глаук коњуфца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glauk-konuftsa/ За подобро да се разбереме Mon, 06 May 2024 20:06:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png глаук коњуфца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glauk-konuftsa/ 32 32 Спикерот на Курти со поддршка за Пендаровски, контра Таравари: Секој глас за кандидатката на ВМРО е антиалбански глас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spikerot-na-kurti-so-poddrshka-za-pendarovski-kontra-taravari-sekoj-glas-za-kandidatkata-na-vmro-e-antialbanski-glas/ Mon, 06 May 2024 20:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=774835

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, рече дека кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова има антиалбански концепти и дека затоа не треба да биде поддржана од Албанците.

Овие коментари Коњуфца ги даде неколку часа по средбата на Мицкоски во централниот штаб на коалицијата „ВРЕДИ“ – поддржана од премиерот Албин Курти и неговата партија – со Арбен Таравари.

Според него, на средбата беше алудирано дека лидерот на Македонската опозиција отиде да бара поддршка за вториот круг од претседателските избори или да обезбеди прелиминарен договор за новата влада на Македонија.

„Колку што лично јас сум ги видел политичките концепти што ги разви Гордана Силјановска-Давкова се многу антиалбански концепти, постои сомнеж за албанското население таму“, рече Коњуфца.

„Јас сум многу против овие концепти. Јас би бил против каква било поддршка од кој било Албанец за вакви концепти, бидејќи јас внимателно ги слушав. Тоа е антиалбански концепт што оваа кандидатка сама го објасни“, додаде тој.

Првиот човек на Собранието истакна дека тој лично не би преферирал ниту една таква опција, бидејќи, според него, „тоа е на штета на Албанците“.

The post Спикерот на Курти со поддршка за Пендаровски, контра Таравари: Секој глас за кандидатката на ВМРО е антиалбански глас appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, рече дека кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова има антиалбански концепти и дека затоа не треба да биде поддржана од Албанците. Овие коментари Коњуфца ги даде неколку часа по средбата на Мицкоски во централниот штаб на коалицијата „ВРЕДИ“ – поддржана од премиерот Албин Курти и неговата партија – со Арбен Таравари. Според него, на средбата беше алудирано дека лидерот на Македонската опозиција отиде да бара поддршка за вториот круг од претседателските избори или да обезбеди прелиминарен договор за новата влада на Македонија. „Колку што лично јас сум ги видел политичките концепти што ги разви Гордана Силјановска-Давкова се многу антиалбански концепти, постои сомнеж за албанското население таму“, рече Коњуфца.
„Јас сум многу против овие концепти. Јас би бил против каква било поддршка од кој било Албанец за вакви концепти, бидејќи јас внимателно ги слушав. Тоа е антиалбански концепт што оваа кандидатка сама го објасни“, додаде тој.
Првиот човек на Собранието истакна дека тој лично не би преферирал ниту една таква опција, бидејќи, според него, „тоа е на штета на Албанците“.

The post Спикерот на Курти со поддршка за Пендаровски, контра Таравари: Секој глас за кандидатката на ВМРО е антиалбански глас appeared first on Република.

]]>
Поставувањето нови услови би било нечеснo: Претседателот на косовското собрание е оптимист за зачленувањето на Косово во СЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/postavuvaneto-novi-uslovi-bi-bilo-nechesno-pretsedatelot-na-kosovskoto-sobranie-e-optimist-za-zachlenuvaneto-na-kosovo-vo-se/ Tue, 16 Apr 2024 16:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=766820

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, изрази оптимизам дека денеска на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Косово ќе го помине вториот чекор за членство во Советот, за потоа да оди на последниот, на 16 мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за медиумите по обраќањето на меѓународниот Форум за жените, мирот и безбедноста, Коњуфца рече дека е неправедно да се наметнуваат дополнителни услови за членство во СЕ.

Денеска сум голем оптимист дека Косово ќе го помине овој втор голем чекор, затоа што тогаш останува уште само третиот. Во однос на тоа што сте го слушнале како нови услови, не мислам дека тоа го има во извештајот на г-ѓа (Дора) Бакојани (известувач за Косово во СЕ), не мислам дека е фер Косово да прими дополнителни услови од тие што можете сами да го прочитате во извештајот составен од експертите на СЕ. Тие еминентни експерти добија мандат да дојдат во Косово и да го оценат нивото на демократијата, човековите права и владеењето на правото, кои се трите најважни столбови на Советот, рече Коњуфца.

Тој додаде дека Бакојани во својот извештај за Косово нагласила дека има само еден критериум, а тоа е доделувањето на имотот на Дечанскиот манастир, кој, како што рече, Косово го решил како прашање.

Коњуфца вели дека би било неприфатливо ако владите на другите земји бараат други услови, бидејќи, како што рече, тоа би било „намерно нанесување штета на Косово“.

По изготвувањето на извештајот, еминентните експерти ја прикажаа ситуацијата во Косово, додека Бакојани го изгради својот извештај врз нивните податоци, во кој се вели дека Косово има само еден критериум, што се однесува до членството, а критериумот е манастирот Дечани, што го решивме како прашање. Нема други дополнителни услови. Ако другите земји сакаат да наметнат дополнителни услови, тогаш мислам дека тоа е неприфатливо. Тоа е намерно нанесување штета на Косово и на неговиот интерес и воопшто не е добредојдено, кога самата госпоѓа Бакојани, која доаѓа од држава која не нé признава, вели дека услов е само манастирот, рече Коњуфца.

Собранискоот спикер вели дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово не е услов за зачленување во таа организација и дека тоа не е ниту споменато во извештајот на Бакојани.

Во моментов велам дека Косово ќе се држи само до она што го гледаме како слово во извештајот на г-ѓа Бакојани. Извештајот не вели ништо за Заедницата пред зачленувањето. По зачленувањето, СЕ рече дека ќе формирам мониторинг комисија за Косово во врска со следните чекори во имплементацијата на таканаречените постоечки договори, од кои еден би можел да биде Заедницата, рече Коњуфца.

The post Поставувањето нови услови би било нечеснo: Претседателот на косовското собрание е оптимист за зачленувањето на Косово во СЕ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, изрази оптимизам дека денеска на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Косово ќе го помине вториот чекор за членство во Советот, за потоа да оди на последниот, на 16 мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава за медиумите по обраќањето на меѓународниот Форум за жените, мирот и безбедноста, Коњуфца рече дека е неправедно да се наметнуваат дополнителни услови за членство во СЕ.
Денеска сум голем оптимист дека Косово ќе го помине овој втор голем чекор, затоа што тогаш останува уште само третиот. Во однос на тоа што сте го слушнале како нови услови, не мислам дека тоа го има во извештајот на г-ѓа (Дора) Бакојани (известувач за Косово во СЕ), не мислам дека е фер Косово да прими дополнителни услови од тие што можете сами да го прочитате во извештајот составен од експертите на СЕ. Тие еминентни експерти добија мандат да дојдат во Косово и да го оценат нивото на демократијата, човековите права и владеењето на правото, кои се трите најважни столбови на Советот, рече Коњуфца.
Тој додаде дека Бакојани во својот извештај за Косово нагласила дека има само еден критериум, а тоа е доделувањето на имотот на Дечанскиот манастир, кој, како што рече, Косово го решил како прашање. Коњуфца вели дека би било неприфатливо ако владите на другите земји бараат други услови, бидејќи, како што рече, тоа би било „намерно нанесување штета на Косово“.