глобсек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/globsek/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 14:09:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png глобсек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/globsek/ 32 32 Поранешниот претседател Стево Пендаровски на Глобсек 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-pretsedatel-stevo-pendarovski-na-globsek-2024/ Mon, 02 Sep 2024 15:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=812365

Поранешниот претседателот Стево Пендаровски учествуваше на глобалниот безбедносен форум "Глобсек 2024" кој се оддржува во Прага.

Пендаровски беше дел од панелот "Западниот Балкан на крстосница помеѓу западот и истокот", на кој, покрај него учествуваа и Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешна претседателка на Република Хрватска, Мило Ѓукановиќ, поранешен претседател на Република Црна Гора и Кетрин Ештон, поранешен висок функционер на ЕУ.
Пендаровски зборуваше за генезата на македонските евроинтеграции, при што потенцираше дека проектот за обединета Европа, во целина, последниве години не се одвива со задоволително темпо. Причините за тоа ги лоцираше во недостатокот на стратешка визија во Брисел, како и на незадоволителното темпо на домашни реформи во земјите кандидати за членство. Војната во Украина наметна поинаква стратешка динамика на континентот, што бара од земјите-кандидати, но, посебно од новоизбраните институции на Европската Унија изнаоѓање на модалитети за заокружување на целиот процес во интерес на подобрата иднина на сите народи кои живеат во регионот.

https://www.youtube.com/live/AtK2gwppopk

The post Поранешниот претседател Стево Пендаровски на Глобсек 2024 appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседателот Стево Пендаровски учествуваше на глобалниот безбедносен форум "Глобсек 2024" кој се оддржува во Прага. Пендаровски беше дел од панелот "Западниот Балкан на крстосница помеѓу западот и истокот", на кој, покрај него учествуваа и Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешна претседателка на Република Хрватска, Мило Ѓукановиќ, поранешен претседател на Република Црна Гора и Кетрин Ештон, поранешен висок функционер на ЕУ. Пендаровски зборуваше за генезата на македонските евроинтеграции, при што потенцираше дека проектот за обединета Европа, во целина, последниве години не се одвива со задоволително темпо. Причините за тоа ги лоцираше во недостатокот на стратешка визија во Брисел, како и на незадоволителното темпо на домашни реформи во земјите кандидати за членство. Војната во Украина наметна поинаква стратешка динамика на континентот, што бара од земјите-кандидати, но, посебно од новоизбраните институции на Европската Унија изнаоѓање на модалитети за заокружување на целиот процес во интерес на подобрата иднина на сите народи кои живеат во регионот. https://www.youtube.com/live/AtK2gwppopk

The post Поранешниот претседател Стево Пендаровски на Глобсек 2024 appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Хегер: Да започнат пристапните преговори без одлагање за да се обезбеди стабилноста на регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-heger-da-zapochnat-pristapnite-pregovori-bez-odlaganje-za-da-se-obezbedi-stabilnosta-na-regionot/ Fri, 03 Jun 2022 12:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=510685

На маргините на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 што се одржува во Братислава, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со неговиот колега, премиерот на Словачка Република Едуард Хегер.

На средбата двајцата премиери изразија задоволство од билатералните односи меѓу двете земји кои во последно време дополнително се динамизираат и унапредуваат со отворањето на амбасадата на Република Македонија во Братислава.

Двајцата премиери на средбата истакнаа дека активностите на амбасадата ќе дадат дополнителен поттик за сеопфатен развој на билатерални односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската соработка со Словачка и со земјите членки на Вишеградската група.

Премиерот Ковачевски во разговорот со словачкиот премиер Хегер се заблагодари за континуираните јавни застапувања и изјави на највисоки претставници на Словачката Република за недвосмислената поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ, каква што беше заедничката иницијатива со Чешката Република за блокирањето на усвојувањето на заклучоците на ЕУ во однос на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан кои содржат неприфатливи референци за некои историски прашања.

Премиерите Ковачевски и Хегер се согласија дека е крајно време Македонија и регионот да добијат силна, јасна и кохерентна порака од сите земји членки и институции на ЕУ за почеток на преговорите за членство за да се потврди нивната европска перспектива.

Застојот во процесот на пристапување во ЕУ, беше речено на средбата, предизвикува силни безбедносни ризици, и сега е моментот конзистентните напори на Македонија и Албанија да се препознаат од страна на ЕУ со што побрзо започнување на пристапните преговори без одлагање.

The post Ковачевски – Хегер: Да започнат пристапните преговори без одлагање за да се обезбеди стабилноста на регионот appeared first on Република.

]]>

На маргините на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 што се одржува во Братислава, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со неговиот колега, премиерот на Словачка Република Едуард Хегер. На средбата двајцата премиери изразија задоволство од билатералните односи меѓу двете земји кои во последно време дополнително се динамизираат и унапредуваат со отворањето на амбасадата на Република Македонија во Братислава. Двајцата премиери на средбата истакнаа дека активностите на амбасадата ќе дадат дополнителен поттик за сеопфатен развој на билатерални односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската соработка со Словачка и со земјите членки на Вишеградската група. Премиерот Ковачевски во разговорот со словачкиот премиер Хегер се заблагодари за континуираните јавни застапувања и изјави на највисоки претставници на Словачката Република за недвосмислената поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ, каква што беше заедничката иницијатива со Чешката Република за блокирањето на усвојувањето на заклучоците на ЕУ во однос на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан кои содржат неприфатливи референци за некои историски прашања. Премиерите Ковачевски и Хегер се согласија дека е крајно време Македонија и регионот да добијат силна, јасна и кохерентна порака од сите земји членки и институции на ЕУ за почеток на преговорите за членство за да се потврди нивната европска перспектива. Застојот во процесот на пристапување во ЕУ, беше речено на средбата, предизвикува силни безбедносни ризици, и сега е моментот конзистентните напори на Македонија и Албанија да се препознаат од страна на ЕУ со што побрзо започнување на пристапните преговори без одлагање.

The post Ковачевски – Хегер: Да започнат пристапните преговори без одлагање за да се обезбеди стабилноста на регионот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Пич: Стабилноста и за останатите отворени прашања во регионот е поврзана со интеграцијата на Македонија во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pich-stabilnosta-i-za-ostanatite-otvoreni-prashanja-vo-regionot-e-povrzana-so-integracijata-na-severna-makedonija-vo-eu/ Fri, 03 Jun 2022 12:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=510654

Како дел од својата дополнителна агенда за време на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 во Братислава, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски се сретна со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека честите контакти со специјалниот пратеник Пич се резултат на засилениот ангажман на Обединетото Кралство на Западен Балкан и за промовирање на прашањата за регионалната безбедност и поддршка на демократските општества за стабилен и просперитетен регион.

За време на разговорот беше потенцирано дека целосно интегриран Западен Балкан не е само политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, туку и геостратешка инвестиција во стабилен и просперитетен регион и дека во таа насока отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија е клучно за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања како што се дијалогот Белград - Приштина и ситуацијата во Босна и Херцеговина.

Истовремено, рече на средбата премиерот Ковачевски, средбите со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич се поттик и за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Ковачевски, во негово име и во име на Владата и народот, изрази задоволство што Македонија беше првата земја од Европа што го одржа првиот состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка со Обединетото Кралство, со цел да се обезбеди непречен и континуиран развој на блиската соработка меѓу двете земји, особено во деловната соработка.

The post Ковачевски – Пич: Стабилноста и за останатите отворени прашања во регионот е поврзана со интеграцијата на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Како дел од својата дополнителна агенда за време на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 во Братислава, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски се сретна со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич. Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека честите контакти со специјалниот пратеник Пич се резултат на засилениот ангажман на Обединетото Кралство на Западен Балкан и за промовирање на прашањата за регионалната безбедност и поддршка на демократските општества за стабилен и просперитетен регион. За време на разговорот беше потенцирано дека целосно интегриран Западен Балкан не е само политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, туку и геостратешка инвестиција во стабилен и просперитетен регион и дека во таа насока отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија е клучно за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања како што се дијалогот Белград - Приштина и ситуацијата во Босна и Херцеговина. Истовремено, рече на средбата премиерот Ковачевски, средбите со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство Стјуарт Пич се поттик и за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Ковачевски, во негово име и во име на Владата и народот, изрази задоволство што Македонија беше првата земја од Европа што го одржа првиот состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка со Обединетото Кралство, со цел да се обезбеди непречен и континуиран развој на блиската соработка меѓу двете земји, особено во деловната соработка.

The post Ковачевски – Пич: Стабилноста и за останатите отворени прашања во регионот е поврзана со интеграцијата на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>
„Безрезервна поддршка за Украина и украинскиот народ“: Ковачевски се сретна со вицепремиерка Стефанишина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bezrezervna-poddrshka-za-ukraina-i-ukrainskiot-narod-kovachevski-se-sretna-so-vicepremierka-stefanishina/ Thu, 02 Jun 2022 15:58:58 +0000 https://republika.mk/?p=510311

Како дел од активностите предвидени за време на учеството на конференцијата за безбедност ГлобСек Братислава 2022, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше билатерална средба со вицепремиерката на Украина, задолжена за европска и евроатлантска интеграција Олха Стефанишина, соопшти владината прес-служба.

На средбата премиерот Ковачевски ја осуди воената агресија на Руската Федерација на Украина и ја истакна цврстата поддршка на Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници пред 2014 година.

Ковачевски на средбата со украинската вицепремиерка Стефанишина изрази почит за храбрата одбрана на Украина и херојскиот отпор на народот на оваа земја во одбраната на својата земја.

Премиерот Ковачевски ја реафирмираше подготвеноста на Македонија за целосна политичка и практична поддршка за помош на Украина и во таа насока ја посочи одлуката за повторното отворање на нашата амбасада во Киев како уште еден знак за солидарноста со Украина и за одржување на билатералните односи и во услови на војна.

Македонија, рече Ковачевски на средбата со вицепремиерката Стефанишина, им се приклучи на напорите предводени од ЕУ за организирање ефикасна хуманитарна помош преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ и е подготвена да ги прифати и засолни сите на кои им е потребна заштита, кои бегаат од војната во Украина.

Ковачевски уште додаде дека Македонија целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и се вклучи во пакетот санкции против Русија, како и во поддршката на Украина во случајот против Русија пред Меѓународниот суд на правдата.

Претседателот на Владата Ковачевски потенцираше дека Македонија како најмлада земја-членка на НАТО, е силно посветена на политиката на отворени врати на Алијансата заснована на заслуги и е подготвена да ја поддржи Украина со нашето искуство и експертиза од нашиот процес на евроатлантска интеграција.

Двете земји, беше споделено од соговорниците на средбата, од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година имаат многу добри билатерални односи за кои беше истакнато дека останува интересот после војната да бидат унапредени со огромниот потенцијал за соработка на различни полиња.

Премиерот Ковачевски на средбата ја прифати поканата на вицепремиерката на Украина, задолжена за европска и евроатлантска интеграција Олха Стефанишина, да го посети главниот град на Украина Киев, се вели во соопштението од владината прес-служба.

The post „Безрезервна поддршка за Украина и украинскиот народ“: Ковачевски се сретна со вицепремиерка Стефанишина appeared first on Република.

]]>

Како дел од активностите предвидени за време на учеството на конференцијата за безбедност ГлобСек Братислава 2022, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше билатерална средба со вицепремиерката на Украина, задолжена за европска и евроатлантска интеграција Олха Стефанишина, соопшти владината прес-служба. На средбата премиерот Ковачевски ја осуди воената агресија на Руската Федерација на Украина и ја истакна цврстата поддршка на Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници пред 2014 година. Ковачевски на средбата со украинската вицепремиерка Стефанишина изрази почит за храбрата одбрана на Украина и херојскиот отпор на народот на оваа земја во одбраната на својата земја. Премиерот Ковачевски ја реафирмираше подготвеноста на Македонија за целосна политичка и практична поддршка за помош на Украина и во таа насока ја посочи одлуката за повторното отворање на нашата амбасада во Киев како уште еден знак за солидарноста со Украина и за одржување на билатералните односи и во услови на војна. Македонија, рече Ковачевски на средбата со вицепремиерката Стефанишина, им се приклучи на напорите предводени од ЕУ за организирање ефикасна хуманитарна помош преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ и е подготвена да ги прифати и засолни сите на кои им е потребна заштита, кои бегаат од војната во Украина. Ковачевски уште додаде дека Македонија целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и се вклучи во пакетот санкции против Русија, како и во поддршката на Украина во случајот против Русија пред Меѓународниот суд на правдата. Претседателот на Владата Ковачевски потенцираше дека Македонија како најмлада земја-членка на НАТО, е силно посветена на политиката на отворени врати на Алијансата заснована на заслуги и е подготвена да ја поддржи Украина со нашето искуство и експертиза од нашиот процес на евроатлантска интеграција. Двете земји, беше споделено од соговорниците на средбата, од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година имаат многу добри билатерални односи за кои беше истакнато дека останува интересот после војната да бидат унапредени со огромниот потенцијал за соработка на различни полиња. Премиерот Ковачевски на средбата ја прифати поканата на вицепремиерката на Украина, задолжена за европска и евроатлантска интеграција Олха Стефанишина, да го посети главниот град на Украина Киев, се вели во соопштението од владината прес-служба.

The post „Безрезервна поддршка за Украина и украинскиот народ“: Ковачевски се сретна со вицепремиерка Стефанишина appeared first on Република.

]]>