глумица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glumica/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 12:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png глумица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glumica/ 32 32 Снешка беше единствената глумица која беше погребана без аплауз, ама таму горе колегите ќе ја дочекаат со овации, рече Силвија Стојановска на комеморацијата за Стамеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sneshka-beshe-edinstvenata-glumitsa-koja-beshe-pogrebana-bez-aplauz-ama-tamu-gore-kolegite-ke-ja-dochekaat-so-ovatsii-reche-silvija-stojanovska-na-komemoratsijata-za-stameska/ Thu, 12 Sep 2024 12:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=815714

Снешка беше единствената глумица која беше погребана без аплауз, ама сигурна сум дека таму горе колегите ќе ја дочекаат со овации, рече актерката Силвија Стојановска на комеморацијата за доајенката на македонското глумиште Снежана Стамеска, која се одржа во нејзината матична куќа, Драмски театар во Скопје.

Едвај педесетина актери, режисери, соработници и дел од потесното семејство присустувааа на комеморацијата.

Таа беше театарска кралица, Снеже цветаше на сцената, рече Стојановска во говорот.

Таа кажа дека со Снешка била прва братучетка, освен што била и колешка. Се присети на нејзините приказни за Белград и Париз, каде што Стамеска студирала и била на доусовршување.

Снешка не пееше, сметаше дека нема слух. Кога славев 33 години, бев во еден период од животот кога не бев многу среќна. На мојот роденден дојдоа Снешка, мојот покоен сопруг Ненад Стојановски и Сабина Ајрула. Ниту еден од нив не пееше, а мене ми испеаја ‘Среќен роденден’ успеаја да ме расположат“. Таа раскажуваше за парискиот шарм и големата белградска човечка широчина. Од неа првпат чув за багет, францускиот леб, за сендвничите од багет, се присети Стојановска.

Актерот Благој Чоревски говореше за соработката со Стамеска, а директорот на Драмски, Роберт Вељаноски потсети што одговорила Стамеска на прашањето што го прави еден актер, вистински актер?

Тоа што го прави човек: да се оправдаш себе пред себе, а после и пред другите, своите желби, мисли, постапки. Само така ќе излезеш пред сите оние кои различно мислат и сите ќе ги лапнеш. Тоа е занаетот. Нема лажење. Гледај ги, сакај ги луѓето. Има многу чудни приказни на лицата. Сочувај ги во некоја фиока, еден ден ќе ти се најдат.

А ти наша Снешке ќе останеш длабоко во нашата меморија, кажа Вељановски.

За студиите на Театарската академија во Белград, преку телеграма се присети српската легендарна актерка Светлана Бојковиќ.

Уште кога се запознавме си реков дека Снешка е позрела од сите. И не погрешив во тоа. Таа секогаш била постојана, цврста, храбра и што е најважно - талентирана!. Дипломиравме, се вративме секоја во својата земја и после неколку години се сретнавме, си разговаравме како две актерки, како две мајки на ќерки. Пораснавме во една земја, а еве во третото доба сме во различни земји. Навистина ме потресе нејзиното заминување“, вели Бојковиќ во писмото.

Театарскиот режисер Слободан Унковски преку писмо од Виена се збогува со Стамеска, актерка за која вели дека не се дружеле надвор од пробите, но имале огромно разбирање и радост во откривањето на поинаквото и возбудливото.

[caption id="attachment_815754" align="alignnone" width="583"] фото: МИА[/caption]

Кога ќе помислам на Снешка Стамеска, неколку слики ми се појавуваат веднаш. Најнапред ФДУ во Белград каде во есента 1967 таа веќе беше некоја генерација пред мене, ама се знаеше дека ја има, дека е многу талентирана, зафатена и евентуално, многу згодна. Помина некое време пред да ја сретнам во минување, ми дофрли, А и ти си од Скопје, и тоа беше максимум внимание што можеше еден бруцош да го добие од една скоро дипломирана глумица. Подоцна се најдовме обајцата во Драмски, првата заедничка претстава ни беше Ништо по Камерна музика на Артур Копит и бевме дел од новиот бран во театарот..

Последен пат сме работеле заедно во минатиот век, 1992 година, се изненадив кога ги пребројав годините, зошто сеедно и покрај скршените врски, Снешка остана дел од мојот театарски свет. Потоа секој отиде по своите патишта.

Имавме строго професионални односи, но еднаш, во раните утрински часови, ѕвони телефонот. Ми вели еден глас: ‘Ајде, Снешка се пораѓа, треба да ја носиш во болница’. Јас дури се сетам, ми текнува дека неколку недели претходно, разговарајќи за тоа кој ќе ја носи Снешка во болница кога ќе треба да се пораѓа, бидејќи нејзиниот партнер не беше во Скопје, и реков да ми се јави мене. ‘Овие глумците не се озбилни, мене ќе ми се јавиш’, ѝ реков. Тоа беше прв и последен пат да носам глумица на породување“, вели Унковски.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје. Дипломирaла на Театарската академија во Белград во 1970. Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје.

Нејзината исклучително плодната актерска кариера брои над седумдесет улоги во матичниот театар и на други театарски сцени. Реализира и многу значајни телевизиски и филмски улоги.
Стамеска поседуваше богата актерска емоционална палета, стабилен и логичен израз, како и топол, милозвучен, убедлив глас.

Селективна театрографија: Косара (Владимир и Косара, 1971); Злата (Свадба, 1972); Анѓа (Хамлет од Долно Гаштани, 1973); Марија (Војцек, 1973); Арманда (Учени жени, 1973); Рут (Дејството на гама-зраците врз сенишните невени, 1973); Цена (Јане Задрогаз, 1974); Изабелита (Достага на самиот врв на највисоката власт, 1975); Лица (Ослободување на Скопје, 1978); Пандора (Солунски патрдии,1979); Вера (Диво месо, 1979); Вера (Среќна Нова '49, 1985; МНТ); Бабата (Викенд на мртовци, 1985); Зоја (Зојкиниот стан, 1986); Мица (Сили во воздухот, 1988); Мери (Долго патување во ноќта, 1988); Нада (Шуаби ап, 1989); Мајката/ Жената-војник/ Неда/ Кателин (Чернодрински се враќа дома, 1992); Деде Ченс (Дамите од Аламо, 1993); Кејт (Игранка во времето на Лунаса, 1995); Мег (Злостори на срцето, 1995); Сиен (Убиј ме душичке, 1997); Марчелина (Свадбата на Фигаро, 1998); Ана Петровна Војницева (Платонов, 1999); Баба (Војцек, 2002); Бернарда (Домот на Бернарда Алба, 2004); Султана (Лет во место, 2005).

Селективна филмографија: Коктел за четворица (1970); Кукла (1973); Жена од малтер (1979); Двојка (1980); Нели ти реков (1984); Солунски патрдии (1985); Трст виа Скопје (1987); Глас (2000).

Награди: Златен ловоров венец за најдобро актерско остварување на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС) за улогата на Лица во претставата Ослободување на Скопје (Сараево, 1979); Награда за актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Вера во претставата Среќна Нова '49 (Прилеп, 1985); Награда за најдобро актерско остварување на ревијата Екран за улогата на Зоја во претставата „Зојкиниот стан“ (1987); Награда на Фестивалот Стериино позорје за најдобро актерско остварување за улогата на Мица во претставата „Сили во воздухот“ (Нови Сад, 1989); Награда за најдобро актерско остварување на ревијата „Екран“ за улогата на Ана Петровна Војницева во претставата „Платонов“ (2000); Награда „11 Октомври“ (Скопје, 2002); Награда „Климент Охридски“ (Скопје, 2005).

The post Снешка беше единствената глумица која беше погребана без аплауз, ама таму горе колегите ќе ја дочекаат со овации, рече Силвија Стојановска на комеморацијата за Стамеска appeared first on Република.

]]>

Снешка беше единствената глумица која беше погребана без аплауз, ама сигурна сум дека таму горе колегите ќе ја дочекаат со овации, рече актерката Силвија Стојановска на комеморацијата за доајенката на македонското глумиште Снежана Стамеска, која се одржа во нејзината матична куќа, Драмски театар во Скопје. Едвај педесетина актери, режисери, соработници и дел од потесното семејство присустувааа на комеморацијата.
Таа беше театарска кралица, Снеже цветаше на сцената, рече Стојановска во говорот.
Таа кажа дека со Снешка била прва братучетка, освен што била и колешка. Се присети на нејзините приказни за Белград и Париз, каде што Стамеска студирала и била на доусовршување.
Снешка не пееше, сметаше дека нема слух. Кога славев 33 години, бев во еден период од животот кога не бев многу среќна. На мојот роденден дојдоа Снешка, мојот покоен сопруг Ненад Стојановски и Сабина Ајрула. Ниту еден од нив не пееше, а мене ми испеаја ‘Среќен роденден’ успеаја да ме расположат“. Таа раскажуваше за парискиот шарм и големата белградска човечка широчина. Од неа првпат чув за багет, францускиот леб, за сендвничите од багет, се присети Стојановска.
Актерот Благој Чоревски говореше за соработката со Стамеска, а директорот на Драмски, Роберт Вељаноски потсети што одговорила Стамеска на прашањето што го прави еден актер, вистински актер? Тоа што го прави човек: да се оправдаш себе пред себе, а после и пред другите, своите желби, мисли, постапки. Само така ќе излезеш пред сите оние кои различно мислат и сите ќе ги лапнеш. Тоа е занаетот. Нема лажење. Гледај ги, сакај ги луѓето. Има многу чудни приказни на лицата. Сочувај ги во некоја фиока, еден ден ќе ти се најдат.
А ти наша Снешке ќе останеш длабоко во нашата меморија, кажа Вељановски.
За студиите на Театарската академија во Белград, преку телеграма се присети српската легендарна актерка Светлана Бојковиќ.
Уште кога се запознавме си реков дека Снешка е позрела од сите. И не погрешив во тоа. Таа секогаш била постојана, цврста, храбра и што е најважно - талентирана!. Дипломиравме, се вративме секоја во својата земја и после неколку години се сретнавме, си разговаравме како две актерки, како две мајки на ќерки. Пораснавме во една земја, а еве во третото доба сме во различни земји. Навистина ме потресе нејзиното заминување“, вели Бојковиќ во писмото.
Театарскиот режисер Слободан Унковски преку писмо од Виена се збогува со Стамеска, актерка за која вели дека не се дружеле надвор од пробите, но имале огромно разбирање и радост во откривањето на поинаквото и возбудливото. [caption id="attachment_815754" align="alignnone" width="583"] фото: МИА[/caption]
Кога ќе помислам на Снешка Стамеска, неколку слики ми се појавуваат веднаш. Најнапред ФДУ во Белград каде во есента 1967 таа веќе беше некоја генерација пред мене, ама се знаеше дека ја има, дека е многу талентирана, зафатена и евентуално, многу згодна. Помина некое време пред да ја сретнам во минување, ми дофрли, А и ти си од Скопје, и тоа беше максимум внимание што можеше еден бруцош да го добие од една скоро дипломирана глумица. Подоцна се најдовме обајцата во Драмски, првата заедничка претстава ни беше Ништо по Камерна музика на Артур Копит и бевме дел од новиот бран во театарот.. Последен пат сме работеле заедно во минатиот век, 1992 година, се изненадив кога ги пребројав годините, зошто сеедно и покрај скршените врски, Снешка остана дел од мојот театарски свет. Потоа секој отиде по своите патишта. Имавме строго професионални односи, но еднаш, во раните утрински часови, ѕвони телефонот. Ми вели еден глас: ‘Ајде, Снешка се пораѓа, треба да ја носиш во болница’. Јас дури се сетам, ми текнува дека неколку недели претходно, разговарајќи за тоа кој ќе ја носи Снешка во болница кога ќе треба да се пораѓа, бидејќи нејзиниот партнер не беше во Скопје, и реков да ми се јави мене. ‘Овие глумците не се озбилни, мене ќе ми се јавиш’, ѝ реков. Тоа беше прв и последен пат да носам глумица на породување“, вели Унковски.
Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје. Дипломирaла на Театарската академија во Белград во 1970. Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Нејзината исклучително плодната актерска кариера брои над седумдесет улоги во матичниот театар и на други театарски сцени. Реализира и многу значајни телевизиски и филмски улоги. Стамеска поседуваше богата актерска емоционална палета, стабилен и логичен израз, како и топол, милозвучен, убедлив глас. Селективна театрографија: Косара (Владимир и Косара, 1971); Злата (Свадба, 1972); Анѓа (Хамлет од Долно Гаштани, 1973); Марија (Војцек, 1973); Арманда (Учени жени, 1973); Рут (Дејството на гама-зраците врз сенишните невени, 1973); Цена (Јане Задрогаз, 1974); Изабелита (Достага на самиот врв на највисоката власт, 1975); Лица (Ослободување на Скопје, 1978); Пандора (Солунски патрдии,1979); Вера (Диво месо, 1979); Вера (Среќна Нова '49, 1985; МНТ); Бабата (Викенд на мртовци, 1985); Зоја (Зојкиниот стан, 1986); Мица (Сили во воздухот, 1988); Мери (Долго патување во ноќта, 1988); Нада (Шуаби ап, 1989); Мајката/ Жената-војник/ Неда/ Кателин (Чернодрински се враќа дома, 1992); Деде Ченс (Дамите од Аламо, 1993); Кејт (Игранка во времето на Лунаса, 1995); Мег (Злостори на срцето, 1995); Сиен (Убиј ме душичке, 1997); Марчелина (Свадбата на Фигаро, 1998); Ана Петровна Војницева (Платонов, 1999); Баба (Војцек, 2002); Бернарда (Домот на Бернарда Алба, 2004); Султана (Лет во место, 2005). Селективна филмографија: Коктел за четворица (1970); Кукла (1973); Жена од малтер (1979); Двојка (1980); Нели ти реков (1984); Солунски патрдии (1985); Трст виа Скопје (1987); Глас (2000). Награди: Златен ловоров венец за најдобро актерско остварување на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС) за улогата на Лица во претставата Ослободување на Скопје (Сараево, 1979); Награда за актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Вера во претставата Среќна Нова '49 (Прилеп, 1985); Награда за најдобро актерско остварување на ревијата Екран за улогата на Зоја во претставата „Зојкиниот стан“ (1987); Награда на Фестивалот Стериино позорје за најдобро актерско остварување за улогата на Мица во претставата „Сили во воздухот“ (Нови Сад, 1989); Награда за најдобро актерско остварување на ревијата „Екран“ за улогата на Ана Петровна Војницева во претставата „Платонов“ (2000); Награда „11 Октомври“ (Скопје, 2002); Награда „Климент Охридски“ (Скопје, 2005).

The post Снешка беше единствената глумица која беше погребана без аплауз, ама таму горе колегите ќе ја дочекаат со овации, рече Силвија Стојановска на комеморацијата за Стамеска appeared first on Република.

]]>
Глумицата Глинис Џонс почина на 100 години https://arhiva3.republika.mk/scena/film/glumitsata-glinis-dhons-pochina-na-100-godini/ Fri, 05 Jan 2024 09:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=729880

Глинис Џонс, можеби најпозната по споредната улога во класиката „Мери Попинс“ од 1964 година, како дамата со британски шарм и мајката - феминистка Винифрд Бенкс, почина на возраст од 100 години.

Глинис Џонс ја достигна јубилејната и престижна „стотка“ само пред неколку месеци. Родена е на 5 октомври 1923 година во Преторија, Јужна Африка, во уметничко семејство. Како мултиталентираната глумица, танчерка, пијанистка и пејачка, Џонс заработи номинација за „Оскар“ за најдобра споредна женска улога во филмот „Бесконечни хоризонти“ (’The Sundowners,’ 1960.) на Фред Зинеман.

Има уште две номинации и две награди за глума - „Лорел“ за споредна улога во „Мери Попинс“ и признанието на американскиот Национален одбор за преглед за „49. паралела“ од 1942 година.

Џонс зад себе има околу 90 филмски и ТВ-остварувања, а се пензионира 1999 година. Таа живеела во Западен Холивуд и починала вчера од природна смрт во дом за изнемоштени во областа, изјави нејзиниот менаџер Мич Клем.

The post Глумицата Глинис Џонс почина на 100 години appeared first on Република.

]]>

Глинис Џонс, можеби најпозната по споредната улога во класиката „Мери Попинс“ од 1964 година, како дамата со британски шарм и мајката - феминистка Винифрд Бенкс, почина на возраст од 100 години. Глинис Џонс ја достигна јубилејната и престижна „стотка“ само пред неколку месеци. Родена е на 5 октомври 1923 година во Преторија, Јужна Африка, во уметничко семејство. Како мултиталентираната глумица, танчерка, пијанистка и пејачка, Џонс заработи номинација за „Оскар“ за најдобра споредна женска улога во филмот „Бесконечни хоризонти“ (’The Sundowners,’ 1960.) на Фред Зинеман. Има уште две номинации и две награди за глума - „Лорел“ за споредна улога во „Мери Попинс“ и признанието на американскиот Национален одбор за преглед за „49. паралела“ од 1942 година. Џонс зад себе има околу 90 филмски и ТВ-остварувања, а се пензионира 1999 година. Таа живеела во Западен Холивуд и починала вчера од природна смрт во дом за изнемоштени во областа, изјави нејзиниот менаџер Мич Клем.

The post Глумицата Глинис Џонс почина на 100 години appeared first on Република.

]]>