гласање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasanje/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 13:51:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гласање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/glasanje/ 32 32 Шолц потврди дека гласањето доверба на владата во Бундестагот ќе се одржи на 16 декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-potvrdi-deka-glasaneto-doverba-na-vladata-vo-bundestagot-ke-se-odrzhi-na-16-dekemvri/ Wed, 13 Nov 2024 13:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=837255

Германскиот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц (66) потврди денеска дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа на 16 декември, отворајќи го патот за вонредни избори што ќе се одржат на 23 февруари следната година.

Во говор во германскиот Парламент тој денеска рече дека е неопходно, правилно и неизбежно да се разреши министерот за финансии Кристијан Линднер и покрај тоа што владејачката коалиција доживеа колапс како резултат на тоа и дека е благодарен што нови избори ќе да се одржи на крајот на февруари.

Шолц рече дека има „итни прашања“ за кои германските партии треба да се договорат пред изборите, како што се зголемувањето на детскиот додаток, фискалните прашања и инфлацијата.

Тој во говорот повика и на поголема заштита на Уставниот суд на Германија.

Како што претходно објави Билд, денеска во Бундестагот се одржува историска дебата на која присуствува целата прва гарда на германската политика.

Самиот канцелар Шолц зборуваше 30 минути, а потоа лидерот и кандидат на ЦДУ/ЦСУ за иден канцелар Фридрих Мерц, шефицата на дипломатијата Аналена Бербок, лидерот на ФДП Кристијан Линднер, кандидатот на АфД за канцелар Алис Вајдел.

На седницата ќе се обрати и лидерот на Христијанско-социјалната унија и премиер на Баварија Маркус Зедер.

The post Шолц потврди дека гласањето доверба на владата во Бундестагот ќе се одржи на 16 декември appeared first on Република.

]]>

Германскиот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц (66) потврди денеска дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа на 16 декември, отворајќи го патот за вонредни избори што ќе се одржат на 23 февруари следната година. Во говор во германскиот Парламент тој денеска рече дека е неопходно, правилно и неизбежно да се разреши министерот за финансии Кристијан Линднер и покрај тоа што владејачката коалиција доживеа колапс како резултат на тоа и дека е благодарен што нови избори ќе да се одржи на крајот на февруари. Шолц рече дека има „итни прашања“ за кои германските партии треба да се договорат пред изборите, како што се зголемувањето на детскиот додаток, фискалните прашања и инфлацијата. Тој во говорот повика и на поголема заштита на Уставниот суд на Германија. Како што претходно објави Билд, денеска во Бундестагот се одржува историска дебата на која присуствува целата прва гарда на германската политика. Самиот канцелар Шолц зборуваше 30 минути, а потоа лидерот и кандидат на ЦДУ/ЦСУ за иден канцелар Фридрих Мерц, шефицата на дипломатијата Аналена Бербок, лидерот на ФДП Кристијан Линднер, кандидатот на АфД за канцелар Алис Вајдел. На седницата ќе се обрати и лидерот на Христијанско-социјалната унија и премиер на Баварија Маркус Зедер.

The post Шолц потврди дека гласањето доверба на владата во Бундестагот ќе се одржи на 16 декември appeared first on Република.

]]>
Гласајте за Перо, Томе или Shiny, еден од нив ќе биде избран за маскота на ЕМОФ! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/glasajte-za-pero-tome-ili-shiny-eden-od-niv-ke-bide-izbran-za-maskota-na-emof/ Wed, 06 Nov 2024 10:07:00 +0000 https://republika.mk/?p=834655

Македонскиот олимписки омитет (МОК) го најавува отворениот повик за избор на официјалната маскота на 18. издание на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, кој ќе се одржи од 19 до 26 јули следната година во Скопје.

Сите заинтересирани граѓани може да гласаат за една од маскотите, Перо, Томе или Shiny на следниот линк - https://skopje2025.sporteurope.org/mascot-poll/

Маскотата ќе биде симбол на вредностите на ЕМОФ - единство, пријателство, почитување и спортски дух, и ќе биде присутна на сите настани и промоции поврзани со фестивалот.

Изборот на маскотата за ЕМОФ 2025 не е само одлука, туку можност за сите нас да создадеме симбол кој ќе биде дел од историјата на овој значаен спортски настан, изјави Даниел Димевски, претседател на МОК. 

Гласањето ќе се одвива онлајн на официјалната веб-страница на фестивалот, а маскотата која ќе добие најголема поддршка ќе биде прогласена за официјална на ЕМОФ 2025.

Процесот на избор започнува од денеска (6 ноември) и ќе трае до 10 ноември 2024 година.

 

The post Гласајте за Перо, Томе или Shiny, еден од нив ќе биде избран за маскота на ЕМОФ! appeared first on Република.

]]>

Македонскиот олимписки омитет (МОК) го најавува отворениот повик за избор на официјалната маскота на 18. издание на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, кој ќе се одржи од 19 до 26 јули следната година во Скопје.

Сите заинтересирани граѓани може да гласаат за една од маскотите, Перо, Томе или Shiny на следниот линк - https://skopje2025.sporteurope.org/mascot-poll/

Маскотата ќе биде симбол на вредностите на ЕМОФ - единство, пријателство, почитување и спортски дух, и ќе биде присутна на сите настани и промоции поврзани со фестивалот.

Изборот на маскотата за ЕМОФ 2025 не е само одлука, туку можност за сите нас да создадеме симбол кој ќе биде дел од историјата на овој значаен спортски настан, изјави Даниел Димевски, претседател на МОК. 

Гласањето ќе се одвива онлајн на официјалната веб-страница на фестивалот, а маскотата која ќе добие најголема поддршка ќе биде прогласена за официјална на ЕМОФ 2025.

Процесот на избор започнува од денеска (6 ноември) и ќе трае до 10 ноември 2024 година.

 

The post Гласајте за Перо, Томе или Shiny, еден од нив ќе биде избран за маскота на ЕМОФ! appeared first on Република.

]]>
Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од изборите одлучуваат кој ќе биде шеф на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/glasachite-vo-moldavija-deneska-vo-vtoriot-krug-od-izborite-odluchuvaat-koj-ke-bide-shef-na-drzhavata/ Sun, 03 Nov 2024 07:38:17 +0000 https://republika.mk/?p=833616

Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од претседателските избори ќе одлучуваат кој ќе биде претседател на државата.

Избирачките места во земјата се отворени во 7 часот утринава по локално време, а ќе се затворат во 21 часот.

ДПА ги претставува почетните позиции на двајцата претенденти – актуелната проевропска претседателка на земјата, Маја Санду и поранешниот главен обвинител Александар Стојаногло, поддржан од прорускиот електорат.

Педесет и двегодишната Санду не можеше да добие апсолутно мнозинство на гласањето на 20 октомври – ја поддржаа 42,45 отсто од гласачите. Сепак, ова е највисок резултат меѓу 11-те кандидати.

Нејзиниот ривал Стојаноглу, чија кандидатура беше предложена од проруската партија на социјалистите на Република Молдавија на поранешниот претседател Игор Додон, го зазеде второто место со 25,98 отсто.

И покрај значајната разлика помеѓу Санду и нејзиниот противник во првиот круг, исходот од денешниот втор круг не се смета за предодреден, наведува ДПА.

Молдавија, чија економија главно се потпира на земјоделството, има кандидатски статус за членство во Европската унија, како и Украина.

Иако Санду и денеска е фаворит, таа се најде на удар на критиките поради недостигот на економски и социјален напредок во земјата, со население од околу 2,5 милиони. Педесет и седумгодишниот Стојаногло ја застапува линијата на истовремен стремеж за влез во ЕУ и за одржување добри економски односи со Русија.

Безбедносните служби во Молдавија објавија дека откриле проруска шема за купување гласови пред првиот круг од изборите. По две гласања во октомври, безбедносните служби во Молдавија објавија дека откриле проруска шема за купување гласови пред првиот круг од изборите.

По две гласања во октомври, молдавските органи за спроведување на законот соопштија дека шемата за купување гласови била организирана од Илан Шор, протеран олигарх кој моментално живее во Русија и осуден во отсуство во 2023 година за измама и перење пари.

Обвинителите велат дека во периодот од септември до октомври на гласачите им биле исплатени 39 милиони долари. Повеќе од 130,000 од нив добиле пари преку руска банка под меѓународни санкции.

Шор негира дека сторил неправда.

Своето право на глас во денешниот втор круг можат да го искористат и стотици илјади Молдавци кои живеат во странство – главно во земјите на ЕУ – како и молдавските граѓани во отцепениот регион Придњестровје, контролиран од Русија. Придњестровје беше извор на тензии за време на војната во соседна Украина, особено затоа што таму се наоѓа воена база со 1,500 руски војници. Претседателот во Молдавија има значителни овластувања во области како што се надворешната политика и националната безбедност. 

 

The post Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од изборите одлучуваат кој ќе биде шеф на државата appeared first on Република.

]]>

Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од претседателските избори ќе одлучуваат кој ќе биде претседател на државата.

Избирачките места во земјата се отворени во 7 часот утринава по локално време, а ќе се затворат во 21 часот.

ДПА ги претставува почетните позиции на двајцата претенденти – актуелната проевропска претседателка на земјата, Маја Санду и поранешниот главен обвинител Александар Стојаногло, поддржан од прорускиот електорат.

Педесет и двегодишната Санду не можеше да добие апсолутно мнозинство на гласањето на 20 октомври – ја поддржаа 42,45 отсто од гласачите. Сепак, ова е највисок резултат меѓу 11-те кандидати.

Нејзиниот ривал Стојаноглу, чија кандидатура беше предложена од проруската партија на социјалистите на Република Молдавија на поранешниот претседател Игор Додон, го зазеде второто место со 25,98 отсто.

И покрај значајната разлика помеѓу Санду и нејзиниот противник во првиот круг, исходот од денешниот втор круг не се смета за предодреден, наведува ДПА.

Молдавија, чија економија главно се потпира на земјоделството, има кандидатски статус за членство во Европската унија, како и Украина.

Иако Санду и денеска е фаворит, таа се најде на удар на критиките поради недостигот на економски и социјален напредок во земјата, со население од околу 2,5 милиони. Педесет и седумгодишниот Стојаногло ја застапува линијата на истовремен стремеж за влез во ЕУ и за одржување добри економски односи со Русија.

Безбедносните служби во Молдавија објавија дека откриле проруска шема за купување гласови пред првиот круг од изборите. По две гласања во октомври, безбедносните служби во Молдавија објавија дека откриле проруска шема за купување гласови пред првиот круг од изборите.

По две гласања во октомври, молдавските органи за спроведување на законот соопштија дека шемата за купување гласови била организирана од Илан Шор, протеран олигарх кој моментално живее во Русија и осуден во отсуство во 2023 година за измама и перење пари.

Обвинителите велат дека во периодот од септември до октомври на гласачите им биле исплатени 39 милиони долари. Повеќе од 130,000 од нив добиле пари преку руска банка под меѓународни санкции.

Шор негира дека сторил неправда.

Своето право на глас во денешниот втор круг можат да го искористат и стотици илјади Молдавци кои живеат во странство – главно во земјите на ЕУ – како и молдавските граѓани во отцепениот регион Придњестровје, контролиран од Русија. Придњестровје беше извор на тензии за време на војната во соседна Украина, особено затоа што таму се наоѓа воена база со 1,500 руски војници. Претседателот во Молдавија има значителни овластувања во области како што се надворешната политика и националната безбедност. 

 

The post Гласачите во Молдавија денеска во вториот круг од изборите одлучуваат кој ќе биде шеф на државата appeared first on Република.

]]>
Укинувањето на економските директори во болниците поддржано од сите пратеници, законот оди во второ читање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ukinuvaneto-na-ekonomskite-direktori-vo-bolnitsite-poddrzhano-od-site-pratenitsi-zakonot-odi-vo-vtoro-chitane/ Tue, 23 Jul 2024 19:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=799662

Пратениците во рамки на 11. седница вечерва едногласно со 81 глас „за“ го даде на натамошно читање Предлог на закон за изменување на Законот за здравствената заштита, во прво читање. Со овие измени се предвидува укинување на економските директори во 40 болници и јавно здравстевни установи. Собранието со 68 гласа „за“ и осум „против“ го донесе Предлог на закон за дополнување на Законот за катастар на недвижности.

Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека со поставувањето двајца директори во болниците се создал паралелизам и поголеми трошоци. Целта на законот, рече Таравари, е рационализација и поголема ефикасност. Подоцна во одговор на пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ, чија пратеничка група го поддржа законот, објасни дека ова е почеток на реформите што следуваат најавувајќи спојување на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека секој град ќе има своја општа болница. Максимум за една година, додаде министерот за здравство, ќе има нов закон за здравствена заштита.

Ковачевски, кој беше премиер на претходната Влада, рече дека укинувањето на економските директори било дел и од анализа која неговата Влада ја спровела за рационализација во здравството.

Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за овие 40 економски директори годишно се одвојувале 960.000 евра и уште толку за оперативни трошоци. Со овие средства, како што кажа, ќе може да се реконструираат или изградат нови здравствени домови и друго.

Со дополнувањето на Законот за катастар на недвижности ќе се овозможи зградата на ЕЛЕМ да стане Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Пратениците во рамки на 10 седница ја изгласаа и Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

The post Укинувањето на економските директори во болниците поддржано од сите пратеници, законот оди во второ читање appeared first on Република.

]]>

Пратениците во рамки на 11. седница вечерва едногласно со 81 глас „за“ го даде на натамошно читање Предлог на закон за изменување на Законот за здравствената заштита, во прво читање. Со овие измени се предвидува укинување на економските директори во 40 болници и јавно здравстевни установи. Собранието со 68 гласа „за“ и осум „против“ го донесе Предлог на закон за дополнување на Законот за катастар на недвижности. Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека со поставувањето двајца директори во болниците се создал паралелизам и поголеми трошоци. Целта на законот, рече Таравари, е рационализација и поголема ефикасност. Подоцна во одговор на пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ, чија пратеничка група го поддржа законот, објасни дека ова е почеток на реформите што следуваат најавувајќи спојување на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека секој град ќе има своја општа болница. Максимум за една година, додаде министерот за здравство, ќе има нов закон за здравствена заштита. Ковачевски, кој беше премиер на претходната Влада, рече дека укинувањето на економските директори било дел и од анализа која неговата Влада ја спровела за рационализација во здравството. Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за овие 40 економски директори годишно се одвојувале 960.000 евра и уште толку за оперативни трошоци. Со овие средства, како што кажа, ќе може да се реконструираат или изградат нови здравствени домови и друго. Со дополнувањето на Законот за катастар на недвижности ќе се овозможи зградата на ЕЛЕМ да стане Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Пратениците во рамки на 10 седница ја изгласаа и Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

The post Укинувањето на економските директори во болниците поддржано од сите пратеници, законот оди во второ читање appeared first on Република.

]]>
Со 76 гласа „за“, Собранието ги изгласа замениците министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-76-glasa-za-sobranieto-gi-izglasa-zamenitsite-ministri/ Tue, 23 Jul 2024 16:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=799635

Собранието попладнево на седница ги изгласа замениците министри на Владата.  „За“ гласаа 76 пратеници, додека 16 беа против. Воздржани немаше, а вкупно гласаа 92 пратеници.

The post Со 76 гласа „за“, Собранието ги изгласа замениците министри appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево на седница ги изгласа замениците министри на Владата.  „За“ гласаа 76 пратеници, додека 16 беа против. Воздржани немаше, а вкупно гласаа 92 пратеници.

The post Со 76 гласа „за“, Собранието ги изгласа замениците министри appeared first on Република.

]]>
Французите во прекуокеанските територии денеска гласаат во вториот круг од парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuzite-vo-prekuokeanskite-teritorii-deneska-glasaat-vo-vtoriot-krug-od-parlamentarnite-izbori/ Sat, 06 Jul 2024 13:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=794038

Вториот круг од предвремените парламентарни избори во Франција започна денеска со отворање на избирачки места во некои прекуокеански територии, со неизвесен исход бидејќи екстремната десница освои најмногу гласови во првиот круг, што ќе доведе до зближување и соработка на сите други партии и коалиции.

Денеска во 8 часот по локално време почна гласањето во Сен Пјер и Микелон, архипелаг во северниот дел на Атлантикот во близина на Канада.

Гласачите од Мартиник, Гвадалупе, Гвајана, Француска Полинезија, како и оние кои живеат на американскиот континент денеска, исто така, излегуваат на гласање.

Во континентална Франција гласачите ќе гласаат утре.

Екстремната десница се надева дека ќе освои апсолутно мнозинство, 289 места во 577-члениот парламент, додека левичарите се собраа околу коалицијата Нов народен фронт, што беше втора по освоени гласови во првиот круг, а центристите на претседателот Емануел Макрон презедоа мерки за да ја спречат екстремната десница да победи.

Како што претходно оценија аналитичарите, исходот од изборите може да го промени политичкиот хоризонт на Франција на долг рок.

Макрон го распушти парламентот по изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, кога екстремната десница освои најмногу гласови.

The post Французите во прекуокеанските територии денеска гласаат во вториот круг од парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Вториот круг од предвремените парламентарни избори во Франција започна денеска со отворање на избирачки места во некои прекуокеански територии, со неизвесен исход бидејќи екстремната десница освои најмногу гласови во првиот круг, што ќе доведе до зближување и соработка на сите други партии и коалиции. Денеска во 8 часот по локално време почна гласањето во Сен Пјер и Микелон, архипелаг во северниот дел на Атлантикот во близина на Канада. Гласачите од Мартиник, Гвадалупе, Гвајана, Француска Полинезија, како и оние кои живеат на американскиот континент денеска, исто така, излегуваат на гласање. Во континентална Франција гласачите ќе гласаат утре. Екстремната десница се надева дека ќе освои апсолутно мнозинство, 289 места во 577-члениот парламент, додека левичарите се собраа околу коалицијата Нов народен фронт, што беше втора по освоени гласови во првиот круг, а центристите на претседателот Емануел Макрон презедоа мерки за да ја спречат екстремната десница да победи. Како што претходно оценија аналитичарите, исходот од изборите може да го промени политичкиот хоризонт на Франција на долг рок. Макрон го распушти парламентот по изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, кога екстремната десница освои најмногу гласови.

The post Французите во прекуокеанските територии денеска гласаат во вториот круг од парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
Ѓунер Исмаил вчера не гласал за претседател на партијата: СДСМ сè повеќе заличува на трговец – поединец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/guner-ismail-vchera-ne-glasal-za-pretsedatel-na-partijata-sdsm-se-poveke-zalichuva-na-trgovets-poedinets/ Mon, 01 Jul 2024 11:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=792399

Поранешниот министер и висок функционер на СДСМ, Ѓунер Исмаил, излезе со своја реакција по вчерашните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.

„Вчера, иако имав 'активна регистрација', не гласав, бидејки не бев во земјата. Можно е да има слични случаи како мојот, ама сеедно. По којзнае кој пат, вербата во тоа дека ќе има доволно броен електорат па СДСМ ќе си добие легитимно избран претседател. Сепак, сакам да дадам на знаење на многу мои пријатели, другари дека И ДА БЕВ ВО ЗЕМЈАТА НЕМАШЕ ДА ГЛАСАМ заради многу причини меѓу кои и ПОНУДАТА за гласање заради која не бев воопшто среќен. Секако, дополна на мојот став беа и реакциите на Другарката Славјанка за која, не кријам, да не се откажеше ќе гласав.
Нејзините реакции колку и да беа умерени и со должно внимание кон секој учесник во предизборието, како и раководството на Партијата во оставка и од кое се очекуваше, освен целосна воздржаност/објективност, сепак да проба да стави некаков ред во “базата“ за да барем од таа страна бидеме сигурни дека сепак газиме на патот на демократизација на Партијата и дека здравите елементи ќе можат да дојдат до израз и да почнат со процесите на заздравување на Партијата, објави на Фејсбук Исмаил.

Понатаму тој пишува:

Да, Партијата заради широкиот спектар на причини, (историски)околности, кадровски потенцијал, а особено важно, менталитет, многу често заличуваше на ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, што граѓаните не пропуштија да го видат и соодветно го санкционираа. Историјата на оваа еволуција е долга. Почнувајки од годините кога земјава ни беше скоро под буквална окупација и заради што Партиските, ама и личните премрежја, вклучително и менталитетот на преживување, а ако е можно, патемно се разбира и некој ќар да се фати, доведоа до чудни сојузништва од кои за некои (пазарења од кои некои прилично гнасни) знаевме а за некое дознавме предоцна, вклучително и вчера. Тие, пазарењата, овозможија и на сите да ни е јасно Киднапирање НЕ на Шарената Револуција, туку на сите вредности кои тогаш се промовираа, а кои во рацете на менталитетот Трговец-поединец доведоа до многу неубав епилог. На пример, геслото “Нема правда-нема мир“ денес предизвикува громогласно смеење, а и пдсмев на сите кои од оваа фаза на, ЃОА, ослободување на Заробената Држава, продолжија да ја третираат правдата како Vileda крпа, во кафеанските седенки за тоа дали Зделката ќе биде со шест или седум нули!

Ако се прашувам за тоа што најмногу ме разбеснува тогаш тоа е ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА на злосторничкиот проект Скопје 2014 кој земјата ја поставаи на пиедесталот на Светска Престолнина на кичот, тотално уништувајки ја секоја можност земјата да биде нормална според ликот и креативните идеите од кои никогаш не сме оскудевале. Тој процес на легализација не беше некаков писмен акт туку пресметан процес на ОСОЈУЗУВАЊЕ со изведувачите, подизведувачите и сите кои на еден или друг начин дебело се офајдија од злосторот. Но, да се вратиме на Партијата со прашањето: ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ? Ние кои памтиме троа подолго знаеме дека престои долга битка. Знаеме дека заробувањето на партијата, а што е евидентно го стори истиот менталитет и Ороводците на тој менталитет од кој, да не се самозалажуваме, сите сме заразени помалку или повеќе, па ќе треба да појдеме од самите себе. Ќе има добволно храбри, чесни другарки и другари кои ќе се нафатат со процесот на ослободување на Партијата, како за почеток, а за понатаму….
п.с. Се надевам дека на сите мои пријатели и другари им е јасно дека со овај првичен пост нема да се застане и дека, не само преписката, ќе се оди до уште многу моменто со кои ќе се обидам да осветлам барем едеен дел по патот кој го изодевме и кој ќе го одиме“ пишува Исмаил.

The post Ѓунер Исмаил вчера не гласал за претседател на партијата: СДСМ сè повеќе заличува на трговец – поединец appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер и висок функционер на СДСМ, Ѓунер Исмаил, излезе со своја реакција по вчерашните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.
„Вчера, иако имав 'активна регистрација', не гласав, бидејки не бев во земјата. Можно е да има слични случаи како мојот, ама сеедно. По којзнае кој пат, вербата во тоа дека ќе има доволно броен електорат па СДСМ ќе си добие легитимно избран претседател. Сепак, сакам да дадам на знаење на многу мои пријатели, другари дека И ДА БЕВ ВО ЗЕМЈАТА НЕМАШЕ ДА ГЛАСАМ заради многу причини меѓу кои и ПОНУДАТА за гласање заради која не бев воопшто среќен. Секако, дополна на мојот став беа и реакциите на Другарката Славјанка за која, не кријам, да не се откажеше ќе гласав. Нејзините реакции колку и да беа умерени и со должно внимание кон секој учесник во предизборието, како и раководството на Партијата во оставка и од кое се очекуваше, освен целосна воздржаност/објективност, сепак да проба да стави некаков ред во “базата“ за да барем од таа страна бидеме сигурни дека сепак газиме на патот на демократизација на Партијата и дека здравите елементи ќе можат да дојдат до израз и да почнат со процесите на заздравување на Партијата, објави на Фејсбук Исмаил.
Понатаму тој пишува:
Да, Партијата заради широкиот спектар на причини, (историски)околности, кадровски потенцијал, а особено важно, менталитет, многу често заличуваше на ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, што граѓаните не пропуштија да го видат и соодветно го санкционираа. Историјата на оваа еволуција е долга. Почнувајки од годините кога земјава ни беше скоро под буквална окупација и заради што Партиските, ама и личните премрежја, вклучително и менталитетот на преживување, а ако е можно, патемно се разбира и некој ќар да се фати, доведоа до чудни сојузништва од кои за некои (пазарења од кои некои прилично гнасни) знаевме а за некое дознавме предоцна, вклучително и вчера. Тие, пазарењата, овозможија и на сите да ни е јасно Киднапирање НЕ на Шарената Револуција, туку на сите вредности кои тогаш се промовираа, а кои во рацете на менталитетот Трговец-поединец доведоа до многу неубав епилог. На пример, геслото “Нема правда-нема мир“ денес предизвикува громогласно смеење, а и пдсмев на сите кои од оваа фаза на, ЃОА, ослободување на Заробената Држава, продолжија да ја третираат правдата како Vileda крпа, во кафеанските седенки за тоа дали Зделката ќе биде со шест или седум нули! Ако се прашувам за тоа што најмногу ме разбеснува тогаш тоа е ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА на злосторничкиот проект Скопје 2014 кој земјата ја поставаи на пиедесталот на Светска Престолнина на кичот, тотално уништувајки ја секоја можност земјата да биде нормална според ликот и креативните идеите од кои никогаш не сме оскудевале. Тој процес на легализација не беше некаков писмен акт туку пресметан процес на ОСОЈУЗУВАЊЕ со изведувачите, подизведувачите и сите кои на еден или друг начин дебело се офајдија од злосторот. Но, да се вратиме на Партијата со прашањето: ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ? Ние кои памтиме троа подолго знаеме дека престои долга битка. Знаеме дека заробувањето на партијата, а што е евидентно го стори истиот менталитет и Ороводците на тој менталитет од кој, да не се самозалажуваме, сите сме заразени помалку или повеќе, па ќе треба да појдеме од самите себе. Ќе има добволно храбри, чесни другарки и другари кои ќе се нафатат со процесот на ослободување на Партијата, како за почеток, а за понатаму…. п.с. Се надевам дека на сите мои пријатели и другари им е јасно дека со овај првичен пост нема да се застане и дека, не само преписката, ќе се оди до уште многу моменто со кои ќе се обидам да осветлам барем едеен дел по патот кој го изодевме и кој ќе го одиме“ пишува Исмаил.

The post Ѓунер Исмаил вчера не гласал за претседател на партијата: СДСМ сè повеќе заличува на трговец – поединец appeared first on Република.

]]>
Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/madik-imame-kredibilen-fer-i-demokratski-protses-za-izbor-na-pretsedatel-na-sdsm/ Sun, 30 Jun 2024 19:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=792223

По завршување на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ Централната изборна комисија со задоволство контатира дека процес за избор на претседател на СДСМ е кредибилен и демократски.

„Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера. Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54%.

Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведоа согласно Правилниците донесени од ЦО и одредбите од Статутот на партијата.

Во општинската Студеничани е констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучи да го поништи гласањето.

Вкупно акредитрани во оваа општина се 66 гласачи а во моментот на затворањето на ова гласачко место гласале 51 гласач.

Констатиран е прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути поради скршена избирачка кутија. Извршена е замена на кутија и гласањето е продолжено.

Прифатени се приговори во 6 општински организации, на 7 членови да им се овозможи гласање. Затоа што по проверка во системот се констатираше дека овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација.

Вкупно 44 членови од 9 различни општини доставија пријави до Централната изборна комисија да им биде овозможено да може да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се контстатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација“ образложи Мадиќ.

Таа додаде дека по завршување на обработката на податоците Централната изборна комисија ќе ги соопшти и конечните резултати.

The post Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>

По завршување на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ Централната изборна комисија со задоволство контатира дека процес за избор на претседател на СДСМ е кредибилен и демократски. „Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера. Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54%. Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведоа согласно Правилниците донесени од ЦО и одредбите од Статутот на партијата. Во општинската Студеничани е констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучи да го поништи гласањето. Вкупно акредитрани во оваа општина се 66 гласачи а во моментот на затворањето на ова гласачко место гласале 51 гласач. Констатиран е прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути поради скршена избирачка кутија. Извршена е замена на кутија и гласањето е продолжено. Прифатени се приговори во 6 општински организации, на 7 членови да им се овозможи гласање. Затоа што по проверка во системот се констатираше дека овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација. Вкупно 44 членови од 9 различни општини доставија пријави до Централната изборна комисија да им биде овозможено да може да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се контстатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација“ образложи Мадиќ. Таа додаде дека по завршување на обработката на податоците Централната изборна комисија ќе ги соопшти и конечните резултати.

The post Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Деспотовски: За забелешките од контролорите низ цела држава, нашиот тим утре ќе поднесе приговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-za-zabeleshkite-od-kontrolorite-niz-tsela-drzhava-nashiot-tim-utre-ke-podnese-prigovori/ Sun, 30 Jun 2024 18:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=792211

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски денеска по завршување на изборите во партијата, им се заблагодари на членовите кои излегле да гласаат.

„Денеска, дел од членовите на СДСМ гласаа. СДСМ е единствената партија и во земјава, и во регионот, која има широк модел за избор на претседател. Со тоа треба да ја покаже својата големина и демократски капацитет. Но, тој демократски капацитет денес, но и во деновите што следат треба да биде докажан и потврден. Од срце им благодарам на сите членови на партијата кои излегоа да гласаат, како и на сите оние кои излегоа, дојдоа на избирачките места но од различни причини не им беше овозможено да гласаат. Искрено им благодарам на сите оние кои во изминатите неколку недели беа со нас и дадоа своја енергија во градење на еден нов СДСМ. Пред воопшто да можам да дадам конечна оценка за изборниот процес. Централната изборна комисија и партиските органи мора да обезбедат одговор на две клучни прашања:

Како ни се случи над 10.000 наши членови кои се регистрирале за гласање односно изразиле инцијатива да учествуваат во изборниот процесот не можеа односно не го остварија своето право на глас денеска?

Како ни се случи на голем број на наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас?

На овие две клучни прашања, но и на останатите забелешки кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори. СДСМ мора многу сериозно да се позанимава и да одговори на овие прашања пред воопшто да се дефинира став во врска со овие избори. Ова, без разлика на исходот од денешното гласање и резултатите кои ги очекуваме во следните два часа“, вели Деспотовски.

 

The post Деспотовски: За забелешките од контролорите низ цела држава, нашиот тим утре ќе поднесе приговори appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски денеска по завршување на изборите во партијата, им се заблагодари на членовите кои излегле да гласаат.
„Денеска, дел од членовите на СДСМ гласаа. СДСМ е единствената партија и во земјава, и во регионот, која има широк модел за избор на претседател. Со тоа треба да ја покаже својата големина и демократски капацитет. Но, тој демократски капацитет денес, но и во деновите што следат треба да биде докажан и потврден. Од срце им благодарам на сите членови на партијата кои излегоа да гласаат, како и на сите оние кои излегоа, дојдоа на избирачките места но од различни причини не им беше овозможено да гласаат. Искрено им благодарам на сите оние кои во изминатите неколку недели беа со нас и дадоа своја енергија во градење на еден нов СДСМ. Пред воопшто да можам да дадам конечна оценка за изборниот процес. Централната изборна комисија и партиските органи мора да обезбедат одговор на две клучни прашања:
Како ни се случи над 10.000 наши членови кои се регистрирале за гласање односно изразиле инцијатива да учествуваат во изборниот процесот не можеа односно не го остварија своето право на глас денеска? Како ни се случи на голем број на наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас?
На овие две клучни прашања, но и на останатите забелешки кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори. СДСМ мора многу сериозно да се позанимава и да одговори на овие прашања пред воопшто да се дефинира став во врска со овие избори. Ова, без разлика на исходот од денешното гласање и резултатите кои ги очекуваме во следните два часа“, вели Деспотовски.
 

The post Деспотовски: За забелешките од контролорите низ цела држава, нашиот тим утре ќе поднесе приговори appeared first on Република.

]]>
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuzite-masovno-glasaat-vo-prviot-krug-od-parlamentarnite-izbori/ Sun, 30 Jun 2024 16:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=792172

Французите денеска масовно излегуваат на првиот круг од вонредните парламентарни избори, што би можело да го отвори патот на екстремната десница да дојде на власт, пренесуваат странските агенции.

Излезноста на гласачите до пладне беше 25,90 отсто, односно повеќе од претходните избори во 2022 година, кога до пладне гласаа 18,43 отсто од граѓаните.

Многу политичари гласаа во нивните области утринава, вклучително и претседателот Емануел Макрон, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и премиерот Габриел Атал.

Првите резултати од излезните анкети ќе бидат познати околу 20 часот по затворањето на гласачките места.

Според последните анкети, екстремната десница предводена од младиот Жордан Бардела (28) би можела да освои меѓу 35 и 36,5 отсто од гласовите.

На второ место треба да биде левата коалиција, во која радикалната левичарска партија Непокорна Франција е со 27,5 до 29 отсто од гласовите, додека центристичката коалиција на Макрон е на трето место со 20,5 до 21 отсто од гласовите.

The post Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Французите денеска масовно излегуваат на првиот круг од вонредните парламентарни избори, што би можело да го отвори патот на екстремната десница да дојде на власт, пренесуваат странските агенции. Излезноста на гласачите до пладне беше 25,90 отсто, односно повеќе од претходните избори во 2022 година, кога до пладне гласаа 18,43 отсто од граѓаните. Многу политичари гласаа во нивните области утринава, вклучително и претседателот Емануел Макрон, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и премиерот Габриел Атал. Првите резултати од излезните анкети ќе бидат познати околу 20 часот по затворањето на гласачките места. Според последните анкети, екстремната десница предводена од младиот Жордан Бардела (28) би можела да освои меѓу 35 и 36,5 отсто од гласовите. На второ место треба да биде левата коалиција, во која радикалната левичарска партија Непокорна Франција е со 27,5 до 29 отсто од гласовите, додека центристичката коалиција на Макрон е на трето место со 20,5 до 21 отсто од гласовите.

The post Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20-ти или 22-ри јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lutkov-ochekuvam-glasane-za-novata-vlada-vo-sobranieto-okolu-20-ti-ili-22-ri-juni/ Sun, 16 Jun 2024 17:21:24 +0000 https://republika.mk/?p=788226

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков вечерва пред почетокот на седницата на ова партиско тело изјави оти очекува новата влада да биде ставена на гласање во Собранието околу 20 или 22 јуни.

-На 18-ти претседателот Мицкоски ќе ги поднесе имињата на министрите, всушност ќе ја поднесе новата влада и очекувам околу 20-ти или 22-ви да дојдат на гласање во Собранието, изјави Љутков.

Тој не сакаше да ги коментира објавите во изминатиот период декаќе биде предложен за министер за култура и туризам, но оцени дека тоа Министерство ќе биде едно од помоќните во новата влада.

-  Со новата реорганизација која што беше изгласана пред некое време, ние работевме на фузирање на двата сектора култура и туризам и мислам дека ќе биде едно од помоќните министерства на новата влада, рече Љутков.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница ги утврдува кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, по што ќе заседава и Централниот комитет. Имињата на идните членови на владата и одуките на партиските тела ќе ги соопшти партискиот лидер и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски во изјава за медиумите што е најавена за 20 часот.

The post Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20-ти или 22-ри јуни appeared first on Република.

]]>

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков вечерва пред почетокот на седницата на ова партиско тело изјави оти очекува новата влада да биде ставена на гласање во Собранието околу 20 или 22 јуни. -На 18-ти претседателот Мицкоски ќе ги поднесе имињата на министрите, всушност ќе ја поднесе новата влада и очекувам околу 20-ти или 22-ви да дојдат на гласање во Собранието, изјави Љутков. Тој не сакаше да ги коментира објавите во изминатиот период декаќе биде предложен за министер за култура и туризам, но оцени дека тоа Министерство ќе биде едно од помоќните во новата влада. -  Со новата реорганизација која што беше изгласана пред некое време, ние работевме на фузирање на двата сектора култура и туризам и мислам дека ќе биде едно од помоќните министерства на новата влада, рече Љутков. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница ги утврдува кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, по што ќе заседава и Централниот комитет. Имињата на идните членови на владата и одуките на партиските тела ќе ги соопшти партискиот лидер и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски во изјава за медиумите што е најавена за 20 часот.

The post Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20-ти или 22-ри јуни appeared first on Република.

]]>
Ветeно-исполнето: Со 2/3 мнозинство во Собранието се изгласани измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veteno-ispolneto-so-2-3-mnozinstvo-vo-sobranieto-se-izglasani-izmenite-vo-zakonot-za-organizatsija-na-rabotata-na-organite-na-drzhavnata-uprava/ Sat, 08 Jun 2024 11:59:31 +0000 https://republika.mk/?p=785715

ВМРО-ДПМНЕ вети и првиот чекор кон комплетна трансформација на Македонија е исполнет. За само 30 дена од завршувањето на изборите, во состојба на уште не конституирана влада во македонското собрание изгласавме измени во закон со 2/3 мнозинство, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, пратеник и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на вчерашниот ден во Собранието на Република Македонија се изгласаа измените на Законот за изменување и дополнување на организација на работата на органите на државната управа.

Митева вели дека со измените кои конечно ќе овозможат реорганизирање на државната управа, со една единствена цел – комплетна ефикасност, рационализација и транспарентност на институциите во државата.

Законските измени кои беа дел од изборното ветување, беа работени и со претставници на ЕУ и истиот е дел од ИПА програмата.

-Покажавме силен капацитет во собранието, покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ умее да води конструктивен политички дијалог за обезбедување на 2/3 мнозинство низ предлози кои решаваат системски и важни прашања за нашите граѓани. За првпат по долги години, парламентарното мнозинство, предлага закон за структурни реформи, кој во својата суштина е развоен и трансформативен, со што не се остави простор за негово проблематизирање на ниту една партија која нема задни намери истиот да не го поддржи. И за првпат претставниците на ДУИ гласаа без можност да условуваат, затоа што законските измени се реформски и транспарентни. И во таква ситуација никој никого за ништо не може да уценува, посочи Митева.

Нагласи дека ова е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи и во иднина.

-Сите законски измени и систематски промени ќе бидат работени низ јасна процедура, со јасен и недвосмислен законски наратив, кој нема да остави простор за проблематизирање и блокирање од било кого. За разлика од порано кога СДС протнуваше закони за остварување на криминал и корупција, денес разговараме за реформски закони. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека работи на агендата – Македонија повторно твоја, рече Митева.

Пратеничката додаде дека следува економска трансформација на Македонија, забрзана евроинтеграција и силна и посветена борба против криминалот и корупцијата.

The post Ветeно-исполнето: Со 2/3 мнозинство во Собранието се изгласани измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ вети и првиот чекор кон комплетна трансформација на Македонија е исполнет. За само 30 дена од завршувањето на изборите, во состојба на уште не конституирана влада во македонското собрание изгласавме измени во закон со 2/3 мнозинство, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, пратеник и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на вчерашниот ден во Собранието на Република Македонија се изгласаа измените на Законот за изменување и дополнување на организација на работата на органите на државната управа. Митева вели дека со измените кои конечно ќе овозможат реорганизирање на државната управа, со една единствена цел – комплетна ефикасност, рационализација и транспарентност на институциите во државата. Законските измени кои беа дел од изборното ветување, беа работени и со претставници на ЕУ и истиот е дел од ИПА програмата. -Покажавме силен капацитет во собранието, покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ умее да води конструктивен политички дијалог за обезбедување на 2/3 мнозинство низ предлози кои решаваат системски и важни прашања за нашите граѓани. За првпат по долги години, парламентарното мнозинство, предлага закон за структурни реформи, кој во својата суштина е развоен и трансформативен, со што не се остави простор за негово проблематизирање на ниту една партија која нема задни намери истиот да не го поддржи. И за првпат претставниците на ДУИ гласаа без можност да условуваат, затоа што законските измени се реформски и транспарентни. И во таква ситуација никој никого за ништо не може да уценува, посочи Митева. Нагласи дека ова е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи и во иднина. -Сите законски измени и систематски промени ќе бидат работени низ јасна процедура, со јасен и недвосмислен законски наратив, кој нема да остави простор за проблематизирање и блокирање од било кого. За разлика од порано кога СДС протнуваше закони за остварување на криминал и корупција, денес разговараме за реформски закони. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека работи на агендата – Македонија повторно твоја, рече Митева. Пратеничката додаде дека следува економска трансформација на Македонија, забрзана евроинтеграција и силна и посветена борба против криминалот и корупцијата.

The post Ветeно-исполнето: Со 2/3 мнозинство во Собранието се изгласани измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа appeared first on Република.

]]>
Во Србија се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-se-odrzhuvaat-lokalni-izbori-za-89-gradovi-i-opshtini-se-glasa-i-na-povtorenite-izbori-za-grad-belgrad/ Sun, 02 Jun 2024 07:08:58 +0000 https://republika.mk/?p=784006

Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за собранието на град Белград, како и во Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево и повеќето општини во Војводина. Граѓаните ќе можат да гласаат на избирачките места кои се отвораат во 7:00 часот, а затвораат во 20:00 часот, јави дописникот на МИА од Белград.

Овие избори се значајни бидејќи резултатите ќе ја одредат идната политичка насока на главниот град на Србија, кој е клучен политички и економски центар на земјата.

Изборите се важни и поради бројните нерегуларности при претходните избори во декември 2023 година и неуспехот на партите согласно изборните резултати да формираат власт и да изберат нов градоначлник на Белград. По обвинувањата за купување гласови (босански автобуси) и злоупотреба на јавни ресурси и протестите, опозицијата бараше промени во законот за локални избори за да се обезбеди праведност и транспарентност на изборниот процес. По разговорите со власта, согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР, и по консултациите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ изборите за Белград се повторуваат и се одржуваат на ист датум со локалните избори на 2 јуни. Уследија и измени на избирачките списоци, и согласно измените на Законот за единствениот избирачки список, усвоени во Собранието на Србија, гласачите кои го промениле местото на живеење по 3 јули 2023 година нема да можат да гласаат на својата нова адреса на локалните и белградски избори.

Во екот на овие преговори меѓу власта и опозицицијата, дојде до разидување во редовите на опозицската коалиција „Србија против наслиството“ (СПН), по што изборите за град Белград ќе ги бојкотираат Партијата за слобода и правда (ССП), Нов ДСС (НАДА), Срце и Заедно, додека на локално ниво тие ќе настапат согласно одлуките за коалицирање на локалните одбори на овие партии со останатите од СПН, што ќе влијае на гласачите да потешко донесат одлука кого ќе поддржат на изборите.

Граѓаните на Белград или 1.602.112 запишани гласачи ќе избираат 110 советници на градското собрание, а ќе бираат и советници во сите 17 белградски општини.

Владеачките партии СНС и СПС на Ивица Дачиќ ќе настапат со една изборна листа во Белград, како и во повеќето други градови, во коалицијата „Александар Вучиќ – Белград утре“ која ја сочунуваат вкупно 13 политички партии.

Опозициските партии од поранешната коалиција „Србија против насилството“ кои нема да ги бојкотират изборите-Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Еколошкото востание и Новото лице на Србија одат во коалиција со изборната листа „Го избираме Белград–Добрица Веселиновиќ–Милош Павловиќ“.

Останатите изборни листи што ќе учествуваат на изборите во Белград се: „Руска партија- Срби и Руси браќа засекогаш“, „Чале, ова е за тебе “, „За зелен Белград–Кога ако не сега–д-р Дејан Жујовиќ“, „1 од 5 милиони–Белградски фронт-Ритам на градот–Душан Теодосијевиќ градоначалник“, „Ние силата на народот проф. д-р Бранимир Несторовиќ“, „Народна листа-клуч за победа“, „Белград – нашиот град“, „Сојуз на Ромите на Србија – за Белград“, „Белград е свет- Партија на правдата и помирувањето – Усама Зукорлиќ, „Д-р

Саво Манојловиќ – Јас сум Белград – Крени-Промени“, „Саша Радуловиќ – Доста беше (ДЈБ) – Решение за промени“, „Ние – глас од народот“.

Покрај изборите за градското собрание на Белград избори се одржуваат и во градовите: Нови Сад, Ниш, Суботица, Зрењанин, Кикинда, Вршац, Панчево, Сомбор, Сремска Митровица, Ваљево, Пожаревац, Јагодина, Ужице и Чачак.

За власт во Нови Сад се борат 14 изборни листи, во Ниш на изборите се пријавиле 11 партии или коалиции, шест во Ваљево и седум во Чачак.

Избори се одржуваат во уште 51 општина во Србија: Ада, Алексинац, Алибунар, Апатин, Ариље, Бач, Бачка Паланка, Бачка Топола, Бачки Петровац, Бечеј, Бела Црква, Беочин, Бољевац, Босилеград, Бујановац, Чајетина, Чока, Горни Милановац, Инѓија, Ириг, Ивањица, Кањижа, Ковачица, Ковин, Мали Иѓош, Нова Црња, Нова Варош, Нови Бечеј, Нови Кнежевац, Оџаци, Опово, Пеќинци, Пландиште, Рашка, Рума, Сента, Шид, Сјеница, Србобран, Сремски Карловци, Стара Пазова, Сурдулица, Свилајнац, Шврљиг, Темерин, Тител, Тутин, Врбас, Врњачка бања, Жабаљ и Житиште.

Изборната комисија во рок од седум дена од денот на објавувањето на вкупниот извештај за резултатите од локалните избори доделува мандати на кандидатите за одборници по нивниот редослед на изборната листа.

Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР ќе има вкупно 126 набљудувачи низ цела Србија.

The post Во Србија се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград appeared first on Република.

]]>

Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за собранието на град Белград, како и во Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево и повеќето општини во Војводина. Граѓаните ќе можат да гласаат на избирачките места кои се отвораат во 7:00 часот, а затвораат во 20:00 часот, јави дописникот на МИА од Белград.
Овие избори се значајни бидејќи резултатите ќе ја одредат идната политичка насока на главниот град на Србија, кој е клучен политички и економски центар на земјата.
Изборите се важни и поради бројните нерегуларности при претходните избори во декември 2023 година и неуспехот на партите согласно изборните резултати да формираат власт и да изберат нов градоначлник на Белград. По обвинувањата за купување гласови (босански автобуси) и злоупотреба на јавни ресурси и протестите, опозицијата бараше промени во законот за локални избори за да се обезбеди праведност и транспарентност на изборниот процес. По разговорите со власта, согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР, и по консултациите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ изборите за Белград се повторуваат и се одржуваат на ист датум со локалните избори на 2 јуни. Уследија и измени на избирачките списоци, и согласно измените на Законот за единствениот избирачки список, усвоени во Собранието на Србија, гласачите кои го промениле местото на живеење по 3 јули 2023 година нема да можат да гласаат на својата нова адреса на локалните и белградски избори. Во екот на овие преговори меѓу власта и опозицицијата, дојде до разидување во редовите на опозицската коалиција „Србија против наслиството“ (СПН), по што изборите за град Белград ќе ги бојкотираат Партијата за слобода и правда (ССП), Нов ДСС (НАДА), Срце и Заедно, додека на локално ниво тие ќе настапат согласно одлуките за коалицирање на локалните одбори на овие партии со останатите од СПН, што ќе влијае на гласачите да потешко донесат одлука кого ќе поддржат на изборите.
Граѓаните на Белград или 1.602.112 запишани гласачи ќе избираат 110 советници на градското собрание, а ќе бираат и советници во сите 17 белградски општини. Владеачките партии СНС и СПС на Ивица Дачиќ ќе настапат со една изборна листа во Белград, како и во повеќето други градови, во коалицијата „Александар Вучиќ – Белград утре“ која ја сочунуваат вкупно 13 политички партии. Опозициските партии од поранешната коалиција „Србија против насилството“ кои нема да ги бојкотират изборите-Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Еколошкото востание и Новото лице на Србија одат во коалиција со изборната листа „Го избираме Белград–Добрица Веселиновиќ–Милош Павловиќ“. Останатите изборни листи што ќе учествуваат на изборите во Белград се: „Руска партија- Срби и Руси браќа засекогаш“, „Чале, ова е за тебе “, „За зелен Белград–Кога ако не сега–д-р Дејан Жујовиќ“, „1 од 5 милиони–Белградски фронт-Ритам на градот–Душан Теодосијевиќ градоначалник“, „Ние силата на народот проф. д-р Бранимир Несторовиќ“, „Народна листа-клуч за победа“, „Белград – нашиот град“, „Сојуз на Ромите на Србија – за Белград“, „Белград е свет- Партија на правдата и помирувањето – Усама Зукорлиќ, „Д-р Саво Манојловиќ – Јас сум Белград – Крени-Промени“, „Саша Радуловиќ – Доста беше (ДЈБ) – Решение за промени“, „Ние – глас од народот“. Покрај изборите за градското собрание на Белград избори се одржуваат и во градовите: Нови Сад, Ниш, Суботица, Зрењанин, Кикинда, Вршац, Панчево, Сомбор, Сремска Митровица, Ваљево, Пожаревац, Јагодина, Ужице и Чачак. За власт во Нови Сад се борат 14 изборни листи, во Ниш на изборите се пријавиле 11 партии или коалиции, шест во Ваљево и седум во Чачак. Избори се одржуваат во уште 51 општина во Србија: Ада, Алексинац, Алибунар, Апатин, Ариље, Бач, Бачка Паланка, Бачка Топола, Бачки Петровац, Бечеј, Бела Црква, Беочин, Бољевац, Босилеград, Бујановац, Чајетина, Чока, Горни Милановац, Инѓија, Ириг, Ивањица, Кањижа, Ковачица, Ковин, Мали Иѓош, Нова Црња, Нова Варош, Нови Бечеј, Нови Кнежевац, Оџаци, Опово, Пеќинци, Пландиште, Рашка, Рума, Сента, Шид, Сјеница, Србобран, Сремски Карловци, Стара Пазова, Сурдулица, Свилајнац, Шврљиг, Темерин, Тител, Тутин, Врбас, Врњачка бања, Жабаљ и Житиште. Изборната комисија во рок од седум дена од денот на објавувањето на вкупниот извештај за резултатите од локалните избори доделува мандати на кандидатите за одборници по нивниот редослед на изборната листа. Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР ќе има вкупно 126 набљудувачи низ цела Србија.

The post Во Србија се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград appeared first on Република.

]]>
Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/frchkoski-e-trebashe-da-se-konsultira-i-so-mene-ne-samo-so-osmani-za-glasaneto-vo-oon-za-rezolutsijata-za-srebrenitsa-veli-pretsedatelkata-gordana-silanovska-davkova/ Tue, 28 May 2024 18:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=782512

Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова е со став дека амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.

– Во меѓународната политика има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата – рече претседателката.

Таа потенцира дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот.

Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи.

Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што, како што, кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.

The post Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова. За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова е со став дека амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.
– Во меѓународната политика има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата – рече претседателката.
Таа потенцира дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот. Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи. Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што, како што, кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.

The post Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Непречено се прегласува во Долнени и Крушево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neprecheno-se-preglasuva-vo-dolneni-i-krushevo/ Wed, 22 May 2024 11:56:53 +0000 https://republika.mk/?p=780838

Во Крушево на избирачките места во селата Бучин и Јакреново прегласуваат вкупно 767 жители со право на глас и до 11 часот гласале: во селото Бучин 18,6, а во Јакреново 11,7 проценти.

Во Долнени се прегласува на две избирачки места во селото Дебреште. Од вкупно 1290 запишани избирачи на двете гласачки места до 13 часот своето право на глас го оствариле 227 гласачи или речиси 18 проценти.

- Нема проблеми и гласањето се одвива непречено. Помал е одѕивот од гласањето на 8 мај, но тоа е главно што жителите го користат убавото време за да ги завршат работитетво полето, во ек е садењето на тутунот. Очекуваме во попладневните часови излезноста да се зголеми, изјави Иван Нинески, претседател на ОИК Долнени.

Вчера гласаа 9 болни и изнемоштени во Долнени и 24 во Крушево.

The post Непречено се прегласува во Долнени и Крушево appeared first on Република.

]]>

Во Крушево на избирачките места во селата Бучин и Јакреново прегласуваат вкупно 767 жители со право на глас и до 11 часот гласале: во селото Бучин 18,6, а во Јакреново 11,7 проценти. Во Долнени се прегласува на две избирачки места во селото Дебреште. Од вкупно 1290 запишани избирачи на двете гласачки места до 13 часот своето право на глас го оствариле 227 гласачи или речиси 18 проценти. - Нема проблеми и гласањето се одвива непречено. Помал е одѕивот од гласањето на 8 мај, но тоа е главно што жителите го користат убавото време за да ги завршат работитетво полето, во ек е садењето на тутунот. Очекуваме во попладневните часови излезноста да се зголеми, изјави Иван Нинески, претседател на ОИК Долнени. Вчера гласаа 9 болни и изнемоштени во Долнени и 24 во Крушево.

The post Непречено се прегласува во Долнени и Крушево appeared first on Република.

]]>
До 11 часот на гласање излегле 16,46 отсто од гласачите во седумте избирачки места каде се прегласува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-11-chasot-na-glasane-izlegle-16-46-otsto-od-glasachite-vo-sedumte-izbirachki-mesta-kade-se-preglasuva/ Wed, 22 May 2024 10:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=780800

До 11 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 743 односно 16.46 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Во избирачкото место 2101 во Желино гласале 205 гласачи односно 20.64 отсто. Во избирачкото место 1194 во Крушево, гласале 87 гласачи односно 18.55 отсто. Во избирачкото место 1202 во Крушево, гласале 35 гласачи односно 11.74 отсто. Во избирачкото место 1272 во Охрид, гласале 156 гласачи односно 21.94 отсто. Во избирачкото место 1470 во Долнени, гласале 83 гласачи односно 12.61 отсто. Во избирачкото место 1470/1 во Долнени, гласале 31 гласач односно 4.91 отсто. Во избирачкото место 1844 во Струга, гласале 146 гласачи односно 19.39 отсто.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 11 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 5.35% на овие избирачки места.

Како што се посочува во информацијата, до ДИК се пристигнати два приговори за заштита на личното избирачко право за избирачкото место 1470 во Долнени.

Денеска се прегласува во Петата изборна единица на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во Шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино.

The post До 11 часот на гласање излегле 16,46 отсто од гласачите во седумте избирачки места каде се прегласува appeared first on Република.

]]>

До 11 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 743 односно 16.46 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Во избирачкото место 2101 во Желино гласале 205 гласачи односно 20.64 отсто. Во избирачкото место 1194 во Крушево, гласале 87 гласачи односно 18.55 отсто. Во избирачкото место 1202 во Крушево, гласале 35 гласачи односно 11.74 отсто. Во избирачкото место 1272 во Охрид, гласале 156 гласачи односно 21.94 отсто. Во избирачкото место 1470 во Долнени, гласале 83 гласачи односно 12.61 отсто. Во избирачкото место 1470/1 во Долнени, гласале 31 гласач односно 4.91 отсто. Во избирачкото место 1844 во Струга, гласале 146 гласачи односно 19.39 отсто. Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 11 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 5.35% на овие избирачки места. Како што се посочува во информацијата, до ДИК се пристигнати два приговори за заштита на личното избирачко право за избирачкото место 1470 во Долнени. Денеска се прегласува во Петата изборна единица на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во Шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино.

The post До 11 часот на гласање излегле 16,46 отсто од гласачите во седумте избирачки места каде се прегласува appeared first on Република.

]]>
Избирачкото место 1272 во Охрид отворено навреме, гласањето се одвива непречено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izbirachkoto-mesto-1272-vo-ohrid-otvoreno-navreme-glasaneto-se-odviva-neprecheno/ Wed, 22 May 2024 08:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=780707

Гласањето на Избирачкото место 1272 во Општина Охрид каде се повторуваат Парламентарните избори одржани на 8 мај се одвива непречено. Како што информираа од ОИК, гласачкото место е отворено навреме, а изборниот процес тече согласно процедурите.

Изборното место 1272 се наоѓа во ОУ „Христо Узунов“, на улицата „Питу Гули“, во охридската наелба Горна Влашка маала. Според Единствениот избирачки список, на тоа избирачко место има вкупно 711 избирачи, од кои на Парламентарните избори што се одржаа на 8 мај на гласање излегле 433 лица, односно 60,9 отсто од избирачкото тело.

Според ОИК, во текот на вчерашниот ден кога гласаа болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа, на ИМ 1272 во Охрид, правото на глас го искористиле двете запишани лица во посебниот извод од Избирачкиот список.

The post Избирачкото место 1272 во Охрид отворено навреме, гласањето се одвива непречено appeared first on Република.

]]>

Гласањето на Избирачкото место 1272 во Општина Охрид каде се повторуваат Парламентарните избори одржани на 8 мај се одвива непречено. Како што информираа од ОИК, гласачкото место е отворено навреме, а изборниот процес тече согласно процедурите. Изборното место 1272 се наоѓа во ОУ „Христо Узунов“, на улицата „Питу Гули“, во охридската наелба Горна Влашка маала. Според Единствениот избирачки список, на тоа избирачко место има вкупно 711 избирачи, од кои на Парламентарните избори што се одржаа на 8 мај на гласање излегле 433 лица, односно 60,9 отсто од избирачкото тело. Според ОИК, во текот на вчерашниот ден кога гласаа болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа, на ИМ 1272 во Охрид, правото на глас го искористиле двете запишани лица во посебниот извод од Избирачкиот список.

The post Избирачкото место 1272 во Охрид отворено навреме, гласањето се одвива непречено appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Мислам дека ќе има 40 отсто излезност во вториот круг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-mislam-deka-ke-ima-40-otsto-izleznost-vo-vtoriot-krug/ Wed, 08 May 2024 17:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=775478

Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски денеска гласаше на избирачкото место 2489 во МЗ Автокоманда во општина Гази Баба.

- Изборите поминуваат во мирна атмосфера, барем во првите неколку часа од изборниот ден. Јас се надевам дека така и ќе завршат, како што личи на држава која што веќе три и пол децении е во демократија. Има информации дека на некои места во некои општини во некои изборни единции постојат обиди за органзиран бојкот, значи за неприфаќање на второто ливче за претседател. Ако тие информации се точни, јас би сакал да ги осудам однапред затоа што мислам дека не приличи на една демократија ако се ограничува правото на избор на луѓето кои дошле на гласачко место, којшто дошол на гласачко место треба спрема сопствена волја да реши дали ќе гласа на двата избора или на едниот избор, изјави по гласањето Пендаровски.

Засега, како што рече, тоа се информации кои не се потврдени.

Ако се потврдат тоа не зборува добро за состојбата на македонската демократија. Јас се надевам дека до крајот на денов ќе остане мирно. Процесот ќе биде транспарантен и сите учесници на изборнито процес и по завршувањето на гласањето во 19:00 ќе го дочекаат пребројувањето на резултатите и ќе честитаат на изборните победници, рече Пендаровски.

Прашан дали е оптимист по резултатите од првиот изборен круг, Пендаровски рече дека секогаш бил оптимист.

Јас секогаш бев оптимист по резултатите од првиот круг затоа што знаев дека кандидатите кои отпаднаа, тоа беа околу 330 илјади гласови, се повеќе и поблиски до мојот политички кокнцепт кој го застапувам од концептот на противкандидатката. Меѓутоа овие информации, кои ги спомнав, ако се покаже за точни одат кон оштетување на моите потенцијални бирачи, гласачи, појасни Пендаровски.

Одговорајќи на новинарско прашање, Пендаровски рече дека според неговата проценка ќе има 40 отсто излезност во вториот круг.

Тоа мислам е уставна и законска обврска. Моја проценка е дека ќе има 40 проценти и тоа не би требало да биде проблем. Ако им се дозволува на сите гласачи слободно да ја искажат својата избирачка волја. Ако се прави вака како што слушам дека се прави во некои делови од земјата, тогаш освен што не е демократски, тогаш доаѓа во прашање дали ќе стигнеме до 40 проценти. Но, и ако има организирани опструирања на изборниот процес од овој тип, ако има велам, јас мислам дека сигурно ќе има 40 проценти на крајот на денот, изјави Пендаровски.

Прашан дали очекува влошување на односите со соседите членки на ЕУ и со Бугарија, Пендаровски изјави дека не може да предвиди.

- Не можам да предвидам затоа што треба да видиме тие што ќе дојдат на власт, од денес, од утре натаму, новиот парламент, новата влада како ќе се постават кон тоа прашање. Меѓутоа вие можете многу добро да процените врз основа на ставовите коишто сме ги изнесувале во однос на македонско-бугарските реалции во изминативе три, четири, пет години и многу добро знаете дека на другата политичка страна од мојата се поригидни националистички ставови по тоа прашање, рече Пендаровски. мд/лв/

 

The post Пендаровски: Мислам дека ќе има 40 отсто излезност во вториот круг appeared first on Република.

]]>

Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски денеска гласаше на избирачкото место 2489 во МЗ Автокоманда во општина Гази Баба. - Изборите поминуваат во мирна атмосфера, барем во првите неколку часа од изборниот ден. Јас се надевам дека така и ќе завршат, како што личи на држава која што веќе три и пол децении е во демократија. Има информации дека на некои места во некои општини во некои изборни единции постојат обиди за органзиран бојкот, значи за неприфаќање на второто ливче за претседател. Ако тие информации се точни, јас би сакал да ги осудам однапред затоа што мислам дека не приличи на една демократија ако се ограничува правото на избор на луѓето кои дошле на гласачко место, којшто дошол на гласачко место треба спрема сопствена волја да реши дали ќе гласа на двата избора или на едниот избор, изјави по гласањето Пендаровски. Засега, како што рече, тоа се информации кои не се потврдени.
Ако се потврдат тоа не зборува добро за состојбата на македонската демократија. Јас се надевам дека до крајот на денов ќе остане мирно. Процесот ќе биде транспарантен и сите учесници на изборнито процес и по завршувањето на гласањето во 19:00 ќе го дочекаат пребројувањето на резултатите и ќе честитаат на изборните победници, рече Пендаровски.
Прашан дали е оптимист по резултатите од првиот изборен круг, Пендаровски рече дека секогаш бил оптимист.
Јас секогаш бев оптимист по резултатите од првиот круг затоа што знаев дека кандидатите кои отпаднаа, тоа беа околу 330 илјади гласови, се повеќе и поблиски до мојот политички кокнцепт кој го застапувам од концептот на противкандидатката. Меѓутоа овие информации, кои ги спомнав, ако се покаже за точни одат кон оштетување на моите потенцијални бирачи, гласачи, појасни Пендаровски.
Одговорајќи на новинарско прашање, Пендаровски рече дека според неговата проценка ќе има 40 отсто излезност во вториот круг.
Тоа мислам е уставна и законска обврска. Моја проценка е дека ќе има 40 проценти и тоа не би требало да биде проблем. Ако им се дозволува на сите гласачи слободно да ја искажат својата избирачка волја. Ако се прави вака како што слушам дека се прави во некои делови од земјата, тогаш освен што не е демократски, тогаш доаѓа во прашање дали ќе стигнеме до 40 проценти. Но, и ако има организирани опструирања на изборниот процес од овој тип, ако има велам, јас мислам дека сигурно ќе има 40 проценти на крајот на денот, изјави Пендаровски.
Прашан дали очекува влошување на односите со соседите членки на ЕУ и со Бугарија, Пендаровски изјави дека не може да предвиди. - Не можам да предвидам затоа што треба да видиме тие што ќе дојдат на власт, од денес, од утре натаму, новиот парламент, новата влада како ќе се постават кон тоа прашање. Меѓутоа вие можете многу добро да процените врз основа на ставовите коишто сме ги изнесувале во однос на македонско-бугарските реалции во изминативе три, четири, пет години и многу добро знаете дека на другата политичка страна од мојата се поригидни националистички ставови по тоа прашање, рече Пендаровски. мд/лв/  

The post Пендаровски: Мислам дека ќе има 40 отсто излезност во вториот круг appeared first on Република.

]]>
Македонецот нема да дозволи да биде победен – Пиреј е тоа! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonetsot-nema-da-dozvoli-da-bide-pobeden-pirej-e-toa/ Wed, 08 May 2024 13:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=775553

Еве зошто нема Македонецот да дозволи да биде победен. Еве зошто и како Македонецот опстоил 3000 години. Пиреј е тоа!- ова се само дел од коментарите оставени под ФОТОГРАФИЈАТА НА ДЕНОТ.

Три месеци не е излезен надвор, две недели не е станат од кревет, ама кога се работи за Македонија, не постои сила што ќе го запре, пишува синот на овој татко херој.

The post Македонецот нема да дозволи да биде победен – Пиреј е тоа! appeared first on Република.

]]>

Еве зошто нема Македонецот да дозволи да биде победен. Еве зошто и како Македонецот опстоил 3000 години. Пиреј е тоа!- ова се само дел од коментарите оставени под ФОТОГРАФИЈАТА НА ДЕНОТ. Три месеци не е излезен надвор, две недели не е станат од кревет, ама кога се работи за Македонија, не постои сила што ќе го запре, пишува синот на овој татко херој.

The post Македонецот нема да дозволи да биде победен – Пиреј е тоа! appeared first on Република.

]]>
Во Општина Тетово до 13 часот за пратеници гласале 24,61 отсто, за претседател 14,87 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-opshtina-tetovo-do-13-chasot-za-pratenitsi-glasale-24-61-otsto-za-pretsedatel-14-87-protsenti/ Wed, 08 May 2024 12:36:34 +0000 https://republika.mk/?p=775530

До 13 часот за парламентарните избори во Општина Тетово гласале 20.344 или 24,61 отсто од вкупниот број 86.550 граѓани со право на глас. Во останатите рурални општини до 13 часот за избор на пратеници излезноста изнесува – Боговиње 15,24%, Брвеница 19,16%, Желино 15,18%, Јегуновце 20, 43% и Теарце 19, 63%.

Излезноста до 13 часот во рамки на вториот круг претседателски избори во Општина Тетово изнесува 14.87% односно гласале 12.406 од вкупно 86.405 гласачи. Во останатите рурални општини до 13 часот за претседател гласале Боговиње 5,17%, Брвеница 15,73% Желино 6,79%, Јегуновце 15.31% и Теарце 10, 51% од вкупниот број избирачи.

 

The post Во Општина Тетово до 13 часот за пратеници гласале 24,61 отсто, за претседател 14,87 проценти appeared first on Република.

]]>

До 13 часот за парламентарните избори во Општина Тетово гласале 20.344 или 24,61 отсто од вкупниот број 86.550 граѓани со право на глас. Во останатите рурални општини до 13 часот за избор на пратеници излезноста изнесува – Боговиње 15,24%, Брвеница 19,16%, Желино 15,18%, Јегуновце 20, 43% и Теарце 19, 63%. Излезноста до 13 часот во рамки на вториот круг претседателски избори во Општина Тетово изнесува 14.87% односно гласале 12.406 од вкупно 86.405 гласачи. Во останатите рурални општини до 13 часот за претседател гласале Боговиње 5,17%, Брвеница 15,73% Желино 6,79%, Јегуновце 15.31% и Теарце 10, 51% од вкупниот број избирачи.  

The post Во Општина Тетово до 13 часот за пратеници гласале 24,61 отсто, за претседател 14,87 проценти appeared first on Република.

]]>