Глигоров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gligorov/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Jan 2023 13:01:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Глигоров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gligorov/ 32 32 Ангелова: Бараме Арсовска да го разреши Глигоров, постои опасност тој да го повтори насилството https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/angelova-barame-arsovska-da-go-razreshi-gligorov-postoi-opasnost-toj-da-go-povtori-nasilstvoto/ Sun, 15 Jan 2023 13:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=597118

Трет ден молк од Зоран Глигоров за фрапирачките сознанија за вршење на семејно насилство. Дополнително, бараме од институциите конечно да покажат дека може да се обезбеди функционирање на секој сегмент на правната држава, особено кога се во прашање наводите за сторени насилни дејанија од страна на именувани функционери, рече на денешната прес конференција Емилија Ангелова, советник во Советот на Град Скопје.

Институциите се одговорни постојано да се борат против и да се обидуваат трајно да ги искоренат овие појави од општеството. Наместо тоа, Зоран Глигоров се уште е на позиција секретар на Град Скопје. Имено, насилство врз жените се разбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, психичка или економска повреда. Зоран Глигоров е должен да одговори дали се вистинити наводите дека во два наврати, еднаш во 2007-мата и еднаш во 2017-та година бил пријавен за нанесување на телесни повреди при вршење на семејно насилство преку повеќе удари и изненаден напад? Исто така, Глигоров е должен да одговори дали се вистинити наводите дека како секретар на Град Скопје физички и вербално се пресметувал со лице вработено во Градот Скопје?

Поради стравување од можно повторување на ваквите насилни дејствија бараме Зоран Глигоров веднаш да поднесе оставка од позицијата секретар на Град Скопје. Во непресметливи состојби и карактерни особини кај лица кои се поврзани со секаков вид на насилство постои голема веројатност насилството дополнително да ескалира. Бараме институциите да даваат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и да ги преземаат сите мерки за заштита на жртвите. Очекуваме и од градоначалничката на Град Скопје да реагира, да ги провери состојбите кои се пласирани во јавноста и за истото да информира дали и како ќе постапи односно дали ќе го разреши или не Глигоров од именуваната позиција.

https://www.youtube.com/watch?v=AOFTVpr5JrY

The post Ангелова: Бараме Арсовска да го разреши Глигоров, постои опасност тој да го повтори насилството appeared first on Република.

]]>

Глигоров е пријавуван за семејно насилство, тој е недостоен за втор човек во Градот Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gligorov-e-prijavuvan-za-semejno-nasilstvo-toj-e-nedostoen-za-vtor-chovek-vo-gradot-skopje/ Sat, 14 Jan 2023 09:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=596743

Глигоров е пријавуван за семејно насилство, тој е недостоен за втор човек во Градот Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Шокирани сме што Данела Арсовска, пред се како жена, а потоа и како жена политичар уште не го разрешила Зоран Глигоров од позицијата генерален секретар на Градот Скопје.

За Глигоров не само што постојат индиции дека се пресметувал со вработени во Градот и малтретирал поддредени, туку во минатото бил пријавуван и за семејно насилство.

Глигоров во повеќе наврати бил причинител на семејно насилство, во 2007 и во 2017 година, и во двата случаи има нанесено телесни повреди на жртвата.

Глигоров очигледно е рецидивист насилник.

Не знаеме дали Глигоров има одредени психолошки проблеми со кои треба да се занимаваат други институции или се работи за нешто сосема друго, но Арсовска е таа која треба да побара вештачење на Глигоров од страна на стручни лица, и веднаш потоа да го разреши.

Ако не го разреши Арсовска, таа се става на страна на насилството, и само покажува дека таа се согласува со методите на Глигоров.

The post Глигоров е пријавуван за семејно насилство, тој е недостоен за втор човек во Градот Скопје appeared first on Република.

Генсекот на Град Скопје избега од новинарски прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gensekot-na-grad-skopje-izbega-od-novinarski-prashanja/ Wed, 07 Dec 2022 13:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=582978

Генералниот секретар на Град Скопје го повика МВР да реагира за блокадите и да преземе мерки бидејќи одреден личен интерес врши штета на Градот и граѓаните

Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, денеска одбегна да одговара на новинарски прашања во врска со блокадите и сообраќајниот хаос во главниот град и ги упати новинарите да испратат прашања на електронската адреса.

Во кратката изјава тој обвини дека блокадите се поради политички и лични интереси на поединци.

На крајот од изјавата рече дека тука сака и да заврши бидејќи имаат обврски кои ги „притискаат“ со оглед дека Градот е блокиран и во извршување на јавните дејности на самата градска администрација.

„Застој во однос на вршењето на јавниот превоз поради ЈСП нема туку целиот застој е поради блокадата која евидентно има политички одек. ЈСП има капацитет и работи во полна кондиција. Во оваа насока, го повикуваме МВР да реагира согласно законски овластувања да преземе мерки бидејќи одреден приватен личен интерес врши штета на Градот, граѓаните, како и сите чинители и жители на Градот Скопје“, рече Глигоров.

The post Генсекот на Град Скопје избега од новинарски прашања appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Град Скопје го повика МВР да реагира за блокадите и да преземе мерки бидејќи одреден личен интерес врши штета на Градот и граѓаните Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, денеска одбегна да одговара на новинарски прашања во врска со блокадите и сообраќајниот хаос во главниот град и ги упати новинарите да испратат прашања на електронската адреса. Во кратката изјава тој обвини дека блокадите се поради политички и лични интереси на поединци.