гневни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gnevni/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Mar 2023 21:28:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гневни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gnevni/ 32 32 Грците гневни по железничката несреќа, фрлаат молотови коктели кон полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsite-gnevni-po-zheleznichkata-nesreka-frlaat-molotovi-kokteli-kon-politsijata/ Wed, 08 Mar 2023 21:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=617494

Десетици илјади луѓе денеска излегоа на улиците на Грција додека работниците штрајкуваа во најголемиот јавен протест досега поради најсмртоносната железничка несреќа во која загинаа 57 лица.

Несреќата на 28 февруари предизвика гнев во јавноста поради распаднатата состојба на железничката мрежа.

Работниците кои штрајкуваат велат дека се виновни годините на запоставување, недоволно инвестирање и недоволно персонал, наследство од грчката должничка криза. Според проценките на полицијата, повеќе од 60 илјади луѓе учествувале на најголемите протести против владата избрана во 2019 година во градовите низ Грција. Повеќе од 40.000 луѓе маршираа до парламентот во центарот на Атина, извикувајќи „убијци“ и „сите сме во ист вагон“.

За кратко време група демонстранти се судрија со интервентната полиција, која употреби солзавец кон толпата. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и запалија комбе и корпи за отпадоци. Неколку илјади луѓе излегоа на улиците на вториот по големина грчки град Солун, каде група демонстранти фрлаа камења врз зградата на владата.

Многумина од околу 350 патници во меѓуградскиот патнички воз што директно се судри со товарниот воз додека се движеше по истата пруга беа студенти. „Пишете ми кога ќе стигнете“, пишуваше на постер во Атина. Таа реченица стана една од паролите на минатонеделните протести.

The post Грците гневни по железничката несреќа, фрлаат молотови коктели кон полицијата appeared first on Република.

]]>

Десетици илјади луѓе денеска излегоа на улиците на Грција додека работниците штрајкуваа во најголемиот јавен протест досега поради најсмртоносната железничка несреќа во која загинаа 57 лица. Несреќата на 28 февруари предизвика гнев во јавноста поради распаднатата состојба на железничката мрежа. Работниците кои штрајкуваат велат дека се виновни годините на запоставување, недоволно инвестирање и недоволно персонал, наследство од грчката должничка криза. Според проценките на полицијата, повеќе од 60 илјади луѓе учествувале на најголемите протести против владата избрана во 2019 година во градовите низ Грција. Повеќе од 40.000 луѓе маршираа до парламентот во центарот на Атина, извикувајќи „убијци“ и „сите сме во ист вагон“. За кратко време група демонстранти се судрија со интервентната полиција, која употреби солзавец кон толпата. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и запалија комбе и корпи за отпадоци. Неколку илјади луѓе излегоа на улиците на вториот по големина грчки град Солун, каде група демонстранти фрлаа камења врз зградата на владата. Многумина од околу 350 патници во меѓуградскиот патнички воз што директно се судри со товарниот воз додека се движеше по истата пруга беа студенти. „Пишете ми кога ќе стигнете“, пишуваше на постер во Атина. Таа реченица стана една од паролите на минатонеделните протести.  

The post Грците гневни по железничката несреќа, фрлаат молотови коктели кон полицијата appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Гневот кај приватните превозници е голем бидејќи тие се под закана и уценети https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jovanovski-gnevot-kaj-privatnite-prevoznici-e-golem-bidejkji-tie-se-pod-zakana-i-uceneti/ Thu, 01 Dec 2022 11:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=580446

Во тек е прес-конференција на Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Приватните превозници денеска ќе одлучат како ќе се одвива нивниот утрешен протест – со блокада само на крстосницата кај „Мавровка“ или 200 нивни автобуси ќе блокираат неколку крстосници во центарот на градот.

Гневот кај приватните превозници е голем бидејќи тие се под закана и уценети. Под закана се дека им се раскинуваат договорите, им се вели да не го бараат долгот, а ако бараат им се вели дека ќе се земат други превозници. Градоначалничката вели “секој чесен превозник ќе може да си ја врши работата“, а јас ви велам дека нема ниту еден нечесен човек таму. Не знам по кој критериум ќе бираат чесни превозници во таа циркузијада, но сакам да предупредам дека револтот е после сите искажани лаги, не може да ги лажете превозниците и корисниците на нашите услуги, рече тој.

The post Јовановски: Гневот кај приватните превозници е голем бидејќи тие се под закана и уценети appeared first on Република.

Во Македонија живеат најгневните луѓе во Европа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-makedonija-ziveat-najgnevnite-lugje-vo-evropa/ Thu, 11 Aug 2022 12:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=539123

Македонските граѓани се едни од најгневните луѓе во Европа, кај кои гневот и револтот на дневна основа се далеку над европскиот просек.

Ова го покажуваат резултатите во најновиот извештај на „Галуп глобал емоушнс репорт“, во кој се опфатени 122 земји во периодот на 2021-та и првата половина на 2022 година, во кој македонските граѓани со високи 26 отсто на акумулиран гнев на дневна основа се веднаш зад Турција, каде што гневот е изразен високи 48 отсто.

Речиси во цела Европа гневот на дневна основа е под 25 отсто, но во Македонија тој е над оваа граница и ја позиционира земјава како водечка во делот на гневно и револтирано население на дневна основа.

Како по обичај, најмалку гневни се Финците, потоа следуваат Естонците, а по нив Холанѓаните и Португалците.

The post Во Македонија живеат најгневните луѓе во Европа appeared first on Република.

]]>

Македонските граѓани се едни од најгневните луѓе во Европа, кај кои гневот и револтот на дневна основа се далеку над европскиот просек. Ова го покажуваат резултатите во најновиот извештај на „Галуп глобал емоушнс репорт“, во кој се опфатени 122 земји во периодот на 2021-та и првата половина на 2022 година, во кој македонските граѓани со високи 26 отсто на акумулиран гнев на дневна основа се веднаш зад Турција, каде што гневот е изразен високи 48 отсто. Речиси во цела Европа гневот на дневна основа е под 25 отсто, но во Македонија тој е над оваа граница и ја позиционира земјава како водечка во делот на гневно и револтирано население на дневна основа. Како по обичај, најмалку гневни се Финците, потоа следуваат Естонците, а по нив Холанѓаните и Португалците.

The post Во Македонија живеат најгневните луѓе во Европа appeared first on Република.

]]>