Годишна програма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/godishna-programa/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 11:46:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Годишна програма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/godishna-programa/ 32 32 Министерството за култура и туризам организира инфосесии за објаснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-i-turizam-organizira-infosesii-za-objasnuvane-na-protsesot-na-aplitsirane-na-godishnite-konkursi/ Mon, 07 Oct 2024 11:46:00 +0000 https://republika.mk/?p=823810

Од утре започнуваат инфосесиите на Министерството за култура и туризам за олеснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси за поддршка за проекти од национален интерес во културата за 2025 година, соопштија од Министерството.

Инфосесиите ќе ги спроведат тимови од Министерството за култура и туризам, а се наменети за сите корисници на буџетските средства на овие конкурси, со цел да се одговори на сите отворени прашања во врска со пријавувањето.

Штип
8.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Ацо Шопов“

Струмица
9.10.2024 г. (среда) во 11 часот – НУ Центар за култура „Антон Панов“

Гостивар
10.10.2024 г. (четврток) во 11 часот – НУ Центар за култура „АСНОМ“

Битола
14.10.2024 г. (понеделник) во 11 часот – НУ Народен театар-Битола

Охрид
15.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Григор Прличев“

The post Министерството за култура и туризам организира инфосесии за објаснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси appeared first on Република.

]]>

Од утре започнуваат инфосесиите на Министерството за култура и туризам за олеснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси за поддршка за проекти од национален интерес во културата за 2025 година, соопштија од Министерството. Инфосесиите ќе ги спроведат тимови од Министерството за култура и туризам, а се наменети за сите корисници на буџетските средства на овие конкурси, со цел да се одговори на сите отворени прашања во врска со пријавувањето. Штип 8.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ Струмица 9.10.2024 г. (среда) во 11 часот – НУ Центар за култура „Антон Панов“ Гостивар 10.10.2024 г. (четврток) во 11 часот – НУ Центар за култура „АСНОМ“ Битола 14.10.2024 г. (понеделник) во 11 часот – НУ Народен театар-Битола Охрид 15.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Григор Прличев“

The post Министерството за култура и туризам организира инфосесии за објаснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси appeared first on Република.

]]>
Со концертот „75 години љубов“ на академскиот хор „Мирче Ацев“ почнува реализацијата на годишната програма на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“-Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-kontsertot-75-godini-lubov-na-akademskiot-hor-mirche-atsev-pochnuva-realizatsijata-na-godishnata-programa-na-tsentarot-za-kultura-ilo-anteski-smok-tetovo/ Thu, 29 Feb 2024 09:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=749519

„75 години хорска љубов“ е насловот на концертот на академскиот хор „Мирче Ацев“ од Скопје кој ќе се оддржи во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“-Тетово во сабота на 2 март со почеток во 19 часот. Со овој концерт почнува реализација на годишна културна програма на оваа институција поддржана од Министерството за култура.

„Академскиот хор ни гостува по пауза од над десетина години. Сметаме дека ќе биде голем спектакл за градот, со оглед на капацитетот на хорот и диригентката Јасмина Ѓорѓевска. Академскиот хор ќе соработува со овдешните уметници, односно ќе настапи и детскиот хор при Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ на диригентката Фотини Георгиадис – Кировска и пијано придружба“, рече директорот на Центарот за култура Или Антески смок Тетово Вулнет Фејзулахи.

Се работи за аудио и визиелен богат сценски настап со 90-минутна концертна изведба на десетина композиции од македонски и странски автори.

Од Центарот за култура најавуваат богата годишна културна програма.

„Годинава ќе настапат голем број локални и странски уметници. По поголема пауза од десетина години ќе има концерт тетовската рок група Елита 5, ќе има неколку драмски претстави, самостојни и колективни изложби, графичка колонија, концерти и настапи на фолклорни друштва и слично“, изјави Фејзулахи.

Директорот Фејзулахи најави и реконструкција на објектот, односно внатрешниот дел од големата сала, снабдување со клими уреди кои се неопходни особено во летниот период, каде поради високите температури во месеците јули и август во Центарот за култура ретко се оддржуваат настани.

The post Со концертот „75 години љубов“ на академскиот хор „Мирче Ацев“ почнува реализацијата на годишната програма на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“-Тетово appeared first on Република.

Љутков: Не ја знаеме точната бројка колку е одвоено само за програми, ќе треба да истражиме проект по проект колку точно се одвоени https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ne-ja-znaeme-tochnata-brojka-kolku-e-odvoeno-samo-za-programi-ke-treba-da-istrazhime-proekt-po-proekt-kolku-tochno-se-odvoeni/ Thu, 15 Feb 2024 14:17:37 +0000 https://republika.mk/?p=744461

Власта ја уништи културата, а буџетот на скоро сите институции е намален за програмските активности за околу 10 проценти и процентот на средства за култура е 1,34 од буџетот што е  најнизок во изминатите години, кажа Зоран Љутков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ 24.

Власта ја уништи културата, кога ќе видите во капиталните инвестиции во националните установи за култура има негрижа, не се одржуваат комплетно. Она што зборуваат дека е 14 милиони обезбедени за програмите тоа всушност не е така бидејќи во тие 14 милиони влегуваат и материјалните трошоци. Како што се договорите на дело, средствата за обезбедување но тоа не е јавно објавено и ние не ја знаеме точната бројка колку е одвоено само за програми. Ќе треба да истражиме проект по проект колку точно се одвоени. Претходно сите  се ставале одвоено за капитални инвестиции за установи за материјални трошоци не се ставеле во купот на програми. Во националните установи ако велат дека е зголемена сумата зошто тогаш секоја институција посебно кога ќе ја видите разликата од 2023  и 2024 година му е намален буџетот за скоро 10 проценти, истакна Љутков.

Љутков посочи дека буџетот на скоро сите институции е намален за програмските активности.

Во 2017 година буџет на драмски театар бил 8-9 милиони лани во 2023 година бил 3 милиони и 200 за програми а оваа година е 3 милиони. Како тоа ние зборуваме за покачување на сумата во програмските активности кога секоја институција посебно објавува дека им се намалени средствата. Вкупната сума е зголемена затоа што многу пари им се дадени на другите корисници, на физички лица, на партиски членови, на новоформирани здруженија и фирми кои што не знам ни како го поминале филтерот на бодување, нагласи Љутков.

Љутков посочи дека процентот на средства за култура е 1,34 од буџетот и најнизок во изминатите години.

Генералниот буџет на државата се зголемува ако лани бил 4,5 милијарди оваа година го прогнозирале 5,5 милијарди. Процентот за култура е 1,34. На 4,5 милијарди е една сума 1,34, на 5,5 милијарди е друга сума. Во 2014 година процентот за култура од генералниот буџет кој што се издвојува бил 2,5%, 2,2% 2.0% варирал но секогаш бил над 2%. Ние оваа година имаме 1,34 % средства за култура. Самата агенција за филм имала 7-8 милиони за продукција сега има едвај 2,5 милиони. Да бидеме искрени и чесни и да зборуваме за точни работи и суми кои што се видливи. Само во драмската дејност околу 15-16 милиони се намалени средствата, нагласи Љутков.

The post Љутков: Не ја знаеме точната бројка колку е одвоено само за програми, ќе треба да истражиме проект по проект колку точно се одвоени appeared first on Република.

Сретствата од Годишната програма се поддршка за учество на наши театарски ансамбли во Албанија или Косово на фестивалот „Мојсиу“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sretstvata-od-godishnata-programa-se-poddrshka-za-uchestvo-na-nashi-teatarski-ansambli-vo-albanija-ili-kosovo-na-festivalot-mojsiu/ Thu, 15 Feb 2024 13:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=744396

Во однос на обвинувањата дека со пари на граѓаните од Македонија се финансираат фестивали во Приштина или Тирана, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека станува збор за поддршка на учество на наши театарски ансамбли во Албанија или Косово на фестивалот „Мојсиу“.

Многу полесно се осудува, отколку да се побара логично објаснување, рече министерката за култура на денешниот брифинг, во врска со реакциите дека со Годишната програма се одобрени 30 000 евра за реализација на фестивал во Косово, од страна на Македонија.

Според Костадиновска- Стојчевска, таа сума е дадена за учество на Албанскиот театар од Скопје, гостиварскиот, кумановскиот и театарот од Тетово, на меѓународниот патувачки фестивал „ Моисиу“ , кој годинава ќе се одржи во Приштина, а идната во Скопје.

Се работи за нивно учество на тој фестивал, односно за учество на четири национални установи од Република Македонија . И тоа што е содржано во тие 30 000 евра се трошоците за патување, односно за тоа што им е потребно како сценски реквизит да го однесат таму, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.

На брифингот со новинарите беа и претставници на овие театри кои потврдија дека средствата добиени од годишната програма се за нивното учество на фестивалите, а не за организаторите на тие манифестации.

Фестивалот „Меридијани“, кој оваа година се одржува по осми пат и кој наместо 6 милиони денари доби 1,4 милиони денари. Ние како организатори нема да се откажеме од организација на овој меѓународен фестивал кој трае 3 недели и на кој гостуваат театарски и балетски ансамбли, како и музички уметници и хорови од повеќе европски земји и од САД, рече Шкељзен Пајазити, претседател на Фестивалот.

The post Сретствата од Годишната програма се поддршка за учество на наши театарски ансамбли во Албанија или Косово на фестивалот „Мојсиу“ appeared first on Република.

Досегашниот носител на манифестацијата „Рацинови средби“, Општина Велес за првпат по 60 години не аплицира, туку делегира овластување на ново Здружение на граѓани кое во своето портфолио нема искуство, што е дел од критериумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dosegashniot-nositel-na-manifestatsijata-ratsinovi-sredbi-opshtina-veles-za-prvpat-po-60-godini-ne-aplitsira-tuku-delegira-ovlastuvane-na-novo-zdruzhenie-na-gragani-koe-vo-svoeto-portfolio-nema-iskust/ Thu, 15 Feb 2024 12:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=744390

Осврнувајќи се на поддршката на одредени фестивали дека не се доволно или, пак, премногу се поддржани, Костадиновска-Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите потенцираше дека поддршката произлегува од самата апликација и од понудената содржина.

Еден од критириумите за поддршка е одреден настан или манифестација да има долгогодишна традиција. Ќе напомнам дека досегашниот носител на манифестацијата „Рацинови средби“, Општина Велес, за првпат по 60 години не аплицира, туку делегира овластување на ново Здружение на граѓани кое во своето портфолио нема искуство од организација на ваков тип настани, наведе Костадиновска-Стојчевска дополнувајќи дека не е јасно зошто самите тие одлучиле да ја сведат традицијата на Општина Велес во организацијата на оваа манифестација на организација која нема такво искуство, што е дел од критериумите на Министерството за поддршка на традиционалните вредности, рече Костадиновска-Стојчевска.

The post Досегашниот носител на манифестацијата „Рацинови средби“, Општина Велес за првпат по 60 години не аплицира, туку делегира овластување на ново Здружение на граѓани кое во своето портфолио нема искуство, што е дел од критериумите appeared first on Република.

Костадиновска-Стојчевска: Срамно е политички да се жигосуваат  и дискфалификуваат колеги и уметници https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-sramno-e-politichki-da-se-zhigosuvaat-i-diskfalifikuvaat-kolegi-i-umetnitsi/ Thu, 15 Feb 2024 12:26:15 +0000 https://republika.mk/?p=744381

Комисиите ја направија распределбата на средствата предвидени во секоја програма единствено врз основа на критериумите и мерилата за оцена на проектите содржани во Годишните конкурси кои беа претходно и јавно објавени и им беа познати на сите апликанти, рече министерката за култура на денешниот брифинг со новинарите.

Таа посочи дека никогаш членовите на комисиите кои одлучувале по програмите на годишниот конкурс за финансирање проекти во културата не биле јавно и транспаретнто објавени.

Овој пат беа објавени кога заврши конкурсот за да не бидат изложени на влијанија и ургенции.

Ниту еден од овие критериуми нема партиски предзнак. Срамно е политички да се жигосуваат  и дискфалификуваат колеги и уметници заради партиски задачи. Тое не е во ред, истакна Бисета Костадиновска-Стојчевска.

Оваа хајка против авторите и уметниците кои добија поддршка за своите проекти од Годишниот конкурс за проекти од културата предизвикал негативен ефект и некои од нив веќе најавиле дека ќе се откажат од реализацијата на нивните замисли заради недоличниот притисок на кој се изложени во јавноста.

Осврнувајќи се на поддршката на одредени фестивали дека не се доволно или, пак, премногу се поддржани, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека поддршката произлегува од самата апликација и од понудената содржина.

Еден од критириумите за поддршка е одреден настан или манифестација да има долгогодишна традиција. Ќе напомнам дека досегашниот носител на манифестацијата „Рацинови средби“, Општина Велес, за првпат по 60 години не аплицира, туку делегира овластување на ново Здружение на граѓани кое во своето портфолио нема искуство од организација на ваков тип настани, наведе Костадиновска-Стојчевска дополнувајќи дека не е јасно зошто самите тие одлучиле да ја сведат традицијата на Општина Велес во организацијата на оваа манифестација на организација која нема такво искуство, што е дел критериумите на Министерството за поддршка на традиционалните вредности.

Како спротивен пример, Костадиновска-Стојчевска на брифингот нагласи дека таквата поддршка продолжува за многубројни значајни манифестации со повеќедецениска традиција,како што се „Струшки вечери на поезијата“, „Охридско лето“, „Илинденски денови“, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, „Скомрахи“, „10 дена Крушевска Република“, „Смилевски конгрес“ и други.

Во однос на поддршката на институции и автори од другите градови во државата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска укажа на фактот дека оваа година е обезбеден поголем буџет со кој единиците на локалната самоуправа ќе реализираат значајни инфраструктурни проекти преку кои ќе се подобрат условите за остварување на културата во различни региони.

Преку капиталните дотации за културата придонесуваме за рамномерен развој на општините, за развој на сите региони во државата, за инвестирање во културата која ќе ги поттикнува младите на креативност и творештво. Преку подобрување на условите за реализација на проекти од културата, помагаме за афирмација на културните вредности на секоја општина, со акцент за создавање интегриран простор за младите и поврзаност низ целата држава, информираше Костадиновска-Стојчевска.

На младите уметници од сите градови во земјата им овозможуваме еднаков пристап до финанасиските средства за поддршка на проекти од културата и тоа само врз основа на критериумите.

Нема да им ги ускратиме можностите да создаваат во земјата. Јавното жигосување на уметници затоа што биле од Битола, или Тетово, Гостивар, Куманово… не е во ред“, потенцираше министерката за култура.

Во однос на обвинувањата дека со пари на граѓаните од Македонија се финансираат фестивали во Приштина или Тирана, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека станува збор за поддршка на учество на наши театарски ансамбли во Албанија или Косово на фестивалот „Мојсиу“.

На брифингот со новинарите беа и претставници на овие театри кои потврдија дека средствата добиени од годишната програма се за нивното учество на фестивалите, а не за организаторите на тие манифестации.

Шкељзен Пајазити, претседател на фестивалот „Меридијани“, кој оваа година се одржува по осми пат и кој наместо 6 милиони денари доби 1,4 милиони денари, на брифингот рече дека тие како организатори нема да се откажат од организација на овој меѓународен фестивал кој трае 3 недели и на кој гостуваат театарски и балетски ансамбли, како и музички уметници и хорови од повеќе европски земји и од САД.

The post Костадиновска-Стојчевска: Срамно е политички да се жигосуваат  и дискфалификуваат колеги и уметници appeared first on Република.

]]>

Комисиите ја направија распределбата на средствата предвидени во секоја програма единствено врз основа на критериумите и мерилата за оцена на проектите содржани во Годишните конкурси кои беа претходно и јавно објавени и им беа познати на сите апликанти, рече министерката за култура на денешниот брифинг со новинарите.
Таа посочи дека никогаш членовите на комисиите кои одлучувале по програмите на годишниот конкурс за финансирање проекти во културата не биле јавно и транспаретнто објавени.
Овој пат беа објавени кога заврши конкурсот за да не бидат изложени на влијанија и ургенции. Ниту еден од овие критериуми нема партиски предзнак. Срамно е политички да се жигосуваат  и дискфалификуваат колеги и уметници заради партиски задачи. Тое не е во ред, истакна Бисета Костадиновска-Стојчевска.
Оваа хајка против авторите и уметниците кои добија поддршка за своите проекти од Годишниот конкурс за проекти од културата предизвикал негативен ефект и некои од нив веќе најавиле дека ќе се откажат од реализацијата на нивните замисли заради недоличниот притисок на кој се изложени во јавноста. Осврнувајќи се на поддршката на одредени фестивали дека не се доволно или, пак, премногу се поддржани, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека поддршката произлегува од самата апликација и од понудената содржина.
Еден од критириумите за поддршка е одреден настан или манифестација да има долгогодишна традиција. Ќе напомнам дека досегашниот носител на манифестацијата „Рацинови средби“, Општина Велес, за првпат по 60 години не аплицира, туку делегира овластување на ново Здружение на граѓани кое во своето портфолио нема искуство од организација на ваков тип настани, наведе Костадиновска-Стојчевска дополнувајќи дека не е јасно зошто самите тие одлучиле да ја сведат традицијата на Општина Велес во организацијата на оваа манифестација на организација која нема такво искуство, што е дел критериумите на Министерството за поддршка на традиционалните вредности.
Како спротивен пример, Костадиновска-Стојчевска на брифингот нагласи дека таквата поддршка продолжува за многубројни значајни манифестации со повеќедецениска традиција,како што се „Струшки вечери на поезијата“, „Охридско лето“, „Илинденски денови“, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, „Скомрахи“, „10 дена Крушевска Република“, „Смилевски конгрес“ и други. Во однос на поддршката на институции и автори од другите градови во државата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска укажа на фактот дека оваа година е обезбеден поголем буџет со кој единиците на локалната самоуправа ќе реализираат значајни инфраструктурни проекти преку кои ќе се подобрат условите за остварување на културата во различни региони.
Преку капиталните дотации за културата придонесуваме за рамномерен развој на општините, за развој на сите региони во државата, за инвестирање во културата која ќе ги поттикнува младите на креативност и творештво. Преку подобрување на условите за реализација на проекти од културата, помагаме за афирмација на културните вредности на секоја општина, со акцент за создавање интегриран простор за младите и поврзаност низ целата држава, информираше Костадиновска-Стојчевска.
На младите уметници од сите градови во земјата им овозможуваме еднаков пристап до финанасиските средства за поддршка на проекти од културата и тоа само врз основа на критериумите.
Нема да им ги ускратиме можностите да создаваат во земјата. Јавното жигосување на уметници затоа што биле од Битола, или Тетово, Гостивар, Куманово… не е во ред“, потенцираше министерката за култура.
Во однос на обвинувањата дека со пари на граѓаните од Македонија се финансираат фестивали во Приштина или Тирана, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека станува збор за поддршка на учество на наши театарски ансамбли во Албанија или Косово на фестивалот „Мојсиу“. На брифингот со новинарите беа и претставници на овие театри кои потврдија дека средствата добиени од годишната програма се за нивното учество на фестивалите, а не за организаторите на тие манифестации. Шкељзен Пајазити, претседател на фестивалот „Меридијани“, кој оваа година се одржува по осми пат и кој наместо 6 милиони денари доби 1,4 милиони денари, на брифингот рече дека тие како организатори нема да се откажат од организација на овој меѓународен фестивал кој трае 3 недели и на кој гостуваат театарски и балетски ансамбли, како и музички уметници и хорови од повеќе европски земји и од САД.

The post Костадиновска-Стојчевска: Срамно е политички да се жигосуваат  и дискфалификуваат колеги и уметници appeared first on Република.

]]>
Ова не е проблем, Рацин е проблем: 2.200.000 денари во 2023 за фестивал на тазе фирма „Мастер про продукција“ ДООЕЛ што оваа година е згасната, а во 2024 е со ново име „Модус про продукција“ и за истиот фестивал поддршка од 2.400.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ova-ne-e-problem-ratsin-e-problem-2-200-000-denari-vo-2023-za-festival-na-taze-firma-master-pro-produktsija-dooel-shto-ovaa-godina-e-zgasnata-a-vo-2024-e-so-novo-ime-modus-pro-produktsija-i-za-istiot/ Tue, 13 Feb 2024 13:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=743650

Сите мои настапи во изминативе денови, беа обид да Ви укажам на бројните пропусти од Годишната програма, а Вие не само што не сте сфатиле, туку и понатаму продолживте да тонете во калта, пишува Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.

Малку ли Ви се бројните реакции од културните работници, за да се свестите што сте направиле?

Ви се обраќам лично, како културен работник, актер прва категорија во Драмскиот театар од Скопје.

Оној кој е залутан во културата, тоа сте Вие! И сосема нескромно, но така и Ве доживуваат.

Ве советувам да престанете да ја понижувате македонската културна јавност, затоа што токму Вие немате никаков кредибилитет да зборувате за македонската култура!

И не само Вие, туку и целиот Ваш кабинет, кој го нарекувате тим во културата, не донесoвте до ова дереџе денес!

Што ви оставивме ние кога дојдовте? Ви изградивме НОВИ институции, со најсовремена техника, целосно реконструиравме повеќе десетици објекти, отваравме нови музејски поставки, …се ви беше на тацна оставено, а Вие се’ уништивте!

Нека ја погледне македонската јавност Вашата Годишна програма за инвестиции и тековно одржување на националните установи! МИЗЕРИЈА

Кај не им давате на установите средства за одржување, па не им давате ни средства за проекти, за да можат да си обезбедат сопствен приход и да си инвестираат самите за тековните потреби.

Ќе Ве потсетам дека Вашиот претходник Алаѓозовски, за својот мандат, прво и единствено што успешно го направи е што го избриша целиот сајт на министерството за култура! За да не останат докази кои ќе посведочат за комплетната неспособност на сите Ваши министри во културата.

Но културната нема потреба да памети износи, но памети светски имиња на македонската сцена, памети претстави кои сеуште се најпродавани по театрите, Ги памети Морфов, Пандур, Иван Поповски, Демјан Хрст, Салвадор Дали, Хенри Мур, памети премиери со светски балетски и оперски уметници кои гостуваа на спектакуларните претстави, кои, ќе повторам, сеуште се изведуваат на репертоарите!

Инвестиравме и во живата култура и во инфраструктурата и во уметничките и во човечкие капацитети.

Министерке,

Зошто вчера потрошивте половина час во обвинување на опозицијата, па дури и за патните исправи на очиглед на целата македонска јавнот, наместо да објасните како тоа се ставаат наставници по англиски и студенти и млади од 25 години во стручните комисии кои со своето неискуство одлучуваат за судбини на зрели и реномирани автори и проекти?

Објаснете и на јавноста конкретно, што е тоа што Ви пречи што Градоначалникот и Советот на Велес одлучиле сите културни активности да се организираат од здруженија на граѓани, наместо од еден човек од Општината? Нешто кое скоро две години функционира, граѓаните на Велес немаат реакции, а градот има 200 денови културни настани. Што е тоа што само Вие не успеавте да го видите минатата година, на Рацинови средби, па годинава го казнивте фестивалот со 83,000 денари?

Одговорете, како за 2023 година одобривте преку 2.200.000 денари за фестивал на тазе фирма МАСТЕР ПРО ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ за проектот „Тајмлес Фестивал“, а оваа година гледаме дека истата е згасната, па во Програмата е со ново име МОДУС ПРО ПРОДУКЦИЈА за истиот фестивал кој е поддржан со 2.400.000 денари? Што се крие позади ова?

Ова не е проблем, Рацин е проблем нели?

Министерке, престанете да манипулирате со јавноста, сфаќате ли дека Вие должите одговори како прв и најповикан човек во културата, не јас!

Наместо да се жестите во јавните настапи, глумејќи дека сте обезправено нападнати, зошто конкретно не им кажавте на граѓаните која фирма ја избравте за изведувач на Универзална сала и како? Кој е и како го избравте надзорот? И каде се објавени безбедените 120.000.000 денари?

И конечно зошто чесно и отворено не им кажете на граѓаните дека единствениот проект на оваа Влада на ДУИ, кој тече непречено како дупка без дно е Тетовскиот театар, за кој за 8 години се одлеани  преку 42 милиони евра. И кој, замислете уште не е готов исто како и патот Кичево – Охрид.

Она кое на сите ни е јасно, дека оваа Влада не уназади, идентитетски не обезличи, не ограби,  задолжи и не опустоши во секоја смисла на зборот!!!

Одговорност ќе има!

https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-zad-noviot-tajmles-festival-stoi-partiski-chovek-na-sdsm/

The post Ова не е проблем, Рацин е проблем: 2.200.000 денари во 2023 за фестивал на тазе фирма „Мастер про продукција“ ДООЕЛ што оваа година е згасната, а во 2024 е со ново име „Модус про продукција“ и за истиот фестивал поддршка од 2.400.000 денари appeared first on Република.

]]>

Сите мои настапи во изминативе денови, беа обид да Ви укажам на бројните пропусти од Годишната програма, а Вие не само што не сте сфатиле, туку и понатаму продолживте да тонете во калта, пишува Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.
Малку ли Ви се бројните реакции од културните работници, за да се свестите што сте направиле? Ви се обраќам лично, како културен работник, актер прва категорија во Драмскиот театар од Скопје. Оној кој е залутан во културата, тоа сте Вие! И сосема нескромно, но така и Ве доживуваат. Ве советувам да престанете да ја понижувате македонската културна јавност, затоа што токму Вие немате никаков кредибилитет да зборувате за македонската култура! И не само Вие, туку и целиот Ваш кабинет, кој го нарекувате тим во културата, не донесoвте до ова дереџе денес! Што ви оставивме ние кога дојдовте? Ви изградивме НОВИ институции, со најсовремена техника, целосно реконструиравме повеќе десетици објекти, отваравме нови музејски поставки, …се ви беше на тацна оставено, а Вие се’ уништивте! Нека ја погледне македонската јавност Вашата Годишна програма за инвестиции и тековно одржување на националните установи! МИЗЕРИЈА Кај не им давате на установите средства за одржување, па не им давате ни средства за проекти, за да можат да си обезбедат сопствен приход и да си инвестираат самите за тековните потреби. Ќе Ве потсетам дека Вашиот претходник Алаѓозовски, за својот мандат, прво и единствено што успешно го направи е што го избриша целиот сајт на министерството за култура! За да не останат докази кои ќе посведочат за комплетната неспособност на сите Ваши министри во културата. Но културната нема потреба да памети износи, но памети светски имиња на македонската сцена, памети претстави кои сеуште се најпродавани по театрите, Ги памети Морфов, Пандур, Иван Поповски, Демјан Хрст, Салвадор Дали, Хенри Мур, памети премиери со светски балетски и оперски уметници кои гостуваа на спектакуларните претстави, кои, ќе повторам, сеуште се изведуваат на репертоарите! Инвестиравме и во живата култура и во инфраструктурата и во уметничките и во човечкие капацитети. Министерке, Зошто вчера потрошивте половина час во обвинување на опозицијата, па дури и за патните исправи на очиглед на целата македонска јавнот, наместо да објасните како тоа се ставаат наставници по англиски и студенти и млади од 25 години во стручните комисии кои со своето неискуство одлучуваат за судбини на зрели и реномирани автори и проекти? Објаснете и на јавноста конкретно, што е тоа што Ви пречи што Градоначалникот и Советот на Велес одлучиле сите културни активности да се организираат од здруженија на граѓани, наместо од еден човек од Општината? Нешто кое скоро две години функционира, граѓаните на Велес немаат реакции, а градот има 200 денови културни настани. Што е тоа што само Вие не успеавте да го видите минатата година, на Рацинови средби, па годинава го казнивте фестивалот со 83,000 денари? Одговорете, како за 2023 година одобривте преку 2.200.000 денари за фестивал на тазе фирма МАСТЕР ПРО ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ за проектот „Тајмлес Фестивал“, а оваа година гледаме дека истата е згасната, па во Програмата е со ново име МОДУС ПРО ПРОДУКЦИЈА за истиот фестивал кој е поддржан со 2.400.000 денари? Што се крие позади ова? Ова не е проблем, Рацин е проблем нели? Министерке, престанете да манипулирате со јавноста, сфаќате ли дека Вие должите одговори како прв и најповикан човек во културата, не јас! Наместо да се жестите во јавните настапи, глумејќи дека сте обезправено нападнати, зошто конкретно не им кажавте на граѓаните која фирма ја избравте за изведувач на Универзална сала и како? Кој е и како го избравте надзорот? И каде се објавени безбедените 120.000.000 денари? И конечно зошто чесно и отворено не им кажете на граѓаните дека единствениот проект на оваа Влада на ДУИ, кој тече непречено како дупка без дно е Тетовскиот театар, за кој за 8 години се одлеани  преку 42 милиони евра. И кој, замислете уште не е готов исто како и патот Кичево – Охрид. Она кое на сите ни е јасно, дека оваа Влада не уназади, идентитетски не обезличи, не ограби,  задолжи и не опустоши во секоја смисла на зборот!!! Одговорност ќе има!
https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-zad-noviot-tajmles-festival-stoi-partiski-chovek-na-sdsm/

The post Ова не е проблем, Рацин е проблем: 2.200.000 денари во 2023 за фестивал на тазе фирма „Мастер про продукција“ ДООЕЛ што оваа година е згасната, а во 2024 е со ново име „Модус про продукција“ и за истиот фестивал поддршка од 2.400.000 денари appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Годишната програма е донесена на најпрофесионален начин, транспарентно и професионално https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-godishnata-programa-e-donesena-na-najprofesionalen-nachin-transparentno-i-profesionalno/ Tue, 13 Feb 2024 09:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=743538

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на гостувањето во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, појасни дека комисиите најпрофесионално и најодговорно ја разгледуваа секоја апликација при одлучувањето за Годишната програма.

– Категорично ги отфрлам оние квалификации со кои се обвинува за клиентeлизам, како и оценките дека Годишната програма за 2024 во културата е најлоша – рече Костадиновска-Стојчевска, која истакна дека комисиите се составени од истакнати личности, секој во својата област, кои на највисоко ниво ја завршија својата работа.

– Секоја апликација е разгледана и оценета најпрофесионално. Јавното деградирање на комисиите е веројатно со цел никој повеќе да не се нафаќа да одлучува за Годишната програма, и оди во прилог на минатото време, кога беше објавуван само списокот на одобрени проекти, без никакви образложенија – истакна Костадиновска-Стојчевска, потенцирајќи дека од 2017 година имињата на комисиите и доделената сума за поддршка транспарентно и отчетно се соопштуваат.

Осврнувајќи се на поддршката на одредени фестивали дека не се доволно или, пак, премногу се поддржани, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека поддршката произлегува од самата апликација и од понудената содржина.

– Еден од критириумите за поддршка е одреден настан или манифестација да има долгогодишна традиција. Ќе напомнам дека досегашниот носител на манифестацијата „Рацинови средби“, Општина Велес, за првпат по 60 години не аплицира, туку делегира овластување на ново Здружение на граѓани кое во своето портфолио нема искуство од организација на ваков тип настани − наведе министерката за култура за поддршката на „Рациновите средби“, истакнувајќи дека не е јасно зошто самите тие одлучиле да ја намалат традицијата и покрај критериумите на Министерството за поддршка на традиционалните вредности.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека традиционалната поддршка продолжува за многубројни значајни манифестации со повеќедецениска традиција, меѓу кои се и: „Струшки вечери на поезијата“, „Охридско лето“, „Илинденски денови“, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, „Скомрахи“, „10 дена Крушевска Република“, „Смилевски конгрес“ и други.

За проектот за реконструкција на Универзалната сала, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека е обезбедено тригодишно финанисирање, за  да не се дозволи каков било застој до конечното отворање на обновениот објект.

– Универзална сала е завршен процес. Презедовме сѐ од Град Скопје, заедно со тендерирана постапка за Прва фаза“, истакна министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека Министерството за култура рамномерно вложува во културата, а тоа го покажуваат и капиталните дотации кон локалните самоуправи, отфрлајќи дека постои фаворизирање одреден град или одредена културна сцена.

The post Костадиновска-Стојчевска: Годишната програма е донесена на најпрофесионален начин, транспарентно и професионално appeared first on Република.

Зарина Првасевда: Министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива, со секое удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции и квалитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zarina-prvasevda-ministerstvo-mi-pravi-golema-usluga-mislejki-deka-neshto-me-odbiva-so-sekoe-udirane-so-bozdogan-po-glava-ushte-poveke-sfakam-kolku-e-golema-mokta-na-poedinetsot-koj-poseduva-kompetent/ Mon, 12 Feb 2024 14:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=743286

Драги пријатели, со вас сум слободна и отворена и ве чувствувам како едно мое големо семејство, па можам вака да споделам што имам да кажам на повеќе теми, пишува Зарина Првасевда на својот фејсбук профил осврнувајќи се на резултатите од Конкурсот на Министерството за култура.

Денес, ќе кажам збор- два по повод мојата одбиена апликација од Министерството за Култура. Сигурно прочитавте повеќе вакви статуси деновиве, но еве јас што имам да кажам на темата.

Искрено, секогаш кога ќе ми одбијат апликација од Министерство за култура или ќе ми дадат 3 денари пари за нешто големо, мене ми се посреќува. Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално. Еве ќе објаснам и зошто , за тие што имаат малку време и сакаат да знаат:
1. Снимањето на албумот " Ехо " 2021 - ОДБИЕН.
(Недоволно естетска целисходност и автентичност, вели Министерството).
- Се разбира, тоа ме разочара ужасно... Но, не ми ја уби силата и вербата што ја имав. Моите родители се скромни општи работници во државата, а јас во моментот работев за просечна плата, па така, беше речиси невозможно да се наслонам на сопствените финансиски средства за толку голем проект каков што го замислував од дете.
Барав илјадници начини, тропав од врата на врата, раскажував и верував дека некој ќе ми поверува на невидено. Се случи. Еден голем човек, мојот втор татко, не само што поверува, туку и направи да се случи. Иако не беше од " фелата ", нешто слушна и нешто препозна - " Ќе го направиме ова заедно рече, зошто на Македонија и треба нешто вакво. ". Така и би. Со поддршката и љубовта што ја добивав од него и неговото семејство, пријателите, од колегите, моето семејство и публиката која несомнено ми беше дирек кој ме држеше исправено.
НЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА.
- Мојот прв албум го издадов за странска издавачка куќа, т.е за една од најголемите на Балканот, Croatia Records или бившо Jugoton.
- Го издадов во Април 2022година.
- Истиот, нешто подоцна го освојува 9 - тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните музички изведувачи во 3-тиот квартал на 2022 година.
2. Побарав средства од Министерството за култура кога решив да правам промоција на истиот со концерт Македонската филхармонија - со голем оркестар - ОДБИЕНО.
( Со оглед на тоа дека се обратив малку подоцна од конкурсите, имаа одличен изговор како да ме откачат во еден потег.
“ Не можиме да ти префрлиме пари, не можиме да ти помогнеме со отстапување на салата без финансиски надоместок... Не си во годишна програма. “ , вели Министерство .
Имено, после месец дена талкање од канцеларија до канцеларија со едно ранче на раменици, полно соништа и верба во тоа што имам да го кажам на светот , после многу НЕ, после илјада потсмеви и разочарувања , Пакомак, вели,
" Закажи го концертот ние ќе ти помогниме.".
Концертот, во сопствена лична продукција и организација , закажан на 15.04.2022, голема сала ја Филхармонија - за недела дена - РАСПРОДАДЕН.
Албумот сеуште не издаден, артистот НЕПОЗНАТ, НЕДОВОЛНО ЕСТЕТСКА ЦЕЛИСХОДНОСТ И АВТЕНТИЧНОСТ, концертот се распродава до последна карта.
Ух не... последната ја чував за министерката која што лично ја поканив.
Дали претпоставувате само кое место беше празно во салата?
3. Оваа година, поднесувам повторно аплкација за голем концерт во НОБ по повод нов албум , ОДБИЕН.
( цитирам : " СЕ ОДБИВА поради непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод., " , вели Министерството за Култура ) .
- Имено, во 2023 година ја освоив интернационалната награда за “ Најдобар нов талент за 2023 ” на интернационална платформа UPBeat , која се бави главно со светска традиционална музика, на која тимски работи и истражува во светот. Истата се добиваше по пат на отворено гласање и стручно жири, составено од професионалци во областа.
( Ниеден од Македонија ) .
- Во 2023 година, одржав концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор, како: OFF Fest - MК , D-Festival - MK, Budapest Ritmo - Budapest, Hungary , Saint Croix Volvestre - France , SHIP Festival - Croatia, A38 - Budapest, Hungary , BALKAN: MOST festival - Vesprem, Hungary , SoAlive Music Conference - Sofia, Bulgaria, како и солистички концерти низ Македонија: Велес, Кочани, Битола, Прилеп, Штип, Кичево и други, генерално распродадени.
- Во моментов се подготвувам за мојот концерт на еден од најголемите фестивали за Светска традиционална музика во Европа, Balkan Trafik, кој ќе се одржи во Брисел на 27. 04. 2024. Покрај овој концерт, својот концерт ќе го одржам и на Самитот на претседатели на влади и држави од земјите од Европска унија (29 април 2024 г) во Брисел a ќе одржам и уште неколку концерти во регионот за кои сеуште чекам датуми.
- Се подготвувам за снимање на нов албум кој е речиси готов, а богами и за промотивниот концерт во НОБ, кој Министерството за култура го одбива.
Покрај креативната работа на квалтитетот на музика и естетиката која треба да ја презентирам насекаде кадешто се појавувам со сопствениот прекрасен ансамбл составен музичари - професионалци, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност , издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа, во педагошка работа во областа на музиката во Македонија, кој го одржувам во последните 3 години, треба да мислам на тоа каде и како ќе најдам средства за реализација, како ќе го изведам и сл.
Тоа најдобро знае мојот тим како изгледа, каков е мојот терк на работа за да успејам сите заедно да бидеме на сцена, затоа што ме гледаат постојано, но, нема да се жалам и не ми е тешко. Знам дека макотрпната работа и труд, секогаш на крајот се исплати. Го имам благословот да се бавам со она што живот ми значи и од него да живејам.
Фала му на Бога за тоа.
(Патем... Бидејќи се работи за големи проекти, ќе ми требаат спонзори, несомнено, како невработен и независен уметник во Македонија, па ако имате идеја за фирми - визиониери, секоја е добредојдена) .
Е сега, замислете, да ми беше репер за сопствениот квалитет Министерството за Култура и минстерката Бисера Костадиновска Стојчевска ? Замислете да верував дека ова се вистинските луѓе кои поставуваат стандард за тоа кој е квалитетен, автентичен и естетски издржан во Македонија? Замислете да чекав тие да ме видат или да ми помогнат?
Замислете да застанев со тоа што го работам, затоа што највисоката институција за култура во Македонија ме банира, не ме забележува или не ми дава од средствата кои би требало да бидат наменети за артисти како мене, патем, за афирмација на културата, фолклорот и традиционалната музика од земјава и регионот, во сопствената држава и секаде во светот кадешто настапувам? Замислете да покажувам благодарност и понизност за дадени 1000 евра за концерт кој чини 10 000 и тоа да ми биде стандардот во главата со кој ќе се задоволам ?
Замислете сега да кажам, не ми дадоа пари - не правам концерт или албум.
Кој страда? Музиката. Традиционалната музика, мојата публика која очекува нов албум и се разбира јас.
Напротив, министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива. Со секое наредно вакво удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции, квалитети и тоа дека силата на еден ваков човек никогаш не може да биде ставена на кантар со обратното. Баби и жаби не можиме да мериме со ист аршин. Има некои работи кои ниедно министерство ниту министер на поединецот не може да му ги земе, затоа и нема од што да стравувам. Одиме понатака (јас и сите мои колеги кои се во истата позиција, на кои прочитав статуси после резултатите) , уште посилни.
Пирејот ќе најде пукнатина од кадешто ќе вирее, колку повеќе го киниш, толку повеќе никнува.
Ќе направам се како и до сега, со Божја помош, само овојпат како наравучение нема да ги правам истите грешки во однос на поканите.
Нема да дозволам некој добар човек кој ќе дојде со љубов на мојот концерт, ќе оддвои од својот скромен буџет и уредно ќе си купи карта, да не може да влезе заради некој којшто општеството ми го наметнува како авторитет, а притоа не само што нема компетенции и познавање од областа, туку нема ни грам од човечките вредности во кои јас верувам и ме водат на патот.
Фала ви драги луѓе, мои поддржувачи и пријатели за се, вашата поддршка живот ми значи.
Патем, со душа ве чекам сите кои сте на 24.04 во Скопје, да си дојдете во Public Room, да уживаме во ова што се вика
" Недоволна аргументација за уметничка и естетска целисходност." , па да се надеваме дека кај вас ќе добијам нешто над 51 бод или т.н прелазна :)))
Ако сеуште има, овде можете да најдете билети : https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=378
Топли прегратки и љубов секому!

The post Зарина Првасевда: Министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива, со секое удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции и квалитети appeared first on Република.

Тече рокот за жалби за проектите за годишната Програма на Министерството за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teche-rokot-za-zhalbi-za-proektite-za-godishnata-programa-na-ministerstvoto-za-kultura/ Fri, 10 Mar 2023 12:40:01 +0000 https://republika.mk/?p=618155

Тече рокот за жалби за културните институции, здруженија на граѓани и уметници, кои не се задоволни од одлуката на Комисијата за финансиски средства и одобрените проекти од годишната Програма на Министерството за култура, истакна ресорнара министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Јас би сакала да кажам дека се уште има правен механизам да се реагира на сето она незадоволство, коешто е покажано, но да се има во предвид што и која одговорност ја носат одговорните лица, односно подносителите на таа апликација, во однос на тоа што напишале во самата апликација. Кога ќе заврши тој правен рок, односно таа правна алатка за одговор на жалби, повторно излезме со исто онаков брифинг со новинари, известување до медиуми, вели Костадиновска-Стојчевска по комеморативната програма по повод 80 години од депортацијата на штипските Евреи во логорот Треблинка.

Прашана до кога ќе трае тој рок, министерката за култура со одговор дека имаат рок од 15 дена за жалба по приемот на решенијата.

-Значи, имаше рок во електронскиот систем кога можат да ги подигнат решенијата, ако не се лажам тоа беше претходниот петок, што значи имаат 15 дена рок за поднесување на жалба, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој реагираше на доделената сума за фестивалот за забавни песни „Макфест“, прашан дали ќе достават жалба за доделените средства за „Макфест“ одговори дека премногу му значи на Штип и „Макфест“ за да и даде значење на министерката за култура.

Општина Штип втора година по ред сама ќе го организира фестивалот „Макфест“ без финансиска поддршка од Министерството за култура.

The post Тече рокот за жалби за проектите за годишната Програма на Министерството за култура appeared first on Република.

]]>

Тече рокот за жалби за културните институции, здруженија на граѓани и уметници, кои не се задоволни од одлуката на Комисијата за финансиски средства и одобрените проекти од годишната Програма на Министерството за култура, истакна ресорнара министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска. Јас би сакала да кажам дека се уште има правен механизам да се реагира на сето она незадоволство, коешто е покажано, но да се има во предвид што и која одговорност ја носат одговорните лица, односно подносителите на таа апликација, во однос на тоа што напишале во самата апликација. Кога ќе заврши тој правен рок, односно таа правна алатка за одговор на жалби, повторно излезме со исто онаков брифинг со новинари, известување до медиуми, вели Костадиновска-Стојчевска по комеморативната програма по повод 80 години од депортацијата на штипските Евреи во логорот Треблинка. Прашана до кога ќе трае тој рок, министерката за култура со одговор дека имаат рок од 15 дена за жалба по приемот на решенијата. -Значи, имаше рок во електронскиот систем кога можат да ги подигнат решенијата, ако не се лажам тоа беше претходниот петок, што значи имаат 15 дена рок за поднесување на жалба, додаде Костадиновска-Стојчевска. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој реагираше на доделената сума за фестивалот за забавни песни „Макфест“, прашан дали ќе достават жалба за доделените средства за „Макфест“ одговори дека премногу му значи на Штип и „Макфест“ за да и даде значење на министерката за култура. Општина Штип втора година по ред сама ќе го организира фестивалот „Макфест“ без финансиска поддршка од Министерството за култура.

The post Тече рокот за жалби за проектите за годишната Програма на Министерството за култура appeared first on Република.

]]>
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: 459.000 денари од Годишната програма на Министерството за култура 2023, за Струмичкиот карневал, од програмата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-459-000-denari-od-godishnata-programa-na-ministerstvoto-za-kultura-2023-za-strumichkiot-karneval-od-programata-za-muzejska-dejnost-i-zashtita-na-nematerijalnoto-kultu/ Sun, 26 Feb 2023 16:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=613377

459.000 денари од Годишната програма на Министерството за култура 2023, за Струмичкиот карневал, од програмата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство, корисник Општина Струмица!, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: 459.000 денари од Годишната програма на Министерството за култура 2023, за Струмичкиот карневал, од програмата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство appeared first on Република.

Музеј Куманово доби сретства за продолжување на минатогодишните археолошки истражувања на локалитетите „Градиште“ Младо Нагоричане и во село Пчиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzej-kumanovo-dobi-sretstva-za-prodolzhuvane-na-minatogodishnite-arheoloshki-istrazhuvana-na-lokalitetite-gradishte-mlado-nagorichane-i-vo-selo-pchina/ Tue, 21 Feb 2023 08:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=611362

НУ Музеј Куманово доби вкупно милион и шестотини илјади денари од Министерството за култура за реализирање проекти од годишната програма за тековната година, соопштија од установата.

Меѓу проектите, поодделно одвоени се милион денари за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство, за реализирање 16 проекти од областа на етнологија, археологија, историја.
За ликовна уметност за реализација на пет проекти поддржани со 420.000 денари, за издавачка дејност и литература 100.000 денари за музејски гласник, за меѓународна дејност се одвоени 80.000 денари.

Генерално задоволни сме од она што го понудивме и она што ни е одобрено од Министерството за култура како годишна програма за 2023 година, изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Мери Николиќ.

Дел од проектите продолжуваат, некои се нови, појаснуваат од Музејот. Вкупно одобрени се 23 проекти. Меѓу одобрените проекти е продолжување на минатогодишните археолошки истражувања на двата локалитети „Градиште“ Младо Нагоричане и локалитет во село Пчиња.

Во текот на годината ќе се работи на истражување од областа на етнологија, конзервација на музејски материјал, теренски евиденции во служба на заштита на локалитетите и ќе има едукативни работилници наменети за помладата публика како и историски истражувања. И летово ќе се одржи ликовната колонија „Куманово 2023“, изложбите од претходна колонија, на кумановските ликовни уметници.

Во текот на годината Музејот, спомен куќата на Христијан Тодоровски Карпош, останува отворен за посетителите во работно време, а секој последен четврток во месецот е бесплатен за студенти и ученици. Меморијалниот центар Пелинце и Кокино работат од вторник до сабота и заинтересираните посетители можат да си закажат водич.

The post Музеј Куманово доби сретства за продолжување на минатогодишните археолошки истражувања на локалитетите „Градиште“ Младо Нагоричане и во село Пчиња appeared first on Република.

]]>

НУ Музеј Куманово доби вкупно милион и шестотини илјади денари од Министерството за култура за реализирање проекти од годишната програма за тековната година, соопштија од установата. Меѓу проектите, поодделно одвоени се милион денари за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство, за реализирање 16 проекти од областа на етнологија, археологија, историја. За ликовна уметност за реализација на пет проекти поддржани со 420.000 денари, за издавачка дејност и литература 100.000 денари за музејски гласник, за меѓународна дејност се одвоени 80.000 денари.
Генерално задоволни сме од она што го понудивме и она што ни е одобрено од Министерството за култура како годишна програма за 2023 година, изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Мери Николиќ.
Дел од проектите продолжуваат, некои се нови, појаснуваат од Музејот. Вкупно одобрени се 23 проекти. Меѓу одобрените проекти е продолжување на минатогодишните археолошки истражувања на двата локалитети „Градиште“ Младо Нагоричане и локалитет во село Пчиња. Во текот на годината ќе се работи на истражување од областа на етнологија, конзервација на музејски материјал, теренски евиденции во служба на заштита на локалитетите и ќе има едукативни работилници наменети за помладата публика како и историски истражувања. И летово ќе се одржи ликовната колонија „Куманово 2023“, изложбите од претходна колонија, на кумановските ликовни уметници. Во текот на годината Музејот, спомен куќата на Христијан Тодоровски Карпош, останува отворен за посетителите во работно време, а секој последен четврток во месецот е бесплатен за студенти и ученици. Меморијалниот центар Пелинце и Кокино работат од вторник до сабота и заинтересираните посетители можат да си закажат водич.

The post Музеј Куманово доби сретства за продолжување на минатогодишните археолошки истражувања на локалитетите „Градиште“ Младо Нагоричане и во село Пчиња appeared first on Република.

]]>
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Археолошкиот музеј не ги заслужува доделените сретства, зарем одбележува 100 години!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-arheoloshkiot-muzej-ne-gi-zasluzhuva-dodelenite-sretstva-zarem-odbelezhuva-100-godini/ Tue, 21 Feb 2023 08:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=611354

ПОДДРШКА ЗА МИНИСТЕРКАТА! АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ НЕ ГИ

ЗАСЛУЖУВА ДОДЕЛЕНИТЕ СРЕДСТВА!

Зарем Археолошкиот музеј на „Република Македонија“ одбележува 100 години!?

Со цел наменско трошење на и онака тенкиот буџет во културата, во знак на искрена поддршка на заложбите на министерката д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска за „економична“ и „балансирана“ распределба, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ му укажува на Министерството за „култура“ дека треба да бидат повлечени 400 000 денари за одбележување на т.н. „Јубилеј 100 години Археолошки музеј“ поради непостоечкиот јубилеј.
Не е на одмет да ви дадеме уште неколку од бројните бесплатни поуки.
Археолошкиот музеј на Македонија како посебен правен субјект во 2023 година ќе одбележи јубилеј од скромни 11 години постоење, и тоа благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која во 2012 година реализираше еден ваков огромен подвиг. Гарнитурата на СДС(М), денес ставена во сервилна улога како подизведувач на агендите на нивните газди од ДУИ, како и отаде границата на исток, Бугарија, се познати по неоснованата храброст да прекројуваат и ревидираат историски факти. Преку т.н. историски комисии навикнати се да лажираат избори, анкети, скрининзи и европски преговори, а овојпат преку нивните неспособни менаџери во културата продолжија со замена на тези, одобрувајќи речиси половина милион денари за настан кој ќе биде прославен како јубилеј кој не соодвестува со историските факти.
Како појаснување за јавноста да знае, а и да ја потсетиме научната фела и „стручната комисија“ која ги додели средствата:
1) во 1920 година е основана археолошка збирка која функционира во рамките на Филозофскиот факултет; 2) истата збирка 1924 година започнува да функционира како Историско-археолошки музеј со лапидариум (Музеј на Вардарска Бановина/Музеј на Јужна Србија) во Куршумли ан; 3) за време на II светска војна го добива името Народен музеј, сместен исто така во Куршумли ан; 4) во 1949 год. го добива името Археолошки музеј на Македонија, сместен во зградата на касарната на Скопското Кале, каде по Скопскот земјотрес не постои; 5) во 1976 год. е пуштена во употреба градбата Музеј на Македонија, каде што во 1982 година археологијата почнува да функционира како оддел.
Штом не знаете да ви појасниме! Во 2012 год. за првпат во историјата е основан нов правен субјект, НУ Археолошки музеј на Македонија - Скопје, како нова матична установа од областа на археологијата, чие име го сменивте преку ноќ за никој да не ве види, кој во 2014 година, за првпат доби негов простор во самиот центар на Скопје, повторно благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тогаш, за каков јубилеј 100 години Археолошки музеј станува збор? Како сте тргнале, кутриот, нема да почека ни полнолетство, а истите вие го уништувате и однадвор и однатре. Археолошкиот музеј на Македонија наместо паметник за милениусмкото цивилизациско постоење на Македонија, Владата на ДУИ и СДС(М) целосно и во континуитет го запустува, го запоставува, го цензурира, а вие се фотографирате само меѓу празните витрини.
Колку за споредба и заради бележење на институционалната меморија, кога истиот музеј во 2019 година одбележуваше т.н. јубилеј 95 години Археолошки музеј, во ретроспективниот видеозапис беше изземен посебниот правен субјект Археолошки музеј на Македонија, регистриран 2012, а отворен 2014 година, од втората директорка по ред во режимот на СДС(М), д-р Славица Бабамова. Истовремено, „100-годишниот јубилеј“ годинава би се одбележал со отстранетата постојана нумизматичка збирка од вашиот прв режимски директор, Горан Санев, на чие место ќе гостува изложбата од Бугарија под наслов „Сребрена Тракија“.
И ако 1 април 1924 година е датумот на втемелувањето на музејската дејност во Македонија, како што стои на веб-страница од Археолошкиот музеј на Македонија, јубилејот е 2024, а не 2023 година. Исто така, во официјална информација не е наведено постоењето на музејот од 2014 година. Ако веќе се одбележува јубилеј, треба да се одбележува 100 години археолошки инситуционален истражувачки континуитет во Македонија, а редно би било да го признаете историскиот успех и востановувањето на посебниот правен субјект специјализиран за археологијата од 2012 година – Археолошкиот музеј на Македонија. Патем, во јубилејот никаде не стои именката - Македонија, а клучното нагласување на 100-те години, всушност, е потиснување на успехот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека во нејзинот мандат за првпат се изгради и се отвори самостоен Археолошки музеј на Македонија!
Годинава СДС(М) може да слави само: 9 години Археолошки музеј на Македонија и 2 години од нивниот Археолошки музеј на „Република Македонија“ со нивните заслуги: 1) растурање на постојаната поставка и 2) внесување на додавката „северна“.
Колку завидливост кон бисерот на македонската археологија! Но празни души, празен музеј, велат од Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Археолошкиот музеј не ги заслужува доделените сретства, зарем одбележува 100 години!? appeared first on Република.

Нема пари за наши најпознати македонски брендови, но има за Петар Грашо во Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nema-pari-za-nashi-najpoznati-makedonski-brendovi-no-ima-za-petar-grasho-vo-bitola/ Fri, 17 Feb 2023 12:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=610154

Aномалиите на Годишната програма си имаат своја „дијагноза“, порачаа од Комисијата за култура при ВМРО-ДПМНЕ.

Револтот на јавноста и жестоките реакции во однос на објавените резултати од Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата продолжуваат да ја брануваат културната фела.

Дијагнозата на Годишната програма се вика: одлевање милиони од денарот за културата одвоен од сите македонски даночни обврзници, за партиско-сценски изведувачи и музички фестивали и манифестации на актуелната власт, кои ја љубат истата, како што ПМГ си ја љубат истата и, патем, си го собираат кајмакот во културата, порачаа од Комисијата при опозициската партија.

За споредба, ПМГ Рекордингс Фестивал 13 е финансиран со 1.020.000 денари во музичко-сценска дејност во програмата за фестивали и манифестации, исто како и Оффест, меѓународно етаблираниот фестивал кој собира значајни европски и светски музички имиња.

Нема доволно пари во финалниот колач на Министерството за култура и за други наши најпознати македонски брендови, кои очигледно не се приоритет. Фестивалот на забавната песна Макфест е „помогнат“ два и пол пати помалку отколку ПМГ Фестивалот. Нема доволно пари за Јубилеен концерт во чест на Григор Копров, поддржан со 204.000 денари, а новиот музички материјал на Наум Петрески е поддржан со симболични 60.000 денари. Но затоа секогаш и доволно ќе има за ПМГ!

И секако за доброто расположение на Министерката ќе се погрижи лично Петар Грашо кој ќе одржи концерт во Битола, поддржан со 180.000 денари, одвоени од сите македонски даночни обврзници!

Без дискусија, расположението, забавата, веселбите и насмевките на Бисера Костадиновска Стојчевска се бесценети!, велат оттаму.

The post Нема пари за наши најпознати македонски брендови, но има за Петар Грашо во Битола appeared first on Република.

]]>

Aномалиите на Годишната програма си имаат своја „дијагноза“, порачаа од Комисијата за култура при ВМРО-ДПМНЕ. Револтот на јавноста и жестоките реакции во однос на објавените резултати од Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата продолжуваат да ја брануваат културната фела.
Дијагнозата на Годишната програма се вика: одлевање милиони од денарот за културата одвоен од сите македонски даночни обврзници, за партиско-сценски изведувачи и музички фестивали и манифестации на актуелната власт, кои ја љубат истата, како што ПМГ си ја љубат истата и, патем, си го собираат кајмакот во културата, порачаа од Комисијата при опозициската партија. За споредба, ПМГ Рекордингс Фестивал 13 е финансиран со 1.020.000 денари во музичко-сценска дејност во програмата за фестивали и манифестации, исто како и Оффест, меѓународно етаблираниот фестивал кој собира значајни европски и светски музички имиња. Нема доволно пари во финалниот колач на Министерството за култура и за други наши најпознати македонски брендови, кои очигледно не се приоритет. Фестивалот на забавната песна Макфест е „помогнат“ два и пол пати помалку отколку ПМГ Фестивалот. Нема доволно пари за Јубилеен концерт во чест на Григор Копров, поддржан со 204.000 денари, а новиот музички материјал на Наум Петрески е поддржан со симболични 60.000 денари. Но затоа секогаш и доволно ќе има за ПМГ! И секако за доброто расположение на Министерката ќе се погрижи лично Петар Грашо кој ќе одржи концерт во Битола, поддржан со 180.000 денари, одвоени од сите македонски даночни обврзници! Без дискусија, расположението, забавата, веселбите и насмевките на Бисера Костадиновска Стојчевска се бесценети!, велат оттаму.

The post Нема пари за наши најпознати македонски брендови, но има за Петар Грашо во Битола appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Министерката за култура на транспарентен начин ги објави резултатите од конкурсот, секој има право на жалба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kovachevski-ministerkata-za-kultura-na-transparenten-nachin-gi-objavi-rezultatite-od-konkursot-sekoj-ima-pravo-na-zhalba/ Thu, 16 Feb 2023 11:53:59 +0000 https://republika.mk/?p=609738

Министерката за култура на многу транспарентен начин ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти од јавен и национален интерес. Евалуацијата, рангирањето и селекција на проектите кои ќе бидат финансирани го прави стручна Комисија која е составено токму од луѓе од фелата. Секој кој не е задоволен има право на жалба, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот посочи дека го цени трудот на секој уметник, но одговорот е кај Комисијата која го носи одлуките.

Знам дека секој ументик го цени својот труд. И јас го ценам трудот на сите уметници, но сепак одговорот е кај Комисијата која одлучува и кај второстепената Комисија која одлучува по жалбите и се надевам дека на крајот сите ќе бидат уверени во одлуките кои ги носела Комисијата за доделување на средствата за поддршка на културните настани и проекти за оваа година, рече Ковачевски на прес-конференција за време на отворањето на детската градинка „Сонце“ во Волково, во одговор на новинарско прашање.

The post Ковачевски: Министерката за култура на транспарентен начин ги објави резултатите од конкурсот, секој има право на жалба appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура на многу транспарентен начин ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти од јавен и национален интерес. Евалуацијата, рангирањето и селекција на проектите кои ќе бидат финансирани го прави стручна Комисија која е составено токму од луѓе од фелата. Секој кој не е задоволен има право на жалба, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот посочи дека го цени трудот на секој уметник, но одговорот е кај Комисијата која го носи одлуките.
Знам дека секој ументик го цени својот труд. И јас го ценам трудот на сите уметници, но сепак одговорот е кај Комисијата која одлучува и кај второстепената Комисија која одлучува по жалбите и се надевам дека на крајот сите ќе бидат уверени во одлуките кои ги носела Комисијата за доделување на средствата за поддршка на културните настани и проекти за оваа година, рече Ковачевски на прес-конференција за време на отворањето на детската градинка „Сонце“ во Волково, во одговор на новинарско прашање.

The post Ковачевски: Министерката за култура на транспарентен начин ги објави резултатите од конкурсот, секој има право на жалба appeared first on Република.

]]>
ЗЏМ добиле поддршка од 800.000 денари, министерката вели дека е свесна за значењето и квалитетот на музичарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zdhm-dobile-poddrshka-od-800-000-denari-ministerkata-veli-deka-e-svesna-za-znacheneto-i-kvalitetot-na-muzicharite/ Thu, 16 Feb 2023 09:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=609608

За реакцијата на Здружението на џез музичари на Македонија, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека ЗЏМ добиле поддршка од 800.000 денари и дека таа е свесна за значењето и квалитетот на музичарите и не е точно дека не го разбира нивниот квалитет.

Нагласи и дека во подготовка се и Закони за повикување на општествена одговорност во културата од страна на бизнис секторот и мотивирање со даночни олеснувања за влог во културата.

ЗЏМ доби поддршка за да го организира фестивалот „Денес се’ е џез“ и котизација за EJN European Jazz Network, но не и за учество на истата. Министерството не поддржа ниеден концерт на биг бенгдот, а аплицираа со четири –  ЗЏМ свири македонски автори, ЗЏМ со Пјер Милет (трубач од Франција и еден од најинтересните солисти и композитори моментално во Европа), ЗЏМ и Македонски гитарски херои (солисти Тони Китановски, Филип Динев, Герги Шаревски и др) и ЗЏМ свири Чарлс Мингус заедно со Зиги Фајгл. Здружението најавува приговори за одлуката.

Минатата година ЗЏМ одржа бројни успешни концерти и неколку нови изданија на македонската џез сцена, извонреден настап на ЗЏМ биг бенд и John Ilija Apelgren на Виноскоп 2022, бевме една од 120 земји кои го одбележаа Меѓународниот ден на џезот со шестото издание на фестивалот Today It’s All about Jazz кое траеше цели 10 часа, учествуваа на конференцијата на EJN (Европската џез мрежа) која во 2022 година се одржа во Софија, Бугарија, Биг бендот на ЗЏМ отсвире уште неколку неверојатни концерти, меѓу кои Rio Nights, ZJM Big Band Plays Jimmy Hendrix заедно со саксофонистот Франческо Беарцати, а во декември и незаборавните концерти со Рамбо Амадеус и Луис Бонила, џез сцената ја збогатија со новите изданија на ЗЏМ рекордс: “Agol” на Parussion Group, ”At the Philharmonic” на Bopheads, “Incorporated” на Skopje Jazz INC и “Not for Сале” на Сашко Николовски.

https://republika.mk/vesti/kultura/luis-bonila-po-kontsertot-mozhebi-nema-da-ja-zapametite-muzikata-shto-ja-slushavte-no-nikogash-nema-da-zaboravite-kako-ste-se-chuvstvuvale/

The post ЗЏМ добиле поддршка од 800.000 денари, министерката вели дека е свесна за значењето и квалитетот на музичарите appeared first on Република.

]]>

За реакцијата на Здружението на џез музичари на Македонија, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека ЗЏМ добиле поддршка од 800.000 денари и дека таа е свесна за значењето и квалитетот на музичарите и не е точно дека не го разбира нивниот квалитет. Нагласи и дека во подготовка се и Закони за повикување на општествена одговорност во културата од страна на бизнис секторот и мотивирање со даночни олеснувања за влог во културата.

ЗЏМ доби поддршка за да го организира фестивалот „Денес се’ е џез“ и котизација за EJN European Jazz Network, но не и за учество на истата. Министерството не поддржа ниеден концерт на биг бенгдот, а аплицираа со четири –  ЗЏМ свири македонски автори, ЗЏМ со Пјер Милет (трубач од Франција и еден од најинтересните солисти и композитори моментално во Европа), ЗЏМ и Македонски гитарски херои (солисти Тони Китановски, Филип Динев, Герги Шаревски и др) и ЗЏМ свири Чарлс Мингус заедно со Зиги Фајгл. Здружението најавува приговори за одлуката.

Минатата година ЗЏМ одржа бројни успешни концерти и неколку нови изданија на македонската џез сцена, извонреден настап на ЗЏМ биг бенд и John Ilija Apelgren на Виноскоп 2022, бевме една од 120 земји кои го одбележаа Меѓународниот ден на џезот со шестото издание на фестивалот Today It’s All about Jazz кое траеше цели 10 часа, учествуваа на конференцијата на EJN (Европската џез мрежа) која во 2022 година се одржа во Софија, Бугарија, Биг бендот на ЗЏМ отсвире уште неколку неверојатни концерти, меѓу кои Rio Nights, ZJM Big Band Plays Jimmy Hendrix заедно со саксофонистот Франческо Беарцати, а во декември и незаборавните концерти со Рамбо Амадеус и Луис Бонила, џез сцената ја збогатија со новите изданија на ЗЏМ рекордс: “Agol” на Parussion Group, ”At the Philharmonic” на Bopheads, “Incorporated” на Skopje Jazz INC и “Not for Сале” на Сашко Николовски.

https://republika.mk/vesti/kultura/luis-bonila-po-kontsertot-mozhebi-nema-da-ja-zapametite-muzikata-shto-ja-slushavte-no-nikogash-nema-da-zaboravite-kako-ste-se-chuvstvuvale/

The post ЗЏМ добиле поддршка од 800.000 денари, министерката вели дека е свесна за значењето и квалитетот на музичарите appeared first on Република.

]]>
Бојана Скендеровски: „Макфест“ бил почетна точка на многу популарни пејачи, кои подоцна биле регионални ѕвезди-Тоше беше еден од нив https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/bojana-skenderovski-makfest-bil-pochetna-tochka-na-mnogu-popularni-pejachi-koi-podotsna-bile-regionalni-zvezdi-toshe-beshe-eden-od-niv/ Thu, 16 Feb 2023 09:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=609599

Поп пејачката Бојана Скендеровски со жестока реакција кон министерката за култура Бисера Стојчевска-Костадиновска откако е намален буџетот за музичкиот бренд Макфест.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

Министерке…

Јас не знам Вие со која музика растевте, дали од дома Ви кажаа дека „Макфест“ е основоположник на македонската поп музика, дека „Макфест“ бил почетна точка на многу популарни пеачи,кои подоцна биле регионални ѕвезди, кои денес полнат концертни сали, и се нечии идоли…(Тоше беше еден од нив)

Дали Ве научил некој ако не сте забележале сама, дека „Макфест“ произвел илјадници песни и хитови со кои се градеа генерации,и така се создаваше припадност на еден народ?!

Дали Ви купуваа касети како мала од “Макфест” и Ве учеа дека „Макфест“ беше престиж на Југословенско ниво?!

Дали сте свесни дека културата е сржта на идентитетот?!

Дали сте чуле за традиција?

Дали мислите дека Министерството за култура почнува од Ваше време, и завршува со Вас, дали не мислите дека е премногу дрско да ги понижите сите автори, изведувачи, и цела една фела, која со години вложува во македонската поп култура, која е идентификација и посебност на македонскиот народ….

Наместо да ги понижувате македонските брендови и производи, Вие треба први да ги чувате и помагате!

Мене ми е срам од Вашиве постапки,за Вас лично не знам!

The post Бојана Скендеровски: „Макфест“ бил почетна точка на многу популарни пејачи, кои подоцна биле регионални ѕвезди-Тоше беше еден од нив appeared first on Република.

]]>

Поп пејачката Бојана Скендеровски со жестока реакција кон министерката за култура Бисера Стојчевска-Костадиновска откако е намален буџетот за музичкиот бренд Макфест. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:
Министерке… Јас не знам Вие со која музика растевте, дали од дома Ви кажаа дека „Макфест“ е основоположник на македонската поп музика, дека „Макфест“ бил почетна точка на многу популарни пеачи,кои подоцна биле регионални ѕвезди, кои денес полнат концертни сали, и се нечии идоли…(Тоше беше еден од нив) Дали Ве научил некој ако не сте забележале сама, дека „Макфест“ произвел илјадници песни и хитови со кои се градеа генерации,и така се создаваше припадност на еден народ?! Дали Ви купуваа касети како мала од “Макфест” и Ве учеа дека „Макфест“ беше престиж на Југословенско ниво?! Дали сте свесни дека културата е сржта на идентитетот?! Дали сте чуле за традиција? Дали мислите дека Министерството за култура почнува од Ваше време, и завршува со Вас, дали не мислите дека е премногу дрско да ги понижите сите автори, изведувачи, и цела една фела, која со години вложува во македонската поп култура, која е идентификација и посебност на македонскиот народ…. Наместо да ги понижувате македонските брендови и производи, Вие треба први да ги чувате и помагате! Мене ми е срам од Вашиве постапки,за Вас лично не знам!

The post Бојана Скендеровски: „Макфест“ бил почетна точка на многу популарни пејачи, кои подоцна биле регионални ѕвезди-Тоше беше еден од нив appeared first on Република.

]]>
Комисијата смета дека квалитетот на „Макфест“ е во пад, како од авторски, така од изведувачки и продукциски аспект https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/komisijata-smeta-deka-kvalitetot-na-makfest-e-vo-pad-kako-od-avtorski-taka-od-izveduvachki-i-produktsiski-aspekt/ Thu, 16 Feb 2023 09:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=609589

Во однос на „Макфест“ дадената сума е во согласност со апликацијата, а тука беа земени в предвид повеќе параметри, рече министерката Бисера Костадиновска Стојчевска на брифинг со новинарите, по реакцијата на градоначалникот на Штип дека овие пари се премалку и  дека Министерството за култура продолжува да ја понижува македонската естрада и фестивалот, но и Штип како град домаќин.

Комисијата смета дека квалитетот на фестивалот е во пад, како од авторски, така од изведувачки и продукциски аспект. Не се изведува во живо, освен пеењето што е еден од клучните параметри во оценката на комисијата. А и самата општина учествува во негово орган изирање, рече министерката и додаде:

Нема да ја коментирам изјавата на градоначалникот која е под секое нив на политичар, кој е одговорен како што треба да е тој, бидејќи оваа апликација е втора година по ред иста, рече Костадиновска-Стојчевска.

https://republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-saka-da-go-zgasne-makfest-reagira-gradonachalnikot-na-shtip/

The post Комисијата смета дека квалитетот на „Макфест“ е во пад, како од авторски, така од изведувачки и продукциски аспект appeared first on Република.

]]>

Во однос на „Макфест“ дадената сума е во согласност со апликацијата, а тука беа земени в предвид повеќе параметри, рече министерката Бисера Костадиновска Стојчевска на брифинг со новинарите, по реакцијата на градоначалникот на Штип дека овие пари се премалку и  дека Министерството за култура продолжува да ја понижува македонската естрада и фестивалот, но и Штип како град домаќин.
Комисијата смета дека квалитетот на фестивалот е во пад, како од авторски, така од изведувачки и продукциски аспект. Не се изведува во живо, освен пеењето што е еден од клучните параметри во оценката на комисијата. А и самата општина учествува во негово орган изирање, рече министерката и додаде: Нема да ја коментирам изјавата на градоначалникот која е под секое нив на политичар, кој е одговорен како што треба да е тој, бидејќи оваа апликација е втора година по ред иста, рече Костадиновска-Стојчевска.
  https://republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-saka-da-go-zgasne-makfest-reagira-gradonachalnikot-na-shtip/

The post Комисијата смета дека квалитетот на „Макфест“ е во пад, како од авторски, така од изведувачки и продукциски аспект appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Намален е буџетот на Министерството за култура во однос на лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-namalen-e-budhetot-na-ministerstvoto-za-kultura-vo-odnos-na-lani/ Wed, 15 Feb 2023 14:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=609359

Буџетот на Министерството за култура е намален во однос на минатата година. Вкупниот буџет за поддршка на конкурсите за финансирање проекти од национален интерес за 2023 година е 20 отсто од целиот буџет, информираше денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Сепак, како што изјави министерката по брифингот со медиумите, Комисијата постапила најсоодветно во однос на распределбата на средствата за поддршка на проектите, согласно доделениот буџет.

Никогаш нема да имаме доволно пари во културата, доколку и цел буџет го искористиме само за овие проекти и тоа ќе биде малку. Јас сето тоа го разбирам, но сметам дека Комисијата постапила најсоодветно во однос на распределбата на средствата за поддршка на проектите, согласно доделениот буџет, рече Костадиновска-Стојчевска.

Додаде дека минатата година буџетот на Министерството за култура изнесувал 4,6 милијарди денари, а оваа година е 3,7 милиони денари.

Согласно овој буџет, според тоа што ние го имаме како должност кон националните установи, предвидени се 12,6 милиони евра за програмите, 21,3 отсто за националните установи и остатокот е за одделот на Министерството за култура, изјави Костадиновска-Стојчевска.

The post Костадиновска-Стојчевска: Намален е буџетот на Министерството за култура во однос на лани appeared first on Република.

]]>

Буџетот на Министерството за култура е намален во однос на минатата година. Вкупниот буџет за поддршка на конкурсите за финансирање проекти од национален интерес за 2023 година е 20 отсто од целиот буџет, информираше денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Сепак, како што изјави министерката по брифингот со медиумите, Комисијата постапила најсоодветно во однос на распределбата на средствата за поддршка на проектите, согласно доделениот буџет.
Никогаш нема да имаме доволно пари во културата, доколку и цел буџет го искористиме само за овие проекти и тоа ќе биде малку. Јас сето тоа го разбирам, но сметам дека Комисијата постапила најсоодветно во однос на распределбата на средствата за поддршка на проектите, согласно доделениот буџет, рече Костадиновска-Стојчевска.
Додаде дека минатата година буџетот на Министерството за култура изнесувал 4,6 милијарди денари, а оваа година е 3,7 милиони денари.
Согласно овој буџет, според тоа што ние го имаме како должност кон националните установи, предвидени се 12,6 милиони евра за програмите, 21,3 отсто за националните установи и остатокот е за одделот на Министерството за култура, изјави Костадиновска-Стојчевска.

The post Костадиновска-Стојчевска: Намален е буџетот на Министерството за култура во однос на лани appeared first on Република.

]]>
Писатели како Петар Андоновски, Гордана Михаилова Бошњаковска и Блаже Миневски досега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pisateli-kako-petar-andonovski-gordana-mihailova-boshnakovska-i-blazhe-minevski-dosega-dobivale-i-ke-dobivaat-poddrshka-od-ministerstvoto-na-konkursite-za-literatura-i-izdavachkata-dejnost/ Wed, 15 Feb 2023 14:21:37 +0000 https://republika.mk/?p=609349

На денешниот брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска -Стојчевска демантираше дека новиот роман на Петар Андоновски, министерството не го поддржало поради освета.

Министерството за култура оваа година одлучи дека неговото дело „Страв од варвари“ треба да се преведе на албански јазик, да се зголеми бројот на публиката. Значи еден проект поддржала, а друг не. Тој е долги години поддржуван од министерството, но овој пат така одлучила комисијата, која немала влијание од мене. Што значи дека не е лична одмазда, дека министерката некаде го слушала и сега му се одмаздува, рече Костадиновска-Стојчевска.

Писатели, како Петар Андоновски, Гордана Михаилова Бошњаковска и Блаже Миневски, до сега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност. Комисијата оваа година одлучила дека ќе поддржи еден проект, а нема да поддржи друг и не станува збор за лична одмазда, рече на денешниот брифинг министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по реакцијата на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во однос на нефинансирањето на некои автори и нивните најнови дела.

The post Писатели како Петар Андоновски, Гордана Михаилова Бошњаковска и Блаже Миневски досега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност appeared first on Република.

]]>

На денешниот брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска -Стојчевска демантираше дека новиот роман на Петар Андоновски, министерството не го поддржало поради освета.
Министерството за култура оваа година одлучи дека неговото дело „Страв од варвари“ треба да се преведе на албански јазик, да се зголеми бројот на публиката. Значи еден проект поддржала, а друг не. Тој е долги години поддржуван од министерството, но овој пат така одлучила комисијата, која немала влијание од мене. Што значи дека не е лична одмазда, дека министерката некаде го слушала и сега му се одмаздува, рече Костадиновска-Стојчевска. Писатели, како Петар Андоновски, Гордана Михаилова Бошњаковска и Блаже Миневски, до сега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност. Комисијата оваа година одлучила дека ќе поддржи еден проект, а нема да поддржи друг и не станува збор за лична одмазда, рече на денешниот брифинг министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по реакцијата на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во однос на нефинансирањето на некои автори и нивните најнови дела.