главоболка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glavobolka/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 09:00:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png главоболка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glavobolka/ 32 32 Пет начини како да ја излекувате главоболката предизвикана од горештините https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-nachini-kako-da-ja-izlekuvate-glavobolkata-predizvikana-od-goreshtinite/ Tue, 16 Jul 2024 09:00:21 +0000 https://republika.mk/?p=797293

Летниот период е период кога главоболката се појавува зачестено, вклучувајќи го и оној дел од популацијата кој никогаш немал проблем со главоболка.

Многу луѓе сметаат дека мигрената е обична главоболка, но факт е дека тоа е невролошка состојба за која се карактеристични мноштво други симптоми, покрај болката – вклучувајќи ја и чувствителноста на светлината, мачнините, моменталните проблеми со видот и сл.

Звучи изненадувачки, но сончевата светлина е, исто така, причинител за мигрена, што значи дека не сте единствени кои страдате од главоболка кога надвор е премногу топло. Поточно, 70 отсто луѓе кои страдаат од мигрена ја наведуваат сончевата светлина како причинител. Луѓето кои се чувствителни, доволно е да поминат пет или десет минути на сонце, и да ги заболи главата.

Високите температури често се придружени со промени во барометарскиот притисок, директно изложување на сончева светлина и влажност, а овие промени во околината можат да предизвикаат главоболки, особено кај оние што имаат мигрена, пишува „Вашингтон пост“.

Екстремната дехидратација може да предизвика намалување на вашиот мозок и стеснување на крвните садови кои го обложуваат мозокот, што може да доведе до физичка болка, рече Елизабет Лаудер, шеф на одделот за главоболка во женската болница Бригам.

„Променетата функција на клетките доведува до зголемување на активностите во центрите за болка во мозокот“, објаснил тој.

Зошто сонцето предизвикува главоболки?

Постојат пет главни причини:

Намалена толеранција на светлината

Зголемена чувствителност на светлината меѓу главоболките или мигрените

Подолго изложување на сонце

Изложеност на специфични бранови должина кое сонцето ги емитува

Дехидратација

Луѓето кои се склони на мигрени предизвикани од светлината генерално имаат помала толерантност на светлина. Поточно, светлината што се пробива низ облаците кога денот е облачен е доволна да им предизвика главоболка.

Екстремната топлина може да доведе до нерамнотежа на електролити, бидејќи телото губи натриум преку потта, што значи дека е важно да се надополнуваат електролитите, како и водата.

„Дехидрацијата е тесно поврзана со електролитниот дисбаланс бидејќи водата ја следи солта“, рекол д-р Кисун, додавајќи дека телото, губејќи ја солта, е помалку способно да ја задржи водата.

Лекарите даваат пет препораки како да ги спречите „летните главоболки“.

Носете очила за сонце, најдобро поларизирани

Силната сончева светлина ги надразнува мозочните нерви. Тоа може да предизвика главоболки, но и да биде причинител за мигрените. Затоа, носењето очила за сонце е препорачливо. Важно е и да носите шешир, за да се заштитат крвните садови и нервите на челото.

Поларизацијата ја ублажува јачината на светлината и рефлексијата која окото ја гледа, а сето тоа може да го намали ризикот од главоболка или мигрена. И избегнувајте го најсилното сонце!

Вода и солени грицки

Кога се потите, телото губи и важни минерали. Се зголемува протокот на крвта во кожата и се намалува крвниот притисок, што кај некои луѓе предизвикува главоболки. Кога е топло, се препорачува пиење барем еден литар вода повеќе отколку што е вообичаено. Дехидратацијата, исто така, предизвикува главоболки. Грицкањето солена ужина, како солени стапчиња, помага во надоместокот на потрошените минерали.

Аклиматизацијата е важна

Големата разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура е потенцијален причинител за главоболки. Ако разликата е поголема од пет степени, се препорачува да облечете дополнителен слој облека за да ви биде топло сѐ додека телото не се аклиматизира на пониските температури.

Помалку парфеми и ароматизирани лосиони

Парфемите повеќе се чувствуваат кога е надвор топло, затоа луѓето што страдаат од мигрена дополнително се чувствителни на тоа. Имајте го тоа на ум и избегнувајте лосиони со мириси.

Побавно пијте ги ладните пијалаци

Нешто многу ладно во вашата уста може да биде заслужно за т. н. „brain freeze“ (замрзнување на мозокот) или „сладоледна главоболка“. Тоа се случува кога јадете сладолед или голтате нешто ледено ладно. Затоа, студената храна и пијалаци мора да се консумираат побавно. „Замрзнување на мозокот“ е начин на кој на вашето тело му вели „стоп“, кажувајќи ви да забавите.

 

The post Пет начини како да ја излекувате главоболката предизвикана од горештините appeared first on Република.

]]>

Летниот период е период кога главоболката се појавува зачестено, вклучувајќи го и оној дел од популацијата кој никогаш немал проблем со главоболка. Многу луѓе сметаат дека мигрената е обична главоболка, но факт е дека тоа е невролошка состојба за која се карактеристични мноштво други симптоми, покрај болката – вклучувајќи ја и чувствителноста на светлината, мачнините, моменталните проблеми со видот и сл. Звучи изненадувачки, но сончевата светлина е, исто така, причинител за мигрена, што значи дека не сте единствени кои страдате од главоболка кога надвор е премногу топло. Поточно, 70 отсто луѓе кои страдаат од мигрена ја наведуваат сончевата светлина како причинител. Луѓето кои се чувствителни, доволно е да поминат пет или десет минути на сонце, и да ги заболи главата. Високите температури често се придружени со промени во барометарскиот притисок, директно изложување на сончева светлина и влажност, а овие промени во околината можат да предизвикаат главоболки, особено кај оние што имаат мигрена, пишува „Вашингтон пост“. Екстремната дехидратација може да предизвика намалување на вашиот мозок и стеснување на крвните садови кои го обложуваат мозокот, што може да доведе до физичка болка, рече Елизабет Лаудер, шеф на одделот за главоболка во женската болница Бригам. „Променетата функција на клетките доведува до зголемување на активностите во центрите за болка во мозокот“, објаснил тој. Зошто сонцето предизвикува главоболки? Постојат пет главни причини: Намалена толеранција на светлината Зголемена чувствителност на светлината меѓу главоболките или мигрените Подолго изложување на сонце Изложеност на специфични бранови должина кое сонцето ги емитува Дехидратација Луѓето кои се склони на мигрени предизвикани од светлината генерално имаат помала толерантност на светлина. Поточно, светлината што се пробива низ облаците кога денот е облачен е доволна да им предизвика главоболка. Екстремната топлина може да доведе до нерамнотежа на електролити, бидејќи телото губи натриум преку потта, што значи дека е важно да се надополнуваат електролитите, како и водата.
„Дехидрацијата е тесно поврзана со електролитниот дисбаланс бидејќи водата ја следи солта“, рекол д-р Кисун, додавајќи дека телото, губејќи ја солта, е помалку способно да ја задржи водата.
Лекарите даваат пет препораки како да ги спречите „летните главоболки“. Носете очила за сонце, најдобро поларизирани Силната сончева светлина ги надразнува мозочните нерви. Тоа може да предизвика главоболки, но и да биде причинител за мигрените. Затоа, носењето очила за сонце е препорачливо. Важно е и да носите шешир, за да се заштитат крвните садови и нервите на челото. Поларизацијата ја ублажува јачината на светлината и рефлексијата која окото ја гледа, а сето тоа може да го намали ризикот од главоболка или мигрена. И избегнувајте го најсилното сонце! Вода и солени грицки Кога се потите, телото губи и важни минерали. Се зголемува протокот на крвта во кожата и се намалува крвниот притисок, што кај некои луѓе предизвикува главоболки. Кога е топло, се препорачува пиење барем еден литар вода повеќе отколку што е вообичаено. Дехидратацијата, исто така, предизвикува главоболки. Грицкањето солена ужина, како солени стапчиња, помага во надоместокот на потрошените минерали. Аклиматизацијата е важна Големата разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура е потенцијален причинител за главоболки. Ако разликата е поголема од пет степени, се препорачува да облечете дополнителен слој облека за да ви биде топло сѐ додека телото не се аклиматизира на пониските температури. Помалку парфеми и ароматизирани лосиони Парфемите повеќе се чувствуваат кога е надвор топло, затоа луѓето што страдаат од мигрена дополнително се чувствителни на тоа. Имајте го тоа на ум и избегнувајте лосиони со мириси. Побавно пијте ги ладните пијалаци Нешто многу ладно во вашата уста може да биде заслужно за т. н. „brain freeze“ (замрзнување на мозокот) или „сладоледна главоболка“. Тоа се случува кога јадете сладолед или голтате нешто ледено ладно. Затоа, студената храна и пијалаци мора да се консумираат побавно. „Замрзнување на мозокот“ е начин на кој на вашето тело му вели „стоп“, кажувајќи ви да забавите.  

The post Пет начини како да ја излекувате главоболката предизвикана од горештините appeared first on Република.

]]>
Ова се најчестите показатели дека ви фалат протеини https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ova-se-najchestite-pokazateli-deka-vi-falat-proteini/ Thu, 09 May 2024 11:26:16 +0000 https://republika.mk/?p=776336

Во денешниот свет каде здравата исхрана е клучна за одржување на виталноста и благосостојбата, недостатокот на протеини може да биде сериозен проблем кој влијае на вашето здравје и перформанси. За да бидете сигурни дека внесувате доволно протеини, важно е да ги препознаете и разберете најчестите индикатори за недостаток на оваа витална хранлива материја.

Слабост и замор

Недостатокот на протеини може да доведе до мускулна слабост и општо чувство на замор. Протеинот е од суштинско значење за обнова и градење на мускулите, така што недостатокот на оваа хранлива материја може да влијае на вашата сила и енергија.

Губење на мускулна маса

Ако забележите дека губите мускулна маса или дека вашите мускули изгледаат помалку дефинирани, ова може да биде знак за недостаток на протеини. Недостатокот на протеини може да доведе до мускулен катаболизам, што може да биде штетно за целокупната мускулна функција.

Лоша регенерација и бавно закрепнување

Протеините се клучни за регенерација на ткивата и закрепнување по физичка активност. Ако забележите дека вашето тело побавно закрепнува после тренинг или повреда, тоа може да биде знак за недостаток на протеини во вашата исхрана.

Слаба имунолошка функција

Протеините играат клучна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем и борбата против инфекциите. Недостатокот на протеини може да го ослаби вашиот имунолошки систем, што ве прави поподложни на разни болести и инфекции.

Проблеми со косата, кожата и ноктите

Недостатокот на протеини може да влијае на вашата кожа, коса и нокти, што резултира со сувост, кршливост и недостаток на сјај. Протеините се клучни за одржување на здравјето на овие ткива и недостатокот може да доведе до различни проблеми.

За да се обезбеди соодветен внес на протеини, важно е да вклучите различни извори на протеини во вашата исхрана, како што се месо, риба, јајца, млечни производи, мешунки, јаткасти плодови и семки. Може да размислите и за користење на протеински додатоци ако имате потешкотии да ги задоволите вашите нутритивни потреби преку диета.

Внимавајте на овие индикатори и погрижете се да внесувате доволно протеини за да го одржите вашето здравје и благосостојба на оптимално ниво. Во случај на какви било грижи или сомнежи, секогаш е препорачливо да се консултирате со нутриционист или лекар.

The post Ова се најчестите показатели дека ви фалат протеини appeared first on Република.

]]>

Во денешниот свет каде здравата исхрана е клучна за одржување на виталноста и благосостојбата, недостатокот на протеини може да биде сериозен проблем кој влијае на вашето здравје и перформанси. За да бидете сигурни дека внесувате доволно протеини, важно е да ги препознаете и разберете најчестите индикатори за недостаток на оваа витална хранлива материја.
Слабост и замор Недостатокот на протеини може да доведе до мускулна слабост и општо чувство на замор. Протеинот е од суштинско значење за обнова и градење на мускулите, така што недостатокот на оваа хранлива материја може да влијае на вашата сила и енергија. Губење на мускулна маса Ако забележите дека губите мускулна маса или дека вашите мускули изгледаат помалку дефинирани, ова може да биде знак за недостаток на протеини. Недостатокот на протеини може да доведе до мускулен катаболизам, што може да биде штетно за целокупната мускулна функција. Лоша регенерација и бавно закрепнување Протеините се клучни за регенерација на ткивата и закрепнување по физичка активност. Ако забележите дека вашето тело побавно закрепнува после тренинг или повреда, тоа може да биде знак за недостаток на протеини во вашата исхрана. Слаба имунолошка функција Протеините играат клучна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем и борбата против инфекциите. Недостатокот на протеини може да го ослаби вашиот имунолошки систем, што ве прави поподложни на разни болести и инфекции. Проблеми со косата, кожата и ноктите Недостатокот на протеини може да влијае на вашата кожа, коса и нокти, што резултира со сувост, кршливост и недостаток на сјај. Протеините се клучни за одржување на здравјето на овие ткива и недостатокот може да доведе до различни проблеми. За да се обезбеди соодветен внес на протеини, важно е да вклучите различни извори на протеини во вашата исхрана, како што се месо, риба, јајца, млечни производи, мешунки, јаткасти плодови и семки. Може да размислите и за користење на протеински додатоци ако имате потешкотии да ги задоволите вашите нутритивни потреби преку диета. Внимавајте на овие индикатори и погрижете се да внесувате доволно протеини за да го одржите вашето здравје и благосостојба на оптимално ниво. Во случај на какви било грижи или сомнежи, секогаш е препорачливо да се консултирате со нутриционист или лекар.

The post Ова се најчестите показатели дека ви фалат протеини appeared first on Република.

]]>
Половина од светското население страда од хронични главоболки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/polovina-od-svetskoto-naselenie-strada-od-hronichni-glavobolki/ Tue, 12 Apr 2022 09:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=487255

Кај некои луѓе, главоболката исчезнува само со земање апче. Но, многумина се погодени од понапорни, посилни и потрајни главоболки… Ново истражување го проценува степенот на овие нарушувања ширум светот, па „Сајенс алерт“ (Science Alert) ги пренесува бројките.

Тим епидемиолози од Норвешкиот универзитет за наука и технологија и други научни установи сумираше повеќе епидемиолошки трудови за главоболки од 1961. до 2020 година. Предметните 357 научни публикации се главно од земји со високи приходи. Тука има не само клинички испитувања, туку и поширок опсег групи на испитување – вработени во компании, студенти, болнички персонал. Сѐ тоа открива дека 52 отсто од луѓето страдаат од некој вид главоболка во текот на година.

А на дневна основа, 15,8 отсто од светското население има главоболка, се истакнува во анализата.

Истражувачите откриле и дека сите видови главоболки се почести кај жените отколку кај мажите, а најголемата разлика е кај мигрената (17 насто кај жените и 8,6 насто кај мажите).

Очигледното зголемување на преваленцата на мигрена со тек на времето може да биде поврзано со промени во животната средина – физичките, психолошките или промените на однесувањето, но поверојатно е дека е поврзано со развојот на методологијата со текот на годините, што доведува до подобар пристап, техники и подобрени дијагностички алатки во оваа област, се вели во анализата.

Авторите откриле и дека преваленцата на нарушувања со главоболка останува висока ширум светот и сериозноста на различните видови може да влијае на многу луѓе. Неврологот Ларс Јакоб Стовнер од Норвешкиот универзитет, смета дека тоа може да се намали преку превенција и подобар третман.

The post Половина од светското население страда од хронични главоболки appeared first on Република.

]]>

Кај некои луѓе, главоболката исчезнува само со земање апче. Но, многумина се погодени од понапорни, посилни и потрајни главоболки… Ново истражување го проценува степенот на овие нарушувања ширум светот, па „Сајенс алерт“ (Science Alert) ги пренесува бројките. Тим епидемиолози од Норвешкиот универзитет за наука и технологија и други научни установи сумираше повеќе епидемиолошки трудови за главоболки од 1961. до 2020 година. Предметните 357 научни публикации се главно од земји со високи приходи. Тука има не само клинички испитувања, туку и поширок опсег групи на испитување – вработени во компании, студенти, болнички персонал. Сѐ тоа открива дека 52 отсто од луѓето страдаат од некој вид главоболка во текот на година. А на дневна основа, 15,8 отсто од светското население има главоболка, се истакнува во анализата. Истражувачите откриле и дека сите видови главоболки се почести кај жените отколку кај мажите, а најголемата разлика е кај мигрената (17 насто кај жените и 8,6 насто кај мажите). Очигледното зголемување на преваленцата на мигрена со тек на времето може да биде поврзано со промени во животната средина – физичките, психолошките или промените на однесувањето, но поверојатно е дека е поврзано со развојот на методологијата со текот на годините, што доведува до подобар пристап, техники и подобрени дијагностички алатки во оваа област, се вели во анализата. Авторите откриле и дека преваленцата на нарушувања со главоболка останува висока ширум светот и сериозноста на различните видови може да влијае на многу луѓе. Неврологот Ларс Јакоб Стовнер од Норвешкиот универзитет, смета дека тоа може да се намали преку превенција и подобар третман.

The post Половина од светското население страда од хронични главоболки appeared first on Република.

]]>
Има лек и без лекар – смирете ги главата и кашлицата со кора од мандарини и вотка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ima-lek-i-bez-lekar-smirete-gi-glavata-i-kashlicata-so-kora-od-mandarini-i-votka/ Sun, 09 Jan 2022 21:16:10 +0000 https://republika.mk/?p=442289

Мандарините се вкусно овошје и оној вид  што може да се јаде насекаде, и тоа на улица, дома, а корите редовно се фрлаат иако тие може да се искористат и тоа многу корисно.

Постојат многу начини на кои можете да ја искористите, а тука ви претставуваме еден проверен начин.

Совет плус: мандарините одберете ги да бидат што посочни, посвежи и задолжително органски. Не го пробувајте овој рецепти со прскани мандарини, користете органски.

Сомелете 50 грама кора од мандарини и ставете ги во стаклена тегла. Мелената кора прелијте ја со вотка или 40-процентен алкохол.

Теглата добро затворете ја и оставете ја да отстои седум ден на темно место. Потоа јадете по една лажица по јадењето, а потоа изедете една лажица мед. Овој природен рецепт е особено поволен при кашлица и честа главоболка.

Корите од мандарина може да се искористат и за вкусен десерт – зашеќерени корички.

Состојки:

500 – 600 грама мандарини

300 – 400 мл вода

1 лажичка сол

350 грама шеќер

350 мл вода

уште шеќер за корите

Постапка:

Излупете ги мандарините и сочувајте ги корите. Ставете ги во лонче, прелијте ги со 300 – 400 грама вода и додадете ја солта. Варете ги корите до вриење. Кога ќе зоврие сместата, фрлете ја водата, а корите оставете ги настрана. Оваа постапка ќе го острани горчливиот вкус од кората.

Провриените кори нарежете ги на тенки траки. Во друг сад измешајте 350 грама шеќер и 350 мл. вода и оставете мешавината да зоврие, а шеќерот да се стопи. Додајте ја подготвената кора и се` заедно варете на оган околу половина час или додека кората не стане лесно проѕирна, а сирупот доволно густ.

Корките внимателно префрлете ги на цедалка за да се исушат, а потоа ставете ги во шеќер и расподелете ги на хартија за печење за да се исушат докрај. Ставете ги така во тегла и додавајте ги како украс на колачиња, на напитоци или грицкајте ги по желба.

The post Има лек и без лекар – смирете ги главата и кашлицата со кора од мандарини и вотка appeared first on Република.

]]>

Мандарините се вкусно овошје и оној вид  што може да се јаде насекаде, и тоа на улица, дома, а корите редовно се фрлаат иако тие може да се искористат и тоа многу корисно. Постојат многу начини на кои можете да ја искористите, а тука ви претставуваме еден проверен начин. Совет плус: мандарините одберете ги да бидат што посочни, посвежи и задолжително органски. Не го пробувајте овој рецепти со прскани мандарини, користете органски. Сомелете 50 грама кора од мандарини и ставете ги во стаклена тегла. Мелената кора прелијте ја со вотка или 40-процентен алкохол. Теглата добро затворете ја и оставете ја да отстои седум ден на темно место. Потоа јадете по една лажица по јадењето, а потоа изедете една лажица мед. Овој природен рецепт е особено поволен при кашлица и честа главоболка. Корите од мандарина може да се искористат и за вкусен десерт – зашеќерени корички. Состојки: 500 – 600 грама мандарини 300 – 400 мл вода 1 лажичка сол 350 грама шеќер 350 мл вода уште шеќер за корите Постапка: Излупете ги мандарините и сочувајте ги корите. Ставете ги во лонче, прелијте ги со 300 – 400 грама вода и додадете ја солта. Варете ги корите до вриење. Кога ќе зоврие сместата, фрлете ја водата, а корите оставете ги настрана. Оваа постапка ќе го острани горчливиот вкус од кората. Провриените кори нарежете ги на тенки траки. Во друг сад измешајте 350 грама шеќер и 350 мл. вода и оставете мешавината да зоврие, а шеќерот да се стопи. Додајте ја подготвената кора и се` заедно варете на оган околу половина час или додека кората не стане лесно проѕирна, а сирупот доволно густ. Корките внимателно префрлете ги на цедалка за да се исушат, а потоа ставете ги во шеќер и расподелете ги на хартија за печење за да се исушат докрај. Ставете ги така во тегла и додавајте ги како украс на колачиња, на напитоци или грицкајте ги по желба.

The post Има лек и без лекар – смирете ги главата и кашлицата со кора од мандарини и вотка appeared first on Република.

]]>