Гласен текстилец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasen-tekstilec/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 16:34:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гласен текстилец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasen-tekstilec/ 32 32 „Гласен текстилец“ реагира за предлог Законот за можност работниците да се плаќаат на рака https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/glasen-tekstilets-reagira-za-predlog-zakonot-za-mozhnost-rabotnitsite-da-se-plakaat-na-raka/ Tue, 23 Jan 2024 16:48:10 +0000 https://republika.mk/?p=736073

„Гласен текстилец“ со огромно разочарување ја доби веста дека Владата на Република Македонија подготвува предлог Закон за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка. Со овој предлог предвидено е добивање и на плата во плик, изјави Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

Како социјал-демократска Влада го укинаа членот од законот кој даваше помала плата на текстилните работници од работниците во другите индустрии. Но, еве сега не враќаат назад 10 години со овој дискриминирачки Закон. Сивата (нелегална) економија драстично расте, наместо да се изнаоѓа решение за сузбивање и намалување на истата, овде се дава амин на уште поголем процент на сива економија за која алармира и Светска банка. Овде повторно исходот е таков со оваа погрешна политика која повторно се води на штета на работникот, вели Ампева.

Таа додава дека со овој предлог-Закон ќе се создаде нездрава бизнис клима, а нивото на нелојална конкуренција ќе расте со поддршка на Владата.

Со овој предлог Закон,домашната економија полека но сигурно изумира и тоа е навистина жално за една држава која има голем потенцијал иако е мала.

Во која европска држава постои вакво нешто кое е регулирано во Закон,каде што еден работник е ставен во понеповолна положба од друг? Зошто во предлог законот на Владата, во стартот се прави дискриминација на работниците, прашува Ампева.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-podgotvuva-zakon-so-koj-rabotnitsite-ke-mozhe-da-dobivaat-plata-vo-plik-ssm-ne-se-soglasuva-so-del-od-pravilata/

Таа посочува дека „Гласен текстилец“ ги повикува синдикатите, работодавачите од сите останати дејности кои не се опфатени овде, да застанат рамо до рамо и да направат притисок за ова штетно решение, со цел, како што вели, никогаш да не заживее и да не биде законски регулирано во ниту еден Закон и никогаш да не стапи на сила.

Ги повикуваме сите пратеници од сите политички партиии дека ова законско решение не смее да се донесе, истите тие пратеници ќе треба да ги погледнат работниците во очи.

Доколку земаме сите плата во плик и би помагале со тоа свесно да има пораст на сивата економија во државата,тогаш како ќе се полнат пензискиот и здравствениот фонд, буџетот на Македонија и како ќе се исплаќаат и онака големите плати на функционерите и на целата администрација, вели Ампева.

The post „Гласен текстилец“ реагира за предлог Законот за можност работниците да се плаќаат на рака appeared first on Република.

]]>

„Гласен текстилец“ со огромно разочарување ја доби веста дека Владата на Република Македонија подготвува предлог Закон за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка. Со овој предлог предвидено е добивање и на плата во плик, изјави Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.
Како социјал-демократска Влада го укинаа членот од законот кој даваше помала плата на текстилните работници од работниците во другите индустрии. Но, еве сега не враќаат назад 10 години со овој дискриминирачки Закон. Сивата (нелегална) економија драстично расте, наместо да се изнаоѓа решение за сузбивање и намалување на истата, овде се дава амин на уште поголем процент на сива економија за која алармира и Светска банка. Овде повторно исходот е таков со оваа погрешна политика која повторно се води на штета на работникот, вели Ампева.
Таа додава дека со овој предлог-Закон ќе се создаде нездрава бизнис клима, а нивото на нелојална конкуренција ќе расте со поддршка на Владата.
Со овој предлог Закон,домашната економија полека но сигурно изумира и тоа е навистина жално за една држава која има голем потенцијал иако е мала.   Во која европска држава постои вакво нешто кое е регулирано во Закон,каде што еден работник е ставен во понеповолна положба од друг? Зошто во предлог законот на Владата, во стартот се прави дискриминација на работниците, прашува Ампева.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-podgotvuva-zakon-so-koj-rabotnitsite-ke-mozhe-da-dobivaat-plata-vo-plik-ssm-ne-se-soglasuva-so-del-od-pravilata/ Таа посочува дека „Гласен текстилец“ ги повикува синдикатите, работодавачите од сите останати дејности кои не се опфатени овде, да застанат рамо до рамо и да направат притисок за ова штетно решение, со цел, како што вели, никогаш да не заживее и да не биде законски регулирано во ниту еден Закон и никогаш да не стапи на сила.
Ги повикуваме сите пратеници од сите политички партиии дека ова законско решение не смее да се донесе, истите тие пратеници ќе треба да ги погледнат работниците во очи.   Доколку земаме сите плата во плик и би помагале со тоа свесно да има пораст на сивата економија во државата,тогаш како ќе се полнат пензискиот и здравствениот фонд, буџетот на Македонија и како ќе се исплаќаат и онака големите плати на функционерите и на целата администрација, вели Ампева.

The post „Гласен текстилец“ реагира за предлог Законот за можност работниците да се плаќаат на рака appeared first on Република.

]]>
„Глесен текстилец“ бара Владата да ја повлече одлуката за работа на продавниците за празниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/glesen-tekstilets-bara-vladata-da-ja-povleche-odlukata-za-rabota-na-prodavnitsite-za-praznitsite/ Fri, 29 Dec 2023 11:46:38 +0000 https://republika.mk/?p=727807

Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева бара владата да ја повлече препораката со која се овозможува продавници, киосци, штандови да работат за време на новогодишните и божиќни празници. Според неа, со тоа се кршат работничките права.

Ги повикуваме да ја повлечат оваа катастрофална одлука/препорака која е во интерес на работодавачите, но не и на работниците. Сведоци сме дека прекувремената работа, работата на празник и во ден на неделен одмор, не се плаќа од мнозинството приватни фирми. Оваа последна одлука е врв на нелогичност, на непочитување на работникот да биде за најголемите празници дома со семејството, да има право на одмор. Ова не ги одразува социјалдемократските вредности, напротив, како и многу пати до сега, да го бранат суровиот капитализам пред работничките права и работничкото достоинство – вели Ампева.

Таа додава дека до организацијата стигнеле голем број на поплаки од работници од трговијата.

The post „Глесен текстилец“ бара Владата да ја повлече одлуката за работа на продавниците за празниците appeared first on Република.

„Гласен Текстилец“ има пријави за работа на градежни работници и бремени жени за време на топлотниот бран https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/glasen-tekstilets-ima-prijavi-za-rabota-na-gradezhni-rabotnitsi-i-bremeni-zheni-za-vreme-na-toplotniot-bran/ Thu, 20 Jul 2023 10:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=663480

Здружението „Гласен Текстилец“ изминатите денови имале пријави од страна на работници но и граѓани за непочитување на мерките и препраките на Владата за работниците за време на топлотниот бран. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ за МИА вели дека пријави им пристигнале од Штип, Скопје и Свети Николе.

Од Скопје и Штип имаше пријави за градежни работници, работници од јавни претпријатија во текот на вчерашниот ден. Гледаме да реагираме со Трудовиот инспекторат и за ослободување и на бремените жени, а за хронично болните министерството за здравство сметаше дека нема потреба да бидат ослободени од работа, вели Ампева.

Посочи дека зголемена е свеста кај работниците,но и на граѓаните кои пријавуваат работа на градежните работници на отворено. Таков пример имала вчера од страна на граѓани, кои реагирале дека градежни работници работат на објект, како и дека на терен се и работници од јавни претпријатија од Скопје.

Граѓаните прашуваат каде да пријават, значи тие приметуваат дека се прекршуваат правата на работниците и работат на изложеност на сонцето, а се знае од колку до колку не смеат да работат. Така да мене ми е многу мило што самите се јавуваат на телефоните на Трудовиот инспекторат, рече Ампева.

Таа посочи дека во овој период имаат и добра соработка со инспекторите, кои веднаш реагираат на терен.

Додека се вршени тие контролни надзори можам да кажам дека се ослободени голем број на бремени жени од текстилниот сектор, потоа има супер маркети, па и во здравствена установа. Но интересно е дека при тие надзори најдени се и голем број на непријавени работници. Така да овде имаме поопсежна работа на терен, вели Ампева.

Прашана за реакцијата на текстилни работнички дека се возат во неклиматизирани автобуси, на некои од нив за да влезе воздух можат да се отварат два или три прозоци, Ампева потврдува дека вакви реакции имаат од работничките во овој сектор и веќе има реагирано до надлежните институции.

За превозот на работниците ми е жал што сообраќајна полиција не е присутна на терен за да виде дека има претовари во автобусите со кои се превезуваат работници. Не можам да кажам за сите работодаваци, но има и кои имаат сопствен превоз и се придржуваат до мерките. Генерално сликата е таква, каква што е и може да се виде на постојките од 14.30 па понатаму кога работниците заминуваат дома од своите работни места, вели Ампева.

Посочи дека информиран е и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, а веќе денеска добила одговор од него оти општинскиот сообраќаен инспектор ќе се координира со сообраќајната полиција и инспектор од безбедност и здравје на работа да излезат на терен и да видат во какви услови се превезуваат работниците.

The post „Гласен Текстилец“ има пријави за работа на градежни работници и бремени жени за време на топлотниот бран appeared first on Република.

,,Гласен Текстилец” бара навреме да се преземат мерки за заштита на работниците од високи температури https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/glasen-tekstilets-bara-navreme-da-se-prezemat-merki-za-zashtita-na-rabotnitsite-od-visoki-temperaturi/ Mon, 10 Jul 2023 14:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=659787

Здружението „Гласен Текстилец” денеска преку соопштение ги потсетува Министерствата за здравство и за труд и социјална политика, дека територијата на државата ќе биде зафатена од високи температури, односно влегуваме во портокалова фаза.

Со тоа што како што се наведува во соопштението, овие министерства треба да објават препораки за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор и на своите работни места.

-Предлагаме да дадат препорака за ослободување од работните обврски или да се организира работното време на најранливите групи на населението, како што се: бремените жени, лицата на возраст над 60 години, хронично болните.За градежните работници и сите други работници коишто работат на отворен простор да се организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, велат од ,,Гласен Текстилец”. Здружението ги потсетува работодавачите да го заштитат здравјето на вработените, а инспекторатот за труд да внимава на почитување на законските прописи од областа на безбедноста и здравјето при работа.

The post ,,Гласен Текстилец” бара навреме да се преземат мерки за заштита на работниците од високи температури appeared first on Република.

]]>

Здружението „Гласен Текстилец” денеска преку соопштение ги потсетува Министерствата за здравство и за труд и социјална политика, дека територијата на државата ќе биде зафатена од високи температури, односно влегуваме во портокалова фаза. Со тоа што како што се наведува во соопштението, овие министерства треба да објават препораки за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор и на своите работни места. -Предлагаме да дадат препорака за ослободување од работните обврски или да се организира работното време на најранливите групи на населението, како што се: бремените жени, лицата на возраст над 60 години, хронично болните.За градежните работници и сите други работници коишто работат на отворен простор да се организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, велат од ,,Гласен Текстилец”. Здружението ги потсетува работодавачите да го заштитат здравјето на вработените, а инспекторатот за труд да внимава на почитување на законските прописи од областа на безбедноста и здравјето при работа.  

The post ,,Гласен Текстилец” бара навреме да се преземат мерки за заштита на работниците од високи температури appeared first on Република.

]]>
Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, враќање во феудализам https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ova-e-samo-eden-grozen-pochetok-na-zloupotreba-na-rabotnichkite-prava-vrakane-vo-feudalizam/ Fri, 26 May 2023 18:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=645043

Работното време на коридорите 8 и 10д кое „Гласен Текстилец“ пред само неколку месеца го оспори пред Уставен суд, а тој суд го оцени како неуставно законско решение, денеска беше донесено со европско знаменце од страна на владината коалиција, се вели во писмената реакција од Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“.

Посочува дека ова е уште еден пример на злоупотреба на европското знаменце, кршење на конвенциите на Меѓународната организација на трудот.

Ова е враќање во феудалистичко општество и експлоатација на градежните работници. Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, со наводно стратешки проект и дозвола за прекувремена незаконска работа, кој почеток понатаму ќе се користи и за останати дејности да бидат квалификувани како стратешки дејности, проекти, интереси, под влијание на разни структури, крупниот капитал, олигарсите, вели Ампева.

Забележува дека ова е пораз за сите работници, за сите синдикати и за нив како организација, која пред неколку месеци го оспори ова пред Уставен суд.

Оттука упатуваме голема загриженост за состојбата со човековите права, со почитувањето на законите, злоупотреби со европско знаменце за неевропски закон. Но, и очекуваме дека претседателот на државата, Стево Пендаровски денешните изгласани закони, вклучително и измената во Законот за работни односи нема да бидат потпишани од негова страна, подвлекува Ампева во соопштението.

The post Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, враќање во феудализам appeared first on Република.

]]>

Работното време на коридорите 8 и 10д кое „Гласен Текстилец“ пред само неколку месеца го оспори пред Уставен суд, а тој суд го оцени како неуставно законско решение, денеска беше донесено со европско знаменце од страна на владината коалиција, се вели во писмената реакција од Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“. Посочува дека ова е уште еден пример на злоупотреба на европското знаменце, кршење на конвенциите на Меѓународната организација на трудот.
Ова е враќање во феудалистичко општество и експлоатација на градежните работници. Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, со наводно стратешки проект и дозвола за прекувремена незаконска работа, кој почеток понатаму ќе се користи и за останати дејности да бидат квалификувани како стратешки дејности, проекти, интереси, под влијание на разни структури, крупниот капитал, олигарсите, вели Ампева.
Забележува дека ова е пораз за сите работници, за сите синдикати и за нив како организација, која пред неколку месеци го оспори ова пред Уставен суд.
Оттука упатуваме голема загриженост за состојбата со човековите права, со почитувањето на законите, злоупотреби со европско знаменце за неевропски закон. Но, и очекуваме дека претседателот на државата, Стево Пендаровски денешните изгласани закони, вклучително и измената во Законот за работни односи нема да бидат потпишани од негова страна, подвлекува Ампева во соопштението.

The post Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, враќање во феудализам appeared first on Република.

]]>
Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д порачаа од „Гласен текстилец https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pratenitsite-da-ne-glasaat-za-izmenite-i-dopolnuvane-na-zakon-za-rabotni-odnosi-koi-se-odnesuvaat-za-izgradbata-na-koridorite-8-i-10d-porachaa-od-glasen-tekstilets/ Mon, 10 Apr 2023 10:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=629426

Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д, порача на денешната прес конференција, Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип.

Иако знаеме колку скандали излегоа со тој закон од самата негова неуставност при носењето и одбирањето на една единствена компанија, иако слушаме постојано за надзорот при изградба каде разни сомнителни фирми ќе ги соберат 22,5 милиони евра само по однос надзор, сепак на власта и тоа и е малку и повторно се обидува и да го врати назад работното време и овој пат пазете со измени и дополнувања во ЗРО. Ова нешто веќе Уставен суд го оцени како неуставно воведувањето на прекувремена работа која е спротивна на Устав, на меѓу народно потпишани конвенции и позитивни законски одредби, вели Ампева.

Посочи дека со новите измени Министерството за труд и социјална политика бара да се воведе прекувремена работа подолго од 8 часа неделно за проект како што вели кој се сметал од стратешки интерес на државата, дополнително и работење во недела кое за жал репрезентативниот синдикат им го дозволи да мине како што мина и сега само имаме преку 40 неважни дејности кои им е дозволено да работат, а сега се додава и во овие Предлог измени и дополнувања.

Стратешки е да размислуваш на доброто на работниците, зачувување и ценење на работничкиот труд и благосостојба, а не да се враќаме во феудализам и налагаме неуставни измени во закон за така еден скандалозен проект како што е изградбата на коридорот 8 и 10. Така да со оваа прес-конференција да упатиме порака до властите, министрите и пратениците, нема да дозволиме нова штета на грбот на работниците, вели Ампева. Забележа дека има други работи кои треба да се сменат во Законот за работни односи, во законот за трговија, како што се заштита на бремени жени, поврзување на евиденцијата на работното време со институција, ефикасна борба против сива економија и неплатен труд.

- Напоменувам дека ова нема да помине, веќе успешна иницијатива имавме пред Уставен суд и да размислат добро зошто се на власт и зашто добиле мандат. Тоа не е за да намалуваат човекови и работнички права. Нема да дозволиме, порача Ампева.

The post Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д порачаа од „Гласен текстилец appeared first on Република.

Ампева: Во пандемијата полесно им беше да ги отпуштаат работниците, тие заминаа во странство, па сега ќе увезуваме од Непал https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ampeva-vo-pandemijata-polesno-im-beshe-da-gi-otpushtaat-rabotnitsite-tie-zaminaa-vo-stranstvo-pa-sega-ke-uvezuvame-od-nepal/ Mon, 20 Mar 2023 18:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=621730

Нашата земја нема инфраструктура за да увезе странски работници, а работодавците не размислуваа и не ги слушаа нашите совети кога ги бркаа работниците за време на корона кризата, кои се иселија во земјите во ЕУ, вели Кристина Ампева од Гласен Текстилец-Штип, откако претседателот на собранието на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров во интервју за МИА откри дека неколку aгенции im нудат странски работници на македонските компании.

За време на пандемијата полесно им беше да ги отпуштаат колективно работниците, ова важи апсолутно за сите. Значи не само во текстилната индустрија, и во останатите, но во текстилната особено кога беа отпуштани жени кои користеа мерки или беа дома. Сега нема работници и ќе увезуваме од Непал, вели Ампева.

Таа забележува дека изминатите години македонските  работници си заминаа поради условите за работа и висината на платите, а трендот на иселување на работоспособното население продолжува.

The post Ампева: Во пандемијата полесно им беше да ги отпуштаат работниците, тие заминаа во странство, па сега ќе увезуваме од Непал appeared first on Република.

Наместо да си ги добијат неисплатените плати, 20.000 евра треба да платат работнички од Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/namesto-da-si-gi-dobijat-neisplatenite-plati-20-000-evra-treba-da-platat-rabotnichki-od-kavadartsi/ Fri, 03 Mar 2023 17:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=615686

Седумдесетина конфекциски работници денеска протестираа пред судот во Кавадарци, незадоволни од судска пресуда. Во изјава за медиумите, тие рекоа дека биле вработени на неопределено време во текстилна фабрика до 23 февруари 2020 година, а фирмата им должела по три неисплатени минимални плати, придонеси од плата и други стасани парични побарувања од плата, во вкупен износ од 9.633.158 денари. Или, секој од нив побарувал по над 130 илјади денари.

Поддршка добија и од претседателот на Здружението за заштита на работнички права „Гласен текстилец”, Кристина Ампева, којашто ги повика Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи, економски криминал, финансиска полиција и Основно јавно обвинителство, да го истражат случајот.

Нивниот правен застапник, Даница Милкова за МИА изјави дека во подготовка е жалба на судската пресуда до Апелациски суд Скопје. Според неа, имотот на текстилната фабрика бил продаден, а финансиски средства биле дадени како позајмица на семејна фирма на сопствениците на конфекцијата.

Со тужбата се бараше, а сега и со жалбата, должникот да си ја врати позајмицата дадена кон семејната фирма и да го плати долгот кон работниците, нагласи Милкова.

Зорка Мантева, се пожали дека со пресудата на судот, се задолжуваат тужителите, на име судски трошоци, на тужените да им платат околу 20 илјади евра. Секој од нив, да даде по околу 20 илјади денари.

Зоран Парговски, ја претставуваше починатата сопруга, која тужела и имала правосилна пресуда во нејзина корист.

Не може да се наплатат две неисплатени плати. Проблемите влијаеја и врз здравјето на мојата сопруга. Стресови, влечкање по судови, рече тој.

Правниот застапник на текстилната фирма ,,Сони”, Антонио Коцевски, во телефонска изјава за МИА, рече дека другата страна го промашила предметот.

Имаше кривична пријава што со правосилна одлука беше отфрлена од ОЈО Кавадарци и вишото Јавно обвинителство. Имаше времена мерка, одбиена од кавадаречкиот суд и потврдена од Апелација. Третата судска одлука за истиот случај исто така е против нив, нагласи Коцевски.

Од Основен суд Кавадарци најавија дека ќе се произнесат во понеделник.

The post Наместо да си ги добијат неисплатените плати, 20.000 евра треба да платат работнички од Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Седумдесетина конфекциски работници денеска протестираа пред судот во Кавадарци, незадоволни од судска пресуда. Во изјава за медиумите, тие рекоа дека биле вработени на неопределено време во текстилна фабрика до 23 февруари 2020 година, а фирмата им должела по три неисплатени минимални плати, придонеси од плата и други стасани парични побарувања од плата, во вкупен износ од 9.633.158 денари. Или, секој од нив побарувал по над 130 илјади денари. Поддршка добија и од претседателот на Здружението за заштита на работнички права „Гласен текстилец”, Кристина Ампева, којашто ги повика Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи, економски криминал, финансиска полиција и Основно јавно обвинителство, да го истражат случајот. Нивниот правен застапник, Даница Милкова за МИА изјави дека во подготовка е жалба на судската пресуда до Апелациски суд Скопје. Според неа, имотот на текстилната фабрика бил продаден, а финансиски средства биле дадени како позајмица на семејна фирма на сопствениците на конфекцијата.
Со тужбата се бараше, а сега и со жалбата, должникот да си ја врати позајмицата дадена кон семејната фирма и да го плати долгот кон работниците, нагласи Милкова.
Зорка Мантева, се пожали дека со пресудата на судот, се задолжуваат тужителите, на име судски трошоци, на тужените да им платат околу 20 илјади евра. Секој од нив, да даде по околу 20 илјади денари. Зоран Парговски, ја претставуваше починатата сопруга, која тужела и имала правосилна пресуда во нејзина корист.
Не може да се наплатат две неисплатени плати. Проблемите влијаеја и врз здравјето на мојата сопруга. Стресови, влечкање по судови, рече тој.
Правниот застапник на текстилната фирма ,,Сони”, Антонио Коцевски, во телефонска изјава за МИА, рече дека другата страна го промашила предметот.
Имаше кривична пријава што со правосилна одлука беше отфрлена од ОЈО Кавадарци и вишото Јавно обвинителство. Имаше времена мерка, одбиена од кавадаречкиот суд и потврдена од Апелација. Третата судска одлука за истиот случај исто така е против нив, нагласи Коцевски.
Од Основен суд Кавадарци најавија дека ќе се произнесат во понеделник.

The post Наместо да си ги добијат неисплатените плати, 20.000 евра треба да платат работнички од Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Лани поднесени 48 пријави за мобинг на работното место https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lani-podneseni-48-prijavi-za-mobing-na-rabotnoto-mesto/ Thu, 23 Feb 2023 11:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=612265

Четириест и осум пријави се поднесени минатата година за мобинг на работно место, од кои 33 во јавниот, а само 15 во приватниот сектор. Овие бројки сугерираат на фактот дека мобинг или вознемирување на работно место постои ама ретко се пријавува.

Вработените стравуваат дека тоа негативно ќе влијае врз нивното идно работење, истакнаа експертите и учесниците наденешната конференција на која се презентираа резултатите од „Истражувањето за начинот, опсегот и влијанието на вознемирувањето врз жртвите на мобинг“, кое е реализирано од страна на „Гласен Текстилец“-Штип.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека истражувањата покажуваат дека најголема пречка и проблем е докажувањето на мобингот, затоа и во пракса има само две потврдени судски пресуди на нивно на држава.

Тажно е уште тоа што, ние како држава, може да се пофалиме само со две судски постапки за мобинг. Значи, говориме за докажани судски постапки во првостепена и второстепена истанца и во двете се работи за јавен сектор, вели Ампева.

Фросина Серафимовска од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) истакна дека како инспекторат има превентивна улога и во законски предвидениот рок постапуваат по добивањето на пријавата.

До нас како институција, работниците во секој случај и во секое време можат да поднесат пријава, претставка или барање за извршување на вонрден инспекциски надзор, доколку сметаат дека одредено право, односно, во овој случај истите се изложени на мобинг од страна на работодавачот, каде што работат. Инспектори кои работат на терен постапуваат по нив, во однос на тоа дали ќе се утврди повреда или нема да се утврди повреда по поднесената пријава од страна на работниците, изјави Серафимовска.

Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека е потребно ново законско решение, за заштита и спречување од вознемирување на работа. Од таму се надеваат дека нема да има недостатоци во новиот Закон, кој е во изготовка и ќе се стави крај на вознемирувањето на работно место.

Следната година ќе имаме Закон, кој што ќе ги има во предвид сите оние недостатоци на посточекиот Закон. Она, шест месеци чекање на постапката, водење на евиденција, предупредување на моберот, сето тоа нема да влезе во новото законско решение, затоа што вознемирувањето може да биде еднократно, а да има многу поголеми последици, отколку да биде повторувано или да биде долготрајно, вели Светлана Цветковска од Министерството за труд и социјална политика.

Маја Ристова адвокат, која и беше вклучена во изготовка на новиот Закон за мобинг се надева дека предлозите кои таа ги дала, но и препораките од ова истражување ќе се земаат во предвид од страна на Министерството за труд и социјална политика. Посочи дека во тек се судски постапки за мобинг. Во рамките на истражувањето анкетирани беа над 900 текстилни работнички, кои потврдуваат дека мобинг има на работните места, но тешко се докажува и затоа и не се пријавува од нивна страна, бидејќи има страв дека ќе го загубат работното место.

The post Лани поднесени 48 пријави за мобинг на работното место appeared first on Република.

]]>

Четириест и осум пријави се поднесени минатата година за мобинг на работно место, од кои 33 во јавниот, а само 15 во приватниот сектор. Овие бројки сугерираат на фактот дека мобинг или вознемирување на работно место постои ама ретко се пријавува. Вработените стравуваат дека тоа негативно ќе влијае врз нивното идно работење, истакнаа експертите и учесниците наденешната конференција на која се презентираа резултатите од „Истражувањето за начинот, опсегот и влијанието на вознемирувањето врз жртвите на мобинг“, кое е реализирано од страна на „Гласен Текстилец“-Штип. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека истражувањата покажуваат дека најголема пречка и проблем е докажувањето на мобингот, затоа и во пракса има само две потврдени судски пресуди на нивно на држава.
Тажно е уште тоа што, ние како држава, може да се пофалиме само со две судски постапки за мобинг. Значи, говориме за докажани судски постапки во првостепена и второстепена истанца и во двете се работи за јавен сектор, вели Ампева.
Фросина Серафимовска од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) истакна дека како инспекторат има превентивна улога и во законски предвидениот рок постапуваат по добивањето на пријавата.
До нас како институција, работниците во секој случај и во секое време можат да поднесат пријава, претставка или барање за извршување на вонрден инспекциски надзор, доколку сметаат дека одредено право, односно, во овој случај истите се изложени на мобинг од страна на работодавачот, каде што работат. Инспектори кои работат на терен постапуваат по нив, во однос на тоа дали ќе се утврди повреда или нема да се утврди повреда по поднесената пријава од страна на работниците, изјави Серафимовска.
Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека е потребно ново законско решение, за заштита и спречување од вознемирување на работа. Од таму се надеваат дека нема да има недостатоци во новиот Закон, кој е во изготовка и ќе се стави крај на вознемирувањето на работно место.
Следната година ќе имаме Закон, кој што ќе ги има во предвид сите оние недостатоци на посточекиот Закон. Она, шест месеци чекање на постапката, водење на евиденција, предупредување на моберот, сето тоа нема да влезе во новото законско решение, затоа што вознемирувањето може да биде еднократно, а да има многу поголеми последици, отколку да биде повторувано или да биде долготрајно, вели Светлана Цветковска од Министерството за труд и социјална политика.
Маја Ристова адвокат, која и беше вклучена во изготовка на новиот Закон за мобинг се надева дека предлозите кои таа ги дала, но и препораките од ова истражување ќе се земаат во предвид од страна на Министерството за труд и социјална политика. Посочи дека во тек се судски постапки за мобинг. Во рамките на истражувањето анкетирани беа над 900 текстилни работнички, кои потврдуваат дека мобинг има на работните места, но тешко се докажува и затоа и не се пријавува од нивна страна, бидејќи има страв дека ќе го загубат работното место.

The post Лани поднесени 48 пријави за мобинг на работното место appeared first on Република.

]]>
„Гласен Текстилец“: Породилното отсуство да се исплаќа 100%, да не се дозволи исплата на К-15 по 100 денари и застарување на парични побараувања од работен однос пред судовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/glasen-tekstilets-porodilnoto-otsustvo-da-se-isplaka-100-da-ne-se-dozvoli-isplata-na-k-15-po-100-denari-i-zastaruvane-na-parichni-pobarauvana-od-raboten-odnos-pred-sudovite/ Sat, 28 Jan 2023 21:34:43 +0000 https://republika.mk/?p=602103

Поголема заштита и унапредување на работничките права мора да обезбеди новиот Закон за работни односи, порача Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. На јавната расправа се доставени пет забелешки, меѓу кои отсуство од работното место по однос на мајчинство или татковство мора да биде 100 посто исплатено, со цел младите да се задржат во земјава и да се мотивираат да формираат семејство, како и да се избегне можна манипулација од страна на работодавците.

Се бара и во новото законско решение да не се дозволува исплата на регрес за годишен одмор или познат како К15 и по 100 денари, бидејќи досега тоа им беше овозможено на работодавците под превезот на економски тешкотии во работењето.

Клучно е и во Законот за работни односи да не се дозволува и застарувања на парични побараувања од работен однос пред судовите, бидејќи како што вели Ампева во овој случај губат и работниците и државата, ако не им се исплатат и платите и продонесите. Јавните расправи за новиот Закон се во тек, асоцијациите, коморите, невладините и синдикатите се дел од овие расправави, кои деновиве  се одржаа во Струмица, Штип и Битола.

The post „Гласен Текстилец“: Породилното отсуство да се исплаќа 100%, да не се дозволи исплата на К-15 по 100 денари и застарување на парични побараувања од работен однос пред судовите appeared first on Република.

]]>

Поголема заштита и унапредување на работничките права мора да обезбеди новиот Закон за работни односи, порача Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. На јавната расправа се доставени пет забелешки, меѓу кои отсуство од работното место по однос на мајчинство или татковство мора да биде 100 посто исплатено, со цел младите да се задржат во земјава и да се мотивираат да формираат семејство, како и да се избегне можна манипулација од страна на работодавците. Се бара и во новото законско решение да не се дозволува исплата на регрес за годишен одмор или познат како К15 и по 100 денари, бидејќи досега тоа им беше овозможено на работодавците под превезот на економски тешкотии во работењето. Клучно е и во Законот за работни односи да не се дозволува и застарувања на парични побараувања од работен однос пред судовите, бидејќи како што вели Ампева во овој случај губат и работниците и државата, ако не им се исплатат и платите и продонесите. Јавните расправи за новиот Закон се во тек, асоцијациите, коморите, невладините и синдикатите се дел од овие расправави, кои деновиве  се одржаа во Струмица, Штип и Битола.

The post „Гласен Текстилец“: Породилното отсуство да се исплаќа 100%, да не се дозволи исплата на К-15 по 100 денари и застарување на парични побараувања од работен однос пред судовите appeared first on Република.

]]>
Најмалку три големи конфекции работат денеска, брендовите ќе бидат известени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/najmalku-tri-golemi-konfekcii-rabotat-deneska-brendovite-kje-bidat-izvesteni/ Tue, 11 Oct 2022 13:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=559727

Најмалку три штипски конфекции, една во Пробиштип, но и странските инвеститори во Кочани денеска работат, а работниците не го празнуваат 11 Октомври, вели Кристина Ампева од здружението „Гласен Текстилец“ од Штип. Забележа дека работодавците после се чудат зошто нема работници.

За овие, за кои имам сознанија отприлика три конфекции и тоа поголеми, ќе ги известам нивните брендови, за кои работат, иако можеби е законски да работат, сепак го злоупотребуваат истиот Закон, а богами и Законот за минимална плата за што имаме реагирано како здружение за неисплаќање на минимална плата, непријавени работници, неисплаќање на додатоци на плата. Бидејќи им е полесно да платат казна на инспекциите, овој пат ќе преминеме кон известување на брендовите со нашите партнери од странство па нека проценат тие дали е во ред вакво работење. За останатите кои не се дел од текстилната индустрија, а добивме сознанија дека работат денес, ќе провериме дали пријавиле и дали ќе платат празнична дневница, вели Ампева.

Посочи дека има и позитивни примери, односно поголемиот дел од компаниите во Штип и источниот регион не работат на државниот празник, а некои од нив го поврзале и викендот со денешниот празник

The post Најмалку три големи конфекции работат денеска, брендовите ќе бидат известени appeared first on Република.

Под мотото „Плата за живот“ во Штип ќе се одржува „Текстилијада“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pod-mototo-plata-za-zivot-vo-shtip-kje-se-odrzuva-tekstilijada/ Wed, 05 Oct 2022 20:52:25 +0000 https://republika.mk/?p=557722

Во Штип од утре почнува 6. „Текстилијада“ во организација на Здружението „Гласен Текстилец“.

Кристина Ампева, претставничка на здружението, на прес-конференција истакна дека во наредните три дена, експерти од државата, но и од светско ниво, работодавачи и синдикати ќе дискутираат и ќе понудат знаење и можности како работниците да ја надминат кризата.

Активностите утре ќе бидат во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“. Ќе почнеме со дебатата „Иглата ја храни иднината“ на која се поканети претставници од Организација на работодавачи, текстилното училиште, факултетот, советници на премиерот,…, за да разговараме повеќе за текстилната индустрија и за она што нѐ очекува како регион и како град - изјави Ампева.

Во тридневните активности се планирани и панел дискусии за правата на жените и нивното зајакнување, бидејќи, како што истакнаа од „Гласен Текстилец“, закони има, но ретко надлежните институции ги спроведуваат во пракса.

Продолжуваме со панел дискусијата „Правата на жените, нивното економско зајакнување и влијанието на политиките врз нив“. Оваа активност е во соработка со Шведската фондација. Во нашата држава има многу закони за еднаквост и политики, но институциите кои се надлежни за нивно спорведување како да ги закочуваат и како да ги имаат само на хартија. Граѓанските организации прават многу истражувања во врска со оваа тема, кои не секогаш се земаат во предвид. Затоа на оваа панел дискусија се поканети преставнички на граѓански институции - истакна Благојче Дишоски од „Гласен Текстилец“.

Уметничкиот директор на „Текстилијадата“, Денис Ампев нагласи дека на годинашната „Тестилијада“ се предвидени и неколку изложби, како и посета на античкиот град Баргала, а завршниот настан е забава во Домот на млади Штип.

Културата не е привилегија на богатите, туку се враќа меѓу работниците. Оваа година имаме шест културни настани и отвориме нови соработки со јавни претпријатија и Дом на млади Штип. Првото ќе ни биде откривање на уметничко дело, работничка клупа. Клупата ја направивме заедно со јавните претпријатија од Штип и има за цел да ја покаже состојбата за текстилните работници односно потребата за одмор, пауза - истакна Ампев.

„Текстлијадата“ годинава е под мото „Плата за живот“. Ампева посочи дека синдикатите и невладините организации во Европа и на Балканот во услови на криза од властите бараат „Плата за живот“. Ланските калкулации покажуваат дека на едно четиричлено семејство Платата за живот е околу 52 000 денари и тука се пресметани сите сметки, храна, облека, трошоци за здравје, култура, но и се заштетени 10 отсто за решавање непредвидени семејни проблеми. Македонските граѓани на крајот од месецов ќе дознаат колкава им е Платата за живот со двоцифрената инфлација, за оваа година.

The post Под мотото „Плата за живот“ во Штип ќе се одржува „Текстилијада“ appeared first on Република.

]]>

Во Штип од утре почнува 6. „Текстилијада“ во организација на Здружението „Гласен Текстилец“. Кристина Ампева, претставничка на здружението, на прес-конференција истакна дека во наредните три дена, експерти од државата, но и од светско ниво, работодавачи и синдикати ќе дискутираат и ќе понудат знаење и можности како работниците да ја надминат кризата.
Активностите утре ќе бидат во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“. Ќе почнеме со дебатата „Иглата ја храни иднината“ на која се поканети претставници од Организација на работодавачи, текстилното училиште, факултетот, советници на премиерот,…, за да разговараме повеќе за текстилната индустрија и за она што нѐ очекува како регион и како град - изјави Ампева.
Во тридневните активности се планирани и панел дискусии за правата на жените и нивното зајакнување, бидејќи, како што истакнаа од „Гласен Текстилец“, закони има, но ретко надлежните институции ги спроведуваат во пракса.
Продолжуваме со панел дискусијата „Правата на жените, нивното економско зајакнување и влијанието на политиките врз нив“. Оваа активност е во соработка со Шведската фондација. Во нашата држава има многу закони за еднаквост и политики, но институциите кои се надлежни за нивно спорведување како да ги закочуваат и како да ги имаат само на хартија. Граѓанските организации прават многу истражувања во врска со оваа тема, кои не секогаш се земаат во предвид. Затоа на оваа панел дискусија се поканети преставнички на граѓански институции - истакна Благојче Дишоски од „Гласен Текстилец“.
Уметничкиот директор на „Текстилијадата“, Денис Ампев нагласи дека на годинашната „Тестилијада“ се предвидени и неколку изложби, како и посета на античкиот град Баргала, а завршниот настан е забава во Домот на млади Штип.
Културата не е привилегија на богатите, туку се враќа меѓу работниците. Оваа година имаме шест културни настани и отвориме нови соработки со јавни претпријатија и Дом на млади Штип. Првото ќе ни биде откривање на уметничко дело, работничка клупа. Клупата ја направивме заедно со јавните претпријатија од Штип и има за цел да ја покаже состојбата за текстилните работници односно потребата за одмор, пауза - истакна Ампев.
„Текстлијадата“ годинава е под мото „Плата за живот“. Ампева посочи дека синдикатите и невладините организации во Европа и на Балканот во услови на криза од властите бараат „Плата за живот“. Ланските калкулации покажуваат дека на едно четиричлено семејство Платата за живот е околу 52 000 денари и тука се пресметани сите сметки, храна, облека, трошоци за здравје, култура, но и се заштетени 10 отсто за решавање непредвидени семејни проблеми. Македонските граѓани на крајот од месецов ќе дознаат колкава им е Платата за живот со двоцифрената инфлација, за оваа година.

The post Под мотото „Плата за живот“ во Штип ќе се одржува „Текстилијада“ appeared first on Република.

]]>
Околу илјада текстилни работници добија плата под минималната https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/okolu-iljada-tekstilni-rabotnici-dobija-plata-pod-minimalnata/ Sat, 30 Apr 2022 07:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=495600

Седум текстилни фирми од источниот регион не исплатиле минимална плата. Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец” вели дека станува збор за 1.000 текстилни работници кои кај нив пријавиле дека им е исплатена плата под минималната.

Таа појаснува дека на нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка, вели, а пријавите се собрани за само пет дена.

Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд, вели Ампева.

Забележува дека заради владините субвенции за минималецот во одредени фирми и супермаркети платите им задоцниле на работниците. Ампева се чуди како низ системот на државните институции поминува да се исплати под минималец и тоа за редовно работење.

Таа порача дека пријавите да не се за редовно работење не би ги спомнала, а веќе се и информирани и странските брендови, како и дали знаат дека мартовската плата за разботниците треба да е минимум 18.000 денари.

Ампева останува на ставот дека со минималната плата требаше да се следи нивниот предлог, кој беше по примерот на Црна Гора.

The post Околу илјада текстилни работници добија плата под минималната appeared first on Република.

]]>

Седум текстилни фирми од источниот регион не исплатиле минимална плата. Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец” вели дека станува збор за 1.000 текстилни работници кои кај нив пријавиле дека им е исплатена плата под минималната. Таа појаснува дека на нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка, вели, а пријавите се собрани за само пет дена.
Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд, вели Ампева.
Забележува дека заради владините субвенции за минималецот во одредени фирми и супермаркети платите им задоцниле на работниците. Ампева се чуди како низ системот на државните институции поминува да се исплати под минималец и тоа за редовно работење. Таа порача дека пријавите да не се за редовно работење не би ги спомнала, а веќе се и информирани и странските брендови, како и дали знаат дека мартовската плата за разботниците треба да е минимум 18.000 денари. Ампева останува на ставот дека со минималната плата требаше да се следи нивниот предлог, кој беше по примерот на Црна Гора.

The post Околу илјада текстилни работници добија плата под минималната appeared first on Република.

]]>
Текстилна работничка на суд го доби спорот против поранешната газдарица, прва ваква победа во македонското судство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tekstilna-rabotnichka-na-sud-go-dobi-sporot-protiv-poraneshnata-gazdarica-prva-vakva-pobeda-vo-makedonskoto-sudstvo/ Wed, 02 Mar 2022 18:36:47 +0000 https://republika.mk/?p=466612

Текстилна работничка од Делчево ја доби првата судска пресуда против поранешната работодавачка, која треба да ѝ исплати парична казна од 31.530 денари како и да ги надомести трошоците во постапката од 105,924 денари.

Здружението „Гласен Текстилец“ кое ја поднесе кривичната пријава, соопшти дека ја поздравува судската одлука и дека сака да се воспостави конечна пракса во однос на кривичните дела за работните односи.

Од здружението наведуваат дека пријавата против сопственичката на делчевската текстилна фабрика е за „повреда на права од работен однос“ и „фалсификување на исправа”.

Основното јавно обвинителство Делчево поднесе обвинение против осомничените лица за горенаведените лица бидејќи лицето како управител на Аледам Фешн од Делчево не се придржувала кон член 97 од Законот за работни однос за престанок на работен однос од деловни причини и не ѝ исплатила испратнина на работничката-оштетена на постапка и како управител на правното лице Палтекс АД од Делчево во име и за сметка на правното лице направила лажна исправа договор за вработување со оштетената работничка, кој договор непотпишан од страна на работничката го употребила пред инстититуциите во државата, се вели во соопштението на „Гласен Текстилец“.

Здружението наведува и дека е потребна поголема сензибилност за јавното обвинителството и судовите во државата за кривични дела застапени против работните односи, како и да почне да се практикува Кривичниот законик, а не како што велат, како досега само да биде запишано на лист хартија и да се третираат како прекршување на работни односи.

Ова се кривични дела предвидени согласно Кривичниот Законик и време е во пракса да се третираат како такви, се со цел да се намалат овие девијантни појави и злоупотреби на грбот на работниците, велат во соопштението од „Гласен Текстилец“

The post Текстилна работничка на суд го доби спорот против поранешната газдарица, прва ваква победа во македонското судство appeared first on Република.

]]>

Текстилна работничка од Делчево ја доби првата судска пресуда против поранешната работодавачка, која треба да ѝ исплати парична казна од 31.530 денари како и да ги надомести трошоците во постапката од 105,924 денари. Здружението „Гласен Текстилец“ кое ја поднесе кривичната пријава, соопшти дека ја поздравува судската одлука и дека сака да се воспостави конечна пракса во однос на кривичните дела за работните односи. Од здружението наведуваат дека пријавата против сопственичката на делчевската текстилна фабрика е за „повреда на права од работен однос“ и „фалсификување на исправа”.
Основното јавно обвинителство Делчево поднесе обвинение против осомничените лица за горенаведените лица бидејќи лицето како управител на Аледам Фешн од Делчево не се придржувала кон член 97 од Законот за работни однос за престанок на работен однос од деловни причини и не ѝ исплатила испратнина на работничката-оштетена на постапка и како управител на правното лице Палтекс АД од Делчево во име и за сметка на правното лице направила лажна исправа договор за вработување со оштетената работничка, кој договор непотпишан од страна на работничката го употребила пред инстититуциите во државата, се вели во соопштението на „Гласен Текстилец“.
Здружението наведува и дека е потребна поголема сензибилност за јавното обвинителството и судовите во државата за кривични дела застапени против работните односи, како и да почне да се практикува Кривичниот законик, а не како што велат, како досега само да биде запишано на лист хартија и да се третираат како прекршување на работни односи.
Ова се кривични дела предвидени согласно Кривичниот Законик и време е во пракса да се третираат како такви, се со цел да се намалат овие девијантни појави и злоупотреби на грбот на работниците, велат во соопштението од „Гласен Текстилец“

The post Текстилна работничка на суд го доби спорот против поранешната газдарица, прва ваква победа во македонското судство appeared first on Република.

]]>
„Гласен текстилец“: Газди се спремаат да отпуштаат работници поради зголемената минимална плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/glasen-tekstilec-gazdi-se-spremaat-da-otpushtaat-rabotnici-poradi-zgolemenata-minimalna-plata/ Fri, 25 Feb 2022 21:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=464051

Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип соопшти дека добило сознание оти поради стапувањето на сила на Законот за минимална плата од 18.000 денари, дел од работодавачите во следниот период спремаат откази на работниците поради наводно кршење на ред и дисциплина и неисполнување на нормираниот учинок од страна на работниците.

Ги повикуваме работниците да не потпишуваат никакви документи, изјави или спогодби се додека не се консултираат со правниот тим на Гласен Текстилец од Штип и да пријавуваат било какви прекршувања од работен однос, редовно да се јавуваат на своите работни места и покрај усмени укажувања од страна на работодавачите дека ќе бидат повикани на работа а сето тоа нема никаква правна потткрепа дека истите седат дома по налог на работодавачот, а не по нивна волја, велат од здружението, кое ги застапува правата на работниците од текстилната индустрија.

„Гласен Текстилец“ испраќа апел до сите работодавачи да не превземаат никакви дејствија и противзаконски работи со цел да се изиграат законите и правата на работниците, бидејќи ќе се соочат со силен отпор од страна на здружението и работниците.

Исто така, сакаме да напомениме дека нормираниот учинок е укинат од страна на Уставниот суд на РСМ и нема да дозволиме никакво враќање на поранешна состојба и ќе бидат преземени сите правни механизми кои ги имаме согласно Уставот, Законите и меѓународните ратификувани документи во согласност со Уставот на РСМ за заштита на работниците и нивните права, се вели во соопштението.

The post „Гласен текстилец“: Газди се спремаат да отпуштаат работници поради зголемената минимална плата appeared first on Република.

Ова може да доведе и 150 часа работа неделно: „Гласен текстилец“ со иницијатива до Уставен за изградбата на Коридорите 8 и 10 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ova-moze-da-dovede-i-150-chasa-rabota-nedelno-glasen-tekstilec-so-inicijativa-do-ustaven-za-izgradbata-na-koridorite-8-i-10/ Tue, 15 Feb 2022 12:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=458849

Здружението „Гласен Текстилец” од Штип денеска поднесе иницијатива до Уставен суд за оценување на уставност и законитост на членот 12 од Законот кој одобрува градежни работи во просек од 60 часа неделно за Коридор 8 и Коридор 10. Со тоа се организира и распоредува работното време на работниците, а тоа може значи и 100 или 150 часа неделно, што е во спротивност на Уставот, Законот за работни односи, конвенциите на МОТ и претставува кршење на човековите и работничите права, објави Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец”.

Здружението „Гласен Текстилец”- Штип е против ваквото законско решение и денес ја испративме иницијативата пред Уставен суд за оценување на уставноста и/или законитоста со кое побаравме да се укине овој член кои предизвикува правна несигурност и е во спротивност на чл.32 од Уставот и чл.116 од Законот за работните односи и меѓународните ратификувани конвенции кои го регулираат ова прашање, вели Ампева.

Очекува Уставниот суд со посебно внимание да ги разгледа наводите наведени во поднесената иницијатива од нивна страна, притоа , како што вели, водејќи се од начелата на законитост, стручност и компетентност ќе поведе постапка која ќе резултира со укинување на спорниот член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за импементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 делница: Тетово-Гостивар-Букојчани и проектот за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан и Коридорот 10 делница на автопатот Прилеп-Битола.

The post Ова може да доведе и 150 часа работа неделно: „Гласен текстилец“ со иницијатива до Уставен за изградбата на Коридорите 8 и 10 appeared first on Република.

Ампева: Доколку работниците од православна вероисповед работат за Водици, им следува празнична дневница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ampeva-dokolku-rabotnicite-od-pravoslavna-veroispoved-rabotat-za-vodici-im-sleduva-praznichna-dnevnica/ Tue, 18 Jan 2022 22:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=446550

Пристигнати се околу 40 пријави од работнички од речиси сите општини во земјава дека утре ќе работат за време на православниот празник Богојавление – Водици, вели за МИА, Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Таа појаснува дека сопствениците на фабриките согласно Законот не пријавуваат во Државниот трудов инспекторат оти утре нивните работници ќе бидат на своите работни места и ќе тече производството, но на работниците доколку се на работните места и за нивниот труд им следува празнична дневница.

-Ги известуваме работниците и работничките кои ќе работат на 19.01.2022 година, Богојавление – Водици, дека им следува празнична дневница поради работа на празник и доколку не им е соодветно платено кога ќе земат плата за јануари 2022 година, да пријават за да можеме да реагираме до Државниот трудов инспекторат со цел да се задолжат работодавачите да го исплатат секој труд кој работникот го вложува во своето работење за време на празници, вели Ампева.

Правникот во НВО „Гласен Текстилец“, Иван Николов објаснува доколку на пример дневницата изнесува 1.000 денари, а работникот работи утре за време на верскиот празник истата се зголемува за 50 отсто и тоа значи дека на платата за јануари треба да добие празнична дневница од 1.500 денари. Посочи дека загрижува тоа што утре поголем дел од погоните од текстилната индустрија ќе работат, а тие како „Гласен Текстилец“ будно ја следат ситуацијата и ќе достават пријави до Државниот инспекторат за труд по истекот на законскиот рок за исплата на јануарската плата, за инспекторите да проверат дали на работниците им се исплатени празнични дневници. Во новиот Закон за работни односи ќе побараат сите верски празници да бидат неработни, освен за оние работници кои писмено ќе побараат да работат за време на празник, а за возврат да добијат празнична дневница.

The post Ампева: Доколку работниците од православна вероисповед работат за Водици, им следува празнична дневница appeared first on Република.

„Гласен Текстилец“ ги повика работниците да пријавуваат ако не им е исплатено К-15 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/glasen-tekstilec-gi-povika-rabotnicite-da-prijavuvaat-ako-ne-im-e-isplateno-k-15/ Sun, 02 Jan 2022 12:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=439571

Рокот за исплата на регрес за годишен одмор или познато како К-15 помина. Во денешното соопштение од НВО „Гласен Текатилец“ се вели дека правото на регрес за годишен одмор К-15 претставува законска обврска на работодавачот. Рокот за исплата на регресот е до 31 декември.

Ве повикуваме до 15 јануари 2022 година, да пријавите доколку не ви е исплатен регрес од годишен одмор или ви е исплатен само дел од предвидениот надоместок за уредно да можеме да реагираме и пријавиме до Државниот трудов инспекторат, се со цел работодавачот да биде задолжен за негова исплата и соодветно санкциониран, велат од „Гласен Текстилец“.

Тие ги информираат работниците дека доколку во фирми каде има исплата на регрес од годишен одмор во помал износ, а имало потпишано спогодба со претставник од работниците, ќе побараат да се испита законитоста за назначување на тој претставник со целата потребна документација.

Пријавувањето е анонимно и ве охрабруваме да пријавувате прекршување на работнички права, бидејќи заштита доаѓа најпрвин од самите вас како работници, се вели во соопштението од „Гласен Текстилец“.

Ги повикуваат ССМ и Организација на работодавачи да го ревидираат Колективниот договор за стопанството, се со цел да не се дозволува простор за манипулација и исплата на регрес за годишен одмор во помал износ од предвидениот законски износ.

Ние како Здружение ќе продолжиме да правиме притисок правото на регрес за годишен одмор во влезе во самиот Закон за работни односи и да важи подеднакво за сите работници/чки од јавен и приватен сектор, за да не се случуваат вакви манипулации кои синдикатот ги дозволи во ОКД за приватен сектор, додаваат од „Гласен Текстилец“.

The post „Гласен Текстилец“ ги повика работниците да пријавуваат ако не им е исплатено К-15 appeared first on Република.