годишна конфренција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/godishna-konfrentsija/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Nov 2023 07:43:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png годишна конфренција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/godishna-konfrentsija/ 32 32 Втора годишна конференција за здравство на АмЧам во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vtora-godishna-konferentsija-za-zdravstvo-na-amcham-vo-skopje/ Wed, 08 Nov 2023 07:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=699339

Во Скопје денеска ќе се одржи втората годишна конференција за здравство во организација на Комитетот за здравство при Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам). Конференцијата е насловена како „Поглед во иднината за нашиот здравствен систем“.

Како што појаснуваат организаторите, конференцијата има за цел да ја пренесе пораката за долгорочно и одржливо проектирање на целокупниот развој на домашниот здравствен систем, со акцент на потребата за подобрување на пристапот до лекови и искористувањето на податоците во креирање на здравствените политики.

Клучен говорник на овогодинешното издание на конференцијата ќе биде Боги Елијасон, директор за здравство на Институтот за футуристички студии од Копенхаген. Тој важи за еден од најзначајните светски експерти за дизајнирање на здравствени системи со преку 25 години консултантско искуство, работејќи за приватни компании, политичари и јавни институции, а во моментов е ангажиран на подобрување на германскиот здравствен систем, се појаснува во соопштението на организаторите.

На конференцијата предвидено е да се одржат три панел - дискусии, насловени „Пристап до лекови - основен елемент на здравственото право“, „Искористувањето на податоците во креирањето на здравствените политики“ и „Момент на пресвртница: здравствениот систем на Македонија“.

Најавено е учество и на министерот за здравство Фатмир Меџити, директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашкоска, како и на советничката за здравство на премиерот, Ана Данева Маркова.

The post Втора годишна конференција за здравство на АмЧам во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Скопје денеска ќе се одржи втората годишна конференција за здравство во организација на Комитетот за здравство при Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам). Конференцијата е насловена како „Поглед во иднината за нашиот здравствен систем“. Како што појаснуваат организаторите, конференцијата има за цел да ја пренесе пораката за долгорочно и одржливо проектирање на целокупниот развој на домашниот здравствен систем, со акцент на потребата за подобрување на пристапот до лекови и искористувањето на податоците во креирање на здравствените политики.
Клучен говорник на овогодинешното издание на конференцијата ќе биде Боги Елијасон, директор за здравство на Институтот за футуристички студии од Копенхаген. Тој важи за еден од најзначајните светски експерти за дизајнирање на здравствени системи со преку 25 години консултантско искуство, работејќи за приватни компании, политичари и јавни институции, а во моментов е ангажиран на подобрување на германскиот здравствен систем, се појаснува во соопштението на организаторите.
На конференцијата предвидено е да се одржат три панел - дискусии, насловени „Пристап до лекови - основен елемент на здравственото право“, „Искористувањето на податоците во креирањето на здравствените политики“ и „Момент на пресвртница: здравствениот систем на Македонија“. Најавено е учество и на министерот за здравство Фатмир Меџити, директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашкоска, како и на советничката за здравство на премиерот, Ана Данева Маркова.

The post Втора годишна конференција за здравство на АмЧам во Скопје appeared first on Република.

]]>