одејанија, бројаници, лековити производи, природни масла и креми 

Она што е значајно е тоа што сестрите во овој манастир изработуваат бројаници, свештени одејанија, лековити производи, зимници, везени производи, оплеменети производи, приврзоци. Имаат и пчелни производи, создаваат природни масла и креми.
Изработуваме свештеници одежди, се што е потребно за опремување од платно, од везење за една црква. Изработуваме, цртаме кадилници, шолји, бројаници. Има повеќе работи кои ги создаваме, во нашата продавничка може да се види дека продаваме и ликери и креми. Од неодамна имаме и пчели. Немаме мед сега за продавање, но од тоа што го имаме од пчелите, ги правиме природните производи како масленца, креми, за толку имаме. Немаме мед за продавање, но имаме пчелни производи за производство на тие природни работи, додава сестрата Доротеа за МИА.
Сестринството денот го започнува во раните утрински зори со собирање на краток синаксис, на којшто се читаат кратки поуки од свети отци, како подготовка за келијното молитвено правило, се до започнувањето на дневните послушанија, при кои се изработуваат и манастирските производи. Сестрите за време на послушанијата го негуваат молчанието и постојаното кажување на Исусовата молитва.

Сите активности во манастирот редовно се објавуваат во дигитализирана форма

Инаку, сите производи кои се создаваат во манастирот и можат да се купат, се објавени и на нивната веб-страница, па заинтересираните купувачи можат да си нарачаат онлајн. Сите активности на сестрите во манастирот се презентирани и во дигитална форма на оваа нивна веб-страница. Во делот на одржување на веб-страницата задолжени се сестрите во соработка со стручните лица.
Одеждите и сите наши останати производи ги имаме на нашиот сајт. Заинтересираните купувачи порачуваат и преку сајтот, но и има и директно што доаѓаат во продавничката и во работилницата. Посетителите се заинтересирани и за одеждите. Ние шиеме и изработуваме за Македонската православна црква (МПЦ), за Македонците надвор од Македонија, како и за цела православна игумена. Се порачува и од странство. Сме шиеле за Грција, за Русија, за Финска, за Американската православна црква, за Финската православна црква, за Америка и Австралија, за нашите иселеници во Европа. Немаме големо производство, но сме изработувале за повеќе држави, вели сестрата Доротеа за МИА.
Како што појасни, инспирацијата за изработка на свештените одежди ја црпат од изворното наследство на нивната црква, најмногу од византиското сликарство. Таа додаде дека при самата изработка на помош доаѓаат неколку девојчиња од надвор, а на прашање колку време е потребно за да биде готова една изработка, рече дека тоа зависи од везот и од тоа за каква одежда станува збор.
Инспирацијата ја црпиме од изворното наследство на нашата црква, византиски најмногу, од византиското сликарство. Инволвирано е сестринството. Имаме уште неколку девојчиња што доаѓаат, што помагаат. Колку е потребно за да се изработи една одежда, тоа зависи од везот, зависи кои одежди ќе се работат. Да речеме ѓаконските одежди се со најмалку елементи, па свештеничките , па владичките. Зависи кои одежди, зависи од везот, од материјалот, појаснува сестра Доротеа.

На 27 август вечерна литургија и бдеење, на 28 август утринска литургија и општонародна веселба

Илјадници скопјани и жители од други делови на земјата, христијани, но и муслимани   доаѓаат во манастирот да се помолат за здравје пред Мајката Божја. Литургијата по повод празникот Успение на Пресвета Богородица е на 28 август во 8:30 часот а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Претходниот ден на 27 август во 18: 30 часот ќе се одржи вечерната служба, а пред полноќ ќе започне сеноќното бдеење.
Активностите се тие. Вечерната служба почнува во 18:30 часот . Имаме бдение на 27-ми август од 23:30 часот. На 28-ми август имаме литургија од 8:30 часот, а ќе има подготвена и храна за сите гости што ќе дојдат, додава сестра Доротеа.
Манастирот, како што вели, е посетен и од млади луѓе. Има редовни посетители континуирано, а се зголемува и бројот на луѓе кои што доаѓаат на литургија.
Во манастирот доаѓаат и млади луѓе, а се зголемува бројот на луѓе кои што доаѓаат на литургија. Редовни посетители има континуирано. Манастирот не е толку посетен како што е посетена Матка, нема толку гужви, но сепак континуирано има заинтересирани кои доаѓаат, додава сестра Доротеа.
Како и секоја, така и оваа година патронен празник на манастирот, меѓу народот познат како „ Голема Богородица“, се одбележува и со организирање на општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика, која ја посетуваат илјадници граѓани.
Како и секоја година манастирот продолжува со славата, со традицијата, славата на Пресвета Богородица, знаејќи дека Пресвета Богородица е од исклучително значење, не само за нашиот манастирот, туку за целиот свет. Можам да кажам дека ликот на Пресвета Богородица е од исклучително значење не само за нашиот манастир, не само за нашата држава, туку за целиот свет, за сите што ќе ја побараат, вели за МИА сестра Доротеа.
Овој собир има и хуманитарен карактер, бидејќи исто така традиционално во дворот на манастирот секоја година се одржува и крводарителска акција.

The post Манастирот во Матка се подготвува да ги пречека верниците и граѓаните на одбележувањето на Голема Богородица appeared first on Република.

]]>
Среда е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/sreda-e-neraboten-den-za-graganite-od-pravoslavna-veroispoved/ Fri, 23 Aug 2024 08:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=809287

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

 

The post Среда е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед appeared first on Република.

]]>

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.  

The post Среда е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед appeared first on Република.

]]>
Празнични богослужби во манастирот во Матка за Успение на Пресвета Богородица https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/praznichni-bogosluzhbi-vo-manastirot-vo-matka-za-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/ Wed, 21 Aug 2024 07:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=808502

Во пресрет на одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка, кај Скопје во вторник на 27 август ќе се одржи вечерна богослужба и полноќно бдение.

На денот на празникот 28 август, во утринските часови во манастирот ќе се одржи Света божествена литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г.г. Стефан.

Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата ќе се одржи крводарителска акција.

The post Празнични богослужби во манастирот во Матка за Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка, кај Скопје во вторник на 27 август ќе се одржи вечерна богослужба и полноќно бдение. На денот на празникот 28 август, во утринските часови во манастирот ќе се одржи Света божествена литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г.г. Стефан. Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата ќе се одржи крводарителска акција.

The post Празнични богослужби во манастирот во Матка за Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Живо е Гари! Младите гордо ја продолжуваат традицијата на своите предци https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/zhivo-e-gari-mladite-gordo-ja-prodolzhuvaat-traditsijata-na-svoite-predtsi/ Wed, 30 Aug 2023 15:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=677325

На 1.100 метри надморска височина, во пазувите на Стогово, скриено меѓу бујните дрвја и зелените ливади, Гари му пркоси на времето и гордо останува на своето славно име - едно од најубавите села во Западна Македонија. Живо е Гари, посебно во август, кога еден по еден му се враќаат мештаните, оние што одбиваат да го продадат своето минато, своето име.

А, дека љубовта се пренесува преку крвта, преку генерации и генерации на гарци, се потврди и годинава, кога селото се наполни со млади. Оние што не заборавиле од каде доаѓаат, туку гордо ги прераскажуваат мијачките легенди и исправено ги носат македонските носии.

За празникот за време на кој најмногу живнува селото, Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, со денови се одржуваше традиционалната прослава. Зурлите ечеа и дење и ноќе, орото се виеше по секоја уличка.

Прославата на Богородица трае со векови. Адет е за овој празник да се прави свадба, но и ако некоја година помине без венчавка, не поминува без прослава. Гарци се собираат во ма­ла­та, но пре­крас­на цр­ква „Св. Бо­го­ро­ди­ца“, каде лежат чудотворните коски на еден светец.

Во гор­ни­от кат од цр­ква­та, ако пог­лед­нете на­го­ре, ме­ѓу ико­ни­те се гле­да око. Око­то е на­цр­та­но во три­а­гол­ник, и ка­ко и да се дви­жи­те, тоа по­сто­ја­но ве сле­ди. Пр­ва­та асо­ци­ја­ци­ја, ка­ко што се прет­по­ста­ву­ва во до­ку­мен­ти­ра­ни­те за­пи­си за Га­ри, е де­ка тоа е ма­сон­ско око. Ама ло­кал­ни­те жи­те­ли не зна­ат да об­јас­нат што зна­чи овој знак. Над ол­та­рот има и сон­це со 16 кра­ци. Се­ла­ни­те ве­лат де­ка тоа им е сим­бол на ми­јач­ки­от крај и де­ка на вре­ме­то Ми­ја­ци­те, по­крај сво­јот ми­јач­ки ја­зик, си има­ле и ми­јач­ко зна­ме со сон­це со 16 кра­ци.

За Гари има многу да се кажува, ама најубаво е да се доживее. Па, следната година, кога ќе сакате да избегате од горештините, сетете се дека овде ќе ве пречекаат насмеани лица, од најмладо до најстаро ќе ви кажат каде е најубавата ледина, каде да си купите од најбкусните гарски сирења и овчо млеко, каде да мезнете пастрмка. Ќе сфатите зошто кој еднаш отишол, пак сака да се врати. Живо е Гари, жива е Македонија!

https://republika.mk/vesti/makedonija/gari-echeshe-od-zurli-i-tapani-gartsi-go-odbelezhaa-doaganeto-na-golema-bogoroditsa/

https://republika.mk/vesti/makedonija/slavnoto-selo-gari-go-proslavi-praznikot-golema-bogoroditsa/

https://republika.mk/zivot/patuvanja/gari-ubavina-shto-treba-da-se-dozivee/

The post Живо е Гари! Младите гордо ја продолжуваат традицијата на своите предци appeared first on Република.

]]>

На 1.100 метри надморска височина, во пазувите на Стогово, скриено меѓу бујните дрвја и зелените ливади, Гари му пркоси на времето и гордо останува на своето славно име - едно од најубавите села во Западна Македонија. Живо е Гари, посебно во август, кога еден по еден му се враќаат мештаните, оние што одбиваат да го продадат своето минато, своето име. А, дека љубовта се пренесува преку крвта, преку генерации и генерации на гарци, се потврди и годинава, кога селото се наполни со млади. Оние што не заборавиле од каде доаѓаат, туку гордо ги прераскажуваат мијачките легенди и исправено ги носат македонските носии. За празникот за време на кој најмногу живнува селото, Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, со денови се одржуваше традиционалната прослава. Зурлите ечеа и дење и ноќе, орото се виеше по секоја уличка.
Прославата на Богородица трае со векови. Адет е за овој празник да се прави свадба, но и ако некоја година помине без венчавка, не поминува без прослава. Гарци се собираат во ма­ла­та, но пре­крас­на цр­ква „Св. Бо­го­ро­ди­ца“, каде лежат чудотворните коски на еден светец. Во гор­ни­от кат од цр­ква­та, ако пог­лед­нете на­го­ре, ме­ѓу ико­ни­те се гле­да око. Око­то е на­цр­та­но во три­а­гол­ник, и ка­ко и да се дви­жи­те, тоа по­сто­ја­но ве сле­ди. Пр­ва­та асо­ци­ја­ци­ја, ка­ко што се прет­по­ста­ву­ва во до­ку­мен­ти­ра­ни­те за­пи­си за Га­ри, е де­ка тоа е ма­сон­ско око. Ама ло­кал­ни­те жи­те­ли не зна­ат да об­јас­нат што зна­чи овој знак. Над ол­та­рот има и сон­це со 16 кра­ци. Се­ла­ни­те ве­лат де­ка тоа им е сим­бол на ми­јач­ки­от крај и де­ка на вре­ме­то Ми­ја­ци­те, по­крај сво­јот ми­јач­ки ја­зик, си има­ле и ми­јач­ко зна­ме со сон­це со 16 кра­ци.
За Гари има многу да се кажува, ама најубаво е да се доживее. Па, следната година, кога ќе сакате да избегате од горештините, сетете се дека овде ќе ве пречекаат насмеани лица, од најмладо до најстаро ќе ви кажат каде е најубавата ледина, каде да си купите од најбкусните гарски сирења и овчо млеко, каде да мезнете пастрмка. Ќе сфатите зошто кој еднаш отишол, пак сака да се врати. Живо е Гари, жива е Македонија! https://republika.mk/vesti/makedonija/gari-echeshe-od-zurli-i-tapani-gartsi-go-odbelezhaa-doaganeto-na-golema-bogoroditsa/ https://republika.mk/vesti/makedonija/slavnoto-selo-gari-go-proslavi-praznikot-golema-bogoroditsa/ https://republika.mk/zivot/patuvanja/gari-ubavina-shto-treba-da-se-dozivee/

The post Живо е Гари! Младите гордо ја продолжуваат традицијата на своите предци appeared first on Република.

]]>
Г.г Стефан: Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-vistinsko-vreme-e-samoproglasenite-bortsi-za-pravata-na-zhenite-da-se-zaprashaat-kako-ke-se-ragaat-i-vospituvaat-idnite-pokolenija/ Mon, 28 Aug 2023 16:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=676657

Поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан денеска во обраќањето по повод големиот христијански празник во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка рече дека сите оние кои се загрижени за третманот и правата на жената, се непознавачи на нејзиното вистинско место во христијанството.

До каде ќе стигне светот со истополовите бракови и со хуруршката промена на полови? Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија? Пресвета Богородица била и останува да биде идеал за мајка. И со покажаната љубов и со трпението и со подготвеноста за страдање и подготвеноста за саможртва, рече г.г. Стефан.

Големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска се одбележува во сите православни храмови низ државата.

Во истоимениот манастир во Матка традиционално се одржува крводарителска акција.

The post Г.г Стефан: Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан денеска во обраќањето по повод големиот христијански празник во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка рече дека сите оние кои се загрижени за третманот и правата на жената, се непознавачи на нејзиното вистинско место во христијанството.
До каде ќе стигне светот со истополовите бракови и со хуруршката промена на полови? Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија? Пресвета Богородица била и останува да биде идеал за мајка. И со покажаната љубов и со трпението и со подготвеноста за страдање и подготвеноста за саможртва, рече г.г. Стефан.
Големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска се одбележува во сите православни храмови низ државата. Во истоимениот манастир во Матка традиционално се одржува крводарителска акција.

The post Г.г Стефан: Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија appeared first on Република.

]]>
Славното село Гари го прослави празникот Голема Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slavnoto-selo-gari-go-proslavi-praznikot-golema-bogoroditsa/ Mon, 28 Aug 2023 13:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=676617

Христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица беше традиционално прославен во славното мијачко село Гари.

Жителите на селото,туристи,  но и голем број луѓе кои потекнуваат од тука, се собираа во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движеа низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“.

Девојките ги облекоа своите најубави традиционални носии и  беа дел од поворката кон главната селска црква. Во ова село празникот се прославува два дена.

Селото Гари неофицијално се нарекува и главен град на Западна Македонија.

 

 

 

The post Славното село Гари го прослави празникот Голема Богородица appeared first on Република.

]]>

Христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица беше традиционално прославен во славното мијачко село Гари. Жителите на селото,туристи,  но и голем број луѓе кои потекнуваат од тука, се собираа во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движеа низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“. Девојките ги облекоа своите најубави традиционални носии и  беа дел од поворката кон главната селска црква. Во ова село празникот се прославува два дена. Селото Гари неофицијално се нарекува и главен град на Западна Македонија.      

The post Славното село Гари го прослави празникот Голема Богородица appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓа голем христијански празник: Еве што треба да направите на овој ден https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ni-doaga-golem-hristijanski-praznik-eve-shto-treba-da-napravite-na-ovoj-den/ Sun, 27 Aug 2023 19:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=676452

Утре, во православните цркви се одбележува празникот на Големата Богородица. Официјалниот наслов на празникот е Успение на Пресвета Богородица. Голема Богородица е, всушност, сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот.

Бидејќи на Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат. Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица.

За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете или да се почне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да започне со нови, есенски работи.

Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести. Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства.

Се берат боровинки и лековити билки, а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот.

Што се случило со Богородица после воскресението на Исус?

Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица.

Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

 

The post Ни доаѓа голем христијански празник: Еве што треба да направите на овој ден appeared first on Република.

]]>

Утре, во православните цркви се одбележува празникот на Големата Богородица. Официјалниот наслов на празникот е Успение на Пресвета Богородица. Голема Богородица е, всушност, сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот. Бидејќи на Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат. Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица. За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете или да се почне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да започне со нови, есенски работи. Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести. Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства. Се берат боровинки и лековити билки, а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот.

Што се случило со Богородица после воскресението на Исус?

Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица. Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.  

The post Ни доаѓа голем христијански празник: Еве што треба да направите на овој ден appeared first on Република.

]]>
Гари ечеше од зурли и тапани – Гарци го одбележаа доаѓањето на Голема Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gari-echeshe-od-zurli-i-tapani-gartsi-go-odbelezhaa-doaganeto-na-golema-bogoroditsa/ Sun, 27 Aug 2023 18:43:22 +0000 https://republika.mk/?p=676454

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, се одржува традиционална прослава во славното мијачко село Гари.

Жителите на селото, но и голем број луѓе кои потекнуваат од тука, се собираат во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движат низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“.

Истовремено, девојките ги облекуваат своите најубави традиционални носии и се приклучуваат на поворката кон главната селска црква.

Станува збор за православен храм изграден во 19 век. Црквата претставува правоаголна базилика, а се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци.

Оваа црква, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем.

Денот на Голема Богородица, црквата го одбележува како сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот. Со оглед на тоа што Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат.

Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица. За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете, или да се започне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да почне со нови, есенски работи.

Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести. Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства. Се берат боровинки и лековити билки а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот.

Што се случило со Богородица после воскресението на Исус?

Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица.
Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

The post Гари ечеше од зурли и тапани – Гарци го одбележаа доаѓањето на Голема Богородица appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, се одржува традиционална прослава во славното мијачко село Гари. Жителите на селото, но и голем број луѓе кои потекнуваат од тука, се собираат во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движат низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“. Истовремено, девојките ги облекуваат своите најубави традиционални носии и се приклучуваат на поворката кон главната селска црква. Станува збор за православен храм изграден во 19 век. Црквата претставува правоаголна базилика, а се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци. Оваа црква, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем. Денот на Голема Богородица, црквата го одбележува како сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот. Со оглед на тоа што Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат. Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица. За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете, или да се започне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да почне со нови, есенски работи. Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести. Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства. Се берат боровинки и лековити билки а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот. Што се случило со Богородица после воскресението на Исус? Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица. Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

The post Гари ечеше од зурли и тапани – Гарци го одбележаа доаѓањето на Голема Богородица appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓа тежок празник: В понеделник напијте се вода со ронка боја од иконата на Богородица https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ni-doaga-tezhok-praznik-v-ponedelnik-napijte-se-voda-so-ronka-boja-od-ikonata-na-bogoroditsa/ Fri, 25 Aug 2023 13:48:07 +0000 https://republika.mk/?p=675411

Во понеделник, 28 август, православните верници ќе го чествуваат големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а воедно овој ден е прогласен за неработен.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

За празниците Голема и Мала Богородица обичај е, особено жените, да ги почитуваам поголемиот број забрани кои се однесуваат на извршувањето домашни обврски. На верниците, особено на жените им се препорачува да не чистат, перат и да ги завршуваат домашните обврски.

Се верува дека ако на празникот жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност.

Исто така, тој ден не е добар за отпочнување на нови бизниси.

The post Ни доаѓа тежок празник: В понеделник напијте се вода со ронка боја од иконата на Богородица appeared first on Република.

]]>

Во понеделник, 28 август, православните верници ќе го чествуваат големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а воедно овој ден е прогласен за неработен. Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога. За празниците Голема и Мала Богородица обичај е, особено жените, да ги почитуваам поголемиот број забрани кои се однесуваат на извршувањето домашни обврски. На верниците, особено на жените им се препорачува да не чистат, перат и да ги завршуваат домашните обврски. Се верува дека ако на празникот жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Исто така, тој ден не е добар за отпочнување на нови бизниси.

The post Ни доаѓа тежок празник: В понеделник напијте се вода со ронка боја од иконата на Богородица appeared first on Република.

]]>
По повод Голема Богородица сеноќно бдение, со света архијерејска литургија во Бигорски https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/po-povod-golema-bogoroditsa-senokno-bdenie-so-sveta-arhijerejska-liturgija-vo-bigorski-2/ Thu, 24 Aug 2023 12:26:15 +0000 https://republika.mk/?p=675406

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот позната како Голема Богородица, во Бигорскиот манастир ќе се одржи сеноќно бдение, со света архијерејска литургија.

Возљубени поклоници на Царицата Небесна, ве известуваме дека на денот кога ја славиме „летната Пасха“, односно сечесното Успение и Преселување на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во Свештената Бигорска Обител ќе се одржи сеноќно бдение, коешто ќе започне во недела, на 27 август, во 21 часот, стои во соопштението на Бигорскиот манастир.

Се додава дека во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе се испеат Богородичните статии.

Бдението ќе заврши со Божествена архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува игуменот на обителта, неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

Благослов да присуствуваат на бдението имаат сите кои молитвено сакаат да го прослават великиот празник на Мајката Божја.

По традиција се очекува големо присуство на верници од многу градови во земјава.

The post По повод Голема Богородица сеноќно бдение, со света архијерејска литургија во Бигорски appeared first on Република.

]]>

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот позната како Голема Богородица, во Бигорскиот манастир ќе се одржи сеноќно бдение, со света архијерејска литургија.
Возљубени поклоници на Царицата Небесна, ве известуваме дека на денот кога ја славиме „летната Пасха“, односно сечесното Успение и Преселување на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во Свештената Бигорска Обител ќе се одржи сеноќно бдение, коешто ќе започне во недела, на 27 август, во 21 часот, стои во соопштението на Бигорскиот манастир.
Се додава дека во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе се испеат Богородичните статии. Бдението ќе заврши со Божествена архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува игуменот на обителта, неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. Благослов да присуствуваат на бдението имаат сите кои молитвено сакаат да го прослават великиот празник на Мајката Божја. По традиција се очекува големо присуство на верници од многу градови во земјава.

The post По повод Голема Богородица сеноќно бдение, со света архијерејска литургија во Бигорски appeared first on Република.

]]>
Хумана традиција на скопјани – 21. крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/humana-traditsija-na-skopjani-21-krvodaritelska-aktsija-po-povod-praznikot-golema-bogoroditsa/ Thu, 24 Aug 2023 08:29:37 +0000 https://republika.mk/?p=675242

Црвениот крст на Република Македонија - Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28.08.2023 година, традиционално, по 21-ви пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 20 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција.

Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.

The post Хумана традиција на скопјани – 21. крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица appeared first on Република.

]]>

Црвениот крст на Република Македонија - Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28.08.2023 година, традиционално, по 21-ви пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот. Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 20 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција. Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.

The post Хумана традиција на скопјани – 21. крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица appeared first on Република.

]]>
Архиепископот Стефан ќе чиноначалствува со Божествената литургија во манастирот во Матка на празникот Успение на Пресвета Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arhiepiskopot-stefan-ke-chinonachalstvuva-so-bozhestvenata-liturgija-vo-manastirot-vo-matka-na-praznikot-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/ Mon, 21 Aug 2023 08:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=674086

Сестринството од манастирот Успение на пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, деновиве се подготвува за одбележување на еден од најголемите христијански празници Успението на Мајката Божја.

Во предвечерието на празникот на 27 август во 18:30 часот во манастирот ќе се одржи вечерна богослужба, додека во 23:40 часот ќе започне сеноќното бдение.

На денот на празникот во 8:30 часот ќе започне Божествената литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски Стефан.

-Ќе ни биде драго заедно со вас да и оддадеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка - Пресвета Богородица која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, се вели во поканата за одбележување на празникот од сестринствпото на манастирот.

Жителите на Матка, Сарај, Ѓорче Петров, но и пошироко во Скопско, традицонално ден пред празникот и на самиот празник доаѓаат во манастирот да се помолат на Мајката Божја.

The post Архиепископот Стефан ќе чиноначалствува со Божествената литургија во манастирот во Матка на празникот Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

Сестринството од манастирот Успение на пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, деновиве се подготвува за одбележување на еден од најголемите христијански празници Успението на Мајката Божја. Во предвечерието на празникот на 27 август во 18:30 часот во манастирот ќе се одржи вечерна богослужба, додека во 23:40 часот ќе започне сеноќното бдение. На денот на празникот во 8:30 часот ќе започне Божествената литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски Стефан. -Ќе ни биде драго заедно со вас да и оддадеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка - Пресвета Богородица која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, се вели во поканата за одбележување на празникот од сестринствпото на манастирот. Жителите на Матка, Сарај, Ѓорче Петров, но и пошироко во Скопско, традицонално ден пред празникот и на самиот празник доаѓаат во манастирот да се помолат на Мајката Божја.

The post Архиепископот Стефан ќе чиноначалствува со Божествената литургија во манастирот во Матка на празникот Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Денеска е Успение на Пресвета Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-e-uspenie-na-presveta-bogorodica/ Sun, 28 Aug 2022 07:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=544840

Православните верници денеска го слават големиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица.

По повод овој голем христијански празник во манастирот во Матка, кај Скопје традиционално се одржува божествена лирургија и сеноќно бдение.

Според христијанската традиција, на овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода. Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.

Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.

Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

The post Денеска е Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска го слават големиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица. По повод овој голем христијански празник во манастирот во Матка, кај Скопје традиционално се одржува божествена лирургија и сеноќно бдение. Според христијанската традиција, на овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода. Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет. Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството. Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

The post Денеска е Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Со празнувањето на овој голем ден покажуваме почит кон делото на мајката Божја кое низ вековите е длабоко вкоренето во нашата традиција и култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-so-praznuvanjeto-na-ovoj-golem-den-pokazuvame-pochit-kon-deloto-na-majkata-bozja-koe-niz-vekovite-e-dlaboko-vkoreneto-vo-nashata-tradicija-i-kultura/ Sun, 28 Aug 2022 06:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=544831

Претседатeлот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица упати честитка до граѓаните.

Со празнувањето на овој голем ден покажуваме почит кон делото на мајката Божја кое низ вековите е длабоко вкоренето во нашата традиција и култура и токму тоа е она што ни дава духовна сила и не води кон патот на радоста.

Секоја борба е трнлив пат, испреплетен со неправди и предизвици, но истрајноста и посветеноста на тој пат секогаш води до успех. Да научиме борбата за подобра иднина да ја водиме со сплотеност и истрајност, затоа што тоа е единствениот правилен пат, се вели во честитката на Мицкоски.

Тој воедно им го честита и денот на македонските рудари оние кои со мака, труд и посветеност заработуваат за своите семејства и својата иднина.

Посакувам во овие тешки мигови за нашата држава да имате работа, да ве следи добро здравје и да сте задоволни од сработеното и заработеното. Знам дека многумина од вас чувствуваат несигурност во услови кога владее криза, а власта поради својата неспособност само истата ја продлабочува.

ВМРО-ДПМНЕ ја разбира маката и сочувствува со секој еден граѓанин кој се соочува со тешката реалност, згазено достоинство, неправда, но заедно ќе ги надминеме овие премрежија со кои се соочуваме.

Македонија е нашиот заеднички дом кој сите без разлика на етничката и верска определба мораме да го чуваме и да го градиме, спротивставувајќи се на криминалот и корупцијата кои го разјадуваат и уништуваат. Нека е за многу години празникот, се вели во честитката на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.

 

The post Мицкоски: Со празнувањето на овој голем ден покажуваме почит кон делото на мајката Божја кое низ вековите е длабоко вкоренето во нашата традиција и култура appeared first on Република.

]]>

Претседатeлот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица упати честитка до граѓаните.
Со празнувањето на овој голем ден покажуваме почит кон делото на мајката Божја кое низ вековите е длабоко вкоренето во нашата традиција и култура и токму тоа е она што ни дава духовна сила и не води кон патот на радоста. Секоја борба е трнлив пат, испреплетен со неправди и предизвици, но истрајноста и посветеноста на тој пат секогаш води до успех. Да научиме борбата за подобра иднина да ја водиме со сплотеност и истрајност, затоа што тоа е единствениот правилен пат, се вели во честитката на Мицкоски.
Тој воедно им го честита и денот на македонските рудари оние кои со мака, труд и посветеност заработуваат за своите семејства и својата иднина.
Посакувам во овие тешки мигови за нашата држава да имате работа, да ве следи добро здравје и да сте задоволни од сработеното и заработеното. Знам дека многумина од вас чувствуваат несигурност во услови кога владее криза, а власта поради својата неспособност само истата ја продлабочува. ВМРО-ДПМНЕ ја разбира маката и сочувствува со секој еден граѓанин кој се соочува со тешката реалност, згазено достоинство, неправда, но заедно ќе ги надминеме овие премрежија со кои се соочуваме. Македонија е нашиот заеднички дом кој сите без разлика на етничката и верска определба мораме да го чуваме и да го градиме, спротивставувајќи се на криминалот и корупцијата кои го разјадуваат и уништуваат. Нека е за многу години празникот, се вели во честитката на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.
 

The post Мицкоски: Со празнувањето на овој голем ден покажуваме почит кон делото на мајката Божја кое низ вековите е длабоко вкоренето во нашата традиција и култура appeared first on Република.

]]>
Да се инспирираме од големиот празник и да останеме сплотени, единствени, солидарни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-se-inspirirame-od-golemiot-praznik-i-da-ostaneme-sploteni-edinstveni-solidarni/ Sun, 28 Aug 2022 06:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=544828

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Македонија.

Од сѐ срце ви посакувам празникот посветен на Пресвета Богородица да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и среќа. Токму Успение на Пресвета Богородица попознат меѓу народот како Голема Богородица, како еден од неколкуте празници посветени на Мајката Божја, несомнено има долга и богата традиција на заеднички собири и прослави. На овие собири се дели трпезата, но и добриот збор и се дарува внимание и љубов.

Имајќи ги предвид сите искушенија со кои се соочуваме, да се инспирираме од големиот празник и да останеме сплотени, единствени, солидарни и грижливи за ближните. Само така можеме да ги надминеме сите кризи и искушенија.

Нека молитвите кон Пресвета Богородица, ги стоплат нашите срца и нѐ облагородат со смирение, духовност и верба во иднината, се вели во честитката на претседателот Пендаровски по повод празникот Голема Богородица.

The post Да се инспирираме од големиот празник и да останеме сплотени, единствени, солидарни appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Македонија.
Од сѐ срце ви посакувам празникот посветен на Пресвета Богородица да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и среќа. Токму Успение на Пресвета Богородица попознат меѓу народот како Голема Богородица, како еден од неколкуте празници посветени на Мајката Божја, несомнено има долга и богата традиција на заеднички собири и прослави. На овие собири се дели трпезата, но и добриот збор и се дарува внимание и љубов. Имајќи ги предвид сите искушенија со кои се соочуваме, да се инспирираме од големиот празник и да останеме сплотени, единствени, солидарни и грижливи за ближните. Само така можеме да ги надминеме сите кризи и искушенија. Нека молитвите кон Пресвета Богородица, ги стоплат нашите срца и нѐ облагородат со смирение, духовност и верба во иднината, се вели во честитката на претседателот Пендаровски по повод празникот Голема Богородица.

The post Да се инспирираме од големиот празник и да останеме сплотени, единствени, солидарни appeared first on Република.

]]>
Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ristov-vladata-da-sprechi-zatvoranje-na-rudnicite-koi-se-vo-teshka-sostojba/ Fri, 26 Aug 2022 14:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=544498

Почитувани сограѓани,

Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Мајка Богородица би сакал оваа прилика да ја искористам да го честитам празникот на сите христијани кои што го слават, меѓутоа денеска имаме еден посебен повод за кој сакам да се обратам до сите граѓани и до сите вработени во рудниците Бучим и Боров Дол.

Како што знаете овој празник Успение на Пресвета Богородица исто така заштитничка на рударите е празникот кои што рударите секоја година го слават, а тие се дел од нашето општество, тие се дел од нашиот град, и би сакал во оваа прилика да им го честитам празникот надевајќи се дека ќе ги заштити, надевајќи се дека ќе продолжат со својата работа и во годините пред нас.

Би сакал да кажам во оваа прилика дека во овие денови до мене стигаат неофицијални информации околу развој на настаните со рудникот поради енергетската и финансиската криза пред се, дека се случуваат некакви превирања околу рудниците за кои што ние немаме никакви официјални информации.

Би сакал да ја повикам пред се Владата на Република Македонија и менаџментот на рудникот Боров Дол и рудникот Бучим под итно да стапат во меѓусебна комуникација и да пробаат да најдат решение за сите проблеми кои што се ставени на маса. Знам дека ова е многу тежок период за сите компании, знам дека тежок период е за сите влади, меѓутоа Радовиш постоел и ќе постои исклучиво засновано освен на сите други дејности, една од основната дејност е рударството. И Радовиш без рударството и без функција на овие два рудника би се нашол во многу тешка положба.

Затоа апелирам, да се седне под итно да се изнајде решение, дали ќе биде тоа во вид на субвенција на електрична енергија, дали ќе бидат во вид на други поволности кои што владата мора да ги овозможи за да може рудникот да остане да работи, да се направи под итно.

За нас неприфатливо и недозволиво е да се размислува воопшто за други опции, бидејќи Радовиш е основа на традицијата на рударството, поврзана е практично целата индустрија и целиот град и споредни дејности за функционирање на овој гигантски објект кој е и носител на економскиот развој и за нас е неприфатливо да се размислува воопшто за други алтернативи. Затоа уште еднаш би апелирал до менаџментот бидејќи се работи за долгогодишна соработка меѓу општината, тие се сепак странски инвеститори во нашата општина, сериозно да ги разгледаат сите можности и опции, меѓутоа најважната опција да бидат згрижени сите вработени, да не се размислува воопшто за било какви отпуштања во периодот пред нас.

Ние како Општина сме спремни, и јас како градоначалник да се заложам ако можам во моќта на моите ингеренции да помогнам во комуникации и врски со Владата на Република Македонија да се изнајдат соодветни решенија. Засега никој не се обратил, никој не побарал никаква помош. Се надевам дека овие вакви неофицијални информации нема да се случат, затоа што тоа ние нема да го дозволиме. Прашање дали и колку сме моќни локално да не го дозволиме. Меѓутоа апелирам дека има начини, има методи кои што би ги примениле во случај и да треба да се бориме за правата на работниците.

Знам дека се овие тешки времиња, знам дека ова наместо да биде денеска еден среќен ден и да биде ден за честитање на промовирање на успеси, се надевам дека ова ќе биде премостено во периодот кој што е пред нас и се надевам дека до година овој прекрасен празник ќе го славиме сите заедно. Навикнати сме на нови победи на рударите, односно на надминување на своите норми кои што самите ги поставуваат.

Да повторам уште еднаш, се работи за национално богатство, се работи за богатство на општина Радовиш, и треба работата да се сфати максимално сериозно.

Уште еднаш, на сите граѓани и на сите рудари би им го честитал празникот со надеж дека годините пред нас ќе бидат исполнети со радост, со среќа, со здравје. И се надевам дека мајка Богородица ќе ни помогне сите да се искачиме чекор погоре како би можеле да дојдеме до целта, а тоа е убав и здрав живот во општина Радовиш.

Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш

The post Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

Почитувани сограѓани, Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Мајка Богородица би сакал оваа прилика да ја искористам да го честитам празникот на сите христијани кои што го слават, меѓутоа денеска имаме еден посебен повод за кој сакам да се обратам до сите граѓани и до сите вработени во рудниците Бучим и Боров Дол. Како што знаете овој празник Успение на Пресвета Богородица исто така заштитничка на рударите е празникот кои што рударите секоја година го слават, а тие се дел од нашето општество, тие се дел од нашиот град, и би сакал во оваа прилика да им го честитам празникот надевајќи се дека ќе ги заштити, надевајќи се дека ќе продолжат со својата работа и во годините пред нас. Би сакал да кажам во оваа прилика дека во овие денови до мене стигаат неофицијални информации околу развој на настаните со рудникот поради енергетската и финансиската криза пред се, дека се случуваат некакви превирања околу рудниците за кои што ние немаме никакви официјални информации. Би сакал да ја повикам пред се Владата на Република Македонија и менаџментот на рудникот Боров Дол и рудникот Бучим под итно да стапат во меѓусебна комуникација и да пробаат да најдат решение за сите проблеми кои што се ставени на маса. Знам дека ова е многу тежок период за сите компании, знам дека тежок период е за сите влади, меѓутоа Радовиш постоел и ќе постои исклучиво засновано освен на сите други дејности, една од основната дејност е рударството. И Радовиш без рударството и без функција на овие два рудника би се нашол во многу тешка положба. Затоа апелирам, да се седне под итно да се изнајде решение, дали ќе биде тоа во вид на субвенција на електрична енергија, дали ќе бидат во вид на други поволности кои што владата мора да ги овозможи за да може рудникот да остане да работи, да се направи под итно. За нас неприфатливо и недозволиво е да се размислува воопшто за други опции, бидејќи Радовиш е основа на традицијата на рударството, поврзана е практично целата индустрија и целиот град и споредни дејности за функционирање на овој гигантски објект кој е и носител на економскиот развој и за нас е неприфатливо да се размислува воопшто за други алтернативи. Затоа уште еднаш би апелирал до менаџментот бидејќи се работи за долгогодишна соработка меѓу општината, тие се сепак странски инвеститори во нашата општина, сериозно да ги разгледаат сите можности и опции, меѓутоа најважната опција да бидат згрижени сите вработени, да не се размислува воопшто за било какви отпуштања во периодот пред нас. Ние како Општина сме спремни, и јас како градоначалник да се заложам ако можам во моќта на моите ингеренции да помогнам во комуникации и врски со Владата на Република Македонија да се изнајдат соодветни решенија. Засега никој не се обратил, никој не побарал никаква помош. Се надевам дека овие вакви неофицијални информации нема да се случат, затоа што тоа ние нема да го дозволиме. Прашање дали и колку сме моќни локално да не го дозволиме. Меѓутоа апелирам дека има начини, има методи кои што би ги примениле во случај и да треба да се бориме за правата на работниците. Знам дека се овие тешки времиња, знам дека ова наместо да биде денеска еден среќен ден и да биде ден за честитање на промовирање на успеси, се надевам дека ова ќе биде премостено во периодот кој што е пред нас и се надевам дека до година овој прекрасен празник ќе го славиме сите заедно. Навикнати сме на нови победи на рударите, односно на надминување на своите норми кои што самите ги поставуваат. Да повторам уште еднаш, се работи за национално богатство, се работи за богатство на општина Радовиш, и треба работата да се сфати максимално сериозно. Уште еднаш, на сите граѓани и на сите рудари би им го честитал празникот со надеж дека годините пред нас ќе бидат исполнети со радост, со среќа, со здравје. И се надевам дека мајка Богородица ќе ни помогне сите да се искачиме чекор погоре како би можеле да дојдеме до целта, а тоа е убав и здрав живот во општина Радовиш. Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш

The post Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>