годишна програма за култура 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/godishna-programa-za-kultura-2023/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Feb 2023 14:35:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png годишна програма за култура 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/godishna-programa-za-kultura-2023/ 32 32 Зошто ако има помалку од половина апликации во однос на минатата година, сега има повеќе проекти коишто се одобрени, а буџетот е намален, прашува доц. д-р Кристина Николовска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zoshto-ako-ima-pomalku-od-polovina-aplikatsii-vo-odnos-na-minatata-godina-sega-ima-poveke-proekti-koishto-se-odobreni-a-budhetot-e-namalen-prashuva-dots-d-r-kristina-nikolovska/ Thu, 16 Feb 2023 14:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=609797

Анализите што ги прави опозициската партија се коректни. Буџетот е навистина намален. Во време на ковид и во време на криза имавме повисок буџет. Треба точно да се знае кој е одговорен за тоа намалување на буџетот. Зошто ако има половина апликации од минатата година сега имате повеќе проекти коишто се одобрени? Тоа нема никаква логика, вели доцен д-р Кристина Николовска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата по општа и компарративна книжевност.

Д-р Николовска е поранешна членка на Комисијата за литература и издавачка дејност за 2021 и 2022 година и во гостувањето во Студио 10 на телевизија 24 објасни како во изминатите две години работела конкретно комисијата за издавачка дејност.

Во јавноста имаше многу реакции откако беа објавени резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.

Ние се обидовме да воведеме стандарди. Читавме околу 2.000 апликации. Во тие две години немаше поддржно проекти кои немаа врска со културата, рече д-р Николовска.

Д-р Николовска кажа дека нема увид како работела оваа комисија, но според неа, поранешната министерка Ирена Стефоска се обидела да работи поинаку.

Комисија беше петчлена, составена од различни кадри, сите имавме области за кои навистина бевме стручни. Првата работа беше стручноста на комисијата, втората беше детална проверка на судир на интереси. Нашите имиња беа под резултатите и ние со својот интегритет и кредибилитет гарантиравме зошто сме донеле таква одлука. Тоа не е и не треба да биде тајна. Луѓето треба да знаат зошто се одбиени. Можеби сме направиме превид. Во текот на жалбата имаат можност да образложат нешто повеќе за нивната апликација и со тоа и можност да не убедат дека грешно сме одлучиле, вели д-р Николовска.

Според неа, сликата што се креира во медиумите, уметникот или издавачот кој што се жали наспроти бироктратите коишто без срце одлучуваат за проектите, не е толку едноставна работата.

Имаме издавачи и уметници кои чесно работат и се трудат да врзат крај со крај со овие проекти, но има луѓе коишто  прават злоупотреби, смета доц. д-р Николовска.

The post Зошто ако има помалку од половина апликации во однос на минатата година, сега има повеќе проекти коишто се одобрени, а буџетот е намален, прашува доц. д-р Кристина Николовска appeared first on Република.

]]>

Анализите што ги прави опозициската партија се коректни. Буџетот е навистина намален. Во време на ковид и во време на криза имавме повисок буџет. Треба точно да се знае кој е одговорен за тоа намалување на буџетот. Зошто ако има половина апликации од минатата година сега имате повеќе проекти коишто се одобрени? Тоа нема никаква логика, вели доцен д-р Кристина Николовска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата по општа и компарративна книжевност. Д-р Николовска е поранешна членка на Комисијата за литература и издавачка дејност за 2021 и 2022 година и во гостувањето во Студио 10 на телевизија 24 објасни како во изминатите две години работела конкретно комисијата за издавачка дејност. Во јавноста имаше многу реакции откако беа објавени резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.
Ние се обидовме да воведеме стандарди. Читавме околу 2.000 апликации. Во тие две години немаше поддржно проекти кои немаа врска со културата, рече д-р Николовска.
Д-р Николовска кажа дека нема увид како работела оваа комисија, но според неа, поранешната министерка Ирена Стефоска се обидела да работи поинаку.
Комисија беше петчлена, составена од различни кадри, сите имавме области за кои навистина бевме стручни. Првата работа беше стручноста на комисијата, втората беше детална проверка на судир на интереси. Нашите имиња беа под резултатите и ние со својот интегритет и кредибилитет гарантиравме зошто сме донеле таква одлука. Тоа не е и не треба да биде тајна. Луѓето треба да знаат зошто се одбиени. Можеби сме направиме превид. Во текот на жалбата имаат можност да образложат нешто повеќе за нивната апликација и со тоа и можност да не убедат дека грешно сме одлучиле, вели д-р Николовска.
Според неа, сликата што се креира во медиумите, уметникот или издавачот кој што се жали наспроти бироктратите коишто без срце одлучуваат за проектите, не е толку едноставна работата.
Имаме издавачи и уметници кои чесно работат и се трудат да врзат крај со крај со овие проекти, но има луѓе коишто  прават злоупотреби, смета доц. д-р Николовска.

The post Зошто ако има помалку од половина апликации во однос на минатата година, сега има повеќе проекти коишто се одобрени, а буџетот е намален, прашува доц. д-р Кристина Николовска appeared first on Република.

]]>
Министерствтото за култура да го објави списокот на сите предложени книги за издавање, а не само насловите на избраните проекти, бараат од ДПМ, кои реагираат на конкурсот за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvtoto-za-kultura-da-go-objavi-spisokot-na-site-predlozheni-knigi-za-izdavane-a-ne-samo-naslovite-na-izbranite-proekti-baraat-od-dpm-koi-reagiraat-na-konkursot-za-2023-godina/ Thu, 16 Feb 2023 08:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=609555

Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) во интерес на транспарентноста и одговорноста при распределбата на буџетските средства, предлага преку страницата на Министерствтото за култура на јавноста да ѝ биде достапен списокот на сите предложени книги за публикување, а не само имињата и насловите на избраните проекти.

Претседателството на најстарата писателска асоцијација одржало вонреден состанок во врска со резултатите од Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од културата за 2023 година.

Неприфатливо, скандалозно и спротивно на националниот интерес е во Годишната програма да не се издвојат средства за годишните награди на ДПМ: „Димитар Митрев“, „Ацо Шопов“, „Стале Попов“ и „Ванчо Николески“. Тие се наши великани, основоположници и меѓници, чии што имиња и дела се вградени во темелите на идентитетот, јазикот и македонската литература.

Неприфатливо е и одбивањето да се финансира манифестацијата „Празник на липите“, која го промовира дијалогот меѓу македонската и светската поезија, се вели во реакцијата на ДПМ.

Оттаму додаваат дека иако не ја добиле очекуваната поддршка од Министерството за култура, а дејноста на ДПМ во 2023 година е доведена во прашање, нема да дозволат најстарата, најрепрезентативната и најмасовната писателска адоцијација, која постои и опстојува веќе цели 76 години, да не го продолжи својот нагорен пат, кој е во неразделна врска со националните интереси.

ДПМ се залага за почитување на приоритетите во културата, а книжевните награди кои ги носат имињата на нашите писатели - стожерници несомнено се еден од тие врвни приоритети во доменот на книжевноста и културата, се вели во рекацијата на ДПМ.

The post Министерствтото за култура да го објави списокот на сите предложени книги за издавање, а не само насловите на избраните проекти, бараат од ДПМ, кои реагираат на конкурсот за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) во интерес на транспарентноста и одговорноста при распределбата на буџетските средства, предлага преку страницата на Министерствтото за култура на јавноста да ѝ биде достапен списокот на сите предложени книги за публикување, а не само имињата и насловите на избраните проекти. Претседателството на најстарата писателска асоцијација одржало вонреден состанок во врска со резултатите од Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од културата за 2023 година.
Неприфатливо, скандалозно и спротивно на националниот интерес е во Годишната програма да не се издвојат средства за годишните награди на ДПМ: „Димитар Митрев“, „Ацо Шопов“, „Стале Попов“ и „Ванчо Николески“. Тие се наши великани, основоположници и меѓници, чии што имиња и дела се вградени во темелите на идентитетот, јазикот и македонската литература. Неприфатливо е и одбивањето да се финансира манифестацијата „Празник на липите“, која го промовира дијалогот меѓу македонската и светската поезија, се вели во реакцијата на ДПМ.