глобално затоплување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/globalno-zatopluvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 10:09:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png глобално затоплување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/globalno-zatopluvanje/ 32 32 Извештај на ОН: Светот се движи кон двојно повисоко глобално затоплување од целта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izveshtaj-na-on-svetot-se-dvizhi-kon-dvojno-povisoko-globalno-zatopluvane-od-tselta/ Thu, 31 Oct 2024 10:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=832705

Нов извештај на Обединетите нации открива дека светот ќе се загрее за двојно повеќе од целта од 1,5 степени Целзиусови утврдена со Парискиот договор, доколку земјите не успеат да ги намалат емисиите на стакленички гасови.

Глобалните температури ќе се зголемат за 3,1 степен Целзиусов над прединдустриските нивоа до 2100 година ако не се постават поамбициозни климатски цели и ако луѓето не ги променат своите навики, предупредува новиот извештај на Обединетите нации. Вакво ниво на затоплување е двојно повеќе од целта од 1,5 степени утврдена со Парискиот договор од 2015 година — правно обврзувачки договор за климатски промени, потпишан од 196 држави, што би го довело светот до климатска катастрофа.

Тековното ниво на затоплување предизвикано од човекот е околу 1,3 степени над прединдустриските нивоа, што значи дека границата од 1,5 степени би можела да се достигне за помалку од една деценија, според годишниот извештај на ОН, кој го нагласува јазот меѓу обврските на земјите и намалувањето на емисиите на стакленички гасови потребно за да се избегне климатски колапс.

Извештајот покажува дека годишните емисии на стакленички гасови достигнале рекордни нивоа, зголемени за 1,3 отсто во минатата година, и мораат да се намалат за 9 отсто секоја година до 2030 за да се ограничи зголемувањето на глобалната температура на 1,5 степени и да се избегнат најлошите климатски промени, пренесува „Лајв Сајенс“.

Глобалните емисии на стакленички гасови достигнаа 63 гигатони „еквиваленти на јаглерод диоксид“ во 2023 година, што е за 0,8 гигатони — или 1,3 отсто — повеќе од нивото во 2022 година, се наведува во извештајот. Оваа стапка на зголемување ги надминува оние што беа забележани пред пандемијата, меѓу 2010 и 2019 година, кога порастот во просек изнесуваше 0,8 отсто годишно. Надежите за постигнување на целта од 1,5 степени зависат од тоа дали земјите колективно ќе ги намалат годишните емисии на стакленички гасови за 42 отсто до 2030 година и потоа за 57 отсто до 2035 година. Но, реалноста е дека сегашните ветувања за идни акции не се доволно драстични за да ги ублажат најтешките последици од климатските промени.

The post Извештај на ОН: Светот се движи кон двојно повисоко глобално затоплување од целта appeared first on Република.

]]>

Нов извештај на Обединетите нации открива дека светот ќе се загрее за двојно повеќе од целта од 1,5 степени Целзиусови утврдена со Парискиот договор, доколку земјите не успеат да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Глобалните температури ќе се зголемат за 3,1 степен Целзиусов над прединдустриските нивоа до 2100 година ако не се постават поамбициозни климатски цели и ако луѓето не ги променат своите навики, предупредува новиот извештај на Обединетите нации. Вакво ниво на затоплување е двојно повеќе од целта од 1,5 степени утврдена со Парискиот договор од 2015 година — правно обврзувачки договор за климатски промени, потпишан од 196 држави, што би го довело светот до климатска катастрофа. Тековното ниво на затоплување предизвикано од човекот е околу 1,3 степени над прединдустриските нивоа, што значи дека границата од 1,5 степени би можела да се достигне за помалку од една деценија, според годишниот извештај на ОН, кој го нагласува јазот меѓу обврските на земјите и намалувањето на емисиите на стакленички гасови потребно за да се избегне климатски колапс. Извештајот покажува дека годишните емисии на стакленички гасови достигнале рекордни нивоа, зголемени за 1,3 отсто во минатата година, и мораат да се намалат за 9 отсто секоја година до 2030 за да се ограничи зголемувањето на глобалната температура на 1,5 степени и да се избегнат најлошите климатски промени, пренесува „Лајв Сајенс“. Глобалните емисии на стакленички гасови достигнаа 63 гигатони „еквиваленти на јаглерод диоксид“ во 2023 година, што е за 0,8 гигатони — или 1,3 отсто — повеќе од нивото во 2022 година, се наведува во извештајот. Оваа стапка на зголемување ги надминува оние што беа забележани пред пандемијата, меѓу 2010 и 2019 година, кога порастот во просек изнесуваше 0,8 отсто годишно. Надежите за постигнување на целта од 1,5 степени зависат од тоа дали земјите колективно ќе ги намалат годишните емисии на стакленички гасови за 42 отсто до 2030 година и потоа за 57 отсто до 2035 година. Но, реалноста е дека сегашните ветувања за идни акции не се доволно драстични за да ги ублажат најтешките последици од климатските промени.

The post Извештај на ОН: Светот се движи кон двојно повисоко глобално затоплување од целта appeared first on Република.

]]>
Проценките на ОН покажуваат дека Ел Нињо ќе трае до 2024 година со екстра обилни врнежи во Јужна Америка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/protsenkite-na-on-pokazhuvaat-deka-el-nino-ke-trae-do-2024-godina-so-ekstra-obilni-vrnezhi-vo-juzhna-amerika/ Fri, 20 Oct 2023 15:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=693378

Според најновите проценки на ОН, метеоролошкиот феномен Ел Нињо ќе трае најмалку до средината на 2024 година, со невообичаено поројни врнежи во Јужна Америка и ризици за земјоделството.

Температурите на површината на Тихиот Океан нагло се зголемија во последните месеци, а затоплувањето е посилно долж брегот на Јужна Америка“, се вели во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), во кој имале увид западни медиуми.

Проценките за првиот квартал од 2024 година покажуваат невообичаено големо количество врнежи во Перу и Еквадор и во Мексико, но и истовремена континуирана суша во Бразил, Гвајана и Суринам.

Тековниот сушен период во Централна Америка, сепак, треба да трае само до крајот на годината, покажуваат проценките на ФАО.

Прогнозираните временски услови се најголемата закана за земјоделството, вклучувајќи ги земјоделските култури, сточарството, шумарството и рибарството, бидејќи може да апсорбира само 26 отсто од економските загуби за време на периоди на екстремни временски услови и 82 отсто за време на суши“, посочува ФАО.

Ел Нињо и неговиот спротивен временски феномен Ла Ниња го намалија производството на клучните земјоделски култури во Јужна Америка, како што се пченицата, оризот и пченката.

Агенцијата на ОН објави дека усвоила план кој треба да мобилизира финансиски ресурси за ранливите заедници во неколку земји погодени од екстремни временски услови.

The post Проценките на ОН покажуваат дека Ел Нињо ќе трае до 2024 година со екстра обилни врнежи во Јужна Америка appeared first on Република.

]]>

Според најновите проценки на ОН, метеоролошкиот феномен Ел Нињо ќе трае најмалку до средината на 2024 година, со невообичаено поројни врнежи во Јужна Америка и ризици за земјоделството.
Температурите на површината на Тихиот Океан нагло се зголемија во последните месеци, а затоплувањето е посилно долж брегот на Јужна Америка“, се вели во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), во кој имале увид западни медиуми.
Проценките за првиот квартал од 2024 година покажуваат невообичаено големо количество врнежи во Перу и Еквадор и во Мексико, но и истовремена континуирана суша во Бразил, Гвајана и Суринам. Тековниот сушен период во Централна Америка, сепак, треба да трае само до крајот на годината, покажуваат проценките на ФАО.
Прогнозираните временски услови се најголемата закана за земјоделството, вклучувајќи ги земјоделските култури, сточарството, шумарството и рибарството, бидејќи може да апсорбира само 26 отсто од економските загуби за време на периоди на екстремни временски услови и 82 отсто за време на суши“, посочува ФАО.
Ел Нињо и неговиот спротивен временски феномен Ла Ниња го намалија производството на клучните земјоделски култури во Јужна Америка, како што се пченицата, оризот и пченката. Агенцијата на ОН објави дека усвоила план кој треба да мобилизира финансиски ресурси за ранливите заедници во неколку земји погодени од екстремни временски услови.

The post Проценките на ОН покажуваат дека Ел Нињо ќе трае до 2024 година со екстра обилни врнежи во Јужна Америка appeared first on Република.

]]>
Рекордно затоплување на океаните и топење на глечерите: Нивото на морињата расте двојно побрзо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rekordno-zatopluvane-na-okeanite-i-topene-na-glecherite-nivoto-na-morinata-raste-dvojno-pobrzo/ Fri, 21 Apr 2023 15:13:06 +0000 https://republika.mk/?p=632821

Нивото на морињата во светот расте двојно побрзо отколку во првата декада од мерењето, во периодот од 1993 до 2002 година, а минатата година достигнало рекордна бројка, соопшти Светската метеоролошка организација.

Топењето на големите глечери и рекордното затоплување на океаните, што зголемување на новото на морињата, придонело за просечно зголемување на водата за 4,62 сантиметри меѓу 2013 и 2022 година, соопшти агенцијата на ОН за борба против климатските промени.

Тоа е вкупно зголемување за 10 сантиметри од почетокот на деведесеттите години на минатиот век.

The post Рекордно затоплување на океаните и топење на глечерите: Нивото на морињата расте двојно побрзо appeared first on Република.

]]>

Нивото на морињата во светот расте двојно побрзо отколку во првата декада од мерењето, во периодот од 1993 до 2002 година, а минатата година достигнало рекордна бројка, соопшти Светската метеоролошка организација. Топењето на големите глечери и рекордното затоплување на океаните, што зголемување на новото на морињата, придонело за просечно зголемување на водата за 4,62 сантиметри меѓу 2013 и 2022 година, соопшти агенцијата на ОН за борба против климатските промени. Тоа е вкупно зголемување за 10 сантиметри од почетокот на деведесеттите години на минатиот век.

The post Рекордно затоплување на океаните и топење на глечерите: Нивото на морињата расте двојно побрзо appeared first on Република.

]]>
Гутереш: Светот треба да се спаси од глобалното затоплување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-svetot-treba-da-se-spasi-od-globalnoto-zatopluvanje/ Thu, 17 Nov 2022 20:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=575125

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутерш денеска предупреди дека преговарачите на климатскиот Самит КОП27 во Египет мора да ја надминат „урнатата доверба“ помеѓу богатите и сиромашните земји за да постигнат договор со кој би се спасил светот од најлошото глобално затоплување.

Тој додаде дека глобалните емисии се на највисоко ниво во историјата и оти и понатаму се во пораст.

Едно од прашањата за кое има несогласувања на Самитот КОП27 е дали треба да се формира фонд за компензација на сиромашните држави од климатските промени. Богатите држави, меѓу кои и САД се против формирање на таков фонд.

Гутереш упати апел до развиените земји да го исполнат ветувањето со кое ќе се обезбедат 100 милијарди долари годишно за помош на сиромашните држави да се приспособат на климатските промени и да преминат на чиста енергија.

Тој, исто така, ги повика земјите да направат повеќе за намалување на штетните емисии со цел да се постигне меѓународната цел поставена на минатите климатски самити – да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, вклучително и да се ограничи употребата на фосилни горива.

The post Гутереш: Светот треба да се спаси од глобалното затоплување appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутерш денеска предупреди дека преговарачите на климатскиот Самит КОП27 во Египет мора да ја надминат „урнатата доверба“ помеѓу богатите и сиромашните земји за да постигнат договор со кој би се спасил светот од најлошото глобално затоплување. Тој додаде дека глобалните емисии се на највисоко ниво во историјата и оти и понатаму се во пораст. Едно од прашањата за кое има несогласувања на Самитот КОП27 е дали треба да се формира фонд за компензација на сиромашните држави од климатските промени. Богатите држави, меѓу кои и САД се против формирање на таков фонд. Гутереш упати апел до развиените земји да го исполнат ветувањето со кое ќе се обезбедат 100 милијарди долари годишно за помош на сиромашните држави да се приспособат на климатските промени и да преминат на чиста енергија. Тој, исто така, ги повика земјите да направат повеќе за намалување на штетните емисии со цел да се постигне меѓународната цел поставена на минатите климатски самити – да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, вклучително и да се ограничи употребата на фосилни горива.

The post Гутереш: Светот треба да се спаси од глобалното затоплување appeared first on Република.

]]>
Ни се заканува нова пандемија, eве од каде ќе дојде https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ni-se-zakanuva-nova-pandemija-eve-od-kade-kje-dojde/ Sun, 23 Oct 2022 14:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=564678

Следната пандемија  нема да ја донесат лилјаците или птиците, туку она што се крие во мразот што се топи на Арктикот, пишува „Гардијан“. Научниците ја анализираа почвата и седиментните наслаги на поларното Арктичко Езеро Хазен, кое прима вода од многу глечери

Научниците открија ДНК и РНК на веќе познати вируси во примероците, изградија алгоритам и заклучија дека поради топењето на глечерите се зголемува веројатноста вирусите да добијат пристап до нови носители.

Поради глобалното затоплување, вирусите и бактериите кои претходно биле заробени во вечниот мраз можат повторно да се разбудат и да ги заразат локалните животни.
Авторот на текстот потсетува дека во 2016 година, на северот на Сибир избувна епидемија на антракс, веројатно затоа што се стопи скелетот на заразен елен.

Други истражувања покажуваат дека во мразот може да се кријат вируси за кои луѓето сè уште не знаат. Пред една година, научниците од САД открија 33 вируси во примероци од Тибет, од кои 28 беа непознати за луѓето. Нивната возраст се проценува на 15.000 години.

Во 2014 година, француските научници успеаја да оживеат вирус од сибирскиот вечен мраз и тој повторно стана заразен по 30.000 години. Според авторите на таа студија, топењето на мразот е „рецепт за катастрофа“.

Сепак, експертите предупредуваат: да се предвиди ризикот од пандемија не е исто како да се предвидува пандемија. Сè додека вирусот и неговиот претходен носител не постојат на едно место во исто време, опасноста од драматични настани не е толку голема.

Глобалното затоплување ќе го промени животот на постоечките животински видови, па не е познато дали вирусот може да го промени домаќинот што му е потребен.

- Сега се очигледни две работи. Прво, Арктикот брзо се загрева и главниот ризик за човештвото доаѓа од неговото влијание врз нашата клима. Второ, болестите од други места навлегуваат во чувствителните заедници и екосистеми на Арктикот - велат научниците.

The post Ни се заканува нова пандемија, eве од каде ќе дојде appeared first on Република.

]]>

Следната пандемија  нема да ја донесат лилјаците или птиците, туку она што се крие во мразот што се топи на Арктикот, пишува „Гардијан“. Научниците ја анализираа почвата и седиментните наслаги на поларното Арктичко Езеро Хазен, кое прима вода од многу глечери Научниците открија ДНК и РНК на веќе познати вируси во примероците, изградија алгоритам и заклучија дека поради топењето на глечерите се зголемува веројатноста вирусите да добијат пристап до нови носители. Поради глобалното затоплување, вирусите и бактериите кои претходно биле заробени во вечниот мраз можат повторно да се разбудат и да ги заразат локалните животни. Авторот на текстот потсетува дека во 2016 година, на северот на Сибир избувна епидемија на антракс, веројатно затоа што се стопи скелетот на заразен елен. Други истражувања покажуваат дека во мразот може да се кријат вируси за кои луѓето сè уште не знаат. Пред една година, научниците од САД открија 33 вируси во примероци од Тибет, од кои 28 беа непознати за луѓето. Нивната возраст се проценува на 15.000 години. Во 2014 година, француските научници успеаја да оживеат вирус од сибирскиот вечен мраз и тој повторно стана заразен по 30.000 години. Според авторите на таа студија, топењето на мразот е „рецепт за катастрофа“. Сепак, експертите предупредуваат: да се предвиди ризикот од пандемија не е исто како да се предвидува пандемија. Сè додека вирусот и неговиот претходен носител не постојат на едно место во исто време, опасноста од драматични настани не е толку голема. Глобалното затоплување ќе го промени животот на постоечките животински видови, па не е познато дали вирусот може да го промени домаќинот што му е потребен.

- Сега се очигледни две работи. Прво, Арктикот брзо се загрева и главниот ризик за човештвото доаѓа од неговото влијание врз нашата клима. Второ, болестите од други места навлегуваат во чувствителните заедници и екосистеми на Арктикот - велат научниците.

The post Ни се заканува нова пандемија, eве од каде ќе дојде appeared first on Република.

]]>
Глобалното затоплување е закана дури и за кактусите: До 90% се во опасност од исчезнување https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/globalnoto-zatopluvanje-e-zakana-duri-i-za-kaktusite-do-90-se-vo-opasnost-od-ischeznuvanje/ Tue, 03 May 2022 20:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=496796

Шеесет проценти од видовите кактуси ќе се најдат во помалку гостопримливи клими во наредните децении, бидејќи глобалното затоплување ќе се интензивира, покажува новото истражување кое го доведува во прашање општото верување дека овие пустински растенија ќе напредуваат кога ќе бидат потопло.

До 2070 година, до 90 отсто од видовите кактуси би можеле да бидат загрозени со исчезнување поради климатските промени, губењето на живеалиштата и други причини за стрес, три пати повеќе отколку сега, истакнуваат научниците во написот објавен во списанието „Nature Plants“.

Речиси 1.500 видови кактуси кои се раширени низ американскиот континент живеат во различни климатски услови, од пустини во низините до високите Анди, од екстремно суви екосистеми до влажни тропски шуми.

Песимистичка иднина

Жешките точки за биолошка разновидност со многу видови кактуси со многу примероци го вклучуваат централно Мексико и Бразилската Атлантска Шума.

За да тестираат дали кактусите ќе имаат корист за потопол свет со повеќе суши, научниците предводени од Мајкл Пилет од Универзитетот во Аризона проучувале податоци за повеќе од 400 видови и тестирале модели кои покажуваат како би можеле да бидат во средината на векот и подоцна во различни сценарија, кога станува збор за ефектот на стаклена градина.

Наодите од истражувањето укажуваат на „попесимистичка иднина“.

Главната закана за кактусите во моментов е проширувањето на земјоделството, што предизвикува уништување на почвата, губење на биодиверзитетот и нивно собирање за различни намени.

Дури и без климатските промени, кактусите се „една од најзагрозените групи организми на планетата“, истакнуваат научниците, предупредувајќи дека повеќе од 30 отсто од видовите кактуси се во опасност од исчезнување.

Тешка фотосинтеза

Според умерено сценарио, кога станува збор за ефектот на стаклена градина во согласност со сегашните политики, и глобалното затоплување наскоро ќе биде значајна закана.

Нашите резултати сугерираат дека климатските промени ќе станат главен двигател на ризикот од исчезнување кога се во прашање кактусите, а 60 до 90 отсто од видовите опфатени со истражувањето негативно ќе бидат погодени од глобалното затоплување - посочуваат научниците.

За четири до пет децении, речиси 25 проценти од видовите кактуси може да се најдат во клима на која не се навикнати.

Претходните истражувања покажаа дека фотосинтезата е потешка ако глобалната температура се зголеми за само 2 степени Целзиусови.

Просечната температура на површината на Земјата, вклучувајќи ги и океаните, веќе е за 1,1 Целзиусов степен повисока отколку во индустриската ера, а само на копно е повисока за околу 1,7 степени.

The post Глобалното затоплување е закана дури и за кактусите: До 90% се во опасност од исчезнување appeared first on Република.

]]>

Шеесет проценти од видовите кактуси ќе се најдат во помалку гостопримливи клими во наредните децении, бидејќи глобалното затоплување ќе се интензивира, покажува новото истражување кое го доведува во прашање општото верување дека овие пустински растенија ќе напредуваат кога ќе бидат потопло. До 2070 година, до 90 отсто од видовите кактуси би можеле да бидат загрозени со исчезнување поради климатските промени, губењето на живеалиштата и други причини за стрес, три пати повеќе отколку сега, истакнуваат научниците во написот објавен во списанието „Nature Plants“. Речиси 1.500 видови кактуси кои се раширени низ американскиот континент живеат во различни климатски услови, од пустини во низините до високите Анди, од екстремно суви екосистеми до влажни тропски шуми.

Песимистичка иднина

Жешките точки за биолошка разновидност со многу видови кактуси со многу примероци го вклучуваат централно Мексико и Бразилската Атлантска Шума. За да тестираат дали кактусите ќе имаат корист за потопол свет со повеќе суши, научниците предводени од Мајкл Пилет од Универзитетот во Аризона проучувале податоци за повеќе од 400 видови и тестирале модели кои покажуваат како би можеле да бидат во средината на векот и подоцна во различни сценарија, кога станува збор за ефектот на стаклена градина. Наодите од истражувањето укажуваат на „попесимистичка иднина“. Главната закана за кактусите во моментов е проширувањето на земјоделството, што предизвикува уништување на почвата, губење на биодиверзитетот и нивно собирање за различни намени. Дури и без климатските промени, кактусите се „една од најзагрозените групи организми на планетата“, истакнуваат научниците, предупредувајќи дека повеќе од 30 отсто од видовите кактуси се во опасност од исчезнување.

Тешка фотосинтеза

Според умерено сценарио, кога станува збор за ефектот на стаклена градина во согласност со сегашните политики, и глобалното затоплување наскоро ќе биде значајна закана.
Нашите резултати сугерираат дека климатските промени ќе станат главен двигател на ризикот од исчезнување кога се во прашање кактусите, а 60 до 90 отсто од видовите опфатени со истражувањето негативно ќе бидат погодени од глобалното затоплување - посочуваат научниците.
За четири до пет децении, речиси 25 проценти од видовите кактуси може да се најдат во клима на која не се навикнати. Претходните истражувања покажаа дека фотосинтезата е потешка ако глобалната температура се зголеми за само 2 степени Целзиусови. Просечната температура на површината на Земјата, вклучувајќи ги и океаните, веќе е за 1,1 Целзиусов степен повисока отколку во индустриската ера, а само на копно е повисока за околу 1,7 степени.

The post Глобалното затоплување е закана дури и за кактусите: До 90% се во опасност од исчезнување appeared first on Република.

]]>
Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/segashnoto-globalno-zatopluvanje-e-najsilno-vo-poslednite-200-iljadi-godini/ Mon, 14 Feb 2022 07:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=458135

Глобалното затоплување, кое се забележува сега, е најсилното во последните 200.000 години, изјави Петри Талас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација (СМО).

Според него, настаните во последните 100 години се единствени. – Почнавме да ги користиме фосилните ресурси на планетата – нафтата и гасот – и тоа доведе до зголемени емисии на јаглерод диоксид во атмосферата, како што се стакленички гасови кои ја зголемуваат температурата во долниот дел од атмосферата. Толку многу затоплување немало во последните 200.000 години. Постојат многу јасни научни докази дека тоа не би било можно без интензивното согорување на јаглен, нафта и гас, објаснува Талас.

Воедно, тој побара да не се мешаат поимите „климатски промени“ со „флуктуација на времето. – Промените на времето се случуваат од година во година, ден по ден, секоја недела. Набљудуваме метеоролошки аномалии: понекогаш во некој регион сезоната е многу студена во споредба со претходната година, а понекогаш е многу потопла од претходната година. Но, мораме да ги следиме глобални и регионални статистики, рече генералниот секретар на СМО, посочувајќи на природните флуктуации како што е природниот феномен Ел Нињо.

Тој направи аналогија со употребата на допинг во спортот. – Овие флуктуации влијаат на температурите на океаните, како и на просечните глобални температури. Гледајќи ги овие аномалии, на ум ми доаѓа споредбата со светот на спортот. Земете ги, на пример, скијачите кои покажуваат забележителни резултати, а кога се користи допинг, тие ќе покажат уште подобри резултати. Ја „допингувавме“ атмосферата и таа стана побрза. Затоа сме сведоци на екстремни температури, силни поплави, суши и тропски бури, појасни Талас.

The post Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години appeared first on Република.

]]>

Глобалното затоплување, кое се забележува сега, е најсилното во последните 200.000 години, изјави Петри Талас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација (СМО). Според него, настаните во последните 100 години се единствени. – Почнавме да ги користиме фосилните ресурси на планетата – нафтата и гасот – и тоа доведе до зголемени емисии на јаглерод диоксид во атмосферата, како што се стакленички гасови кои ја зголемуваат температурата во долниот дел од атмосферата. Толку многу затоплување немало во последните 200.000 години. Постојат многу јасни научни докази дека тоа не би било можно без интензивното согорување на јаглен, нафта и гас, објаснува Талас. Воедно, тој побара да не се мешаат поимите „климатски промени“ со „флуктуација на времето. – Промените на времето се случуваат од година во година, ден по ден, секоја недела. Набљудуваме метеоролошки аномалии: понекогаш во некој регион сезоната е многу студена во споредба со претходната година, а понекогаш е многу потопла од претходната година. Но, мораме да ги следиме глобални и регионални статистики, рече генералниот секретар на СМО, посочувајќи на природните флуктуации како што е природниот феномен Ел Нињо. Тој направи аналогија со употребата на допинг во спортот. – Овие флуктуации влијаат на температурите на океаните, како и на просечните глобални температури. Гледајќи ги овие аномалии, на ум ми доаѓа споредбата со светот на спортот. Земете ги, на пример, скијачите кои покажуваат забележителни резултати, а кога се користи допинг, тие ќе покажат уште подобри резултати. Ја „допингувавме“ атмосферата и таа стана побрза. Затоа сме сведоци на екстремни температури, силни поплави, суши и тропски бури, појасни Талас.

The post Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години appeared first on Република.

]]>
Ледената покривка на Гренланд загубила 4.700 милијарди тони мраз, количество што би ги покрило САД со пола метар вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/ledenata-pokrivka-na-grenland-zagubila-4-700-milijardi-toni-mraz-kolichestvo-shto-bi-gi-pokrilo-sad-so-pola-metar-voda/ Wed, 02 Feb 2022 10:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=452867

Огромната ледена покривка на Гренланд изгубила 4.700 милијарди тони мраз за 20 години, што предизвикува зголемување на нивото на океаните за 1,2 сантиметри, покажуваат новите податоци од данско истражување на Арктикот, објавено оваа недела.

Тој волумен на стопен мраз, кој би ја покрил површината на САД со половина метар вода, е особено важен за брегот на Гренланд, покажува истражувањето засновано на сателитско следење на програмата „Грејс“.

Од почетокот на мерењата во април 2002 година, ледената покривка на Гренланд изгуби околу 4.700 гигатони мраз. Податоците покажуваат дека најголем дел од загубата на мразот се случува на рабовите на ледената покривка, каде што мразот се повлекува, дека ледените фронтови се повлекуваат во фјордовите и на копно, како и дека топењето е посилно на површината на мразот - објави „Полар Портал“ (Polar Portal), чадор организација на данските институти за Арктикот.

Според овие податоци, особено е погоден западниот брег на Гренланд.

Глобалното затоплување е особено алармантно на Арктикот, каде што во последните децении е три до четири пати побрзо отколку во останатиот дел на светот, покажуваат најновите научни истражувања.

Според истражување што го објави НАСА кон крајот на јануари, забрзаното топење на мразот во близина на брегот се должи на затоплувањето на Арктичкиот океан, што придонесува „барем како и површинскиот воздух“ за намалување на ледената покривка.

Топењето на мразот на Гренланд моментално е главната причина за зголемувањето на нивото на океаните на Земјата. Според НАСА, глечерите на Гренланд се повлекуваат шест до седум пати побрзо отколку пред 25 години.

Според климатолозите, на Гренланд има толку многу мраз што доколку се стопи целиот, нивото на океаните би можело да се зголеми за повеќе од седум метри.

The post Ледената покривка на Гренланд загубила 4.700 милијарди тони мраз, количество што би ги покрило САД со пола метар вода appeared first on Република.

]]>

Огромната ледена покривка на Гренланд изгубила 4.700 милијарди тони мраз за 20 години, што предизвикува зголемување на нивото на океаните за 1,2 сантиметри, покажуваат новите податоци од данско истражување на Арктикот, објавено оваа недела. Тој волумен на стопен мраз, кој би ја покрил површината на САД со половина метар вода, е особено важен за брегот на Гренланд, покажува истражувањето засновано на сателитско следење на програмата „Грејс“.
Од почетокот на мерењата во април 2002 година, ледената покривка на Гренланд изгуби околу 4.700 гигатони мраз. Податоците покажуваат дека најголем дел од загубата на мразот се случува на рабовите на ледената покривка, каде што мразот се повлекува, дека ледените фронтови се повлекуваат во фјордовите и на копно, како и дека топењето е посилно на површината на мразот - објави „Полар Портал“ (Polar Portal), чадор организација на данските институти за Арктикот.
Според овие податоци, особено е погоден западниот брег на Гренланд. Глобалното затоплување е особено алармантно на Арктикот, каде што во последните децении е три до четири пати побрзо отколку во останатиот дел на светот, покажуваат најновите научни истражувања. Според истражување што го објави НАСА кон крајот на јануари, забрзаното топење на мразот во близина на брегот се должи на затоплувањето на Арктичкиот океан, што придонесува „барем како и површинскиот воздух“ за намалување на ледената покривка. Топењето на мразот на Гренланд моментално е главната причина за зголемувањето на нивото на океаните на Земјата. Според НАСА, глечерите на Гренланд се повлекуваат шест до седум пати побрзо отколку пред 25 години. Според климатолозите, на Гренланд има толку многу мраз што доколку се стопи целиот, нивото на океаните би можело да се зголеми за повеќе од седум метри.

The post Ледената покривка на Гренланд загубила 4.700 милијарди тони мраз, количество што би ги покрило САД со пола метар вода appeared first on Република.

]]>