голема албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golema-albanija/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jun 2024 11:32:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png голема албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golema-albanija/ 32 32 Oхрид во состав на „Голема Албанија“ кај албанските навивачи во Германија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ohrid-vo-sostav-na-golema-albanija-kaj-albanskite-navivachi-vo-germanija/ Mon, 17 Jun 2024 10:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=788384

Албанските навивачи и дадоа голема поддршка на својата репрезентација на мечот со Албанија.Се вееја знамиња со двоглав орел но и со терористичката УЧК.

Па така на стадионот во Дортмунд имаше транспарент на ОВК но и на Голема Албанија.

На големата држава на Албанците се најде половина Македонија сосе центарот на православието Охрид.

https://republika.mk/sport/fudbal/grubi-i-sela-vo-germanija-navivaat-za-svojata-albanska-reprezentatsija/

The post Oхрид во состав на „Голема Албанија“ кај албанските навивачи во Германија appeared first on Република.

]]>

Албанските навивачи и дадоа голема поддршка на својата репрезентација на мечот со Албанија.Се вееја знамиња со двоглав орел но и со терористичката УЧК. Па така на стадионот во Дортмунд имаше транспарент на ОВК но и на Голема Албанија. На големата држава на Албанците се најде половина Македонија сосе центарот на православието Охрид. https://republika.mk/sport/fudbal/grubi-i-sela-vo-germanija-navivaat-za-svojata-albanska-reprezentatsija/

The post Oхрид во состав на „Голема Албанија“ кај албанските навивачи во Германија appeared first on Република.

]]>
Се случува косовизација на Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-sluchuva-kosovizatsija-na-grtsija/ Tue, 14 May 2024 09:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=777887

Грчкиот портал „Одбрана“ (militaire.gr) по средбата меѓу грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган оцени дека малкумина знаат кон каква национална катастрофа се движи земјата.

Во авторскиот текст „Косовизација на Грција и отоманскиот чај во Анкара“ на Панајотис Павлос, се посочува дека Албин Курти е поддржан од известувачот на Советот на Европа, Гркинка и сестра на грчкиот премиер, Дора Бакојани.

Авторот наведува дека посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Атина е без преседан во историјата на билатералните односи меѓу балканските земји, како и дека автобусите полни со Косовци и Албанци од Албанија биле организирани од Канцеларијата за врски во Приштина во Атина.

https://republika.mk/vesti/balkan/albantsi-koi-tsel-zhivot-zhiveat-i-se-shkoluvaat-vo-grtsija-letaat-orli-srede-atina/

Грчката влада изминативе денови неколку пати повтори дека посетата на Рама на Атина е приватна и нема официјален карактер.

The post Се случува косовизација на Грција appeared first on Република.

]]>

Грчкиот портал „Одбрана“ (militaire.gr) по средбата меѓу грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган оцени дека малкумина знаат кон каква национална катастрофа се движи земјата. Во авторскиот текст „Косовизација на Грција и отоманскиот чај во Анкара“ на Панајотис Павлос, се посочува дека Албин Курти е поддржан од известувачот на Советот на Европа, Гркинка и сестра на грчкиот премиер, Дора Бакојани. Авторот наведува дека посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Атина е без преседан во историјата на билатералните односи меѓу балканските земји, како и дека автобусите полни со Косовци и Албанци од Албанија биле организирани од Канцеларијата за врски во Приштина во Атина. https://republika.mk/vesti/balkan/albantsi-koi-tsel-zhivot-zhiveat-i-se-shkoluvaat-vo-grtsija-letaat-orli-srede-atina/ Грчката влада изминативе денови неколку пати повтори дека посетата на Рама на Атина е приватна и нема официјален карактер.

The post Се случува косовизација на Грција appeared first on Република.

]]>
Aлбанци кои цел живот живеат и се школуваат во Грција „летаат орли“ среде Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albantsi-koi-tsel-zhivot-zhiveat-i-se-shkoluvaat-vo-grtsija-letaat-orli-srede-atina/ Tue, 14 May 2024 09:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=777873

На социјалните мрежи излегуваат нови фотографии од собирот во Атина организиран во чест на Еди Рама. Неколку илјади Албанци се собраа да го поздрават како што нагласија, премиерот на сите Албанци.

Коментарите се дека Албанците кои цел живот живеат и се школуваат во Грција „летаат орли“ и се колнат во „Голема Албанија“.

The post Aлбанци кои цел живот живеат и се школуваат во Грција „летаат орли“ среде Атина appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи излегуваат нови фотографии од собирот во Атина организиран во чест на Еди Рама. Неколку илјади Албанци се собраа да го поздрават како што нагласија, премиерот на сите Албанци. Коментарите се дека Албанците кои цел живот живеат и се школуваат во Грција „летаат орли“ и се колнат во „Голема Албанија“.  

The post Aлбанци кои цел живот живеат и се школуваат во Грција „летаат орли“ среде Атина appeared first on Република.

]]>
„Голема Албанија“ среде Атина: Еди Рама претставен како премиер на сите Албанци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golema-albanija-srede-atina-edi-rama-pretstaven-kako-premier-na-site-albantsi/ Mon, 13 May 2024 07:16:58 +0000 https://republika.mk/?p=777426

Премиерот на Албанија Еди Рама викендов беше во приватна посета на Грција. Во центарот на Атина му беше организирана прослава на која беше претставен како премиер на сите Албанци без разлика каде живеат. Тој не добил согласност од грчите власти за собирот.

Албанската заедница е една од најбројните во Грција.

The post „Голема Албанија“ среде Атина: Еди Рама претставен како премиер на сите Албанци appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Албанија Еди Рама викендов беше во приватна посета на Грција. Во центарот на Атина му беше организирана прослава на која беше претставен како премиер на сите Албанци без разлика каде живеат. Тој не добил согласност од грчите власти за собирот. Албанската заедница е една од најбројните во Грција.

The post „Голема Албанија“ среде Атина: Еди Рама претставен како премиер на сите Албанци appeared first on Република.

]]>
Втор дел од извештајот на ЦИА: „Голема Албанија“ со делови од Македонија била голема желба на Албанците уште од пред Втората светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vtor-del-od-izveshtajot-na-tsia-golema-albanija-so-delovi-od-makedonija-bila-golema-zhelba-na-albantsite-ushte-od-pred-vtorata-svetska-vojna/ Fri, 23 Feb 2024 18:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=747257

Британската разузнавачка служба активно го поддржувала формирањето на движењето Бали Комбетар (Национален фронт) во Албанија, а американското разузнавање успеало со напорите да ја поткопа албанската држава со помош на ова движење по крајот на Втората светска војна, се вели во извештајот на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) од 1950 година кој е декласифициран.

https://republika.mk/vesti/balkan/izveshtaj-na-tsia-albantsite-ne-se-starosedeltsi-na-balkanot-poteknuvaat-od-azerbejdhan/

Движењето кое ја застапувало идејата за „Голема Албанија“ било вооружено од западните сили, соработувало со нацистичка Германија, а по Втората светска војна дел од неговите членови нашле засолниште во Италија, каде што биле обучени во еден од камповите.

Движењето е основано во 1939 година со идеја за ослободување на земјата од италијанската окупација, а неговото формирање кореспондира со британската политика која сакала да ги опструира италијанските намери во Албанија, Британците секојдневно биле во контакт со лидерите на Националниот фронт.

Пишувајќи за историјата на Албанија, ЦИА ги споменува нејзините државни граници, но и „етничките“. Како што истакнуваат, „во етничка смисла, Албанија зазема многу поголема површина од нејзините национални граници“ опфаќајќи ја, како што е опишано, Црна Гора (планина Румија), регионот Санџак, рамнината на косовските полиња до другата страна на Приштина, а потоа оди по реката Вардар, делумно опфаќајќи го Скопје до Титов Велес, каде што свртува југозападно кон Струга и северниот брег на Охридското Езеро.

The post Втор дел од извештајот на ЦИА: „Голема Албанија“ со делови од Македонија била голема желба на Албанците уште од пред Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Британската разузнавачка служба активно го поддржувала формирањето на движењето Бали Комбетар (Национален фронт) во Албанија, а американското разузнавање успеало со напорите да ја поткопа албанската држава со помош на ова движење по крајот на Втората светска војна, се вели во извештајот на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) од 1950 година кој е декласифициран. https://republika.mk/vesti/balkan/izveshtaj-na-tsia-albantsite-ne-se-starosedeltsi-na-balkanot-poteknuvaat-od-azerbejdhan/ Движењето кое ја застапувало идејата за „Голема Албанија“ било вооружено од западните сили, соработувало со нацистичка Германија, а по Втората светска војна дел од неговите членови нашле засолниште во Италија, каде што биле обучени во еден од камповите. Движењето е основано во 1939 година со идеја за ослободување на земјата од италијанската окупација, а неговото формирање кореспондира со британската политика која сакала да ги опструира италијанските намери во Албанија, Британците секојдневно биле во контакт со лидерите на Националниот фронт. Пишувајќи за историјата на Албанија, ЦИА ги споменува нејзините државни граници, но и „етничките“. Како што истакнуваат, „во етничка смисла, Албанија зазема многу поголема површина од нејзините национални граници“ опфаќајќи ја, како што е опишано, Црна Гора (планина Румија), регионот Санџак, рамнината на косовските полиња до другата страна на Приштина, а потоа оди по реката Вардар, делумно опфаќајќи го Скопје до Титов Велес, каде што свртува југозападно кон Струга и северниот брег на Охридското Езеро.

The post Втор дел од извештајот на ЦИА: „Голема Албанија“ со делови од Македонија била голема желба на Албанците уште од пред Втората светска војна appeared first on Република.

]]>
Знамето од Кутлеш ни се забранува, а за ова дивеење нема ни една осуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znameto-od-kutlesh-ni-se-zabranuva-a-za-ova-diveene-nema-ni-edna-osuda/ Fri, 02 Feb 2024 11:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=739700

За знамето од Кутлеш веќе се водат постапки, се брусат шахти, се забранува. За ова? Нема ни глас, ни осуда да има. Само што работите се менуваат и на ова дивеење ќе му дојди крај за брзо.

Вака Божидар Божниовски ја коментира веста дека Талат Џафери во родното Форино беше пречекан со факели, огномети, aлбански знамиња и поздрав од неговите соселани кои извикуваа „Косово“ и „Илирида“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-vo-rodnoto-selo-prechekan-so-izvitsi-ilirida-i-kosovo/

The post Знамето од Кутлеш ни се забранува, а за ова дивеење нема ни една осуда appeared first on Република.

]]>

За знамето од Кутлеш веќе се водат постапки, се брусат шахти, се забранува. За ова? Нема ни глас, ни осуда да има. Само што работите се менуваат и на ова дивеење ќе му дојди крај за брзо. Вака Божидар Божниовски ја коментира веста дека Талат Џафери во родното Форино беше пречекан со факели, огномети, aлбански знамиња и поздрав од неговите соселани кои извикуваа „Косово“ и „Илирида“. https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-vo-rodnoto-selo-prechekan-so-izvitsi-ilirida-i-kosovo/

The post Знамето од Кутлеш ни се забранува, а за ова дивеење нема ни една осуда appeared first on Република.

]]>
Додека Бугарија тврди дека Македонците постојат од 45-та, албанските политичари користат нов термин: Не било „Голема Албанија“ туку „Автохтони“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-bugarija-tvrdi-deka-makedontsite-postojat-od-45-ta-albanskite-politichari-koristat-nov-termin-ne-bilo-golema-albanija-tuku-avtohtoni/ Wed, 31 Jan 2024 10:01:48 +0000 https://republika.mk/?p=738887

Албанските политичари во Македонија во последно време користат нов термин кога треба да ги оправдаат знамињата и картите со „Голема Албанија“ кои се појавуваат на јавни собири. Според нив, тоа не била никаква „Голема Албанија“ туку знаме на „Автохтоните“.

Малкумина знаат што тоа точно значи „Автохтони“ .Тоа симболизира дека Албанците на овие простори биле староседелци.

Ова било главната идеја на Призренската лига во 1878 година кога се барало обединување на Албанија нејзините „природни граници“.

Во таа замислена територија требало да влезат делови од Грција,Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Струга, Дебар и Кичево, Прешевската долина во Србија, Санџак, како Подгорица, Бар и Улцињ во Црна Гора.

Токму знамето „Автохтони“ со картата на голема Албанија со територии од Македонија, Србија, Црна Гора и Грција се вееше на плоштадот во Тетово, на манифестација организирана од градоначалникот на Тетово Билал Касами на која беше и косовскиот премиер Албин Курти.

Оваа нагласување дека Албанците се староседелци на овие простори е особено опасно ако се знае дека официјалната бугарска политика е дека Македонците потојат од 1945 година и дека се творба на Тито и Коминтерната.

The post Додека Бугарија тврди дека Македонците постојат од 45-та, албанските политичари користат нов термин: Не било „Голема Албанија“ туку „Автохтони“ appeared first on Република.

]]>

Албанските политичари во Македонија во последно време користат нов термин кога треба да ги оправдаат знамињата и картите со „Голема Албанија“ кои се појавуваат на јавни собири. Според нив, тоа не била никаква „Голема Албанија“ туку знаме на „Автохтоните“. Малкумина знаат што тоа точно значи „Автохтони“ .Тоа симболизира дека Албанците на овие простори биле староседелци. Ова било главната идеја на Призренската лига во 1878 година кога се барало обединување на Албанија нејзините „природни граници“. Во таа замислена територија требало да влезат делови од Грција,Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Струга, Дебар и Кичево, Прешевската долина во Србија, Санџак, како Подгорица, Бар и Улцињ во Црна Гора. Токму знамето „Автохтони“ со картата на голема Албанија со територии од Македонија, Србија, Црна Гора и Грција се вееше на плоштадот во Тетово, на манифестација организирана од градоначалникот на Тетово Билал Касами на која беше и косовскиот премиер Албин Курти. Оваа нагласување дека Албанците се староседелци на овие простори е особено опасно ако се знае дека официјалната бугарска политика е дека Македонците потојат од 1945 година и дека се творба на Тито и Коминтерната.

The post Додека Бугарија тврди дека Македонците постојат од 45-та, албанските политичари користат нов термин: Не било „Голема Албанија“ туку „Автохтони“ appeared first on Република.

]]>
Знамиња и карти со Голема Албанија гордо веени на прослави во македонските училишта „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znamina-i-karti-so-golema-albanija-gordo-veeni-na-proslavi-vo-makedonskite-uchilishta-gotse-delchev-i-braka-miladinovtsi/ Tue, 05 Dec 2023 19:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=720039

Величење на големоалбанскиот национален шовинизам е недозволив чин и класична злупотреба на децата. Скандалозната прослава по повод Денот на албанското знаме во основното училиште „Гоце Делчев” во струшко Подгорци на која се пееле песни за Голема Албанија, се вееле знамиња со изцртани карти од Голема Албанија со делови од територијата на Македонија во неа, е спротивно на Законот за основно образование и оној за заштита на децата и за ова треба да се понесе одоговорност, вели поранешниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски за „Алфа“.

Ова е подгревање на национализмот што не му е потребно на Република Македонија, затоа ги повикувам сите државни органи, ОЈО, Државниот просветен инспекторат, Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет, Меѓаши и сите да го кренат гласот и да се побара одговорност. Во ваква ситуација им се одземаат ингеренциите на градоначалникот, а господинот министер Јетон Шаќири треба да си поднесе неотповиклива оставка, а тоа го повикувам да го направи, да го отповика премиерот Ковачески, вели Илиевски.

Скандалозната прослава во основното училиште во Подгорци, не е изолиран случај. На социјалните мрежи осамнаа фотографии и од прославата во подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци” во Калишта, организирана од директорката Албана Жута со веќе познатата иконографија ˗ картата на Голема Албанија.

Загрижува молкот на надлежните органи и упатува на заклучок дека се работи за однапред планирано сценарио од страна на власта. Релативизирањето и неказнивоста на ваков антидржавен чин може да стане пракса, која нема да ѝ донесе ништо добро на Македонија, а ги подрива и онака кревките меѓунационални односи, реагираат од струшкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

Од телевизијата побараа одговор и од МВР дали согласно член 272 ќе поведе кривична постапка против организаторот на прославата и сите учесници за сторено кривично дело „предизвикување на омраза, раздор и нетрпеливост, по национална, верска и друга дискриминаторска основа, казниво по член 319 од К.З.?“.

ОВР-Струга има преземено соодветни мерки поврзани со настан случен во село Подгорци, притоа идентификувано е едно лице за кое постои сомнение дека истакнало знаме на друга држава. За настанот ќе биде известен јавен обвинител од Струга и по негови насоки ќе бидат преземени соодветни мерки, велат од МВР.

The post Знамиња и карти со Голема Албанија гордо веени на прослави во македонските училишта „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

Весна Јаневска: Приказните за Македонија во голема Албанија одамна се застарени, прашајте си ги пријателите, ако не вие јасно, тие ќе ви објаснат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-janevska-prikaznite-za-makedonija-vo-golema-albanija-odamna-se-zastareni-prashajte-si-gi-prijatelite-ako-ne-vie-jasno-tie-ke-vi-objasnat/ Wed, 29 Nov 2023 19:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=717737

На денешен ден пред 80 години е одржано второто заседание на АВНОЈ, кога македонската држава стана составен дел на федеративната Југославија, пишува на својот фејсбук профил професорката Весна Јаневска.

На денешен ден јас пак успеав на социјалните мрежи да го слушнам говорот на Билал Касами во Тетово по повод празникот на албанското знаме, каде што вели дека после Косово може да направат втора албанска држава, Македоннија. После повеќе збиднувања кои деновиве беа презентирани на социјалните мрежи човек да се зпраша какво е ова лудило? Зарем не им е јасно каде ги водат своите деца, или Касами свесно решил да ги жртвува? И не само тој. Јетон Шаќири упорни со манипулација на родители и деца решил ширум Македонија вештачки и непотребно да отвара албански паралелки. Не ми пречи децата да учат на мајчин јазик, ама да ги манипулираш и безобразно да ги трошиш ресурсите на државата во која живееш не е објасниво. Зошто? Така се добиваат гласови на избори? Жално е Министри ако толку малку ги цените родителите на децата, или пак ако тоа е тргична вистина, која Вие со ништо не се обидовте да ја промените.

Политика сте внеле во училиштата и на мали деца сте им дале да веат знамиња на голема Албанија. Како намерно да скате да ги подгреете и поткренете меѓуетничките тензии, а ми се чини и успевате во тоа.

Замислете во атарот на црква ставиле албанско знаме. Зошто? Баш би сакала некој да ми објасми зошто? Зошто сакаат втора албанска држава во Македонија после Косово? Во моментов се сеќавам на една реченица на Фрчковски. Тој прилично одамна ги праша дали по независноста во Косово општеството им стана како Американското? Или, им порача дека и да направат уште една албанска држа таа нема да стане Америка. Се извинувам Фрчковски, ако не сум прецизна но тоа беше суштината. Е сега јас ги прашувам младите Албанци колку им е важно да имаат голема Албанија и ако им е важно зошто им е важно? Ги прашувам дали не им е поважно да се образуваат, чесно да работат и да заработуваат за убав живот? Дали повеќе сакаат да крадат и луѓето да не ги почитуваат, да се плашат од нив, да се однесуваат како мафијашки газди во својата средина, или сакаат да бидат почитувани зради нивното знаење, работа и чесност? За жал имам впечаток дека албанските партии и нивните функционери (не сите) им испраќаат не лоши туку трагични пораки. Пораки во кои ги стимулираат да грабаат без милост од другите, да живеат секојдневно со криминал, да не почитуваат ништо и никого, материјалното да им е приоритет, а дополнително ги држат во заблуда дека некоја идна (неостварлива) албанска држава во која би живееле би била подобра за нив. Еве Косово е на чекор, подобро е?

Ги молам младите Албанци да помислат што сакаат од Македонија, земјата во која живеат и како тоа можат да го постигнат. Кога одат на запад се воодушевуваат од редот и поредекот (барем повеќето, оние што не се бават со криминал), а овде што сакаат? Ред и поредок или голема Албанија? Препорачувам да го прашаат Еди Рама дали го сака Косово вакво какво што е? Нека се запрашаат кои се нивните потреби и нека се запрашаат зошто таканаречените албански интелектулци, политичари ги сепарираат, изолираат, уценуваат и држат во темна темнина. За чија корист? Нивна или на политичарите и нивните семјства?

Со ден закаснување, на денот на одржувањето на АВНОЈ им го честитам денот на албанското знаме, кое толку многу им значи, но ги потсетувам дека живеат во Македонија, дека учат, се лекуваат, примаат стипендии, многу од нив и плати од данокот што го плаќаме сите ние и дека македонското знаеме е нивно знаме и дека македонската химна е нивна химна. Така е и така ќе биде.

Приказните за Македонија во голема Албанија одамна се застарени. Прашајте си ги пријателите, ако не вие јасно, тие ќе ви објаснат.

The post Весна Јаневска: Приказните за Македонија во голема Албанија одамна се застарени, прашајте си ги пријателите, ако не вие јасно, тие ќе ви објаснат appeared first on Република.

Половина Македонија на градите на косовските војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/polovina-makedonija-na-gradite-na-kosovskite-vojnitsi/ Wed, 29 Nov 2023 09:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=717459

Завчера на Косово беше одбележан денот на косовски безбедносни сили, кои, судејќи според фотографиите, се претвориле во ден на „Голема Албанија“ бидејќи многу припадници на КБС на својата униформи носеа делови од Македонија, Србија и Грција.

Се гордееме со вас-пишува на унуформите.

На некои места имаше истакнати плакати посветени на ОВК и Адем Јашари, на кои пишуваше: „Некогаш ОВК, денес КБС.Нема да се предадеме, живите убијци само ќе минат преку моето мртво тело“.

Курти: Јасно ни е дека КБС е наследник на ОВК

 Јасно ни е дека КБС е наследник на ОВК и го имаме 28 ноември, кој го одбележуваме во спомен на тројството: црвеното знаме со двоглавиот орел на Скендербег во Круја, Исмаил Кемали во Вљора и Адем. Јашари во Преказ – рече Курти.

The post Половина Македонија на градите на косовските војници appeared first on Република.

]]>

Завчера на Косово беше одбележан денот на косовски безбедносни сили, кои, судејќи според фотографиите, се претвориле во ден на „Голема Албанија“ бидејќи многу припадници на КБС на својата униформи носеа делови од Македонија, Србија и Грција.
Се гордееме со вас-пишува на унуформите.
На некои места имаше истакнати плакати посветени на ОВК и Адем Јашари, на кои пишуваше: „Некогаш ОВК, денес КБС.Нема да се предадеме, живите убијци само ќе минат преку моето мртво тело“. Курти: Јасно ни е дека КБС е наследник на ОВК
 Јасно ни е дека КБС е наследник на ОВК и го имаме 28 ноември, кој го одбележуваме во спомен на тројството: црвеното знаме со двоглавиот орел на Скендербег во Круја, Исмаил Кемали во Вљора и Адем. Јашари во Преказ – рече Курти.

The post Половина Македонија на градите на косовските војници appeared first on Република.

]]>
Ја снема плочата со „Голема Албанија“, во Сопот остана само каменот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ja-snema-plochata-so-golema-albanija-vo-sopot-ostana-samo-kamenot/ Tue, 07 Nov 2023 19:04:33 +0000 https://republika.mk/?p=699295

Мермерната плоча со знамето на Голема Албанија, со дел од Македонија во него, денеска е отстранета од музејот  на УЧК кој беше отворен овој викенд во Сопот, кумановско, јави телевизија Сител, вклучувајќи се во живо од селото.

https://youtu.be/2xfC5c9UVDc?si=TmzByCH3lOFKEdFL

Од пред објектот е останат само каменот на кој беше закачена мермерната плоча со спорната карта.

По бурата реакции во јавноста дека преку овој потег може да се предизвикаат меѓуетнички тензии, денеска во музејот стои само каменот без експонат и музејот е затворен.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-kontra-kovachevski-objektot-vo-sopot-e-divogradba-izgraden-e-na-drzhavno-zemjodelsko-zemjishte/

The post Ја снема плочата со „Голема Албанија“, во Сопот остана само каменот appeared first on Република.

]]>

Мермерната плоча со знамето на Голема Албанија, со дел од Македонија во него, денеска е отстранета од музејот  на УЧК кој беше отворен овој викенд во Сопот, кумановско, јави телевизија Сител, вклучувајќи се во живо од селото. https://youtu.be/2xfC5c9UVDc?si=TmzByCH3lOFKEdFL Од пред објектот е останат само каменот на кој беше закачена мермерната плоча со спорната карта. По бурата реакции во јавноста дека преку овој потег може да се предизвикаат меѓуетнички тензии, денеска во музејот стои само каменот без експонат и музејот е затворен. https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-kontra-kovachevski-objektot-vo-sopot-e-divogradba-izgraden-e-na-drzhavno-zemjodelsko-zemjishte/

The post Ја снема плочата со „Голема Албанија“, во Сопот остана само каменот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски не го осуди музејот на УЧК и картата на „Голема Албанија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-go-osudi-muzejot-na-uchk-i-kartata-na-golema-albanija/ Tue, 07 Nov 2023 11:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=699153

Премиерот Ковачевски не го осуди отворањето на музејот на УЧК во кумановското село Сопот и картата на „Голема Албанија“. Тој се обиде да го релативизира скандалот дека бил 145 години задоцнет и нерелевантен и оти ги вакви карти имало секаде на Балканот. За него било важна само картата и мапата на државите членки на НАТО.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sekoja-zemja-na-balkanot-si-ima-svoja-karta-kako-taa-na-golema-albanija/

- Она што за овој случај е караткеристично, од она што го имам како информација е што се работи за приватен имот, каде што е направен тој настан и тоа сигурно подлежи на одредени законски решенија оти доколку се работи за општествен имот одобрение би требало да даде општината, но таа немала информации за истото. Она што ние го имаме денес како општество, воопшто не ги прави релевантни таквите мапи, бидејќи после 2001 година, по влегувањето во НАТО ние во нашата држава имаме други мапи кои што се релевантни а тоа е мапата на државите земји членки на НАТО и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ мапата која што ние ќе ја имаме, и се надевам сите други земји од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа. И тоа е единственото нешто кое треба да го обединува целиот Балкан. Сето друго е, кажувам уште еденаш 145 години задоцнето, вели Ковачевски.

The post Ковачевски не го осуди музејот на УЧК и картата на „Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Ковачевски не го осуди отворањето на музејот на УЧК во кумановското село Сопот и картата на „Голема Албанија“. Тој се обиде да го релативизира скандалот дека бил 145 години задоцнет и нерелевантен и оти ги вакви карти имало секаде на Балканот. За него било важна само картата и мапата на државите членки на НАТО. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sekoja-zemja-na-balkanot-si-ima-svoja-karta-kako-taa-na-golema-albanija/
- Она што за овој случај е караткеристично, од она што го имам како информација е што се работи за приватен имот, каде што е направен тој настан и тоа сигурно подлежи на одредени законски решенија оти доколку се работи за општествен имот одобрение би требало да даде општината, но таа немала информации за истото. Она што ние го имаме денес како општество, воопшто не ги прави релевантни таквите мапи, бидејќи после 2001 година, по влегувањето во НАТО ние во нашата држава имаме други мапи кои што се релевантни а тоа е мапата на државите земји членки на НАТО и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ мапата која што ние ќе ја имаме, и се надевам сите други земји од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа. И тоа е единственото нешто кое треба да го обединува целиот Балкан. Сето друго е, кажувам уште еденаш 145 години задоцнето, вели Ковачевски.
 
The post Ковачевски не го осуди музејот на УЧК и картата на „Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>
ДС: Жестока осуда на величењето на голема Албанија во с.Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ds-zhestoka-osuda-na-velicheneto-na-golema-albanija-vo-s-sopot-i-na-fudbalskiot-natprevar-shkupi-vardar/ Mon, 06 Nov 2023 12:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=698787

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува вчерашните изливи на великоалбански шовинизам и величење на Голема Албанија при отворањето на т.н. Меморијален центар - музеј на УЧК во кумановското село Сопот, како и на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Шкупи и Вардар во скопски Чаир.

Прикажувањето карти на Голема Албанија во музејот на УЧК во Сопот, кој го отвори лидерот на ДУИ Али Ахмети и признанието дека на почетокот се бореле за Албанија, но дека сега Албанците биле господари во Македонија, ја подгрева меѓуетничката омраза и го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.

Истакнувањето пароли на фудбалскиот натпревар Шкупи-Вардар во кои се вели дека Албанците требало да го исполнат историскиот аманет, Скопје да биде срцето на Албанија, е тешка великоалбанска провокација, на која не ѝ местото на спортски натпревар и е наменета единствено да го заплаши мнозинскиот македонски народ.

Демократскиот сојуз ги повикува Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, како и Фудбалскиот сојуз на Македонија, да преземат соодветни прекршочни и кривични постапки против сторителите на овие сериозни националистички и шовинистички провокации.

The post ДС: Жестока осуда на величењето на голема Албанија во с.Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува вчерашните изливи на великоалбански шовинизам и величење на Голема Албанија при отворањето на т.н. Меморијален центар - музеј на УЧК во кумановското село Сопот, како и на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Шкупи и Вардар во скопски Чаир. Прикажувањето карти на Голема Албанија во музејот на УЧК во Сопот, кој го отвори лидерот на ДУИ Али Ахмети и признанието дека на почетокот се бореле за Албанија, но дека сега Албанците биле господари во Македонија, ја подгрева меѓуетничката омраза и го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија. Истакнувањето пароли на фудбалскиот натпревар Шкупи-Вардар во кои се вели дека Албанците требало да го исполнат историскиот аманет, Скопје да биде срцето на Албанија, е тешка великоалбанска провокација, на која не ѝ местото на спортски натпревар и е наменета единствено да го заплаши мнозинскиот македонски народ. Демократскиот сојуз ги повикува Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, како и Фудбалскиот сојуз на Македонија, да преземат соодветни прекршочни и кривични постапки против сторителите на овие сериозни националистички и шовинистички провокации.  

The post ДС: Жестока осуда на величењето на голема Албанија во с.Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар appeared first on Република.

]]>
По месец дена откриен човекот кој вееше знаме со Голема Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-mesets-dena-otkrien-chovekot-koj-veeshe-zname-so-golema-albanija/ Wed, 06 Sep 2023 11:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=679301

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово, го расчисти кривично - правниот настан кој се случи на 11 август на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи известува дека по преземените оперативно - тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело. Станува збор за А.М.(21), кој е германски државјанин.

Во координација со Основното јавно обвинителстви - Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од Кривичниот законик до надлежното обвинителство за натамошно постапување.

The post По месец дена откриен човекот кој вееше знаме со Голема Албанија appeared first on Република.

]]>

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово, го расчисти кривично - правниот настан кој се случи на 11 август на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи известува дека по преземените оперативно - тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело. Станува збор за А.М.(21), кој е германски државјанин. Во координација со Основното јавно обвинителстви - Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од Кривичниот законик до надлежното обвинителство за натамошно постапување.

The post По месец дена откриен човекот кој вееше знаме со Голема Албанија appeared first on Република.

]]>
Знаме со картата на „голема Албанија“ денеска повторно се вееше во Тетово додека Касами промовираше новоасфалтирана улица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zname-so-kartata-na-golema-albanija-deneska-povtorno-se-veeshe-vo-tetovo-dodeka-kasami-promovirashe-novoasfaltirana-ulitsa/ Fri, 25 Aug 2023 16:48:07 +0000 https://republika.mk/?p=675821

Знаме со картата на т.н. „голема Албанија“ денеска повторно се вееше во Општина Тетово. Овој пат знамето беше истакнато додека тетовскиот градоначалник Билал Касами промовираше новоасфалтирана улица.

Касами потоа даваше изјави за медиумите и се фотографираше додека во заднина се вееја знамето на „голема Албанија“ и албанското национално знаме. Тој изјави оти знамињата кои се најдоа на денешниот настан ги поставиле граѓаните како „одговор на провокациите од власта“.

Не само јас ниту граѓаните не се плашат од ваквите уцени, луѓето веќе се убедени дека мора да има промени на централна власт за да имаат подобри услови во иднина“, изјави Касами оценувајќи дека прекршочните пријави кои беа поднесени против него и Општината поради непочитувањето на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РСМ се политичка порака до него.

The post Знаме со картата на „голема Албанија“ денеска повторно се вееше во Тетово додека Касами промовираше новоасфалтирана улица appeared first on Република.

]]>

Знаме со картата на т.н. „голема Албанија“ денеска повторно се вееше во Општина Тетово. Овој пат знамето беше истакнато додека тетовскиот градоначалник Билал Касами промовираше новоасфалтирана улица. Касами потоа даваше изјави за медиумите и се фотографираше додека во заднина се вееја знамето на „голема Албанија“ и албанското национално знаме. Тој изјави оти знамињата кои се најдоа на денешниот настан ги поставиле граѓаните како „одговор на провокациите од власта“.

Не само јас ниту граѓаните не се плашат од ваквите уцени, луѓето веќе се убедени дека мора да има промени на централна власт за да имаат подобри услови во иднина“, изјави Касами оценувајќи дека прекршочните пријави кои беа поднесени против него и Општината поради непочитувањето на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РСМ се политичка порака до него.

The post Знаме со картата на „голема Албанија“ денеска повторно се вееше во Тетово додека Касами промовираше новоасфалтирана улица appeared first on Република.

]]>
МВР: Aко го забележите или знаете ова лице, повикајте полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-ako-go-zabelezhite-ili-znaete-ova-litse-povikajte-politsija/ Fri, 18 Aug 2023 17:46:41 +0000 https://republika.mk/?p=673525

Во врска со кривично - правниот настан од 11 август на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“.

Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР, соопштија денеска од МВР.

МВР ги повикува граѓаните доколку го забележат ова лице или имаат било какви сознанија за него кои може да помогнат во истрагата што ја води СВР Тетово во координација со јавен обвинител, веднаш да ја известат најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

The post МВР: Aко го забележите или знаете ова лице, повикајте полиција appeared first on Република.

МВР го откри вејачот на знамето со „Голема Албанија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-go-otkri-vejachot-na-znameto-so-golema-albanija/ Fri, 18 Aug 2023 12:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=673435

Од МВР се огласија во врска со кривично - правниот настан од 11.08.2023 на Градскиот плоштад во Тетово, за кој, како што велат, во изминатите денови беа пласирани и бројни дезинформации и шпекулации.

МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“. Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР. Воедно, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Тетово ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112, се наведува во известувањето од Министерството за внатрешни работи.

The post МВР го откри вејачот на знамето со „Голема Албанија“ appeared first on Република.

Вучиќ: Курти нема да запре со политиката за „создавање Голема Албанија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-kurti-nema-da-zapre-so-politikata-za-sozdavane-golema-albanija/ Fri, 18 Aug 2023 07:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=673232

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во интервју за РТС дека политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што ќе продолжи и дека косовскиот премиер Албин Курти нема да застане.

„Албин Курти нема да застане тука. Кој мисли дека има начин да го запре господинот Курти – нема начин за тоа прашање. Нема начин да го постигне тоа, но постои начин да не го постигне тоа бидејќи вие во одреден момент ќе му се спротивставите“, рече Вучиќ

Зборувајќи за посетата на Курти на Тетово и Скопје, Вучиќ изјави дека проблемот не е едно знаме на „Голема Албанија“, туку она за што Курти зборува и начинот на кој тоа се најавува.

„Тие што го штитат, особено во Белград, велат дека сум бил во Приједор. Па, бев, но бев најавен како претседател на Србија, не како претседател на сите Срби. Не како премиер на сите Албанци, како Албин Курти“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека „Западот молчи“ затоа што не ги интересира приказната.

The post Вучиќ: Курти нема да запре со политиката за „создавање Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во интервју за РТС дека политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што ќе продолжи и дека косовскиот премиер Албин Курти нема да застане.
„Албин Курти нема да застане тука. Кој мисли дека има начин да го запре господинот Курти – нема начин за тоа прашање. Нема начин да го постигне тоа, но постои начин да не го постигне тоа бидејќи вие во одреден момент ќе му се спротивставите“, рече Вучиќ Зборувајќи за посетата на Курти на Тетово и Скопје, Вучиќ изјави дека проблемот не е едно знаме на „Голема Албанија“, туку она за што Курти зборува и начинот на кој тоа се најавува. „Тие што го штитат, особено во Белград, велат дека сум бил во Приједор. Па, бев, но бев најавен како претседател на Србија, не како претседател на сите Срби. Не како премиер на сите Албанци, како Албин Курти“, рече Вучиќ. Вучиќ рече дека „Западот молчи“ затоа што не ги интересира приказната.

The post Вучиќ: Курти нема да запре со политиката за „создавање Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>
МВР ќе ги гони градоначалниците на Чаир и на Тетово поради неинтонирање на државната химна и веење туѓи знамиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-ke-gi-goni-gradonachalnitsite-na-chair-i-na-tetovo-poradi-neintonirane-na-drzhavnata-himna-i-veene-tugi-znamena/ Tue, 15 Aug 2023 16:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=672428

Министерството за внатрешни работи, поточно Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово до надлежните основни судови, денеска поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и градоначалниците Висар Ганиу и Биљал Касами.

Како што се наведува во соопштението од МВР, за време на официјалната посета на косовската делегација на земјава, предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, при организираниот пречек на 11 август, на улицата „Ферид Мурати“ во Скопје и на Градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.

- За време на манифестациите организирани по тој повод, не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Македонија, со што е сторен прекршок по член 30 од истиот закон, се вели во соопштението.

Од МВР истакнуваат дека продолжуваат со потрага по лицето, „кое на една од манифестациите вееше знаме на голема Албанија и по негово пронаоѓање, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“

The post МВР ќе ги гони градоначалниците на Чаир и на Тетово поради неинтонирање на државната химна и веење туѓи знамиња appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи, поточно Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово до надлежните основни судови, денеска поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и градоначалниците Висар Ганиу и Биљал Касами. Како што се наведува во соопштението од МВР, за време на официјалната посета на косовската делегација на земјава, предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, при организираниот пречек на 11 август, на улицата „Ферид Мурати“ во Скопје и на Градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.
- За време на манифестациите организирани по тој повод, не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Македонија, со што е сторен прекршок по член 30 од истиот закон, се вели во соопштението.
Од МВР истакнуваат дека продолжуваат со потрага по лицето, „кое на една од манифестациите вееше знаме на голема Албанија и по негово пронаоѓање, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“

The post МВР ќе ги гони градоначалниците на Чаир и на Тетово поради неинтонирање на државната химна и веење туѓи знамиња appeared first on Република.

]]>
Беса не презема одговорност за знамето со „Голема Албанија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besa-ne-prezema-odgovornost-za-znameto-so-golema-albanija/ Tue, 15 Aug 2023 11:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=672317

Потпретседателот на Движење Беса, Блерим Сејдиу одржа прес-конференција со партиски став за реакциите на другите политичари по повод посетата на Албин Курти во Тетово, а одговори на новинарските прашања околу појавата на знамето со таканаречена Голема Албанија

На новинарско прашање дали за Движење Беса е прифатливо веење на знаме со карта на т.н. Голема Албанија, Сејдиу рече дека не преземаат одговорност за публиката. Од друга страна фотографија со ова знаме се најде на Фејсбук-профилот на партискиот претседател и тетовски градоначалник Биљал Касами.

Косовскиот премиер во Тетово беше пречекан со сите државни знамиња и законските постапки, има и слики и видео и можат сите да ги видат тие слики. Тоа што се случува во публиката тоа не преземеме ние одговорности. Сите реакции на државното раководство беа за публиката, а не за пречекот на косовскиот премиер Албин Курти. Пречекан беше според сите законски постапки, рече Сејдиу.

Тој прецизираше дека Општина Тетово го поканила како премиер и поради присуство на таков висок државен функционер биле поставени знамиња пред зградата. За тоа зошто не се сретнал со претставниците на највисокото државно раководство Сејдиу рече дека Курти одлучил така.

Посетата на Албин Курти беше како премиер и беше пречекан според законските постапки. Премиерот кажа дека како премиер ги поздравува граѓаните во Тетово. Беше во Тетово официјално пречекан според законските постапки. За тоа одлучува премиерот, со кого ќе се сретнат, не сме одговорни со кого и кога еден премиер ќе се сретне со некој друг во Македонија, рече Сејдиу.

За тоа зошто не се интонирала државната химна на Македонија Сејдиу рече дека пречекот бил пред општината Тетово, а за понатаму не може да зборува.

Официјална во општина Тетово и пречекот беше многу видлив. Беше со сите државни знамиња. Јас зборувам за пречек во Тетово официјален дел, за понатаму не би зборувал тоа ќе значи нешто друго. Ние можеме да одговориме за пречекот во Тетово и може да кажеме дека беше пречекан според сите законски постапки. Не верувам дека еден премиер може да посети некого кој го нема во агенда, истакна Сејдиу.

По појавата на знамето на Голема Албанија на пречекот на Курти, СВР Тетово најави дека ќе се идентификуваат сторителите, но денес три дена по настанот нема нова информација.

СВР Тетово во координација со ОЈО-Тетово преземаат мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.

Според него, пак, „македонските државни раководители со реакциите за посетата на косовскиот премиер откриле национализам кој се криел со демократски јазик“.

Која е вистинската причина што им пречи (на Ковачевски, Мицковски, Пендаровски и ДУИ) посетата на премиерот на Република Косово во Македонија? Единствената причина за хистеричната реакција на институциите на нашата држава, со доза на етнонационализам, особено кон посетата на еден премиер на соседна држава, е неприфатлива и против соработка за добрососедство. Повторуваме дека единствениот начин за Република Македонија и Република Косово е влез во Европската Унија и фокусирање на меѓудржавна соработка! Всушност, стравот се чини дека е на друго место! Владата на Македонија (Ковачевски-Ахмети-Пендаровски+ВМРО) се плаши дека мобилизацијата на албинизмот ќе ги отповика шаблоните на политичка соработка со скриена комунистичка идеологија меѓу Скопје и официјален Белград, истакна Блерим Сејдиу.

Според Сејдиу, „идејата на Албин Курти за засилена меѓусоседска соработка меѓу Бугарија-Македонија, Албанија и Косово има единствена цел за неутрализацијата на многу големото српско (руско) влијание, кое во последните 20 години растело на Балканот, особено во Република Македонија“.

The post Беса не презема одговорност за знамето со „Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Движење Беса, Блерим Сејдиу одржа прес-конференција со партиски став за реакциите на другите политичари по повод посетата на Албин Курти во Тетово, а одговори на новинарските прашања околу појавата на знамето со таканаречена Голема Албанија На новинарско прашање дали за Движење Беса е прифатливо веење на знаме со карта на т.н. Голема Албанија, Сејдиу рече дека не преземаат одговорност за публиката. Од друга страна фотографија со ова знаме се најде на Фејсбук-профилот на партискиот претседател и тетовски градоначалник Биљал Касами.