Гоце Делчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goce-delchev/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 12:13:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гоце Делчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/goce-delchev/ 32 32 Мисајловски: 103 години од убиството на Ѓорче Петров, да го чуваме и негуваме неговото дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-103-godini-od-ubistvoto-na-gorche-petrov-da-go-chuvame-i-neguvame-negovoto-delo/ Sat, 29 Jun 2024 12:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=791812

Вчера се навршија 103 години од убиството на Ѓорче Петров. Еден од најсветлите Македонски синови и еден од поборниците на идејата за самостојна, независна, суверена Македонија. Да го чуваме и негуваме неговото дело, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

-Задоволство е да се биде дел и да се говори на традиционален настан со кој се чествува ликот и делото на Ѓорче Петров.

Вчера се навршија 103 години од убиството на Ѓорче Петров. Еден од најсветлите Македонски синови и еден од поборниците на идејата за самостојна, независна, суверена Македонија.

Сите еден ден ќе го напуштиме овој свет, ама идејата е вечна. Идејата за Македонија која ја сакаме.

Да го чуваме и негуваме неговото дело.

Да живее нашата Македонија!, пишува Мисајловски во својата објава.

The post Мисајловски: 103 години од убиството на Ѓорче Петров, да го чуваме и негуваме неговото дело appeared first on Република.

]]>

Вчера се навршија 103 години од убиството на Ѓорче Петров. Еден од најсветлите Македонски синови и еден од поборниците на идејата за самостојна, независна, суверена Македонија. Да го чуваме и негуваме неговото дело, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски. -Задоволство е да се биде дел и да се говори на традиционален настан со кој се чествува ликот и делото на Ѓорче Петров. Вчера се навршија 103 години од убиството на Ѓорче Петров. Еден од најсветлите Македонски синови и еден од поборниците на идејата за самостојна, независна, суверена Македонија. Сите еден ден ќе го напуштиме овој свет, ама идејата е вечна. Идејата за Македонија која ја сакаме. Да го чуваме и негуваме неговото дело. Да живее нашата Македонија!, пишува Мисајловски во својата објава.

The post Мисајловски: 103 години од убиството на Ѓорче Петров, да го чуваме и негуваме неговото дело appeared first on Република.

]]>
На денот на одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев во Пустец е откриена биста на великанот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-denot-na-odbelezhuvane-na-121-godina-od-smrtta-na-gotse-delchev-vo-pustets-e-otkriena-bista-na-velikanot/ Sat, 04 May 2024 14:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=774188

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во своето обраќање на свеченоста по повод откривањето на спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Република Албанија, изрази задоволство дека заедно со Македонците од другата страна на границата, оддава почит на еден од најсветлите ликови на нашата историја, идеолог и борец за слободна и независна македонска држава.

„Делото на Гоце Делчев ги поврзува сите Македонци, каде и да сме. Ние нема никогаш да се откажеме од големите дела и големите зборови на нашите револуционери кои биле на вистинската страна на историјата, како што сме ние денес. Ние кои сме во прогресивниот табор и кои на државата и посакуваме светла европска иднина со рамноправни граѓани и среќни млади генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска по повод откривањето на бистата на Делчев, на годишнината од неговата смрт.

[caption id="attachment_774189" align="alignnone" width="1620"] фото: Министерство за култура[/caption]

Минситерката за култура посочи дека народните херои, како Гоце Делчев, и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа. Таа нагласи дека неговата визија за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите нема никогаш да го изгубат значењето во нашето колективно постоење и во нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Останавме доследни на нашето ветување дека нема да престанеме да градиме мостови на поврзување и дијалог“, додаде Костадиносвка-Стојчевска која на свеченоста присуствуваше со директорката на Завод и Музеј-Битола, Мери Сојанова која во континуитет ги продолжува проектите на „Смарт фор ју ту“, за прекугранична соработка со Албанија, со што активно придонесува за поврзаноста на населението во граничниот појас.

Бистата на Делчев е поставена на иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј претседател Васил Стеровски дека оваа биста е симбол на нашата непоколебливост и верба во принципите на правда и слобода.

„Во овие тешки времиња, повеќе од кога било ни е потребно единство и решителност. Нека примерот на Гоце Делчев биде наш водич и инспирација“, рече Стеровски кој додаде дека како Македонска алијанса за европска интеграција продолжуваат да се борат за правата и идентитетот на македонскиот народ во Албанија.

На свеченоста по повод 121 годишнината од смртта на големиот револуционер присуствуваа претставници на Движеньето "За наша Македонија", на Македонска ализанса за европска интеграциа од Голо Брдо, од Светскиот Македонски Конгрес, од Заедницата на Македонците од Егескиот дел на Македонија протерани ог Грција, од Соузот на здружениата на Македонците и децата бегалци од Егерскиот дел на Македониа МАКЕДОН како и од Македонскиот национален совет на Србија.

Бистата на Гоце Делчев е изработена од уменикот Зоран Тошевски, а е поставена пред цркавата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец, на плоштадот именуван по Делчев. Како што велат од Македонската алијанса за европска интеграција, МАЕИ, со поставувањето на бистата на големиот херој, Македонците од Пустец ја потврдуваат својата верба дека вредностите за кои тој се борел остануваат живи и водилка и за денешните генерации. Поставувањето на оваа биста ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во областа Преспа.

The post На денот на одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев во Пустец е откриена биста на великанот appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во своето обраќање на свеченоста по повод откривањето на спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Република Албанија, изрази задоволство дека заедно со Македонците од другата страна на границата, оддава почит на еден од најсветлите ликови на нашата историја, идеолог и борец за слободна и независна македонска држава.
„Делото на Гоце Делчев ги поврзува сите Македонци, каде и да сме. Ние нема никогаш да се откажеме од големите дела и големите зборови на нашите револуционери кои биле на вистинската страна на историјата, како што сме ние денес. Ние кои сме во прогресивниот табор и кои на државата и посакуваме светла европска иднина со рамноправни граѓани и среќни млади генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска по повод откривањето на бистата на Делчев, на годишнината од неговата смрт.
[caption id="attachment_774189" align="alignnone" width="1620"] фото: Министерство за култура[/caption] Минситерката за култура посочи дека народните херои, како Гоце Делчев, и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа. Таа нагласи дека неговата визија за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите нема никогаш да го изгубат значењето во нашето колективно постоење и во нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.
Останавме доследни на нашето ветување дека нема да престанеме да градиме мостови на поврзување и дијалог“, додаде Костадиносвка-Стојчевска која на свеченоста присуствуваше со директорката на Завод и Музеј-Битола, Мери Сојанова која во континуитет ги продолжува проектите на „Смарт фор ју ту“, за прекугранична соработка со Албанија, со што активно придонесува за поврзаноста на населението во граничниот појас.
Бистата на Делчев е поставена на иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј претседател Васил Стеровски дека оваа биста е симбол на нашата непоколебливост и верба во принципите на правда и слобода.
„Во овие тешки времиња, повеќе од кога било ни е потребно единство и решителност. Нека примерот на Гоце Делчев биде наш водич и инспирација“, рече Стеровски кој додаде дека како Македонска алијанса за европска интеграција продолжуваат да се борат за правата и идентитетот на македонскиот народ во Албанија.
На свеченоста по повод 121 годишнината од смртта на големиот револуционер присуствуваа претставници на Движеньето "За наша Македонија", на Македонска ализанса за европска интеграциа од Голо Брдо, од Светскиот Македонски Конгрес, од Заедницата на Македонците од Егескиот дел на Македонија протерани ог Грција, од Соузот на здружениата на Македонците и децата бегалци од Егерскиот дел на Македониа МАКЕДОН како и од Македонскиот национален совет на Србија. Бистата на Гоце Делчев е изработена од уменикот Зоран Тошевски, а е поставена пред цркавата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец, на плоштадот именуван по Делчев. Како што велат од Македонската алијанса за европска интеграција, МАЕИ, со поставувањето на бистата на големиот херој, Македонците од Пустец ја потврдуваат својата верба дека вредностите за кои тој се борел остануваат живи и водилка и за денешните генерации. Поставувањето на оваа биста ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во областа Преспа.

The post На денот на одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев во Пустец е откриена биста на великанот appeared first on Република.

]]>
Ана Мартиноска: Иако различни, двете наградени изданија имаат главна окосница во „два фундаментални и за нас секогаш актуелни поими, Македонија и меморија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ana-martinoska-iako-razlichni-dvete-nagradeni-izdanija-imaat-glavna-okosnitsa-vo-dva-fundamentalni-i-za-nas-sekogash-aktuelni-poimi-makedonija-i-memorija/ Sat, 04 May 2024 12:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=774140

Во Собранието на Македонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката.

Добитници се професор доктор Роберт Хадсон и професор доктор Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и доктор Ана Мартиноска и магистер Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ - од архивските материјали на Васил Хаџиманов.

Пред присутните се обрати Елван Хасановиќ, раководителка на Секторот за наука и иновации при Министерството за образование и наука, која рече дека достигнувањата во науката и технологијата фундаментално го менуваат начинот на живот на луѓето.

- Креирањето соодветни политики и преземањето мерки за развој на науката, како и поголемото инвестирање во науката, се приоритет на нашата држава. Вложувањата во науката и научните истражувања треба да се зголемуваат во континуитет. Владата континуирано се залага за подобрување на националниот екосистем за научното истражување. Значајна сума од националниот буџет се издвојува за поттикнување на научното истражување. Државниот буџет за научно истражување во последните години, двојно е зголемен во споредба со претходните години. Најголемата распределба е насочена кон финансирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на истражувачката инфраструктура во академијата и јавните истражувачки институции, нагласи Хасановиќ.

Таа рече дека со наградата „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на државата.

Една од добитниците, Ана Мартиноска рече дека иако различни по својот жанр, јазик, подрачје и идеја, двете наградени изданија имаат главна окосница во „два фундаментални и за нас секогаш актуелни поими, Македонија и меморија“.

- Уважувањето на овие дела со наградата „Гоце Делчев“, не е само потврда на нивните академски квалитети, туку и признание за трансформативното влијание што науката го има во обликувањето на разбирањето за Македонија дома и во светот. Таа не само што ги надополнува постојните празнини во објаснувањето на настаните и процесите во државава, туку поставува основа за понатамошни длабински и интердисциплинарни истражувања, подвлече Мартиноска.

Обраќање имаше и претседателот на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“, академик професор доктор Љупчо Коцарев, кој им ги додели наградите на добитниците

The post Ана Мартиноска: Иако различни, двете наградени изданија имаат главна окосница во „два фундаментални и за нас секогаш актуелни поими, Македонија и меморија“ appeared first on Република.

]]>

Во Собранието на Македонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката. Добитници се професор доктор Роберт Хадсон и професор доктор Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и доктор Ана Мартиноска и магистер Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ - од архивските материјали на Васил Хаџиманов. Пред присутните се обрати Елван Хасановиќ, раководителка на Секторот за наука и иновации при Министерството за образование и наука, која рече дека достигнувањата во науката и технологијата фундаментално го менуваат начинот на живот на луѓето. - Креирањето соодветни политики и преземањето мерки за развој на науката, како и поголемото инвестирање во науката, се приоритет на нашата држава. Вложувањата во науката и научните истражувања треба да се зголемуваат во континуитет. Владата континуирано се залага за подобрување на националниот екосистем за научното истражување. Значајна сума од националниот буџет се издвојува за поттикнување на научното истражување. Државниот буџет за научно истражување во последните години, двојно е зголемен во споредба со претходните години. Најголемата распределба е насочена кон финансирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на истражувачката инфраструктура во академијата и јавните истражувачки институции, нагласи Хасановиќ. Таа рече дека со наградата „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на државата. Една од добитниците, Ана Мартиноска рече дека иако различни по својот жанр, јазик, подрачје и идеја, двете наградени изданија имаат главна окосница во „два фундаментални и за нас секогаш актуелни поими, Македонија и меморија“. - Уважувањето на овие дела со наградата „Гоце Делчев“, не е само потврда на нивните академски квалитети, туку и признание за трансформативното влијание што науката го има во обликувањето на разбирањето за Македонија дома и во светот. Таа не само што ги надополнува постојните празнини во објаснувањето на настаните и процесите во државава, туку поставува основа за понатамошни длабински и интердисциплинарни истражувања, подвлече Мартиноска. Обраќање имаше и претседателот на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“, академик професор доктор Љупчо Коцарев, кој им ги додели наградите на добитниците

The post Ана Мартиноска: Иако различни, двете наградени изданија имаат главна окосница во „два фундаментални и за нас секогаш актуелни поими, Македонија и меморија“ appeared first on Република.

]]>
Стојаноска: Во име на Гоце Делчев и борците од НОБ, ги повикувам сите граѓани да го одберат број 2 за да ја зачуваме историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-vo-ime-na-gotse-delchev-i-bortsite-od-nob-gi-povikuvam-site-gragani-da-go-odberat-broj-2-za-da-ja-zachuvame-istorijata/ Sat, 04 May 2024 12:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=774133

Бројот два е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца, за горда Македонија и за твоја Македонија, изјави денеска Дафина Стојаноска, носител на Изборна единица 6.

Денес се навршуваат 121 година од смртта на македонскиот великан, Гоце Делчев.

Во тоа име ги повикувам сите граѓани на Република Македонија, кој што ја ценат жртвата на Гоце Делчев, на борците Народно Ослободителната Војна, да го одберат бројот два во чест на Гоце Делчев, на Јане Сандански, на Методија Андонов Ченто.

Бројот два е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца, за горда Македонија и за твоја Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=-KQ0jUaOn4s

The post Стојаноска: Во име на Гоце Делчев и борците од НОБ, ги повикувам сите граѓани да го одберат број 2 за да ја зачуваме историјата appeared first on Република.

]]>

Бројот два е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца, за горда Македонија и за твоја Македонија, изјави денеска Дафина Стојаноска, носител на Изборна единица 6. Денес се навршуваат 121 година од смртта на македонскиот великан, Гоце Делчев. Во тоа име ги повикувам сите граѓани на Република Македонија, кој што ја ценат жртвата на Гоце Делчев, на борците Народно Ослободителната Војна, да го одберат бројот два во чест на Гоце Делчев, на Јане Сандански, на Методија Андонов Ченто. Бројот два е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца, за горда Македонија и за твоја Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=-KQ0jUaOn4s

The post Стојаноска: Во име на Гоце Делчев и борците од НОБ, ги повикувам сите граѓани да го одберат број 2 за да ја зачуваме историјата appeared first on Република.

]]>
Мисајловски од Љубанци: Да е вечна и вековита идејата и борбата за слободна Македонија, да ги почитуваме македонските великани, македонската вековна традицијата, историја, култура и музика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-od-lubantsi-da-e-vechna-i-vekovita-idejata-i-borbata-za-slobodna-makedonija-da-gi-pochituvame-makedonskite-velikani-makedonskata-vekovna-traditsijata-istorija-kultura-i-muzika/ Sat, 04 May 2024 12:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=774130

Во патриотско Љубанци на прекрасен настан организиран од страна на општина Бутел во чест на 121 година од смртта на нашиот најголем македонски револуционер, татко на македонската нација и борец за слобода – Гоце Делчев!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски.

Во патриотско Љубанци на прекрасен настан организиран од страна на општина Бутел во чест на 121 година од смртта на нашиот најголем македонски револуционер, татко на македонската нација и борец за слобода – Гоце Делчев!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски.

Да е вечна и вековита идејата и борбата за слободна Македонија. Да ги почитуваме македонските великани, македонската вековна традицијата, историја, култура и музика. Да си ја сакаме Македонија затоа што друга држава немаме!

Вечна слава Даскале!

Да ни е вечна и вековита Република Македонија!, пишува Мисајловски во својата објава.

The post Мисајловски од Љубанци: Да е вечна и вековита идејата и борбата за слободна Македонија, да ги почитуваме македонските великани, македонската вековна традицијата, историја, култура и музика appeared first on Република.

]]>

Во патриотско Љубанци на прекрасен настан организиран од страна на општина Бутел во чест на 121 година од смртта на нашиот најголем македонски револуционер, татко на македонската нација и борец за слобода – Гоце Делчев!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски. Во патриотско Љубанци на прекрасен настан организиран од страна на општина Бутел во чест на 121 година од смртта на нашиот најголем македонски револуционер, татко на македонската нација и борец за слобода – Гоце Делчев!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски. Да е вечна и вековита идејата и борбата за слободна Македонија. Да ги почитуваме македонските великани, македонската вековна традицијата, историја, култура и музика. Да си ја сакаме Македонија затоа што друга држава немаме! Вечна слава Даскале! Да ни е вечна и вековита Република Македонија!, пишува Мисајловски во својата објава.

The post Мисајловски од Љубанци: Да е вечна и вековита идејата и борбата за слободна Македонија, да ги почитуваме македонските великани, македонската вековна традицијата, историја, култура и музика appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-vreme-koga-vo-poveke-delovi-na-evropa-i-svetot-besneat-vojni-gotsevite-zborovi-deluvaat-kako-otreznuvachka-poraka-za-choveshtvoto/ Sat, 04 May 2024 11:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=774121

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер, идеолог и учител, инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, во која вели:

„Денеска, кога чествуваме 121 година од смртта на големиот македонски револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, треба да се потсетиме на неговата идеја за културен натпревар меѓу народите. Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото.” - истакна Ковачевски.

Претседателот на СДСМ, Ковачевски, посочи дека борбата на Делчев за слободна и независна македонска држава ќе остане вечен паметник за жртвата што ја дале тој и неговите современици.

„Нашата борба денеска, повеќе од еден век подоцна, е за Македонија која ќе биде дел од Европската Унија, држава со европски животен стандард и европски вредности.” - посочи Ковачевски.

Осврнувајќи се на аманетот кој го имаат оставено револуционерите низ македонската историја, Ковачевски посочи: „Како што Делчев и Илинденците не се откажале од нивната борба, така и ние не треба да се откажеме од нашата борба за подобра Македонија за нашите деца и внуци. Само ако успееме да изградиме почитувана, достоинствена и просперитетна држава ќе ја заслужиме почитта на следните генерации." - рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер, идеолог и учител, инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, во која вели: „Денеска, кога чествуваме 121 година од смртта на големиот македонски револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, треба да се потсетиме на неговата идеја за културен натпревар меѓу народите. Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото.” - истакна Ковачевски. Претседателот на СДСМ, Ковачевски, посочи дека борбата на Делчев за слободна и независна македонска држава ќе остане вечен паметник за жртвата што ја дале тој и неговите современици. „Нашата борба денеска, повеќе од еден век подоцна, е за Македонија која ќе биде дел од Европската Унија, држава со европски животен стандард и европски вредности.” - посочи Ковачевски. Осврнувајќи се на аманетот кој го имаат оставено револуционерите низ македонската историја, Ковачевски посочи: „Како што Делчев и Илинденците не се откажале од нивната борба, така и ние не треба да се откажеме од нашата борба за подобра Македонија за нашите деца и внуци. Само ако успееме да изградиме почитувана, достоинствена и просперитетна држава ќе ја заслужиме почитта на следните генерации." - рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-borbata-na-delchev-beshe-za-makedonija-so-evropska-idnina/ Sat, 04 May 2024 11:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=774116

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово, по повод 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер. Во продолжение честитката од Спасовски на социјалните мрежи:

„Гоце Делчев - син на Македонија, двигател на македонскиот цивилизациски напредок.

Денеска, со посебен пиетет положив цвеќе пред бистата на великанот Гоце Делчев во мое Куманово, по повод 121 годишнината од загинувањето на македонскиот јунак.

Борбата на македонскиот револуционер Гоце Делчев никогаш не беше свртена кон минатото, туку кон иднината. Македонија со европска иднина, како дел од демократскиот и прогресивен свет. Тој ни остави аманет за вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.

И никогаш посилно не одекнувале неговите зборови во Преспа, во далечната 1901 година: „Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“ - Идеалите и заложбите на великанот Делчев ги продолжуваме остварувајќи го вековниот сон за слободна, демократска и економски напредна Македонија, дел од најмоќните светски сојузи НАТО и ЕУ - како Македонци, со македонски идентитет, посебност, јазик, култура и традиција.

Нека му е вечна слава!”, напиша Спасовски на социјалните мрежи.

The post Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово, по повод 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер. Во продолжение честитката од Спасовски на социјалните мрежи: „Гоце Делчев - син на Македонија, двигател на македонскиот цивилизациски напредок. Денеска, со посебен пиетет положив цвеќе пред бистата на великанот Гоце Делчев во мое Куманово, по повод 121 годишнината од загинувањето на македонскиот јунак. Борбата на македонскиот револуционер Гоце Делчев никогаш не беше свртена кон минатото, туку кон иднината. Македонија со европска иднина, како дел од демократскиот и прогресивен свет. Тој ни остави аманет за вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност. И никогаш посилно не одекнувале неговите зборови во Преспа, во далечната 1901 година: „Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“ - Идеалите и заложбите на великанот Делчев ги продолжуваме остварувајќи го вековниот сон за слободна, демократска и економски напредна Македонија, дел од најмоќните светски сојузи НАТО и ЕУ - како Македонци, со македонски идентитет, посебност, јазик, култура и традиција. Нека му е вечна слава!”, напиша Спасовски на социјалните мрежи.

The post Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина appeared first on Република.

]]>
СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-oddade-pochit-i-polozhi-tsveke-na-vechnoto-pochivalishte-na-makedonskiot-velikan-gotse-delchev/ Sat, 04 May 2024 11:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=774077

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје.

Благодарни на неговото делот, споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев останува вечен.

The post СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје. Благодарни на неговото делот, споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев останува вечен.

The post СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Сиљановска-Давкова: Нема да дозволиме историја без Гоце, Даме, Јане, Питу и сите други кои ги удриле темелите на македонската држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-nikogash-nema-da-dozvolime-nekoj-vo-nashe-ime-da-ja-falsifikuva-makedonskata-istorijata-vo-koja-nema-mesto-za-gotse-dame-jane-pitu-i-site-drugi-koi-gi-udrile-temelite-na-makedonskat/ Sat, 04 May 2024 11:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=774103

Kандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова оддаде почит кон ликот и делото на апостолот на Македонската револуционерна борба, Гоце Делчев со положување на цвеќе на неговиот гробот во црквата Св. Спас.

Проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во однос на делото на Гоце Делчев истакна:

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев . Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја фалсификува македонската историјата во која нема место за Гоце, Даме, Јане, Питу и сите други кои ги удриле темелите на македонската држава.

Денот на смртта на Делчев не потсетува колкава е жртвата на нашите претци кои ги дале своите животи за ние да живееме во своја држава. Истовремено овој ден паметник е можност да оставиме аманет на идните генерации да ја продолжат борбата за македонска држава која никогаш не запира. Македонија е како куќа, ако не ја одржувате таа ќе се руинира, затоа треба да ги поправаме или менуваме расипаните делови за куќата наречена Македонија да биде функционална и удобна за сите.

Немаме против и други да го слават Гоце Делчев затоа што тој бил човек кој има вредност за сите луѓе и кои се почитуваат себе си, своите идеали и во случајот со Гоце, својот македонски народ. Она што очекуваме од сите што го слават да го прифатат фактот што неговиот сон да биде закопан во независна македонска држава е остварен со помош на бугарската држава која во 1946 година помогна да се пренесат посмртните останки на Гоце во неговиот вечен дом овде во Свети Спас.

The post Сиљановска-Давкова: Нема да дозволиме историја без Гоце, Даме, Јане, Питу и сите други кои ги удриле темелите на македонската држава appeared first on Република.

]]>

Kандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова оддаде почит кон ликот и делото на апостолот на Македонската револуционерна борба, Гоце Делчев со положување на цвеќе на неговиот гробот во црквата Св. Спас. Проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во однос на делото на Гоце Делчев истакна: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев . Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја фалсификува македонската историјата во која нема место за Гоце, Даме, Јане, Питу и сите други кои ги удриле темелите на македонската држава. Денот на смртта на Делчев не потсетува колкава е жртвата на нашите претци кои ги дале своите животи за ние да живееме во своја држава. Истовремено овој ден паметник е можност да оставиме аманет на идните генерации да ја продолжат борбата за македонска држава која никогаш не запира. Македонија е како куќа, ако не ја одржувате таа ќе се руинира, затоа треба да ги поправаме или менуваме расипаните делови за куќата наречена Македонија да биде функционална и удобна за сите. Немаме против и други да го слават Гоце Делчев затоа што тој бил човек кој има вредност за сите луѓе и кои се почитуваат себе си, своите идеали и во случајот со Гоце, својот македонски народ. Она што очекуваме од сите што го слават да го прифатат фактот што неговиот сон да биде закопан во независна македонска држава е остварен со помош на бугарската држава која во 1946 година помогна да се пренесат посмртните останки на Гоце во неговиот вечен дом овде во Свети Спас.

The post Сиљановска-Давкова: Нема да дозволиме историја без Гоце, Даме, Јане, Питу и сите други кои ги удриле темелите на македонската држава appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: Оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lukarevska-oddavame-pochit-na-likot-i-deloto-na-gotse-delchev-negoviot-amanet-e-i-za-idnite-generatsii/ Sat, 04 May 2024 11:10:49 +0000 https://republika.mk/?p=774100

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев, а неговиот аманет е за сегашните и за идните генерации.

- Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“, рече Лукаревска.

The post Лукаревска: Оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев, а неговиот аманет е за сегашните и за идните генерации. - Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“, рече Лукаревска.

The post Лукаревска: Оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации appeared first on Република.

]]>
Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegatsija-polozhi-svezho-tsveke-na-grobot-na-gotse-delchev-odbelezhana-121-godishnina-od-negovoto-zaginuvane/ Sat, 04 May 2024 10:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=774072

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Пред саркофагот на великанот се поклонија и му оддадоа почит и Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски и делегациите на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на дипломатскиот кор, на политичките партии како и други почитувачи на делото на Гоце Делчев.

Денес се сеќаваме на големото дело на Гоце Делчев како срцевина на македонската револуционерна и интелектуална борба за македонска држава која е еднаква за сите. Тој се бореше и го положи својот живот за слободна и независна Македонија, неговите идеали и заложби се наша заедничка обврска да продолжиме да градиме демократска и економски напредна земја. Вечен останува споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев.

The post Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување appeared first on Република.

]]>

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода. Пред саркофагот на великанот се поклонија и му оддадоа почит и Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски и делегациите на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на дипломатскиот кор, на политичките партии како и други почитувачи на делото на Гоце Делчев. Денес се сеќаваме на големото дело на Гоце Делчев како срцевина на македонската револуционерна и интелектуална борба за македонска држава која е еднаква за сите. Тој се бореше и го положи својот живот за слободна и независна Македонија, неговите идеали и заложби се наша заедничка обврска да продолжиме да градиме демократска и економски напредна земја. Вечен останува споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев.

The post Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување appeared first on Република.

]]>
Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-odbelezhuvane-na-121-godishninata-od-smrtta-na-gotse-delchev/ Sat, 04 May 2024 10:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=774061

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата смрт.

https://www.youtube.com/watch?feature=shared&v=DygryaAaZHI

The post Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата смрт. https://www.youtube.com/watch?feature=shared&v=DygryaAaZHI

The post Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Се поклонивме на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување по 8 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-poklonivme-na-makedonskiot-velikan-gotse-delchev-so-zhelba-za-natsionalno-obedinuvane-po-8-maj/ Sat, 04 May 2024 09:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=774049

Најпрвин ќе ми дозволите на сите православни христијани да им го честитам Христовото воскресение, да им посакам на сите граѓани во Македонија и насекаде во светот благосостојба, мир, љубов, хармонија во нивните домови, во нивното семејство. Ова се денови кога православните христијани го слават Христовото воскресение, нешто што за нас многу значи, за сите семејства. И уште еднаш ќе потенцирам дека ова се денови кога треба да ги минеме во хармонија и во обединување, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на одбележувањето 121 години од смртта на Гоце Делчев, одржано во црквата Свети Спас, каде што се наоѓа гробот на македонскиот деец.

Истовремено ќе ми дозволите да истакнам дека денеска се поклонуваме на ова место, за нас посебно, традиционално, на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување, општествено обединување. Нешто што ќе ни биде потребно после осми мај. Нешто што треба да биде императив после осми мај. Да ја вратиме надежта. Да ја вратиме надежта дека Македонија и граѓаните на Македонија ќе успеат.

 

Така што уште еднаш ќе ми дозволите да изразам моја најдлабока лична почит кон македонскиот великан Гоце Делчев од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, и од името на Коалицијата „Твоја Македонија“, истакна Мицкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=c8b8y8tk2nE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Мицкоски: Се поклонивме на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување по 8 мај appeared first on Република.

]]>

Најпрвин ќе ми дозволите на сите православни христијани да им го честитам Христовото воскресение, да им посакам на сите граѓани во Македонија и насекаде во светот благосостојба, мир, љубов, хармонија во нивните домови, во нивното семејство. Ова се денови кога православните христијани го слават Христовото воскресение, нешто што за нас многу значи, за сите семејства. И уште еднаш ќе потенцирам дека ова се денови кога треба да ги минеме во хармонија и во обединување, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на одбележувањето 121 години од смртта на Гоце Делчев, одржано во црквата Свети Спас, каде што се наоѓа гробот на македонскиот деец.
Истовремено ќе ми дозволите да истакнам дека денеска се поклонуваме на ова место, за нас посебно, традиционално, на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување, општествено обединување. Нешто што ќе ни биде потребно после осми мај. Нешто што треба да биде императив после осми мај. Да ја вратиме надежта. Да ја вратиме надежта дека Македонија и граѓаните на Македонија ќе успеат.   Така што уште еднаш ќе ми дозволите да изразам моја најдлабока лична почит кон македонскиот великан Гоце Делчев од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, и од името на Коалицијата „Твоја Македонија“, истакна Мицкоски.
https://www.youtube.com/watch?v=c8b8y8tk2nE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Мицкоски: Се поклонивме на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување по 8 мај appeared first on Република.

]]>
(ВИДЕО) Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/video-odbelezhuvane-121-godina-od-smrtta-na-gotse-delchev/ Sat, 04 May 2024 09:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=774031

Во црквата „Св. Спас“ во Скопје се одбележуваат 121 година од смртта на Гоце Делчев.

The post (ВИДЕО) Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Во црквата „Св. Спас“ во Скопје се одбележуваат 121 година од смртта на Гоце Делчев.

The post (ВИДЕО) Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Пустец ќе добие спомен-биста на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pustets-ke-dobie-spomen-bista-na-gotse-delchev/ Sat, 04 May 2024 08:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=774028

На свеченост организирана од општина Пустец, денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола.

Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.

Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, вели Колефски за МИА по доставеното барање.

Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

The post Пустец ќе добие спомен-биста на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

На свеченост организирана од општина Пустец, денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров. Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола. Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.
Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, вели Колефски за МИА по доставеното барање.
Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

The post Пустец ќе добие спомен-биста на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
121 година од смртта на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/121-godina-od-smrtta-na-gotse-delchev/ Sat, 04 May 2024 07:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=773978

Во Македонија денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе  пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката.

Според најавите, во црквата „Св. Спас“ цвеќе ќе положат претседателот на државата Стево Пендаровски, владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, собраниска делегација составена од Дарко Каевски, Даниела Николова и Велика Стојкова-Серафимовска, како и партиски делегации, здруженија, граѓани....

Во Собранието денеска напладне ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2023 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.

Во Собранието напладне ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на Република Македонија во областа на науката.

Добитници на државната награда „Гоце Делчев“ годинава се проф. д-р Роберт Хадсон и проф. д-р Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија:од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и д-р Ана Мартиноска и м-р Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963г.“ (од архивските материјали на Васил Хаџиманов).

Годишнината од смртта на Делчев ќе биде одбележана и во Штип каде што се наоѓа истоимениот државне Универзитет. Според агендата, на одбележувањето ќе се обратат ректорот на Универзитетот Дејан Мираковски и градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Ја имам видено Декларацијата. Не е спорна. Но, ми се чини дека прво тоа личи на програма за чествување на ликот и делото на Делчев што е неспорно и не треба да биде политичка декларација окол

Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

The post 121 година од смртта на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Во Македонија денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе  пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката. Според најавите, во црквата „Св. Спас“ цвеќе ќе положат претседателот на државата Стево Пендаровски, владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, собраниска делегација составена од Дарко Каевски, Даниела Николова и Велика Стојкова-Серафимовска, како и партиски делегации, здруженија, граѓани.... Во Собранието денеска напладне ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2023 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката. Во Собранието напладне ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на Република Македонија во областа на науката. Добитници на државната награда „Гоце Делчев“ годинава се проф. д-р Роберт Хадсон и проф. д-р Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија:од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и д-р Ана Мартиноска и м-р Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963г.“ (од архивските материјали на Васил Хаџиманов). Годишнината од смртта на Делчев ќе биде одбележана и во Штип каде што се наоѓа истоимениот државне Универзитет. Според агендата, на одбележувањето ќе се обратат ректорот на Универзитетот Дејан Мираковски и градоначалникот на Штип Иван Јорданов. Ја имам видено Декларацијата. Не е спорна. Но, ми се чини дека прво тоа личи на програма за чествување на ликот и делото на Делчев што е неспорно и не треба да биде политичка декларација окол Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

The post 121 година од смртта на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје: Ќе се одбележува годишнина од смртта на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-utre-vo-skopje-ke-se-odbelezhuva-godishnina-od-smrtta-na-gotse-delchev/ Fri, 03 May 2024 09:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=773714

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.

Министерството за внатрешни работи, исто така, ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

На 04.05.2024 во периодот од 18.00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Воскресение Христово Велигден, во центарот на градот по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: 1. Бул.„Партизански одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”. 2. Бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски”. 3. На возилата од јавниот градски превоз, кои поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, по потреба ќе им се менува трасата на движење, при што ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку Центар ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, по што преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”.

Во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници. Во општина Ѓорче Петров, по потреба, за сообраќај ќе се затвора ул.„Македонска војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с.Лисиче. Исто така, по потреба за сообраќај ќе бидат затворани и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

The post Посебен режим на сообраќај утре во Скопје: Ќе се одбележува годишнина од смртта на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“. Министерството за внатрешни работи, исто така, ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. На 04.05.2024 во периодот од 18.00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Воскресение Христово Велигден, во центарот на градот по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: 1. Бул.„Партизански одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”. 2. Бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски”. 3. На возилата од јавниот градски превоз, кои поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, по потреба ќе им се менува трасата на движење, при што ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку Центар ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, по што преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. Во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници. Во општина Ѓорче Петров, по потреба, за сообраќај ќе се затвора ул.„Македонска војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“. Во општина Аеродром, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с.Лисиче. Исто така, по потреба за сообраќај ќе бидат затворани и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

The post Посебен режим на сообраќај утре во Скопје: Ќе се одбележува годишнина од смртта на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Делчев: На кандидатите во Центарот за обука им давале пристапници за Синдикат пред да добијат работен однос https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delchev-na-kandidatite-vo-tsentarot-za-obuka-im-davale-pristapnitsi-za-sindikat-pred-da-dobijat-raboten-odnos/ Fri, 22 Mar 2024 16:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=757510

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП), Гоце Делчев, обвини дека на часовите за обука на полициски службеници во Центарот за обука - Идризово административни службеници на МВР, на кандидатите им давале листи за пристапување кон Македонскиот полициски синдикат пред да имаат остварено работен однос.

Делчев го повика актуелниот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, да испрати внатрешна контрола, како и да го извести Основото јавно обвинителството, бидејќи, како што рече, на овој начин се прави штета на вработените во МВР.

Тука има одговорност на лица кои се на раководни функции во Министерството за внатрешни работи, кои дозволиле на дел од часовите слушателите да ги запознаваат со работата и програмата на Македонскиот полициски синдикат и им дале пристапници за пополнување, со што на денот кога ќе почнат со работа ја активираат таа пристапница и Македонскиот полициски синдикат за еден ден прави 500 членови“, изјави Делчев.

Тој рече дека во Центарот за обука - Идризово во моментов има 80 кандидати за полициски службеници и оти таквиот начин на членство е пракса изминатите десет години.

Дел од раководството изминативе три дена непрекинато го прават со два тима, конкретно 80 слушатели се на курсот. Дел од обуката е запознавање на т.н. Единствен Македонски полициски синдикат, кој изминативе десет години на овој начин ги направил тие 5.000 членови, кој за мене е криминален начин, рече Делчев.

The post Делчев: На кандидатите во Центарот за обука им давале пристапници за Синдикат пред да добијат работен однос appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП), Гоце Делчев, обвини дека на часовите за обука на полициски службеници во Центарот за обука - Идризово административни службеници на МВР, на кандидатите им давале листи за пристапување кон Македонскиот полициски синдикат пред да имаат остварено работен однос. Делчев го повика актуелниот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, да испрати внатрешна контрола, како и да го извести Основото јавно обвинителството, бидејќи, како што рече, на овој начин се прави штета на вработените во МВР.
Тука има одговорност на лица кои се на раководни функции во Министерството за внатрешни работи, кои дозволиле на дел од часовите слушателите да ги запознаваат со работата и програмата на Македонскиот полициски синдикат и им дале пристапници за пополнување, со што на денот кога ќе почнат со работа ја активираат таа пристапница и Македонскиот полициски синдикат за еден ден прави 500 членови“, изјави Делчев.
Тој рече дека во Центарот за обука - Идризово во моментов има 80 кандидати за полициски службеници и оти таквиот начин на членство е пракса изминатите десет години.
Дел од раководството изминативе три дена непрекинато го прават со два тима, конкретно 80 слушатели се на курсот. Дел од обуката е запознавање на т.н. Единствен Македонски полициски синдикат, кој изминативе десет години на овој начин ги направил тие 5.000 членови, кој за мене е криминален начин, рече Делчев.

The post Делчев: На кандидатите во Центарот за обука им давале пристапници за Синдикат пред да добијат работен однос appeared first on Република.

]]>
Триптих „стокхолмска љубов“… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/triptih-stokholmska-lubov/ Thu, 07 Mar 2024 17:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=752382

The post Триптих „стокхолмска љубов“… appeared first on Република.

]]>

The post Триптих „стокхолмска љубов“… appeared first on Република.

]]>
Колефски: Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kolefski-pustets-se-podgotvuva-za-postavuvane-na-bistata-na-gotse-delchev/ Thu, 29 Feb 2024 15:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=749738

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, за МИА изјави дека го поддржува барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за поставување биста на Гоце Делчев во центарот на Пустец.

Според Колефски, локалната власт заедно со Советот на општината активно се вклучуваат во организацијата на овој настан.

Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство - изјави градоначалникот Колефски.

Додава дека се преземаат сите потребни законски мерки со цел поставувањето на бистата да биде изведено според потребната процедура и временска рамка.

Поставувањето на бистата ќе биде на свеченост што ќе се организира на 4 мај 2024 година, по повод 121- годишнина од убиството на Гоце Делчев.

Советот на општина Пустец, веќе даде едногласна поддршка на иницијатвата и барањето на МАЕИ, за поставување на бистата. Иницијативата е ставена на јавна расправа и очекувам на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука - посочува тој.

Автор на бистата е Зоран Тошевски, а е донација од МАЕИ.

Во 2008 година Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука, со која плоштадот во Пустец го доби името „Гоце Делчев“ а поставувањето на оваа биста, според иницијаторот, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот.

The post Колефски: Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, за МИА изјави дека го поддржува барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за поставување биста на Гоце Делчев во центарот на Пустец. Според Колефски, локалната власт заедно со Советот на општината активно се вклучуваат во организацијата на овој настан.
Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство - изјави градоначалникот Колефски.
Додава дека се преземаат сите потребни законски мерки со цел поставувањето на бистата да биде изведено според потребната процедура и временска рамка. Поставувањето на бистата ќе биде на свеченост што ќе се организира на 4 мај 2024 година, по повод 121- годишнина од убиството на Гоце Делчев.
Советот на општина Пустец, веќе даде едногласна поддршка на иницијатвата и барањето на МАЕИ, за поставување на бистата. Иницијативата е ставена на јавна расправа и очекувам на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука - посочува тој.
Автор на бистата е Зоран Тошевски, а е донација од МАЕИ. Во 2008 година Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука, со која плоштадот во Пустец го доби името „Гоце Делчев“ а поставувањето на оваа биста, според иницијаторот, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот.

The post Колефски: Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>