глува соба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gluva-soba/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 12:37:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png глува соба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gluva-soba/ 32 32 Во Собрание се отвори „глува соба“ за доверливи разговори и средби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-sobranie-se-otvori-gluva-soba-za-doverlivi-razgovori-i-sredbi/ Mon, 21 Oct 2024 12:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=829465

Во Собранието денеска беше пуштена во употреба заштитена соба, прва од ваков вид во Македонија,  дизајнирана со највисоко ниво на заштита за строго доверливи документи. Просторијата првенствено ќе ја користи Собранието и Комисиите кои работат со класифицирани информации, но во исто време таа ќе може да се отстапи за користење на останатите државни органи доколку имаат потреба за тоа и со одобрување на Собранието.

Просторијата, како што истакна претседателот на Собранието Африм Гаши, ги исполнува сите стандарди за аудио и антирадијација и е опремен да гарантира безбедност на класифицирани информации, придржувајќи се до највисоките TEMPEST стандарди за заштита од радијација..

Гаши на денешната промоција истакна дека официјално Собранието добива „Заштитена соба", која е дел од широк повеќегодишен проект што го финансираат Велика Британија, Шведска, Швајцарија, ЕУ и Холандија, а импелементатор е ДИКАФ.

- Заштитена, тивка или глува соба - се некои од имињата кои ја означуваат оваа просторија изградена на начин што во неа или од неа не продираат електромагнетни бранови, рече Гаши.

Потсети дека уште во 2017 година пратениците и од власта и од опозицијата се договорија дека ваква соба е повеќе од потребно да се изгради во Собранието, како дел од пакетот мерки за подобар надзор над тајните служби.

- Заштитената соба ја унапредува надзорната улога на Собранието, на која сме особено фокусирани од почетокот на нашиот мандат. Заштитена соба не е сувопарно барање кое произлегува од Меморандумот за разбирање со ДИКАФ; таа е барање на НАТО. Оттука, процесот за нејзина изградба, набавка на опрема и операционализирање беа особено комплексни. Ми претставува особено задоволство да подвлечам дека моите претходници, пратениците од предходните парламентарни состави, заедно со службите и партнерите истрааја во заложбата да се изгради оваа Соба според највисоките НАТО стандарди, со почитување на особено комплицирана тендерска постапка и примена на стандарди кои се во согласност со стандардите на НАТО, рече претседателот на Собранието.

Заштитената просторија и заштитениот работен простор се дизајнирани да ги задоволат строгите безбедносни барања поставени од НАТО и од Европската Унија, што вклучува интегрирање на технолошки заштитни мерки, а физичкиот простор е изграден од материјали кои спречуваат неовластено следење и прислушување, обезбедувајќи комуникациите да останат доверливи и заштитени од надворешни закани. Проектот ги вклучува најдобрите практики на управување  со безбедносниот сектор и обезбедува приспособливост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека со изградбата и пуштењето во употреба на Заштитената соба се заокружува скоро седумгодишен труд, напор и заложби да се зајакнат капацитетите на Собранието за вршење на парламентарниот надзор врз безбедносните служби.

- Со изградбата на Заштитената соба се создаде безбедна средина и заштитен работен простор каде што ќе се ракува со класифицирани информации со најголем степен на доверливост, без ризик од протекување информации или неовластен пристап, рече Мицевски.

Евроатлантската интеграција на нашата земја, според него, подразбира и темелни реформи во безбедносно разузнавачкиот сектор во институциите кои вршат надзор и контрола, што подразбира и зајакнување на капацитетите за надзор на Собранието.

-Изградбата на собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор над безбедносните служби, вели тој.

Согласно Законот за класифицирани информации донесен 2019 година како дел од пакетот реформски закони, Собранието со изградбата на ваква соба ги превзема највисоки мерки и активности за административна, физичка и индустриска безбедност, безбедност на комуникациско – информациските системи, како и безбедност на лицата - корисници на класифицирани информации.

Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи истакна дека со овој проект се зајакна сериозно капацитетот на Собранието, не само од безбедносен аспект, туку се создаде аспект кој значително ќе ја подобри парламентарната контрола на безбедносните служби и на процесот на следење на комуникациите.

- Покажавме дека членството во НАТО знае да не мотивира, дооополнително преку јакнење на капацитетите знаеме да бидеме добри и релевантни фактори. Ова е процес кој допринесе заеднички да покажеме дека за нас важно е колку повеќе ќе ги градиме демократски институциите во државата и на тој начин ќе обезбедиме простор и можност за зачувување на човековите слободи и права, истакна Спасовски.

На настанот зборуваа и швајцарската амбасадорка Вероник Улман, претседателот на Комисија за надзор над службите за безбедност и разузнавање, Собрание на Република Словенија Јанез Жакељ, директорот ДЦАФ – Љубљана Андреј Рупник и директорот на Дирекција за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески.

Швајцарската амбасадорка Улман истакна дека во Собранието ќе може да се работи со највисоко ниво на безбедност, но дека клучно за реализација на „глувата соба“ било кофинансирањето на земјите и ДЦАФ.

Жакељ истакна дека парламенарниот надзор е најважен и оти е клучна неговата улога за безбедноста, но дека сепак овие служби треба да ги заштитат правата на граѓаните.

Според него, работата на безбедносните служби е во тајност и затоа треба да се направи овој надзор. Словенечкиот претставник вели дека потребни се добро дефинирани мерки за заштита, како и дека силната законодавна рамка ќе спречи злоупотреба.

За реализација на т.н „глува соба“ во Собранието имаше шест јавни повици. Повеќето не беа успешни поради, како што објаснуваше, поранешниот прв човек на Собранието Талат Џафери поради несоодветни понуди.

The post Во Собрание се отвори „глува соба“ за доверливи разговори и средби appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска беше пуштена во употреба заштитена соба, прва од ваков вид во Македонија,  дизајнирана со највисоко ниво на заштита за строго доверливи документи. Просторијата првенствено ќе ја користи Собранието и Комисиите кои работат со класифицирани информации, но во исто време таа ќе може да се отстапи за користење на останатите државни органи доколку имаат потреба за тоа и со одобрување на Собранието. Просторијата, како што истакна претседателот на Собранието Африм Гаши, ги исполнува сите стандарди за аудио и антирадијација и е опремен да гарантира безбедност на класифицирани информации, придржувајќи се до највисоките TEMPEST стандарди за заштита од радијација.. Гаши на денешната промоција истакна дека официјално Собранието добива „Заштитена соба", која е дел од широк повеќегодишен проект што го финансираат Велика Британија, Шведска, Швајцарија, ЕУ и Холандија, а импелементатор е ДИКАФ. - Заштитена, тивка или глува соба - се некои од имињата кои ја означуваат оваа просторија изградена на начин што во неа или од неа не продираат електромагнетни бранови, рече Гаши. Потсети дека уште во 2017 година пратениците и од власта и од опозицијата се договорија дека ваква соба е повеќе од потребно да се изгради во Собранието, како дел од пакетот мерки за подобар надзор над тајните служби.
- Заштитената соба ја унапредува надзорната улога на Собранието, на која сме особено фокусирани од почетокот на нашиот мандат. Заштитена соба не е сувопарно барање кое произлегува од Меморандумот за разбирање со ДИКАФ; таа е барање на НАТО. Оттука, процесот за нејзина изградба, набавка на опрема и операционализирање беа особено комплексни. Ми претставува особено задоволство да подвлечам дека моите претходници, пратениците од предходните парламентарни состави, заедно со службите и партнерите истрааја во заложбата да се изгради оваа Соба според највисоките НАТО стандарди, со почитување на особено комплицирана тендерска постапка и примена на стандарди кои се во согласност со стандардите на НАТО, рече претседателот на Собранието.
Заштитената просторија и заштитениот работен простор се дизајнирани да ги задоволат строгите безбедносни барања поставени од НАТО и од Европската Унија, што вклучува интегрирање на технолошки заштитни мерки, а физичкиот простор е изграден од материјали кои спречуваат неовластено следење и прислушување, обезбедувајќи комуникациите да останат доверливи и заштитени од надворешни закани. Проектот ги вклучува најдобрите практики на управување  со безбедносниот сектор и обезбедува приспособливост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека со изградбата и пуштењето во употреба на Заштитената соба се заокружува скоро седумгодишен труд, напор и заложби да се зајакнат капацитетите на Собранието за вршење на парламентарниот надзор врз безбедносните служби. - Со изградбата на Заштитената соба се создаде безбедна средина и заштитен работен простор каде што ќе се ракува со класифицирани информации со најголем степен на доверливост, без ризик од протекување информации или неовластен пристап, рече Мицевски. Евроатлантската интеграција на нашата земја, според него, подразбира и темелни реформи во безбедносно разузнавачкиот сектор во институциите кои вршат надзор и контрола, што подразбира и зајакнување на капацитетите за надзор на Собранието.
-Изградбата на собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор над безбедносните служби, вели тој.
Согласно Законот за класифицирани информации донесен 2019 година како дел од пакетот реформски закони, Собранието со изградбата на ваква соба ги превзема највисоки мерки и активности за административна, физичка и индустриска безбедност, безбедност на комуникациско – информациските системи, како и безбедност на лицата - корисници на класифицирани информации. Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи истакна дека со овој проект се зајакна сериозно капацитетот на Собранието, не само од безбедносен аспект, туку се создаде аспект кој значително ќе ја подобри парламентарната контрола на безбедносните служби и на процесот на следење на комуникациите. - Покажавме дека членството во НАТО знае да не мотивира, дооополнително преку јакнење на капацитетите знаеме да бидеме добри и релевантни фактори. Ова е процес кој допринесе заеднички да покажеме дека за нас важно е колку повеќе ќе ги градиме демократски институциите во државата и на тој начин ќе обезбедиме простор и можност за зачувување на човековите слободи и права, истакна Спасовски. На настанот зборуваа и швајцарската амбасадорка Вероник Улман, претседателот на Комисија за надзор над службите за безбедност и разузнавање, Собрание на Република Словенија Јанез Жакељ, директорот ДЦАФ – Љубљана Андреј Рупник и директорот на Дирекција за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески. Швајцарската амбасадорка Улман истакна дека во Собранието ќе може да се работи со највисоко ниво на безбедност, но дека клучно за реализација на „глувата соба“ било кофинансирањето на земјите и ДЦАФ. Жакељ истакна дека парламенарниот надзор е најважен и оти е клучна неговата улога за безбедноста, но дека сепак овие служби треба да ги заштитат правата на граѓаните. Според него, работата на безбедносните служби е во тајност и затоа треба да се направи овој надзор. Словенечкиот претставник вели дека потребни се добро дефинирани мерки за заштита, како и дека силната законодавна рамка ќе спречи злоупотреба. За реализација на т.н „глува соба“ во Собранието имаше шест јавни повици. Повеќето не беа успешни поради, како што објаснуваше, поранешниот прв човек на Собранието Талат Џафери поради несоодветни понуди.

The post Во Собрание се отвори „глува соба“ за доверливи разговори и средби appeared first on Република.

]]>
Во Собранието ќе има „глува соба“ за доверливи разговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-sobranieto-ke-ima-gluva-soba-za-doverlivi-razgovori/ Sat, 31 Aug 2024 06:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=811709

Заштитената соба односно т.н „глува соба“ во Собранието е речиси завршена и целата опрема во неа е поставена. Официјалното отвoрање на Заштитената соба се очекува да биде крајот на октомври годинава, информираат за МИА од Собранието.

Претседателот на Парламентот Африм Гаши на првиот брифинг со новинарите во вторникот кажа дека „глувата соба“ е целосно при крај и дека 99 отсто е завршена работата.

-Мислам дека треба да заврши административниот дел, техничкото примопредавање и да биде ставена во функција. Очекувам во текот на септември или октомври „глувата соба“ да биде целосно во употреба, рече Гаши.

 

Изградбата на Заштитената соба, како што посоочуваат од Собранието, е и барање на НАТО и ќе биде особено важна и непходна при отворање на поглавјата 23 и 24 во пристапните преговори со ЕУ за влез во Унијата. Изградбата на собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор врз безбедносните служби.

-Заштитената просторија и работниот простор беа прецизно дизајнирани да ги исполнуваат и надминат строгите безбедносни барања поставени и од НАТО и од Европската Унија. Ова вклучуваше интегрирање на напредни технолошки заштитни мерки, а физичкиот простор е изграден со материјали кои спречуваат неовластено следење и прислушување, обезбедувајќи комуникациите да останат доверливи и заштитени од надворешни закани. Проектот ги инкорпорираше најдобрите практики во управувањето со безбедносниот сектор, нагласувајќи ја отпорноста и на традиционалните и на новите безбедносни предизвици. Овој сеопфатен пристап осигурува не само безбедно решение, туку и приспособлививост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето, брифираат од Собранието за МИА.

Овластен орган за акредитација на заштитената соба е Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Потребни документи за акредитација на Заштитената соба се: Процена за безбедносен ризик за комуникациско-информатичкиот систем во заштитената соба и заштитениот работен простор, Изјава за безбедносни потреби за комуникациско информациски систем во заштитената соба и заштитениот работен простор и Безбедносно оперативни процедури за користење на заштитената соба и заштитениот работен простор. Од Собранието напоменуваат дека сите документи се во финална фаза и тие треба, по нивното потпишување, да се проследат до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Врз основа на проверка на документите и списите како и теренската проверка во заштитената соба од страна на ДБКИ, се добива акредитацијата за користење.

Проектот за „глувата соба“ по НАТО стандарди

За реализација на т.н „глува соба“ во Собранието имаше шест јавни повици. Повеќето не беа успешни поради, како што објаснуваше, поранешниот прв човек на Собранието Талат Џафери несоодветни понуди.

Последниот јавен повик беше успешен и заштитената соба почна со изградба, според информациите од ДЦАФ, во јули 2023 година.

Врз основа на Договорот за јавни набавки од 28 април 2023 година, на последниот повик за извршување на градежните работи била избрана Фабриката Карпош, а во договорот е предвидено градежните работи да чинат околу 40 000 000 денари. Засега од Собранието нема информација колку вкупно чини изградбата, опремата и реализацијата на заштитената соба.

 

Оттаму наведуваат дека тендерската документација и проектот е по НАТО стандарди. Просторијата е од највисок, таканаречен прв степен на заштита за документи со највисока класификација, ги исполнува сите стандарди на аудио и анти-радијациска заштита, опремена е со соодветна заштитена опрема за да се гарантира заштитата на класифицираните информации, посочуваат од Собранието. Опремата во просторијата ги задоволува највисоките ТЕМПЕСТ стандарди на радијациска заштита.

Просторијата се предвидува првенствено да биде за користење на Собранието и Комисиите кои работат со класифицирани информации, но во исто време таа ќе може да се отстапи за користење на останатите државни органи доколку имаат потреба за тоа и се разбира, со одобрување на Собранието.

Воспоставувањето на заштитената просторија и заштитениот работен простор во Собранието означува значајна пресвртница во посветеноста на зајакнување на парламентарниот надзор над безбедносниот и разузнавачкиот сектор. Оваа иницијатива е плод на стратешкото партнерство помеѓу Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, ДЦАФ и Собранието преточено во Меморандум за соработка, што ги нагласува заедничките напори за зајакнување на демократското владеење и обезбедување робусни механизми за одговорност во рамките на безбедносната рамка на земјата.

Република Македонија, стремејќи се да се интегрира поблиску со западните институции како НАТО и Европската Унија, како што се посочува во информацијата од Собранието за МИА, го идентификуваше зајакнувањето на парламентарниот надзор како камен-темелник за исполнување на строгите стандарди за управување што ги бараат овие организации. Во 2018 година, препознавајќи го еволуирачкиот пејзаж на безбедносните закани и критичната потреба за транспарентен надзор, ДЦАФ и Собранието започнаа заедничка мисија за зајакнување на капацитетот на законодавната власт за ефикасно следење и оценување на активностите на безбедносните и разузнавачките агенции. Овој период беше обележан со зголемена глобална загриженост за практиките на надзор, разузнавачките операции и императивот да се балансира националната безбедност со заштитата на граѓанските слободи и права.

Примарната цел на оваа соработка, како што се нагласува, беше да се создаде безбедна средина каде што класифицирани информации со најголема чувствителност може да се ракуваат со најголема доверливост и интегритет.

- Со формирањето на посебна заштитена просторија и работен простор, Собранието имаше за цел да олесни безбедни седници со класифицирани информации, овозможувајќи им на законодавците да разгледуваат, дискутираат и расправаат за критичните безбедносни и разузнавачки прашања без ризик од протекување информации или неовластен пристап. Оваа инфраструктура е дизајнирана да поддржува информирани процеси на донесување одлуки, обезбедувајќи дека функциите на надзор се спроведуваат со потребната дискреција и безбедност, се вели во информацијата од Собранието за МИА.

The post Во Собранието ќе има „глува соба“ за доверливи разговори appeared first on Република.

]]>

Заштитената соба односно т.н „глува соба“ во Собранието е речиси завршена и целата опрема во неа е поставена. Официјалното отвoрање на Заштитената соба се очекува да биде крајот на октомври годинава, информираат за МИА од Собранието. Претседателот на Парламентот Африм Гаши на првиот брифинг со новинарите во вторникот кажа дека „глувата соба“ е целосно при крај и дека 99 отсто е завршена работата.
-Мислам дека треба да заврши административниот дел, техничкото примопредавање и да биде ставена во функција. Очекувам во текот на септември или октомври „глувата соба“ да биде целосно во употреба, рече Гаши.
  Изградбата на Заштитената соба, како што посоочуваат од Собранието, е и барање на НАТО и ќе биде особено важна и непходна при отворање на поглавјата 23 и 24 во пристапните преговори со ЕУ за влез во Унијата. Изградбата на собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор врз безбедносните служби.
-Заштитената просторија и работниот простор беа прецизно дизајнирани да ги исполнуваат и надминат строгите безбедносни барања поставени и од НАТО и од Европската Унија. Ова вклучуваше интегрирање на напредни технолошки заштитни мерки, а физичкиот простор е изграден со материјали кои спречуваат неовластено следење и прислушување, обезбедувајќи комуникациите да останат доверливи и заштитени од надворешни закани. Проектот ги инкорпорираше најдобрите практики во управувањето со безбедносниот сектор, нагласувајќи ја отпорноста и на традиционалните и на новите безбедносни предизвици. Овој сеопфатен пристап осигурува не само безбедно решение, туку и приспособлививост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето, брифираат од Собранието за МИА.
Овластен орган за акредитација на заштитената соба е Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Потребни документи за акредитација на Заштитената соба се: Процена за безбедносен ризик за комуникациско-информатичкиот систем во заштитената соба и заштитениот работен простор, Изјава за безбедносни потреби за комуникациско информациски систем во заштитената соба и заштитениот работен простор и Безбедносно оперативни процедури за користење на заштитената соба и заштитениот работен простор. Од Собранието напоменуваат дека сите документи се во финална фаза и тие треба, по нивното потпишување, да се проследат до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Врз основа на проверка на документите и списите како и теренската проверка во заштитената соба од страна на ДБКИ, се добива акредитацијата за користење. Проектот за „глувата соба“ по НАТО стандарди За реализација на т.н „глува соба“ во Собранието имаше шест јавни повици. Повеќето не беа успешни поради, како што објаснуваше, поранешниот прв човек на Собранието Талат Џафери несоодветни понуди. Последниот јавен повик беше успешен и заштитената соба почна со изградба, според информациите од ДЦАФ, во јули 2023 година. Врз основа на Договорот за јавни набавки од 28 април 2023 година, на последниот повик за извршување на градежните работи била избрана Фабриката Карпош, а во договорот е предвидено градежните работи да чинат околу 40 000 000 денари. Засега од Собранието нема информација колку вкупно чини изградбата, опремата и реализацијата на заштитената соба.   Оттаму наведуваат дека тендерската документација и проектот е по НАТО стандарди. Просторијата е од највисок, таканаречен прв степен на заштита за документи со највисока класификација, ги исполнува сите стандарди на аудио и анти-радијациска заштита, опремена е со соодветна заштитена опрема за да се гарантира заштитата на класифицираните информации, посочуваат од Собранието. Опремата во просторијата ги задоволува највисоките ТЕМПЕСТ стандарди на радијациска заштита. Просторијата се предвидува првенствено да биде за користење на Собранието и Комисиите кои работат со класифицирани информации, но во исто време таа ќе може да се отстапи за користење на останатите државни органи доколку имаат потреба за тоа и се разбира, со одобрување на Собранието. Воспоставувањето на заштитената просторија и заштитениот работен простор во Собранието означува значајна пресвртница во посветеноста на зајакнување на парламентарниот надзор над безбедносниот и разузнавачкиот сектор. Оваа иницијатива е плод на стратешкото партнерство помеѓу Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, ДЦАФ и Собранието преточено во Меморандум за соработка, што ги нагласува заедничките напори за зајакнување на демократското владеење и обезбедување робусни механизми за одговорност во рамките на безбедносната рамка на земјата. Република Македонија, стремејќи се да се интегрира поблиску со западните институции како НАТО и Европската Унија, како што се посочува во информацијата од Собранието за МИА, го идентификуваше зајакнувањето на парламентарниот надзор како камен-темелник за исполнување на строгите стандарди за управување што ги бараат овие организации. Во 2018 година, препознавајќи го еволуирачкиот пејзаж на безбедносните закани и критичната потреба за транспарентен надзор, ДЦАФ и Собранието започнаа заедничка мисија за зајакнување на капацитетот на законодавната власт за ефикасно следење и оценување на активностите на безбедносните и разузнавачките агенции. Овој период беше обележан со зголемена глобална загриженост за практиките на надзор, разузнавачките операции и императивот да се балансира националната безбедност со заштитата на граѓанските слободи и права. Примарната цел на оваа соработка, како што се нагласува, беше да се создаде безбедна средина каде што класифицирани информации со најголема чувствителност може да се ракуваат со најголема доверливост и интегритет. - Со формирањето на посебна заштитена просторија и работен простор, Собранието имаше за цел да олесни безбедни седници со класифицирани информации, овозможувајќи им на законодавците да разгледуваат, дискутираат и расправаат за критичните безбедносни и разузнавачки прашања без ризик од протекување информации или неовластен пристап. Оваа инфраструктура е дизајнирана да поддржува информирани процеси на донесување одлуки, обезбедувајќи дека функциите на надзор се спроведуваат со потребната дискреција и безбедност, се вели во информацијата од Собранието за МИА.

The post Во Собранието ќе има „глува соба“ за доверливи разговори appeared first on Република.

]]>