гласно барајте помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasno-barajte-pomosh/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Jun 2023 12:24:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гласно барајте помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasno-barajte-pomosh/ 32 32 Ако ве тепаат, гласно барајте помош: Хелсиншки комитет ги советува припадниците на ЛГБТ да бидат помалку видливи и тивки за време на протестот на МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-ve-tepaat-glasno-barajte-pomosh-helsinshki-komitet-gi-sovetuva-pripadnitsite-na-lgbt-da-bidat-pomalku-vidlivi-i-tivki-za-vreme-na-protestot-na-mpts-oa/ Wed, 28 Jun 2023 12:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=656050

Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на протестот на МПЦ-ОА, но нашата грижа за заедницата овојпат нѐ приморува на тоа, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Остануваме да бидеме гласни и посветени во борбата за еднаквост и демократија, но на крајот на краиштата најважно е да останеме живи и здрави за да можеме да продолжиме да ја остваруваме нашата визија за Македонија како земја на еднакви права и можности за сите граѓанки и граѓани“, се вели во соопштението.

- Да избегнувате да се движите на просторот на којшто се одржува протестот.
- Да избегнувате да носите обележја кои асоцираат на ЛГБТИ заедница во јавен простор.
- Движете се низ осветлени и фрекветни улици и простори.
- Секогаш имајте мобилен телефон при рака, за да во случај на каков било инцидент – веднаш да ја контактирате полицијата.
- Во случаи на вербални напади и провокации, останете смирени и тивки и брзо упатете се кон место каде што има повеќе луѓе.
- Во случаи на вербални напади во такси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Побарајте да слезете на првото погодно место и напуштете го возилото во молк. Веднаш потоа пријатевет го возачот во такси компанијата, а инцидентот до надлежните институции.
- Во случај на напад или закани во автобуси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Излезете без збор на следната станица и пријавете во надлежни институции.

- Во случај на физички напад гласно барајте ПОМОШ. Штом сте на безбедно веднаш пријавете.

Свесни сме дека ЛГБТИ заедницата ретко пријавува случаи на насилство и прекршување на права до институции и затоа ви излегуваме во пресрет. Случаите на напади, закани, агресии и вознемирување можете да го пријавите во Хелсиншкиот комитет за човекови права на следните телефони: Од 09:00 до 15:00 часот, 02/3119073. Од 15:00 натаму 078/734217. Чувајте се и останете во добро здравје“, се вели во соопштението на Хелсиншки комитет.

The post Ако ве тепаат, гласно барајте помош: Хелсиншки комитет ги советува припадниците на ЛГБТ да бидат помалку видливи и тивки за време на протестот на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на протестот на МПЦ-ОА, но нашата грижа за заедницата овојпат нѐ приморува на тоа, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Остануваме да бидеме гласни и посветени во борбата за еднаквост и демократија, но на крајот на краиштата најважно е да останеме живи и здрави за да можеме да продолжиме да ја остваруваме нашата визија за Македонија како земја на еднакви права и можности за сите граѓанки и граѓани“, се вели во соопштението.
- Да избегнувате да се движите на просторот на којшто се одржува протестот. - Да избегнувате да носите обележја кои асоцираат на ЛГБТИ заедница во јавен простор. - Движете се низ осветлени и фрекветни улици и простори. - Секогаш имајте мобилен телефон при рака, за да во случај на каков било инцидент – веднаш да ја контактирате полицијата. - Во случаи на вербални напади и провокации, останете смирени и тивки и брзо упатете се кон место каде што има повеќе луѓе. - Во случаи на вербални напади во такси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Побарајте да слезете на првото погодно место и напуштете го возилото во молк. Веднаш потоа пријатевет го возачот во такси компанијата, а инцидентот до надлежните институции. - Во случај на напад или закани во автобуси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Излезете без збор на следната станица и пријавете во надлежни институции. - Во случај на физички напад гласно барајте ПОМОШ. Штом сте на безбедно веднаш пријавете.