Голак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golak/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Feb 2023 14:24:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Голак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/golak/ 32 32 На планината Голак се одбележа 79-годишнината од Февруарскиот поход https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/na-planinata-golak-se-odbelezha-79-godishninata-od-fevruarskiot-pohod/ Sun, 12 Feb 2023 14:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=608035

Во организација на Општина Делчево, денеска на планината Голак се одбележа 79-годишнината од Февруарскиот поход. По тој повод беше организирана пригодна свеченост пред спомен-плочата која го чува споменот за походот на Народноослободителната војска на Македонија која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на Источна, Централна и Западна Македонија, а дел од маршрутата на Третата борбена единица била и планината Голак заедно со Беласица, Плачковица и Осогово.

Одбележувањето започна со планинарски марш на Голак во организација на Планинарски спортски клуб „Голак“, на кој учествуваа триесетина планинари од Делчево и регионот, кои успешно ја поминаа зимската планинарска патека долга 10 километри во еден правец.

Февруарскиот поход е доста значаен затоа што дел од партизаните се движеле низ Голак, кај село Бигла имало голема битка така што е доста значаен за нас. Инаку во рамки на маршот се движевме по зимска патека која е блиску до самиот асфалт. Имаме наши членови од ПСК Голак, имаме од М.Каменица и други градови, рече претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски.

Останатите учесници се заблагодарија за можноста што ја имаа со овој марш да искажат благодарност до учесниците во Февруарскиот поход кои животот го дале за слободата.

Планинариме седум години, ние сме претставници од Берово дојдовме да ги испочитуваме нашите претци кои се бореле против окупаторот и сега ќе им оддадеме почит пред нивниот споменик, рече Ајчовски Даниел, планинар до Берово.

- Бидејки групата беше брза младинци главно, за два ипол часа се качивме на Голак. Никој не се измори, децата беа на нивото на задачата, прекрасен планинарски марш во кој учествуваме повеќе од 5 години, додаде д-р Соња Мавродиева Ѓеоргиевска, која учествуваше на маршот.

Меѓу учесниците на планинарскиот марш беше и најмладиот планинар Давид Златковски.

- Ова ми е 15 - ти планинарски марш добро е чувството препорачувам сите да ја поминат оваа патека, интересно е и здраво е, истакна Давид Златковски еден од најмладите учесници на маршот.

По повод годишнината од Февруарскиот поход во рамки на централниот настан, членови на КУД „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход. Пред спомен-обележјето се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево, делегација од Советот на Општина Делчево, претставници на политички партии, на здруженија на граѓани.

- Делчево денеска се сеќава и достојно го одбележува успешното изведување на Февруарскиот поход, кое имало големо политичко и воено значење за текот на НОВ во Македонија, воопшто. Ова нѐ обврзува да се потсетиме на еден бурен период и да оддадеме почит на жртвите дадени за живот во слободна и самостојна македонска држава. Наследството од НОВ го трасира нашиот пат за иднината, да се вложиме сите кон европско издигнување на нашата држава имплементирајќи ги европските вредности, рече градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој учествуваше на настанот.

Од страна на организаторот за учесниците на настанот беа доделени благодарници и признанија.

The post На планината Голак се одбележа 79-годишнината од Февруарскиот поход appeared first on Република.

]]>

Во организација на Општина Делчево, денеска на планината Голак се одбележа 79-годишнината од Февруарскиот поход. По тој повод беше организирана пригодна свеченост пред спомен-плочата која го чува споменот за походот на Народноослободителната војска на Македонија која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на Источна, Централна и Западна Македонија, а дел од маршрутата на Третата борбена единица била и планината Голак заедно со Беласица, Плачковица и Осогово. Одбележувањето започна со планинарски марш на Голак во организација на Планинарски спортски клуб „Голак“, на кој учествуваа триесетина планинари од Делчево и регионот, кои успешно ја поминаа зимската планинарска патека долга 10 километри во еден правец. Февруарскиот поход е доста значаен затоа што дел од партизаните се движеле низ Голак, кај село Бигла имало голема битка така што е доста значаен за нас. Инаку во рамки на маршот се движевме по зимска патека која е блиску до самиот асфалт. Имаме наши членови од ПСК Голак, имаме од М.Каменица и други градови, рече претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски. Останатите учесници се заблагодарија за можноста што ја имаа со овој марш да искажат благодарност до учесниците во Февруарскиот поход кои животот го дале за слободата. Планинариме седум години, ние сме претставници од Берово дојдовме да ги испочитуваме нашите претци кои се бореле против окупаторот и сега ќе им оддадеме почит пред нивниот споменик, рече Ајчовски Даниел, планинар до Берово. - Бидејки групата беше брза младинци главно, за два ипол часа се качивме на Голак. Никој не се измори, децата беа на нивото на задачата, прекрасен планинарски марш во кој учествуваме повеќе од 5 години, додаде д-р Соња Мавродиева Ѓеоргиевска, која учествуваше на маршот. Меѓу учесниците на планинарскиот марш беше и најмладиот планинар Давид Златковски. - Ова ми е 15 - ти планинарски марш добро е чувството препорачувам сите да ја поминат оваа патека, интересно е и здраво е, истакна Давид Златковски еден од најмладите учесници на маршот. По повод годишнината од Февруарскиот поход во рамки на централниот настан, членови на КУД „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход. Пред спомен-обележјето се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево, делегација од Советот на Општина Делчево, претставници на политички партии, на здруженија на граѓани. - Делчево денеска се сеќава и достојно го одбележува успешното изведување на Февруарскиот поход, кое имало големо политичко и воено значење за текот на НОВ во Македонија, воопшто. Ова нѐ обврзува да се потсетиме на еден бурен период и да оддадеме почит на жртвите дадени за живот во слободна и самостојна македонска држава. Наследството од НОВ го трасира нашиот пат за иднината, да се вложиме сите кон европско издигнување на нашата држава имплементирајќи ги европските вредности, рече градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој учествуваше на настанот. Од страна на организаторот за учесниците на настанот беа доделени благодарници и признанија.

The post На планината Голак се одбележа 79-годишнината од Февруарскиот поход appeared first on Република.

]]>