гола жена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gola-zena/ За подобро да се разбереме Sat, 21 May 2022 14:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гола жена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gola-zena/ 32 32 Гола жена истрча на црвениот тепих во Кан https://arhiva3.republika.mk/scena/film/gola-zena-istrcha-na-crveniot-tepih-vo-kan/ Sat, 21 May 2022 14:52:42 +0000 https://republika.mk/?p=505215

Жена се соблекла топлес и истрчала на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан, со порака испишана на телото во знак на протест против силувањата за кои се обвинуваат руските војници во инвазијата на Украина, пренесува „BBC“.

Демонстрантката на црвениот тепих го соблекла фустанот кој го носела и започнала да вика, а на телото ѝ била испишана пораката „Престанете да нè силувате“ во рамки на боите на украинското знаме.

Нејзините колкови биле намачкани со црвена боја, симболизирајќи крв.

Украинските власти изјавија дека истражуваат случаи на силувања од страна на руски војници во поединечни делови на земјата во текот на окупацијата. Во вторникот вечерта, свеченото отворање на 75-от Кански филмски фестивал го одбележа видеопорака од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот одлучија да ги одбијат акредитациите на сите руски филмаџии, но и новинари кои на било кој начин се поврзани со руската влада.

Од друга страна, противникот на војната во Украина, рускиот режисер Кирил Серебреников, познат по одважните филмови и поддршката за LGBT+ лицата, официјално го отвори фестивалот со филмот „Tchaikovsky's Wife“ кој се натпреварува за Златна палма и пред публиката порача: „Не за војна!“.

 

 

The post Гола жена истрча на црвениот тепих во Кан appeared first on Република.

]]>

Жена се соблекла топлес и истрчала на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан, со порака испишана на телото во знак на протест против силувањата за кои се обвинуваат руските војници во инвазијата на Украина, пренесува „BBC“. Демонстрантката на црвениот тепих го соблекла фустанот кој го носела и започнала да вика, а на телото ѝ била испишана пораката „Престанете да нè силувате“ во рамки на боите на украинското знаме. Нејзините колкови биле намачкани со црвена боја, симболизирајќи крв. Украинските власти изјавија дека истражуваат случаи на силувања од страна на руски војници во поединечни делови на земјата во текот на окупацијата. Во вторникот вечерта, свеченото отворање на 75-от Кански филмски фестивал го одбележа видеопорака од украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот одлучија да ги одбијат акредитациите на сите руски филмаџии, но и новинари кои на било кој начин се поврзани со руската влада. Од друга страна, противникот на војната во Украина, рускиот режисер Кирил Серебреников, познат по одважните филмови и поддршката за LGBT+ лицата, официјално го отвори фестивалот со филмот „Tchaikovsky's Wife“ кој се натпреварува за Златна палма и пред публиката порача: „Не за војна!“.    

The post Гола жена истрча на црвениот тепих во Кан appeared first on Република.

]]>