гласна музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasna-muzika/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Oct 2022 08:50:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гласна музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasna-muzika/ 32 32 Kaзнети четири локали од 360.000 до 800.000 денари поради гласна музика во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kazneti-chetiri-lokali-od-360-000-do-800-000-denari-poradi-glasna-muzika-vo-centar/ Fri, 21 Oct 2022 08:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=563951

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти во ноќните часови, особено во летниот период, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во периодот од мај до септември спроведе акции за мерење на бучавата од гласна музика.

Акциите се спроведени на различни локации на територија на општината, во ноќните часови, после 23 часот. Акциите се спроведени на локации во Капиштец, Дебар маало, Буњаковец, улица Македонија и Кеј 13 Ноември, при што се поминати повеќе локали и опоменати се да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина.

Мерењата се извршени од овластена лабораторија за животна средина и мерење на ниво на бучава, со која општината има склучен договор. Согласно извештаите од мерењата на бучава предизвикана од гласна музика, измерените вредности во сите случаи ги надминуваат дозволените гранични вредности, согласно „Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животна средина“.

За сите локали се започнати инспекциски постапки, согласно Законот за бучава во животна средина, при што правните лица се задолжени со Решенија да преземат мерки во одреден рок, за намалување на бучавата. При контролните мерења, повторно се констатирани надминувања на граничните вредности, за што локалите: Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок. Доколку правните лица не ја платат глобата, се поведува постапка во Основен суд.

Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина.

 

The post Kaзнети четири локали од 360.000 до 800.000 денари поради гласна музика во Центар appeared first on Република.

]]>

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти во ноќните часови, особено во летниот период, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во периодот од мај до септември спроведе акции за мерење на бучавата од гласна музика. Акциите се спроведени на различни локации на територија на општината, во ноќните часови, после 23 часот. Акциите се спроведени на локации во Капиштец, Дебар маало, Буњаковец, улица Македонија и Кеј 13 Ноември, при што се поминати повеќе локали и опоменати се да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина. Мерењата се извршени од овластена лабораторија за животна средина и мерење на ниво на бучава, со која општината има склучен договор. Согласно извештаите од мерењата на бучава предизвикана од гласна музика, измерените вредности во сите случаи ги надминуваат дозволените гранични вредности, согласно „Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животна средина“. За сите локали се започнати инспекциски постапки, согласно Законот за бучава во животна средина, при што правните лица се задолжени со Решенија да преземат мерки во одреден рок, за намалување на бучавата. При контролните мерења, повторно се констатирани надминувања на граничните вредности, за што локалите: Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок. Доколку правните лица не ја платат глобата, се поведува постапка во Основен суд. Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина.  

The post Kaзнети четири локали од 360.000 до 800.000 денари поради гласна музика во Центар appeared first on Република.

]]>
Пет битолски кафичи казнети за прегласна музика https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pet-bitolski-kafichi-kazneti-za-preglasna-muzika/ Sun, 29 May 2022 10:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=508253

Во пет угостителски објекти во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со прегласна музика. Контролата за голема бучава во угостителски објекти на подрачјето на Битола била извршена од полцијата ноќеска од 23 до 2 часот.

Притоа, во седум угостителски објекти било извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, при што било констатирано дека пет од нив ја надминуваат дозволената јачина, односно со прегласна музика го нарушуваат јавниот ред и мир, поради што ќе се соочат со законски предвидените поднесоци, информира Министерството за внатрешни работи.

The post Пет битолски кафичи казнети за прегласна музика appeared first on Република.

]]>

Во пет угостителски објекти во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со прегласна музика. Контролата за голема бучава во угостителски објекти на подрачјето на Битола била извршена од полцијата ноќеска од 23 до 2 часот.
Притоа, во седум угостителски објекти било извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, при што било констатирано дека пет од нив ја надминуваат дозволената јачина, односно со прегласна музика го нарушуваат јавниот ред и мир, поради што ќе се соочат со законски предвидените поднесоци, информира Министерството за внатрешни работи.

The post Пет битолски кафичи казнети за прегласна музика appeared first on Република.

]]>